Катар
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11857
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 21:28 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Катар
Постирано од: tofu
Наслов: Катар
Датум на внесување: 01.Февруари.2008 во 12:25
Дали некој случајно патувал за Катар? Или знае некој што бил таму? Македонците виза за Катар можат да извадат дури во Рим! Нема ли полесен начин да се дојде до странски визи за држави кои немаат амбасади во Скопје? Фала им на сите што ќе ми одговорат
|
Коментари:
Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 01.Февруари.2008 во 14:44
Претседателот Црвенкоски не претставуваше во Катар минатат недела чинам. Таму беше гостин и разговараше за нивни инвестиции кај нас
------------- http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 01.Февруари.2008 во 15:06
Да, да, знам. Ама јас немам дипломатски пасош и приватен авион!
|
Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 02:31
tofu напиша:
Да, да, знам. Ама јас немам дипломатски пасош и приватен авион! |
Е ако де, ќе се изорганизираме некако
------------- http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 10:11
Да, јас случајно бев во Катар. Тргнав на пат за Брегот на слоновата коска, ама дувна едно ветриште и ме однесе во Катар.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 18:07
Па не е Катар толку затуцано место. Доха е новиот Дубаи! Богати се затоа и тешко се влегува во таа земја.
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 18:14
Не знам многу за Катар. Само направив мала шега на сметка на прилогот случајно. Обично се патува со некоја намера, нели? Ај, бекли не се лутиш за шегата?
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 19:23
Дај најдете податоци да не запознаете поблиску со Катар.
------------- http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 13:39
Да сакам да посетам некого. Комплицирано за објаснување.
Во суштина Катар живее од нафтата, како и повеќето Блискоисточни земји. Повеќе има странци, отколку Катарци во земјата. Катарците (веројатно така се викаат) ги вртат парите, живеат како шеици. За нив работат најмногу Индијци, Филипинци. Редовно во лето (и пролет и есен) е пеколно жешко, а на улиците никој не шета, само Индијци работници. Државата е многу затворена, жените не смее да се гледаат во очи. Девојка да си фатите речиси нема шанси. Е затоа многу има хомосексуални врски. Инаку жените се многу почитувани. Дури и некоја да направи сообраќаен прекршок ќе остане неказнета, затоа што на полицаецот ќе му биде непријатно да ја казни. Во Катар криминал нема во никаква форма. Но тешко си на мажите што сами живеат таму! Најголема занимација на жените им е шопинг. Културен живот речиси да нема. Најмногу почитуваат Американци и Англичани, другите се дури и дискриминирани. Отприлика тоа е тоа. Богата и мирна земја без душа.
|
Постирано од: Aisha
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 21:52
Probaj vo Tirana....
Tamu se naoga ambasadata na Saudiska Arabija, pa mislam deka moze nesto preku niv...
Bidejki Axiite koga odat, vadat vizi vo Tirana, a potoa skonuvaat i do Katar, Bahrein i sl.
Probaj
------------- PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:13
Фала Aisha. Ќе пробам да ги контактирам некако. Веројатно зборуаат англиски.
|
Постирано од: Aisha
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 21:52
Njagolemi sojuznici na SAD se, normalno deka znaat....
------------- PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 01:06
tofu напиша:
Да сакам да посетам некого. Комплицирано за објаснување.
Во суштина Катар живее од нафтата, како и повеќето Блискоисточни земји. Повеќе има странци, отколку Катарци во земјата. Катарците (веројатно така се викаат) ги вртат парите, живеат како шеици. За нив работат најмногу Индијци, Филипинци. Редовно во лето (и пролет и есен) е пеколно жешко, а на улиците никој не шета, само Индијци работници. Државата е многу затворена, жените не смее да се гледаат во очи. Девојка да си фатите речиси нема шанси. Е затоа многу има хомосексуални врски. Инаку жените се многу почитувани. Дури и некоја да направи сообраќаен прекршок ќе остане неказнета, затоа што на полицаецот ќе му биде непријатно да ја казни. Во Катар криминал нема во никаква форма. Но тешко си на мажите што сами живеат таму! Најголема занимација на жените им е шопинг. Културен живот речиси да нема. Најмногу почитуваат Американци и Англичани, другите се дури и дискриминирани. Отприлика тоа е тоа. Богата и мирна земја без душа. |
Благодарам за исцрпното објаснување. Па не е и некоја дестинација... Сто знам?!
Сепак фала!!
------------- http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 09:03
Aisha, мислев на амбасадата во Албанија, дека најверојатно зборуваат англиски.
Bidi Fit, да не сакав да посетам некој што живее таму, а не може да ја напушти земјата, немаше ни на крај памет да ми падне да одам во Катар. Во право си, не е воопшто привлечна дестинација.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 09:38
Не би имала против да го посетам... Обично не се ослонувам кога некој ќе рече за некаде “не е убаво“, зависи кој каде и во што ја гледа убавината, тоа е многу субјективно доживување.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: diogenskopje
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 09:46
tofu...ovde ne se slozuvam so tebe....KATAR..e edna od najprivlecnite muslimanski zemji..a bogami i ima sto da se vidi...ke ostanete bez zdiv
------------- When I die, I want to go peacefully like my grandfather did, in his sleep. Not yelling and screaming like the passengers in his car."
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 11:02
Па Диоген ако си бил кажи ми како да стигнам таму? Точно Марија Магдалена рече, ова е мое субјективно мислење затоа што не сакам земји каде што не можам да видам историја. Ај па може ако ја видам ќе ми се допадне.
|
Постирано од: Aisha
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 16:01
Pa koj veli deka Katar nema istorija?
Ima i toa bogata!
IDI VIDI
------------- PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 10.Февруари.2008 во 15:45
Ај ке ти верувам. Ќе идам и ќе видам
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 10.Февруари.2008 во 15:50
И јас би..ама...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 11.Февруари.2008 во 09:46
Aisha во Албанија во амбасадата на Саудиска Арабија да не даваат виза за аџии?
|
Постирано од: Aisha
Датум на внесување: 11.Февруари.2008 во 21:09
Vo Ambasadata davaat vizi za adzii, turisticki vizi kako i biznis vizi.
Javi se i prasaj, inaku za sojuznicite, pa koj veli deka i Albancite ne im se sojuznici!
------------- PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 12.Февруари.2008 во 08:11
Па добро јас немам никаква врска со Албанија, јас сум Македонец, кој ме ферма мене
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 11.Септември.2011 во 20:17
Jas sum vo Doha i moram da priznaam deka e preubavo, se e sredeno naokolu , za sekoe gjubre ti sleduvaat kazni
Najgolem broj iselenici ima od Pakistan, Indija, Banglades, Sri Lanka
Arapski im e oficijalen jazik i ko ides u prodavnica da kupis za jadenje i pienje na site proizodi e iznapisano so arapski bukvi
Ima preubavi trgovski centri , ko ke vlezes ke se izgubes od sto ima i od pile mleko , nema da ti stigne eden den za da prosetas niz eden od trgovskite, a ne pak site da gi razgledas. Interesno e sto mozes da se pazaruvas za poeftina cena da ti dadat ako sakas da kupes nesto
Zabraneto e da se pie alkohol vo javnost, zabraneto e guskanje, baknuvanje vo javnost
Petok i sabota se vikend denovi tuka.
Vo 2022 god tuka ke se odrzuva FIFA world cup, fudbalot
Za razlika od Dubai, vo Doha se poeftini cenite.
Edinstena rabota sto ne se izdrzuva se visokite temperaturi do 45 stepeni......zatoa na site strani ima postaveno klima uredi za da preziveat lugjevo inace ke se umre od zesko.
I da, kako sto nekoj spomnal vo komentarite,,,tocno taka, zenite se mnogu pocituvani tuka taka da privilegija e da si zensko .
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Јануари.2012 во 22:04
Еве нешто интересно за Катар!!!
Катар دولة قطرКатар, или уште попознато како државата Катар или како што локално го нарекуваат Давлат Катар, е Арапски емират, земја на Блискиот Исток, која го зазема малиот Катар полуостров лоциран на североисточната обала на големиот Арапски полуосторов. Главен град на државата Катар е Доха. Катар се граничи со Саудиска Арабија од јужната страна, додека остатокот од територијата лежи во водите на Персискиот залив. По водена линија на запад Катар се граничи со островот Бахреин. Од 2004 година Катар е поделен на осум општини. Катар претставува владеачка монархија назначена и предводена од Ал Тани фамилијата уште од средината на 19-от век. Како поранешен Британски протекторат најчесто експолоатиран за производство на бисери, својата независност како држава ја прогласува во 1971 година и притоа станува една од најбогатите држави во светот посебно позната по големото изобилство на нафта и природен гас. Во 1995 година, Шеик Хамад бин Калифа ал Тани ја превзема власта од својот татко Калифа бин Хамад Ал Тани и станува Емир, Исламки владетел на Катар. Најзначајните позиции во Катар се под раководство на членови од фалимијата Ал Тани или нивни блиски доверливи соработници. На почетокот на 1992 година, Катар воспоставил блиски воени врски со Соединетите Американски Дражави притоа станувајќи Стратешка локација на нивниот Команден Центар и заеднички Команден Воздухопловден Центар на Катар. Катар имаат најголем приход по глава жител во светот и е најголем снабдувач на нафта и природен гас во светот. Во 2010 година Катар имал најголем БДП по глава жител, со економски пораст од 19,40%. Главни движечи мотори на брзиот развој и пораст на Катарската економија се големото производство и извоз на течен гас, нафта, петрохемиски производи и слични индустрии од овој вид. По Обединетите Арапски Емирати, Катар има највисок пораст на развој во полето на човечки ресурси во Арапскиот свет. Во 2009 година, Катар се котирал на високото петто место по извоз на пазарот во САД, оставајќи ги задсебе О.А.Е., Израел, Саудиска Арабија и Египет. Катар има монархиска емиратска тип на влада, со комбиниран правен систем составен од Исламски (или уште наречени Шариа) и граѓански права целосно контролиран од страна на Емиратот. Иако граѓанските права се имплементирани во законскиот систем, сепак Исламските права се најчесто користени за решавање на фамилијарни и лични проблеми. Законите се дизајнирани така да ја штитат монархијата и нивните наследни права. Катар доживеал висок економски пораст во изминатите години кое е одраз на порастот на цената на нафтата, а во 2008 година го објавил буџетскиот статус на осумте последователи снабдувачи. Економската полиса на Катар се заснова на развој на ресурси не поврзани со експлоатација на природен гас и поттикнување на приватните и странските ивестиции во неенергетскиот сектор. Сепак производството на нафта и гас придонесуваат 50% во буџетото на БДП, околу 85% е придонесот од извоз на обетки, и 70% се владини приходи. Производството на нафта и гас го направиле Катар, држава со наjвисок приход и најбрз економски раст во светот. Се проценува дека резервите на нафта на Катар достигнуваат 15 билиони барели што е доволна резерва за производство на нафта за наредните 37 години. Резервите на природен гас на Катар се проценуваат на околу 26 трилиони кубни метри за гас, што всушност претставува 14% од светското производство и е трета земја производител на гас во светот. Во 2011 година, популацијата на население во Катар изнесувала 1,692,262 (848,016)жители. Околу 550,000 граѓани кои се на привремена работат и живеат без своите семејства во Катар, се од јужна и југоисточна Азија и од другите Арапски земји. Повеќето странски работници кои живеат во Катар со своите семејства се населени во околината на градовите Доха, Ал Кор, Месаиеед и Дукан. Исламот е доминантна религиска определба во Катар, каде околу 80% од популацијата се муслимани. Религијата, според правните закони на Катар, не е предуслов за добивање на Катарско државјанство. Други религии кои се населени во Катар се Христијани 6,5% и Друга религиска определба 13,5%. Во изминатите години Катар остварил голем придонес во едукативниот систем на Катар. Според државниот закон, задолжително е да се проследи образованието од градинка до средно училиште. Во 1973 година е основан Универзитетот Катар. Во скоро време со помош на Катарската Фондација е овозможено реномирани Американски универзитети да отворат свои едукативни кампови во Катар. Највисокото едукативно ниво е Диплома за завршени додипломски студии.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 08.Февруари.2012 во 11:28
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 08.Февруари.2012 во 14:44
MindyСе заљубувам во градов. Се надевам дека ќе останеш до 2022 и ќе бидеш со некој милионер до тебе во VIP ложа
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 09:51
Santijagooooooooooooooooooooo
Јас се вљубив во Норвешка , ќе мора да барам норвежанец за маж.
А што се однесува до Катар, дај бе дојдете со дада ми ( знаеш која) овоа лето , ќе ве шетам и до Абу Даби и до Дубаи на моја сметка
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 12:39
Поздрав до членовите од фолк енсамблот Танец и дај боже наскоро пак да дојдат тука бидејки во весници на големо се пишува за нив, многу позитивни коментари и комплименти , Браво наши
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 13:21
Mindy напиша:
Santijagooooooooooooooooooooo
Јас се вљубив во Норвешка , ќе мора да барам норвежанец за маж.
А што се однесува до Катар, дај бе дојдете со дада ми ( знаеш која) овоа лето , ќе ве шетам и до Абу Даби и до Дубаи на моја сметка
|
Браво за Танец, а за другово... Ако и спомнеш на дада ти, одма ќе се качи на авион и за 3 дена ќе ти се нацрта таму Јас сум малку тежок по тоа прашање. Да летам пола ден до таму...
Инаку сакав да те прашам, дали важи она правилото дека двајца од различен пол не смеат да бидат во иста соба ако не приложат интернационален извод дека се во брак? Затоа би ти ја пратил само мала моја, ем нема да има проблеми(да спиеме разделени во хотел ), ем по шетањето е, ем женско е и си го имате муабетот
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Февруари.2012 во 01:47
Nekolku fakti shto vredat da bidat spomnati vo vrska so proektot Katar 2022:
Preku 35 miljardi dolari kje bidat potrosheni za podobruvanje na zeleznichkiot soobrakjaj
Brojot na hoteli kje se zgolemi na 240 koi kje imaat kapacitet od preku 90000 sobi
Kje bidat izgradeni 12 novi stadioni koi kje bidat vo moznost da ugostat preku polovina milion lugje
Preku 20 miljardi dolari kje bidat potrosheni za podobruvanje na patnata infrastruktura
I dokolku ne se lazam kje bide kompletiran patniot proekt Qatar - Bahrain, vreden okolu 4 miljardi dolari
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Февруари.2012 во 02:15
Eve go mostot shto treba da go povrze zapadniot del od Katar so istochniot na Bahrain.Dolg okolu 40 km i kako shto gledate kje ima i mesto za voz. Impresivno!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Февруари.2012 во 03:02
I ushte neshto za Katar..
Lusail kje bide mestoto kade shto kje vodat site patishta vo 2022. Tamu kje se odrzi otvaranjeto i finaleto na SP vo Katar. Vaka kje izgleda stadionot so kapacitet od 86250 sedishta..
Da napomenam deka na istoto mesto se razviva Lusail City. Nov, planski grad koj shto zafakja povrshina od okolu 35 km2 so kapacitet od 200-250 iljadi ziteli. Gradot se naogja na okolu 15 km od glavniot grad na Katar - Doha.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 14:22
http://www.limbo.mk/Zivot-Stil/Forbs-Katar-Najbogata-Zemja-Vo-Svetot" rel="nofollow - Форбс: Катар најбогата земја во светот Благодарение на зголемувањето на цените на нафта и гас во земјите
на Персискиот Залив -Катар, со 1,7 милиони жители, е прва на листата
на најбогати земји во светот. Катар е трета во светот по количините на
резерви гас, има инвестирано многу во инфраструктурата и е центар
на голем број мултинационални финансиски компании.
Користејќи податоци од ММФ во 2010 година, според анализите на
бруто националниот приход по глава на жител изразен во куповна
моќ во 182 земји, Форбс ја составил листата на најбогатите земји во
светот.
По Катар, чиј бруто национален доход во паритет на куповната моќ во
2010 година достигна 88.000 долари по глава на жител, втор на листата се
најде европската земја Луксембург со 81 000 долари. Луксембург, земја со половина милион луѓе, поради строгите закони за банкарска сигурност се смета за финансиски рај.
Центарот на технологијата, производството и финансиите во областа на
пазарот во Далечниот Исток, Сингапур, со 56 700 долари се најде на
третото место.
Следни се земјите чие богатство се базира на природни ресурси, пред
се нафта и гас. Четвртото и петтото место го заземаат Брунеи и
Норвешка со 48,000 долари од бруто националниот приход по глава на
жител. Обединетите Арапски Емирати се на шестото место со 47.500 долари, додека Кувајт на 15 место.
Најсиромашните три земји кои се најдоа на дното на листата се
африканските земји, Бурунди (400 долари), Либерија 386 долари и
Демократска Република Конго (312 долари).
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 14:25
Santijago напиша:
Браво за Танец, а за другово... Ако и спомнеш на дада ти, одма ќе се качи на авион и за 3 дена ќе ти се нацрта таму Јас сум малку тежок по тоа прашање. Да летам пола ден до таму...
Инаку сакав да те прашам, дали важи она правилото дека двајца од различен пол не смеат да бидат во иста соба ако не приложат интернационален извод дека се во брак? Затоа би ти ја пратил само мала моја, ем нема да има проблеми(да спиеме разделени во хотел ), ем по шетањето е, ем женско е и си го имате муабетот |
Точно е тоа, мора да покажеш документ дека сте во брак.......затоа мене ми фали секс тука јбг
Поздрави ја многу дада ми и нека ми пише на фејсбук ако планира да дојде наваму за да ја пречекам на аеродром.
-------------
|
Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 02.Март.2012 во 22:06
Минди, каков ти е животот таму како на странска жена? Како го пополнуваш слободното време освен со шопинг?
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 15:27
Зависи колку слободно време имам.......Ако имам 1 ден слободен МОРАМ да бидам дома(освен ако ми треба нешто од супермаркет на 10-15 минути да излезам) и да одмарам ( такви се правилата ), а ако имам 2, 3 или 4 дена тогаш слободно можам да идам било каде на шетање , но најчесто со колешкиве идеме на плажа , на кино , на заеднички ручек во некој од рестораните или шетаме покрај т.н. корзо ...еве слика
Инаку секоја вечер се дешаваат журки низ градот, има латино вечер, романска вечер (со диџеи од Романија) , арапска вечер, караоке вечер ........но за жал не излегувам јас по дискотекиве бидејки оние кои биле постојани се жалат на проблеми со машки од Либан бидејки знаат да бидат досадни ко пијавици , а плус морам да бидам во форма постојано оти некогаш знаат да се јават од канцеларија на неочекувано да замениме некоја девојка на некој лет , така да не смееме да пиеме , пушеме ( до душа јас ниту пушам, ниту пијам алкохол ) а пред секој лет не проверуваат дали сме пиеле и такви ствари.
Има некои идат на јога, на танц и така.
Се на се, најчесто излегувам некои 4- 5 саати некаде, па се враќам назад ( пошто обеезбедувањево овде води сметка која женска во колку излегла и кога се враќа и дали се враќа со такси или со друга кола со непознато лице )
-------------
|
Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 21:21
Добра дисциплина !
|
Постирано од: dejan13
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 15:44
prasanjevo moe e za tuka :), treba da patuvam za Bali, preku Qatar , tamu imam pauzaod 3.5 saati, pa me interesira dali mi e potrebnoda vadam viza za Qatar? Moe mislenje e deka ne treba posto nema da go napustam aerodromot ama sepak da prasam bidejki nemam takvo iskustvo.
------------- http://www.istockphoto.com/user_view.php?id=1449555 - http://www.istockphoto.com/user_view.php?id=1449555
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 16:03
dejan13 напиша:
prasanjevo moe e za tuka :), treba da patuvam za Bali, preku Qatar , tamu imam pauzaod 3.5 saati, pa me interesira dali mi e potrebnoda vadam viza za Qatar? Moe mislenje e deka ne treba posto nema da go napustam aerodromot ama sepak da prasam bidejki nemam takvo iskustvo.
|
Колку што сум запознаена ( а поприлично сум ) не ти треба. По симнувањето во Доха ќе бидеш префрлен до кај што ти е следниот лет...под претпоставка дека имаш конектиран лет... Доколку немаш ете ја Минди, секој втор ден е на аеродром, мора да знае
Btw....Дадоооо....да дојдам таму ааа?... ама па.....што знам
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 18:08
saguaro напиша:
Добра дисциплина ! |
Богами
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 18:13
Дадоооооооооооооооооооооо, најубава си меѓу сите оние што ги гледав
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 18:18
Фала дадо , од срце фала.
Многу те сакам , најискрено
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 18:38
dejan13 напиша:
prasanjevo moe e za tuka :), treba da patuvam za Bali, preku Qatar , tamu imam pauzaod 3.5 saati, pa me interesira dali mi e potrebnoda vadam viza za Qatar? Moe mislenje e deka ne treba posto nema da go napustam aerodromot ama sepak da prasam bidejki nemam takvo iskustvo.
|
Не. Нема потреба од виза.
-------------
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 19:29
Mindy напиша:
|
Јас убаво напишав пред извесно време дека Минди ни е најубава на форумов...... (сум имал право)
-------------
|
Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 07.Март.2012 во 19:20
Навистина Минди прекрасна си! Само уживај во младоста.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 15.Април.2012 во 12:53
На ФБ страната на Qatar Airways ја видов сликава. Инаку станува збор за аеродромот...Ќе бил завршен кон крајот на 2012
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 15.Јули.2012 во 18:49
Катарскиот авиопревозник според проценките на 18 милиони патници е најсигурен и најдобар избор за летање.
На годишниот меѓународен собир за воздухопловство "Farnborough", кој
се одржува во Хемпшир, Велика Британија, катарскиот национален
воздухопловен превозник "Qatar Airways" втора година по ред ја освои
наградата за најдобра воздухопловна компанија во светот, како и
наградите за најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток и наградата за
Најдобра услуга од персоналот за воздушните линии во Блискиот исток.
Наградата "Skytrax" се доделува врз основа на најголемото независно
глобално истражување од страна на светската авијација, кое се спроведува
во повеќе од 100 земји и опфаќа над 18 милиони патници.
"Ние сме многу горди на оваа награда затоа што ни ја доделуваат луѓето кои ги користат нашите услуги и летаат со нас.
Чувствуваме дека ги имаме исполнето нивните очекувања и ја имаме
оправдано довербата која ја имаат во нас", изјави главниот извршен
директор на "Qatar Airways", Акбар Ал Бакер.
Тој дополни дека повторното освојување на наградата претставува уште
поголем успех од првиот пат затоа што со тоа докажале дека не се
"опуштиле" поради претходните пофалби.
"Qatar Airways" доживеа брз раст во 15-те години од своето постоење, а
денес има флота од 109 летала и 117 дестинации низ Европа, Блискиот
Исток, Азија, Пацификот и Северна и Јужна Америка.
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Јули.2012 во 22:01
Парите и ПОЛНАТА ПОСВЕТЕНОСТ кон работата и нејзината цел секогаш го даваат бараниот ефект.
Плачењата, офкањата, жалењето дека секогаш некој е крив за нашата судбина и резултатите на работата и живеењето, никогаш не давале добар резултат.
Никогаш !
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Јули.2012 во 13:26
Qatar Airways otsekogash bila avio kompanija kaj koja shto kvalitetot bil na prvo mesto. Smetam deka doprva kje sledat bezbroj priznanija.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 16.Јули.2012 во 13:51
Messenger напиша:
Парите и ПОЛНАТА ПОСВЕТЕНОСТ кон работата и нејзината цел секогаш го даваат бараниот ефект.
Плачењата, офкањата, жалењето дека секогаш некој е крив за нашата судбина и резултатите на работата и живеењето, никогаш не давале добар резултат.
Никогаш !
|
Не станува збор за полна посветеност туку за многуте строги правила кои ги има фирмата и ги очекува од вработените. Толку многу се строги што за ситна грешка може да добиеш warning latter и на следна грешка да те отпуштат од работа без око да им трепне.
На многумина им паѓа тешко и напорно да ги почитуваат тие правила , бидејки кога некој ке дојде овде си мисли дека се е така лесно и подредено и дека нема потреба да се замара, а уствари не е свесен колку многу треба да внимава и додека е на работа и надвор од работно време .
Премногу строга контрола над сите нас, ама лично мене не ми пречи тоа, јас сум навикната да живеам со правила цел живот и баш ми одговара, ма само така да се знае да се има ред, само така строго.
И навистина е заслужена наградата за најдобра компанија во светот бидејки безбедноста и сигурноста на патниците се на прво место и најбитни , а после тоа следува услугата, љубезноста и се по ред.
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Јули.2012 во 22:29
како и секој друг национален авиопревозник... особено блискоисточниве компании профитираа од развојот на регионот и релациите на кои летаат, затоа денес можат да си ги дозволат најскапите авиони, најдобра опрема и луѓе
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
|