Грижа за млади домашни миленичиња
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14820
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 13:25 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Грижа за млади домашни миленичиња
Постирано од: Zajcef
Наслов: Грижа за млади домашни миленичиња
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 11:25
Како треба да се води грижа за младите миленичиња(од 1 до 12 месеци)како треба да се хранат,процесите на вакцинација,капење,дресирање,чистење од штетници,лекарства и други важни работи за малите миленици.Оваа тема нека биде помош за новите сопственици на милени(во кој спаѓам и јас )бидеќи секој почеток е тежок.
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 13:33
ај прашај поточно за какво милениче збориш-куче маче глушец. за што прашуваш?
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 17:36
Куче-Лабрадор ретривер поточно.Моето куче е старо 1месец(знам дека е рано за земање но незнаев кога го земав )и сакам да се информирам за тоа како да го одгледувам кученцето(доста работи знам но секоја информација е корисна)благодарам однапред.
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 09:15
Секое милениче треба да се земе после 40 дена. Ете ти малце си подранил.
Кога ке направи 2 месеци прво треба да го прочистиш од глисти (има соодветни апчиња за тоа), па да ги прими вакцините. Јас би препорачала да не се мачиш со разно разни вакцини, да ја следиш 4валентната вакцинација.
За хранење сепак дека е помало за до 3 месеци се користат стриктно примарните конзерви од кои имаш избор (говедска, пилешка, џигер, морска и сл). А после 3иот месец можеш и со сува храна да почнеш. Првите 3 месеци не се препорачува сува храна само поради забите да не се оштетат.
Би ти препорачала да си купиш и играчка некоја сега, за да не гризе што стигне по дома кога ке го чешаат забчињата (додека растат се мисли).
Имаш и специјални чешли и шампони за кучиња, чешлањето е препорачливо барем еднаш дневно а бањањето 2 пати годишно (пролет према лето и есен према зима). Можеш и почесто но сепак според некој закони најубаво е само 2 пати да се бања.
Додека е мало можеш да користиш кошница за спиење али според мене немаш потреба од тоа. Ако го чуваш внатре може и со тебе да спие или на кревет (зашто брзо ке ја израсне кошницата), или пак ако го чуваш надвор потребен ти е бокс за кој е потребно режим за зачувување на хигиената во него.
За нешто друго ако треба, слободно прашај.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 10:05
Благодарам за информацииве-а дали треба да се чека до вториот месец за да се прочисти кучето и да се вакцинира бидеќи некаде слушнав дека тоа може да се стори после втората недела?
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 10:38
за прочистување можеш и сега а за вакцина -сепак препорачливо е да има 2 месеци барем
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 10:46
Многу често станува ноќе(2 или 3пати во текот на ноќта)за да јаде или да оди по нужда-дали ова е нормално?
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 10:52
е сеа ме насмеа.
кажи ми друже-тебе некад ти се примочува дур спиеш?
ти се пријадува (ако не си вечерал) па ке станеш да каснеш?
се будиш од топло??
сето тоа е нормално како и кај лугето така и кај животните.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 10:57
Исто така кучето има мал проблем со ориентација не се чука по ѕидови но сепак како да има проблеми со снајдување-дали е тоа бидеќи е многу мало или може да има проблеми со видот?
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 11:01
Аман бе друже ја разбирам да се секираш али малово едвај 1 месец има...не зезај па и ти мало е ке порасне и ке видиш се ке е ок ...смири се малце. ако толку му се притресуваш ке го напраиш апла маза.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 11:31
Абе добро прв пат чувам куче и малце се грижам.
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 12:10
Ok toa e jasno...sea za sea mislam top ti e kuceto se sto mi opisa i kaza se mi e sosema normalno za taa vozrast...
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 17:06
Дали е вистина дека кучето нема да сака да ја смени куќата/корпата/боксот во кои растело?
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 17:07
vrska nema.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 17:11
Значи кога ќе ја одрасне корпата нема да имам проблем да му ја заменам со поголема корпа/куќа така?
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 17:17
точно така. кучињата се врзуваат за газдите не за тоа каде спијат
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 09:50
Кучево порасна малце и почнува со гризењето-го гризе мебелот,играчките,теписите и мене.Отидов да побарам играчка за гризење во некој од пет шоповите ама сегде играчките се големи нема играчка со која може хектор да си игра-чаре?Некаква импровизација или....
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 09:54
е зашто голема..па има топчиња...
сепак ти не треба да земеш мала што ке ја голтне што се вика
земи и топче од пет шоп го чешат забите затоа гризе.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 10:14
Ама топчињара што беа во пет шоп беа поголеми од неговата глава -може да игра со таква?
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 16:06
зашто да не може? патем верувам дека има и помали. побарај
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: the dark
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 00:25
za moeto najdrugarce,najpodaroce samo da mi prknat od prvo leglo,malo,sitno,dzavkarsko milenice...koe se nadevam nema da ti go narusi maalskiot mir ko ti nekogas i nekade
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 00:27
што збориш?
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 16:26
Како да се научи миленичето дека не смее да каса?И дали е точно дека нема потреба да се дресира бидеќи касањето е само ,,фаза,, и ќе помине кога ќе порасне малку?(ова го слушнав од луѓе ама не ми изгледа како точно)
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 16:33
Сигурно го чешаат забите па затоа каса повеке.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:03
имам лабрадор стар 2 месеци.ме интересира кога ќе престане да мочка по цела куќа.кога е време да го учам да врши нужда на едно место и како?
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:04
никако не го тепај. само карај го. учи го на чистота коа ке видиш дека сака да прај нешто зимај го во раце (па макар и по пат да моча) и изнесувај надвор.. ке научи.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:21
а што правиме со спиењево?
никако не сака да спие на неговото место.прво цивка без престан и се поткрева на кревет,се додека не го кренам.после тоа се врти додека не ја открие перницата ,се мести на неа и заспива под хитно.ќе му остане ли во навика?
и Блу,уште едно прашање-последнава недела почна многу да каса.ржи и каса,никако да го оттргнам.му купив и гумени играчки ама моиве раце му се повкусни
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:28
Првото ке помине коа ке потпорасне...изгледа било отргнато од мајка рано или пак таа го отргнала сама а останало маза Каса поради чешање на забите ништо чудно не е и тоа поминува се што кажа е типично за мали кученца сонце не му ја мисли за 1 месец ке е топ ако не и порано
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:35
познаниците кои чуваат кучиња ми велат дека треба да го удрам со весник по глава,као се плаши од весник,секогаш кога прави нешто неубаво.ама верувај не мооооооожам.има толку жални очички,кога ќе ме погледне се топам(а бев најголем противник на чување куче дома,замисли)
вистина ли е ова со весников?
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:44
со шо и да го удриш после тоа ке се плаши од тоа јас мојата мачка 4 години веке има никад не сум ја удрила и е супер воспитана тешка педантерија е
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:49
благодарам мнооооогу Блу
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 22:51
нема на што вашиот дежурен ветеринар е тука за се
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 22.Септември.2008 во 13:54
е Блу сега ми требаш а гледам офлајн си.не знам дали има некој друг кој би ми одговорил.од сабајле кучево се однесува чудно.има нагон за повраќање а не може да поврати.носот му крчи и многу жално цивка.додека ми стигне ветеринарот ми требаше нечие мислење
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Септември.2008 во 23:49
може се работи само за настинка. ако случајно се сомнева тој во нешто друго ДЕФИНИТИВНО КАЈ МЕНЕ да го донесеш на снимање
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 12.Ноември.2008 во 22:19
Еј блу кучево подпорасна и повеќе работи се средија но сега(последниве неколку недели)станува многу агресивно,каса,'рже,лае и тоа не онака да чеша заби туку злонамерно(не е баш прикладен изразов али...)Како да го нервира нешто но неможам да сватам што.Пробав да го удирам кога лае но уште по агресивен станува.Нормално е ова и како да го спречам?
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 24.Октомври.2011 во 23:05
3 мали мачиња итно бараат дом! Мачињата се фрлени од страна на некој кој сакал на лесен начин да се ослободи од нив, дојдоа кај мене во двор пред 2 дена, сега за сега ги чувам привремено, но веќе имам мачор и не можам да се грижам за уште 3 мали мачиња, сепак е обврска. Замолувам да се јават љубители на мачиња кои ќе згрижат барем по 1 од мачињата....ми требаат тројца совесни луѓе кои сакаат да си вдомат милениче...Мачињата се многу слатки, пол не знам, едно е црно бело, две се како тигриња црно-сиво-бели...Претпоставувам дека мачињата се на возраст од околу 2 ипол месеци. Се гледа дека се чувани и питоми, и очигледно му здосадиле некому па едноставно ги фрлил на пат...Мачињата изгледаат здраво,имаат апетит и се весели :) секое има различен карактер, па ќе може да си бирате ;)Доколку има некој заинтересиран можам да му пратам и слики на мејл, пишете на sanjic63@gmail.com. Навистина би сакала да ги вдоми некој пред да фатат зимските студови...
|
|