IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Зен приказни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зен приказни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 12131415>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2014 во 19:49

КОЛКУ И ДА СЕ ТРУДИШ, НЕ МОЖЕШ СЕКОГО ДА ЗАДОВОЛИШ...

12

Луѓето едноставно се такви какви што се. И совршен да бидеш, повторно ќе ти најдат некој недостаток. Но затоа нивното мислење не треба да ви прави голем впечаток…Ова приказна ќе ви покаже дека никој не ја цени дури и генијалноста…

Месарот доста се изненадил кога видел дека куче му влегува во месарата, па го избркал. Но, подоцна, кучето повторно влегло.

Му пришол на кучето да види што имал во устата, кога нашол ливче на кое пишувало: „Ако може шест колбаси и јагнешки бут, ве молам… кучето има пари во устата.“

Месарот погледнал и навистина имало 10 долари во устата. Ги земал парите, спакувал сè во кеса, го ставил и кусурот и повторно кесата ја закачил на устата на кучето.

Оваа случка толку го одушевила што одлучил да го затвори дуќанот и да тргне по кучето.

Кучето тргнало по улицата, стигнало на пешачки премин каде што стрпливо чекало зелено светло пред да помине. Месарот по него ја преминал улицата.

Стигнале до автобуската станица, кога кучето го побарало својот автобус во возниот ред. Месарот зачуден, застанал до него и го почекале автобусот. Кога стигнал, кучето се качило и седнало на едно седиште.

Се префрлило кучето и во друг автобус, го пронашло и таму своето седиште и стрпливо чекало да пристигне. Кога конечно дошло време да се симне, со ќесата во уста продолжило да си оди по својот пат, а месарот со неверување, но позитивно изненаден продолжил да го следи.

Одеднаш, кучето стигнува до една куќа, стигнува до вратата, ја остава ќесата на прагот, се залетува и се удира со целата сила во вратата. Уште еднаш земало уште поголем залет и се затрчало кон вратата.

Од куќата никој не одговарал.

Кучето се вратило, ја прескокнало оградата, стигнало до прозорот, удрило со главата неколку пати, а потоа се вратило до влезната врата.

На вратата се појавил еден човек, ја земал ќесата од прагот, а потоа почнал да му вика и да го шутира кучето.

Месарот по малку вознемирен: „Што ви е, зошто го шутирате кога кучето е гениј? Ако мене ме прашувате, би го земал и би настапувал со него на телевизија!“

Човекот: „Ова гениј? Ма ајде… Ова му е веќе втор пат оваа недела да ги заборави клучевите!“

Вреди ли да се трудиме да импресионираме некого? Некои луѓе секогаш ќе бидат слепи за твојата убавина, за твојата добрина, за твоите доблести…Токму тие луѓе не ти требаат во животот!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2014 во 22:49
                                           Товар

   Се враќале двајца монаси во една приквечерина кон манастирот.
Претходно врнело и имало по патот вирчиња.Попатно на едно место
стоела прекрасна девојка која не можела да мине низ еден од ви-
ровите.Постариот од двајцата монаси и пришол ја подигнал во ра-
цете и ја пренел преку вирот на другата страна од патот,и про-
должиле по својот пат кон манастирот.
Вечерта помладиот монах му пришол на постариот и го прашал,
"Господине ние како монаси,нели не смееме да допираме жена."
Постариот монах одговорил "да брату мој".
Тогаш помладиот монах повторно прашал,"Но тогаш Господине,како
тоа ја подигнавте во раце и пренесовте на другата страна од па-
тот?"
Тогаш постариот монах се насмевнал и му одговорил "Јас ја оста-
вив на другата страна од патот,но ти сеуште ја носиш."
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2014 во 14:52

Еден богат човек го замолил учителот Сенгаи да напише нешто кое ќе донесе среќа во неговата фамилија, а ќе се пренесува од генерација на генерација.
Сенгаи на големо парче хартија напишал - Таткото умира, синот умира, внукот умира -
На ова богатиот човек многу се разлутил и рекол - Те замолив да напишеш нешто за среќата на моето семејство,а ти вака се шегуваш?

Немав намера да се шегувам, одговорил Сенгаи, и му објаснил-
Кога твојот син би умрел пред тебе, тоа многу ке те ожалости.
Кога твојот внук би умрел пред тебе и твојот син, и двајцата ке бидете ожалостени.
Но ако твојата фамилија умира по редот кој јас го запишав, тоа ке биде природен тек.Јас тоа го нарекувам вистинска среќа!

Ништо не постои

Уште додека бил млад зен ученик, Јамаока Тешку одел од учител до учител. Стигнал и кај учителот Докуон.
Сакајки да го импресионира учителот, младиот ученик рекол -Буда , Умот и чувствителни суштества на крајот на краиштата не ни постојат. Вистинската природа на сите појави е празнина, не постои ни спознавање, ни мудрост ни заблуди, ни просечност. Нема ни давање ни земање!

Учителот мирно молчел и пушел. Изненадно, го удрил Јамаока по главата со своето бамбусово луле. Тоа многу го разлутило младиот ученик.
-Ако ништо не постои- рекол Докуон- тогаш од каде дојде твојава лутина?

ЗЕН Правила за Животот
Не чекори позади мене, можеби нема да те водам. Не чекори пред мене, можеби нема да те следам. Немој ниту да чекориш покрај мене, само остави ме на мир!
И патот од илјада милји може да да започне со дупната гума.
Сексот е како воздухот. Не ви е битен се додека не останете без него.
Никој не те слуша што збориш додека не направиш грешка.
Секогаш имај на ум дека си уникатен. Како и сите други.
Никогаш немој а тестираш колку е длабока водата со двете нозе.
Многу е поимпресивно кога другите ќе ги откријат твоите квалитети без твоја помош.
Дај му на човек риба, и тој ќе биде сит цел ден. Научи го сам да лови, и тој ќе си седи во чамец цел ден и ќе си пие пиво.
Ако некому му позајмиш 100 Евра, и никогаш повеќе не го видиш, можеби вредело.
Ако ја кажуваш вистината, нема да има потреба ништо да паметиш.
Ако пиеш, не се паркирај. Ваквите незгоди создаваат луѓе.
Доброто расудување доаѓа од лошото искуство, а лошото искуство доаѓа од лошо расудување.
Најбрз начин да си го удвоиш парите е да ги спакуваш и да си ги вратиш во џеб.
Постојат две теории за кавгите со жените. Ниедна не е добра.

 
_______
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 15:49

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: НАДЕЖ

10

Полека си гореа четири свеќи. Беше доволно тивко за да се слушне нивниот разговор.
Првата свеќа рече: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме зачуваат, нема потреба да горам, мислам дека ќе се изгаснам.“ Свеќата веднаш се изгасна.
Втората свеќа рече: „Јас сум ВЕРА – за жал многу луѓе имаат површна вера и јас не ги интересирам, нема смисла и понатаму да горам.“ Само што ги изговори овие зборови, дувна тивок ветер и ја изгасна.
Третата свеќа жалосно рече: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ Во истиот момент се изгаси.
По кратко време во собата влезе едно дете. „Што е ова?“ – се запраша детето. „Требаше да горите до крај.“ Детето почна да плаче.
Тогаш се огласи четвртата свеќа: „Не плаши се, сè додека горам јас, ќе можеме да ги запалиме другите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“




Изменето од Valerija - 09.Мај.2014 во 15:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 15:52

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: ПУКНАТ САД


2



Сите ние честопати знаеме да се фокусираме на своите мани и недостаци и токму поради тоа не ги гледаме сите наши убави страни…Истото се однесува и на туѓите мани. Не заборавајте дека се што постои на овој свет има и лице и опачина. Не можете да ја гледате само едната страна. Особено обидете се тоа да не биде само лошата…

Некоја стара жена имала два големи земјени садови кои биле зацврстени на мотика која таа ја носела на нејзините рамена. Во садовите жената секојдневно носела вода. Едниот сад бил малку пукнат и во него жената од изворот до нејзината куќа успевала да однеси само половина вода од садот, бидејќи останатата половина истекувала низ пукнатината, а другиот сад бил сосема здрав и во него жената ја пренесувала целата количина вода.
Ова се случувало речиси две години, и во тој период здравиот сад бил горд на себе бидејќи во целост си ја бркал работата, а пукнатиот сад се чувствувал понижен и бескорисен, бидејќи не можел во целост да ја заврши работата за која бил направен.

Не можејќи повеќе да го издржи неуспехот, пукнатиот сад еден ден ѝ проговорил на жената:
„Многу ми е срам бидејќи поради пукнатината која ја имам на себе не можам целата количина вода да ја пренесам до домот.”

Жената се насмевнала и му се обратила на пукнатиот сад:
„Дали имаш забележано дека на страната од патот по кој со тебе поминувам на моите рамена има цвеќиња, а истите тие ги нема на страната од патот по кој поминувам со другиот сад? Тоа е така затоа што отсекогаш знаев за твојот недостаток. Знаејќи дека си пукнат и дека водата ќе тече од тебе додека се движам кон мојот дом, посадив семиња од цвеќиња на таа страна од патот и секој ден на враќање ти со својата вода ги полеваше тие цвеќиња. Веќе две години ги берам тие цвеќиња со кои го украсувам својот дом. Да не беше таков каков што си, немаше сега јас да ја имам таа убавина од цвеќиња во домот.”

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2014 во 22:22

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: ЗОШТО НЕ КАЖА ПОРАНО?

12

Тој беше хрaбар и одлучен човек. Таа беше нежна и чувствителна. Се венчале. Тој се трудел ништо да не тргне на лошо, а таа се грижела за куќата и ги одгледувала децата.
Децата пораснале, се ожениле и омажиле, секој си пошол по својот животен пат..што е и вообичаено. Кога сите деца биле згрижени, жената ја обеземала некоја тага, се повеќе слабеела и пропаѓала.
Бидејќи се помалку јадела, паднала болна во постела.
Нејзиниот маж бил загрижен и ја одвел во болница. Околу неа се труделе лекари и познати специјалисти, ама не можеле да ја откријат причината за болеста. Само ги кревале рамениците и мрмореле: -”Хм, хм..” На крај еден од нив го повикал мажот на страна и му шепнал:
-”Јас би рекол..дека вашата сопруга едноставно веќе нема волја за живот”.
Човекот ништо не одговорил. Седнал покрај креветот и ја зел жената за рака..нејзината мала истоштена рака се изгубила во неговата голема дланка.
Ја погледнал и со длабок одлучен глас рекол:
“Ти нема да умреш!”
-”Зошто?” го прашала таа со тивок глас.
“Затоа што си ми потребна! Tе сакам!”
-”А зошто не ми го кажа тоа порано ?”
Од тој ден на жената и било се подобро. Денес многу добро се чувствува. Лекарите се уште се прашуваат од каква болест жената боледувала и кои лекови толку брзо ја излечиле.

Не гледај на часовник. Земи го телефонот и кажи : ” Здраво, јас сум. Сакам само да ти кажам дека те сакам”. Стисни ја раката на личноста што ја сакаш и кажи : “Потребна си ми! Те сакам, сакам..”
Љубовта е живот. На земјата одат и живи и мртви. Единствено се разликуваат по љубовта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 14:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2014 во 19:41


                                    Игра


Насрудин барал место за паркирање дваесетина минути.Вртел наоколу,
чекал,одел понапред,се враќал назад,но никако да најде место за
паркирање.
Имал многу важен деловен состанок,брзал за да не закасни,но никако
не можел да најде паркинг место.Веќе западнат во очај оти не можел
да најде место за паркирање,ја подигнал главата нагоре,погледнал во
небото и рекол:
"Боже,ако можеш да ми го отвориш патот и најдеш место за паркирање
во рок од пет минути,ти ветувам дека до крајот на мојот живот ќе
јадам кошер и халал (Оваа исхрана е врзана за верските обичаи на
Евреите и на муслиманите)..."
И оп одеднаш чудо!-На неколку метри од него една кола почнала да излегува.
Насрудин брзо погледнал повторно нагоре и рекол.-Боже престани да
бараш тукушто здогледав едно.

Еден вид на Зен-шега за останатите религии каде човекот се повикува
на Бог.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 13:48

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: МУДРИОТ ВНУК...

9

Во еден град поради многуте обврски еден син татка си го однесол во старачки дом…
Неговиот син враќајќи се од училиште го посетил својот дедо и се запознал со условите во кои старецот живее. Дедото го замолил следниот ден да му донесе ќебе, за да може да се стопли, бидејќи во домот било доста студено. Таткото на момчето му дал пари за да купи ќебе за дедото. Момчето купило две, па едното го однесол кај дедото, а другото го донесол дома.
Кога таткото се вратил од работа и го здогледал ќебето, зачудено ја запрашал сопругата зошто ќебето е тука. Таа му рекла да го праша синот. Кога таткото го запрашал синот зошто не го однел ќебето кај дедото, синот одговорил дека веќе едно ќебе е однесено кај дедото, а ова го донел дома за да го чува до денот кога кога ќе реши својот татко да го смести во старачки дом, па да му го однесе.
После ова таткото се освестил, па го вратил дедото во својот дом, на големо задоволство на внукот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 22:47

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2014 во 00:35
                                Сегашност


Еден јапонски војник бил заробен од непријателотми фрлен во затвор.
Таа ноќ тој никако не можел да заспие,бидејќи се плашел оти ќе биде
сослушан,мачен и на крај убиен.Во тие мигови на душевно измачување
му дошле зборовите од неговиот зен учител:"Утре не е реалност,тоа е
само илузија.Единствената реалност е сега."Со овие зборови,воинот
се завртел и ммирно заспал.


Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 22:38
                                             Зборови


Премиерот го поканил учителот Хуанг-По во неговата канцеларија,
и му го претставил неговото интерпретирање на Зен-учењето напишано
лично од него.Учителот го земал текстот и го оставил на масата.Не
го прочитал.По кратко молчење,тој го запрашал Премиерот,"Дали разбираш?"
"Не."-Одговорил Премиерот.
Тогаш Хуанг-По му одговорил.
"Ќе биде подобро ако можеш да разбереш веднаш,преку внатрешното искуство.
И доколку го изразуваш преку зборови,тоа нема да биде нашето учење."
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2014 во 18:05

Кажаните зборови се како разлетани пердуви


Во едно мало гратче живеел некој човек со еден специфичен проблем: премногу зборувал за другите луѓе. Ги озборувал, ги раскажувал нивните тајни, приказни, проблеми.

zborovi-kako-perduvi-01

Штом слушнел нешто ново за некој што го знае, па дури и за некој што не го знае, веднаш морал да раскаже на сите. Не обрнувал внимание дали тоа е добро или лошо и дали некого ќе навреди или повреди со своите приказни.

Уште додека се занимавал со некој бизнис и имал можност да слуша најразлични приказни од клиентите и соработниците, тој не можел да се контролира и да се запре да не ги прераскаже.

Му годело вниманието кое го добивал од оние кои го слушале и се смееле на анегдотите кои тој ги додавал или смислувал. Покрај ова негово озборување тој бил добар и љубезен човек.

На некој начин тој знаел дека греши, но сепак си барал оправувања дека тој ништо не измислува и не лаже, сè што зборува е вистинска ситуација која тој само ја пренесува и на некој начин се забавува.

Еден ден слушнал приказна за некој познат и добар бизнисмен и почнал да ја раскажува на своите пријатели, познаници, а тие на нивните пријатели и сè така додека озборувањето не стигнало до ушите на бизнисменот и не му го нарушило квалитетниот углед, репутација и дотогашните успеси.

Кога озборувачот дознал за ваквата ситуација му било многу жал и сакал да се извини, да се искупи, да ги поправи грешките, но не знаел како.

Затоа, отишол кај најмудриот старец во градот кој бил насекаде познат, сметајќи дека единствено тој може да има вистински ум за неговиот необичен проблем.

Кога му ја раскажал ситуацијата на мудрецот, тој бил запрепастен, но се обидел прво да го вразуми и да го натера буквално да ја согледа ситуацијата што тој ја предизвикал со сите свои приказни.

Му дал една перница со пердуви и нож. Го отворил прозорецот од собата и му рекол на човекот да ја пресече перницата на средина. Тој го сторил тоа и видел како пердувите летаат на сите страни.

Дел на подот, на масата, креветот, во чиниите и чашите, на плакарите, но и многу голем дел низ прозорецот паѓале на земја, на улица, врз автомобили, контејнери и врз сè што се нашло на помала или поголема оддалеченост.

Откако се разлетале пердувите насекаде, мудрецот имал уште една задача за него. Да ја земе навлаката од перницата и да ги врати во неа сите пердуви кои се разлетаа.

Ама буквално сите, без да пропушти ниту еден. Озборувачот останал запрепастен.

- Тоа е невозможно, одговорил.

- Навистина е невозможно, ветрот постојано ги разнесува пердувите исто како што и луѓето ги разнесуваат зборовите – му одговорил мудрецот.

Кажаните зборови не се враќаат назад, затоа треба добро да се размисли пред да се каже нешто.

Како што вели и една друга мудрост: Две нешта не можеме да вратиме, пропуштените шанси и кажаните зборови.

Единствено нешто кое му преостанувало е да им се извини на сите кои ги навредил и повредил со своите приказни и озборувања.

Вистински да се покае и при секоја следна приказна или доверена тајна да се сети на разлетаните пердуви и да размисли како ќе ги собере во перницата и како ќе ги врати кажаните зборови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2014 во 23:28
Се расчуло за постоењето на еден мудар Свет Човек
кој живеел во мала куќичка на врвот од планината.
Еден селанец решил да тргне на тоа тешко патување
за да го сретне.
Кога стигнал до куќата,го пречекал и поздравил еден
стар слуга на вратата.
-Би сакал да го видам мудриот Свет Човек.Рекол.
Слугата се насмевнал и го пуштил да влезе внатре.
Селанецот гледал наоколу и со нетрпение очекувал
да го види мудрецот во некој дел од куќата.
Пред и да забележи,стигнале до задната врата и низ
истата бил испратен надвор.Застанал и се свртел кон слугата.
-Но јас дојдов да го видам Светиот Човек.
-Веќе го виде.Му одговорил стариот човек.
-Сите луѓе кои ќе ги сретнеш во животот,иако
тие се однесуваат како обични и незначителни...
Гледај ги како да се мудриот Свет Човек.
Доколку го сториш тоа,кој проблем и да те донел
овде денес ќе го снема.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 12131415>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.