Испечати | Затвори го прозорот

Стоунхенџ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14780
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 21:09
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Стоунхенџ
Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Наслов: Стоунхенџ
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 20:21
едно од поголемите мистреии на човештвото е градбата наречена Стоунхенџ.Таа се наоѓа во Амесберија-Англискиот округ Вилтшир,единственото прашање е за што им слижела оваа градба на народите што ја направиле, а се поставувало и прашанјето како е можно да се извлечкаат толкави каменја до ова место,интересно е тоа што тие се наместени така да се свртени према изгревањето на сонцето во лето,и тоа е многу шудно, зошто ли ги поставиле камењата во такви позиции?



-------------
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...



Коментари:
Постирано од: DarlinG
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 20:03
како и Кокино и Стоунхенџ е стара опсерваторија. Викаат дека луѓето ги граделе за да знаат за движењето на сонцето и според тоа да знаат кога е најпогодниот ден во годината да започнат со земјоделството.

-------------


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 23:57


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 14.Март.2009 во 23:58



A I KOKINO E DOBRO


Постирано од: Astra
Датум на внесување: 17.Март.2009 во 12:16
prekrasna e slikava na Kokino.
*
Za stounhenge imase ubava emisija pred skoro vreme na discovery mislam.
Imase nekoj naucnik koj bas na ova mu se posvetil i imase napraveno interesni istrazuvanje od tipot na avenija po koja se dvizele lugjeto koga odele kon stounhenge.Potoa otkri uste eden stounhenge vo blizina na kameniot, no vtoriot bil napraven od drvo i sl.

-------------
What you see,hear and feel is not always true.


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 20.Јуни.2010 во 00:21
Ma gradele englezite fudbalski stadion , pa ne im ispadnal kako treba...намигнување

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 20.Јуни.2010 во 11:23
Што и да е, од кој и да е, и се восхитувам на градбава.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2010 во 07:14
Откриено како е изграден Стоунхенџ?

Од сите мистериозни места на Земјата, ретки се тие кои можат да конк*рираат на Стоунхенџ - мистериозен камен споменик сместен во околина на Салисбур во Јужна Англија. Најновата торија за начинот на изградбата и пренесувањето на големите камени блокови, укажува на можноста дека градителите од неолитот, користеле тркалезни носачи.

Мегалитите, големи вертикално поставени камени блокови, високи се над три метри и тешки неколку тони. Поставени се во круг и се верува дека така стојат 3000-5000 години. Археолозите од Стоунхенџ Риверсајд Проџект сметаат дека тоа место служело за гробишта. Но, некои други прашања ги навеле научниците на размислување - дали можеби постои некој таен или дури научен мотив за постоење на таква градба. Поради положбата на мегалитите се разгледувало дали е Стоунхенџ всушност софистицирана астрономска опсерваторија.

Транспортот на мегалитите од каменолом одалечен 150 милји

Едно од прашањата е на кој начин се пренеле и позиционирале мегалитите. Како ги транспортирале од каменолом одалечен 150 милји? Можеби тајната конечно е откриена. Научници од универзитетот во Ексетер експериментираат со дрвени округли лежаи, сместени во долги издлабени и дебели дрвени даски. Кога ќе се постават тешки бетонски блокови на таква платформа, на лежаи, многу полесно се поместуваат.

Археологот Ендрју Јанг се качил на еден таков блок за да му додаде тежина и гледал како се однесува конструкцијата при транспорт.

„Вистински тест за теоријата беше кога колегата и мене и блокот не помести само со помош на показалецот. Малку бутна со прстот и полетав напред“, вели Јанг. „Тоа докажа дека со помош на таква платформа може да се поместуваат големи и тешки објекти, па дури и мегалитите од Стоунхенџ“.

National Geographic подготвува посебна епизода

По овие успешни експерименти, археолозите веруваат дека градителите на Стоунхенџ, ако го користеле овој метод, можеле да поминат и до 10 милји дневно. Тоа би значело дека камените блокови од каменоломот до местото на градбата можеле да стигнат за околу две недели.

National Geographic подготвува посебна епизода, „Stohenge decoded“, во која ќе се разгледуваат неколку различни теории околу градбата Стоунхенџ - предисториски компјутер, астрономска опсерваторија, место за обожување, гробишта, па и можноста дека монолитите ги поставиле вонземјани.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Јуни.2011 во 23:42
Разрешена Стоунхенџ мистеријата?

Античкиот камен круг Стоунхенџ на југозападот на Англија е изграден пред околу 3.100 години пред нашата ера, а досега никој не открил од каде се донесени блоковите, како се транспортирани и за што служеле.

Стоунхенџ се состои од два концентрични круга и внатрешен полукруг.

Во Велшкиот национален музеј во Кардиф, научниците настојуваат да го подигнат велот од мистеријата. Со помош на микроскоп докторот Ричард Бивинс трпеливо и прецизно ги анализирал примероците земени од камените блокови.

- Надворешниот круг од многу големи блокови е донесен од околината на рамницата Солсбери, вели Бивинс.

Во дваесеттите години на минатиот век научниците откриле дека блоковите од внатрешниот круг потекнуваат од покраината Пемброкшир, во Западен Велс, на 240 километри од Стоунхенџ. Никој не знае како тогашната цивилизација успеала да ги пренесе тешките блокови на таа далечина.

- Блоковите од внатрешниот круг и полукруг, таканаречени блустоунс, се тешки два до три тона, што значи дека се претешки за да се транспортираат со помош на луѓе, вели Бивинс.

Анализирајќи го и споредувајќи го минералниот состав на камењата Бивинс и неговиот тим заклучил дека блоковите од надворешниот круг се донесени од блиското подрачје во рамницата Солсбери.

Геохемичар од универзитетот Aberystwyth, Ник Пирс ги анализирал кристалите на цирконот од примероците земени од камените блокови. Со помош на ласер ги топел кристалите и го открил нивниот хемиски состав.

- Примероците беа тенки плочи. Во нив идентификувавме зрнца циркон и на нив насочивме силен ласер. Нивната пареа мина низ спектрометарот кој го анализира составот на минералите, вели Пирс.

Геохемичарот вели дека истражувањето го открило точното место од кое се земени блоковите. Врз основа на тоа е заклучено дека надворешните блокови веројатно се транспортирани од околу 16 километри западно, од еден залив на велшкиот брег, а оттаму преку море се донесени до одредницата во рамницата Солсбери.

Новата теорија сега треба да ја проверат археолозите, но ова ново открие, како што изгледа, за чекор го приближи научниците кон разоткривањето на мистеријата на Стоунхенџ.


-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 17:09
Вака беа изградени Стоунхенџ и пирамидите?

http://www.the-open-mind.com/man-moves-huge-blocks-by-himself-using-simple-tools-ancient-knowledge/








-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk