![]() |
|
Афоризми |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 4> |
Автор | |
zenmaster ![]() Сениор ![]() ![]() Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 19.Септември.2007 во 00:30 |
Народот е аздисан од јадење и пиење
Само ќе прочепкаат по површината на контејнерот
а повеќе од контејнер се фрла .
Судиите не судат ни по блиска
ни по далечна рода .
Партиските интереси се пред роднинските .
Јас од секогаш сум бил за мир .
Само згрешив шо не оставив сведоци .
Лидерот го знае излезот од оваа ситуација ,
но тој адут го чува за крај .
Да се бориш за мир е исто како да се онадуеш за невиност !
Оптужениот го призна убиството , а и жтрвата го препозна .
На митингот беше присутна мала група демонстранти .
Полицијата беше приморана да приведе стотина нај екстремни .
На студентите им е местото во амфитеатар ,
не на улица .
Тука ќе бидат кога ќе дипломираат .
И комунистите се религиозни .
Во мемоарите сите се светци .
|
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Луѓето се делат на различни начини, а се множат само на еден.
Од крадењето може да се живее човечки. Лагата е точка во која се сечат две вистини. Осамените се храбри, затоа и се осамени. Парите го сипат човекот, ама и тој не им останува должен. Кога имате згодна жена, со кој друг и да спие, добро му одговара. Никогаш не сум кренал рака на жена - страв ми е да не ми врати. Некој победува за конец, а некој за игла. Да не беше правдата сите би биле еднакви. Откриваат млади таленти. Им ги поткреваат сукњите. Славата удира в глава. Знае каде притисокот е најмал. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ние често го лутиме и гневиме Господ, но тој е Господ и проштева. Веднаш ни ја зема душата.
Да се верува во Бога стана модерно, но да се живее по десетте божји заповеди никако да се измодернизира Нечистата совест не му даваше да спие спокојно, но не му пречеше да живее богато. Чистата совест спие спокојно, но често на гладен стомак. Ако времето е пари, тогаш јас се наоѓам во безвременски простор. Човек често жали не за извршениот, туку за неизвршениот грев. Во процесот на еволуцијата човекот станува личност. Во процесот на револуцијата човек се обезличува. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Обично, наградата ја чекаме долго, а казната доаѓа ненајавена и без чекање. Човек престанува да мисли кога спие, кога е сит и кога е заљубен. Заводливата жена прво ќе те маѓепса, а потоа ќе те разочара. Љубовта е аморфна големина. Кај некои испарува, кај други се кристализира. Разликата помеѓу змијата и жената е таа што змијата веднаш ќе те отруе, а жената постепено цел живот. Фамилијарната жена сака само еден маж. И утре само еден, и задутре само еден и така секој ден. Љубовта е како мед, треба да се консумира дозирано. Идеален брак: мажот нем, жената слепа, работат во различни смени. Ако има доверба, а нема верност, има фамилија. Но, ако има верност, а нема доверба, нема фамилија. Разликата помеѓу книгата и жената е таа што книгата кога ќе ја прочиташ, ја затвараш, а жената ја читаш додека сама не се затвори. Бракот е испитување на чувствата, а разводот на разумот. Разликата помеѓу сопругата и љубовницата е таа што првата неможеш да ја задржиш дома, а втората да ја избркаш од дома. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Бракот е налик на печурка; дали е добра или е отровна ќе забележиш дури кога ќе биде доцна.“
Френк Синатра рекол: Мажот не знае што е среќа додека не се ожени. А, тогаш веќе е доцна! Чепкањето во носот, за некои, е начин да влезат длабоко во себе. Она што луѓето најчесто го бараат од Господ е , два и два да не се четири. Не е мајмунот крив што од него настана човекот. Тагата не се топи со виното, во него за брзо ќе се научи да плива. Некои пијат од радост, некои од тага, а некои од сабајле. За да го сакате човештвото, треба да имате добра причина, а кога некој има добра причина, има попаметна работа од тоа да го сака човештвото. Во животот на човекот се случуваат три работи: се раѓа, живее и умира. Кога се раѓа и кога умира, не чувствува, а кога живее, само се мачи. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само глупавите и мртвите никогаш не го менуваат своето мислење.
Иднината е пред нас. Но вешто ќе ја избегнеме. Немаше никакво талкање. Ние од почетокот тргнавме по погрешниот пат. Станавме дел од Европа. Срам ми е да кажам кој. И додека спиете, органите работаат. Обвинет сум за нарушување на јавниот ред и мир. Пукав од здравје. Да знаел Господ за теоријата на Дарвин, немало да се мачи толку со Адам и Ева. Македонски мускетари (политичари): Сите за еден, а тој еден да ти бил Швајцарија. Животот е к*рва. И тоa грда. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Абе какво богатење на властите, па тие примаат помалку отколку сите ние заедно.
Народот е неблагодарен, единствено го интересира како да преживее. Луѓето упорно бараат парче леб, а не забораваат дека Дедо Мраз не е семоќен. к*рви, духот не е во аладиновата ламба, туку во пенисот на бизнисмените. Ние сме правна држава, сите го почитуваме законот за инертност. Иднината на младите е во нивната земја. Дволичните луѓе трошат двојно повеќе на козметика. Нашите плати навистина се мали, но на поклонетиот коњ не му се гледа во забите. Дека сите сме од крв и месо, не се сомнева ни полицијата. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не му верувај те на нешто што крвари 7 дена а не умира
Жените се родени возачи. Прво те палат, па те возат, па те газат, па те заобиколуваат. |
|
![]() |
|
zenmaster ![]() Сениор ![]() ![]() Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Човекот само кога филозофира не лаже ,
тогаш измислува .
Чудно е како малку е потребно за да бидеме среќни
и уште по чудно е
колку често тоа ни недостасува .
Чувај се од бесот на на стрпливиот човек .
Да можете да одберете помеѓу две зла
морате да ги пробате двете .
Дали е напредок кога човекојадец ќе земе вилушка .
Добар е и нжот , ама грлото не го поднесува .
Душевно болниот никогаш не напаѓа без причина .
По тоа и се разликува од нормалните луѓе .
Чувај ме боже од пријателите ,
од непријателте сам ќе се чувам .
Убавината - кога е нај малку облечена , нај убаво е облечена .
|
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кој пее зло не мисли. Кој мисли не му е до пеење!
Сите луѓе се добри длабоко во својата душа. Само кај некои тоа е толку длабоко што многу тешко излегува на површина. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дајте ми цел за да ги оправдам средствата! Ги нема тие пари кои можат да не купат. Да ги има ... би било поинаку! |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И треба да не водат оние кои најчесто биле изгубени. Тие најдобро го познаваат теренот.
Би можеле ние и да се опаметиме, но со тоа би го изгубиле нашиот национален идентитет. Власт не се добива преку ноќ. За тоа е потребен подолг мрачен период. |
|
![]() |
|
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чесната интелигенција е толку чесна, што тоа веќе не личи на интелигентност Во непријателот можеме да имаме целосна доверба. Што мисли тоа и ни го прави. |
|
![]() |
|
marco_antony ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
mito i korupcija ... toa se maska i zenska imenka ... toj mito taa korupcija ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |