Испечати | Затвори го прозорот

НЕОРГАНИЗИРАНИОТ ЛОЗАР БИЛ И ЌЕ БИДЕ СИРОМАВ!!!!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11076
Датум на принтање: 27.Декември.2024 во 04:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: НЕОРГАНИЗИРАНИОТ ЛОЗАР БИЛ И ЌЕ БИДЕ СИРОМАВ!!!!
Постирано од: orlov
Наслов: НЕОРГАНИЗИРАНИОТ ЛОЗАР БИЛ И ЌЕ БИДЕ СИРОМАВ!!!!
Датум на внесување: 23.Декември.2007 во 16:31


Здружение на земјоделците
,,ТИКВЕШ,,
информативна служба
број 01- 1а/158
11.12.2007 година

Л О З А Р С Т В О,

Уште од античко време во нашите предели на лозарството му се придавало големо значење од страна на побогатиот слој на населението,
прво
; поради самото грозје, поради употреба како свеж природен производ потоа како сировина за изготвување на разни слатки производи, и
второ
; поради производство на вино и ракија.
Оваа традиција и борба за опстој трае до ден денешен.
Во последниве години откриено и дека црните домашни вина имаат и лековито својство па се почесто се применуваат и како природен лек и има предуслови да стане најпрофитабилна гранка. Меѓутоа, таквите својства на некои врсти на вина може да се произведуваат само во многу ретки подрачја, а досегашните испитувања покажале дека по се изглда Македонија е единствената земја во светот.Имено, грозјето содржи 6%(шест проценти) милиграми во еден килограм лековити состојки кои се пренесуваат во црните вина, додека во светот оваа застапеност е најмногу до едвам 3%(три проценти).
Втората специфичност на нашето грозје е таа што од него се прави природно вино (кое нешто во светот е реткост) со нормална содржина од 10 до 11 малигани по литар. Ова наше вино во светот е застапено само со 10% во светскиот промет, а мора да се потенцира дека останатите вина кои се во светскиот промет во својот состав имаат додавано и сахароза- за разлика од нашите природни вина, ови вина се синтетички односно вештачки.
Нашето грозје има над 17% шекерност па аналогно од тоа произлегува и високиот квалитет на нашите вина кои денес на пазарот достигнуваат цена од минимум 10- eura/ литар до фантастично ексклузивна цена од 250- eura амбалажирано во шишиња од 0,750/ литар. и,
Трета карактеристика на нашето поднебје е што приносите по единица површина можат да бидат 2- 3 пати поголеми од другите подрачја во светот, наместо 5.000 килограми/хектар под суво, до 15.000 кг./ха кај нас односно 30.000 кг./ха. под вода. Висината на производство на грозје по единица површина лозарите ја определуваат- регулираа во согласност со нивното определување што тие ќе произведуваат- односно какви видови на вина.
Масовно садење на лозови насади се отпочнати во 18- век, кога е и омасовено производството на вино воглавно наменето за страскиот пазар- Европа а тамошните трговци го прослдуваат на подалечните пазари. Цената постојано растела а со тоа и ангажираноста и интересот на населението за производство на лозарската култура.
До зафаќањето на филоксерата- во текот на пвата светска војна во Македонија нагло се зголемува финансиски средниот слој, кој има изградено поголеми подруми за сопствените лозарски производи.
Повторното садење на лозовите посади отпочнува од 1920 годин, а замав зема во втората половина на 30-тите години од минатиот век кога е основана и првата лозаро- винарска задруга во Македонија.
Отпочната е и изградба на заедничка Винарска Визба чија изградба поради Втората светска војната е сопрена.
После ослободувањето изградена е ВВ ,,ТИКВЕШ,, која тогаш има 50- милиони литри, за потребите на тогаш Народна Република Македонија.
Цената на грозјето до 1980 година се движи од 1,оо до 1,50 ДЕМ, а потоа до 1990 година од 0,70 до 1,оо ДЕМ.
Лозарите беа организирани преку Агро Комбинатите и АД- Кооперации. Секоја гоина се склучуваа Договори за произведената количина со авансна цена се до конечната продажба на виното односно воспоставување на доходовна основа која беше условена дури и со закон. Цените можеа да бидат дури и поголеми но кооперативните односи не беа на висина, поради што извесен дел се прелеваше во нерентабилните лозови насади во општествена сопственост- кое свесно се толерираше, бидејки лозарите беа задоволни споредувајки ги цените и количините пред војната.
Од 1991 г0дина со промета на општествениот систем во кој лозарите се надеваа на поголема цена и партнерски однос со винариите (ова во суштина е и основното начело на демократијата која се најавуваше). Па наместо тоа загарантира и повисока цена на грозјето се укина со укинување на одредбата за ОТПОВИКУВАЊЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ, цената на грозјето се сведе само на покривање на матерјалните трошкови во просек од 10,00 денари во последниве 17- години. Како резултат на намалената цена денес некогашните 40.000 ха се намалени за половина, грозјето од 300 на 130- милиони килограми со тенденција за натамошно намалување, наместо зголемување на 400.000 ха или 4- милиони литри вино во шишиња.
Протестите за покачување на цената и враќање на одземените (продадените) Винарски Визби во земјата од 220- милиони литри капацитет не помогнаа. Исто така не помогна и новиот начин на организирање на лозарите во Здруженија на лозари, регионални, национални до Федерација на Фармери на Македонија и Јавно Претпријатие ,,АГРО БЕРЗА,, .
Правени се разни анализи при што е утврдено:
-Свесно настојување на властите економски да ја ослабат државата, како од позициските така и од опозицските партии.
-Со држењето на ниските цени, не само на грозјето туку и на другите земјоделски производи, државните површини да се продадат на сопствениците на визбите а земјоделецот да стане ефтина работна рака, по моделот на САД каде едни се земјо-поседници а досегашниот работник во народната имовина да стане ефтин наемен работник на пазарот на трудот по можност и роб.
Но во Европа состојбата е подруга. Земјишните површини се мали како и кај нас, а со здружување на лозарите во изминатите 100- години, лозарите имаат изградено ЗАЕДНИЧКИ ВИНАРСКИ ВИЗБИ И СВОЈА ТРГОВСКА МРЕЖА НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ. Значи во Европа лозарите не продават грозје туку флаширано вино чија цена према нашиот квалитет не е помала од 10-eura а за ова цена може да се продава нашето нај неквалитетно вино. Под овакви услови нашите производители по автоматизам влеваат во средната финансиска класа, а на ова нешто ќе ни завидуват сите европски земји.
-Единствено решение е превземање на земјоделските површини во сопственост и владение на земјоделските производители. Во ова не се успеа на изборите во 2006 година, иако се основа ,,Земјоделска Народна Партија,, .
-Не се успеа да се промени ниту Уставот во делот за пратеници каде според сегашниот устав пратениците се неменлива категорија- материја. Услов за сето погоре напишано е:
,,ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ, а со ова нешто ќе се слушне и гласот на ГЛАДНИОТ НАРОД,,- под овие околности народот ке ја има конролата врз власта.

-IT обработка, n/g
-составил, v/r



ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА
Владо Ридов- с.р.


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              



Коментари:
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 26.Декември.2007 во 00:19
Некому не му иде во прилог оваа тема.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 03.Јануари.2008 во 01:54
orlov so samiot naslov sto si go stavil na temata kazuva.......sto ima tuka da se komentiraизненадување..........eve samo malku da ne bidam bez ichголема%20насмевка.............site koi se neorganizirani im sleduva kolabsтага.......taka bilo i taka ke bideзбунетост

-------------
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk