Испечати | Затвори го прозорот

ХРИСТИЈАНСКИ КАЛЕНДАР: ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14086
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 10:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: ХРИСТИЈАНСКИ КАЛЕНДАР: ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
Постирано од: EvAngelos
Наслов: ХРИСТИЈАНСКИ КАЛЕНДАР: ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 22:39

Светиот Господ и Спасител Исус Христос     11/06/2008

Родум од селото Витлеем. Изобилувал со мудрост и чудотворства. Својот живот на земјата го поминал во Назарет, Галилеја, по бреговите на Галилејското море, Ерусалим итн. Поучувал благочестиво, со вистинољубие и со авторитетие. Бил нарекуван пророк, Еремија, Јован Крстителот, Илија итн. Но светиот апостол Петар посведочи дека Тој е Месијата, Божјиот Син. Ги лечел лепроцните, хромите, слепите, сакатите и затоа бил многу почитуван од обичниот народ, но многу омразен меѓу фарисеите и свештениците. Често бил обвинуван затоа што не ја почитувал Саботата како што ја почитувале фарисеите. Секогаш ја говорел вистината и не гледал на лице. Им бил трн во очите на фарисеите и затоа тие се договориле да го убијат. Бил осуден со лажни обвинениа и после долги мачења бил погубен со распетие на крст. Бил погребан во новата пештера на Јосиф Арматиецот. По 3 дни Неговите свети мошти на чудесен начин исчезнале од Неговиот гроб. Потоа Тој им се покажал жив на Неговите блиски. По 40 дни се вознесол на небесата и седнал оддесно на Отецот. На Него Му се молат христијаните и Тој со векови им дава исцелениа на луѓето од маките и болестите.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Коментари:
Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 22:58
Evangleose, ne te rzbiram...
Demek denes mu bilo rodenden, ili..... onaka samo....

-------------
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 23:21
Како што ти го славиш Аллах секој ден, така и јас го славам Исус секој ден. Но, ете штом прашуваш, според конвенционално прифатената хронологија, на денешен ден Исус веќе бил воздигнат на Небото во славата што ја имал пред создавањето на Светот, од десната страна на Таткото, најверојатно празнувајќи ја успешната мисија на откупување на човекот и воедно правел подготовки за испраќање на Светиот Дух врз верниците. (што ќе се случи задутре).
 
И те молам, во интерес на темата, доколку имаш дополнителни прашања да ги поставуваш на посоодветна тема (Општо и Неврзано).
Поздрав!
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 01:03

Светиот Исполнител на Ветувањата Исус Христос     13/06/2008

На денешен ден, пред околу два милениуми, Господ Исус Христос си го исполни ветувањето кое беше им го дал на Неговите ученици
 
"Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!” "
(Дела 1:5)
 
И кога дојде празникот педесетница, педесет дена по Христовото воскресение (денешен Духовден), Светиот Дух слезе врз апостолите и ги облече со небесна сила и од тој ден, тие, од исплашени ученичиња кои цело време се криеа од римјаните и фарисеите за да не бидат и тие распнати како следбенци на Христос, одеднаш станаа најревносните Христови апостоли, смело и со радост проповедајќи го воскреснатиот Христос, останувајќи му верни и по цена на сопствените животи. На овој ден, Христос ја основаше Својата Црква, дарувајќи и го Светиот Дух да ја води во сета Негова сила, мудрост и вистина.
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 12:12

Оној пред Кого секое колено ќе се свитка и секој јазик ќе исповеда дека Исус Христос е Господ!

(Филипјаните 2:10)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: deshad
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 12:37
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Оној пред Кого секое колено ќе се свитка и секој јазик ќе исповеда дека Исус Христос е Господ!

Koj e .TOJ,ako mislis na Isusa, preformuliraj si go tekstot.
Ti ovde kako da zboruvas za dva Boga drugar.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 11:23
Оној Кој прави сè по советот на Својата воља.
(Ефешаните 1:11)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 02:18
"Достоен си, Господе Боже наш, да ја примиш славата, силата и честа, затоа што Ти си создал сe, и заради Твојата воља суштествува се и е создадено!"
(Откровение 4:11)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 22.Јуни.2008 во 16:50
Патот, Вистината и Животот!
(Јован 14:6)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 00:07

Оној во Кого е создадено сè што е на небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; преку Кого и за Кого е создадено сè. Оној Кој е пред сè и во Кого сè има свое сплотување.

(Колошаните 1:16-17)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 10:59

ПРВИОТ И ПОСЛЕДНИОТ (Алфа и Омега)

"Јас Сум Првиот и Јас Сум Последниот, нема бог освен Мене."
(Исаија 44:6)
 
"Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови."
(Откровение 1:17)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 19:13

Создателот на Небесата и Земјата.

"Во почеток Бог ги создаде небесата и земјата."
(Битие 1:1)
 
"Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница ги оптегна небесата"
(Исаија 48:13)
 
"Се стана преку Него (Христос), и ништо, што стана, не стана без Него"
(Јован 1:3)
 
" зашто во Него (Христос) е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него. "
(Колошаните 1:16)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 00:33
ВОСКРЕСЕНИЕТО И ЖИВОТОТ
 
"Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее."
(Јован 11:25)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 00:35
БОГОТ НА ЉУБОВТА
 
"А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов. Во тоа ни се откри Божјата љубов, кон нас, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него. Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови"
(1 Јованово 4:8-10)
 
"Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот - вели Господ Кој ти се смилува."
(Исаија 54:10)
 
"Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели."
(Јован 15:9-13)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 00:36

Датум на внесување: 15.Јули.2008 во 23:38

БОГ НА МИРОТ

"Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. "
(Исаија 9:6)
 
Бог на мирот да биде со сите вас, Амин!"
(Римјаните 15:33)
 
"зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот"
(1 Коринтјаните 14:33)
 
"Впрочем, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномисленици и живејте во мир, и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас!"
(2 Коринтјани 13:11)
 
"Она што го научивте, и примивте, и чувте, и видовте на мене - правете го тоа, и Бог на мирот ќе биде со вас!"
(Филипјаните 4:9)
 
"А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно!"
(1 Солунјаните 5:23)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Јули.2008 во 23:57

БОГОТ СПАСИТЕЛ

"Зашто Јас Сум Господ, твојот Бог, Израелевиот Светец, твој Спасител"
(Исаија 43:3)

"Нема друг Бог освен Мене; праведен Бог и Спасител, нема освен Мене"
(Исаија 45:21)
"Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус (Јехо Шуа = Господ спасува), зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови,"
(Матеј 1:21)

"зошто самите чувме и знаеме дека Тој навистина е Христос, Спасителот на светот."
(Јован 4:42)
 
"Симон Петар, слуга и апостол на Исуса Христа, до оние, кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос ја примија истата скапоцена вера како и ние"
(2 Петрово 1:1)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 18:22

ЈАХВЕ РАФА - ГОСПОД ИСЦЕЛИТЕЛ

"Јас Сум Господ, твој исцелител."
(Излез 15:26)
 
"Кога Исус го виде како лежи и кога узна дека веќе долго боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?” Болниот Му одговори: „Господине, немам човек да ме спушти во бањата, кога ќе се разбранува водата; а додека дојдам јас, друг слегува пред мене.” Исус му рече: „Стани, подигни ја својата постела и оди!” И човекот оздраве веднаш, ја зеде својата постела и почна да оди."
(Јован 5:6-9)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 10:53

ЈАХВЕ НИСИ - ГОСПОД НАШЕТО ЗНАМЕ

"И додека Мојсеј ги држеше рацете издигнати, Израелците победуваа; а кога ќе ги спуштеше рацете, победуваа Амаличаните...
Потоа Мојсеј издигна жртвеник и го нарече: „Господ е моето Знаме!"
(Излез 17:11-15)
 
"биди силен и биди храбар, не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог"
(Исус Навин 1:9)
 
"Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се одбраните во лош ден и откако ќе завршите сè, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово."
(Ефешаните 6:13-17)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 15:58

ЈАХВЕ РААХ - ГОСПОД НАШИОТ ПАСТИР

"Господ е мојот Пастир"
(Псалм 23:1)

"Јас Сум Добриот Пастир"
(Исус во Јован 10:11)
 
veronauka.com.mk
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 22:14

ЈАХВЕ ШАМА - ГОСПОД Е ТАМУ

"Ако се вивнам на небото - таму си, ако се спуштам во подземјето - и таму си."
(Псалм 139:8)

"А името на градот ќе му биде: „Јахве Шама” („Господ е таму”)."
(Езекиел 48:35)

"Еве, Божјото живеалиште отсега е меѓу луѓето. Тој ќе живее меѓу нив... самиот Бог ќе живее со нив."
(Откровение 21:3)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 11:35
Господ Саваот! (Господ над војските, над силите). забава
 
"Ако не ни беше оставил Господ Саваот остаток, ќе бевме како Содом, слични на Гомор."
(Исаија 1:9)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 15:05
Ел Шадај!  (Семоќен Бог) забава
 
"Кога Аврам имаше деведесет и девет години, Господ му се јави и му рече: „Јас Сум Ел Шадај - Сèмоќен Бог, оди по Мојот пат и биди непорочен. "
(Битие 17:1)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 17:37
Среќен празник на сите што го слават единствено библискиот Семоќен Бог, а посебно до христијаните од Јужна Кореја!
 
"Амин! Благослов и слава; и премудрост и благодарност; и чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!"
(Откровение 7:12)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 28.Август.2008 во 18:14

-------------
Do what is right, come what may...

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 13:15
Свети Господ Словоисцелител
 
А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи: ”Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.” Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.” А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен. Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави. А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од исток и од запад, и ќе седнат со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно; а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајна темнина, каде ќе биде плач и чкртање на заби.” И Исус му рече на стотникот: „Оди си, нека ти биде, како што си верувал.” И неговиот слуга оздраве во истиот час.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 11:36

Имануел - Бог со нас (Бог меѓу нас)

"Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Имануел!"
(Исаија 7:14)
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Септември.2008 во 23:46
Господ! забава

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 19:50
Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е добар, пејте Му на нашиот Бог, зашто е благ; Тој е достоен за секаква пофалба.

(псалм 147:1)

-------------
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !     

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 13:24
Создателот на Небото и Земјата и на се што ги исполнува.
 
""Ти, Господи, Кој си еден. Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и се што е на неа, морињата и се што е во нив. Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинства Ти се поклонуваат."
(Ездра 9:6)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 21.Септември.2008 во 02:35
Првиот и Последниот!
 
"Ова го зборува Првиот и Последниот, Кој умре и оживе!"
(Откровение 2:8)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 23:41
Алфа и Омега!
 
"Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој доаѓа - Сèмоќниот!"
(Откровение 1:8)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 01:50
Седржателот!
 
"Господова е земјата и сè што ја исполнува.”
(1 Коринтјаните 10:26)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 02:30
Оној Кому Небесата се Неговиот престол, а Земјата подножје на Неговите нозе!
 
"Господ зборува вака: „Небесата се Мој престол, а земјата подножје на нозете! "
(Исаија 66:1)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 03:11
Оној пред кого сите народи ќе се поклонат.
 
"Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!"
(Откровение 15:4)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Karamazov
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 15:06
]

-------------
tre, tri, tra

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 13.Октомври.2008 во 00:55
Оној, чие Име е над секое име!
 
"Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата;"
(Филипјаните 2:9-10)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 13.Октомври.2008 во 20:03
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Оној, чие Име е над секое име!
 
"Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата;"
(Филипјаните 2:9-10)
 
абе, ова празник е ????????

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 13.Октомври.2008 во 20:08

Ova e den sto go sozdade Bog-da uzivame i da se raduvame vo nego...

Sekoj den e od Boga daden, i e pogoden za slavenje na Boga, ako se prasam jas. Bog treba da se slavi sekoj den, zablagodsaruvajci mu za golemite i mali nesta koi gi pravi za nas-a ne sekogas sme svesni za niv.
 
Da, praznik e, ako se prasam i jas...

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.

Постирано од: spiros
Датум на внесување: 13.Октомври.2008 во 22:25
Така е! ХАЛЕЛУЈАХ!      

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 01:39

ЈАХВЕ!

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 00:00
Оној, преку чија Светлина, ние ја гледаме Светлината.
 
(Псалм 39:9)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 14:56
Исус Христос големо%20гушкање

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 11:06

Светиот Бог.

"Свет, Свет, Свет е Господ Бог - Семоќниот, Кој беше, Кој е и Кој доаѓа."
(Откровение 4:8)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 25.Мај.2009 во 11:03
Халелујах!

-------------

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 14:08
Свети Господ Чудотворец
 
Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.” Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.” Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.” Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери. Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре. Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа. А кога старосватот вкуси од водата претворена во вино - а не знаеше од каде е, но знаеја слугите, кои црпеа од водата - го повика младоженецот и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат - слабото. Ти си го чувал доброто вино досега.” Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на чудесата и ја објави Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Септември.2009 во 11:37
Денес е Св. Маченик Исус Христос
 
Христос беше родум од Витлеем Јудејски. Беше столар, а во верата ги надвисуваше сите вероучители. Проповедаше живо слово, не како фарисеите, туку како Оној што има власт. Многу народ почна да врви по Него. Заради тоа фарисеите и вероучителите се исполнија со горчлива завист и решија да го погубат. Во Негово време Ирод беше четворовласник,  а Понтие Пилат управител со Јудеја. Фарисеите Го накодошија Исуса дека го бунтува народот против царот, дека си прави Самиот Цар и дека рекол оти ќе го урне храмот во Ерусалим и ќе го соѕида пак за три дни. Заради тоа го осудија на маченичка смрт. Го удираа со тупаници, Го плукаа, Му удираа плесници говорејќи: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?” Му кладоа венец од трње и Го исмејаваа. Најпосле го одведоа на Голгота, Му забија клинци во обете раце и нозе и Го распнаа на крст. Откако претрпе се, Му ја предаде душата на Бога. Пострада во 33 година.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 20.Септември.2009 во 22:57
mala bogorodica

Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 20.Септември.2009 во 22:58

Originally posted by sneska_v sneska_v напиша:

mala bogorodica

Ne, denes se slavi Svetiot macenik Sozont, za eden cas ke se proslavuva i Mala Bogorodica!среќа

-------------

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Септември.2009 во 23:30
sneska_v и DDarko, oвие православни празници кои ги наведувате се типични за православната деноминација, а не и за другите христијански деноминации. Затоа е посодветни тие да се запишат во темата: "Православен Календар: Денес се слави" затоа што тоа се празници кои православната црква ги слави, а не и другите.
Дури и правилата на форумот не дозволуваат постирање на два исти коментари на две различни теми.
Ви благодарам на разбирањето.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 18:03
pozdrav EvAngelos,ok

Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 22:24
Prosti EvAngelos, inaku Pravoslavje = Hristijanstvo, no go pochituvam tvoeto baranje.големо%20гушкање

-------------

Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 22.Септември.2009 во 05:38
EvAngelos, со оглед на тоа што Православните Христијани СЕ Христијани, не знам што е спорно зошто да не пишуваат празници кои ги слават.

Ако некој сака конкретно да си пишува за својата деноминација, тогаш треба да си отвори тема: Баптистички Христијански календар, Методистички Христијански календар, Евангелистички Христијански календар итн., а не само Хрисстијански. Под Христијански спаѓаат и Православните, така што може и тие да си пишуваат.

На пример, вчера се славеше споменот на Богородичното Рождество, а денеска го славиме споменот на родителите на Богородица - Јоаким и Ана

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +

Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 23.Септември.2009 во 14:13
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

На пример, вчера се славеше споменот на Богородичното Рождество, а денеска го славиме споменот на родителите на Богородица - Јоаким и Ана

како може спомен да се слави?

-------------
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk