НЕДЕЛА - ДЕН ЗА УБАВИНИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11893
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 15:00 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: НЕДЕЛА - ДЕН ЗА УБАВИНИ
Постирано од: majstorce62
Наслов: НЕДЕЛА - ДЕН ЗА УБАВИНИ
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 11:11
Недела е божји ден. Ден за убави работи. Колку овој ден ви се разликува од останатите денови во седмицата? Го чувствувате ли поинаку од другите денови?
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Коментари:
Постирано од: lpartik
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 11:22
Недела беше ден кога за ручек редовно имавме месо. Затоа и најмногу ги сакав неделите... Кога бев дете, мислев дека во неделите бездруго треба да времето да биде убаво, сончево, светло, куќата чиста...и се ми изгледаше некако светло. А ако некогаш во недела времето се расипеше, мислев дека Господ сигурно згрешил.
|
Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 16:30
Не знам зошто ама никогаш не сум ја доживувал неделата како посебен ден...
------------- http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk
http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 16:35
Недела ми асоцира на светлина, на свеченост, на дружење, на радост... Ден кога запира времето, кога ги снемува секојдневните проблеми, кога сите во фамилијата се собрани на куп и љубовта добива посебна димензија и топлина...
Недела е ден кога се полнат батериите за наредната седмица.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 16:36
a?,.....pa,valjda zatoa shto i ne e neshto posebna,...osven shto ne rabotish,....ako "gospod" ti dal takva rabota,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 16:36
nedela ne mi e poseben den pomala go sakav mnogu no sega ne
|
Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 16:56
majstorce62 напиша:
Недела ми асоцира на светлина, на свеченост, на дружење, на радост... Ден кога запира времето, кога ги снемува секојдневните проблеми, кога сите во фамилијата се собрани на куп и љубовта добива посебна димензија и топлина...
Недела е ден кога се полнат батериите за наредната седмица. |
Јас мислам дека сето тоа зависи од констелацијата на нештата во твојот живот. Ако неделата во твоето семејство била резервирана за дружења, семејни ручеци, неформална и опуштена атмосфера пред телевизор со пијалок и фудбалски натпревар, тогаш нормално дека неделата ќе ти претставува асоцијација на светлина, поврзаност, сплотеност и чувство на припаѓање.
Мојата констелација е друга Во моето семејство неделата отсекогаш имала работен предзнак и тој факт мене ме "индоктринирал" да го сметам овој ден како уште еден ден во низата работни.
------------- http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk
http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 17:04
Темата е индивидуална и крајно субјективна.Не реков дека сите денот недела треба да го чувствуваат како празник.
Некогаш беше, денес недела за многумина во Македонија е работен ден, како и сите останати.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 17:06
Инаку, мене лично, секој ден ми е недела.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 17:07
Да, баш бидејќи е субјективна, јас дадов (можеби и преекстензивно) објаснување за моите чувства кон неделата, зошто и како станале такви какви што се.
------------- http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk
http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 17:18
Quentin напиша:
Да, баш бидејќи е субјективна, јас дадов (можеби и преекстензивно) објаснување за моите чувства кон неделата, зошто и како станале такви какви што се. |
Е така де...Ама јас сум на мислење дека не постојат непроменливи категории... Се што не било може да биде, па во иднина да си имаш еден ден како празник во седмицата. Не е убаво и како во мојот случај, да ги имаш повеќе. Суфицитот некогаш ја уништува смислата и вредноста на нештата.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 17:23
Е, далеку од тоа дека немам слободни денови. Ги имам само не во такво "светло" руво како твојата недела. Моите слодобни и лежерни денови се прилично темни, со спуштени ролетни, со телото во хоризонтална положба
------------- http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk
http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 17:32
Quentin напиша:
Е, далеку од тоа дека немам слободни денови. Ги имам само не во такво "светло" руво како твојата недела. Моите слодобни и лежерни денови се прилично темни, со спуштени ролетни, со телото во хоризонтална положба |
Се во свое време.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: MAJA DIKOVA
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 21:56
VO BIBLIJATA PISUVA DRUGO DEKA SABOTATA E BOZJI DEN !!!!!
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 22:08
MAJA DIKOVA напиша:
VO BIBLIJATA PISUVA DRUGO DEKA SABOTATA E BOZJI DEN !!!!! |
Во Библијата пишува и: не кради, не лажи, не врши прељуба... Кој не украл нештро, кој не излагал барем еднаш во животот, кој не помислил на прељуба. Ми се јави еден пријател(инаку безгрешник) од Рајот и ми рече дека многу досадно му било таму - бил сам.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: MAJA DIKOVA
Датум на внесување: 15.Февруари.2008 во 15:11
A STO SAKAS DA KAZIZ DEKA NE E VOZMOZNO TOA STO PISUVA VO BIBLIJATA I NA DELO DA SE SPROVEDIREDTIMES
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 15.Февруари.2008 во 15:20
мајсторче мајсторче немој така мајсторче
------------- Македонците верувале во Сонцето ВЕРУВАЈТЕ И ВИЕ.
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 15.Февруари.2008 во 15:43
па таа сама се негира. вели „во библијата пишува дека сабота е божји ден“
кој одмора во сабота? нели е тоа доказ дека никој не ја почитува библијата и дека секој има грев?
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 15.Февруари.2008 во 15:46
Па кога самата библија не си се почитува и си противречи кој сакаш да ја почитува?
------------- Македонците верувале во Сонцето ВЕРУВАЈТЕ И ВИЕ.
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 15.Февруари.2008 во 15:56
A nekoj da ja prochita malku celata Biblija, namesto da pretpostavuva? Ubavo e objasneto vo Noviot Zavet vo vrska so denot za odmor, a i tuka na forumite e zboruvano za toa (mislam deka EvAngelos pishuvashe, ili Sard, ne se sekjavam tochno).
|
Постирано од: MAJA DIKOVA
Датум на внесување: 15.Февруари.2008 во 18:34
IMA LUGE KOI JA DRZAT I POCITUVAAT SABOTATA KAKO STO KAZUVA I BOG.A IMA I DRUGI 9 ZAPOVEDI NE E SAMO TAA!!!
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 01:35
да, ама повеќето во сабота работат. и ти мислиш дека газдите ќе ја укинат саботат како работен ден само затоа што така стои во библијата?
не биди утопист. тие прават многу поголеми гревови од овој.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 02:15
MAJA DIKOVA напиша:
VO BIBLIJATA PISUVA DRUGO DEKA SABOTATA E BOZJI DEN !!!!! |
Во мојата Библија (унгарски превод) пишува дека Божјиот ден е szombati, а не сабота.
И сега што? Кому да веруваме? На твојата или на мојата Библија?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 09:47
Сабота, на еврејски значи ден за Одмор
Не мора буквално да се свати
Секој седми ден, би требало да е ден за Славата Божја
Ден кога ќе се прочита дел од Светото Писмо
Тоа ќе биде Свет Ден, бидејќи Словото Божјо ќе го осветли денот со Духовна Светлина од Царството Небесно
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 10:39
ДЕН ВЕЛИКОБОЖЕН,ВО СВЕТЛИНА ИСКАПЕН,
НЕБОТО НА МОЈОТ СОН ГО УКРАДЕ
ЗОШТО, КОГА ДЕНОТ Е БОЖЈИ, ВО НЕГО СЕ СЛУЧУВААТ НЕУБАВИ НЕШТА? нЕЛИ Е РЕЗЕРВИРАН САМО ЗА УБАВИНИ?
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 10:43
мајсторче, шо се мешкаш кај шо не ти е местото?
Сите денови се Божји, друга е финтата со денот за одмор.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 10:59
не одговарај на нешто што не си го разбрал!
јас не се мешам, туку господ се меша.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 11:12
Тешко се разбираат финтите на Господ
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 16.Февруари.2008 во 11:35
Абе како го организирате времето во недела, е темата - не да се делите на соботари и неделари! Ако пишувате за ова, пишувајте, ако не одете во други теми и расправајте колку сакате за господ!
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 00:51
MAJA DIKOVA напиша:
IMA LUGE KOI JA DRZAT I POCITUVAAT SABOTATA KAKO STO KAZUVA I BOG.A IMA I DRUGI 9 ZAPOVEDI NE E SAMO TAA!!! |
Маја...оваа тема е Недела -ден за убавини, а не за саботари и неделари.
Во една друга тема објаснивме веќе зошто и како дошло до славење на неделата како ден за одмор, и мислам дека разјаснивме со тоа...
Како и да е утре е Недела, ден за убавини... Ден за славење и за одмор... Ден за заедништво со Бог, самите себе, семејството... Ќе биде студен ден-така кажаа, но не е пречка да се појде некаде, да се посетат (и да им се посвети време) на родителите, да се викнат пријатели, да се седне опуштено во некое убаво ресторанче со семејството....
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: sensei
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 04:23
недела - ден за јадење на прасе
------------- Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 05:27
Ne sakam da vi ja rasipuvam temata bidejki e navistina ubava.
Samo sakav da kazham deka sekoj den e den za ubavini. Jas ne bi prifatil deka treba samo eden den da bide posveten za spiritualnost, za zaednishtvo so Kreatorot i semejstvoto, kako i so seto onoa sto e okolu nas i sto vsushnost pretstavuva Negova manifestacija.
Takvata separacija gi obezvrednuva ostanatite denovi i gi stava eksplicitno vo ponevazhna uloga, kako neshto sto e sozdadeno za neubavina, za rabota (vo nepozitivna konotacija) i koi so toa kako da se pomalu vredni od nedelata.
Toa e mojot pogled i moeto ubeduvanje za vakvata podelba na denovite. Za mene site se podednakvo ubavi, podednakvo vredni, podednakvo vazhni i podednakvo produhoveni. Seto toa zavisi od nas, a ne od denot. Nie sme tie sto gi prifakjame denovite onaka kako sto ni gi interpretirale nekoi drugi, koi slushnale takvi interpretacii od nekoi drugi, a ovie povtoruvale nechii tugji damneshni zborovi...
Sekoj den e prekrasen Bozhji dar i samo do nas ostanuva dali toa ke go prepoznaeme. Za nashiot kontaktot so Kreatorot i nasheto semejstvo ne postoi nekakov specijalen den odreden za toa, koj treba da go chekame za da go posvetime nasheto vnimanie. Sekoj den e dobar den i sekoj den e sozdaden za Ljubov, Dobrina i Spiritualnost so nas samite, so nashiot tvorec, so nasheto semejstvo i seto onoa sto egzistira okolu nas.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 10:33
Така е Меси, само и јас несакав темава да забега во адвентистички правец, бидејќи расчистивме околу тоа на друга тема, па затоа потенцирав што се можеме да правиме во Недела...(како и секој друг ден).
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 16:20
ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО НЕДЕЛА Е ДЕН ЗА ОДМОР. ОВОЈ ДЕН КАКО ТАКОВ ГО ПОЧИТУВААТ ВО СИТЕ ХРИСТИЈАНСКИ ЗЕМЈИ - А ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПОЧИТУВА И КАЈ НАС. ПА И САМОТО ИМЕ НЕ - ДЕЛА ОД СТАРОСЛОВЕНСКИОТ ГЛАГОЛ ДЕЛА (РАБОТИ) И НЕГАЦИЈАТА НЕ УПАТУВА НА НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ ВО ЖИВОТОТ НА ЧОВЕКОТ. ДА СЕ ПОИСТОВЕТУВААТ НА ОВОЈ ДЕН СО УБАВИНИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ ВО ГЕНЕРАЛНА СМИСЛА Е АПСУРДНО. СЕКОЈ ДЕН ОД СЕДМИЦАТА ЛИЧНО МОЖЕ СО НЕШТО ДА НЕ ИЗНЕНАДИ ВО ПОЗИТИВНА СМИСЛА, ДА НИ ДОНЕСЕ НЕКОЈА ЖИВОТНА УБАВИНА, НО САМО КАКО ИЗОЛИРАНА ФОРМА. АКО ВО СРЕДАТА МИ СЕ СЛУЧИЛО НЕШТО УБАВО - НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СЕКОЈА СРЕДА ЌЕ МИ СЕ СЛУЧУВА. ЗА РАЗЛИКА ОД ДРУГИТЕ ДЕНОВИ, НЕДЕЛАТА Е ДЕН КОГА СМЕ ОД УТРО ДО МРАК ДОМА, СО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО, СО СВОИТЕ БЛИСКИ, КОГА МОЖЕМЕ ДА УЖИВАМЕ ВО БЛАГОДЕТИТЕ НА ОДМОРОТ - ДА ТРКНЕМЕ ДО НЕКОЕ ИЗЛЕТНИЧКО МЕСТО, ДА СЕ РЕЛАКСИРАМЕ, И ДА ГИ НАПОЛНИМЕ БАТЕРИИТЕ ЗА НАРЕДНАТА СЕДМИЦА. ОСТАНАТИТЕ ДЕНОВИ ОВА ЗАДОВОЛСТВО НЕ НИ ГО ПРУЖААТ. ОД ТОЈ АСПЕКТ ГО НАРЕКОВ БОЖЈИ ДЕН ЗА УБАВИНА. НО АКО НА НЕКОИ ВЕРНИЦИ НЕ ИМ ОДГОВАРА, ТОГАШ ЌЕ ГО ПРЕФОРМУЛИРАМ ВО - БОЖЕНСТВЕН ДЕН ЗА УБАВИНА. МИСЛАМ ДЕКА ВАКА ЌЕ БИДЕТЕ ПОЗАДОВОЛНИ.
ЗНАЧИ, НЕДЕЛА ОД СОЦИОЛОШКИ АСПЕКТ, НЕ ОД ВЕРСКИ
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 20:13
Majstorche, jas nemam nishto potiv sekoj chovek da si go interpretira vremeto kako sto saka. Toa si e negovo pravo.
Inaku, duri i ako odime po onoa staroto, deka nedela e za ne-delanje, pa spoed toa i vreme da se bide doma so semejstvoto ili vo crkva so drugite lugje od komunata, mozham da ti recham deka taa slika se pomalu odgovara na deneshnata vistina. Vo Amerika poveke nema nitu klasichna nedela, nitu ponedelnik. Se raboti sekoj den i ne se raboti isto taka, spored potrebite i uslovite. Lugjeto se so sebe i semejstvata koga mozhat i kolku sto mozhat preku celata sedmica.
Inaku i natamu ostanuvam na mojot predhoden komentar deka sekakvo struktuiranje na denovite i posvetuvanje odredena vrednost za sekoj od niv jas lichno ne go smetam za korektno, bez obzir sto mozhebi nekoj ke najde opravduvanje za toa vo Stariot Zavet. Ili podrugo kazhano, navistina nemam namera da zemam nishto kako definitiven argment ili avtoritet samo zatoa sto e navedeno vo Biblijata, k*ranot ili bilo koja druga Kniga, ako jas denes po nekoja prichina ne se slozhuvam so toa. Ednostavno ne prifakjam dogmi samo zatoa sto se vostanoveni od nekoj i nekogash i zatoa sto nekoi nekogash, pa i denes gi sledat bez iskreno da gi stavat pod znak prashanje.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 21:11
majstorce62 напиша:
ЗНАЧИ, НЕДЕЛА ОД СОЦИОЛОШКИ АСПЕКТ, НЕ ОД ВЕРСКИ |
Штом така, зошто тогаш ја постави темава во Веронаука, а не на пр. во Филозофија и Психологија или Разно? А? Или...овде е поинтересно, пожестоко...хахааха
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 23:40
maria_magdalena напиша:
majstorce62 напиша:
ЗНАЧИ, НЕДЕЛА ОД СОЦИОЛОШКИ АСПЕКТ, НЕ ОД ВЕРСКИ | Штом така, зошто тогаш ја постави темава во Веронаука, а не на пр. во Филозофија и Психологија или Разно? А?Или...овде е поинтересно, пожестоко...хахааха |
МОЖЕБИ ВЛИЈАНИЕ ИМАШЕ ФАКТОТ ШТО ВО НЕДЕЛА, МЕЖУ ДРУГОТО, ВЕРНИЦИТЕ ОДАТ ПОМАСОВНО В ЦРКВА. ЈАС НЕ ОДАМ, ЗА НИВ ЈА СТАВИВ ВО ОВОЈ ФОРУМ. ЗА МЕНЕ НЕДЕЛА Е ДЕН КОГА СЕТО СЕМЕЈСТВО ИМА МОЖНОСТ ДА БИДЕ ЗАЕДНО, НА КУП, ШТО БИ СЕ РЕКЛО, СВЕЧЕН РУЧЕК, АНАЛИЗА НА ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА, ПЛАНОВИ ЗА НАРЕДНАТА... СЕКОЈ ОД СВОЈ АГОЛ, НО НЕ ЈА СТАВИВ ЗА ДИСКУСИЈА КОЈ ДЕН Е БОЖЈИ, ТУКУ КОНКРЕТНО - НЕДЕЛА.ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО МЕНЕ, МОДЕРАТОРИТЕ МОЖАТ ДА ЈА ПРЕФРЛАТ ВО ФОРУМ КОЈ ШТО Е НАЈПОГОДЕН ЗА НЕА.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Февруари.2008 во 23:46
Каде и да се постави-секогаш нешто ќе чкрипне, се некој ќе рипне.... Арна си е и овде.... Еве....денес имавме интересен ден, полн со збиднувања...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 24.Февруари.2008 во 10:05
СОВЕТ ЗА ДЕНЕС.
БИДЕТЕ СО НАЈБЛИСКИТЕ: СО СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ. ОТИДЕТЕ НЕКАДЕ НА ИЗЛЕТ - НЕКА ГОРАТ СКАРИТЕ, А МЕСОТО НЕКА ЦРЧОРИ,НЕКА СЕ ТОПИ НА НИВ. ПИВНЕТЕ МАКУ ДОМАШНА, ЗАПЕЈТЕ ОД СРЦЕ НЕКОЈА МАКЕДОНСКА... УЖИВАЈТЕ ВО УБАВИНИТЕ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН!
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 24.Февруари.2008 во 11:16
Preubav den e denes. Sonceto pece silno, i kako da ne e secko, uzivancija . Vo Ohrid letoto kako da doslo uste sega. I ne e vazno sto lugjeto kazuvaat deka ova ne ke e na arno, se e arno sekogas e arno . Iako nedela denes zena mi raboti, iako jas i moite decinja sme griposni i kivame bez zadrska, nisto ne moze da ja namali radosta na denot na novata nedela, radosta na zivotot. Iako doma, jas sum sreken zosto znam deka ovoj sloboden den go slavat mnogumina i im gi gree srcata so mir so koj kako Bog da ni vika ne grizete se ve sakam sekogas a osobeno koga vo sloboda se sakate ogreani od sonceto. No i onie sto rabotat neka osetat ne samo denes deka zivotot e prekrasen, neka radosta na decata koja se trudi da ne zarazi sekojdnevno a ne edas sedmicno dopre do nas, i togas neka sekoj den po nekolku minuti gi restartira tie nasi mozocinja optovareni so grizi.
------------- Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 24.Февруари.2008 во 11:24
УБАВО КАЖАНО, ПОСТАР БРАТЕ. ЖАЛ МИ Е ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА ВО СЕМЕЈСТВОТО. АМА ТИ ПОСАКУВАМ ЛОШИТЕ ДУХОВИ НА ГРИПОТ УШТЕ ДЕНЕС ДА СИ ГО ПОДВИТКААТ ОПАШОТ И ДА ВЕ ОСТАВАТ НА РААТ.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 24.Февруари.2008 во 11:26
Fala za ubavite zelbi i pominetesi site ubavo.
------------- Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
|