Грција ја призна Македонија во 1982 година
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14102
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 08:50 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Грција ја призна Македонија во 1982 година
Постирано од: Makedonn
Наслов: Грција ја призна Македонија во 1982 година
Датум на внесување: 12.Јуни.2008 во 23:32
Во најновиот број на неделникот Македонско сонце има напис под наслов ГРЦИЈА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА ВО 1982 ГОДИНА СО РЕЗОЛУЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ. Автор на текстот е Мишко Талески.
Еве го линкот на написот
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2008/sonce728.pdf/08_12_misko.pdf
Многу докази, факти, аргументи. Зарем нашиве политичари не знаат да ги користат овие работи при преговорите со Грција и со Нимиц ?
|
Коментари:
Постирано од: dudulovski
Датум на внесување: 12.Јуни.2008 во 23:45
Нив тоа не ги интересира. Проблемите настанаа малку пред распадот, кога се отвори можност за осамостојување на Македонија. А дотогаш не ги интересирало. Во ООН Македонија не фигурираше како посебна единка. За грција на север не постоеше Македонска туку југословенска граница
------------- Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
Постирано од: Makedonn
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 12:01
Талески сепак пишува дека Грција прво во 1977, а потоа во 1982 година се согласила со името Социјалистичка Република Македонија, со македонската азбука и македонските топоними. Прикажува и докази со резолуцијата во ООН, а плус и со други документи кои произлегуваат од грчкиот конзулат.
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 12:18
Е, и? ке се вратите назад? ке бидете социалистическа република Македония?
|
Постирано од: Makedonn
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 13:48
Леле, колку глупа логика имаш бе паган. Го признале името Македонија и македонската азбука. Отвори го линкот и прочитај убаво па пиши нешто паметно. Тоа што тогаш уредувањето било социјалистичко не ја менува работата ништо. До 1990 година Грција го признава македонскиот јазик, македонските топоними, и Македонија како име на република... Тоа што после 1990 година ја менуваат политиката кон нас е нивни проблем. Тоа на светот треба да му се докаже. Но, жалосно е што нашиве политичари абер немаат за тоа, ни сегашмни ни поранешни. Мишко Талески во Македонско сонце ја отрива работата, а Благј Зашов како тогашен претставник на Југпславија во Женева ја потврдува како точна.
|
Постирано од: baba mulon
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:39
zashto gi zbunuvate lugjeto.Sega ke ispadne ova vaka pa ona onaka.Jasno pishuva i dokumentite se tie koi se,samo danajcite nekako ne moze da razberat.Ova trebashe ushte odamna da se istrazi,pregovaracot da si sostavi tim od strucnjaci koi ke ukazat na odredeni fakti.Siguren sum deka i pregovaracot za odredeni istoriski raboti doznava do mediumi
------------- Im YOUR NIGHTMARE
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 18:32
Хахаха Грција ја призна Македонија уште мнооогу одамна, а исто така и македонското малцинство уште во 1920 година со Севрскиот договор, кога се обврзаа, дека ќе им го обезбедат правото на Македонците, да си зборуваат на свој сопствен јазик, и да учат на свој мајчин јазик, само што тоа ветување беше само на хартија
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
|