IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 343536
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 22:50
Војводо вечна ти слава!

Сериозните времиња,бараат сериозни мисли.
Но Војводо ова е ера на истите оние предавници
кои те предадоа и комичари кои со вицови држава
водат.

Никола Карев 27 април 1905 предаден и убиен.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2015 во 22:31
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2016 во 10:11
Во салата за седници на Советот на Град Скопје во 13 часот ќе се одржи комеморативна седница на која ќе присуствува и скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој традиционално на овој ден се среќава со делегација на Еврејската заедница во Македонија

Еврејската заедница во Република Македонија денеска ќе одбележи 73 години од депортацијата и холокаустот на 7.144 македонски Евреи во концентрацискиот логор „Треблинка“. Годишнината од тој трагичен настан се одбележува со комеморативни активности во Скопје, Битола и во Штип.

Делегации од Еврејската заедница ги посетија Битола и Штип - градови во кои до 1943 година имало големи еврејски заедници.

Централното одбележување е денеска во Скопје. Делегации од Владата, Град Скопје и од Еврејската заедница ќе положат цвеќе на местото на привремениот логор - Монополот и на Еврејските и партизанските гробишта во Бутел.

Во Салата за седници на Советот на Град Скопје во 13 часот ќе се одржи комеморативна седница на која ќе присуствува и скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој традиционално на овој ден се среќава со делегација на Еврејската заедница во Македонија.

Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и затворени во Монополот, денеска „Тутунски комбинат“, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски окупаторски власти, уапсени биле 7.144 Евреи.

На 11 март 1943 тие биле собрани во сточни вагони и од Битола и од Штип сите заедно доведени во скопскиот Монопол, каде што останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Сиот имот им бил одземен, а накитот и парите конфискувани. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 лица во еден вагон, и транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта „Треблинка“, каде што биле егзекутирани.

Ниту еден од уапсените не се вратил. Во „Треблинка“ биле убиени 98 проценти од вкупното еврејско население во Македонија во 1943 година, што е меѓу најголемиот процент во светот.

Во спомен на депортираните македонски Евреи, делегација на Република Македонија во 2008 година во логорот „Треблинка“ постави обележје со натпис „Македонија“.

Во март 2011 година, пак, во Еврејското Маало во Скопје, свечено беше отворен Меморијален центар на холокаустот на македонските Евреи. Музејот е изграден со средства од имотите на семејства на убиените македонски Евреи кои немале наследници. Тие беа собрани во Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија, кој претходно работеше на имотно-правните прашања поврзани со денационализацијата на земјиштето каде што е изграден објектот.

Според проценките, во „Треблинка“ биле убиени околу 900 илјади луѓе, од кои над 750.000 Евреи. Жртвите на холокаустот во тој логор, кој се наоѓал 100 километри североисточно од Варшава, биле убивани луѓе меѓу јули 1942 и октомври 1943 година.
----
Таа година ги нема Бугарите? Скромно е споменато само:

Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски окупатопрски власти[/B, уапсени биле 7.144 Евреи.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 343536
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.