Испечати | Затвори го прозорот

Ерусалим

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13985
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 11:03
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ерусалим
Постирано од: Andrea_Gail
Наслов: Ерусалим
Датум на внесување: 04.Јуни.2008 во 10:14
Дали сте сретнале некаде атрктивна туристичка понуда ова лето за Ерусалим??А ако веќе сте биле,PLEASE споделете со нас!!!



Коментари:
Постирано од: clash
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 17:35
V Jerusaleem moze6 da odi6 i sam . Ako znae6 ruski nema da ima6 problemi !


Постирано од: tenija
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 21:01
Tamu nema nikakvi problemi. Problemi mozje samo da se imaat po pat.

-------------
what's up doc?


Постирано од: GABRIEL_DESTROYER
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 21:29
Јас не го сакам Ерусалим тоа е местото на Исус кој бас и не верувам.Бог за мене е измислена работа.Бидејки лугето немаат со со да се тешат па ај бог ке ни помогне.Неее братче ти веруј и вака и онака ке ти со случи она со ти е писано по старски.Бог не постои.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 27.Јули.2008 во 21:01
Originally posted by GABRIEL_DESTROYER GABRIEL_DESTROYER напиша:

Јас не го сакам Ерусалим тоа е местото на Исус кој бас и не верувам.Бог за мене е измислена работа.Бидејки лугето немаат со со да се тешат па ај бог ке ни помогне.Неее братче ти веруј и вака и онака ке ти со случи она со ти е писано по старски.Бог не постои.
 
Што има сега ова врска што си го изнапишал? Што има врска Господ со пат во Ерусалим?
Па зар само на аџилак се оди во Ерусалим?
Е, да се чуди човек како размислуваат некои луѓе.


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 27.Јули.2008 во 21:04
Инаку мене ми е драго што  од пред некој ден се укинаа визите за Израел за македонските туристи...
Во Ерусалим не сум била, но, здравје, го имам во план.
 
Има навистина што да се види (за сега барем од она што сум го читала и гледала по тв-репортажите)...


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 16:04
Визите се укинаа, а данокот?

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: daca64
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 13:55

Jerusalim je predivan grad, mi smo se vratili pre desetak dana i odusevljeni smo.Isli smo porodicno u svom aranzmanu, sto znaci kupili avionske karte (Beograd=Tel Aviv) i rezervisali smestaj preko interneta.Vize smo dobili u roku od pola sata i bili iznenadjeni ljubaznoscu osoblja.Ukoliko vas interesuju jos neki detalji slobodno pisite, a ako ipak zelite da idete sa agencijom od septembra ce krenuti izuzetno povoljne ture preko Jata.
Postoje tri varijante putovanja, mala tura koja traje 5 dana, velika od 8 dana , kao i kombinacija Izraela i Jordana, tako da se moze naci putovanje za svaciji ukus.
Puno pozdrava iz Beograda svim ljubiteljima putovanja


Постирано од: daca64
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 00:20

Izvinjavam se, ali sam zaboravila da vam napisem cene ovih putovanja,Petodnevna tura je 505 E, osam dana kosta 685 a Izrael i Jordan 767Evra.

Ukoliko vam nista od toga ne odgovara, slobodno idite u svome aranzmanu jer je narod izuzetno ljubazan i gostoljubiv, a i navikli su na veliki broj turista u svojoj zemlji, tako da ce vam u svemu pomoci.
Sve vece gradove povezuje serut nesto kao linijski taksi, cija je cena ista kao i cena autobusa, a prima od 7 do 10 putnika i krece cim se napuni.Udobnim prevozom mozete obici sve vece gradove, a izmedju Jerusalima i Tel Aviva voze bez prestanka.
Cene hrane su prilicno visoke, ali sve drugo je pristupacno.
Pozdrav


Постирано од: bond....james b
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 00:28
ke bide ,izgleda ,meka ovoj izrael za makedoncite,
stom pet dena kostaat samo,
505
eura!


-------------
You live only ONCE!


Постирано од: super babicka
Датум на внесување: 25.Септември.2008 во 01:56
Ne sum bila no izgleda slednoto patuvanje ke bide Erusalim samo zdravje od poodamna imam zelba no odvreme navreme ke slusneme za nestabilnata politicka situacija i ke se otkazeme,no ne e taka.Bea nashi prijateli i odusheveni se od se ona sto posetile tamu,a ima i sto da se vidi.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 06:38

Ерусалим


http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/01/Jerusalem_1.jpg" rel="nofollow">
Ерусалим

Во Библијата е спомнат над 600 пати, во Куранот ниту еднаш

Ерусалим, градот на патот од Земјата до Небото, на хебрејски Јерушалајм, на арапски Ал Кудс, на старосириски Урислем, во латинскиот Стар Завет Јерусалем, во Новиот завет – Хиеросалем, на арамејски – Јеруслем, во добата на Исус – Јевус; секогаш поврзан со зборот салем, кој значи мир, е единствениот град во светот што е свето место дури за три вери христијанството, јудаизмот и исламот. Ѕидините на стариот град го опкружуваат малиот простор на кој е зачната целата денешна еврејска, христијанска и муслиманска цивилизација. На тоа исто мало место во Стариот Град, кое се проодува пеш за помалку од два часа, се наоѓаат најзначајните историски споменици – местата на кои се одиграле, според верувањата, настаните опишани во Библијата и во Куранот. Во Библијата е спомнат над 600 пати, во Куранот ниту еднаш. За христијаните Ерусалим е домот на Исус: според верувањата, Исус го посетил градот за време на верските празници, според обичаите што важеле за сите Евреи, и во овој град тој е распнат и погребен, а по три дена тука и воскреснал. За муслиманите Ерусалим е свето место особено поради Акса-џамијата и Куполата на карпата (по Мека и Медина нивното најсвето место). За илустрација на малиот простор во кои се одигруваат најсветите настани во религиите, гробот на Исус и местото на неговото погубување и воскреснување се наоѓаат во непосредна близина на Куполата на карпата, каде што пророкот Мохамед од ерусалимското рид се вивнал во небото. На уште помала раздалеченост е и Ѕидот на плачот, или западниот ѕид од Соломоновата тврдина. Тој е најсвето место за Евреите. Евреи од сите страни на светот доаѓаат тука за да се молат пред ѕидот, оставајќи пораки на лист хартија во неговите пукнатини. Пред овој ѕид се молат и хасидите (верниците познати по зулуфите, долгите бради, црната облека и шеширите), кои обично не работат, поради нивната религија, а живеат од солидна социјална помош од државата. За сите Евреи, религијата не дозволува да се работи на Шабат, од зајдисонце во петок до зајдисонце во сабота, па петок и сабота се неработни денови. Петок е денот кога дел жители се подготвуваат за Шабат, а во сабота се поздравуваат со шабат шалом (мир во сабота). Уредите за домаќинство, дури и лифтовите во хотелите, се програмирани во сабота сами да се вклучуваат зашто религијата не дозволува допир со техника и машини. Секако, Шабат многу повеќе се чувствува во религиозната престолнина на Израел, отколку во Тел Авив, каде што најдобар дел од младите и возат автомобили и зборуваат на мобилните телефони за време на Шабат.

Не се плаши, само верувај

 

Патот што морал да го помине Исус до неговото распнување е Виа Долороса. За многумина, патот на солзите. На латински, Виа Круцис, во грчките преводи Пат на сведоштвото, а во многу книги забележан само како Патот. Патот се простира меѓу еврејскиот, муслиманскиот и христијанскиот кварт, дел се поминува под отворено небо, а дел низ сукот преполн со тезги. Патот завршува со славната црква на Светиот гроб. Во самиот почеток на Виа Долороса се наоѓа и домот на Марија, односно куќата во која се смета дека била родена света Марија. Непрегледно е означена, исто како и важните места на кои Исус носејќи го крстот паднал, и останатите станици.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/01/JerusalemViaDolorosa1-800wH.jpg" rel="nofollow">Виа Долороса

Виа Долороса за време на големите празници

Почетокот на практикувањето на религиозноста поврзана со Виа Долороса различни истражувачи го сместуваат во различни години. Според едни, првата личност што зачекорила по Патот била Богородица, една недела по распнувањето на нејзиниот син. Сепак, повеќето сведоштва побожноста на патот ја поврзуваат со Фрањо Азиски. Во времето кога муслиманите ја заземаат Светата земја, за христијаните станува речиси невозможно да го посетат Патот. Разни толкувања има и за бројот на станиците, од 11 до 37. Терминот станица прв го употребил англискиот свештеник Вилијам Веј во 1428. Во 1505 книгата „Патот на Крстот“ (Cruysgang) потпишана од авторот Питер Штрех, во најголема мера влијае на означувањето на тие станици. Папата Бенедикт 14-ти ја одредува конечната бројка на тие станици, четиринаесет. На првата станица, местото каде што Исус е осуден на смрт, сега се наоѓа едно училиште изградено на рушевините на историската Вила Антонија. Втората станица, Литостратос, е место на почетокот на Христовото страдание, третата станица е место каде што Исус паднал носејќи го крстот, а денес таму се наоѓа полската капела. На четвртата станица Исус се сретнува со мајка си, според Библијата тука за последен пат синот и мајката се гледаат лице во лице, а денес на тоа место се наоѓа Ерменската капела. Петтата станица го означува искачувањето кон Голгота. На шестата, Вероника му го брише крвавото лице на Исус, а крвавото марамче познато како Отпечаток од Христовото лице се чува во Рим. Капијата на судбината е седма станица, таму Исус паднал вторпат. Местото е обележано со Францисканската капела. Осмата: Исусовиот поглед е насочен кон една ерусалимска жена („А Исус се загледа во неа и рече, ќерко на Ерусалим! Не плачи за мене, плачи за себе и за своите деца!“), денес тука има еден латински крст закачен на ѕидот на еден грчки манастир. На деветтата станица Исус паѓа третпат, сега тука се наоѓа Римскиот ѕид, десеттата станица – Исус е ослободен од оковите (влезот на Капелата на ослободувањето на Исусовите окови). На 11-та станица Христос е распнат, тоа е латинскиот дел на Црквата на Светиот гроб. 12-та станица, Исус умира на крстот, денес тука се наоѓа православниот олтар, 13-та станица – безживотното тело е положено во гробницата), влезот на Црквата на Светиот гроб, а 14-та станица е местото каде што Исус е положен во гробницата.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/01/passion-of-the-christ-3.jpg" rel="nofollow">Страдание

Најсоодветна претстава на станиците ни е прикажана во филмот „Страдание“, според сценариото и режија на Мел Гибсон.

Христијаните тешко прифаќаат дека во времето на Исус крстот бил предмет на презир, тој бил најгрубото смртно оружје со кое се казнувале најголемите злосторници, кои умирале со големи болки при полна свест. Распнувањето на крст води потекло од Персијците, а најмногу го употребувале Римјаните. Во римската литература распетието се спомнува како најгруба смртна казна. Осудените биле соблекувани сосема голи. Тоа му се случува и на Исус, а марамата што на фреските ја гледаме околу неговиот појас е онаа што неговата мајка ја носела на главата и со која го покрила синот за да го заштити од срам.

Религиозна манџа

Редовите пред Црквата на светиот гроб се долги. Најмалото време на чекање е половина час, во периодот кога нема метеж, најчесто тоа е август. Црквата била изградена по наредба на императорот Константин, а гробот на Исус бил откриен од неговата мајка Хелена, кога го видела на сон при својата посета на Ерусалим. По сонот на Хелена три различни градби биле подигнати на тоа свето место, уништени од Персијците во 614 година. Подоцна повторно е издигната градба и повторно урната во 1009. Во времето на Исус оваа страна била надвор од ѕидините на градот. Свои олтари денес во Црквата имаат грчката ортодоксна црква, ерменската црква, коптската, руската и римокатоличката. Самата црква е во сопственост на ерусалимската православна патријаршија, а ја чуваат две турски семејства. Под еден ист покрив се наоѓаат сите олтари, а свеќите се купуваат единствено во коптскиот дел.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/01/8D52C431006F2A4D91672EA95F9A9F0B.jpg" rel="nofollow">Тоше

Тоше на Виа Долороса

И Ерусалим е полн со различни цркви. Руската црква има неколку храма, присутна е и руската загранична црква со исклучително убав манастир на падините на Маслиновата гора. Романската православна црква има свој огромен храм, коптите, етиопјаните и сиријците имаат свои храмови од најстарите времиња. Ерменците имаат дури и ерусалимска патријаршија, а присутни се и маронитите, англиканците и протестантите. Германската катедрала е импозантна, сместена на стотина метри од Голгота. Римокатолиците имаат исклучително голем број на цркви, а бенедиктијците го поседуваат својот голем манастир Домрицијум. Во 19 век Ватикан во Светата земја повторно го основа латинскиот патријархат. Пентакосталците, адвентистите, спископалците, менонитите… сите се присутни тука. Се зборува дека и Бугарите и Србите, но и Грузијците, се на пат во Ерусалим да ги подигнат своите цркви.

Фројд и оние како него

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/01/grobot-na-isus.jpg" rel="nofollow">Гробот на Исус

Ќе се отвори ли некогаш гробот на Исус?

Благодарение на литературата, сочувано е и едно писмо на Зигмунд Фројд (и самиот Евреин, иако се декларирал како атеист) испратено до Евреинот Алберт Ајнштајн, во кое психијатарот вака го опишува своето лично искуство. „Не можам да имам симпатии кон оние што базираат религија на остатоците од еден ѕид од времето на Херод.“ Примери на различни чувства кон Ерусалим и религиите, на големите писатели наоѓаме насекаде во литературата. Не мал број се и оние што се однесуваат на веродостојноста на местото на Исусовиот гроб. Според едни, тоа место сепак би требало да биде на рид, надвор од ѕидините на Ерусалим, односно во Маслинестата градина. Други пак велат дека гробот на Исус не е во црквата, туку во нејзина близина. Некои кралици и кралеви од минатото, императори и европски владетели, сериозно се занимавале со потрагата на Христовиот гроб. Кралицата Викторија отворила и посебна т.н. „Ерусалимска соба“ основајќи и фонд за проучување на библискиот Ерусалим. Рускиот цар Александар Трети дури и купил пространо земјиште надвор од ерусалимските ѕидини, каде што верувал дека е закопан Исус. Основачот на ционизмот, Евреинот Теодор Херц, воден од својата визија, но кој со прецизност го прогнозира создавањето на еврејската држава, запишува дека самиот тој е вџашен од изгледот на светиот град. Контроверзни толкувања има испишано и на страниците во самата Библија. Главниот археолог од универзитетот во Тел Авив, Евреинот Израел Финелшеј, тврди дека не се вистински централните делови во Библијата, а понатаму и пишува „працарствата на Давид и Саломон се само измама, овие израелски владетели владееле со безначајните делови на некои погранични подрачја во Светата земја“. Најозборуван е научникот Дирк Кинет, кој вели: Бог е гаранција на плодноста, чија сексуална страна постепено е бришена од Библијата“. Неговата теза ја поткрепуваат откриените идолски скулптури на овој простор, направени од глина, еротизирани фигури со исклучително истакнати гради и колкови. „Во Ерусалим цутела проституција по храмовите“, тврдат некои од истражувачите. За староста, пак, на Светото писмо сè уште се водат расправии. Традиционалистите тврдат дека главните текстови во Библијата настанале околу илјада години пред Христос. Поумерената струја тврди дека Библијата датира 600 години пред Христос, а минималистите веруваат дека Стариот завет е напишан дури по смртта на Сократ и на Платон. Професорот по теологија Бернд Јерг Дибнер, кој до последно место ги полни амфитеатрите, раскажува дека Библијата е резултат на борба за превласт во доменот на религиозното водство, трилер започнат од еден висок ерусалимски свештеник што наводно ги сменил историските факти проектирајќи ги сопствените соништа за неговата земја. Од другата страна на вагата, за рамнотежа, стои еден тег или факт. 3,1 милијарди христијани, Евреи и муслимани веруваат во веродостојноста на Светото писмо, а Библијата е преведена на 2.300 светски јазици, со што е бестселер на сите времиња. Додуша, трендот на читање на Библијата од година во година е во постојан пад.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/01/jesusfamilytomb.jpg" rel="nofollow">Гроб

„Изгубениот исусов гроб“ се обидува да нè увери дека Исус од Назарет починал од природна смрт

Израелските медиуми секоја година најавуваат дека израелските власти се подготвени за јавноста да ја отворат гробницата стара 2.000 години во Црквата на Светиот гроб, со што би можело значително да се потресат темелите на христијанството. Тоа стана особено актуелно по документарецот објавен на каналот „Дискавери“, во режија на оскаровецот Џејмс Камерон, а филмот е направен во соработка со новинарот Симша Јакобовиќ, роден Израелец што живее во Њујорк. Документарниот филм го оспорува најсветото место во христијанството, Исусовиот гроб во Црквата на Светиот гроб, тврдејќи дека Исус е закопан заедно со Марина и Јосиф во една пештерска гробница пронајдена во 80-тите години на минатиот век. Писателите на „Изгубениот исусов гроб“ се обидуваат да нè уверат пак дека Исус од Назарет починал од природна смрт, дека бил женет со Марија Магдалена и дека имал син по име Јуда. Нешто слично како во филмот „Последното Христово искушение“, каде што Исус на крајот е прикажан во семејна атмосфера.

Јасмина Кантарџиева



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 17:22

ЕРУСАЛИМ – ПАТЕКАТА ПОМЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО...

Old City from the Mount of the Olives

Многу е поголемо духовното, отколку атрактивното значење како туристичка локација, на градот на трите вери – Ерусалим…

Градот кој ја раскажа приказната што го поврза човештвото – Исусовата победа на смртта, е местото кое секогаш е подготвено Ве прими, за да Ве увери во неа… Главниот град на Израел е еден од најстарите градови во светот, кој се наоѓа помеѓу Медитеранското и Мртвото море и има популација од  763.000 жители.

Во стариот дел од градот, кој може да се  прооди пеш за помалку од час и пол, се наоѓаат најзначајните историски споменици. Според сите Христијани, Ерусалим е градот во кој Исус Христос  бил распнат и погребан, а потоа и воскреснал. Гробот, во кој Исус бил погребан, се наоѓа во непосредна близина на Ѕидот на плачот, односно Соломоновата тврдина.

Туристите што за Велигден се одлучуваат да го посетат ова свето место, имаат прилика да поминат низ местото кое Исус во тешки маки го поминал, за да дојде до местото на кое што требало да биде распнат. „ Виа Долороса “ е патот кој се простира меѓу муслиманскиот, еврејскиот и христијанскиот кварт, а завршува со преубава црква. На почетокот од улицата се наоѓа домот на Богородица, а обележани се и други важни моменти, како моментот кога Исус бил застанат и кога се напил вода, кога крстот паднал… Гробот на Исус е местото за кое ќе треба да почекате во долгите редици кои траат и по еден час. Црквата е во сопственост на православната патријаршија и ја чуваат две турски семејства.

Остварете ја Вашата животна желба и почувствувајте ги за момент местата во кои нашиот единствен Господ, Исус Христос, ги платил нашите гревови…

Покаете се, простете и уживајте во мирот кој ќе Ви го овозможи.

Слатки и интересни фустанчиња… За да блеснете на најубавиот празник –Велигден !!!

Уште од малечки, се присетуваме на Велигденските утра кога нашите мајки нé облекуваа во најубавите, нови фустанчиња…
Тогаш не можевме да го знаеме значењето кое тие го имаат, чистината и свежината кои ги внесуваат, новиот почеток кој го донесуваат, токму како и самиот празник Велигден…

Кога веќе го знаеме значењето на убавата гардероба која празнично го одбележува најголемиот христијански празник, би сакале да Ви предложиме интересни фустанчиња, со кои, едноставно, ќе блеснете на овој ден !!!

1 (2)

1 (1)1 (3)

1 (4)

1 (5)

1 (6)

1 (7)

1 (8)

1 (9)

1 (10)

The Wailing Wall in Jerusalem

Entrance to The Edicule of the Holy Sepulchre

Rooftop of the Holy Sepulchre Church

Old City from the Mount of the Olives

1 (17)

1 (18)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk