CERN
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Наука
Опис на форумот: Астрономија, Генетика, Физика...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14395
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 08:29 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: CERN
Постирано од: Astra
Наслов: CERN
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 09:04
Large Hadron Colider
Eden link za "atom smasher" http://news.aol.com/story/_a/critics-fear-collider-could-doom-earth/20080628165609990001
Dali nekoj ima povekje informacii/soznanija za ova?
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Коментари:
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 16:17
Интересна информација.
Опасноста од создавање на црна дупла во тоа чудо е научна фантастика. Но опасноста од нуклеарна експлозија при активирањето на машината е возможна, затоа што научниците немаат искуство со ваква машина и многу храбро навлегуваат во димензии (брзини, сили, полиња..) во кои немаат гаранција дека класичните релативистички равенки важат со истата прецизност како и во досегашните експерименти. Не верувам дека некој научник може да предвиди што ќе се случи кога некои честици ќе се убрзаат со брзини блиски до брзината на светлината. Хајзенберговата неодреденост би била голема во тој случај. Можно е исто така таквата честичка да предизвика голем тунел ефект и да ги прескокне оловните заштитници и да погоди некој човек, да му му оштети некоја ДНК молекула и да му предизвика рак. Јас искрено не би сакал таква честичка да ме почеша по грбот.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 23:54
...........Но опасноста од нуклеарна експлозија при активирањето на машината е возможна,....................
lalva explozija,..pa ushte i nuklearna,...koga se raboti samo so,....minijaturni( pa i pomali) ,..kolichini na nekoja matreija?!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 00:01
...toj pogon raboti so decenii i dosega nemalo poseriozna havarija...plus toa,daleku e od nas...svicarska!
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 00:46
da,...samo shto sega e ,..moderniziran,...i pod zemja se protega vo prsten nekolku kilometri vo dijametar,...mislam deka i vo francija preminuva ,..prstenot,...pod zemja ,...jasno,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 10:51
Pa Large Hadron treba da se pusti ovoj mesec i ne e naucna fantastika toa sto go kazuvaat deka moze da se sozdade crna dupka. Koga nekoe telo se dvizi so brzinata na svetlinata bez razlika dali e cesticka ili ne toa ke ima beskonecna masa a so toa i moznost da se sozdade stabilna crna dupka. I kolku sto procitav od Large Hadron moze da se oslobodi golema kolicina na energija so sto ke kolabrira vremeto i ke se otvori vremenska porta i bi bile vo moznost da patuvame niz vremeto. Pozdrav.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 11:24
Па патување низ времето и не е така лоша работа. Тоа е еден од моите неостварени соништа, заедно со средба од трет вид.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 12:25
maria_magdalena напиша:
Па патување низ времето и не е така лоша работа. Тоа е еден од моите неостварени соништа, заедно со средба од трет вид. |
И мене ми се тоа неостварените желби. И сам истражувам некои работи дома за Патувањето низ времето. Поздрав.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 21.Јули.2008 во 15:20
Ваквите акцелератори служат за откривање на нови субатомски честици. Целата работа е всушност околу тоа да се докажат теоретските предвидувања на Стандардниот модел на Квантната механика. Односно целта е да се пронајдат градбените "тули" на се што постои...
Имено она што сега конкретно го бараат научниците и што се надеваат дека ќе го откријат токму со овој акцелератор се хипотетичките честици наречени Хигс бозони. Тие фактички претставуваат алката која недостасува во Стандардантата интерпретација на Квантната механика.
Целата работа се изведува на тој начин што во кружниот тунел на акцелераторот низ зрачни цевки се пуштаат во спротивна насока два зрака кои соджат протони и при нивниот судир тие се распаѓаат, односно од нив излегуваат други субатомски честици. Што ќе произлезе од распадот од сударот зависи од тоа кои субатомски честици се судираат и со колкава енергија... Бидејќи јадрените честици протоните и неутроните со едно име се нарекуваат хадрони, токму затоа овој акцелератор е наречен Голем хадронски судирач (Large Hadron Collider).
-------------
|
Постирано од: Astra
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 11:09
фала за ова Џејмс
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 11:15
james dean напиша:

Мислам дека пред 5 години беше - експериментот за Хигс бозоните показа негативен резултат
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 12:09
Па можеби и токму затоа го соградија овој нов и помоќен акцелератор, бидејќи им е потребна поголема енергија за да дојдат до тие честички.
-------------
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 12:26
Сакам да кажам дека пред 5 години зборуваха истото - дека пораншниот експеримент со поранешниот акцелератор со поранешните енергии може да потврди или не Higgs бозоните
Е по ранешниот експеримент показа дека нема Higgс бозони
Нормално CERN мора да покажат дека работат по фундаментални прашаниа за да обезбедат пари.
Исто како и NASA регулярно зборува за вода на Марс, метеритни и кометни катаклизми
Овие са бjудженти организации
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 12:37
Во право си дека секој сака да си обезбеди пари за работа... Но факт е дека CERN навистина работи на фундаментални прашања и сигурно средствата кои ги побарува не можат да бидат на "жими мајка", туку мора да се поткрепени на ептен дебела основа. Не е можно толку земји "да фрлаат толку пари за скапи играчки" за само за неколку научници.
-------------
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 12:41
jaс не сум рекол дека не мора да се работи по фундаментални прашаниjа
велам дека само внимателно со сензационните приказки
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 12:51
А што мислите околу ризиците кои ги носи со себе овој експеримент? Дали се реални и издржани, гледам и судска постапка се води од страна на некои американски мислам беа научници околу ова прашање... Вреди ли сето ова да се прави, ако со себе носи толкава опасност?... Не сум толку упатена во оваа област, па би сакала да слушнам мислења од оние што се во тек...
Морам да кажам дека во Швајцарија не се крева којзнае колкава паника околу експериментот, а и да ја има тоа некако се заташкува...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: da be
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 13:05
абе не е проблем неколку протона да се треснат
пишуват дека енергията е колко 173 килограма TNT
------------- So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:25
Па вака Анастеа, околу ризиците за кои прашуваш...
Кога за прв пат било започнато со овие експерименти на разбивање на атомите на субатомски честици, мислам дека научниците не биле баш доволно сигурни што сé може да се случи или да произлезе од тоа. Иако можеби биле свесни, мислам дека на некој начин тие сепак ризикувале (и тоа многу).
Како можеш да знаеш што има во некој свет во кој за прв пат навлегуваш... Тоа можело да предизвика да речеме невидена експлозија, или пак создавање на црна дупка која ќе проголта сé или пак верижен распад на целата материја и сл. Но за среќа, ете, ништо од тоа не се случило и тие продолжуваат со експериментите.
Мислам дека ист бил случајот и при активирањето на првата атомска бомба... Не знам колку тогаш биле сигурни дека цепењето на атомот нема да предизвика верижна реакција и да ја спали целата земјината топка.
Но во секој случај, не е дека научниците се наивни и прават нешто на памет, без претходни темелни математички пресметки и теоретски модели, но сепак секогаш постои ризик практиката да покаже нешто друго, нели....
Во секој случај оние што одлучуваат за тие работи најверојатно сметаат дека вреди да се ризикува.
-------------
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:59
Па да, и мене ми беше тоа прашањето, дали вреди да се ризикува?... Од научна гледна точка, секако дека вреди, ако се добијат очекуваните резултати и ако тоа значи огромен напредок, да се најде алката што недостасува, оние фамозни хигс бозони шо никако не можат да ги најдат...тогаш вреди, без размислување. Но од аспект на човештвото и ризиците по него, не знам... Сигурно дека научниците кои работат на овој проект не работат на памет или некој на жими мајка им дал повеќе од 5 милијарди евра да ги потрошат на играње со опасни работи... Водачот на проектот Lyn Evans тврди дека ризици нема. Уште неколку еминентни научници го тврдат истото... А има и такви, како оние двајца американци кои покренале судскиот спор, кои сметаат дека ризиците се недоволно пресметани...
Па... ќе видиме што ќе биде... и така нас никој не не прашува...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 16:01
Тука би сакал да спомнам за еден неостварен проект за акцелераторот кој беше планирано да се гради во САД во текот на ‘90-тите год. и требаше да биде завршен во 2000-тата година.
Тоа беше акцелераторот Суперспроводлив суперсудирач (Superconducting Supercollider) и тој требаше да биде најголемиот и најмоќниот акцелертор на Светот. Уште го нарекуваа и Прозорец на Создавањето, бидејќи се очекуваше да даде одговори на некои суштински прашања....
Значи овој акцелератор требаше да се изгради во Тексас и да има периметар од 80 км. (или скоро 3 пати поголем од овој на CERN). Дека се работи за еден навистина извонредно голем и сложен проект кажува и фактот што магнетното поле кое било предвидено да се создаде од огромните електро-магнети кои требале да го опкружуваат тунелот требало да биде со јачина 100.000 пати поголема од онаа на земјиното магнетно поле, а судирањето на протоните да се одвива на енергија од 40 илјади милијарди волти (40 TeV).
Целиот овој проект требало да чини 11 милијарди $, што за тоа време беше невидено фантастична сума, па дури и за Американците.... Но жалното е тоа што проектот всушност бил започнат и била ископана дупката за да тунелот, која чинела 1 милијарда $, но во 1993 год. американскиот Конгрес ги укинал средствата и го прекинал проектот како неисплатлив... Па така една милијарда отишла буквално во дупка... како што ја нарекуваат - најскапата дупка во светот.
Но не жално само тоа што залудно се фрлени овие пари, туку жално е тоа што овој акцелератор ќе дадеше навистина многу важни одговори... па дури можеби и нешто што ќе може да се искористи понатаму за практични цели од кои човештвото би имало многу голем бенефит....
Но ете, изгледа политичарите во тој случај не можеле да разберат што им зборувале научниците...
Исто така научниците сметаа дека токму овој акцелератор ќе ги пронајде егзотичните Хигс честици кои требаат да дадат одговор на потеклото на масата на кварковите, а со тоа и воопшто на потеклото на масата....
-------------
|
Постирано од: Astra
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 14:20
Секоја чест форумџии, прекрасно сте ја развиле темава. Ви благодарам многу. Научив нови работи со вас и некои нешта ми се разјаснија.
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Постирано од: Astra
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 13:32
CERN announces start-up date for LHC
Geneva, 7 August 2008. CERN has today announced that the first attempt to circulate a beam in the Large Hadron Collider (LHC) will be made on 10 September. This news comes as the cool down phase of commissioning CERN’s new particle accelerator reaches a successful conclusion. Television coverage of the start-up will be made available through Eurovision.
The LHC is the world’s most powerful particle accelerator, producing beams seven times more energetic than any previous machine, and around 30 times more intense when it reaches design performance, probably by 2010. Housed in a 27-kilometre tunnel, it relies on technologies that would not have been possible 30 years ago. The LHC is, in a sense, its own prototype.
Starting up such a machine is not as simple as flipping a switch. Commissioning is a long process that starts with the cooling down of each of the machine’s eight sectors. This is followed by the electrical testing of the 1600 superconducting magnets and their individual powering to nominal operating current. These steps are followed by the powering together of all the circuits of each sector, and then of the eight independent sectors in unison in order to operate as a single machine.
By the end of July, this work was approaching completion, with all eight sectors at their operating temperature of 1.9 degrees above absolute zero (-271°C). The next phase in the process is synchronization of the LHC with the Super Proton Synchrotron (SPS) accelerator, which forms the last link in the LHC’s injector chain. Timing between the two machines has to be accurate to within a fraction of a nanosecond. A first synchronization test is scheduled for the weekend of 9 August, for the clockwise-circulating LHC beam, with the second to follow over the coming weeks. Tests will continue into September to ensure that the entire machine is ready to accelerate and collide beams at an energy of 5 TeV per beam, the target energy for 2008. Force majeure notwithstanding, the LHC will see its first circulating beam on 10 September at the injection energy of 450 GeV (0.45 TeV).
Once stable circulating beams have been established, they will be brought into collision, and the final step will be to commission the LHC’s acceleration system to boost the energy to 5 TeV, taking particle physics research to a new frontier.
‘We’re finishing a marathon with a sprint,’ said LHC project leader Lyn Evans. ‘It’s been a long haul, and we’re all eager to get the LHC research programme underway.’
CERN will be issuing regular status updates between now and first collisions. Journalists wishing to attend CERN for the first beam on 10 September must be accredited with the CERN press office. Since capacity is limited, priority will be given to news media. The event will be webcast through http://webcast.cern.ch, and distributed through the Eurovision network. Live stand up and playout facilities will also be available.
A media centre will be established at the main CERN site, with access to the control centres for the accelerator and experiments limited and allocated on a first come first served basis. This includes camera positions at the CERN Control Centre, from where the LHC is run. Only television media will be able to access the CERN Control Centre. No underground access will be possible.
For further information and accreditation procedures: http://www.cern.ch/lhc-first-beam
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 10:43
CERN.
...spijte mirno !!!...nasoceniot snop na cesticki sto trebase da se sudrat, se razminale...!!!!sleduva povtoren obid...ovojpat na malku povisoka temperatura..! ....site drzavjani na RM koj se na privremen prestoj vo ovie drzavi ,se cuvstvuvaat dobro i zasega srekni i veseli....!!!
...od postojaniot dopisnik na crnata dupka.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 15:39
ufff,..dobro e,...mi olesna,...do sledniot ,.pat!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 03.Септември.2008 во 20:16
zagor напиша:
CERN.
...spijte mirno !!!...nasoceniot snop na cesticki sto trebase da se sudrat, se razminale...!!!!sleduva povtoren obid...ovojpat na malku povisoka temperatura..! ....site drzavjani na RM koj se na privremen prestoj vo ovie drzavi ,se cuvstvuvaat dobro i zasega srekni i veseli....!!!
...od postojaniot dopisnik na crnata dupka. |
Odlicno... Molam i ponatamu izvestuvaj....od crnata dupka...
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 03.Септември.2008 во 20:24
Па еве ја најновата вест во врска со експериментот кој треба да се изведе на 10-ти септември во CERN. Текстот е извадок од денешниот бр. на весникот Шпиц....
ЕКСПЕРИМЕНТ НА СУДНИОТ ДЕН
Експериментот што треба да се случи следната недела во лабораторијата на ЦЕРН (Европска организација за нуклеарни истражувања), на околу сто метри под земјата во близина на француско-швајцарската граница, во близина на Женева некои веќе го нарекуваат експеримент на судниот ден.
Машина-акцелераторот на честички, со чија помош ќе се изврши експериментот е долг речиси 300 километри и чини 4,4 милијарди фунти.
Еден дел од научниците се обидува да го стопира она што ќе биде најмоќно, најголемо и можеби и најважно истражување досега. Тие стравуваат дека со ова се навлегува во потполно непознато подрачје што би можело да ја загрози сигурноста на целата планета.
Имено, црната дупка што ќе се креира за време на експериментот може да ја проголта земјата, пренесува телевизијата „Нова“.
Професор Ото Рослер, кој ја предводи оваа група истражувачи кои се противат на експериментот, дури и ги тужи 20-те земји што го финансираат проектот пред европскиот суд за човекови права.
Според теориите на научниците кои учествуваат во проектот, во моментот кога ќе биде придвижена, а тоа треба да се случи на 10 септември, оваа „апокалиптична машина“ за разбивање атоми ќе постане буквално временска машина. Таа треба да открие како настанала вселената и што се случувало по Големата експлозија пред 14 милијарди години. Се очекува во моментот кога научниците ќе создадат услови по големото прскање, да се појават бараните и претпоставени честички, кои ја создаваат материјата и нови димензии.
Стручњаците веруваат дека тогаш ќе бидат создадени многу мали дупки, мали верзии на чудовишта од далечниот космос кои ја впиваат целата материја околу себе, дури и светлината, која по пат на најголема можна брзина не може да им побегне.
Групата која стои зад целиот проект, ЦЕРН тврди дека малите црни дупки ќе исчезнат веднаш штом ќе бидат создадени. Оттаму тврдат дека овој експеримент е од клучна важност за откривање на вечните мистерии за создавањето на вселената и се што е во неа.
-------------
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 03.Септември.2008 во 22:48
....aj nie taka i taka,ama im se cudam na tie tamu..kako mozat tolku da zabegaat...od eden snop na nasoceni atomi ili neznam sto, da se sluci cudo nevideno dosega..!
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 02:47
Погледнете го клипчето... како некои вработени од европската лабораторија го објаснуваат експериментот низ музика: истражувајќи го потеклото на материјата и нејзиното однесување еден момент после големиот Биг Бенг...
http://www.rainews24.rai.it/ran24/rainews24_2007/tema/02092008_cern.asp - http://www.rainews24.rai.it/ran24/rainews24_2007/tema/02092008_cern.asp
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 03:54
срамота е што го работат со огромни средства и фондови, за огромни средства и фондови, огромни пари се во прашање. вистинските научници сами си ги финансирале идеите и експериментите, од љубов кон науката, а не кон парите. барајќи ги http://www.doestimeexist.info/CERN_ATLAS_experiment.htm - Higgs boson честичките, ќе си го најдат следното чудовиште, после атомските бомби. ќе се запрашате зошто, заради забава, заради наука, или заради пари?! чија забава, во кој дворец? чија наука, нуклеарна? CERN (Centre Européen pour la Recherche Nucléaire) Европски центар за НУКЛЕАРНИ истражувања, а ваму му забрануваат на Иран да си обезбедува нуклеарна енергија за стопанствени цели, т.е. бизнис. чии пари, во чиј џеб!?
------------- Јас сум мајстор!
http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
|
Постирано од: REGRUT
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 13:18
epa toa e sudniot den na 10 septemvri ke vidime sto ke se slu4i da slusnav deka seto toa moze da se sledi online na oficijalnata strana na LHC.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 14:35
Dogi напиша:
......................а ваму му забрануваат на Иран да си обезбедува нуклеарна енергија за стопанствени цели, т.е. бизнис. чии пари, во чиј џеб!?
| ne veruvam deka si tolku naiven!!,,...pa veruvash deka iran samo toa go ima za cel,...koga nema mnogu ,...od mirnodopska do ,..voena,...upotreba na zbogateniot uranium!,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 17:02
REGRUT напиша:
epa toa e sudniot den na 10 septemvri ke vidime sto ke se slu4i da slusnav deka seto toa moze da se sledi online na oficijalnata strana na LHC. |
...sto i da se sluci...8 septemvri e neraboten den...,posle sto bide neka bide...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: REGRUT
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 01:14
najnovona ovoj link ke ima online ima mn razlicni kazuvanja za vremeto koga ke bide oficijalniot start
http://webcast.cern.ch/index.html
eve vi i tajmeri
http://warning.blackapplehost.com/
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 10:47
LHC на CERN, Женева, е активиран денес околу 9:30. Прелиминарниот експеримент засега тече според програмата.
Во првиот експеримент се инјектирани сноп честички во 27 километри долгиот тунел во една насока, а потоа друг сноп во обратна насока за да се верифицира дека акцелераторот функционира коректно. Во следните недели сноповите ќе бидат инјектирани истовремено во обратни насоки за да се види што се случува кога влегуваат во колизија со голема брзина.
Полната ефикасност на акцелераторот треба да биде постигната во текот на 2009-та година. Директорот на CERN, Robert Aymar е задоволен од постигнатото и очекува големи откритија.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 11:12
a-ha se e vo red...kako da ne...dezinformacii siris anastea..ako e se vo red..sto e ova sto mi se pojavi
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 11:39
Постирано од: Astra
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 14:42
http://news.yahoo.com/s/ap/20080910/ap_on_sc/big_bang
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 17:13
zagor напиша:
CERN.
...spijte mirno !!!...nasoceniot snop na cesticki sto trebase da se sudrat, se razminale...!!!!sleduva povtoren obid...ovojpat na malku povisoka temperatura..! ....site drzavjani na RM koj se na privremen prestoj vo ovie drzavi ,se cuvstvuvaat dobro i zasega srekni i veseli....!!!
...od postojaniot dopisnik na crnata dupka. |
..denes 10 .9 2008...17 .00 h....povtorno isto!samo mal del od snopot na nasocenite cesticki se imaat sudreno...!pak promasaj na vekot.....
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 17:21
Можам посредно да докажам дека експериментот поминал успешно.... .... Или пак можеби воопшто и не бил изведен...
-------------
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 17:23
......eve ,tipov vo dvete race drzi primerok od cestickite(ako mozete da zabelezite..), i na prisutnite im objasnuva kako se odvival eksperimertot...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 17:45
James, како мислиш... не бил изведен?...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 18:01
anastea напиша:
James, како мислиш... не бил изведен?... |
Сакав да кажам дека со самиот факт што сум овде... и што пишувам на форумов... значи дека експериментот или бил успешен или воопшто не бил изведен.... трето нема... Ако бил неуспешен сега ќе не немаше....
-------------
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 18:07
Како бе ќе не немаше... ќе не имаше, само на друго место... во дупката... и пак пред (или зад) компјутери...
Инаку, викаат дека бил успешен првиот дел од експериментот... е сега кога ќе почнат со зголемување на сноповите со честици... па ако им се бендиса резултатот ќе одат се понатаму и понатаму... е тогаш...
Почетокот бидна... ама крајот кај ќе биде?...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 19:36
...нема крај...знаеш дека дупката нема крај...а таму сме...само мислите дека сме тука...
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: Astra
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 21:01
james dean напиша:
Можам посредно да докажам дека експериментот поминал успешно.... .... Или пак можеби воопшто и не бил изведен...
|
знаеш дека и мене ми поминаа низ глава овие мисли?
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Постирано од: Astra
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 21:02
moira напиша:
...нема крај...знаеш дека дупката нема крај...а таму сме...само мислите дека сме тука...
|
сакаш речеш ќе си имаме виртуелен свет во друг свет..ааа матрица во матрица, баш фино...хехехех
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 21:13
gluposti zivi , koj prv experiment???, jas doma vekje 10 godini
imam CRNA DUPKA , kaj i da se zavrtam se nesto fali , nemam ova ona
pari mari mi fale takvoto onakvoto gi golta mojata crna dupka, a sepak Зemjata postoi proslite deset godini, znacit nema opasnost od crnata dupka koga
eden den kje primetam deka CRNATA dupka mi ja progoltala mojata
nasmevka , togaj kje me nema na forumov i toa e predupreduvanje do site-
spasuvajte glavi od CRNI DUPKI
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: koda
Датум на внесување: 11.Септември.2008 во 12:50
Vaka sega...
Od logicka gledna tocka, nisto na nasata planeta ne e tolku silno da absorbira nuklearna energija golema kolku i samata planeta, zatoa teoretski e nevozmozno da bidi zemjata unistena ili "progoltana" od nekoja crna dupka koja mozebi bi se otvorila pri eksperimentot. Energijata na crnite dupki koi bi se otvorile pri eksperimentot bi bila ekvivalentna na energijata koja e iskoristena vo eksperimentot. Denes e 11 septemvri i eksperimentot e vo pocetna faza i svetot e seuste tuka kako sto gledam, sto znaci site stravovi od tipot "kraj na svetot" se neosnovani. Vsusnost i ne postojat bilo kakvi argumenti sto odat vo polza na "doom's day" teorijata, barem kolku sto jas znam.
|
Постирано од: majmunce
Датум на внесување: 15.Септември.2008 во 20:15
да беше експериментот опасен немаше да дозволи швајцарската влада да се реализира на нејзина територија. ќе го правеа негде во африка!
------------- не се плашам, стори се чучулига
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 18.Септември.2008 во 09:31
majmunce напиша:
да беше експериментот опасен немаше да дозволи швајцарската влада да се реализира на нејзина територија. ќе го правеа негде во африка! |
И сите ќе знаеја што прават.... Вака... малку потешко... што ќе ни кажат.. тоа е .....
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Септември.2008 во 01:56
Денес се случил втор инцидент со акцелераторот во Женева. Им “избегал“ хелиум во тунелот, што ги натерало научниците да го стават на пауза LHC, барем за 2 месеци. На почетокот на неделава еднаш веќе бил блокиран, поради проблеми со системот за разладување.
“Според испитувањата, најверојатната причина за избеганиот хелиум е електрична преоптовареност на двата магнети.“- објаснува James Gillies од CERN.
LHC работи на ептен ниски температури (-271°C) па испуштањето на хелиум од системот за разладување предизвикал пораст на внатрешната температура и дошло до автоматско блокирање.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 14:56
Ako ne ste go videle i chule eve link do mnogu pouchen rap za eksperimentot vo CERN
http://www.youtube.com/watch?v=j50ZssEojtM - eksperimentot vo CERN
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: vili2121
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 08:57
koda напиша:
Vaka sega...
Od logicka gledna tocka, nisto na nasata planeta ne e tolku silno da absorbira nuklearna energija golema kolku i samata planeta, zatoa teoretski e nevozmozno da bidi zemjata unistena ili "progoltana" od nekoja crna dupka koja mozebi bi se otvorila pri eksperimentot. Energijata na crnite dupki koi bi se otvorile pri eksperimentot bi bila ekvivalentna na energijata koja e iskoristena vo eksperimentot. Denes e 11 septemvri i eksperimentot e vo pocetna faza i svetot e seuste tuka kako sto gledam, sto znaci site stravovi od tipot "kraj na svetot" se neosnovani. Vsusnost i ne postojat bilo kakvi argumenti sto odat vo polza na "doom's day" teorijata, barem kolku sto jas znam. |
neli crnite dupki rastat vo soodnos na energijata koja ja absorbirale
znaci: vo pocetnata faza ke bide so dijametar od... da receme 1 mikron ike raste a bidejki ne znaeme kako se unistuva... znaete sto sledi potoa
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 28.Јануари.2009 во 15:44
Не чека „судниот ден“: Научниците не се сигурни дали
акцелераторот ќе не уништи?Ако сте загрижени дека големиот хадронски судирач http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103629 - (LHC) , најголемиот
акцелератор на светот, дека може да создаде црна дупка која ќе ја уништи
Земјата, кога експериментот ќе се финализира летово, можеби и сте во
право.
Тројца физичари ги преработија математичките формули кои креираат
микроскопски црни дупки во швајцарката база во LHC, и дојдоа до созание дека тие
нема така едноставно да испарат во милисекунда, како што беше предвидено.
Физичарите Роберто Касадио, Серџо Фаби и Бенџамин Хармс рекле дека мини
црните дупки можат да постојат подолго, можеби повеќе до секунда, што во
околности на судир на честичките е права вечност. Под такви услови на нивен
живот настанала трка со времето потребно црната дупка да исчезне, како и
брзината која е потребна да нарасне и самата да создаде превенција на
распад.
Тие мислат дека црната дупка сама ќе се распадне, ќе се судри со Земјата или
ќе исчезне во атмосферата пред да стане проблематично. „Се сложивме дека речиси
невозможно црната дупка да порасне до катастрофална големина, но, вистина е дека
е потребно повеќе време таа да пропадне“, заклучиле научниците.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: mikomak
Датум на внесување: 12.Април.2009 во 18:55
spored mojata teorija sto e vo razvoj crni dupki ne postojat. pri sudirot moze da dobijat samo poveke cesticki(mali parcinja od atomot) nisto drugo. i posle nekoi teoreticari ke i davat iminja alfa1, hu3 i slicno i ke pocnat da pisuvat nekoi teorii(prikazni)za mali deca. dokolku nekoj se sprotistavin nema da ja razbira nivnata teorija:)))))
inace poglednete ja mojata SA Masina (perpetum mobilee..)
www.youtube.com/mikomakinc
i nekoi drugi producti na mojata web strana
www.mikomak.com
ako imate prasanja ili komentari ke bideme srekni da gi odgovoreme.
pozdrav
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 02.Декември.2009 во 11:48
vo posledniot obid ,vo CERN,da se sudrat dvete cestici od heliumot,povtorno se napravi "utka",taka sto tie se razminaa...ednata od cesticite e pronajdena utrovo vo blizina na seloto Gajre..na Sar Planina!
ekipi na naucnici od Makedonija i od celiot svet pri silno obezbeduvanje se na mestoto na nastanot i ne e mozno prisustvo na civili od okolinata.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 31.Декември.2009 во 00:34
ahhhh lele ... kolku ubavo izgledaat teoretski rabotite ...
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 19:08
Следната недела обид за создавање на Големата експлозија
На 30 март научниците во Големиот хадронски аксцелератор ќе се обидат да ги судрат честичките со најголема енергија до сега. |
|
Опитот ќе биде изведен во исти услови што владееле во моментот на Големата експлозија, со која пред 13,7 милијарди години настанала вселената. Ова во вторник го објавил Институтот од Швајцарија ЦЕРН.
ЛХЦ е сместен во кружен тунел долг 27 километри под француско-швајцарската граница. Моментално работи со 3,5 тери електрон волти, најголема енергија која била постигната досега. “Првите обиди за судир на 7 ТеВ планиран е за 30 март“, пишувало во соопштението од ЦЕРН.
Според кажувањето на генералниот директор Ролф Хауер за тоа да дојде до судир ќе биле потребни часови или денови.
Повеќето судрувања ќе создадат мини Големи експлозии создавајќи податоци што 1.000 научници треба да ги анализираат со години. Тие сметале дека можат да ја откријат темната материја, за која се претпоставува дека сочинува 25 отсто од вселената. Нејзиното постоење никогаш не било докажано. |
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 19:10
More toa da ne bide smrak na svetot?
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 19:13
Ајде Сани ,немој и ти да почнеш да веруваш во апокалипсата
На 1-ви Април те чекам на темава
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 13:26
НОВ ПОГОЛЕМ УРЕД ЗА СУДИРАЊЕ НА ЧЕСТИЧКИ
Научниците од Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) кои планираат со помош на хадронскиот судирач на честички (Биг Бенг) да ги откријат тајните на универзумот, не сакаат на застанат само на тоа. Во моментов тие имаат цел да изградат уште поголем уред со помош на партнери од целиот свет.
Плановите за следниот проект, тунел долг 50 километри, чија вредност се проценува на десет милијарди евра, вчера беа претставени на францускиот претседател Николас Саркози на конференција во Париз.
- Ако сакаме да направиме амбициозен уред, тогаш тој треба да е глобален уред, изјави директорот на CERN Бери Бариш.
Целата идеја зависи од тоа кој ќе сака да биде домаќин на овој проект и колку е подготвен да плати. Во принцип, интернационален линеарен судирач може да биде изграден било каде во Светот.
Бариш, кој е професор на калифорнискиот институт за технологија, ги претстави своите предлози во Јапонија, Русија и САД.
Исто така, Бариш изјави дека научници од Кина, Индија, Канада, како и од други држави ќе бидат вклучени во проект кој ќе проба да открие „зошто сме ние навистина овде“.
Оваа нова машина ќе биде наследник на 10 милијарди вредниот Голем хадронски судирач (Биг Бенг) кој е активиран во септември 2008-ма година, а по неколку покасно тој беше исклучен поради прегрејување. CERN морал да вложи 40 милијарди долари во програмот за поправка, а судирачот беше повторно вклучен во ноември минатата година. Од тогаш тимот на експерти кој работат на судирачот објави серија успеси, а во март прв пат дојде до успешно судирање на два зраци протони.
Веќе подолго време се размислува за следниот чекор, а научниците сега мораат да најдат извор за финансирање, изјави водечкиот физичар кој се занимава со честичките, Гај Вормсер. Тој се надева дека машината ќе започне со работа во 2020-та или 2025-та година.
- Наместо да судира протони, новиот судирач ќе ги забрзува електроните и нивните нематријални еквиваленти, рече Вормсер.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 23:48
Кај ќе го сместат овој сега, кој ќе понуди повеќе пари?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 02:12
Znaete shto e interesno... na naichnicive nikako da im uspee da go napravt onoa shto go naumile.
Pred nekoe vreme chitav nekolku komentari od onie koi rabotat na ovoj proekt i ovie velat deka imaat nkakvo chudno i neodredeno chuvstvo deka nekoja nepoznata intencija (sila, svest...) postojano da im go rasipuva eksperimentot so banalnosti i nepredvidlivi raboti, samo za da ne im uspee da go ostvarat toa shto go naumile.
Interesno, neli?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 08:30
Може треба повеќе да им веруваат на чуствата...може и не треба да си ја довршат работата....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 13:34
zagor напиша:
zagor напиша:
CERN.
...spijte mirno !!!...nasoceniot snop na cesticki sto trebase da se sudrat, se razminale...!!!!sleduva povtoren obid...ovojpat na malku povisoka temperatura..! ....site drzavjani na RM koj se na privremen prestoj vo ovie drzavi ,se cuvstvuvaat dobro i zasega srekni i veseli....!!!
...od postojaniot dopisnik na crnata dupka. |
..denes 10 .9 2008...17 .00 h....povtorno isto!samo mal del od snopot na nasocenite cesticki se imaat sudreno...!pak promasaj na vekot..... |
...минатата недела се судриле!
..се залепиле од јачина на судирот!
..тунелот останал читав.
..нашите сеуште трагаат по една честичка,незнам точно ккако ја викаат...ама знам дека ќе ја најдат...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 15:18
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Ноември.2010 во 01:26
Koj znae brza, koj znae... ?
Mozhebi i nekoi od nuchnicite ne se potpolno komfortni so idejata na eksperimentot, pa ne sakaat da se realizira... koj znae?
Mozhbi postoi nekakov vgraden samoodrzhuvachki mehanizam vo Kreacijava koj ne dozvoluva dopiranje vo nejzinite temelnite osnovi za da ne se rasturi... koj znae?
Inaku znam deka sega, nezadovolni od rezultatite, planiraat da izgradat ushte pogolem akcelerator.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Ноември.2010 во 10:17
e,da , koj da znae?
...a, dali brakjata Right odma poletale ,... shtom im padnalo na pamet da go napravat toa?
...dali internetov od prva im uspeal i...den denes e so ista fizionomija kako koga pochnal?
...dali oto-motorite otsejogash bile vakvi kakvi shto se denes?
...dali...dali e se ,..ama bash se,... isto kako shto bilo ....koga se "otkrilo"?
...ili mozebi se ima nekoja "caka" (od nekoj postavena),...kojashto ja zakochuva rabotata?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Ноември.2010 во 19:05
Koj znae... ?
Rabotata e shto nie sega znaeme i diskutirame za raboti koi uspeale, a ne za moreto neshta koi otishle vo zaborav bidejki bile promasheni teorii...
Zatoa, koj znae... mozhebi eden den kje doznaeme.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Ноември.2010 во 14:27
Па еве, научниците од Церн се пофалија дека експериментот конечно дал резултати. Успеале да создадат и задржат (во делови од секунда) честички антиматерија за испитување:
http://www.nature.com/news/2010/101117/full/468355a.html#B1 - Antimatter held for questioning
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Ноември.2010 во 14:32
nishto znachi...od....." samoodrzhuvachkiot mehanizam vo Kreacijava koj ne dozvoluva dopiranje vo nejzinite temelnite osnovi za da ne se rasturi... koj znae? "
...shteta!..navistina...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 18.Ноември.2010 во 21:34
Pa "kreacijata" e materijalna... a veruvam deka znaes kako se odnesuvaat materija i antimaterija.
Ajde, nisto ne bidnalo preku nokj... kje bide i ova, nekoj den... prasanjeto e sto so nego (otkritieto, antimaterijata) posle?
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Ноември.2010 во 22:32
you talk .....to me?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 21:24
Marko Polo 1 напиша:
Pa "kreacijata" e materijalna... a veruvam deka znaes kako se odnesuvaat materija i antimaterija.
Ajde, nisto ne bidnalo preku nokj... kje bide i ova, nekoj den... prasanjeto e sto so nego (otkritieto, antimaterijata) posle? |
Ljubopitlivosta na nuchnicite ne e sekogash vodena od praktichnost... znaenjeto podocna bara praktichna primena za da si gi vrati investiciite za doznaenoto, no vo pochetokot chesto pati e samo zhelba da se nauchi neshto.
Prvo e ljubopitnosta, zhelbata da se nauchi neshto novo.
Potoa doagja praktichnata primena na novoto znaenje.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 21:33
marko asked:
"... prasanjeto e sto so nego (otkritieto, antimaterijata) posle?"
...posle...veruvam deka ke i se najde mnogu praktichna primena na antimaterijata ,..zatoa shto duri i termonuklernata eksplozija e kako nekoja pogolema petarda da puknala ,... sprema eksplozojata shto bi se desila so kolizija na materijata so svojata anti sosotjba...
...problemot e shto nema seushte otkrieno nachin kako taa da se 'chuva" podolgo vreme( sega nejzinata egzistencija se meri so milioniti delovi od sekundata! )...za da moze da se iskoristi kako saka chovekot, energijata shto pri toa bi se osloboduva........
ama , i toa ke bide eden den,..sto posto !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 21:41
Abe, za arno na choveka ich ne mu teknuva, ama za belja kje gi napregne site mozochni vijugi i kje najde chare.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 21:44
pa, za arno de toa,..a usput i za losho ke bide,.
ama povekje za arno..
inache ,..se smeta deka ima celi galaksii shto bile od antimaterija,..samo toa se vekje i izvan fantastichni raboti...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 23:37
http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-2200995/Cern-reveals-plans-new-experiments-measuring-50miles-length-solve-mystery-gravity-works.html" rel="nofollow - The 'even larger' hadron collider: Cern reveals plans for new
experiments measuring 50miles in length to solve the mystery of how
gravity works 80 километри???
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Септември.2014 во 12:21
http://www.dailymail.co.uk/news/article-2746727/Maybe-shouldn-t-looking-quite-hard-God-particle-destroy-universe-warns-Stephen-Hawking.html" rel="nofollow - Finding the 'God' particle could destroy the universe, warns Stephen Hawking
Една лоша и една добра вест.