Фетел донесе нова 1-2 победа за Ред Бул
Асот на Ред Бул Рејсинг, Себастијан Фетел стигна до импресивна победа на Британското ГП, откако лидерот во генерален пласман, Џенсон Батон беше само шести со својот Браун ГП болид. Фетел ја искористи ситуацијата што неговиот колега Марк Вебер беше "фатен" зад Рубенс Баричело во вториот Браун за да направи огромна предност во првиот дел од трката.
Вебер го помина Баричело при првото влегување во боксот, за да комплетира 1-2 победа за Ред Бул, а на третото место заврши Баричело. Фелипе Маса во Ферари беше четврти откако ја доби битката со Нико Розберг во Вилијамс, а зад Батон последните поени ги освоија Јарно Трули во Тојота и Кими Раиконен во второто Ферари.
Со резултатот, Батон останува со намалена, но сепак огромна предност од 23 поени пред Баричело, Фетел заостанува дополнителни 2 поени, а Вебер уште 3.5. Предноста на Батон сепак е повеќе од две победи на повеќе од половина сезона до крајот, но тој сигурно ќе биде загрижен од брзината на Ред Бул, кои имаа болиди во сопствена лига во текот на целиот викенд во Силверстоун.
Потенцијалот на Браун беше намален поради ниските температури воНортхамптоншајр, и Батон и Баричело се мачеа да добијат температура во своите гуми. Со тоа доминантниот тим од остатокот на сезоната, остана во битка со Вилијамс, Тојота и Ферари зад лидерите, позиција од која на крајот добро завршија на третото и шестото место.
Фетел ја освои пол-позицијата со повеќе од половина секунда и го искористи тоа што Вебер заглави зад Баричело во првите кругови. 21-годишниот Германец се одвојуваше со половина секунда по круг и беше 20 секунди пред Баричело, кога Бразилецот влезе прв во боксот во 19. круг.
"Никогаш не е лесно, бидејќи се работи за долга трка, мораш да останеш фокусиран и да ги имаш очите отворено. Стартот беше многу важен и со разликата која ја направив тогаш ја добив трката. Имав фантастичен болид, гумите беа одлични и направивме голем чекор во вистински правец", вели Фетел.
Вебер, кој пред првото влегување во боксот беше на половина секунда зад Браун, веднаш потоа влезе во боксот и излезе пред Баричело. Од тој момент беше јасно кој ќе ги освои првите две места.
Баричело се најде во битка во која мораше да ги заддржи Нико Розберг во Вилијамс и Фелипе Маса во Ферари, и ја доби битката со останување дополнителни два круга пред последното влегување во боксот. Од другата страна Маса го помина Розберг, а двајцата се најдоа под притисок на Батон. Но, Англичанецот и покрај тоа што беше побрз не можеше да направи потег за претекнување.
"Не знаевме што ќе се случи денес. Кога бев на мазни гуми, бев супер-брз, но трката ја загубив на стартот", вели Батон.
Светскиот шампион Луис Хамилтон, кој сега а 11. во генерален пласман, стартуваше само како 19. и по кратка битка со поранешниот свој колега и двократен светски шампион Фернандо Алонсо, заврши на 16. место.
"Дадов се од себе, најмногу за сите фанови. Тоа беше најмногу што можев да го направам. Ова беше една од најдобрите трки според публиката, и затоа уживав колку и лош болид да имав под мене", признава Хамилтон.
РЕЗУЛТАТИ (БРИТАНСКО ГП)
1.Себастијан Фетел (Ред Бул) 1:22.49.328 10
2.Марк Вебер (Ред Бул) +15.188 8
3.Рубенс Баричело (Браун) +41.175 6
4.Фелипе Маса (Ферари) +45.043 5
5.Нико Розберг (Вилијамс) +45.915 4
6.Џенсон Батон (Браун) +1:06.285 3
7.Јарно Трули (Тојота) +1:08.307 2
8.Кими Раиконен (Ферари) +1:09.622 1
9.Тимо Глок (Тојота) +1:09.823
10.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1:11.522
11.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1:14.023
12.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +1 круг
13.Роберт Кубица (БМВ) +1 круг
14.Фернандо Алонсо (Рено) +1 круг
15.Ник Хајдфелд (БМВ) +1 круг
16.Луис Хамилтон (Мекларен) +1 круг
17.Адријан Зутил (Форс Индија) +1 круг
18.Себастиен Буеми (Торо Росо) +1 круг
НЕ ЗАВРШИЈА
19.Себастиен Бурде (Торо Росо) +23 кругови
20.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +24 кругови
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Џенсон Батон (Браун ГП) 64
2.Рубенс Баричело (Браун ГП) 41
3.Себастијан Фетел (Ред Бул) 39
4.Марк Вебер (Ред Бул) 35.5
5.Јарно Трули (Тојота) 21.5
6.Фелипе Маса (Ферари) 16
7.Нико Розберг (Вилијамс) 15.5
8.Тимо Глок (Тојота) 13
9.Фернандо Алонсо (Рено) 11
10.Кими Раиконен (Ферари) 10
11.Луис Хамилтон (Мекларен) 9
12.Ник Хајдфелд (БМВ) 6
13.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 4
14.Себастиен Буеми (Торо Росо) 3
15.Роберт Кубица (БМВ) 2
15.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2
КОНСТРУКТОРИ
1.Браун ГП Мерцедес 105
2.Ред Бул Рејсинг Рено 74.5
3.Тојота Панасоник 34.5
4.Скудерија Ферари 26
5.Вилијамс Ф1 Тојота 15.5
6.Мекларен Мерцедес 13
7.Рено Ф1 11
8.БМВ Заубер 8
9.Скудерија Торо Росо Ферари 5
-.Форс Индија Ф1 Ферари 0
КРУГ ПО КРУГ НА БРИТАНСКОТО ГП
Британското ГП им донесе на Ред Бул Рејсинг доминантна 1-2 победа, откако Себастијан Фетел го совлада својот колега Марк Вебер со удобни 15.1 секунди. Двојката водеше во текот на целата трка. Рубенс Баричело во Браун беше трет, пред Фелипе Маса во Ферари.
- Под облаци, 19 болиди се поместија на старта, а Адријан Зутил стартува од боксот. Пред максимални 105.000 фанови, повеќето тимови избраа да стартуваат на меки гуми на Бриџстоун. Фетел стартува чисто од пол-позицијата и го заддржи водството пред Баричело и Вебер. Трули губи 4. места, Алонсо има лош старт.
- Во 2.круг, Батон храбро го поминува Маса за 8. место. Хамилтон се бори со Алонсо за 13. место и кратко излегува.
- Во 4.круг, Фетел има предност од 4.4 секунди пред Баричело, следуваат Вебер, Накаџима, Раиконен, Розберг, Трули, Батон, Маса и Глок.
- Во 10.круг, Фетел има 10.8 секунди предност пред Баричело, кој е 0.5 секунди пред Вебер. Накаџима е 4. (2.5), следуваат Раиконен (0.9), Розберг (1.7), Трули (0.8), Батон (1.7), Маса (0.8).
- Во 15.круг, Накаџима прв влегува во бокс.
- Во 16.круг, Раиконен влегува во бокс, Хамилтон бара влез преку радио, но Мекларен го одбиваат тоа.
- Во 18.круг, Розберг, Трули и Батон влегуваат во боксот. Баричело влегува во боксот од 2. место, се враќа на трето. Фетел води пред Вебер за 19.4 секунди.
- Во 20.круг, влегува Вебер излегува едвај пред Баричело. Фетел влегува во боксот во 21. круг и се враќа на првото место.
- Во 25.круг, со 21.5 секунди предност пред Вебер, Фетел завршува со серијата импресивни најбрзи кругови. Од боксот му советуваат да ги штеди гумите.
- Во 30.круг, Фетел води со 19.0 пред Вебер, следуваат Баричело (7.8), Розберг (1.5), Маса (2.5), Трули (8.3), Раиконен (2.1) и Батон (1.4).
- Во 34.круг, во битка за 18. место, Бурде го удира Ковалаинен одзади. Двата болиди се откажуваат.
- Во 38.круг, започнува битка за третото место меѓу Баричело, Розберг и Маса.
- Од 42. до 45. круг повеќето возачи влегуваат во боксот.
- Во 52. круг, тимот на Батон му соопштува дека останатите возачи се мачат со "тврдите" гуми. Тој ја намалува разликата на 2.5 секунди до Розберг пред него.
Мозли се откажа од тужбата, сака разговир со тимовите
Макс Мозли во неделата изјави дека ФИА нема да продолжи со легалната битка против тимовите собрани во Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА), праќајќи сигнал дека би сакал да најде договор со што би се спречила заканата за паралелен шампионат, која тимовите ја дадоа во петокот.
"Нема да има тужба. Повеќе би сакал да разговарам отколку да се тужам", изјави Мозли пред трката во Силверстоун.
Тој предходно во изјавите во текот на викендот ги нарече шефовите на ФОТА, како "Берни" Флавио Бриаторе како "лудаци", вели дека има многу малку несогласувања помеѓу ФИА и тимовите. Мозли ги покани тимовите да "ги испеглаат последните тешкотии".
"Дефинитивно е подобро, но потребно е време. Проблемот е што имаме осум тима и некои од нив сакаат да се согласат, а некои не. Нема сомнеж дека на крајот ќе разговараме. Овој случај не влијае на ФИА, туку на тимовите поради спонзорите", вели Мозли.
Ова дојде откако Берни Еклстоун најави дека на тимовите ќе им биде дозволено да трошат колку што сакаат, но за тоа треба да се обврзат на долги патеки во Ф1. Со ова се трга главната пречка - ограничениот буџет на ФИА.
"Да, ги сфаќам тимовите. Никој не сака да му кажуваш како да ги трошаш своите пари. Доколку се обврзат следните пет години да бидат во формула 1, тогаш можат да трошат колку што сакаат. Кога Макс вели дека може да има договор, тоа е добар знак", вели Еклстоун.
Ф1 ФЛЕШ
Шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен потврди дека неговиот тим решил да се откаже од користењето на Системот за поврат на кинетичка енергија (КЕРС) до крајот на сезоната. Германскиот тим неодамна престана да го развива контроверзниот систем за да се фокусираат на аеродинамиката. "Последните недели размислувавме што е можно да добиеме аеродинамички со КЕРС и без КЕРС и решивме дека имаме повеќе прогрес без овој систем. Но, не е се загубено - имавме доста успех во трансфер на технологијата до фабриката за користење на обични автомобили", вели Тајзен.
Џенсон Батон би ја прославил светската титула со предложување брак, открива неговата девојка. Јапонскиот модел, 24-годишната Џесика Мичибата е на скоро секоја трка со возачот на Браун. "Доколку Џенсон ја освои титулата во ноември ќе прославуваме многу и дел од прославата ќе биде тоа тој да застане на едно колено", вели Мичибата. Во моментов Џесика живее во Токио, а Батон во Монако. "Тој ми купува билети од прва класа за да можеме да бидеме заедно", додава Мичибата.
Марк Вебер во саботата имаше остри зборови за Кими Раиконен, обвинувајќи го Финецот за заддржување во битката за пол-позицијата. "Ќе можев да имам и подобар круг. Кими, не знам што правеше. Можеби пиеше водка или сонуваше, но не требаше да биде таму каде што беше", вели Австралиецот.
Сер Френк Вилијамс се сомнева дека ФОТА ќе продолжи со својата закана за паралелна серија, велејќи дека ќе се трка и следната година со истите тимови. 67-годишниот Вилијамс поднесе безусловна апликација пред ФИА заедно со Форс Индија. "За кои трки зборуваме? Колку ТВ покриеност ќе има, кој ќе ги дава парите? Никој не зборува за тоа. Ќе бидам зачуден ако не се тркам против истите тимови како и оваа година", вели Вилијамс.
Себастиен Бурде беше лут на Хеики Ковалаинен по "глупавиот" судар помеѓу двојката на Британското ГП. Бурде го загуби предното крило откако удри во Ковалаинен на Клаб шиканата. "Тој ја промени својата линија три пати. Прво беше во внатрешниот дел, потоа на надворешниот па пак на внатрешниот. Третиот пат се удривме. Не знам чија е грешката, но глупаво е да направиш судар кога се бориш за 17. место", вели лутиот Французин.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|