Испечати | Затвори го прозорот

Македонија без туристичка стратегија???

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14012
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 21:54
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Македонија без туристичка стратегија???
Постирано од: oon
Наслов: Македонија без туристичка стратегија???
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 21:58
Турција, Шпанија, Грција , Хрватска, ова се најбараните дестинации за одмор годинава. Македонија, и натаму без туристичка стратегија на дело, ќе остане во меѓупросторот на омилените места за одмор.


- Никој не води грижа за тоа во државата. Кога една Грција, преплавена со странски туристи, прави кампања за тоа Грците да летуваат во сопствената земја, јасно ви е каде сме ние. Како што имаше реклами за македонски производи, треба да има и за летување во Македонија, вели Ангел Иванов, претседател на Туристичкиот сојуз на Скопје.

На почетокот на годината Министерството за економија најави токму таква кампања, но од неа се уште нема ништо. Од туристичките агенции велат, сега веќе е доцна, да се надеваме на следната сезона.

- Се уште не сме одлучиле, Турција, Палма де Мајорка. Во Охрид одиме на неколку дена секоја година, мислам дека треба малку да се коригираат цените за да има повеќе туристи во Охрид - велат граѓаните.

Што се однесува до јужниот сосед, туристичките работници велат дека интересот на граѓаните е драстично опаднат, а со тоа и цените.

- Интересот е послаб за три четвртини. Аранжманите се многу поевтинети, агенциите гледаат некако да ја закрпат годината за да не пропаднат - вели Иванов.

- Па, значајно е паднат интересот за Грција, но и полека се враќа. И таму и овде, луѓето сфаќаат дека се работи за проблем на ниво на држави, оценуваат од една туристичка агенција од Скопје.

Без сериозно партнерство од државата, агенциите и годинава сами се снаоѓаат, нудат море, песочни плажи, егзотични земји - проспектите за летување во Македонија, се вистинска реткост.

На стартот на туристичкиот саем во Скопје немаше голем број на штандови. Од агенциите велат дека им било скапо.
06.06.2008



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Јуни.2008 во 19:44
a be taa nema bilo kakva,...a ne pak ,..turistichka  strategija!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 09.Јуни.2008 во 00:49
Koga imala Makedonija turisticka strategija za da ima sega..

-------------
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 09.Јуни.2008 во 13:19
...ke ima !...seuste ne se izodeni cekorite


Постирано од: Sanja84
Датум на внесување: 10.Јуни.2008 во 13:54
Pih,od gevgelija do skopje po pat nemas kaj da vrsis nuzda,osven po nivi,i skapani benziski,a vie zborite za strategija.
Nemame infrastruktura :)



-------------


Постирано од: biljana.madrid
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 10:33
Pred bekolku meseci tuka vo Madrid imase eden saem na koi uchestvuvaa zemji od svetot (na koi sto bea i nash*te sosedi) ama Makedonija ja nemase... Toa bese saem za turizam.... ete kolku imame strategija
 
Za dva dena (na 14 Juli) pochnuva EXPO ZARAGOZA 2008 (koj saka da vidi ima na angliski http://www.expozaragoza2008.es - www.expozaragoza2008.es )do 14 Sept. ke bide. Bas utrovo gledam dali ke bidi Makedonija. Baram, i gledam deka uchestvuvaat : Bosna i Hercegovina, Bulgaria, Croacia, Greece, nas pak ne nema.
 
Sekoja drzava si ima svoj shtand i poseben den za pretstavuvanje. Ke bide mnogu interesno, ama za Makedonija nikoj nema da doznae...
 
STRAMOTA!!!! 
 
 


-------------
Прилепчанка


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 12:04
Абе Мексико кои скапаници се па пак се атрактивни за посета и останато. Епа кога се краде на велико и кога луѓето и политичарите се повеќе загрижени да се плескаат дебели пари на избори и нови трговски центри, така ќе биде засекогаш.
Едноставно неспособна е владата да постави приоритети и да се држи до нив.


Постирано од: james dean
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 19:51

Што зборите бе ??? Македонија има Туристичка стратегија !!! И тоа тазе!

Ја склепаа на брзинка, за неколку месеци.... без да вклучат вистински експерти во тимот.... Ама нема везе... и онака е тоа само "Мртво слово на папиру"... што би рекол Чорба ...


Се смеам, ама не е за смеење работава.....








-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 23:09
а кога македонија ја бивало за било каква стратегија жити све збунетост

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 23:16
makedonija e bez turisticka srategija zasto nema turisti i so toa ne postoi turizam

znaci za da se sozdade edna strategija potrebni se nekoi elementi bez nev voopsto nemoze da se razmisluva
   eden glaven element koj gi povlekuva na postoejne drugite elementi vo turizmot e hranata
hranata koja se nudi po nasite restorani e hoteli e pod nivo so kvalitet..............


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 20:12
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

makedonija e bez turisticka srategija zasto nema turisti i so toa ne postoi turizam

znaci za da se sozdade edna strategija potrebni se nekoi elementi bez nev voopsto nemoze da se razmisluva
   eden glaven element koj gi povlekuva na postoejne drugite elementi vo turizmot e hranata
hranata koja se nudi po nasite restorani e hoteli e pod nivo so kvalitet..............
а за да ја вкусат храната прво треба да дојдат, а за да дојдат треба да се изрекламираш на сите можни простори


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: caldi33
Датум на внесување: 19.Ноември.2008 во 00:31
toa treba da ni e na prvo emsto turizmot
cel svet ni vika deka moe da ima turisti 12 meseci vo godinata ama nema luge da go menagira toa i da go raboti neznam sto saka naraodv t.e. vladava da napravi od nas pacienti za cel svet cir sme
i zimski i letni sportovi i mesta ima samo malce da se reklamira i da ima patista drugo nisto ne ni treba


Постирано од: dark
Датум на внесување: 26.Ноември.2008 во 17:35
za makedonija da stane turisticka zemja imame uste mnogu mnogu rabota ne e samo da se napravi strategija treba i da se izraboti taa strategija a vo makedonija koj ke ti raboti

pomrzlivi od crnogorcite sme eden pat od 100 metra go rabotat 1 godina a tek nesto pogolemo so sto bi mozele da se pofalime pred svetot

-------------
faster then light :D


Постирано од: _mina_
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 20:16
Makedonija spored geogrfaskata mestopolozba i antropogenite vredbosti ima golem potencijal za razvoj na turizmot , megutoa treba da se napravi dobra promocija na zemjava odnosno da se napravi marketing kampanja so koja ke se promoviraat site turisticki mesta koi vredat da se vidat vo Makedonija a gi ima mnogu. Se dodeka ne se napravi ova Makedonija nikogas nema da ima razvien turizam, a za seto ova treba strucen tim a ne luge koi samo im e bitna foteljata na pozicija


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 05.Декември.2008 во 20:20
Откако кје ја изгради другата стратегија на виталните полиња, МАкедонија ќе изгради и стратегија за ТУРИЗМОТ. Нема долго да се чека.намигнување

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 12:42
ami nie igrame na kartata koj nema strategija ke ja dobie vojnata...mislam turistot


Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 12:47
a,...za shto pa, i ima strategii,..ako nema za turizmot?збунетост

kakvi strategii ...kakvi taktiki  !...toa se nepoimlivi poimi za makedonija!смеење


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 15:19
glej makedonska rabota, i doma sedat i ne i dovagat!!!голема%20насмевка

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 15:21
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

glej makedonska rabota, i doma sedat i ne i dovagat!!!голема%20насмевка
 
 
Довагаме бе.Али не ни видите.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 23:45
Originally posted by orlov orlov напиша:

Откако кје ја изгради другата стратегија на виталните полиња, МАкедонија ќе изгради и стратегија за ТУРИЗМОТ. Нема долго да се чека.намигнување


Поминаа 2 години ...уште да чекаме?


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 10.Ноември.2010 во 15:18
Тема: Македонија без туристичка стратегија???
 
 а има ли за било што воопшто стратегија тука, освен за садење споменици на секој чекор?изненадување


-------------
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 14.Ноември.2010 во 17:33
Originally posted by abnormalen abnormalen напиша:

Тема: Македонија без туристичка стратегија???
 
 а има ли за било што воопшто стратегија тука, освен за садење споменици на секој чекор?изненадување
и тоа се прави без никаква стратегија


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 17:38
Дека Македонија нема туристическа стратегија е очигледно и тоа се потврдува од оваа вест :
 

За Македонците поефтино на Златибор и Копаоник

Српските тур-оператори чии претставници денеска во Скопје потпишаа Протокол за соработка со своите македонски колеги најавуваат 10 до 50% поефтини аранжмани за македонските граѓани ако одлучат да зимуваат или да ги минат новогодишните празници на Златибор и Копаоник.

- Целта на Протоколот што го потпишавме со Туристичката организација на Белград е заедничко промовирање на понудите од двете страни и обезбедување поволности во однос на аранжмaните, рече Татјана Перовиќ Митрова од Стопанската комора за туризам на Македонија.
Според неа, поволните цени за Златибор и Копаоник кои произлегуваат од соработката се различни зависно од хотелите и сместувачките капацитети.

За српските туристи најатрактивен е се уште Охрид. Таму, како што информира Перовиќ Митрова, цените во хотелите со три до четири ѕвездички за Нова Година ќе се движат од 80 до 110 евра за две ноќевања и полупансион.


-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Декември.2010 во 19:09
во Македонија не се проблем самите цени, туку односот услуга-цена, тоа е проблемот кога сме кај тој муабет
не може на пример некој да ти изнајмува соба без тоалет за цена на апартман или хотел со три ѕвезди, тоа е најмногу изразено во Скопје и Охрид, затоа се оди во странство
ако веќе некој не е способен да го развива туризмот на големо, барем да се изрегулира таа работа


инаку баш гледав статистики за Македонија малку, и ме зачуди фактот дека сме една малкуте балкански земји со голем туристички промет, и тоа, на минимално искористени потенцијали, а замислете, колкави профити би имале доколку се искористат сите тие потенцијали


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 08:19

http://press24.com.mk/story/makedonija/makedonija-najzheshka-turistichka-destinacija-za-2011-analiza-na-amerikanskata-cnbc -



-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk