Испечати | Затвори го прозорот

Вгледување, Набљудување, Хранење, Уживање

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13544
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 01:53
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Вгледување, Набљудување, Хранење, Уживање
Постирано од: Pravoslavie
Наслов: Вгледување, Набљудување, Хранење, Уживање
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 11:13
Дали си ги потопил(а) некогаш сите сетила на твојата душа и дали си уживал(а) во Божјата убавина, во убавината на Неговата Благодат, во убавината на Царството Небесно?
 
Сподели овде секоја мисла која не си ја прочитал(а) во книга, а е твое искуство од твоето созерцавање на Бога.
 
 
насловот на темава е сменет на барање на misterX (претходниот наслов беше “Созерцавање“).


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!



Коментари:
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 12:57
Љубовта е света и светлина.
Таа осветува и осветлува.
 
ГОСПОДИ, ФАЛА ТИ ЗАШТО НЕ’ ЉУБИШ И ЗАШТО НИ ДАРУВАШ ДА ЉУБИМЕ! големо%20гушкање


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 13:25
Вгледувањето во Бога го развива Духовниот вид.
Животот надвор од Бога е живот во Духовно слепило.
 
ГОСПОДИ, ПРИВЛЕЧИ НЕ’ КОН ТЕБЕ, ЗА ДА БИ ГИ ГЛЕДАЛЕ ВЕЧНО ТВОЈАТА СЛАВА И УБАВИНА големо%20гушкање


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 14:13
Еееех колку е слАтка љубовта
Колку повеќе се храниш од неа, толку си погладен за неа! љубов


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 14:14
Љубовта е како вино.
Колку повеќе го пиеш, толку потрезвено гледаш и толку потрезвено се однесуваш љубов

-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 15:22
Страстите се нешто одвратно. Најпрвин ќе ти се претстават како супер и како вкусни и како решение и ти СЛОБОДНО ќе ги избереш и тие некое време ќе те задоволат, но по одреден период ЌЕ ТЕ ЗАРОБАТ да МОРАШ да ги конзумираш/практикуваш, и ќе ти се згадат, ама нема да имаш избор - ќе МОРАШ да ги практикуваш. Во својата суштина тие се ГРДИ и ДЕСТРУКТИВНИ и УБИСТВЕНИ и немаат никаква логика (како што нема логика ниту злото), туку имаат само единствена цел - СМРТ (како што и злото има единствена цел - СМРТ)
 
Љубовта е нешто спротивно. Таа на почетокот може да ни изгледа напорна (зашто љубовта е служење на љубениот/љубената и труд да му го / и’ го направиш животот (по)убав, (по)лесен, (по)интересен), па изгледајќи напорна, не секој би ја избрал СЛОБОДНО. Но, блазе си им на оние кој ќе ја изберат љубовта, зашто сигурно себеси ќе се спасат, а и љубениот/љубената ќе го/ја спасат од пропаст и смрт, па дури може да се случи да спасат и од физичка, т.е. телесна смрт. Љубовта е ЖИВОТ(ама не во контравредности, туку во Вредностите на Царството Небесно), МИР(но не пасивност, не клапнатост, не мрза), ЗДРАВЈЕ(целосно здравје - и на телото и на душата; и свое здравје и здравје на другите) и РАДОСТ! љубов големо%20гушкање


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 16:16

Близината со личностите открива многу нешта за нив. Тргањето далеку од нив, или изолирањето од личностите може да биде опасно или за тебе или за другите.

За тебе, затоа што ако не се смешаш со луѓето, а ти е тешко, тогаш ти си самиот/самата виновна затоа што ќе останеш долго во твојата личносна потонатост.
 
Ако пак се сетиш на нешто реално, а тоа е дека таму некаде надвор има проблеми, тешкотии, маки, а ти си седиш внатре во себе и со самата/самиот себе, и не вложуваш напор да излезеш надвор и да видиш дали можеш да помогнеш, макар трошка, некаде каде што има проблем, тогаш ќе бидеш виновна/виновен за туѓо страдање или можеби личносна или биолошка, т.е. телесна смрт. Со ваквиот евентуален фатален крај може да се случи да умреш личносно (т.е. да паднеш во очај и да се изгубиш, под број еден, а под број два - личносната смрт веќе била настапена уште порано кога си се возгордеал(а) и не си сакал(а) да се измачуваш себе со туѓи проблеми.
 
Биди буден/будна и сфати дека животот не треба да го трошиш на задоволување на твоето его, туку треба да го поминеш во помагање на макар малку слабите и макар малку немоќните, за да сите бидеме подеднакво среќни (а тогаш среќата е вистинска и потполна и исполнува) или подеднакво тажни (а тогаш, т.е. преку со-страдание, и тагата полесно се тагува) !!!


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: fileo
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 18:33
sto e toa sozercavanje?


Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 00:48
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Љубовта е како вино.
Колку повеќе го пиеш, толку потрезвено гледаш и толку потрезвено се однесуваш љубов


Abe ti pijan da ne si? Kako mozit da lokas vino i da bides se potrezven i potrezven? haha sto nema da procitas na ovoj forum


Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 02:07
Ne mi e jasno sto saka avtorot na temata da kaze???????

-------------
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 09:45
Originally posted by fileo fileo напиша:

sto e toa sozercavanje?
Созерцавање претставува вгледување (“зерцус“ на грчки јазик значи “огледало“). Созерцавањето е потполно потопување на сите свои личносни сетила во она што го гледаш/анализираш/набљудуваш/размислуваш и преку молитва и жив разговор со Небесниот Отец молиш од Него и очекуваш да ти биде откриено што е суштината, сржта, смислата на нештата. А Господ го дава своето Откровение тогаш кога Тој сака и мисли дека е надобро да го даде Откровението и на начин на кој Тој мисли дека е најправилен.
 
Благодарам на заинтересираноста!големо%20гушкање
Го Славам Бога !големо%20гушкањеголемо%20гушкање


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 10:17
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Љубовта е како вино.
Колку повеќе го пиеш, толку потрезвено гледаш и толку потрезвено се однесуваш љубов


Abe ti pijan da ne si? Kako mozit da lokas vino i da bides se potrezven i potrezven? haha sto nema da procitas na ovoj forum
Ако си љубел, немаше да имаш проблем да разбереш што пишува овде во редовите и меѓу редовите. среќа


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 10:21
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Ne mi e jasno sto saka avtorot na temata da kaze???????
Сакам да побудам да дојде до израз она што Господ го создава и го гради во секоја личност, која е во Жив, Личносен, Интимен, Љубовен, Татковско-Синовски/Ќеркински однос со Небесниот Отец.
 
Тој израз сакав да не бидат цитати од Светите Книги, туку она што не е запишано, а е Дадено (Подарено) од Бога.
 
Секој од нас, кој е отворен за Божјото Делување може да стане нов извор на Божјо Откровение!


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: misterX
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 10:51
Јас и сум љубел и сум пиел. И сега љубам ама повеќе не пијам затоа што колку повеќе пиев толку понерационално размислував и честопати се вовлекував во невољи.
Ова тука не ми е јасно, а другите работи се убаво кажани и така теба да се однесуваат луѓето. За жал малкумина денес размислуваат на тој начин !!!!

п.с. најди некој македонски збор за темава немој грчки, имам некое лошо чувство во стомаков кога ги спомнувам!!!


п.с.2
Ми текна што е финтата!!! Што повеќе пиеш вино толку повеќе МИСЛИШ дека си трезен ама на крај завршуваш на инфузија.


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 10:59
А кој спомна вино од грозје?среќа
Прочитај убавонамигнување


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: misterX
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 11:08
е не знам за други видови на вино, не сум многу по алкохолот а и кога сум бил не пиев вино.
Да не е вино од јаготки? Тоа сигурно не опива!!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 12:11
Да повториме:
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Љубовта е како вино.
Колку повеќе го пиеш, толку потрезвено гледаш и толку потрезвено се однесуваш љубов
 
Дали овде е спомнато вино од грозје или виното на љубовта?намигнувањеголемо%20гушкање


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 12:28
Покај(а)ната и смирената душа е почивалиште Божјо.среќа
Непокај(а)ната и несмирената душа е дувло на демони.тага


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 13:30

Желбата и силата за молитва се обратно пропорционални на бројот на страстите:

- колку повеќе страсти, толку помала желба и сила за молитва
- колку помалку страсти, толку поголема желба и сила за молитва


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 14:02
Вистинска љубов е онаа во која ќе ја изгубиш главата за доброто на личноста која ја сакаш! големо%20гушкање љубов

-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 15:31
Душата која се оддала на блуд, разврат и неморал, злиот ја прави се’ пострвна за блуд, разврат и неморал и плус ја натоварува и ја претоварува со уште повеќе зло и таквата душа пропаѓа / тоне се’ подолу кон се’ подлабоките дупки на пропаста. Таквата душа му е отворена на злиот и тој во неа си влегува како и кога сака, си излегува како и кога сака, наоѓа пристаниште во неа и ја упропастува и ја засмрдува се’ повеќе и повеќе и садистички ужива во нејзините маки, но не престанува да ја упропастува и уништува. Плодовите од дејството на злиот зависат од тоа колку душата му дозволува.

Душата која му е понизна и послушна на Господа, Семилостивиот ја храни со својата благодат и таа тежнее кон Совршенството. Кратко, сосем јасно и ПРЕКРАСНО! Плодовите од Дејството Божјо зависат од тоа колку душата Му дозволува.

Го Славам Бога! големо%20гушкање


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 08.Мај.2008 во 09:48

Сакаш да го ставиш злиот на мака? Смири се и ољубови се! Со кротките и смирените и со оние што љубат НА ДЕЛО, злиот има тешкотии! големо%20гушкање љубов



-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 08.Мај.2008 во 10:49
Страста е толку подла, што душата кога ќе и’ се отвори максимално на страста, може да биде доведена во ситуација да Му каже на небесниот Татко и Творец: “Не ми требаш“, а себеси да си каже “Сакам вечно да останам во овие сладострастија“ лутина

-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Мај.2008 во 11:05
Без нервози голема%20насмевка  големо%20гушкање

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 08.Мај.2008 во 11:42
Благодат, значи Благослов Дарувам
Благослов, значи Благо Слово
Човек што е полн со Зборови на Љубовта, тој е полн со Љубов

Љубовната Поезија и Љубовната Молитва го менува Човекот
Тој станува по природа Љубов, Нежност, Понизност, Попустливост

Затоа Господ заповедал: Молете се постојано
Благословувајте ги вашите непријатели
Во секој момент од нашиот живот да ја шириме љубовта
Преку Словото на Љубовта и преку делата на Љубовта

Затоа во Православната Црква постојат Дваесетина Огромни Молитвеници со Илјадници Страни
Тоа се Љубовни Молитви на Сите Светии, Осветени од Словото на Љубовта


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 08.Мај.2008 во 13:14
Човекот што љуби и се’ да изгуби пак ќе биде исполнет, бидејќи ако имаш САМО љубов - имаш се’. љубов
 
Човекот што не љуби или мрази, и да има се’, ќе биде празен, бидејќи ако имаш се’ а немаш САМО љубов, исто е како да немаш ништо.  сршено%20срце


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Мај.2008 во 15:31
Pravoslaven i Blagorodna, ubavo e da si ja sakate verata, no ne e ubavo da se vozdigate poradi toa i da gi omalovazhuvate drugite. Ako ushte ednash napishete raboti kako vo poslednite postovi, sto vi gi izbrishav, ke ve baniram bez opomena!

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 09.Мај.2008 во 08:44
Љубовта не стигнала до совршенство и не патува кон совршенството кај оној кој често го употѕребува зборот “јас“
 
Добро утро! големо%20гушкање


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 09.Мај.2008 во 10:04
Оној кој вели: “Товарот на животот ми е тежок“ не сфаќа дека носи многу лесен товар.
 
Оној кој носи тежок товар никогаш не се жали и товарот го носи со многу љубов и смирение!


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 09.Мај.2008 во 14:33

За да љубиш треба да се заљубиш.

Злиот работи со сите сили и на сите начини да го расипе и уништи ликот на ближниот во нас, па или да омлитавиш во љубовта кон него или да паднеш во омраза кон него... се’ само да не се заљубиш во него и да не го сакаш. Чувај ја твојата внатрешност од сатански влијанија... макар тие биле и најмали влијанија!


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 20.Април.2009 во 13:09
Телото е слуга на душата
и треба да внимаваме да не им стане роб на страстите!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk