Испечати | Затвори го прозорот

Први на Марс

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Наука
Опис на форумот: Астрономија, Генетика, Физика...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11577
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 12:29
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Први на Марс
Постирано од: DenizC
Наслов: Први на Марс
Датум на внесување: 16.Јануари.2008 во 23:38
Кој прв ќе стапне на Марс?



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Јануари.2008 во 23:42
mislish ,....koj ke im odi na gosti na rusite,....tie se vekje tamu,...

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: m__g__
Датум на внесување: 16.Јануари.2008 во 23:47
Арнолд

will be back...


-------------
Go ahead!
Make my day!


Постирано од: DenizC
Датум на внесување: 22.Јануари.2008 во 15:32
Spored mene najdobro e da bide ispraten mesan tim.
Projde vremeto na studenata vojna.
Treba da razmisluvame globalno.


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 04.Септември.2009 во 22:14
Da kako shto kazha Brza mozhe samo da im odi na gosti na rusite, tie imaat stapnato!среќа

-------------


Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 21:32
токму така. тоа е сеа прашањето, кој ќе им иде на гости на русите.


Постирано од: Dr. Cullen
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 21:35
Мешан тим ќе оди бе. Мислам најлогично е така да биде, зошто веќе соработуваат на мисии.
Брза, од кога тоа Русите се веќе таму?


Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 16:16
По се изгледа Русите ќе отидат први на Марс, ако се важи и за мајмуни ова голема%20насмевка


Русите ќе испратат мајмун на Марс


Руските научници најавија дека имаат намера на Марс да испратат мајмун, пишува денеска лондонски „Телеграф“.

На патувањето до Марс, мајмунот ќе биде следен од робот што ќе се грижи за него, соопшти Институтот за експериментална патологија и терапија во Грузија, кој во текот на осумдесеттите години набави мајмуни за советските вселенски програми.

-Планираме враќање во вселената, изјави Зураб Миквабија, директор на институтот, што моментално преговара со руската Космонаутска академија за обука на мајмуни во симулирана мисија на Марс, што треба да биде подготовка на теренот за испраќање на мајмун на Црвената планета.

Оваа иницијатива ќе се потпира на руско - европскиот проект Марс-500, во чии рамки на почетокот на годината во Москва шестмина волонтери минаа 120 дена во капсула во која беа симулирани условите од патувањето на Марс.

-Првобитна цел на оваа програма беше испраќање космонаути, луѓе. Имајќи ја, меѓутоа, во предвид должината на летот на Марс и вселенското зрачење за кое немаме адекватна заштита за така долго патување, преговорите во последно време се пренасочија кон испраќањето мајмун место луѓе, објасни Миквабија.

Процените за должината на летот до Марс варираат во зависност од видот на планираната мисија. Пресметките на Европската вселенска агенција укажуваат дека едно вакво патување би можело да трае и до една и пол година.





Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 17:55
Mashala Rusive, prvo Lajka, sega majmuni... sto ke bide sledno na Amerkiancite kako odgovor na ova, ke pratat luge na Jupiter? збунетост

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Февруари.2010 во 16:29
Чак Норис

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 01:47
Dosadno ke mu bide na Chaki tamu.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 20:34
НАСА со докази за живот на Марс

Научниците од НАСА открија нови докази за живот на Марс. Специјалната мисија на „црвената планета“ најверојатно открила присуство на некој вид алги, облик на живот што им е познат на луѓето.

Резултатите се добиени од последната мисија на „Opportunity and Spirit“ која мина милиони километри низ сончевиот систем во потрага по вонземски живот. Резултатите се охрабрувачки, поради што научниците веќе планираат друга мисија која ќе има за цел да открие дали постои живот нов нашата планета.

Претходните мисии покажаа присуство на сулфати на Марс, што е показател дека на планетата постои вода, а со самото тоа и живот. Сепак од НАСА тврдат дека последната мисија отишла најдалеку во докажување дека Iпостои живот на Марс.

Истражувачот од Универзитетот во Аризона Џек Фармер вели дека е оптимист оти постои живот на Марс или пак дека постоел.

НАСА веќе планира 30 мисии кои ќе имаат за цел да откријат живот во Вселената, а меѓу нив е и мисијата да се донесе камења од Марс. Исто така постојат и планови за мисија на јупитеровата месечина Европа, која ќе треба да го истражи длабокиот подземен океан. Се планира мисија и за сатурновата месечина Енцеладус, каде постојат ледени вулкани.

Научниците на НАСА веќе долго време се обидуваат да откријат живот вон Земјата, а минатата година го лансираа телескопот Кеплер кој треба да трага по планети слични на Земјата.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Ноември.2010 во 11:35
eve i shansa za onie na koishto ne im chini tatkovinata!да
 
                                                                                                                    
 

< = =text/>spodeli(); http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2FFuturama%2FPlaneta%2F640737%2Findex.html&t=IDIVIDI%3A%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D1%80%D1%81">сподели%20на%20Facebook
Повик за колонизација на Марс

Двајца американски научници предлагаат колонизација на Марс, тврдејќи дека тоа е можно да се направи брзо и поевтино доколку патниците добијат билет во еден правец.

-Живееме на небезбедна планета. Удар на астероид или експлозија на супернова претставува голема закана. Доколку сакаме да преживееме како раса, мораме да се прошириме во нашиот Сончев систем, а најверојатно и надвор од него, сметаат научниците Дирк Шулц Макуч од државниот универзитет во Вашингтон и Пол Дејвис од државниот универзитет во Аризона, заговорниците на оваа теза.

Заради фактот што Марс е оддалечен од Земјата само шест месеци лет, затоа што има гравитација, атмосфера, вода, јаглен-диоксид и основни минерали, двајцата научници тврдат дека треба да се испратат две мисии со посебни бродови на Црвената планета со по двајца космонаути, за потоа кон Марс да се упатуваат повеќе колонисти и залихи.

- Технологијата за овој подвиг веќе постои, изјавија тие.

Во Американската вселенска агенција (НАСА), меѓутоа, изјавија дека вакви патувања на Марс планираат да се изведат дури во следните неколку децении, но дека тоа патување никако не ја вклучува можноста космонаутите да се остават на планетата, пренесуваат американските медиуми.

-Сакаме да ги видиме нашите луѓе повторно на Земјата, истакна портпаролот на НАСА.

Ед Мичел, пензиониран космонаут од „Аполо 14“, кој своевремено се шеташе на површината на Месечината, исто така, е скептичен за оваа идеја.

- Сето ова е избрзано. Се уште не сме подготвени за овој потег, рече Мичел.

Дејвис И Шулц Макич, пак, изјавуваат дека не предлагаат „самоубиствена мисија“.

- Космонаутите треба да одат на Марс со намера таму да останат целиот живот за да формираат човечка колонија исто како што Европјаните се населувале во Северна Америка, додадоа двајцата.

- Тоа што сега ни треба е еден ексцентричен милијардер кој би вложил пари во проектот, рекоа научниците.




-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 18.Ноември.2010 во 01:32
... eve, jas kje se zrtvuvam... napravete me miljarder, jas kje se potrudam da stanam ekscentricen...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: XStrongAngelX
Датум на внесување: 03.Јануари.2011 во 13:24
Кина ќе стапне прва бе на Марс вртење%20со%20очи

-------------
Дедо мраз злато
мое љубов неверна
неможам без тебе за нова година
Дедо мраз злато мое
жива превара
сал не моташ пак не заеба



Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Декември.2011 во 09:06

Откриен клучот за животот на Марс?

 

Научниците од Универзитетот во Нотингем веруваат дека црвите од видот Caenorhabdi elegans (C. elegans), кои биолошки се многу слични на луѓето, можат да ни ја откријат тајната на преживување во Вселената и со тоа да помогнат во населување на другите планети, како на пример на Марс.

Во декември 2006-та, научниците пратиле 4.000 црви во Вселената со спејс-шатлот Discovery и од тогаш го следат нивниот развој.

За време на истражувањата, чии резултати се објавени во листата Interface на британското Кралско друштво, научниците откриле дека нивните црви нормално се развиваат од јајца до возрасна доба и се подеднакво исти во Вселената како со тие на Земјата.

Поради тоа, видот C. elegans е идеален за експериментот со кој ќе се истражуваат потенцијалните ефекти на долготрајниот престој во Вселената на човечкиот организам.

C. elegans е прв повеќеклеточен организам чија генетска структура е комплетно мапирана. Добар дел од неговите 20.000 гени имаат исти функции како и човечките гени.

Многу експерти, вклучувајќи го и прославениот астрофизичар Стивен Хокинг, веруваат дека опстанокот на човечкиот вид зависи од неговите способности за колонизирање на други планети.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 11:47

Екипажот е спремен, еве и бродот бил готов.
Туууу, како не се запишав на време.плазење



http://tocka.com.mk/5/128802/odime-na-mars-poglednete-go-vselenskiot-brod-koj-ke-gi-prenesuva-lugjeto-na-crvenata-planeta" rel="nofollow - НАСА Орион вселенскиот брод својот прв лет ќе го има во декември. Персоналот на Кенеди, вселенскиот центар во Флорида, започнал со последните подготовки за тестирање.


"Се поблиску сме до лансирање", вели Марк Гејер, менаџер на Орион програмот и додава: "Пробниот лет ќе ни даде важни информации околу тоа што се' е потребно да се направи за да започнеме со испраќање луѓе длабоко во Сончевиот систем".


Инаку, пробниот лет ќе се изведе 5.800 километри над Земјата во 4,5 часовната мисија со цел да се тестираат клучните системи за идниот транспорт на луѓе на Марс.

По две обиколки околу нашата планета, Орион ќе се врати во атмосферата при брзина од речиси 32.200 километри на час, а потоа со падобран ќе се спушти леталото на Пацификот.


Инженерите Маршал во вселенскиот центар во Хантсвил (Алабама) направиле адаптер за поврзување на Орион со Делта IV ракетата, која ќе ја лансира леталото за време на пробниот лет во декември.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 13:03
,,,nie od idividi sme prvi na mars samo shto toa ushte ne go znaeme ,,,nikoj ne ni kazhal,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 20:09

НАСА ПОТВРДИ: НА МАРС ТЕЧЕ ВОДА

http://365.com.mk/197614/nasa-potvrdi-na-mars-teche-voda" rel="nofollow - Тече вода на Марс! Ова денеска го потврди НАСА која вели дека во текот на летните месеци на црвената планета тече вода низ кањоните и кратерите со што се зголемува шансата на Марс да постои некаква форма на живот.

Ова е почетокот во процесот на јавно објавување дека постои живот надвор од нашава планета. Ќе се почне со едноставни животни форми на Марс, а потоа ќе се продолжи со објавување дека таму некогаш имало развиени форми на живот, евентуално некаква цивилизација и на крајот ќе се обелодени дека во вселенава има цивилизации на повисок стеоен на равој од нашата и дека тие веќе не посетувале во минатото, а веројатно тоа го прават и денес.

Потоа глобалната политика ќе завземе друг К*рс… но за тоа подоцна.








-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk