Проблем со Nikkor AF 80-200 2.8ED
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=10309
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 17:38 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Проблем со Nikkor AF 80-200 2.8ED
Постирано од: KirilS
Наслов: Проблем со Nikkor AF 80-200 2.8ED
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 09:09
Nikkor AF 80-200 2.8 ED прва верзија со push-pull зум и фокус, монтирана на Nikon D80 работи само на бленда 2.8 т.е. не е можно менување на блендата од апаратот(ја менуваш само фиктивно додека на објективот си останува 2.8, а телото е во заблуда дека блендата е 5.6, 8, 11 и т.н.) Фокусирањето е без проблем. Во тех. документација стои дека nonCPU објективи работат само на приоритет бленда, а на објективот блендата да е заклучена на најмала вредност т.е. 22.
Некој искуства со сличнен проблем?
|
Коментари:
Постирано од: Mire
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 10:08
Kolku sto znam jas na D80 bi trebalo da funkcioniraat i non-CPU objektivi. Ogranicuvanjeto se odnesuvase samo na D40x i, mislam, D40. Dali na objektivot ima prekinuvac za auto i manual? Moze i toa da e problem
Dali proveri da na Google, dali ce najdes nesto po netov za ova prasanje?
------------- Da se obideme da pomogneme i na onie, navidum izgubeni slucai. Za preporacana postapka http://i96.photobucket.com/albums/l173/mire_slavejkov/cure.gif - klikni TUKA
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 10:18
Пробав на нет, имаше несогласувања околу проблемов може-неможе. Ауто-мануелно е само за фокусот кој работи беспрекорно(малку споро ама објективот е од 74-та). На упаството за D80 стои дека non-CPU објективи работат на приоритет бленда и на мануелно. Истиот проблем е и на D70. Евентуално проблемот може да е во самиот објектив?!?!?
|
Постирано од: JANE971
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 13:18
Dojdi vecer vo mala stanica so kamera i objektiv ke vidime nesto ako se moze, ako ne ke te povrzeme so oficijalniot servis na nikon (so preporaka)
------------- Born to be alive...
http://on.net.mk/galerija/jane-ljorovski
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 13:24
Сега контактирав со Никон во Србија(Рефот) и од тех. служба ми рекоа дека проблемот бил во механизмот на блендата во објективот, бил некако заглавен па апаратот не бил мо можност да ја менува блендата.
И сега тоа е голем проблем или...?
|
Постирано од: Mire
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 13:52
Problem za vo servis vo sekoj slucaj. Osobeno dokolku e pod garancija.
------------- Da se obideme da pomogneme i na onie, navidum izgubeni slucai. Za preporacana postapka http://i96.photobucket.com/albums/l173/mire_slavejkov/cure.gif - klikni TUKA
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 13:55
Јок, каква гаранција, од 80-тите години е!
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 14:08
Од сервис во Белград ми рекоја дека морат да се однесит таму на поправка.
Некаде поблиску?
|
Постирано од: Zoran K
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 14:53
Tvojot zum e eden od najstarite 80-200 (koga bea push-pull varijanta)... toj na barelot (grbot) ima barem 30 godini.
Poradi godinite, dokolku nekoj ne ti go prodal rasipan, ima shansa livchinjata od blendata da se zalepeni od masloto sto sluzhi za nivnoto podmachkuvanje. Toa ne bi trebalo da e mnogu skapo za popravka. Treba samo da se ischisti i da ti se naplati eden chas rabota.
-------------
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 15:15
На прстенот за бленда блендата се затвора и отвора без проблем. Има едно раче на задната страна од објективот што влегува во телото на апаратот кое најверојатано служи за промена на блендата од страна на телото. Е то раче е заглавено и не се движи.
Објективот не е мој, а сакам да го купам(евентуално). Ама исправен, а не расипан.
|
Постирано од: zulu
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 17:48
Kiril, dali si siguren deka blendata se menuva samo fiktivno? kako dojde do ovoj zakluchok? ako e gledajki vo objektivot dodeka vrtish na prednoto trkalce na d80 i nishto ne se sluchuva so blendata, toa e normalno. blendata kje se sobere vo momentot na okinuvanje. za da go proverish ova stavi na dolga ekspozicija, mozshesh i na bulb, izberi naprimer f11 i okini. kolku shto se sekjavam koga go probuvavme objektivot, blendata raboteshe. znam deka jas probav so f11, da vidime kako se zgolemuva poleto na dlabinska oshtrina nasproti f2,8. chudno
-------------
http://www.flickr.com/iofoto - http://www.flickr.com/iofoto
|
Постирано од: zulu
Датум на внесување: 14.Ноември.2007 во 22:26
eve sega bash proveriv i po exif-ite na probnite sliki na kej shto gi pravevme. objektivot vo sekoj sluchaj e cpu objektiv (zapishana e fokalnata dolzshina vo exifot). vo vrska so toa racheto shto go spomenuvash na zadnata strana na objektivot, proveriv na site moi nikkori, toa se dvizshi koga ja menuvash blendata manuelno so prstenot na nemontiran objektiv. znachi probaj ushte ednash montiran na d80 prstenot zakluchi go na f22, i slikaj za da proverish dali raboti blendata. ako pak ne funkcionira, kje mu barame chare, i taka mu bea relativno zaprasheni staklata. pozdrav
-------------
http://www.flickr.com/iofoto - http://www.flickr.com/iofoto
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 15.Ноември.2007 во 14:19
Сигурен сум за блендата(се консултиравме со еден фотограф, со малку тестирање на иста експозиција со различни големини на бленда). При тестирањето дава иста осветленост иако ја затвораш блендата.
Проблемот е во рачето кое е заглавено(како што ми кажа сервисерот од рефот).
|
Постирано од: Mire
Датум на внесување: 15.Ноември.2007 во 23:22
Kiril, Ako e aparatot staven na bilo kakov automatski exposure (Program, Aperture Priority, ili Shutter priority), normalno e da dava ista osvetlenost bez ogled na blendata. Imeno, ce kompenzira so kacuvanje na ekspozicija i tolku.
Ima 2 nacini da proveris dali blendata raboti:
1. Manuelen mod: Ostavi fiksna ekspozicija i menuvaj ja blendata pa ce vidis dali ce se menuva osvetlenosta na slikata
2. Od desna strana pored objektivot ima 2 kopcinja na teloto na aparatot. Dolnoto e DOF Preview. Namesti blenda i pritisni go. Ako ti se zatemni slikata vo View Finderot, znaci deka blendata zatvora.
Pozdrav, Mire
------------- Da se obideme da pomogneme i na onie, navidum izgubeni slucai. Za preporacana postapka http://i96.photobucket.com/albums/l173/mire_slavejkov/cure.gif - klikni TUKA
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 10:04
Пак тестирав и дојдов до заклучок дека бленадата работи(отвора-затвора)на различни ф-големини, се гледа од предната страна на објективот кога некој тебе те фотографира. Е сега проблемот е пак во рачето, имено кога го движиш рачето на горе (се отвора бледата), го отпушташ и тоа се враќа во првобитната положба(исто и блендата си се враќа во првобитната положба) ама некако споро и мрзливо како да е некако замастена. А додека кај други објективи рачето и блендата се враќаат во првобитната положба скоро моментално.
Е сега мојата логика е пошто блендата се затвора во истиот момент кога и завесата така да е потребна нивна синхронизирана работа(се работи за милисекунди), а бидејќи блендата е некако мрзлива ќе касни и во затворањето и во отворањето зад завесата и доаѓа до несоодветно експонирање на фотографиите(на помали бленди ф11, ф22 посветли фотографии).
|
Постирано од: JANE971
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 10:21
treba najverojatno samo da se odmasti i da se ocisti od natalozena prasina, odi vo refot m kaj nace i ke se sredi se
------------- Born to be alive...
http://on.net.mk/galerija/jane-ljorovski
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 10:43
Извини а кај е то(Рефот м)? Во СК?
|
Постирано од: Mire
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 11:14
jane971 напиша:
treba najverojatno samo da se odmasti i da se ocisti od natalozena prasina, odi vo refot m kaj nace i ke se sredi se
|
Sosema sigurno si vo pravo za prasinata. Pull-push dizajnite se posebno podlozni na sobiranje na prasina. A stvarno, kade e toa refot m ????
------------- Da se obideme da pomogneme i na onie, navidum izgubeni slucai. Za preporacana postapka http://i96.photobucket.com/albums/l173/mire_slavejkov/cure.gif - klikni TUKA
|
Постирано од: JANE971
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 11:43
e se nadevam deka denes ke ima i oficijalna prezentacija i na forumov za refot M vo skopje
------------- Born to be alive...
http://on.net.mk/galerija/jane-ljorovski
|
Постирано од: Mire
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 12:39
Daj boze, a koj treba da ja napravi?
------------- Da se obideme da pomogneme i na onie, navidum izgubeni slucai. Za preporacana postapka http://i96.photobucket.com/albums/l173/mire_slavejkov/cure.gif - klikni TUKA
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 13:12
А да се нафатам јас сам да го чепнам?
Ќе се изглупирам или...?
|
Постирано од: itan14
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 14:25
Што е работата со Рефот М, ке се отвора претставништво во Македонија?
-------------
|
Постирано од: Zoran K
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 14:49
KirilS напиша:
А да се нафатам јас сам да го чепнам?Ќе се излупирам или...?
|
Izgleda deka mojata prvichna pretpostavka za zalepuvanje na livchinjata na blendata bila tochna.
Ne sum siguren dali ti ke bidesh vo sostojba da go otvorish zumot, da gi ischistish livchinjata bez da gi oshtetish, povtorno da gi podmachkash (za toa se koristi posebno maslo) i pravilno da gi sostavish site delovi.
Jas bi ti posovetuval da ne se nafakjash za neshto za sto nemash lichno iskustvo, nitu pak nekogash si videl kako se pravi.
-------------
|
Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 14:59
Ako sakas da go upotrebuvas "DO NOT TOUCH THE TAPE INSIDE" . A, ako sakas da go frlis, pa te interesira sto ima vnatre napravi go toa. Samo ne zaboravaj da spodelis so nas kako izgleda lekjata vnatre Dali e vlazno i toplo?
------------- That is called grain. It is supposed to be there.
|
Постирано од: KirilS
Датум на внесување: 16.Ноември.2007 во 15:10
Постирано од: Mire
Датум на внесување: 17.Ноември.2007 во 13:42
Wiiiiseee
Sto si ubedliv bre Daltonce
------------- Da se obideme da pomogneme i na onie, navidum izgubeni slucai. Za preporacana postapka http://i96.photobucket.com/albums/l173/mire_slavejkov/cure.gif - klikni TUKA
|
|