IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно > Тоше Проески - IN MEMORIAM
  Активни теми Активни теми RSS - ЗА СПОМЕН (РАЗГОВОРИ ЗА ТОШЕ)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗА СПОМЕН (РАЗГОВОРИ ЗА ТОШЕ)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16341
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 16:32
http://www.youtube.com/watch?v=qrMYmVYEGjc&NR=1

Toše Proeski 16.10.2007.                   posledniot interviju



Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2009 во 09:45
http://www.the-top-tens.com/lists/greatest-singer-of-all-time.asp
гласајте!!!!!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21836
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 23:11
не поминува ден без Тоше.........
...песните ги пуштаат во кафичи, по родендени(секоја 3та-4та е од Тоше),
... со нив  започнуваат свадби (Усни на усни),
...не може да пуштиш телевизија а да не го видиш неговиот лик на некој канал.............
.....и секогаш истата болка, понекоја дискретна солза и истото прашање: зошто?

Изменето од Gabriela_S - 05.Јули.2009 во 23:53
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 13:49
ПОМЕСТЕН ДАТУМОТ ЗА КОНЦЕРТОТ ПОСВЕТЕН НА ПОП - ЅВЕЗДАТА

Место на 5 октомври, за Тоше ќе се пее на 25 јануари


Петти октомври, кој лани беше избран за ден кога секоја година ќе се одржува концертот посветен на Тоше Проески, е сменет со 25 јануари, денот кога покојната поп-ѕвезда е родена.
Меѓународната фондација "Тоше Проески", како организатор на настанот, реши следниот хуманитарен концерт посветен на Тоше да се одржи на 25 јануари 2010 година.
Минатата година организаторите ја исполнија желбата на Тоше, кој на концертот на 5 октомври во 2007 година посака својата публика да ја види следната година на истото место, но во поголем број. На истиот ден лани, стадионот беше преполн, а музичките пријатели на Тоше од Балканот ги пееја неговите песни. Собраните средства од хуманитарниот концерт во континуитет се распределуваат за општествено корисни цели согласно одлуките на Управниот одбор на Фондацијата. Дел од средствата неодамна беа доделени за неопходни медицински апарати за болницата во Крушево.
- Размислувавме дека понатамошната организација на концерт за Тоше, наместо на датумот на одржувањето на неговиот последен концерт - на 5 октомври, треба да го поместиме на датумот на неговото раѓање. Така ќе ја славиме и понатаму радоста од неговото раѓање, а не денот на неговиот последен концерт. За нас членовите на семејството, а веруваме и за сите на кои Тоше им е во срцата, 25 јануари е денот кој треба да се слави и исполни со музика и љубов", велат од Фондацијата.
Средствата кои би се собрале од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот Свето Преображение во Крушево, соопшти директорот на Фондацијата Андреј Николоски.
(М.Џ.)
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21836
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 00:12

Macedonia HEART Toshe Proeski СИТЕ КОИ ГО САКААТ ТОШЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК НЕКА ЗАПАЛАТ СВЕЌА ЗА НАШИОТ АНГЕЛ.....ТОШЕ ТЕ САКАМЕ!!!!! ♥ SVI KOJI VOLE TOSE: U PONEDELJAK 5 OKTOBRA NEK UPALE SVJECE ZA TOSE....anđeo naš puno te volimo!!!! ♥

< method="post" ="/" name="add_comment" id="add_comment" ="add_comment _add_">< name="charset_test" value="€,´,€,´,水,Д,Є" ="">< id="fb_dtsg" name="fb_dtsg" value="WA6md" ="">< id="post__id" name="post__id" value="613e3db47240aea974dd7b334ef7b83a" ="">

Macedonia HEART Toshe Proeski SITE STO GO SAKATE TOSE: ponedelnik na 5ti okotmvri vo 19.30 casot site na plostadot Makedonija- да го обележиме со ѕвездено небо и со многу љубов неговото вечно постоење и денот за паметење...
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 15:15
Се надевам ќе се собереме во голем број..се гледаме таму!Тоше засекогаш
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16341
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2010 во 22:19
Tošetov vozač tvrdel dека nе  zaspal.............
Vozačот nа  avtomobilоt „tuareg",vо koj  smrtno stradal Toše Proeski, Georgij Georgijevski  prv pаt progovoril во javnosт...
...................,, Се сеќавам на се'..........
Мене воопшто никој не ме праша за ништо। Не дојде ниту полицаец, ниту истражен судија. Дојде еден полицаец и ми ја донесе возачката дозвола или можеби беше само торбичката, не се сеќавам. Претходно дојде еден адвокат, Хрват и се претстави... Јас сум адвокат (тој и тој) и побара да му се потпишам за да ми го врати пасошот, нешто како дали се согласувам тој да го подигне пасошот и да ми го донесе, така нешто беше. Тој се задржа само две минути. За несреќата истрага никој не направи. Прв пат по несреќата во која загина Тоше Проески во јавноста се појавува возачот на џипот Туарег, со кој се случи сообраќајката.
За Ѓорѓе Ѓорѓевски, или за неговите пријатели познат како Ѓоле, имаше безброј шпекулации кои одеа до таму што цитираа негови изјави за настанот кои тој воопшто не ги дал, зборуваа за средби со него кои тој не ги имал... а хрватските медиуми одеа до таму што без судење го прогласија за виновен. Без лекар го прогласија за загубен човек кој на ништо не се сеќава... А истите хрватски медиуми заборавија да прашаат дали на нивниот виновник воопшто некој му земал изјава во истрагата.
И, после се', еве го Ѓоле за прв пат во јавноста со ова интервју во ВЕЧЕР.
Во својот дом, Ѓорѓевски е под постојана медицинска нега, но вели болката за загубата на неговиот близок пријател е најтешка. Не го загрижува дали ќе се поднесе пријава против него и како ќе заврши целата истрага за немилиот настан. Загубата на Тоше е најголема казна и полошо од тоа не може да биде. Интервјуто го правевме во неговиот дом.
Ѓорѓевски, се уште нецелосно заздравен, лежеше во кревет. Телефонот во неговиот дом на улицата "Рузвелтова" во Скопје постојано ѕвонеше. Го бараа новинари за изјави и интервју. Ѓорѓевски вели најупорни биле од хрватската телевизија Нова, онаа телевизија која најмногу пишуваше во изминативе денови против него. Од ТВ Нова се јавиле непосредно пред нашето пристигнување, но не сакал и не можел да зборува.
Како се чувствувате, со оглед на тоа дека имавте многу видливи повреди? - И физички и психички сум скршен и лошо се чувствувам. Под постојана медицинска нега сум, двапати во денот ме посетува доктор, примам инјекции, анестетици и средства за смирување. На два дена ме посетува невролог и невропсихијатар. Но, психичката болка е потешка. Едноставно, како може да се чувствувам после се што се случи... Колку време се познававте со Тоше?- Со Тоше се знаевме 15 години, но шест години интензивно се дружевме. Го изгубив тоа што го изгубив, најдобриот пријател и брат. Бевме многу блиски. Кога ќе ми се јавеше и кога ќе зборуваше за мене, никогаш не викаше возачот или бодигардот. Ме ословуваше со брат. Ќе ми се јавеше, ќе ме прашаше: Кај си брат. Ретко дозволуваше друг да го вози. Доаѓаше кај мене дома, идев кај него, си верувавме еден на друг. Изгубив брат.
Во немилиот настан во Хрватска настрада Тоше. Вие бевте веднаш хоспитализирани. Кој Ве информираше за несреќата?- Дека мојот најголем пријател загинал во сообраќајката дознав од медицинскиот персонал. Таму имаше и доктор и медицинска сестра, ми кажа некој од нив. Во еден момент прашав како се другите од возилото, ми кажаа дека Тоше не преживеал. За тој момент не можам многу да зборувам.
Дали бевте уморен кога тргнавте на пат за Хрватска? - Воопшто не бев уморен. Тргнавме од Скопје пред полноќ, а во Ниш ја земавме Љиља. Кај неа седевме, се освеживме и продолживме за Хрватска. Никој не бараше да брзаме, ниту дека сме врзани со време. Никој за ништо не ме форсираше.
ВЕЧЕР објави дека 15-тина минути пред несреќата сте застанале да се одморите.- Да, запревме на бензинска пумпа. Не поминаа ни 10 минути откако тргнавме оттаму до несреќата. Претходно застанавме уште 4-5 пати. Секогаш кога ќе посакав и ќе имав потреба застанував, и никој не негодуваше за тоа. Накусо, патувавме лежерно и без брзање.Од наплатната рампа до местото на несреќата има некаде околу 130 километри. Ние застанавме некаде на половина од тој пат. На таа бензинска која вие во пишувањето ја спомнувате, запревме за да пиеме кафе, да ставиме бензин, и потоа продолживме. Требаше да стигнеме во Загреб, на Зухра шоу, некаде околу 12 напладне. Имавме доволно време, па дури и повеќе од потребното, и за никакво брзање не може да стане збор. Не бев заморен за да заспијам. Не заспав.
Какви беа условите на патот? Имаше ли некакви сериозни пречки?- Патот сум го возел повеќе пати, и дење и ноќе. Тоше немаше возач кој бил на одмор во тој период како што се зборуваше. Го возев многу често на таа релација. Тој ден имаше многу јака магла. Но јас Туарегот го возев често. Тој беше со целосна опрема, имаше секакви сензори, па и сензор за дистанца кој ви сигнализира ако пребргу се доближувате до некој предмет или возило.
Дали се сеќавате на моментот кога се случи несреќата? Хрватските медиуми уште веднаш објавија дека не памтите што се случило.- Како може да не се сеќавам ?! Тоа е, исто така, и моментот кога го изгубив мојот најголем пријател. Ништо не сум заборавил. Се сеќавам на се'. Но, деталите ќе ги кажам на суд.
Дали некое службено лице од истрагата се обиде да разговара со Вас и да Ве испраша што се случило?- Мене воопшто никој не ме праша за ништо. Не дојде ниту полицаец, ниту истражен судија. Дојде еден полицаец и ми ја донесе возачката дозвола или можеби беше само торбичката, работи од колата, тука беа и работите на Љиља. Мислев ќе ме испрашува, но тој се задржа само две минути и ништо не ме праша. Претходно дојде еден адвокат, Хрват и се претстави... Јас сум адвокат (тој и тој) и побара да му се потпишам за да ми го врати пасошот, нешто како дали се согласувам тој да го подигне пасошот и да ми го донесе, така нешто беше. За несреќата распит со мене за потреби на истрагата никој не направи. Никој ништо не ме праша за тоа. Изјава никому не му дадов зашто никој од мене тоа не го побара.Дали сопатниците Љиља и Тоше спиеја во возилото кога се сличи несреќата? Според некои информации Тоше спиел, според други гледал филм, едни велат бил легнат на седиштето, други дека седел... Која е вистината?- Тоше седеше на совозачкото седиште кое беше спуштено до долу и го фаќаше делот од задното седиште. Не беше прв пат Тоше да заспие додека патуваме. Тоа често се случуваше. Љиља седеше на задното седиште позади мене. Сигурносни појаси имавме. Само Љиља не беше врзана со сигурносен појас. Лименките кои ги купивме кога застанавме на бензинската пумпа за да дополниме бензин во резервоарот се уште празни стоеја во автомобилот. Не беа фрлени. Со Љиља комунициравме, цело време разговаравме. Правевме муабет. Немаше никакви шанси да заспијам. Непосредно пред несреќата таа ме прашуваше дали ми се спие? Дали сум уморен? Дали има потреба да ме замени, таа да вози малку? Но, не се чувствував уморен. Останав на возачкото седиште........,,
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84645
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2010 во 16:43
 
Белградскиот новинар Александар Саша Јовановиќ од весникот „Прес“ најавува книга за последните години од животот на најголемата македонска ѕвезда Тоше Проески, според која потоа ќе се снима и документарен филм
Наводно, книгата ќе биде објавена под етикетата на издавачката куќа „Хорусово око“, која ја објави и неговата книга „Сите тајни на фармата“, во која открива што сé се случувало во реалното шоу „Фарма“, во кое учествуваше и тој.

Српскиот весник „Прес“ најавува дека во книгата Јовановиќ ќе ги опише непознатите детали поврзани со трагичната смрт на Тоше. Сé уште не е јасно од каде ваквите наводни детали му се познати на српскиот новинар.

Од меѓународната фондација „Тоше Проески“, која се грижи за заштитата на ликот и делото на Тоше, реагираат дека тие воопшто не се запознаени со идејата и оти сметаат дека станува збор за желба Јанковиќ да се промовира себеси користејќи го името на прерано починатиот македонски пејач.

- Овој новинар се обидува само да се промовира себеси искористувајќи го името на Тоше. Нема никаква потреба за Тоше да пишува книга некој човек што не го познавал. Особено не за неговата „мистериозна“ смрт, како што е најавено. Фондацијата ќе упати писмо до него и до издавачката куќа со молба да не го злоупотребуваат името на Тоше. Очекуваме дека тие ќе ја почитуваат нашата желба и реакција - вели извршниот директор на фондацијата, Андреј Николоски.

Тој додава дека фондацијата веќе подготвува книга за Тоше, за која се ангажирани група писатели и професионалци, кои веќе интензивно работат на неа.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84645
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 10:51

Меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески наскоро ќе биде изградена во скопската населба Ново Лисиче


На свеченоста во Ново Лисиче по повод почетокот на изградбата на модерниот момеријал присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Неодамна, беше одлучено, исто така, Детската улица во таа населба да го промени своето име во улица Тоше Проески, која градските власти ќе ја уредат, по проектот на архитектот Филип Богатинов како плоштад.
На централниот плоштад ќе бидат поставени четири високи столбови, кои ќе ги претставуваат членовите на бендот, а во средината ќе биде фонтаната која симболично ќе го претставува покојниот пејач.

"Тоше беше и остана идол на младите луѓе во Македонија и на Балканот.
Нашата општина е една од најмладите и затоа ќе направиме простор каде што младите луѓе ќе се потсетуваат на Проески. Ние решивме тоа да биде улицата која сега го носи името "Детска улица'", рече градоначалникот на Скопје, Кирил Тодоровски.

 
аплауз
аплауз
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 18:15
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 01:56
imam dosta prijateli na FB no nikogas skoro kaj site ne sum videla pesna od Tose na zid, zosto?
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 14:57
Originally posted by *moon* *moon* напиша:

imam dosta prijateli na FB no nikogas skoro kaj site ne sum videla pesna od Tose na zid, zosto?


epa deka me nemas mene zatoa izgleda
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84645
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 23:07

Отворена спомен куќата на Тоше

 

Со стиховите на песната "Крушево" која ја рецитираше Раде Шербеџија следен од музиката на Влатко Стефновски на гитара, денес во родното место на македонскиот пејач Тоше Проески, се отвори спомен куќата посветена на ѕвездата која трагично загина.

На денешното отворање на спомен куќата присуствуваа повеќе од стотина граѓани од цела Македонија, гости од странство и обожавателите на Тоше од сите земји од регионот.

Куќата е во форма на крст и се наоѓа во Крушево, родното место на пејачот, а во неа хронолошки е прикажан краткиот живот на Тоше, од детството и тинејџерските години до периодот во кој го достигна врвот на својата кариера.

Сите негови обожаватели од целиот Балкан ќе можат да ги разгледуваат неговите фотографии и да видат 350 автентични експонати кои за спомен куќата ги донираше фамилијата на Проески.

Она што секако ќе предизвика внимание на посетителите се двете восочни фигури на пејачот во негова природна големина.



Изменето од емил - 25.Април.2011 во 23:08
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2011 во 23:03
Zar e mozno ??? "Ve sakam site " bilo napisano na sto svetski jazici a ne i na negoviot majcin jazik  тага

Изменето од ADVISOR - 01.Мај.2011 во 23:03
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.