Грешка во чекори Како дете пред слаткарски излог, со прстот в уста, ќе останат обичните смртници пред вратите на салата „Борис Трајковски“ на 22 мај. Свеченото отворање за нив ќе биде - затворено! Владата направи грешка во чекори што си зеде за право да си подели влезници само за себе, за федерациите и за спонзорите. Изговорот дека тие го платиле доаѓањето на кошаркарската атракција Харлем глобтротерс е голема заблуда, зашто парите со кои ги платила се наши, на даночните обврзници.Многу очиња ќе останат насолзени што волшебниците, кои сега им се на дофат, сепак ќе останат далечни. Привилегијата да ги видат ќе ја имаат многумина што можеби и првпат ќе присуствуваат на кошаркарски егзибиции. Денот што требаше да биде вистински празник за сите што го очекуваа огненото крштевање на спортскиот објект за кој мечтаат генерации, ќе се претвори во дефиле на елитизам. На трибините ќе дефилираат бизнис, политички и којзнае какви „елити“, на кои баскетот им е најмалку важен. Нема да биде ни прв ни последен од многуте на кои им се сече лента за време на кампања. Оваа влада не е исклучок кога станува збор за ваква политичка злоупотреба, особено на спортот, кој по дефиниција треба да е деполитизиран. повеќе инфо овде http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=575CDC1A595AA14C8EE2E40D0764B8C4 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=575CDC1A595AA14C8EE2E40D0764B8C4
Отворањето затворено за народот Владата и спонзорите, кои помогнале да дојде кошаркарско-циркуската атракција, ќе добијат најмногу билети,а еден дел ќе биде за федерации, клубовите и за медиумите
Ниту една од шесте илјади влезници за свеченото отворање на скопската сала „Борис Трајковски“ и за настапот на Харлем глобтротерс нема да биде пуштена во слободна продажба. Владата и спонзорите, кои финансиски го помогнале доведувањето на кошаркарско-циркуската атракција, ќе добие најголем дел од билетите, а еден дел ќе биде и за спортските федерации, клубовите и за медиумите.Неизвесно е и дали ќе има директен ТВ-пренос за пошироката јавност.
Се јавив во салата да прашам како да обезбедам влезница за гостувањето на Харлем глобтротерс, а како одговор добив дека нема влезници во слободна продажба. Кога прашав, како да му објаснам на детето дека не можеме да ги гледаме неговите омилени кошаркари, од спротивната страна не добив одговор - вели револтирано скопјанец што се јави во нашата редакција
повеќе инфо
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=062EA33B17C3844AAE7D72CB534066CA - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=062EA33B17C3844AAE7D72CB534066CA
|