IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Roger Federer
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Roger Federer

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2011 во 23:15

Федерер го декласираше Надал


Четвртиот рекет во светот, Роџер Федерер, уште еднаш докажа дека се наоѓа во одлична форма, бидејќи во второто коло од Мастерс турнирот го декласираше Рафаел Надал со 6-3 и 6-0.

Инспирираниот Федерер излезе на крај со индиспонираниот Надал по само 60 минути игра. За Федерер ова е деветта победа од 26 натпревари со најголемиот ривал, а со истата обезбеди пласман во полуфиналето од завршниот турнир во Лондон.

Во првите пет гемови од првиот сет ниту еден од тенисерите не беше ни близу до брејк шанса, пред сè поради одлиниот прв сервис на двајцата тенисери. Во шестиот гем Роџер презема иницијатива и ги искористи кратките топки на Надал за силен форхенд. На тој начин Федерер обезбеди три последователни брејк топки, а ја реализираше првата со што дојде до водство во првиот сет.

Со обзир на интензитетот и квалитетот на играта на Федерер, можеше да се претпостави дека сетот многу брзо ќе заврши. Роџер без никакви проблеми го сочува освоениот брејк и поведе во сетови со 6-3.

Федерер со ист стил продолжи и во вториот сет. Уште во вториот гем си обезбеди брејк шанса, а веднаш потоа и ја осигура. Надал како да не играше на овој натпревар. Делуваше сосема загубено, а за Роџер тоа претставуваше дополнителен мотив. Швајцарецот направи уште еден брејк и веќе беше јасно дека натпреварот е решен.

Според резултатот и прикажаната игра, натпреварот помеѓу Федерер и Надал во Лондон беше еден од оние во кој немаше никакви неизвесности. Претходно, тоа се случи на финалето на Ролан Гарос во 2008-та година, кога Шпанецот славеше со 6-1, 6-3 и 6-0.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2011 во 00:42
Шампионот останува шампион! А шампионите градат историја и поставуваат критериуми кои обичниот смртник и тенисери во обид неможат ни во најлуди сни да ги замислат! А секој кој е против ваквиот став е само обичен медиокритет кој е небитен во општеството!Играњето против шампион е чест и им овозможува на третокласните тенисери да бидат макар и секунда во вниманието! БРАВО МАЕСТРО РОЖЕ ФЕДЕРЕР ГРАДИ ТИ ИСТОРИЈА И КУЛТ ЗА ТЕНИСОТ А ДРУГИТЕ НЕКА СЕ ОБИДУВААТ ДА СТИГНАТ(ако воопшто можат)!!!!



Изменето од Calipso - 28.Ноември.2011 во 00:43
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 19:44
Се знае чиј е Вимблдонзадоволство
 

Федерер повторно е светски рекет број 1

жРоџер Федерер по седми пат во својата кариера го освои Вимблдон откако денеска  во финалето со 3-1, по сетови 6:4, 5:7, 6:3 и 6:4 го совлада домашниот фаворит Енди Мареј. Со оваа победа Швајцарецот по пауза од речиси четири години повторно се враќа на врвот во светскиот тенис, односно од утре повторно ќе биде на првото место на АТП ранг-листата. Федерер стигна до својот 17-ти грен слем трофеј во кариерата и вкупно седми на неофицијалното Светско првенство во тенис и се израмни со Пит Сампрас со кого го дели и првото место во историјата на овој турнир. Енди Мареј имаше огромна желба да го скрши британското проглетство на Вимблдон, кое трае околу 70 години, не денеска не можеше против одличниот Роџер Федерер.аплауз
  


Изменето од Calipso - 08.Јули.2012 во 19:58
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.