Испечати | Затвори го прозорот

Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14770
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 19:41
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината?
Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Наслов: Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината?
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 14:43


се мисли дека познатиот космонаит Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината и дека прикажанаите слики биле направени во студио,причината за која се мисли дека тој нигогаш не стапнал на месечината е америчкото знаме кое било поставено на "месечината" и се веело,е сега докажано е дека на месечината нема ветер а како би можело знамето да се вее,и другиот доказ е сенката на Армстронг која била на обратна страна и така не би можело да биде на месечината,можно е ли Армстронг никогаш да не стапнал на месечината?



-------------
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...



Коментари:
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 14:50
Јас не сум бил со нив па да трвдам вистина ли биле, но да знаете дека теориите на завера се побиени.

Неколку примера:

Земјата е обвиткана од Ван Аленовиот појас во пречник од 20 милји силно радиоактивен што космонаутите не можеле да го издржат а да не умрат - Всушност Ван Аленовите појаси се од 600 до 40000 милји околу Земјата а космонаутите биле заштитени со тоа што не оделе пеш или со кабриолет туку со вселенско летало, освен тоа нивната траекторија беше пресметана така да тие во Ван Аленовите појаси се задржат минимално време и притоа бидат изложени на најкратка радијација.

Знамето се вее а нели нема ветер - нормално дека се вее, ама само додека го поставуваат-на целата снимка јасно се гледа дека запира откога ќе го остават на мира, нормален ефект на Њутновиот закон за инерција.

Нема ѕвезди на фотките а ако нема атмосфера тие јасно треба да се гледаат - па нормално дека нема кога пречи сонцето, а второ филмот не бил експониран доволно за да тие се видат(поентата е да се видат ридовите, леталото и тн. а не ѕвездите)

Тоа е направено за да САД се направат поголеми астро-фраери од русите - Русите ни најмалку не биле и не се наивни па ако тоа било така руските експерти со задоволство ќе ја обелоденеа лагата на „капиталистичките смрдливи свињи„. Сите филмови, слики, документи беа грижливо прибирани од рукса страна, анализирани и ажурирани во нивните бази на податоци за да се знае непријателот до каде е. Инаку русите имаа многу агресивна кампања за праќање на свои луѓе на месечината.

Повеќе факти на:
http://pirlwww.lpl.arizona.edu/~jscotti/NOT_faked/ - http://pirlwww.lpl.arizona.edu/~jscotti/NOT_faked/

А вселенските мисии до Месечината воопшто не се ефтини за да се оди таму секој 1ви мај на скара. Додуша тие не биле само еднашка таму, но при една расправа за буџетот во конгресот на САД програмата била остро критикувана во стилот толку многу пари а вие нам само камчиња и прашина - Воените интервенции низ светот се поекономични и морално пооправдани(демек така шират демократија, просперитет и тн.)- и решиле - оваа година и наредните нема пари за НАСА како минатите.

Мое лично мислење е: и да сме биле и да не сме биле, што со тоа понатака?


Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 14:55
абе најголеми лажговци се американците им нема равен!

-------------
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...


Постирано од: bond....james b
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 15:01
aman velke,
i od ovie ,
srpski ,
analiticki gluposti !


a,sigurno ,
vo studioto duvalo ,
silen veter!намигнување


-------------
You live only ONCE!


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 15:05
Originally posted by bond....james b bond....james b напиша:

aman velke,i od ovie ,srpski ,analiticki gluposti !a,sigurno ,vo studioto duvalo ,silen veter!намигнување

ова беше добро! Како не ми текна. Но сериозно, сите тие кои велат дека НЕ биле американците на месечината од тоа што досега прочитав, презентираат ЛАЖНИ факти кои ги претвораат во емисии и добро заработуваат.

СИте тие наводни факти дека не биле на месечината, се аргументирано ПОБИЕНИ и од НАСА и од атсронаутите и од сите школувцани астрономи.


Постирано од: bond....james b
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 15:19
смеење,
a ,
koga ,
podlaboko ,
ke razmisli covek,
mozebi i  nekoj  trapav ja otvoril vratata na studioto,
dodeka se snimala ,
scenata!

a be ima milion situacii,
zosto bi se veelo zname,
osven deka bilo na ,
mesecinata!намигнување


-------------
You live only ONCE!


Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 15:21
абе им било жешко и уклучиле вентилатор а заборавиле дека се "на месечината"

-------------
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 15:23
Originally posted by bond....james b bond....james b напиша:

смеење,a ,koga ,podlaboko ,ke razmisli covek,mozebi i  nekoj  trapav ja otvoril vratata na studioto,dodeka se snimala ,scenata! a be ima milion situacii,zosto bi se veelo zname,osven deka bilo na ,mesecinata!намигнување

Мистер Бонд! Вие како представник на кралската разузнавачка служба треба да знаете дека знамето е гордост на нацијата, а Американската нација е толку моќна и горда што од гордост знамето пркосело на условите на месечината и се веело!

Шега на страна, назад на тема. Во врска со сенките на фотографиите има исто така логични објаснувања врз основа на геометрија на просторот. Такви појави има и на земјата кога сонцето и посматрачот се во одреден агол.


Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 15:53
јас не се разбирам толку многу али знам дека има многу многу докази што докажуваат дека господинот Армстронг не стапнал на месечината

-------------
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...


Постирано од: Tiger
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 16:11
Сликите и снмките ја кажуваат вистината,а тоа е дека не бил на месечината

-------------


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 16:37
Originally posted by igreto igreto напиша:

Сликите и снмките ја кажуваат вистината,а тоа е дека не бил на месечината

Освен ако не се набљудуваат правилно. Мислам дека првиот одговор на темава објаснува се` - дека сепак биле.


Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 17:02
зошто насила се убедувате дека биле кога има безброј докази дека се е снимено во студио само заради таканарешениот "филм на месечината" да се продава ширум светот и да се прават многу пари,американците сакаат да манипулираат со светот но за жал планот не им успеа затоа што после 4 часа од "слетуванњето на земјата" од месечината русите открија дека сето тоа е лага замислете истиот ден за 4 часа беше откриена нивната лага. Значи стварно не биле добри во снимањето на филмот

-------------
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 17:04
so e vazno dali stapnal ili ne
prikaskata e ubava
a i recenicata za mal i golem cekor si e na mesto
rusite si znaat
a dali kje kazat , niven izbor голема%20насмевка


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: dark
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 17:55
ne e vazno dali stapnale ili ne na mesecinata vazno e deka na mars ili kade beshe e otkriena voda pa ajde site da na mars na 1 maj na skara :D

-------------
faster then light :D


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 22:27
Originally posted by igreto igreto напиша:

Сликите и снмките ја кажуваат вистината,а тоа е дека не бил на месечината



Јас тврдам дека не само Амстронг, него и сите мисии имаат свои докази, односно дека се е веродостојно и дека биле на месечината. Ти доколку си убеден во спротивното повели поткрепиго со аргументи.......



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: invader
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 23:17
Message%20Icon Тема: Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината?


kojznae dali -i togas!


-------------
在美居住和工作 ——快来参加官方举办的美国绿卡抽奖!


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 23:51
Originally posted by invader invader напиша:

Message%20Icon Тема: Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината?


kojznae dali -i togas!



Зошто не ја отвориш оваа тема и ја поставиш баш овака како ја имш поставено?



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: REGRUT
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 17:28
Originally posted by dark dark напиша:

ne e vazno dali stapnale ili ne na mesecinata vazno e deka na mars ili kade beshe e otkriena voda pa ajde site da na mars na 1 maj na skara :D



ej idejava ti e super samo ne znam dali ke ima organizirano avtobusi ili so drustvo pa ke se vidime tamu pozz..


Постирано од: Spejs Nigrutin
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 20:52
Originally posted by REGRUT REGRUT напиша:

Originally posted by dark dark напиша:

ne e vazno dali stapnale ili ne na mesecinata vazno e deka na mars ili kade beshe e otkriena voda pa ajde site da na mars na 1 maj na skara :D



ej idejava ti e super samo ne znam dali ke ima organizirano avtobusi ili so drustvo pa ke se vidime tamu pozz..



одиме на марс на скара

-------------
|живи живот свој и заеби све око себе|


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 20:54
Originally posted by REGRUT REGRUT напиша:

Originally posted by dark dark напиша:

ne e vazno dali stapnale ili ne na mesecinata vazno e deka na mars ili kade beshe e otkriena voda pa ajde site da na mars na 1 maj na skara :D



ej idejava ti e super samo ne znam dali ke ima organizirano avtobusi ili so drustvo pa ke se vidime tamu pozz..

Не може скара, сега е и таму сезона на ајвар(марсовски) па ако одиме таму ќе мора да лупиме, поубаво да почекаме до ноември да го направат па да јадеме марсовски ајвар на готово.


Постирано од: dark
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 23:34
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by REGRUT REGRUT напиша:

Originally posted by dark dark напиша:

ne e vazno dali stapnale ili ne na mesecinata vazno e deka na mars ili kade beshe e otkriena voda pa ajde site da na mars na 1 maj na skara :D



ej idejava ti e super samo ne znam dali ke ima organizirano avtobusi ili so drustvo pa ke se vidime tamu pozz..

Не може скара, сега е и таму сезона на ајвар(марсовски) па ако одиме таму ќе мора да лупиме, поубаво да почекаме до ноември да го направат па да јадеме марсовски ајвар на готово.

epa moze i taka na marsovski ajvar ke odime ali da zememe i od nasiot da im pokazeme sto e makedonski ajvar domasno pravan:D:D:D:D

-------------
faster then light :D


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 15:23
абе американска работа..

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 16:00

Јас сум од оние кои веруваат дека “стапнувањето на човекот на Месечината“ е најголемата измама на сите времиња. Најподлата измама...каква што само може да смислат...некои



-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 17:12
Originally posted by Ani4ka_xxxxxxxx Ani4ka_xxxxxxxx напиша:



се мисли дека познатиот космонаит Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината и дека прикажанаите слики биле направени во студио,причината за која се мисли дека тој нигогаш не стапнал на месечината е америчкото знаме кое било поставено на "месечината" и се веело,е сега докажано е дека на месечината нема ветер а како би можело знамето да се вее,и другиот доказ е сенката на Армстронг која била на обратна страна и така не би можело да биде на месечината,можно е ли Армстронг никогаш да не стапнал на месечината?



според сликиве и текстов......неам коментар.....лага во чизми стана ова!

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 19:11
Командантица, погледни ги кратките објаснувања што ги постирав на стр.1 плус линкот и ќе видиш дека наводните „аргументи„ дека не биле САД на месечината, се всушност измамата.


Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 03:07
Originally posted by anakin anakin напиша:

so e vazno dali stapnal ili neprikaskata e ubavaa i recenicata za mal i golem cekor si e na mestorusite si znaata dali kje kazat , niven izbor голема%20насмевка



Зошто мислам дека биле на месечината.



Зошто не мислам дека биле на месечината. Кога била нуклерната катастрофа во Чернобил, некој паметен се нашол и кажал, дај ќе им дадеме на војниците кои го расчистуваат просторот, од скафандерите(полесна верзија за на земјата да можат полесно да се движат) што ги носат астронаутите за да ги заштитиме од радијацијата, и се нашол уште попаметен некој и рекол џабе е, не помага, иако радијацијата во вселената и таа што била на нултата точка во Чернобил била горе доле тука,ако не се лажам иста.


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 12:37
Originally posted by mmomirovski mmomirovski напиша:

Зошто не мислам дека биле на месечината. Кога била нуклерната катастрофа во Чернобил, некој паметен се нашол и кажал, дај ќе им дадеме на војниците кои го расчистуваат просторот, од скафандерите(полесна верзија за на земјата да можат полесно да се движат) што ги носат астронаутите за да ги заштитиме од радијацијата, и се нашол уште попаметен некој и рекол џабе е, не помага, иако радијацијата во вселената и таа што била на нултата точка во Чернобил била горе доле тука,ако не се лажам иста.

А кој тоа го рекол? Еве линк зошто е можно патувањето на месечината и покрај Ван - Аленовите појаси(патем космонаутите се задржуваат во нив помалце од 1 час, заштитени од леталото и скафндерите) http://www.wwheaton.com/waw/mad/mad19.html - http://www.wwheaton.com/waw/mad/mad19.html


Постирано од: YODA
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 17:06
Имам прочитано дека Земјата е шуплива, ама мене тоа како факт многу малку ми значи пошто многу малку менува ако не се искористи правилно. Ако вака "земски" работи не се толку substantial, тогаш како би биле "месечевите" ?
И да биле и да не биле на Месечината јас пак леб ќе јадам.

-------------
и то...


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 20:31
Originally posted by YODA YODA напиша:

Имам прочитано дека Земјата е шуплива, ама мене тоа како факт многу малку ми значи пошто многу малку менува ако не се искористи правилно. Ако вака "земски" работи не се толку substantial, тогаш како би биле "месечевите" ?
И да биле и да не биле на Месечината јас пак леб ќе јадам.
одлична поента мастер Јода! Меј д` форс би вит ју!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 02.Ноември.2008 во 00:24
E sega jas znam muabet deka snimkata e najverojatno lazna,no deka Amerikancite sepak bile na mesecinata.
No koga stignale vo tie uslovni nemozele da snimaat,i za opravduvanje da ne ispadnat budali napravile snimka v studio.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 07.Ноември.2008 во 19:49
Originally posted by YODA YODA напиша:

Имам прочитано дека Земјата е шуплива, ...

Еј да бе стварно. плазење И јас имам читаноголема%20насмевка Доказ: ако не е шуплива ќе биде премногу тешка и ќе нема да се врти.задоволство Само сега се натегаат колку е голема шуплината и дали се зголемува. Ако тоа се потврди, еден ден земјата ќе станела толку лесна што сонцето ќе ја оддувало. И ете ти апокалипса. Остварување на ... ај да не ширам понатаму.
Факт е дека Земјата е шуплива. Факт е дека човекот е создаден од земја! Ма што јас „трабуњам“голема%20насмевканамигнување


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 01:32
Тема: Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината?

Abe ajde... Jas go vidov, so sopstveni oci...

-------------
DeepBlue


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 09:28

Се качи ли човекот на Месечината?

21:00 | 24.02.2010 | Автор: Шпиц

/ 1. Вселената е исполнета со ѕвезди!
„Вселената е исполнета со мали точки од светлина (ѕвезди). Зошто тие не се забележуваат на фотографиите?“
- Ако некогаш направите фотографија ноќе (надвор), ќе забележите дека бледите далечни објекти не се забележуваат. Тоа не е затоа што воздухот ги блокира, тоа е затоа што светлината од светлите објекти во нашата близина го осветлуваат филмот.
2. Големите ровери
„Нема шанси големото возило што се движеше на Месечината да го собере во малиот модул со кој слетаа!“.
- Роверот беше многу умешно конструиран, направен од многу лесни материјали и можеше да се склопи во волумен колку еден поголем куфер.
3. Фантомски камерман
„Како е можно една од снимките на леталото како ја напушта површината, да биде следен од камера нагоре кон небото? Кој снимаше со камерата?“.
- Сигурно дека фотографот Ед Фендел ќе беше далеку посреќен доколку беше на Месечевата површина,

наместо на неговото место во контролата на мисијата. Тој навистина беше во Хјустон и далечински ја контролираше телевизиската камера на лунарниот ровер, кој остана на површината.
4. Нема кратери на местото на слетување
„Кога леталото се приземји, неговиот моќен мотор не направи длабок кратер на правливата површина“.
- Под слојот од прашина, Месечината е направена од цврсти карпи. Прашината и песокот кој беше таму беше „отфрлена“ како што кажуваат астронаутите и како што се гледа на филмот од слетувањето.
5: Смрт од метеор
„Вселената е преполна со супербрзи микрометеори, кои ќе пробијат низ леталото и ќе ги убијат астронаутите“.
- Вселената е неверојатно голема. Секако дека има непроценливо голем број мали парчиња, кои патуваат низ Сончевиот систем со брзини и од околу 190.000 километри на час, но волуменот на вселената прави нивната густина да биде многу мала. А како дополнително, скафандерите имаат еден слој на кевлар, кој треба да ги заштити од таквите мали парчиња со кои можат да се соочат.
6: Течна вода на Месечината
„За да оставиш стапка, потребно е да има влага во почвата, нели?“.
- Не секогаш. Ако земете малку сув, добро иситнет песок како прав, многу е лесно да направите стапки на него и да ги задржите нивните форми. Честичките си ја задржуваат својата форма поради триењето меѓу нив.
7: Испечен филм

„На Сонце, температурата на Месечината може да достигне вредности при кои филмот (покрај другите работи) би се стопил“.
- Никој не оставал незаштитен филм на топлата површина на Месечината. Целиот материјал се чувал во соодветно заштитени канистри.
8: Повеќекратни сенки
„Сенки од повеќе агли се гледаат на сликите од Месечината. Дали имаше повеќе од еден извор на светлина, како што е голем студиски рефлектор?“.
- Астронаутите ги правеле нивните фотографии на ридест, добро осветлен дел од површината, додека сонцето било близу до хоризонтот. Замислете да правите фотографија од некого на брдовито поле со снег, кое се движи за време на полна Месечина, која пак е близу до хоризонтот. Контурите на земјата ќе предизвикаат сенки во многу различни должини.
9: Астронаути што светат во темно
„Ако астронаутите ја напуштат безбедноста на Ван Аленовите појаси, зрачењето ќе ги убие“.
- Астронаутите од Аполо поминаа низ овој појас за помалку од четири часа за време на целото патување. Тоа не е нешто посериозно од тоа да направиш скенирање на градите. Надвор од појасот, зрачењето многу опаѓа и е опасно само при многу долги временски периоди.
10: Знамето што се вее
„Американското знаме изгледа како да се вее на „Месечевиот ветер“.
- Ако погледнете подобро, ќе забележите дека краевите на знамето се затегнати цврсто. Ефектот на веење се направил кога астронаутите намерно искривиле дел од знамето, за подобар впечаток.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: да бе
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 09:34
ам то нема Месечина- како ке кацнеш на нешто што не постои


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 19:25
Е ова е више премногу!тага

Трауми ќе имам...

Првин дознав дека Дедо Мраз не постои а сега и ова...плазење


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 19:29
не спаѓа ова во мистерии по мое мислење.
инаку не се замарам околу армстронг и неговото газење по месечината.
одам подалеку во универзумот, истражувам дали има нешто таму далеку во бексрајот


-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 19:34
Originally posted by vlad0 vlad0 напиша:

не спаѓа ова во мистерии по мое мислење.
инаку не се замарам околу армстронг и неговото газење по месечината.
одам подалеку во универзумот, истражувам дали има нешто таму далеку во бексрајот

Уживај бејб.
Месечината ти е премногу блиску.
Дури ја гледаш со голо око.плазење
Ти...гледај...во бескрајооооот...голема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: brza
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 20:25
Originally posted by да          бе да бе напиша:

ам то нема Месечина- како ке кацнеш на нешто што не постои
  даpameten odgovor na ,.,...epten glupavo prashanje!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Lyn
Датум на внесување: 16.Јануари.2013 во 02:29
%20" rel="nofollow - http://www.youtube.com/watch?v=Pvk3Cg9gPNM

нормално дека не стапнал.ако успеале еднаш зошто не го повторат тоа?досега сигурно напреднала тенологијата


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Јануари.2013 во 14:24
...devojko'' ( ako si voopshto toaзбунетост)..,
...otkako toa  go napravile ushte ,...mislam ...pet pati!

...otkako  toj... prv se ''kachil'' na nea!




-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 16.Јануари.2013 во 18:34
Нил Беше на месечината...крај на муабетот.
Ленс Армстронг пак сега вежба за да оди на Плутон со точакот, само нешто гумите го дупат и затоа неколку пати се одложи тргнувањето.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 08:58
Теории на заговор: Американците никогаш не слетале на месечината, сето тоа го режирал Кјубрик!










Астронаутите Армстронг и Олдрин се гледаат како на снимките од слетувањето на Марс го поставуваат американското знаме. Но, тоа на видеото изгледа како да се виори, што не е можно ако нема атмосфера и воздух кои знамето би го држеле исправено...
Голем број на луѓе се’ уште не веруваат дека човекот слетал на месечината и тврдат дека за тоа постојат бројни докази. Најчесто се споменуваат фотографските недостатоци и сомнителната светлина.

Теориите на заговор отсекогаш ги интересирале и фасцинирале луѓето. Сигурно сте слушнале неколку верзии за убиството на Кенеди, дека слетувањето на месечината е изрежирано во студио или дека Елвис е жив, а Хитлер не умрел во берлинскиот бункер во 1945 година.

„Ова е мал чекор за човек, но огромен за човештвото“ – рекол Нил Армстронг во 1969 година, додека го правел првиот човечки чекор на месечината. Со него на мисијата Аполо 11 по површината на месечината одел и Баз Олдрин. После нив двајцата, во следните три години, уште десетина луѓе чекореле по површината на Земјиниот сателит.


Но, уште од емитувањето на првото слетување се јавиле многу теории дека се’ е лажирано и дека луѓето никогаш не слетале на месечината. На фотографиите и снимките се барани недоследности во секој детал.

Токму слетувањето на месечината, судејќи по преданоста на оние кои тврдат дека се’ е лажирано, е една од најсилните теории. Оние кои веруваат во теоријата дека патот на месечината е лажиран најчесто тврдат дека НАСА снимила низа слетувања на месечината во студио и тоа со користење на реквизити, астронаутски костими и софистицирано светло. Исто така често се тврди и дека во времето на Студената војна САД немале доволно пари да праќаат астронаути на месечината, и дека лажирањето во секој случај било поевтино. Но и тоа би го направиле доволно уверливо. На СССР би им пратиле пораки дека имаат подобра технологија. Но, тие имале доволно стручни луѓе и квалитетна опрема да знаат дали снимките се лажни и не предупредиле дека слетувањето е лажно. Освен12-те астронаути кои шетале по месечината, шестмината кои ги пратиле со летала, и уште шесте кои орбитирале околу месечината, на Аполо проектот работеле и повеќе од 400.000 луѓе. За да успее целата завера, сите тие би требало да молчат за тоа.


Инаку, некои од најпопуларните аргументи на заговорниците на приказната за лажираното слетување се токму овие:

На сликите од месечината никаде не се гледаат ѕвездите

Ова е детал кој теоретичарите на заверата често го користат: никаде нема ѕвезди и се’ зад астронаутите изгледа како големо црнило. Се поставува прашањето дали не би требало да се гледаат милиони ѕвезди, ако месечината нема атмосфера? Често како аргумент за црнилото се наведува дека НАСА тешко би можела да ја мапира положбата на секоја ѕвезда, и дека намерно оставиле црна позадина, а како изговор понудиле лош квалитет на фотографиите.

Од каде на месечината карпа со буквата С?

На една од фотографиите од месечината се гледа и карпа на која изгледа како да е напишана буквата С. Теоретичарите на завера можат тоа да го земат во прилог на своите теории и да тврдат дека се работи за кулиса која останала погрешно свртена, па ознаката се гледа и на камера. Буквата изгледа и прилично правилно, па не го признаваат објаснувањето дека би можело да се работи за природна појава.


Зошто сенките на месечината имаат различни должини?

На месечината сонцето е единствен силен извор на светлина и би било логично сите сенки да се паралелни, но на сликите од месечината гледаме дека сите сенки паѓаат во различни правци. Затоа заговорниците заклучуваат дека тоа мора да значи дека околу астронаутите имало повеќе извори на светлина.

Знамето на месечината се вее

Астронаутите Армстронг и Олдрин на слетувањето поставуваат американско знаме. Но, тоа на снимката изгледа како да се виори, што не е можно ако нема атмосфера и воздух, кои би го држеле знамето исправено.


Астронаутите скокале поврзани со жици и се’ било пуштено во забавена снимка

Некои убедуваат дека астронаутите ги снимиле како скокаат во студио додека биле поврзани на тенки жици, а дека НАСА го забавила видеото за да се добие впечаток дека скокаат низ вакуум. Имало дури и случаи кога луѓето се обидувале да повторат слични снимки.

Каде е ударниот кратер?

Ако НАСА навистина слетала на месечината со капсула, околу неа би требало да има кружен кратер како трага, но на фотографијата таа не се гледа, туку изгледа како модулот од капсулата нежно да е поставен на месечината.

НАСА ги користела истите позадини на различни фотографии

Фотографиите од мисијата Аполо 15 изгледале као да имаат идентична позадина, иако НАСА вели дека се снимени на далечина од неколку километри, а теоретичарите на заговор лесно би помислиле дека НАСА едноставно ја користела истата кулиса за различни сцени. Сомнителен е и високиот квалитет на фотографиите, но станува збор за тоа дека астронаутите снимиле огромен број фотографии, а објавени се само најдобрите кои се снимени со Хаселблад 500 ЕЛ камери со Цајс оптика.


Стенли Кјубрик теорија

Освен сите останати теории, постои и приказната дека американската влада го ангажирала познатиот режисер Стенли Кјубрик да им помогне да ги лажираат првите три слетувања. Оваа теорија има две верзии. Според првата, до Кјубрик пристапиле во 1968 година додека филмот 2001: Одисеја во вселената бил во пост-продукција и дека НАСА била фасцинирана од ефектите во филмот, а според втората Кјубрик пред тоа бил ангажиран, и славниот филм бил „генерална проба“ за самите слетувања.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: kocko
Датум на внесување: 19.Јануари.2014 во 23:33
zarem se i kjoravi tie zavergjii,pokraj toa shtp neshto slabo mi stojat so pametot ,pa shto ne ja gledaat shipkata koja shto go drzi znameto ispraveno?

 a i nemalo ni atmosfera i ni vozduh  na mesechinata  pishale, a?

navistina genijalno , nema shto.изненадување


-------------
Бог да чува!


Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 19.Јануари.2014 во 23:43
нема како да е стапнал на Месечината
месечината непостои

месечината е крирана во холивуд
нил армстронг ке грабне оскар
и ке му стават дзвезда на алеата на славата пред кодак театор




Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 04:11
не ми е јасно зошто сеуште се филозофира за сенки позадини... првото слетување на месечината е во далечната 1969... па јас денес, во 2014 година, кога сликам нешто со фотоапарат од 2010 година ноќно време, не се гледа ништо... а овие демек сенките ги распознале и ѕвездите не им се гледале... абе ај...

мислам дека целава сторија со лажирани слетувања е измислена во времето кога слетувањето на месечината станало непопуларно и заборавено, па ај колку да се збори...
а дали е вистина, освен ако не си астронаут, не знаеш, ама зарем со тоа ли да загревам мозок?


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 18:37
Ни сам незнам колку забегани луѓе има на светов (со исклучок на нашиов „забеган“ модератор!плазење) кои сеуште веруваат на приказни од пред 4-5000 години, како некој си таму со стап го раздвоил морето, дека пред некои 2000 години некој одел по вода, дека воскреснувал ... а не веруваат на ова што се случува денес, на тоа што со свои очи можат да видат и со свои уши да слушнат за кажувањата на сеуште живи сведоци, на снимени материјали ...
Кој ќе ги знае, ако во некоја стара „света“ книга или „свет“ запис пишувало дека човекот одел по Месечината, веројатно тогаш ќе поверуваат, а можеби и ќе не’ убедуват дека тоа е вистина. Ама денес ... јок. Тоа не е можно.
Нормално, како може да е возможно кога не е пишано во ... смешен


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 18:46
Златник бе...
сега...
стапнал...
или...
не...

батали религија...
друго ќе да е тоа...


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 21:52
Сега, ако не се спуштиле на Mесечината, ако не стапнале, ако не го поставиле ласерот кој праќа сигнал кон земјата за мерење на растојанието до неа (кој секој може да го прими и да го користи), тогаш кој го направил тоа ???

Можеби некој добар вонземјанин ? голема насмевка

И ако таа претпоставка (која со време мина во некакво "тврдење") беше навистина, зарем немаше русите да ја обелоденат со факти (тие барем имаа можности да ги следат американските ракети како што ги следеа и своите) и да ги направат американците пуздер пред светската јавност ? голема насмевка












-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 23:05
Сигурно некои си мислат дека и Советската вселенска станица МИР е создадена во некое филмско студио....



Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 21.Јануари.2014 во 09:51
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Сигурно некои си мислат дека и Советската вселенска станица МИР е создадена во некое филмско студио....

Е да, веројатно! смеење 
Исто и за меѓународната вселенска станица (ISS)
И за Messenger некој ќе рече дека е некаква сонда испратена на Меркур, а всушност тој е во IDIVIDI плазење 


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 02.Ноември.2015 во 20:34
ne mozam da povruvam deka rusite se 100 godini nazad od ameive.zatoa NIKOJ  po moe ne stapnal na mesecinata,pa ni ja.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: kocko
Датум на внесување: 09.Ноември.2015 во 01:10
Nikogash?!
Ma ni togash , se kladam.

-------------
Бог да чува!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk