Аура
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14686
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 13:45 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Аура
Постирано од: javorka
Наслов: Аура
Датум на внесување: 24.Јули.2008 во 16:15
Невидливо енергетско поле кое ги опкружува сите живи битија. Таа не само што се наоѓа околу целото тело туку се наоѓа и околу секоја келија. Односно најпарвилно би било да се обсервира како продолжеток отколку како опкжување на телото. Аурите варираат во димензијата и бојата во зависност од спиритуалното ниво на поединецот.
Аура на расположението
Основната боја на аурата може привремено да се замени со друга боја при промената на расположението. Аурата на расположението ја рефлектира нашата емоционална состојба. На пр. кога се лутиме, грда црвена боја доминира со нашата аура.
Нивоа на аурата
Аурата се состои од седум нивоа:
1. Физикално етеричко ниво
2. Астрално ниво
3. Пониско ментално ниво
4. Повисоко ментално ниво
5. Спиритуално ниво
6. Интуициско ниво
7. Апсолутно ниво
Аурата може да се види на повеке начини. Обично. се гледа како енерхетско поле во облик на големо јајце со дијаметар од еден метар. Доколку е индивидуата спиритуално поразвиена дотолку аурата е поголема. За аурата на Буда се верувало дека била долга неколку километри. Во внатрешноста на ова енергетско јајце се наоѓаат енергетски честички кои се движат во сите правци и го рефлектираат процесот на мислење, чувствата, здравјето и потенцијата на дотичната индивидуа.
Кај поединци се формираат геометриски облици внатре во аурата. Овие геометриски облици имаат симболичко значење, на пример кругот го симболизира задоволството и исполнувањето. Триаголникот е знак дека личноста која ја поседува е заштитник на некоја друга личност. Звездата е показател на развиени ментални способности. Стрелите укажуваат дека некоја личност е изложена на стрес веќе подолго време. Конусот се јавува кај сериозно размислување.
Нашите ааури реагираат со аурите на другите луѓе. Кога ке сретнеме некоја драга личност, нашата аура се отвара и двете аури се спојуваат. Кај две личности кои се зањубени аурите како да се преклопуваат и формираат една голема вибрирачка аура. Од друга страна кога ке сретнеме некој кој не ни се допаѓа, аурите се затвараат и се одбиваат една од друга.
Аурата не е присатна кај новороденчињата. Се јавува дури при првото вдишување. Со тек на време бојата и големината ба аурата се зголемува и се подобрува. Кај бебињата аурата е безбојна. Со три месеци станува сребреникава, а со тек на време преминува во сина, што претставува знак на развивање на интелигенцијата. Потоа следи жолтата боја, знак на размислување итн.
Доста време може да се посвети на читањето на аурата, а со вежби овој потенцијал се развива кај секоја индивидуа.
Аура на заљубените
Најверојатно највеличествен момент е оној на спојувањето на аурите на две индивидуи кои се сакаат. Нивните аури ратат, се шират. Боите играат и вибрираат. Двајца во прегратка, нивните аури креираат една единствена која ги достига небесата...
од моира:
Те молам почитувај ги правилата за јазикот на Идивиди!
Поздрав
|
Коментари:
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 24.Јули.2008 во 21:15
Од големото дело на откровение „Ова е Мојата Реч: Алфа и Омега„ примена низ Внатрешната реч преку Габриеле од Вирцбург, дознаваме дека аурата уште се нарекува и омоти на душата. Во нејзе се одсликуваат оптеретувањата на душата, воедно сите наши негативни мисли привремено се задржуваат во аурата(обвивките на душата). Доколку тие правовремено не се исчистат и трансформираат од страна на поединецот во позитивни мисли, тогаш тие негативни вибрации паѓаат во душата а по некое време се регистрираат од космичките компјутери - ѕвездите. За потоа истите од нас испратени негативни вибрации ни се вратат нам самите бидејќи „што човек сее, тоа тој и ќе жнее„. Тогаш тоа се изразува преку нелагоди, болести, судбински удари и сл. доколку правовремено не сме ги препознале и исчистиле заменувајќи ги со позитивни чувства и мисли.
Како поединецот напредува на духовниот пат кон Бога под Христово водство, остварувајќи ги постепено се` повеќе и повеќе во секојдневниот живот космичките законитости изнесени во 10те заповеди и Исусовата Беседа на Гората така обвивките на душата(слоевите на аурата) постепено се прочистуваат, стануваат попропусливи за светлината божја и тогаш со тек на време следи целосно растворување на слоевите на аурата.
Душата на таквиот вистински просветлен човек може да го помине светлосниот ѕид и влезе во чистите Небеса после физичката смрт.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 03:58
А убаво им кажав да си ги прочитаат книгите од Карлос Кастанеда и се' ќе им беше јасно
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 11:51
какви се овие мистери...дај кажете нешо повеќе...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 14:20
За тебе тетратче Мистик - Зоран Темов
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 15:51
Знам човек што ги гледа некако...Не сум сигурна, па не ме фаќајте за збор.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 21:06
А кој е Зоран Темов... да не е некој како Милан Тарот......
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 23:51
tiggy_sparrow напиша:
Знам човек што ги гледа некако...Не сум сигурна, па не ме фаќајте за збор.
|
Мислам дека можеш да ја видиш моменталната боја и облик на аурата ако се загледаш во 6тата чакра(точка меѓу очите,на врвот на носот),но може бојата да се искриви од позадината.
П.С. Земи мат-црна површина (бидејќи добро неутрализира светлина) стави ја вертикално површината ,доближи ја раката до површината,гледај на површината на раката и после одредено време ќе се појави како темно сина обвивка околу твоето тело,то би требало да биде астралното тело или душата.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 16:20
Преку гледањето на аурата можат да се дијагностицираат многу болести. Екстрасензорните луѓе што имаат дарба токму на овој начин ги дијагностицираат болестите во организмот односно во физичкото тело. Зошто болеста прво е присутна во енергетското поле, а дури потоа се манифестира, односно се материјализира на физичкото тело на човекот. Значи доколку навреме забележиме некое заболување во енергетско поле, нема да дозволиме тоа да се материјализира на физичкото тело. Самата болест пак се предизвикува во менталната сфера каде што се среќаваат различни негативни мисливни форми, ентитети, кои што пшретставуваат негативни супстанции и негативна фреквентивна енергија. Преку снимката на аурата се гледа балансот на енергетското поле на личноста, односно како работат енергетските цемтри, а со тоа и да се определи дали има некој дисбаланс во даден орган на телото.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 31.Јануари.2010 во 22:54
A so sto se gleda ova aurata
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 00:36
ManushkA напиша:
A so sto se gleda ova aurata
|
Da be ti sakas da ti kazat za poslem i ti da moze da ja gledas, aaaaaaaa ne moze...
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 03.Февруари.2010 во 21:49
ManushkA напиша:
A so sto se gleda ova aurata
| Со духовното око. Не може секој да ја забележи. Има луѓе кои гледаат само еден или неколку слоеви од вкупно 7-те. Ретки се оние кои можат да ги видат сите.
Способноста дали и колку може да ја гледа некој аурата зависи и од духовната проширеност на неговата свест.
За темата „аура„ може повеќе да се прочита во поглавието „Светлосното поле на душата - човековата аура„ содржано во книгата http://www.rijec.com.hr/article_info.php?articles_id=47 - ЛИОБАНИ: Јас објаснувам - сакаш ли да ушестуваш? (духовен пат за млади од 12-18 год., но исто мошне поучна и за возрасни) достапна е на хрватски во издание на Универзален живот.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 20:58
ManushkA напиша:
A so sto se gleda ova aurata
|
Убаво објасни Мајкл, но да дополнам нешто.
Постои техника на фотографирање наречена Kirlian Photography, која може да ја регистрира моменталната Аура на било кое живо суштество, и енергетското поле кај физичките тела со помош на висока волтажа и силно електрично поле.
Скептик сум за ова.
Но прилично уверен сум дека постои т.н. Аура. =))
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 00:02
Џо напиша:
ManushkA напиша:
A so sto se gleda ova aurata
|
Убаво објасни Мајкл, но да дополнам нешто.
Постои техника на фотографирање наречена Kirlian Photography, која може да ја регистрира моменталната Аура на било кое живо суштество, и енергетското поле кај физичките тела со помош на висока волтажа и силно електрично поле.
Скептик сум за ова.
Но прилично уверен сум дека постои т.н. Аура. =)) | И јас сум скептичен околу тој тип на фотографии. Тие покажуваат поинаква светлина поради поинаквите услови под кои е направена. Слични ефекти создава и генераторот на Ван Де Граф. Освен тоа аурата не е материјална за да може да се регистирира со материјални инструменти, барем не директно. Сепак не сум стручен за Кирлианова фотографија.
Луѓето кои ја гледаат аурата не ја гледаат дословно со физичките очи, туку ја забележуваат со својата свест која пдодуша со содејство на органот за вид може да создаде слика во мозокот т.е. впечаток дека они ја гледаат со своите очи.
Во аурата се рефлектираат чувствата, мислите, зборовите и постапките, но и делови од содржината на човековата душа. Тие содржини ги внел самиот човек некогаш, преку мислење, говорење и постапување.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 00:53
Jas sum rabotel na Kirilijanova forografija i sum branel teza vo vrska so nea na fakultetot po Fizika. Togash dobiv i priznanie za mojata rabota. Deloto s'e ushte se naogja vo Univerzitetskata biblioteka, no pod ime vo koe ne figurira zborot "Kirlilijanova" bidejki vo toa vreme (a veruvam i denes) nemashe da bide prifateno seriozno dokolku beshe taka imenuvano.
Svedocham deka so ovaa fotografija mozhe da se registrira energetskoto pole okolu zhivite organizmi koe po svojot kvalitet vo potpolnost se razlikuva od poleto na mrtvite predmeti.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 01:23
Многу интересно Messenger, но дали е тоа аурата или евентуално некое друго енергетско поле, релативно непознато за современата наука?
На пр. некои видовити луѓе од аурата на луѓето исчитуваат настани кои им предстојат(болест или оздравување на пр.) и тоа не само во форма на бои туку и симболи кои пак на Кирилиановата фотографија не се гледаат.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 01:54
Rabotev tokmu na toa, dali aurata ja pretstavuva konkretnata chovekova psihofizichka sostojba ili ne. Poentata beshe deka so toa bi dokazhal oti slikanoto e bioenergetska aura, a ne nekakvo beznachajno energetsko pole sozdadeno od visokiot napon i golemata frekvenecija na generatorot.
So eksperimentite dokazhav deka postoi direktna i nedvosmislena korelacija megju fizichkata i psihichhkata sostojba i dobienata slika. Mojot asistent go koristev kako zamorche, pa pravev serii od fotografii od negoviot palec i kazhiprst vo normalna sostojba, kako i vo sostojbi koga beshe psihichki ekscitiran, pijan, bolen i fizichki povreden.
Vo siite situacii aurata apsolutno ja reflektirashe negovata momentalna sostojba.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 14:09
Messenger напиша:
Jas sum rabotel na Kirilijanova forografija i sum branel teza vo vrska so nea na fakultetot po Fizika. Togash dobiv i priznanie za mojata rabota. Deloto s'e ushte se naogja vo Univerzitetskata biblioteka, no pod ime vo koe ne figurira zborot "Kirlilijanova" bidejki vo toa vreme (a veruvam i denes) nemashe da bide prifateno seriozno dokolku beshe taka imenuvano.
Svedocham deka so ovaa fotografija mozhe da se registrira energetskoto pole okolu zhivite organizmi koe po svojot kvalitet vo potpolnost se razlikuva od poleto na mrtvite predmeti. |
Блазе си ти.
Ти завидувам
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 14:59
Интересно месинџер. А дали се гледаа сите слоеви? И што велеа на тоа господата професори откако им го презентираше трудот?
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 15:44
Ajde, kje se obidam da ponajdam nekoi od slikite, pa kje gi objavam so objasnuvanja. Mislam deka imam nekoi zachuvano...
Profesorite bea moshne uchitivi i vnimatelno i so interes go pratea izlaganjeto. Rabotata e shto toa tolku izlaga nadvor od voobichaeno prifatenata slika za svetov shto navistina ne znaea kako da se postavat... bea apsolutno respektivini vo odnosot i prashuvaa chisto tehnichki prashanja, no nikoj ne se osuduvashe da navleze vo suhstinata na manifestacijata na onoa shto jas vo toa vreme go narekuvav bioenergija.
Problemot e shto poradi sueverieto na materijalizmot, seto onoa shto nemozheme da go vidime, izmerime i kvantificirame nie odbirame oficijalno da ne go registrirame i izuchuvame.
S'e ushte bioenergijata e pole rezervirano samo za spekulacii zatoa shto ne postoi nachin da se izmeri so aparatusot shto ni e dostapen vo momentov. Da, mozhe da se fotografira, a jas kje vi pokazham kako mozhe, isto taka, spored slikata i vizuelno da se kvantificira, no toa ne e dovolno za naukata koja bara precizno merlivi podatoci od instrumenti koi ne zavisat od chovekovata percepcija i intencija ili slobodna interpretacija.
Vo vremeto koga rabotev na ovaa problematika eden moj mnogu dobar drugar mi kazha oti ima rednina koja raboti kako lekar vo bolnica blizu Pleven, shto oficijalno e klasificirana kako dushevna bolnica, a vo sushtina rabotat tokmu na izuchuvanje na bioneregijata i nejzinata uloga vo paranormanite pojavi. Znam deka vo toa vreme vo Rusija imashe institut za ova problematika.
Na vremeto ova tolku me zainteresira shto se obiov da soberam grupa talentirani lugje za ponatamoshni istrazhuvanja. Megju niv imashe edna devojka koja mozheshe da predvidi shto kje mu se sluchi na chovek vo slednite desetina minuti ako stoi blizu do nea. Vo rabotata so edna druga devojka imahe sluchai koga pukaa sijalici.
Togash se zainteresirav za edna grupa mladi lugje koi zapochnaa grupna psihoterapija smetajki deka megju niv kje pronajdam nekoj koj poseduva kvaliteti podatni za natamoishni istrazhuvanja. Imashe edno momche koe mi svrte vnimanie so manifestiranje na neshto shto doktorite go narekuvat psihosomatska bolest koja ne mozhea nikako da ja definiraat, da pronajdat od shto poteknuva i kako da ja lechat. Za zhal, ne uspeav da mu prijdam na vreme... deteto tragichno pochina.
Nabrzo potoa krenav race od seta rabota. Mi stana jasno deka bez dobro i temelno organiziranje i finansiranje vakov proekt nema da otide daleku.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 19:39
Togash se zainteresirav za edna grupa mladi lugje koi zapochnaa grupna psihoterapija smetajki deka megju niv kje pronajdam nekoj koj poseduva kvaliteti podatni za natamoishni istrazhuvanja. Imashe edno momche koe mi svrte vnimanie so manifestiranje na neshto shto doktorite go narekuvat psihosomatska bolest koja ne mozhea nikako da ja definiraat, da pronajdat od shto poteknuva i kako da ja lechat. Za zhal, ne uspeav da mu prijdam na vreme... deteto tragichno pochina.
Interesno....
Samo sakav da go prasham Messenger,dali dokolku uspeeshe da mu prijde navreme na deteto kje imashe shansi toa da prezivee?
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 19:50
Toa ne znam... iako sum prilichno siguren oti toa beshe posledica od negovata psihichka sostojba. Beshe mlado, fizichki zdravo i inteligentno momche. Shteta...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 20:00
Iskreno ,zalam i jas....
Inaku ,vo ischekuvanje sum da gi vidam slikite od tvojot trud za bioenergetskata aura i kako taa stanuva menliva pod vijanie na psihofizichkata sostojba na organizmot.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 20:09
Kako shto vi vetiv, eve nekoi primeri od slikite shto gi pravev na vremeto...
Prvava slika e vo sushtina prvata napravena... mojot asistent beshe tolku vozbuden, kako za pochetokot na eksperimentot, taka i za sopstvenata sigurnost bidejki se plasheshe od visokiot napon (okolu 30.000V) so koj moravme da rabotime.
http://img685.imageshack.us/i/file1933.jpg/">
Mozhete da zabelezhite kolku e silna aurata okolu prstot. Nikogash povekje ne uspeavme da dobieme neshto takvo... nikogash povekje ne beshe vozbuden kako prviot pat.
Vtorava slika e napravena od moneta, kako za sporedba za da se posochi razlichnata aura od zhivite organizmi i mrtvite predmeti.
http://img341.imageshack.us/i/file1934.jpg/">
Slednava e od listot na edno rastenie koe go zedovme kako zamorche za nekolku testovi...
http://img98.imageshack.us/i/file1938.jpg/"> ]
Sega neshto shto mislam deka posebno kje ve interesira, a toa e kako psihofizichkata sostojba na teloto se manifestira preku aurata.
http://img17.imageshack.us/i/file1939.jpg/">
Ova e slika na prst so normalna aura. Ako poglednete malu povnimatelno na sredinata na prstot kje zabelezhite dve fleki koi se potemni. Toa bea delovi so oshtetuvanje na kozhata.
Sledat dve sliki napraveni vo period od nekolku dena...
http://img199.imageshack.us/i/file1941.jpg/"> http://img5.imageshack.us/i/file1942.jpg/">
Prvata slika e koga asistentot pochuvstvuva deka pochnuva da se razboluva, a vtorata e od denot koga beshe bolen. Mozhete da zabelezhite ochebijna razlika vo kvalitetot na aurata.
A sega neshto ushte poochigledno - kako deluva alkoholot na aurata:
http://img706.imageshack.us/i/file1935.jpg/"> http://img714.imageshack.us/i/file1936.jpg/"> http://img705.imageshack.us/i/file1937.jpg/">
Zemav edno shishe rakija i mu rekov na asistentot deka kje treba za ater na naukata da se zhrtvuva so edno opijanuvanje. Nemashe nishto protiv... Togash napraviv edna pogolema serija sliki, no uspeav da gi najdam samo ovie. Sepak, mozhete mnogu lesno da vidite kako od edna normalna sostojba, so opijanuvanjeto i destruktivnoto deluvanje na alkoholot aurata se dezintegrira.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 20:23
Ова е навистина фантастично,подобар приказ не сум сретнала досега,професорите мора да останале подзинати за време на презентацијата,нешто налик на мене во моментов.
Камо да можеше да ја сликнеш и мојата аура сега,би се жртвувала и јас во интерес на науката.
Неверојатно е дејството на алкохолот,сум читала за неговото деструктивно делување врз аурата,но вака визуелниот ефект е многу поинтензивен .
Секоја чест Messenger за трудот
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 23:01
Во која наука најпрецизно би ги сврстиле твоите истражувања поврзани со аурата-Месинџер?
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 23:25
Dobro prashanje... fuzija na biologija/hemija/ fizika/medicina/psihologija/psihijatrija... ova e simbioza na povekje disciplini i ubeden sum deka sekoja od niv bi nashla svoj interes. Jas bev povekje koncentriran od aspekt na fizika i biologija.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 12:22
БРАВО за студијата, Месинџер и благодарност што го сподели со нас, многу ме интересираат овие работи!
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 14:22
И едно прашање: дали големината на аурата се разликува од човек до човек? Теоретски-одговорот е ДА, но ме интересира дали тоа го покажале и фотографиите, Месинџер?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 14:59
Togash rabotev samo so eden chovek, onoj shto mi asistirashe, a ponekogash pravev sliki i od mene. Aparatusut beshe limitiran vo pravenje sliki samo od prsti i nemav shansi, vreme i sredstva da pravam poelaborirani istrazhuvanja za da go dokazham onoa shto go implicira napravenite eksperimenti - aurata zavisi od psihofizichkata sostojba na chovekot.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 17:14
Зарем туку-така се откажа од понатамошни истражувања,не посакуваш ли да продолжиш онаму каде што застана,заради лична сатисфакција ,а и во интерес на науката,па дури и во интерес на медицината.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 18:30
Pa, ne beshe samo tuku-taka... rabotev dovolno dolgo za da dojdam do nekoi soznanija i zakluchoci... toa shto go naumiv go ostvariv.
Za ponatamoshna rabota trebashe da se obezbedat propisna laboratorija, uslovi za rabota, sredstva... toa nemashe togash, a nema nitu denes... se razbra, osven poedinci koi s'e ushte se interesiraat za granicite na naukata i zbogatuvanje na nash*te soznanija.
Za svoja lichna satisfakcija prodolzhiv vo kapacitetot koj mozhev da si go dozvolam... i toa postojano go spodeluvam vo svoite komentari na ovoj forum.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:32
Messenger напиша:
S'e ushte bioenergijata e pole rezervirano samo za spekulacii zatoa shto ne postoi nachin da se izmeri so aparatusot shto ni e dostapen vo momentov. Da, mozhe da se fotografira, a jas kje vi pokazham kako mozhe, isto taka, spored slikata i vizuelno da se kvantificira, no toa ne e dovolno za naukata koja bara precizno merlivi podatoci od instrumenti koi ne zavisat od chovekovata percepcija i intencija ili slobodna interpretacija. | И тоа сакав да го кажам, но ти многу поубаво го објасни.
За алкохолот знам дека влијае на аурата од духовните книги на Универзален живот, но еве сега ти и доказ даваш со пијаните прсти . Инетерсно, не сум видел досега таква споредба.
Која година се отприлика правени твоите експерименти? (70те, 80те, 90те?)
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:44
Mozhesh da vidish spored monetata, onie nekogashni metalni 50 dinari... toa beshe nekade vo sredinata na 70-tite godini.
P.S. Sekoja fizichka promena se reflektira na aurata. Kako shto deluva alkoholot, taka deluvaat i drogite, cigarite, premnogu sol, ocet... apsolutno bilo kakva materija koja vo mali ili pregolemi kolichini deluva shetno na teloto. Istoto vazhi i za psihichkata sostojba... ne e isto dali chovek se chuvstvuva i zhivee spokojno, prijatno, veselo, so samodoverba ili nervozno, tazhno, nesigurno i greshno. Lugjeto ne znaat deka i samata misla ja menuva aurata (bioenergetskiot balans na teloto) isto kako toa da se sluchuva navistina od nekakvo konkretno fizichko deluvanje. Chovekot e edno nerazdelivo pshihofizichko bitie.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 18:36
Messenger напиша:
P.S. Sekoja fizichka promena se reflektira na aurata. Kako shto deluva alkoholot, taka deluvaat i drogite, cigarite, premnogu sol, ocet... apsolutno bilo kakva materija koja vo mali ili pregolemi kolichini deluva shetno na teloto. Istoto vazhi i za psihichkata sostojba... ne e isto dali chovek se chuvstvuva i zhivee spokojno, prijatno, veselo, so samodoverba ili nervozno, tazhno, nesigurno i greshno. Lugjeto ne znaat deka i samata misla ja menuva aurata (bioenergetskiot balans na teloto) isto kako toa da se sluchuva navistina od nekakvo konkretno fizichko deluvanje. Chovekot e edno nerazdelivo pshihofizichko bitie. | Да да, знам за ова. И мислите се енергија, и затоа би требало човек да се вежба да нагеува позитивни и мирољубиви мисли. Оти тоа што го мисли човек, како за себе така и за други, позитивно или негативно, тендира да му се реализира ама врз негова кожа(порано или подоцна).
Според Христовите објави примени во Универзален живот, Исус токму од аурата „исчитувал„ т.е. гледал многу работи за луѓето, па така и онаа случка кога фарисеите му донеле жена со барање да ја каменуваат и кога тој не одговорил веднаш туку почнал да пишува на песокот и на крај да заврши со зборовите по смисла оној кој е без грев прв нека се осмели да го фрли каменот.
http://www.univerzalni-zivot.org/das_wort/alfa_i_omega/preljubnica.html - http://www.univerzalni-zivot.org/das_wort/alfa_i_omega/preljubnica.html
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 19:48
Majkl напиша:
Да да, знам за ова. И мислите се енергија, и затоа би требало човек да се вежба да нагеува позитивни и мирољубиви мисли. Оти тоа што го мисли човек, како за себе така и за други, позитивно или негативно, тендира да му се реализира ама врз негова кожа(порано или подоцна).
|
Majkl, nash*te misli na eden ili drug nczhin VEDNASH se manifestiraat na nashata psihofizichka sostojba... tuka nema nikakva vemeska distanca. Mislite vednash se manifestiraat, prvin na nas samite, a potoa i na s'e drugo.
Lugjeto ne se svesni za ova.
P.S. Sega nemam vreme, no ako muabetov ne potera podolgo kje objasnam povekje za ova.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 20:11
Messenger напиша:
Majkl напиша:
Да да, знам за ова. И мислите се енергија, и затоа би требало човек да се вежба да нагеува позитивни и мирољубиви мисли. Оти тоа што го мисли човек, како за себе така и за други, позитивно или негативно, тендира да му се реализира ама врз негова кожа(порано или подоцна).
|
Majkl, nash*te misli na eden ili drug nczhin VEDNASH se manifestiraat na nashata psihofizichka sostojba... tuka nema nikakva vemeska distanca. Mislite vednash se manifestiraat, prvin na nas samite, a potoa i na s'e drugo.
Lugjeto ne se svesni za ova.
| Така е, ама конечниот резултат не го забележуваме веднаш. Во таа смисла има временска дистанца(време на милост во кое можеме да промениме кон позитивно многу нешто).
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 21:33
Majkl напиша:
Така е, ама конечниот резултат не го забележуваме веднаш. Во таа смисла има временска дистанца(време на милост во кое можеме да промениме кон позитивно многу нешто). |
Jas ti tvrdam deka sekoj moment toa go pravi SEKOJ od NAS. Denes...sega...sekoj moment. Rezultatot e eminenten istiot moment, a posledicite od nasheto deluvanje mozhat da se branuvaat i vo idninata. Rabotata e shto nie gi zabelezhuvame samo tie idni zbidnuvanja, a do sega ne sme imale uvid vo onie momentalnite.
Toa go vidov od moite eksprimenti i toa denes go potvrduva oficijalnata nauka. Nie sme sokreatori na Kreatorot i aktivni uchesnici vo formiranjeto na ovaa nasha zaednichka Kreacija. Nie ja determinirame Kreacijata so nash*te misli, idei i intencii sekoj moment na nasheto postoenje.
Nash*te misli istovremeno korespondiraat so promena na nashata aura, a toa se reflektira na nashata psihofizichka sostojba. Sekoja nasha misla kreira materija, molekul (nevropeptid) vo nashiot mozok koj potoa se distribuira niz nasheto telo. Ushte povekje, istovremeno sozdava molekuli vo ralizlichni delovi od nasheto telo...
Prvo e mislata, potoa sledi idejata i na krajot materijata.
Ili, kako shto pishuva vo Evangelieto na Jovan - "Na pochetokot beshe Slovoto...s'e stana preku nego i bez nego nishto ne stana, shto stana."
Apsolutno tochno!
Kako shto e tochno tvrdenjeto deka prva e idejata, a potoa materijata. Prvin imame misla ili emocija, a potoa tie materijaliziraat molekuli koi tancuvaat vo nasheto telo.
Materijata e epifenomenon na mislata i idejata, a ne obratno.
Nie ne chuvstvuvame i ne mislime zatoa shto nekako, samite od sebe, molekulite reshile nekako da pochnat da tancuvaat odreden tanc, tuku molekulite postojano se sozdavaat i tancuvaat onaka kako shto mislime. Mislite dirigiraat so materijata. A mislenjeto ne e nishto drugo tuku interpretacija i konteplacija na onoa shto nabljuduvame.
I nie se reinkarnirame postojano. Nasheto telo postojano umira i se ragja vo eden odreden ramnomeren proces. Nasheto telo potpolno se obnovuva za okolu 2 godini i nitu edna novosozdadena kjelija ne zaborava kako da raboti, nikoj organ ne zaborava kako da funkcionira kako zbir na razlichni kjelii...
Majkl od pred 2 godini ne e Majkl shto postoi sega. Majkl od pred dve godini povekje NE POSTOI. Toj e umren. Od toj Majkl postojat samo negovite svest, sekjavanja i misli reinkarnirani i privremeno zdomeni vo deneshnoto novosozdadeno telo koe nie i natamu go narekuvame Majkl.
Ovie raboti se fundamentalni za nasheto postoenje i za nashata priroda, no lugjeto ushte ne se svesni za toa.
Zatoa ponekogash stojam tolku cvrsto na nekoi stavovi na Veroispoved i pritiskam na nekoi raboti koi se izvonredno vazhni za nas. Vernicite slepo sledat nekakvi raboti koi se kazhani od nekoi lugje vo nekoe vreme i smetaat deka samo zatoa shto se sobrani nekogash spored nekakov arbitraren kriterijum i zatoa shto nivnite roditeli veruvale vo niv, mora da se vistiniti.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 23:43
Ова изнесеново твое научно, во голема мера е идентично на моето верско убедување во врска со мислите. амтеријата и тн. Разликата можеби би била во тоа што некои зборови поинаку се дефинираат.
Messenger напиша:
Jas ti tvrdam deka sekoj moment toa go pravi SEKOJ od NAS. Denes...sega...sekoj moment. Rezultatot e eminenten istiot moment, a posledicite od nasheto deluvanje mozhat da se branuvaat i vo idninata. Rabotata e shto nie gi zabelezhuvame samo tie idni zbidnuvanja, a do sega ne sme imale uvid vo onie momentalnite. | Токму тоа сакав да речам со мојата претходна (можеби невешта) формулација на постот.
|
Постирано од: Marko sk
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 23:54
I edno prashanje, ok e ova Messenger shto go pishuva, ama koja e konkretnata praktichna primena, ili pak koje benefitot od ovie soznanija ?
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 00:30
Marko sk напиша:
I edno prashanje, ok e ova Messenger shto go pishuva, ama koja e konkretnata praktichna primena, ili pak koje benefitot od ovie soznanija ? |
Toa e razbiranjeto kako raboti Kreacijava. Ova neshto stava pod prashanje mnogi religijski dogmi i otvara novi horizonti za nasheto osoznavanje vo sklop na Svetov.
Nie ne sme nekakvi pasivni nabljuduvachi ili marioneti na Kreacijata na koi "neshto im se sluchuva", tuku sme nejzini aktivni sokreatori.
So drugoi zborovi Biblijskoto tvrdenje deka sme sozdadeni spored Bozhjiot lik e potpolno tochno. Poednostavno kazhano, za da bide razbirlivo i za ateistite na forumov, nie sme bogovi vo nikulec ili kazhano so drugi zborovi, nie sme Negova (Bozhja) ekstencija.
Gledano religijski toa mozhe za nekoj da bide bogohulie, no faktite go pokazhuvaat tokmu toa. Patem, toa bilo veruvanje i na drugi veri, pa zatoa i ne e neshto potpolno originalno, iako e zaboraveno i zatrupano od nekogashnite megjuverski presmetki.
Koga kje se razbere deka nie sme aktivni kreatori togash odednash se menuva nasheto razbiranje za nas i toa dava pottik za eden nov svetogled.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Marko sk
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 00:59
OK, `jasno` mi e ova, i te `razbiram` shto sakash da kazhesh iako ne gledam nekoja povrzanost, nasoka ili objasnuvanje ( povrzanost) na nashata kreacija so Kretorot, no vo sekoj sluchaj za nekoj dodaten aspekt vo objasnuvanjeto na nasheto egzistioranje, bitisuvanje, zhiveenje, interakcija i sl mozhe da posluzhi, ok, ...a za sl:
Messenger напиша:
Nie ne sme nekakvi pasivni nabljuduvachi ili marioneti na Kreacijata na koi "neshto im se sluchuva", tuku sme nejzini aktivni sokreatori. | mene a veruvam i na ogromen broj lugje na svetov jasno im e.
Sekoj preduzimliv chovek, chovek od akcija, chovek koj vleguva otvoreno vo reshavanjeto na problemite, chovek koj misli so svoja glava i ne robuva na sterotipite go pravi quotiranoto, bez razlika dali e svesen za toa...
no ok, ne mi beshe prashanjeto kon toa usmereno:
Velish so ispituvanjata -preku snimikite kaj ista lichnost vo zavisnost od negovata sostojba( piajnstvo, radost, vozbudenost, natazhenost) se dobivaat razlichni 'auri', toa snimkite go pokazhuvaat. Ok e toa, no shto ponatamu, i bez snimkite znaeme deka chovek koga e pijan e vo poinakva psihofizichka, psihomotorna sostojba, ili pak koga e srekjen - togash site hormoni se meshaat vo pravilen soodnos, zrachi so pozitivna energija i t.n....ok, ne te razbiram koj e benefitot od kirilijanovite snimki, bidejkji kolku i da gi pravish sekogash konkretnata lichnost e vo razna psihofizichka, emotivna i zdrastvena sostojba, i sekogash kje dobivash razlichni snimki.
I shto so tie snimki, osven shto poikazhuvaat razlichnost na 'aurata' ? , osven kako shtop posochi pogore, na dolgorechen plan menuvanje na nashiot svetogled, pojdovnite premisi i t.n.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 03:43
Mojot proekt beshe da dokazham ili pobijam dve pretpostavki:
1. Deka Kirilijanovite fotografii ja prikazhuvaat aurata na chovekot.
2. Deka aurata ja prikazhuva psihofizichkita sostojba na chovekot.
Mozhebi ne si znael, no na pochetokot, a gledam spored prvichnite komentari na Majkl i denes, postoeshe edno moshne skeptichno stanovishte deka tie sliki ne ja pretstavuvaat taa sostojba (koja ja narekuvav bioenergija), tuku deka toa e nekakva registracija na praznenjeto na visokofrekventnata i visokonaponskata struja od upotrebuvaniot generator.
Ednostano, institucijaliziranata nauka i akademijata ne priznavashe (ne priznava nitu denes, bez obir na rezultative) deka postoi nekakava bioenergija koja se razlikuva od dobropoznatite energii koi se izuchuvaat od strana na naukata.
Jas, kako shto vi pokazhav i vam, dokazhav preku sekoe somnenie deka ovie fotografii ja prikazhuvaat prihofizichkata sostojba na lugjeto preku energijata koja se zrachi od niv. Taa energija ja poseduvaat samo zhivite bitija i zatoa za mene terminot "bioenergija" e potpolno soodveten.
Ovoj dokaz ima ogromna vrednost samiot po sebe.
Sega, mojot plan beshe soznanievo da bide praktichno iskoristeno vo medicinata i psihijatrijata za evaluiraje na opshata sostojbata na lugjeto, dijagnosticiranje, sledenje na razvojot na bolestite, efektivnosta na deluvanjeto na lekovite i t.n. Rabotata e shto za takvi istrazhuvanja potrebni se sredstva za konstruiranje na specijalni uredi, obezbeduvanje laboratorii, plakjanje struchen personal, sorabotka so univerziteti i bolnici... Istrazhuvanjata na ova pole sigurno kje otkrieshe mnogu raboti za koi denes s'e ushte ne znaeme i za koi mozhat da se najdat praktichni primeni vo sekojdnevniot zhivot pochnuivajki od medicinata, pa zavrshuvajki so kriminalistikata i kvantnata mehanika.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 12:34
Постои и Аура дијагностика. прекинот или намалениот обрис на аурата на некои места од телото директно укажува на заболување.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 14:06
Прашање за Messenger....
Значи продобивките од Кирилијановите фотографии би биле од огромно значење за медицината затоа што со нивна помош би се окриле и дијагностицирале болести ,а воедно и би се следел натамошниот медикаментозен третман на одредена болест.
Со ова образложение и Марко доби одговор за бенефитите од овие фотографии,и знаеме дека финансискиот фактор бил пресуден да биде отфрлена можноста за отварање на лабораторија кај нас.
Она што мене ме интерсира е дали некаде низ светот постои лабораторија од ваков тип и дали овие истражувања помогнале во некоја област од медицината ,еве да речеме рано откривање на некоја болест,па потоа со примена на соодветна терапија и напоредно следење на одговорот од терапијата преку вакви фотографии,се дошло до комплетно излекување на пациентот.....имаш ли некакво сознание или пак можеби контакт и соработка со некоја ваква лабораторија?
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 18:52
Kako shto spomnav vo eden od prethodnite komentari, vo toa vreme znam deka imashe laboratorii vo Bugarija i Rusija. Isto taka, vo Amerika vojskata beshe zainteresirana za vakvi prouchuvanja i eksperimenti.
Celata koncentracija vo toa vreme, za zhal, beshe nasochena kon otkrivanje i kontroliranje na chovekovata psihofizichka sostojba vo vojni i izvestitelni (shpijunski) celi.
Studenata vojna beshe vo polna sila, pa se obiduvaa da pronajdat novi nachini na deluvanje vrz protivnichkata strana. Togash se smetashe deka so detalnoto prouchuvanje na aurata kje mozhat da pronajdat nachini kretivno da ja koristat za nejzino modificiranje, transportiranje, gledanje na dalechina (remote viewing), deluvanje na dalechina (telekineza) i slichno. Tokmu poradi vakvite intencii vo nejzinoto prouchuvanje najgolemiot del od eksperimetite i soznanijata ostanaa neobjaveni.
Spored onoa shto mozham da zaklucham od nekoi pokazateli, verojatno ne se dobija rezultatite koi se baraa od investitorite i zatoa istrazhuvanjata oficijalno se prekinaa ili povekje prestana da se govori za niv.
Mozhebi nekoj kje prasha zoshto ne se pojavija drugi investitori? Pa, verojatno najgolemite i ekonomski najsilnite se proizvoditelite na lekovi. Golemite biohemijski kompanii se zainteresirani za pronaogjanje, proizvodstvo i prodavanje lekovi. Nivniot interes e generiranje shto pogolemi profiti od patentiranite lekarstva, a ne razvivanje na tehnologija koja kje pokazhi dali nivnite lekovi se efikasni ili ne, dali povekje odmagaat so nivnite kotraefekti namesto shto pomagaat vo saniranjeto na zdravstvenite problemi i t.n.
Isto taka, od tehnichka strana, nikoj ne se nafakja da vlozhuva seriozni sredstva vo detalno i temelno istrazhuvanje bidejki Kirilijanovata tehnika na fotografiranje e odamna poznata i ne mozhe da se patentira od nikoj osven od onoj koj ja otkril, a so toa sekoja potroshena para vo nejzinoto prouchuvanje ili praktichna upotreba bukvalno bi znachelo i besplatno podaruvanje na dobienite soznanija na site koi bi se zainteresirale za niv. Od tie prichini nikoj seriozno ne se nafatil nitu da dizajnira elaborirani profesionalni mashini za vakvo fotografiranje - tie bi bile korisni edinstveno ako postoi dobro razbrabotena i nauchno/medicinski podrzhana tehnika za dijagnosticiranje preku analizata na dobienite fotogafii. Pomislete samo na rentgentskata tehnologija... zarem kje postoeja mashinite i edna cela specijalnost od lekari i tehnichari ako toa ne beshe potpolno podrzhano od establiranata medicina?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 20:26
Токму така... најголемите финансиски моќници се производителите на лекови ,па затоа овие истражувања би биле контрапродуктивни за фармацевстката индустрија.
Кој би инвестирал против себе,Кирилијановата фотографија би ја покажала и другата страна на ефектот од лековите,не за џабе се вели лекот е меч со две острици,едно лекуваш,а друго оштетуваш.
Од друга страна пак неможноста за патентирање би значело непрофитабилност за оние кои би работеле со оваа техника и на крај како што велиш и сам ,тука е рентген технологијата ,поисплатливо е од медицински аспект да се инвестира на стручен кадар и технолошка апратура.....повратна инвестиција
Но времињата се менуваат,кој знае...можеби еден ден ќе се даде акцент и на ова откритие
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 23:59
Mene me zadovoluva shto uspeav lichno, od prva raka, da otkrijam vazhni neshta od prirodata na nasheto postoenje.
Rabotejki na ovaa problematika uvidov raboti koi mi pomognaa podobro da go razberam svetov pochnuvajki od sekojdnevniot zhivot, preku religijata i psihologijata, pa zavrshuvajki so kvantnata mehanika.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Charmedgirl18
Датум на внесување: 19.Јуни.2010 во 12:37
оваа тема-аура ме заинтересира прв пат, пред неколку месеци, кога отидов во еден ресторан ми се случи нешто многу интересно.јас бев со друштво односно бевме 4 души.имавме келнер што цело време беше насмеан.и го прашавме што го поттикнува цело време да е насмеан, тој рече дека чита книги за енергија, се бави со јога...некој го праша што пишува во тие книги за енергија, и тој рече дека таму пишува за тоа дека секој има различна енергија, позитивна или негативна и дека таа влијае на аурата на еден човек, но и на луѓето околу него.така на пример, мене ми рече, дека уште кога сум влегла во ресторанот, мојата аура засветила, и дека била многу светла...тоа значело дека сум била позитивна личност
тогаш не разбирав што значи тоа, но после си седнав на нет и се проучив.всушност, аурата го покажува нашето моментално реално расположение, но и каква личности сме.научив да си ја видам аурата, многу е лесно, само побарајте на википедиа...
------------- I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
|