ХРИСТИЈАНСКИ БЕСЕДИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=10170
Датум на принтање: 18.Мај.2025 во 04:48 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ХРИСТИЈАНСКИ БЕСЕДИ
Постирано од: sard
Наслов: ХРИСТИЈАНСКИ БЕСЕДИ
Датум на внесување: 01.Април.2006 во 23:31
5
Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. 2. И кога је отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше: 3. »*Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството не*есно! *Иса. 57,15;Лука6,20. 4. *Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат! *Иса. 61,2. 5. *Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! *Иса. 36, п. 6. Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат! 7. Блажени се милостивите, *за-што тие ќе бидат помилувани! *Јак. 2,13. 8. Блажени се чистите по срце, *оти тие ќе Го видат Бога! *1.Јов. 3,2,3. 9. Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! 10. *Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството не*есно! *1.Петр. 4,14. 11. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно - заради Мене! 1. Петр. 4,14. 12. Радујте се и веселете се зашто голема е вашата награда на не*есата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас. 13. Вие сте солта на земјата. Но, *ако солта ја изгуби силата, со што ќе се осоли? Таа веќе за ништо не е, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето. *Мар.9,50;Лука14,34,35. 14. Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. 15. Ниту, пак, светило *се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи. *Мар. 4,21. 16. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, *за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец не*есни. *1. Петр. 2,12. 17. *Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или
Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. *Рим.З,31;10,4. 18. Зашто, вистина, ви велам *дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. *Лука16,17. 19. *И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наре- че во царството не*есно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството не*есно. *Јак. 2,10. 20. Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството не-бесно. 21. Сте слушале дека им било речено на старите: ,*Не убивај! А кој убие, виновен е пред судот'. *2.Мој.20,13. 22. Јас, пак, ви велам дека *секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си ,празноглав', ќе биде виновен пред врхов- ниот суд; оној, пак, што ќе рече ,будала', ќе биде виновен за во пеколот. Ч.Јов.3,15. 23. И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против те*е, 24. тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот. 25. *Измири се со противникот твој навреме, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата - на слугата и да бидеш затворен; *Лука12,58,59. 26. вистина, ти велам: нема да излезеш оттаму, се дури не го дадеш и последниот кодрант. 27. Сте слушале дека на старите им било речено: ,*Не прељубодејству-вај!' *2. Мој. 20,14. 28. Јас, пак, ви велам дека секој што ќе *погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцетосвое. *Јов31,1. 29. *Ако те соблазнува десното око, †извади го и фрли го од се*е;
зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. *Мат. 18,8,9; Мар. 9,43-47; †Кол. 3,5. 30. И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од се*е; оти подобро ти е да погине еден твој дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот. 31. Речено било исто така: ,*Ако некој ја остави својата жена, нека и даде развод'. *5. Мој.24,1;Мат. 19,3. 32. А Јас пак ви велим: *секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува. *Лука16,18;1.Кор.7,10,11. 33. Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите - ,*Не колни се криво, а заклетвите пред Господа исполнувај ги'. *2. Мој. 20,7; 3 Мој. 19,12; 4 Мој. 30,2. 34. Јас, пак, ви велам: *не колнете се воопшто - ниту во небото, оти тоа е †престол Божји; *Мат. 23,16,18,22; †Иса. 66,1. 35. ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, оти е град на великиот Цар. 36. Не колни се ни во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно од косата своја да го направиш бело или црно. 37. *Но зборот ваш да биде: да, да, - не, не, а се што е повеќе од тоа, од Лукавиот е. *Јак.5,12. 38. Сте слушале дека е речено: ,*Око за око, заб за заб'. *З. Мој.24,20. 39. Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот. 40. А оној што сака да се суди со те*е и да ти ја земе кошулата, дај му ја и горната облека. 41. И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две. 42. На оној што бара од те*е, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем. 43. Сте слушале дека е кажано - ,*Љуби го својот ближен и мрази го непријателот'. *З.Мој. 19.18.
44. А Јас, пак, ви велам: *љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и †молете се за оние што ве навредуваат и гонат, *Рим. 12,14,20; †Лука 23, 34; Дела 7,60. 45. за да бидете синови на вашиот Отец не*есен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните. 46. Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и мит-ниците? 47. И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабош-ците? 48. Но бидете совршени, *како што е совршен вашиот Отец не*есен.« *Ефес. 4,13.
Продолжение од беседата на гората: за милостињата, молитвата и постот. Не е потребно грижење за она што е земно.
6
»Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето, за да ве видат; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец не*есен. 2. И така, кога даваш милостиња, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата на-града. 3. А ти, кога даваш милостиња, да не знае твојата лева рака што прави десната, 4. за да биде твојата милостиња тајна; и тогаш, твојот не*есен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. 5. И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда. 6. Но ти, кога се молиш, *влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на
твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. *4. Цар. 4, 33. 7. Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени; 8. вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец не*есен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле. 9. Туку молете се вака: *Оче наш, Кој си на не*есата, да се свети името Твое; *Лука11,2. 10. да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; 11. лебот наш насушен дај ни го денес; 12. и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници; 13. и не не воведи во искушение,но избави не од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин! 14. Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец не*есен; Мар. 11,25. 15. ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите. 16. *Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. *Иса. 58,5. 17. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, 18. па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. 19. Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и 'рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; 20. *но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; *Мат. 19, 21;Лука 12,33,34.
21. зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше. 22. *Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; *Лука11,34.36. 23. ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во те-бе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? 24. *Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. *Лука 16,13. 25. Затоа ви велам: *немојте да се грижите за душата - што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото - од облеклото? *Лука 12, 22,23; Фил. 4, 6; 1. Петр. 5, 7. 26. Погледајте ги птиците не*ески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? 27. А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? 28. Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; 29. но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; 30. па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!? 31. Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? 32. Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец не*есен знае дека за сето ова имате потреба. 33. *Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде. *1.Цар. 3. 13:Псал.36.22. 34. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секоj ден доста му е неговото зло.« Не судете, за да не ви се суди.
7 »Не *судете, за да не бидете судени; *Рим. 2, 1;1. Кор. 4. 5. 2. оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со *каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. *Мар. 4,24. 3. Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чувствуваш? 4. Или, како ќе кажеш на брата си - чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда? 5. Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си. 6. Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и, откако се повратат, да не ве раскинат. 7. *Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се ОТВОри; *Мар. 11,24; Лука 11,9,10. 8. зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори. 9. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, да му даде камен,
10. и кога посака риба, да му даде змија? 11. И така, ако вие, бидејќи лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец не*есен ќе им даде добра на оние што Му бараат? 12. Се она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; оти *тоа се Законот и Пророците. *Мат. 22, 40; Рим. 13, 8, 9,10; 13. *Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; *Лука13,24;Мат. 24, 4,5.24. 14. а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат.
15. Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се *волци грабливи. *Дела 20,29. 16. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? 17. Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; 18. не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. 19. *Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во Оган. *Мат. 3,10; Јован 15,2,6. 20. И така, по нивните плодови ќе ги познаете. 21. Не секој што Ми вели: ,*Господи, Господи', ќе влезе во царството не*есно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец не*есен. *Рим. 2,13; Јак. 1,22. 22. Мнозина ќе ми речат во оној ден: ,Господи, Господи, не во Твое ли име *пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда пра-вевме?' *1.Кор. 13,2. 23. И тогаш Јас ќе им кажам: ,Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!.' 24. И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. 25. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен. 26. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок. 27. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето и беше страшно.« 28. И кога ги заврши овие зборови, народот се *чудеше на Неговото учење, *Мар. 1,22;Лука4,32. 29. зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците.
------------- „Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe www.pravoslavna.mk
|
Коментари:
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Октомври.2007 во 00:49
Христос - нашиот пример!
„Тој ти покажал, о човече, што е добро“. Михеј 6:8.
За време на нејзината посета на Америка, Англиската принцеза Дијана влегла во една продавница и во неа забележала една црвено-црна свилена марама. „Навистина е убава “ и рекла таа на продавачката и ја купила марамата. Веднаш потоа, некои луѓе од британската Амбасада дотрчале до полицата и секој од нив купил по една марама за својата жена. Кога продавачката видела што се случува, и самата купила една марама за својата ќерка. Подоцна, кога продавницата била повторно отворена за јавноста, толпа жени ја преплавиле продавницата, и како водени од радар, сите купувале од истите црвено-црни марами.
О, кога и ние би биле толку брзи да земаме пример од нашиот Господ, како што тие луѓе зеле од принцезата! Колку духовно збогатени ќе бидеме, ако ги проучуваме Христовите зборови и дела и ако внимателно расудуваме за Неговите вреднувања и избори. Наместо тоа, ние честопати се поведуваме по светот.
Тоа беше проблемот и со Израелците. Тие не зеле пример од Господ, туку од соседните народи. Тие ги следеле во нивното обожавање лажни богови. Наместо да се раководат од вредностите на живиот и вистинскиот Бог, тие се однесувале како пагани (Михеј 2:8, 9). Наместо да го имитираат Бог во праведноста, љубезноста (Михеј 6:8), тие ги искористувале слабите и живееле само за себе.
Што да кажеме за себе? Каков е нашиот однос кон Оној, Кој ни кажал и ни покажал како да живееме? Христос, а не светот, мора да биде нашиот пример!
„ИЛИ ЌЕ ГО ОСТАВИШ СВОЈОТ БЕЛЕГ ВРЗ СВЕТОТ, ИЛИ ПАК, СВЕТОТ ЌЕ ГО ОСТАВИ СВОЈОТ БЕЛЕГ ВРЗ ТЕБЕ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Октомври.2007 во 17:01
Текст: 1 Сол. 4:13–18
СЛАВНО УТРО!
„Бидејќи Сам Господ, со заповед... ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите“. 1 Сол. 4:16.
Една вистинска приказна се раскажува за еден познат човек, кој бил единствениот белец закопан на едни гробишта резервирани исклучиво за црнци. Уште како бебе, тој ја загубил својата мајка. Неговиот татко, кој никогаш повторно не се оженил, најмил една Црнка по име Менди да го одгледува детето. Таа била христијанка и својата задача ја сфатила сериозно. Ретко кога некое сираче добивало такво внимание, од срце. Еден од неговите најрани спомени за неа, бил начинот на кој таа го будела секое утро. Наведнувајќи се над неговото креветче, со сладок глас таа му велела: „Разбуди се, дете мое! Утрото дојде“.
Додека годините поминувале, оваа посветена жена продолжувала да му служи како замена за неговата мајка. Младиот човек отишол да студира во друг град, но секогаш кога се враќал дома, за летниот распуст, таа продолжувала да го буди на истиот начин. Еден ден, откако станал успешен и познат човек, ја добил следната порака: „Менди умре. Можеш ли да дојдеш на погребот?“ Стоејќи крај нејзиниот гроб, човекот му се обратил на својот пријател: „Ако умрам пред да дојде Исус, сакам да ме закопате крај Менди. На денот на воскресението сакам да го слушнам нејзиниот глас: ‚Стани дете мое! Божјото утро дојде!‘“
Сентименталноста изразена во овој човек исполнет со благодарност, донесува утеха за срцето. Тој повторно ќе се сретне со неговата Менди. Но, тогаш, гласот на Господ ќе не повика сите нас, „Станете деца мои! Утрото дојде!“ Тоа е надежта на секој христијанин.
„ХРИСТИЈАНИТЕ НИКОГАШ НЕ СЕ ЗБОГУВААТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Октомври.2007 во 17:02
Текст: Лука 17:11–19
БЛАГОДАРНОСТ И НЕБЛАГОДАРНОСТ!
„Како не се наjдоа да се вратат и другите и да Му се заблагодарат на Бог, туку само овој туѓинец?“ Лука 17:18.
Во едно телевизиско сценарио, односите меѓу двајца најдобри пријатели се нарушени затоа што се вљубени во иста жена. Подоцна и двајцата настапуваат во еден натпревар на падобранци. Двајцата скокаат во ист миг од авионот. Но, кога едниот од нив го повлекол конецот за отварање на падобранот, тој не се отворил. Кога другиот забележал што се случува со неговиот другар, во слободен пад маневрирал сè додека не стигнал до него. Откако се врзал за својот другар, тој го отворил својот падобран. Двајцата безбедно се спуштиле на земјата. Но, вистинскиот шок доаѓа откако и двајцата се на земјата, Спасениот станува и си заминува без да му заблагодари на својот спасител!
Ова е измислена приказна, но многу потсетува на вистинската случка опишана во Лука 17. Десет лепрозни луѓе, враќајќи се дома од средбата со Христос, одеднаш забележуваат дека тој ги излекувал од страшната болест. Тој ги спасил од сигурна смрт! Но, само еден, Самарјанин, се вратил кај Исус да му рече: „Ти благодарам“.
Но, да бидеме чесни. Сите ние имаме проблеми со благодарноста одвреме-навреме. Откако се спасивме од лепрата на гревот, забораваме да му оддадеме благодарност на Бог и продолжуваме да живееме како што ни е волја.
О, Господе, прости ни! И помогни ни да го живееме секој ден во постојана благодарност за тоа што Си, и за тоа што Си сторил за нас.
„НИЕ СМЕ ОБЈЕКТИ НА БОЖЈАТА БЛАГОДАТ.
ТОЈ НЕКА БИДЕ ОБЈЕКТ НА НАШАТА БЛАГОДАРНОСТ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Октомври.2007 во 23:51
Текст: 2 Сол. 2:1–12
ЗАБЛУДИ!
„И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат во лагата“. 2 Сол. 2:11.
Луѓето понекогаш страдаат од заблуди кои се за жалење, но не се опасни. На пример, сите сме слушнале за некои луѓе, кои тврделе дека се Наполеон или некоја друга историска личност. Од друга страна, таквите погрешни убедувања понекогаш можат да бидат опасни. На пример, Хитлер се замислувал себеси како водач на една супер-раса. Поради својата заблуда, тој организираше масовни убиства на милиони невини луѓе. Според Апостол Павле, доаѓа време во кое ќе се појави некој полош и од Хитлер – Антихристот. Тој ќе дојде со „знаци и лажни чудеса“ (2 Сол. 8, 9). Тој ќе успее да измами многумина, кои ќе поверуваат дека тој е Исус Христос. Тие ќе му поверуваат затоа што „не ја примиле љубовта кон вистината“ (2 Сол. 2:10).
Искуството го потврдува фактот, дека луѓето кои постојано ја одбиваат вистината, на крајот стануваат толку заблудени, што ќе поверуваат во заблудата за која знаеле дека не е вистина. Тоа беше вистина со германскиот народ, кој од почетокот немаше добро мислење за Хитлер. Но, тие продолжуваа да го слушаат без да му се противстават. Како последица на тоа, тие беа толку заблудени што почнаа да го поддржуваат.
Дали слушаш такви луѓе кои лесно поминуваат преку гревот, или пак проповедаат спасение поинакво од библиското? Ако продолжиш да ги слушаш, наскоро ќе бидеш измамен да поверуваш во тоа! Проучувај ја Библијата и покорувај ì се на вистината. Немој да ризикуваш да веруваш во заблуди!
„ВНИМАВАЈ ШТО СЛУШАШ:
ВЕРАТА ДОАЃА ПРЕКУ СЛУШАЊЕ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 01:15
Текст: Јован 10:1–15
БОГ ТЕ ЗНАЕ ПО ИМЕ!
„Тој ги вика своите овци по име, и ги изведува“. Јован 10:3.
Една од вообичаените поплаки во денешно време се однесува на компјутеризацијата на администрацијата. Со воведувањето на компјутери, човекот почнува да се чувствува лишен од својата личност. Сè повеќе се соочуваме со безлични машини кои не нè распознаваат како личности, туку како бројки кои треба што побрзо да се процесираат. А кога ќе се случи некој дефект на компјутерот, од него изгледа невозможно да се добијат средени податоци. Тој, едноставно, „не сака да нè слуша“. Кога така се чувствуваме, најдобра утеха ни се Исусовите зборови: „Јас сум добриот Пастир и ги знам моите овци“ (Јован 10:14). За Него ние не сме бројки, туку личности со свое име.
При еден попис на населението, еден службеник прашал една мајка колку деца има. Таа одговорила: „Па ги имам Марко, Миле, Марија и... “ – „Не ми се важни имињата – ја прекинал човекот – кажи ми го само бројот!“ Налутената мајка одговорила: „Тие немаат бројки; сите имаат имиња!“ Така е и во нашиот однос со Господ. Апoстол Павле, пишувајќи му на Тимотеј, го уверува дека „Господ ги познава своите“ (2 Тим. 2:19). Исус го наведе фактот: „Вам и влакната на главата ви се избројани“ (Матеј 10:30).
Дали се чувствуваш занемарен? Дали пријателите те напуштиле? Дали ти се чини дека дури и Господ те заборавил? Ако е така, тогаш утеши се: Спасителот знае кој си ти, каде си и што ти треба. За Него ти не си само број. Тој те знае по име!
„АКО СИ БОЖЈО ДЕТЕ, ИМАШ ПРИЧИНА
ДА СЕ ГОРДЕЕШ СО СВОЈОТ ТАТКО!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Октомври.2007 во 11:31
Текст: Исаија 5:18–25
ПОГРЕШНО ИМЕНУВАЊЕ!
„Тешко на оние што злото го нарекуваат добро, а доброто зло!“ Исаија 5:20.
Една новинарка, во еден свој напис, ја изразува својата зачуденост од начинот на кој вистината може да се растегнува при рекламирањето. Таа си спомнува како, од менито во еден ресторан, порачала „свежа овошна салата“. Но, кога порачката ì била донесена, салатата била сè друго, но не и „свежа“. Праските, ананасот, грозјето и црешите, пред да завршат во салатата, пoминале неколку месеци во лимени конзерви, тркалајќи се во сопствениот сок. Кога келнерката била прашана да не се случила некоја грешка, бидејќи била порачана „свежа салата“, таа одговорила: „Ох, душо, тоа е само име на салатата“. Подоцна, истата новинарка, на еден спортски натпревар слушнала дека се продава „топла пита“. Кога наместо топла добила ладна пита, на нејзината жалба продавачот одговорил: „’Топла пита’ е името на питата!“
Вакви измами не се случуваат само во рекламите. Тоа се случува секогаш, кога луѓето ќе ги напуштат принципите на добрина и чесност. Измамите, погрешното именување и отворените лаги се средства за тргување кај неморалниот човек. Себичните и злобните се нарекуваат себеси дарежливи и добри; робовите на гревот се нарекуваат себеси слободни; глупавите се наречуваат просветлени, а похотливите ги опишуваат своите постапки како љубовни авантури.
Бог не е измамен од ова погрешно именување. Во денешниот текст, Тој ги предупредува сите, кои доброто го наречуваат зло, а злото добро. Не е важно како светот ги наречува работите, туку како Бог ги оценува. Кај Него нема погрешно именување.
„БОГ НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ.
АКО МИСЛИШ ДЕКА ГРЕШИ, ТОГАШ – ГРЕШИШ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Октомври.2007 во 00:13
Текст: Матеј 18:7–14
ЕДЕН Е ВРЕДЕН!
„Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае“. Лука 15:7.
Кога мислиме за многуте неверни луѓе, кои секојдневно ги среќаваме, лесно можеме да се обесхрабриме во сведочењето за Исус. Величината на работата пред нас, да ги евангелизираме сите луѓе во светот, кои никогаш не слушнале за Господ Исус Христос, може вистински да нè загрижи. Во такви мигови, кога се чувствуваме беспомошни, можеме да најдеме охрабрување во фактот дека луѓето се спасуваат еден по еден.
Неодамна прочитав за еден старец, кој рано в зори шетал по една плажа. Одејќи така, забележал еден млад човек како собира морски ѕвезди од плажата и ги фрла в море. Достигнувајќи го момчето, старецот го прашал што прави. Одговорот бил дека, ако морските ѕвезди останат на плажата до изгрејсонцето, сонцето ќе ги убие. „Но, плажата е долга со километри и на неа има милиони морски ѕвезди – продолжил старецот. Каква вредност ќе има твојот напор?“ Младиот човек погледнал кон морската ѕвезда во својата рака и ја фрлил во безбедноста на морето. „Вреден е за оваа!“ – одговорил тој.
Понекогаш работата ни изгледа толку голема, па не се ни обидуваме да сведочиме. Но, исто како што еден голем ѕид се гради тула по тула, така и Црквата, Христовото Тело, се гради душа по душа. Затоа, разговарај за Исус со својот ближен. Кажи му за радосната вест. Размисли за вредностите на таа душа, ако дојде кај Исус. Таа има бесконечна вредност!
„ЈАС СУМ ЕДЕН И САМО ЕДЕН;
НЕ МОЖАМ ДА НАПРАВАМ СÈ. НО ТОА ШТО МОЖАМ, ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАМ,
А СО БОЖЈАТА ПОМОШ – И ЌЕ ГО НАПРАВАМ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Октомври.2007 во 18:38
Текст: 1 Тим. 4:8–16
ТРАЈНО ВЛИЈАНИЕ НА ЛИЧНИОТ ПРИМЕР!
„На верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта, духот, верата и чистотата!“ 1 Тим. 4:12.
Една реклама за сапун го претставува едно мало дете како втренчено гледа во својата сенка. Натписот на неа гласи: „Ова е единствената работа што не можам да ја измијам!“ Додека ја проучував оваа лукава реклама, се потсетив на сенката на нашето влијание, која паѓа на другите луѓе преку нашиот личен пример. Погрешни ставови и постапки можат да остават трајни впечатоци кај другите луѓе, кои подоцна не можат да се избришат. Но, ние можеме да оставиме и добри впечатоци. Всушност, додека се бориме да одржиме љубезен дух, силна вера и чистота во животот, не само што ќе ги охрабриме своите браќа и сестри во Христос, туку со нашето позитивно влијание можеби ќе допринесеме некој друг да го предаде својот живот на Христос.
Пред неколку години, кинеската Влада задолжила еден писател да напише биографија за Хадсон Тејлор, со намера да ги изобличат фактите и да го претстават мисионерот во лоша светлина. За време на своето проучување, писателот бил вистински импресиониран од Тејлоровиот свет карактер и побожен живот. По извесно време увидел дека не ќе може да ја изврши својата задача и да остане со чиста совест. Најпосле, ризикувајќи да го загуби својот живот, тој го оставил пенкалото, се откажал од својот атеизам и го примил Господ Исус за свој личен Спасител.
Дали сме свесни за тоа или не, нашиот личен пример остава впечатоци кај другите. Да Го молиме Бог, да ни помогне да оставаме пример во љубов, вера и чистота на живеењето.
„КАПКА ПРИМЕР ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД РЕКА СОВЕТИ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 23.Октомври.2007 во 18:38
Текст: Дела Апостолски 6:1–7
ПРОПОВЕДАЈ ГО СЛОВОТО!
„Проповедај го словото!... зобличувај, запретувај, советувај со долготрпеливост и поука“. 2 Тим 4:2.
Има една приказна за еден постар американски Индијанец, кој едно неделно утро дошол в црква. Пораката на проповедникот била без вистинска духовна храна, па затоа тој се потрудил тоа да го надомести со многу викање и удирање врз говорницата. Всушност, како што понекогаш се вели, тој „испроповедал една силна бура“. По службата, некој го прашал Индијанецот што мисли за пораката на проповедникот. Размислувајќи за миг, тој го собрал своето искажување во шест зборови: „Силен ветер. Громогласни грмежи. Без дожд“. Да, кога ќе се занемари Писмото, „нема дожд“. Само кога проповедањето се темели на Божјиот Збор, Неговите деца се благословени и освежени.
Такво беше доживувањето на верните од Дела Апостолски 6. глава. Читаме, апостолите се предадоа себеси на „постојано пребивање во молитва и служба на Словото“ (ст. 4). Како резултат на тоа, Господ го благослови нивното проповедање, и тоа остави голем впечаток кај луѓето што ги слушаа. Бидејќи пораката на апостолите беше јасна: „Словото Божјо растеше и бројот на учениците се зголемуваше“ (ст. 7).
Кога во проповедта нема библиска содржина, таа дава слаба духовна храна. Пастори, учители и христијани: да ја проповедаме вистината на Словото јасно, со љубов и со убедување. Така не ќе бидеме како проповедникот кој бил полн со ветер, грмежи, но без дожд. Бог ќе го благослови верното проповедање на Неговиот Збор.
„НАЈДОБАР ПРОПОВЕДНИК Е ОНОЈ КОЈ Ì ДОЗВОЛУВА НА БИБЛИЈАТА ДА ЗБОРУВА ПРЕКУ НЕГО“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 24.Октомври.2007 во 14:37
Текст: Послание до Филимон
НА МОЈА СМЕТКА!
„Ако, пак, во нешто ти згрешил или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка“. Филимон 18.
Живееме во општество кое веќе употребува пластични пари – кредитни картички. Со нив можеме да купуваме облека, храна, покуќнина, па дури и аранжмани за годишни одмори. Но, тоа парче пластика нема никаква вредност, ако на нашата сметка во банката немаме пари за покритие. Апостол Павле имаше „сметка“, која не само што беше добро стоечка, туку беше употребувана во невообичаени случаи. Во денешниот текст, читаме за Филимон, еден богат христијанин кој живеел во Колос. Павле му пишува за неговиот роб Онисим кој избегал од него. (Многу библиски учители веруваат дека при бегањето, Онисим украл пари од Филимон. ) Преку прекрасната Божја провидност, Онисим се сретнал со Павле во Рим и се обратил кон Христос. Тие се договориле дека е најдобро за него да се врати кај својот господар Филимон. Павле, испраќајќи го Онисим, со него го праќа и ова прекрасно писмо во кое му вели на Филимон, за секоја претрпена штета од својот роб, да ја префрли наплатата на негова сметка.
Како грешници, ние му должиме на Бог огромен долг, но Исус го презеде тоа задолжување на Себеси. Преку Неговиот безгрешен живот, Тој воспостави безгранични извори. Умирајќи за нас, Тој ја плати казната за нашиот грев. Од Неговата „сметка“, сега можеме да подигаме праведност за себе преку вера. Како што рекол Мартин Лутер: „Ние сме сите Божји Онисимовци.“Ако сме поверувале во Исус, гревовите за кои сме должни да платиме, се ставени на Негова сметка. Ние сме слободни!
„ВО БАНКАТА НА ПРАВДАТА, ГРЕШНИКОТ НЕМА СВОЈА СМЕТКА. НЕГОВАТА ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ Е ХРИСТОВАТА СМЕТКА!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 25.Октомври.2007 во 17:41
Текст: Матеј 16:21–28
ЖОНГЛИРАЊЕ СО ДУШАТА!
„Оти каква полза е за човекот, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ì напакости?“ Матеј 16:26.
Секој од нас, во вечноста ќе биде некаде. Тие што го познаваат Христос, имаат ветување дека ќе бидат на небото, тоа прекрасно место, приготвено за нив од Господ Исус. Оние, кои не ќе Го примат, ќе заминат во страшното место, приготвено за ѓаволот и неговите ангели. Нашата судбина ја решаваме со тоа што ќе сториме со Спасителот во овој живот. Бидејќи никој не го знае својот час, во кој ќе биде „повикан“, секој што продолжува да го одбива Христос се коцка со својата душа.
Една приказна зборува за еден човек, кој патувал со брод. Наведнат над оградата на бродот, тој си играл фрлајќи некој предмет во воздухот и повторно фаќајќи го. „Што фрлаш во воздухот?“ – го прашал еден друг патник. – „Дијамант со голема вредност. Тој е сè што имам на оваа земја“– одговорил човекот. – „Колку страшен ризик, што си играш со него толку немарно!“ – „Нема никаков ризик. Тоа го правам веќе половина час и секогаш успевам да го фатам“. – „Но, секогаш постои последен пат“ – забележал набљудувачот. Човекот се насмеал и повторно го фрлил, но, овој пат не го фатил дијамантот, кој паднал во океанот. За миг, стоел вџашен. Потоа со сиот глас викнал: „Загубен! Загубен! Загубен!“ Оваа приказна, можеби, ви изгледа невистинита? Таа е вистинита! Океанот е вечноста. Ти си на бродот на животот. Дијамантот е твојата душа. А ти жонглираш со неа! Ако не си го примил Христос, немој повеќе да ја ризикуваш вечната судбина на твојата душа! Прими го Христос за твој Спасител и Тој ќе ти ја зачува душата за вечни радости.
„ДАЛИ ТИ Е ПОДГОТВЕН ПАСОШОТ ЗА НЕБОТО?
МОЖЕ ДА ТИ ЗАТРЕБА ПОБРГУ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИШ!“
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Октомври.2007 во 11:34
Текст: Дела Апостолски 12:1–17
МИСТЕРИЈАТА НА БОЖЈИТЕ ПАТИШТА
„Колку се неиспитливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!“ Рим. 11:33.
Божјите патишта понекогаш ни изгледаат несправедливи. Едно 12-годишно момче било одличен ученик и невообичаено посветено на Бог. Еден ден, додека се возело со својот велосипед, враќајќи се од училиштето дома, го удрило едно возило. Од ударот добило повреди на мозокот, поради кои останало инвалид до својата смрт. Тие, кои го познаваа како момче, ми кажуваа дека не можат да разберат, зошто Бог дозволил такво нешто да му се случи на некој, што бил предопределен да служи како пастор, или мисионер. Други, пак, луѓе, со многу помал потенцијал, израснале и оствариле успешни кариери. Еден човек ми рече: „Тоа не е фер!“
Јаков, еден од трите апостоли кои секогаш му беа најблиски на Исус, го заврши својот живот како маченик, откако му беше отсечена главата, само 10 години по Христовото вознесување. Замислете! Исус вложи во него толкав труд да го обучи, за толку кратка служба! Освен тоа, Бог, кој не интервенираше за да го избави Јаков, направи чудо за Петар. Овој избувлив Исусов ученик доживеа маченичка смрт дури во својата длабока старост. А Јован, братот на Јаков, живееше околу 90 години и умре со природна смрт.
Дали Бог има свои миленици? Дали е нефер? Одговорот се разбира е не! Ние гледаме од перспектива на неколку кратки години, а Бог гледа од перспективата на вечноста. Во моментот во кој Јаков влезе на Небото, тој сфати дека Бог не е нефер кон него. Еден ден и ние ќе ја сфатиме тајната на Неговите патишта. Затоа, не поставувај му прашања на Бог. Имај доверба во Него!
„НЕ СТАВАЈ ПРАШАЛНИК ТАМУ КАДЕ ШТО БОГ СТАВИЛ ТОЧКА; ТОА Е ВЕРА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ“.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 07.Ноември.2007 во 00:41
Беседи на македонски јазик
-------------
|
|