IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 43>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2011 во 05:53

Во фудбалска Европа вечерва се одиграa половина од првите дуели од плеј оф фазата за пополнување на групите во Лигата на шампионите.

Стартот на последното квалификациско коло, според квалитетите на екипите ни донесе очекувани резулати на сите пет средби.
Во најатрактивниот натпревар на вечерта, Арсенал со голот на Тео Волкот постигнат во воведните минути од мечот стигна до минимален триумф над цврстиот Удинезе, кој на Емирати уште еднаш покажа дека ќе биде незгоден противник на скапиот Арсенал.
Своите големи вредности топџиите од Лондон ќе мора да ги докажат на реваншот по седум дена во Удине, бидејќи не смеат да си дозволат таков луксуз дуелите до групната фаза на шампионската лига да минат без нивнототприсуство.
Само за потсетување, тимот на Арсенал е два ипол пати поскап од оној на Удинезе или најскапиот фудбалер на Арсенал, Робин Ван Перси е дури трипати поплатен од највредниот фудбалер на Удинезе, Хандановиќ.
Во двете преостанати дерби средби францускиот Лион го совлада Рубин Казан со 3 - 1, иако гостите од Казан на Жерлан поведоа со 1 - 0 до истекот на 45 минута Лион успеа да направи резултатски пресврт, а подоцна и да стигне до резулат кој му гарантира релативно спокоен реванш.
Во Холандија Твенте не успеа да обезбеди каква било предност против одличната Бенфика. Победник немаше ниту на дуелот во Белорусија меѓу Бате Борисов и Штурм.
За најголемото изненадување се погрижи тимот на Викторија Плзењ, чешкиот шампион во Днаска му одржа вистински час по модерен фудбал на домашниот Копенхаген.
Крсте Галевски

Арсенал – Удинезе 1 - 0 (Т. Волкот 4 мин.)
Лион – Рубин Казан 3-1 (Гомис 10, 40, Брианд 71 – Џуаџун 3.)
Твенте – Бенфика 2-2 (Де Јонг 6, Руиз 80 – Кардозо 21, Нолито 35 .)
Б. Борисов – Штурм 1-1 (Шимиќ 59, - Вебер 12 )
Копенхаген – Викторија П. 1- 3 (Отесен 69 – Колар 52, Пилар 59, Фило 79)

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2011 во 07:38
Лион, Плзењ, Бенфика, БАТЕ и Арсенал во Лигата на Шампионите

Комплетирана е листата на учесници во Лигата на Шампионите за сезоната 2011/12. Во реванш мечевите одиграни вечерва постигнати се во најголема мера очекувани резултати, а единствено условно речено изненадување е победата на БАТЕ Борисов во Грац над екипата на Штурм.

Фудбалерите на Олимпик Лион во Казањ ја одбранија предноста од првиот дуел, додека Удинезе добро започна против Арсенал, но "топџиите" во продолжението дојдоа до пресврт и нова победа која сигурно многу ќе им донесе на полето на самодоверба.

Викторија Плзењ уште еднаш беше подобра од Копенхаген, па овој чешки тим ќе дебитира во елитното натпреварување. Бенфика според очекувањата го совлада Твенте.

Резултати:

Рубин - Олимпик Лион 1:1 (0:0) прв меч 1:3
Начо 77' - Коне 87'

Бенфика - Твенте 3:1 (0:0) прв меч 2:2
Витсел 46', 66', Луизао 59' - Руис 85'

Штурм - БАТЕ Борисов 0:2 (0:1) прв меч 1:1
Володко 36', Симиќ 69'

Удинезе - Арсенал 1:2 (1:0) прв меч 0:1
Ди Натале 39' - ван Перси 55', Волкот 69'

Викторија Плзењ - Копенхаген 2:1 (0:1) прв меч 3:1
Бакоš 69', Дуриш 90' - Болањос 32'

Одиграно во вторник:
АПОЕЛ - Висла Краков 3:1 (прв меч 0:1)
Малме - Динамо Загреб 2:0 (прв меч 1:4)
Генк - Макаби Хаифа 4:1 по пенали (прв меч 1:2)
Виљареал - Одензе 3:0 (прв меч 0:1)
Цирих - Баерн 0:1 (прв меч 0:2).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2011 во 07:40
Денеска ждрепката за Лигата на Шампионите

Ждрепката за Лигата на Шампионите ќе се одржи денеска во 17:45 часот во Монако, а откако завршија квалификациите познати се сите учесници, како и изгледот на групите за ждрепката при која 32 тима ќе бидат поделени во осум групи од по четири тима. При ждрепката на групите заедно нема да можат да се најдат два тима од иста држава.

 

Прва група: Манчестер Јунајтед, Барселона, Челзи, Баерн, Арсенал, Реал Мадрид, Порто, Интер

Втора група: Зенит, Ајакс, Баер Леверкузен, Олимпијакос, Манчестер Сити, Лил, Милан, Олимпик Лион

Трета група: Шахтјор, Валенсија, Бенфика, Виљареал, ЦСКА Москва, Олимпик Марсеј, Базел, БАТЕ Борисов

Четврта група: Борусија Дортмунд, Наполи, Динамо Загреб, АПОЕЛ, Трабзон, Генк, Викторија Плзењ, Оцелул Галати.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2011 во 07:41
УЕФА одлучи експресно - Трабзон на местото на Фенербахче

УЕФА одржа итен состанок на комисијата за натпревари. Турција ќе има свој претставник во Лигата на Шампионите, на местото на исфрлениот Фенербахче, ќе игра тимот на Трабзон.

Овој клуб веќе играше во квалификациите од Лигата на Шампионите и веќе беше исфрлен во пертходната рунда од тимот на Бенфика, а поцна настапуваше и во плеј-офот за Лигата на Европа.

Сепак Трабзон ќе игра во Лигата на Шампионите, а со овој расплет неговиот противник од Лигата на Авропа тимот на Билбао, без борба ќе се најде во групната фаза на второто по ранг натпреварување во УЕФА

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2011 во 06:52
 

Во Монако денес беше одржана жрепката за групната фаза од фудбалската Лига на Шампиони, во која се пласираа 32 екипи. Во извлекувањето на „куглите“ учествуваа Луис Фиго, Боби Чарлтон, Руд Гулит, Лотар Матеус и Пол Браитнер.

 

Единствениот фудбалски клуб од Балканскиот Полуостров, Динамо Загреб, во својата група ќе игра против Реал Мадрид, Лион и Ајакс. Најинтересен ќе биде дуелот од групата Х помеѓу Барселона и Милан.

Група А: Баерн, Виљарел, Манчестер Сити, Наполи
Група Б: Интер, ЦСКА Москва, Лил, Трабзонспор
Група Ц: Манчестер Јунајтед, Бенфика, Базел, Отеул Галати
Група Д: Реал Мадрид, Луон, Ајакс, Динамо Загреб
Група Е: Челзи, Валенсија, Баер Леверкузен, Генк
Група Ф: Арсенал, Марсеј, Олимпиакос, Борусија Дортмунд
Група Г: Порто, Шахтар, Зенит, Апоел
Група Х: Барселона, Милан, Бате Борисов, Викториа Плзен

Финалето на Лигата на Шампиони наредната година ќе се игра на Алианц Арена во Минхен. Во Монако вечерва Лео Меси е прогласен за најдобар  фудбалер во Европа за минатата сезона.

Натпреварите по групи во ЛШ ќе започнат на 13 септември.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2011 во 01:50

Голем бод за Милан на супер дербито на Камп Ноу против шампионот Барселона

Јубилејната 20 сезона во елитната Лига на шампионите тргна како што само може да се посака, со фуриозен гол во 24 секунда на Бразилецот Пато во Каталонија за неочекувано водство на Милан против бранителот на тронот Барселона.

Каталонците сепак брзо се вратија резултaтски на супер дербито и преку Педро по асистенцијата на волшебникот Меси успејаа да израмнат на 1-1 што беше и епилогот на премиерните 45 минути на Камп Ноу. Во 5. минута од вториот дел со ремек дело на Давид Виља од слободен удар Барселона поведува со 2-1. Во продолжението на судирот на шампионите Барселона доминираше на преполниот Камп Ноу, но во последните секунди од мечот италијанскиот првак Милан стигна до шокантно изненадување. По корнерот на Сидорф и одличниот скок на Бразилецот Тиаго Силва црвено - црните од Милано успеа да освои значаен бод на гостувањето кај актулениот шампион Барселона.
Во воведните 8 средби од шампионската лига се постигнати 18 голови половина од нив се дело на маестралните интернационалци од Бразил.
Без победник заврши и вториот натпревар во групата – Х во Прага меѓу Викторија Плзен и белорускиот Бате Борисов.
Со изедначен резулат финишираше и второто вечерашно дреби во Дортмунд бундес шампионот Борусија се спаси од пораз против англискиот премиерлигаш Арсенал. Топџиите од Лондон со голот на капитенот Ван Перси во 42. минута имаа предност од 1-0 се до 88 минута и велемајсторскиот гол за израмнување на хрватскиот интернационалец во редовите на милионерите од Дортмунд Иван Перишиќ.
Најубедливата победа ја запиша фаворизираниот Челзи во дуелот со Баер Леверкузен. Со голем резултатски пресврт значајни три бода на домашен терен во Кипар обезбеди и Апоел на нашиот Иван Тричковски. Рускиот првак Зенит на Кипар водеше се до 72. Минута, но Апоел со два гола во 100 секунди стигна до пресврт и огромни три бода во Лигата на шампионите .
Пред стартот на групната фаза УЕФА ги одреди наградите за новата сезона во Лигата на шампионите .
Како и минатата година учесниците повторно добро ќе ги наполнат своите каси.
Четирите англиски тима во оваа фаза, Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се спокојни дури и да испаднат уште во првата рунда ќе земат најмалку 22.5 милиони фунти. Минатата сезона „црвените ѓаволи" ја наполнија касата со 46 милиони фунти, иако загубија во финалето од Барселона со 1:3. Секој од 32-та тима, кои учествуваат во групната фаза, веќе може да се пофали со добивка од 3 милиони фунти.

За секој одигран натпревар се добиваат по 450.000 фунти. За реми се добива бонус од уште 320.000 фунти, а за победа - 700.000 фунти. Тимовите кои ќе се квалификуваат во 1/8 финалето ќе добијат по 2.6 милиони фунти, а секој од четвртфиналистите по 3 милиони фунти.

 

група Е:

Челзи - Баер Леверкузен 2-0(Давид Луиз 22 м ,Мата 90)
Генк - Валенсија 0-0

група Ф:

Борусија д. - Арсенал 1-1 ( Перишиќ 88 м,--Ван Перси 42 ,
Олимпијакос - Олимпик м. 0-1(Гонзалес 51 м)

група Г:

Апоел - Зенит 2-1(Мандука 72 ,Аилтон 74 ,--Зирјанов 63м)
Порто - Шахтјор 2-1(Хулк 28м,Клебер 51м—Адријано 12 мин)

група Х:

Барселона - Милан 2-2(Педро 36,Виља 50 –Пато 1м,т.Силва 90 )
Викторија П. - Бате Борисов1-1(Бакош 45 – Ренан69)
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2011 во 23:30

Трабзон го шокираше Интер, Баерн и Реал стартуваа со победи




Трабзон%20го%20шокираше%20Интер,%20Баерн%20и%20Реал%20стартуваа%20со%20победи
Освојувачот на ЛШ од 2010, Интер доживеа изненадувачки пораз на домашен терен во дуелот со Трабзонспор но поранешните шампиони Баерн Минхен и Реал Мадрид стартуваа со победи
Интер планираше да се опорави по поразот од Плаермо со победа над Трабзонспор на стартот од групната фаза во Лигата на Шампионите но Нероаѕурите доживеаа нов шок.

Откако фудбалерите на Интер не искористија неколку добри шанси за отварање на резултатот казната стигна на 14 минути пред крајот на средбата кога Ондреј Челустка упати прецизен удар по земја и го замолкна Џузепе Меаца.

На другиот натпреварот од Групата Б, Лил прокоцка предност од два погодоци во средбата со ЦСКА Москва.

Кон финишот на првото полувреме, Соу на атрактивен начин со пета го претвори додавањето на Розенал во водство од 1-0 за Лил. Во 57та минута Педрети од врвот на шеснаесетникот успешно ја пласираше топката во мрежата на ЦСКА за зголемување на водството.

Но гостите од Русија не се предадоа и најпрво во 72та минута го изедначија резултатот преку Думбиа а истиот фудбалер во финишот од средбата ги постави конечните 2-2 по едно одлично двојно проигрување со Џагоев.

Во Групата А, Баерн Минхен забележа победа од 2-0 на гостувањето кај Виљареал. Баварците најавија дека целат кон трите бода уште во 7та минута кога Рибери продре по левата страна и ја врати топката до Тони Крос кој осамен од 11 метри прецизно биеше во подалечниот агол.

Победникот беше решен на петнаесетина минути пред крајот на средбата. Рафиња сам си направи простор, биеше на првата статива и успеа да го изненади голманот Диего Лопез кој сноси одредена вина за погодокот.

Наполи на нашиот Горан Пандев успеа непоразен да замине од гостувањето кај Манчестер Сити.

По еден брз контра-напад, Единсон Кавани ги донесе Наполитанците во водство во 69та минута. Но неколку минути подоцна Коларов од слободен удар го изедначи резултатот.

Горан Пандев ги одигра последните десетина минути од средбата но македонскиот интернационалец не се најде во посериозна шанса.

Во Групата Ц, Бенфика и Манчестер Јунајтед ремизираа а Базел славеше во дуелот Отелул.

На Естадио да Луз, Оскар Кардозо ги донесе домакините во водство во 24та минута. Николас Гаитан одлично го проигра напаѓачот кој ја смири токната на своите гради, се ослободи од Џони Еванс и прецизно биеше покрај десната статива.

Кон финишот на првото полувреме, Рајан Гигс донесе изедначување за Манчестер Јунајтед со прекрасен погодок во аголот од голот на Бенфика.

Базел стигна до три бода во дуелот со Отелул благодарејќи на погодокот на Александер Фреи од белата точка. На пет минути пред крајот на првото полувреме, Фабиан Фреи ги донесе домакините во водство но гостите од Романија стигнаа до изедначување во 58та минута преку Мариус Пена.

Но на шест минути до крајот на средбата судијата покажа на белата точка откако Салагеану го совлада Штрелер во шеснаесетникот а Александер Фреи прецизно го реализираше ударот од белата точка и го донесе Базел во водство од 2-1.

Во Групата Д, Реал Мадрид стигна до минимална победа на гостувањето кај Динамо Загреб а Ајакс и Лион одиграа натпревар без погодоци.

Кралевите како големи фаворити допатуваа во Загреб а за освојување на трите бода беше доволен погодокот на Анхел Ди Мариа во 53та минута.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2011 во 06:50
Велбек со хет-трик го спаси Манчестер ј. од пораз против Базел

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев настапи во последните 20-тина минути за својот тим Наполи, кој го совлада Вилјареал со 2-0 во 2. коло од Лигата на шампионите во фудбал. Пандев го замени стрелецот на вториот гол за домашните, Кавани, кој од белата точка веќе во 17. минута му донесе водство на Наполи од 2-0. Стрелец на првиот гол за Наполи беше Хамшик.

Највозбудливо беше на "Олд Трафорд", каде што гостинскиот тим Базел направи драматичен пресврт и поведе со 3-2 по водството на Манчестер јунајтед од 2-0. Велбек, кој постигна два гола за две минути во првото полувреме, го спасуваше фаворитот пред крајот на натпреварот.

Во другите средби, лесни победи забележаа фаворитите Баерн и Реал против Манчестер сити, односно Ајакс. Интер славеше во Москва против ЦСКА со 3-2 и се рехабилитира за поразот на стартот.

 

Резултати, стрелци и табели:

 

Група А

Баерн - Манчестер сити 2-0 (2-0)

1-0 Гомес 38

2-0 Гомес 45+1

Наполи - Вилјареал 2-0 (2-0)

1-0 Хамшик 15

2-0 Кавани 17 (п.)

Табела: Баерн 6, Наполи 4, Манчестер сити 1, Вилјареал 0 бодови.

 

Група Б

Трабзонспор - Лил 1-1 (0-1)

0-1 Сов 31

1-1 Колман 75 (п.)

ЦСКА - Интер 2-3 (1-2)

0-1 Лусио 6

0-2 Пацини 23

1-2 Џагоев 45

2-2 Лав 77

2-3 Сарате 79

Табела: Трабзонспор 4, Интер 3, Лил 2, ЦСКА 1.

 

Група Ц

Манчестер јунајтед - Базел 3-3 (2-0)

1-0 Велбек 16

2-0 Велбек 17

2-1 Ф. Фрај 58

2-2 А. Фрај 60

2-3 А. Фрај 76 (п.)

3-3 Велбек 90

Оцелул - Бенфика 0-1 (0-1)

0-1 Сезар 41

Табела:  Бенфика 4, Базел 4, Манчестер ј. 2, Оцелул 0.

 

Група Д

Реал Мадрид - Ајакс 3-0 (2-0)

1-0 Роналдо 25

2-0 Кака 41

3-0 Бензема 49

Олимпик Лион - Динамо Загреб 2-0 (2-0)

1-0 Гомис 23

2-0 Коне42

Табела: Реал 6, Олимпик Лион 4, Ајакс 1, Динамо 0.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2011 во 04:10

Тричковски со гол-првенец во Лигата на шампионите

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски го постигна својот гол-првенец во  Лигата на шампионите и му донесе бод на АПОЕЛ  во Донецк, против Шахтер. Напаѓачот на жолто-сините му донесе водство на својот тим во 61 мин. но радоста на гостите траеше само три минути буидејќи Жадсон израмни за Шахтер. Во групата на АПОЕЛ, Зенит стигна до првите бодови со победата од 3:1 дома против Порто.

Во другите групи, Барселона ги реши дилемите уште во првото полувреме против БАТЕ Борисов во Минск (0:5), а Милан дури во вториот дел го скрши отпорот на Плзењ (2:0), со голот од пенал на Ибрахимовиќ, кој асистираше и при погодокот на Касано.

Во дербито, Валенсија и Челси играа нерешено 1-1, а Баер во Левркузен беше подобар од белгиски Хенк (2:0)

Арсенал го чуваше и го сочува водството стекнато во првиот дел против Олимпијакос, мечот заврши со 2:1. Олимпик Марсеј го понижи германскиот првак Борусија Дортмунд со 3-0.

Резултати, стрелци и табели:

Група Е

Валенсија - Челси 1-1 (0-0)
0-1 Лампард 57
1-1 Солдадо 86 (п.)

Баер Л. - Хенк 2-0 (1-0)
1-0 Бендер 30
2-0 Балак 90+1
Табела: Челси 4, Баер Л. 3, Валенсија 2, Хенк 1 бод.

Група Ф

Арсенал - Олимпијакос 2-1 (2-1)
1-0 Оксленд-Чембрлен 8
2-0 Сантос 21
2-1 Фустер 27

Олимпик Марсеј - Борусија Д. 3-0 (1-0)
1-0 Ајев 20
2-0 Реми 62
3-0 Ајев 69 (п.)
Табела: Олимпик М. 6, Арсенал 4, Борусија Д. 1, Олимпијакос 1.

Група Г

Зенит – Порто 3-1 (1-1)
0-1 Родригес 10
1-1 Широков 20
2-1 Широков 63
3-1 Дани 72

Шахтер - АПОЕЛ 1-1 (0-0)
0-1 Тричковски 61
1-1 Жадсон 64
Табела: АПОЕЛ 4, Зенит 3, Порто 3, Шахтер 1.

Група Х

Милан - Плзењ (0-0)
1-0 Ибрахимовиќ 53 (п.)
2-0 Касано 66

БАТЕ - Барселона 0-5 (0-3)
0-1 Володко 19 (аг.)
0-2 Педро 22
0-3 Меси 38
0-4 Меси 62
0-5 Вилја 90
Табела: Милан 4, Барселона 4, Плзењ 1, БАТЕ 1 бод.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2011 во 23:47
        аплауз BRAVO TRICKOVSKI!!! аплауз



You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 19:17
Лига на Шампиони: Подготвени и повредени

Мадридски Реал ќе настапи без Ласана Дијара на мечот од Лигата на Шампионите против Лион. Сахин, Карваљо и Албиол ќе го бараат своето место во екипата, исто како и Бензема и Марсело.

Лион во шпанската претстолнина стигна без Лисандро Лопез, Клемен Греније и Жереми Пје кои се повредени. Крис, Едерсон или Гуркуф би можеле да го започнат дуелот на "Сантијаго Бернабеу".

Интер на гостувањето во Лил ќе мора да оди без Валтер Самуел кој се повреди на мечот со Катанија (1:2). Жулио Сезар, Снајдер и Киву се подготвени за овој дуел, исто како и Дејан Станковиќ.

Цеск Фабрегас се врати на тренинзите по повредата на бутниот мускул која ја заработи на 1. октомври. Тренерот на Каталонците, Пеп Гвардиола смета на поранешниот капитен на Арсенал за дуелот со чешка Викторија од Плзен.

Манчестер Јунајтед може повторно да смета на Немања Видиќ кој го пропушти дуелот со Ливерпул, но затоа во одбраната нема да биде неговиот партнер Рио Фердинанд. Тренерот Алекс Фергусон сака да го одмори својот миленик пред неделното градско дерби со Сити.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 19:19

Александар Ставрев ќе ја дели правдата на “Камп Ноу“


Александар Ставрев, во моментов најдобриот македoнски фудбалски судија, в среда ќе ја дели правдата на „Камп Ноу“, каде ќе се сретнат Барселона и Викторија Плзен, дебитантот во групната фаза на Лигата на шампионите.

 



Ставрев доби уште едно големо признание за својот досегашен ангажман и арбитража на европските фудбалски терени. За првпат во историјата на Лигата на шампионите, македонски судии се делегирани за натпревар од групната фаза на најелитното европско натпреварување.

За дуелот на “Камп Ноу“ делегирана е судиска шесторка од Македонија. Асистенти на Ставрев в среда ќе му бидат Марјан Кировски, Љубомир Крстевски, Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.

Да потсетиме дека досега Ставрев судеше на повеќе натпревари од Европа купот, а последен дуел на кој се појави како главен арбитар, беше реванш дуелот од квалификациската фаза меѓу Глазгов Ренџерс и Марибор


Немој некој да ги обвинувал судиите ако не победи Барса  плазење голема%20насмевка


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2011 во 14:05
Реал кралски, Манчестер Сити во последните секунди




Реал Мадрид лесно го декласираше стариот познаник Лион, Баерн Минхен прими гол по 12 натпревари и ремизираше со Наполи, Манчестер Сити славеше со гол во последна секунда, а Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата го совлада Оцелул.

Во групата А се одиграа идентични први полувремиња на двата натпревари. Поведоа гостите, а домаќините израмнија преку автогол. Тони Крос го доведе Баерн Минхен во водство уште во втората минута, но Бадштубер си постигна автогол во 39-та минута и на тој начин го совлада Мануел Нојер по 12 натпревари, односно по 1150 минути игра. Баерн имаше шанса повторно да дојде до водство, но на почетокот од второто полувреме, но голманот на Наполи, Де Сантис го одбрани пеналот на Гомез.

Виљареал дојде до водство со голот на Кани во третата минута, а во финишот на првото полувреме Манчестер Сити израмни со автоголот на Марчена. Трите бода за домаќините ги донесе Агуеро со гол во 93-та минута од натпреварот.

По победата на ЦСКА против Трабзон, на вториот натпревар од групата Б, Интер имаше големи проблеми со Лил, но сепак победи со единствениот гол на Џампаоло Пацини во 21-та минута.

Манчестер Јунајтед доминираше во Романија против Оцелул Галати, но се намачи во нападот. Бодовите ги освои благодарение на двата голови на Руни постигнати од белата точка. Мечот го одбележаа и по еден црвен картон кај двете екипи. Во 64-та минута беше исклучен Немања Видиќ, а во финишот на натпреварот црвен картон заработи и Милан Перендија, поранешниот фудбалер на Вардар и Работнички.

На вториот натпревар од групата Б, Бенфика на гости го совлада Базел со 0:2 и прејде во водство на табелата. Стрелци за португалската екипа беа Бруно Цезар и Оскар Кардозо.

Во групата Д, многу полесно од очекувањата, Реал Мадрид го совлада Лион. Домаќините поведоа во 19-та минута со голот на Карим Бензема, а во продолжение на првото полувреме Реал Мадрид продолжи да доминира и имаше посед на топка од 65%, но не успеа да го зголеми водството. Сепак, Лион не успеа да одолее и во второто полувреме. Стрелецот на првиот гол, Бензема беше асистент на голот на Кедира на стартот од вториот дел, а беше и главен виновник за автоголот на Лорис. Високата победа ја потврди Рамос со гол на десетина минути пред крајот.

ГРУПА А:

Манчестер Сити - Виљареал 2:1, Наполи - Баерн 1:1
Табела: Баерн 7, Наполи 5, Манчестер Сити 4, Виљареал 0

ГРУПА Б:

ЦСКА - Трабзонспор 3:0, Лил - Интер 0:1
Табела: Интер 6, ЦСКА 4, Трабзон 4, Лил 2

ГРУПА Ц:

Базел - Бенфика 0:2, Оцелул - Манчестер Јунајтед 0:2
Табела: Бенфика 7, Манчестер Јунајтед 5, Базел 4, Оцелул 0

ГРУПА Д:

Реал Мадрид – Лион 4:0, Динамо Загреб – Ајакс 0:2
Табела: Реал Мадрид 6, Лион 4, Ајакс 1, Динамо Загреб 0
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2011 во 14:19
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Александар Ставрев ќе ја дели правдата на “Камп Ноу“


Александар Ставрев, во моментов најдобриот македoнски фудбалски судија, в среда ќе ја дели правдата на „Камп Ноу“, каде ќе се сретнат Барселона и Викторија Плзен, дебитантот во групната фаза на Лигата на шампионите.

 

 
изненадување На овој од фацата му се гледа дека ќе ја намести утакмицата... даплазење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.