ГОЛФ - СВЕТСКИОТ ГОЛФЕР БРОЈ 1 СО СВОЈА 14 ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА
Вудс го совлада Медиејт во плеј-офот на УС Опен
Тајгер Вудс е победник на 108. УС Опен во Тори Пајнс, откако го доби плеј-офот во 18 дупки против Роко Медиејт. Светскиот голфер број 1 не почна најдобро, но на Медиејт да стане најстариот УС Опен шампион во историјата, веќе беа илузија на 7. дупка. 45-годишниот Медиејт имаше шанса со удар од 8 метри да остане во игра, но направи грешка и му ја предаде на Вудс неговата 14. гренд слем титула во кулминација на неверојатна недела во Калифорнија.
"Навистина чудно. Целата голферска патека беше многу фер, но и многу тешка. Фановите направија возбудлив турнир. Денеска беше нереално. Роко изгледаше дека е во контрола, но потоа јас направив се за да победам", вели Вудс.
Повеќе од 20.000 фанови се вратија на Јужната патека за понеделничкиот плеј-оф, и добија вистинско шоу помеѓу двајца различни голфери, еден кој се мачеше со својата бесконечна моќ и еден професионалец кој се обиде крајот на неговата кариера да го круниса со неверојатен триумф.
Многумина очекуваа Вудс да стигне лесно до победата, но Медиејт не сакаше да капитулира предвреме, враќајќи се од три удари негатива по 10 дупки со одлична игра на 13, 14 и 15 дупка. На три дупки пред крајот се беше можно. Сепак, Медиејт не беше толку многу разочаран.
"Се надевам дека ќе играм на УС Опен. Тука повторно дознав дека можам да се натпреварувам. Го добив тоа што го сакав - да играм против најдобриот на светот. Да, загубив, но мислам дека и јас малку го исплашив", вели Медиејт.
Вудс, кој се мачи со повреда на левото колено, по победата изјави дека ќе паузира за да ги направи сите неопходни прегледи. Со 14. гренд слем титула тој останува на четири зад лидерот на вечната листа, Џек Никлаус, но се уште не се знае дали Американецот ќе биде подготвен за Британскиот Опен Шампионат во Биркдејл следниот месец. |