IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 36>
Автор
Порака
Синдарела Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Бањана Пепелашка

Регистриран: 06.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Синдарела Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2007 во 12:24
1955.- Во Варшава, Полска, склучен е Варшавскиот Договор, воено-политички блок меѓу СССР, Полска, Бугарија, Романија, Чехословачка, Унгарија, ДР Германија и Албанија со рок на траење од 20 години.AngryAngryAngryAngryAngryAngry
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2007 во 11:03

1571. - Татарските освојувачи ја запалија Москва.

1767. -
Џенова и го продаде островот Корзика на Франција.

1848.-
Париските работници, незадоволни од политиката на буржоаската влада по прогласувањето на Француската република, упаднаа во зградата на парламентот, го распуштија новоизбраното уставотворно Собрание и избраа нова револуционерна влада. Со помош на војската, буржоаските сили успеаја да го задушат востанието на пролетаријатот и да ги уапсат сите поистакнати работнички водачи.

1859.- Во Париз е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар, кој го откри пиезо-електрицитетот на кристалот, а со својата сопруга Марија Склодовска - Кири ги откри радиоактивните елементи - полониумот и радиумот. Умре во 1906 година.

1926.- Во Загреб проработи првата среднобранова радио-станица на Балканот.

1943.- Во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин е донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала ( Коминтерна), со што формално е признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија.

1945.- Заврши Втората светска војна на европскиот континент, иако Европа како Ден на победата над фашизмот  го прославува 9 мај, датумот кога фашистичка Германија капитулира пред сојузниците. Последните операции против германските сили ги водеше југословенската војска.

1948.- Новосоздадената држава Израел ја нападнаа египатски авиони, а од север и исток навлегоа либански и јордански војници.

1955.-
Потпишан е австрискиот државен договор, според кој Австрија доби независност  во границите од 1.1. 1938 година. 

1957.- Велика Британија ја изврши првата термонуклеарна проба во централен Пацифик.

1963.- Од Кејп Канаверал. во САД, е лансиран вештачкиот сателит „Фејт-7“ со кој космонаутот Гордан Купер ја обиколи Земјата 22 пати. Купер е четвртиот американски, а осмиот светски космонаут кој изврши орбитален лет околу Земјата.  

1992.- Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.

1994.- Во Штип умре Киро Стоев, еден од основоположниците на повоениот музички живот во Штип, истакнат педагог и диригент.

1994.- Во Белград умре Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. За улогата во Мис Стон во истоимениот македонски филм и е доделена Златна арена на Пулскиот фестивал. Родена е во Сплит, на 29.05.1923 година.

1995.- Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2007 во 11:13

1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро. со мала група војници се истовари на севрното крајбрежје на Перу. Една година подоцна ја осови земјата и сурово го загуши бунтот на Инките.

1620.- Умре Вилијам Адамс, англиски морепловец, прв Англичанец кој дошол во јапонија и развил трговски верски со Јапонија. Роден е околу 1575 година.

1795.- Францускиот природонаучник и лекар за душевни болести, Филип Пинел, во париската болница "Салпетриер", отвори прво одделение за душевни болести.

1873.- Роден е францускиот писател Анри Барбис, поборник на работничката солидарност. Учествувал во Првата светска војна како доброволец , но набрзо се разочарал, изразувајќи ја својата огорченост во романот„ Пламен“,  во кој ги опишал страотните слики за војната. Со тоа тој силно влијаел на зголемувањето на бројот на антивоените писатели во Европа. Останати дела: романите "Пекол" и "Светлост", како и збирката песни "Тажачки".

1905.- Во Гренд Ајленд, Небраска, во САД, е роден Хенри Фонда, американски филмски актер. Играше во филмовите "Младиот Линколн", "Плодови на гневот", "Моја драга Клементина", "Војна и мир", "Само еднаш се живее", "Викендичка" и други. Умре во Лос Анџелес, на 12.08.1982 година.

1919.- Јавувајќи се на конк*рсот на лондонски „Дејли меил“, за прв пат Атлантикот гио прелетаа тројца американски пилоти: капетаните Тауер и Бедлингер и шпоручникот Рид. Тројката пилоти полетаа од САД со хидроавиони со намера прво да се спуштат на Азорските острови, потоа да продолжат кон Лисабон и на крајот да се спуштат на британската поморска база Плимут. Прв стигна пилотот Рид, преминувајжи го океанот за 13 часа и 19 минути.

1943.- Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители. 

1975.- Јапонката Јунко Табеи стана првата жена која го освои  највисокиот светски врв Монт Еверест.

1984. -
Умре американскиот писател Ирвин Шо, чија проза се одликуваше со силна драматичнност, општествена свесност и жив дијалог. Во Втората Светска војна се борел во Европа и Африка како американски војник.

1985.-
Во Париз умре Жан Дифибе, вајар и архитект, еден од најзначајните француски сликари по Втората светска војна. Тој е познат по својата "Арт брит" или "Уметност во природна состојба". Роден е во 1902 година.

1998.- Во Сремска Каменица умре академик Божидар Видоевски, еден од најголемите македонски лингвисти. 
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2007 во 11:32

1395.- На полето Ровине, кај Крајова, во Романија, во битката против влашкиот војвода Јован Мирче, загина Крали Марко, македонски феудален владетел, крал и легендарен јунак од усното народно творештво. Роден е околу 1355 година.

1510.- Умре италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој работеше религиозни и алегориски композиции, посебно познат по ликовима на „Богородица со малиот Христос“. Неговиот цртеж је елегантан и вознемирен, ликовите се идеализирани, а целото дело е проткаено со меланхолија и лирско расположение.

1809.- Францускиот цар Наполеон II издаде  декрет со  кој ги присвои папските територии. 

1874.- Во Асниер е роден Анри Барбис, голем француски писател, автор на познатиот роман „Оган“ и на низа други дела. По првата Светска војна романот „Оган“ е преведен на многу јазици. Умре во Москва, на 30. 8. 1935 година.

1903.- Во Ќустендил, во весникот „Изгрев’ , прв пат е објавен некролог на Гоце Делчев по неговата смрт на 4 мај. Тоа го сторија неговите другари истомисленици.
„Македонијо“ , на 4 мај ти го загуби Делчева. Ти го загуби најдостојниот меѓу достојните твои синови, ти го загуби својот легендарен херој, ти го загуби  љубимецот на сите шѕо тешко дишат во твоите прегратки, ти го загуби, о несречна земјо, најпреданиот, најрешителниот, најдоследниот твој борец, ти ја загуби половината од душата на твојот буден чувар...“ пишува на почетокот на некрологот. 


1904.- Во париза е роден Жан Габен, француски филсмски и театарски актер. Играше во над 90 филмови, толкуивајќи ликови на решителни, претпримечиви, често цинични и груби личности. најпознати му се улогите во филмовите„ Пепе ле Моко“, „Голема илузија“, „Брегот в магла“, „Човекот-ѕвер“, „Не гибај ги парите“ и други. Умре во Нумји, на 15 11. 1976 година.

1940.-
Нацистичка Германија го окупира Брисел, главниот град на Белгија.

1941.- Донесен е Мусолиновиот декрет со кој се востановува окупаторска административно-управна власт на територијата на западна Македонија.

1949.- Во Будимпешта умре Бела Бартош, унгарски писател и филмски теоретичар. Роден е во Сегедин, на 4 .8. 1894 година.  
 
1957.- Египат им забрани на израелските трговски бродови да минуваат низ Суецкиот канал.

1973.- Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата "Вотергејт", во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон.

1984.- Во швајцарскиот град Давос умре Ирвин Шо, американски раскажувач и драмски писател, автор на романот "Млади лавови", еден од најпознатите бестселери за време на Втората светска војна. Други негови дела се драмата "Да се погребат мртвите", "Опсада", "Синови и војници", "Богат и сиромав". Роден е во 1913 година.

1991. - Руската федерација на независни синдикати ја отфрли одлуката на советскиот претседатеч Михаил Горбачов за забрана на штрајкови.

1994.- Во Скопје е отворен Првиот меѓународен саем на книги и либрографика.

1995.- Победникот на председателските избори во Франција Жак Ширак ја презеде  должноста шеф на државата, ветувајќи дека ќе влее нов елан во нацијата разединувана со нееднаквост и невработеност.

1997.- Во Киншаса, главниот град на Заир, влегоа герилците, чиј водач Лоран Кабила ја презеде власта како нов шеф на државата, ден по бегството од Киншаса на претседателот Мобуту Сесе Секо. Кабила објави дека името Заир е сменето во Демократска Република Конго.

2004.- Масачусетс стана првата држава во САД во која е дозволен истополов брак.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2007 во 11:11

Денеска е меѓународниот ден на музеите. Во Москва, на 18 мај 1977 година, за време на Д ваесттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е востановен за меѓународен ден на музеите.

1799.- Во Париз умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше, француски писател. Во своите дела ги критикуваше поткупливоста, подлоста и корупцијата во општеството. Според неговите комедии "Севилскиот бербер" и "Свадбата на Фигаро", композиторите Росини и Моцарт ги напишаа истоимените опери. Роден е во Париз на 24.01.1732 година.

1800.- Во Санкт Петербург умре Александар Василевич Суваров, славен руски војсководец, генерал и и еден од најголемите војсководци во 18 век. Војуваше цели 55 години, водеше 60 големи битки  и секогаш излегуваше како победник. Беше сестрано образуван и зборуваше седум јазици, ги владееше математиката, географијата и други области од науката. Роден е на 13.11. 1730 година.  

1803.- Велика Британија и објави војна на Франција затоа што Наполеон Бонапарта  ја продолжи воената кампања во Италија и Швајцарија.

1804. -
Наполеон Бонапарта е прогласен за цар на Франција, а во декември 1804 година е и  крунисан како Наполеон II.

1872.- Во Трелек е роден Бертранд Расел, англиски филозоф. Студираше математика и физика во Кембриџ. Во 1950 година ја доби Нобеловата награда за литература. Беше на чело на антинуклеарното движење во Британија и претседател на Судот за утврдување на воените злосторства во Виетнам. Умре во Пенриндидред на 2.02.1970 година.

1908.-
Умре Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. Беше водач на првата германска експедиција на Северниот пол. Роден е на 26.10.1837 година.

1911.- Во Виена умре Густав Малер, австриски комшпозитор и диригент . Роден е во Калиш, Чешка, на 7.7. 1860 година  

1920.-
Роден е римокатоличкиот свештеник Карол Војтила, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, стана првиот папа кој не потекнува од Италија.

1954.- Стапи во сила Европската конвенција за човекови права.

1974.- Индија изврши прва нуклеарна проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши нуклеарен тест.

1980.- Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџзу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти.

1990. -  Вo Виена, западногерманскиот канцелар Хелмут Кол и источногерманскиот премиер Лотар Мезијер го потпишаа договорот за монетарна унија, што претставуваше  прв чекор кон обединувањ ена германија. 

1995.-
Умре рускиот балетан Александар Борисович Годунов, кој по емигрирањето од СССР во 1979 се стекна со светска слава.

Кон врв
Марковски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Марковски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2007 во 15:05
1872 г. — роден е ЈАНЕ САНДАНСКИ, Македонски револуционер

Изменето од Boogie - 18.Мај.2007 во 22:19
"Кръвта вода не страва" Венко Марковски
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2007 во 11:30

1649.- Првпат е употребен називот „Комонвелт“, со кој англискиот војсководец и државник Оливер Кромвел ја нарече републиката, а подоцна и протекторат, кој ги опфати Шкотска и Ирска. Во 1900 година кон Комонвелтот се придружи и Австралија, а потоа и други држави.    

1825.- Во Париз умре Клод Анри Сен-Симон, француски социјал-утопист и фиолозоф. Некои негови мисли се приближуваат кон материјалистичкото сфаќање на историјата, па може да се смета за претходник на научниот социјализам. Роден е на 17.10.1760 година.
 
1890.- Роден е виетнамскиот државник Нгујен Тат Тан, познат како Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам од 1945 до неговата смрт во 1969 година.
1906.- Официјално е отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.

1912.- Во варшава умре Болеслав Прус, полски пистаел и еден од најзначајните претставници на полскиот реализам. Познат е по романот„ Кукла“ и по расказите „Мртва стража“ и „Вал се враќа“. Роден е на 20.8.1845 година.

1972.- Умре Александар Корнејчук, украински драмски пистаел и политичар. Познати негови дела се „Платон Кречет“, „Богдан Хмељницки“, „Фронт“ и други. Родене  во 1905 година.

1989.- Во Скопје умре Заре Лазаревски, борец од НОВ на Македонија кој, меѓу другото, особен придонес има за развојот на физичката култура, посебно за скијачкиот спорт во Македонија. Роден е  во селото Маврово, гостиварско, во 1924 година.

1990.- Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.

1994.-
Умре поранешната американска "прва дама" Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, убиен во 1963 година. Пет години подоцна Жаклина се мажи за грчкиот бизмисмен Аристотел Оназис.

1999.- Пратениците на Собранието на Република Македонија ја одржаа првата седница во преуредената, современо опремена собраниска сала.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2007 во 15:10
- Денеска е меѓународен ден на метеорологијата

1498.- Португалскиот морепловац Васко да Гама вплови во пристаништето Каликат, во југозападна Индија, а претходно прв успеа со неговиот брод да обиколи околу Африке.

1506.- Умре шпанскиот морепловац со италијанско потекло Кристофер Колумбо, кој во
1492. ја откри Америка, иако до својата смрт веруваше дека го откри источното крајбрежје на Индија. 

1799.-
Роден е францускиот писател Оноре де Балзак, зачетник на европскиот реализам, автор на стотина книги со повеќе од 2.000 ликови. Во својот опус прикажа широка галерија ликови од сите опшествени средини, различни темпераменати и карактери, кои се движени од разнолични побуди - од пари до власти, од љубов и идеализам до слепи нагони и брутална експлоатација. Негови најпознати дела се романите "Евгенија Гранде", "Чичко Горио", "Изгубени илузии", "Селани" и "Роднината Бета".

1875.- Во Париз се одржа Дипломатска конференција за метарот, беше основано Меѓународното биро за мерки и тегови. Со тоа започна да се средува хаосот кој владеше во областа на метрологијата на мерните единици на одделни физички големини.

1876.- Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.

1926.- Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.

1981.- Во Скопје умре г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. Роден е во Маврово на 7.12.1906 година.


1990.- Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.

1991.- Во Белград умре Кирил Михајловски-Груица, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Виница, во 1946 година.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2007 во 12:17
1471.- Во Нинберг е роден Албрехт Дирер, германски сликар и гравер, еден од најголемите претставници на ренесансата во уметноста. Направи портрети и гравури во бакар и во дрво кои имаат голема уметничка вреност. Негови познати дела се "Четворицата апостоли", "Светото тројство" и "Богородица во градина со ружи". Умре во Нирнберг, на 6.04.1528 година.

1903.-
Кај селото Могила, Битолско, откако беше откриен во борба против турската војска загина Парашкев Цветков, македонски револуционер и војвода. Исто така, тука загинаа и борците на неговата чета. Беше назначен за војвода во Битолско, а подоцна беше избран за секретар на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ. Роден е во Плевен, во 1875 година.

1904.- Во Париз е формирана Меќународната фудбалска федерација, ФИФА.

1927.- Американскиот пилот Ларлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.

1943.- Кај селото Градец, Виничко, во борба против бугарската полиција загина Ванчо Прќев-Сермен, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во село Ременин , гевгелиско, во 1921 година.

1956.- Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот.

1973.- Умре Иван Степанович Коњев, советски маршал. Во Втората светска војна беше командант на фронт ( на група армии). Неговите сили прво се сретнаа со претходницата на англо-американските сили на реката Елба и во завршните операции, заедно со силите на Георги Константинович Жуков, го зазедоа Берлин. Роден е во 1897 година.

1982.- Британските поморски десантни сили се истоварија на Малвинските ( Фокландските) Острови. Тоа беше најголема воена акција што ја презеде Лондон по Суецката криза во 1956 година.

1992.- Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.

1998.- Во Скопје умре Манол Пандевски, еден од најпознатите македонски историчари. Роден е во село Габрово, Струмичко, на 3.9.1925 година.

2001.- Во Битола умре Јосиф Јосифовски, еден од најреномираните македонски актери. Роден е во велес, во 1927 година.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2007 во 11:36
-Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски и македонски просветлители.

-Меѓународен дена на женската акција за мир и разоружување.

-Православната црква во 11-от век, во чест на солунските браќа Кирил и Методиј одлучи 24 мај да се прославува, како Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители. Македонија со посебен пиетет го празнува овој ден, во знак на признание за се она што го направија солунските браќа за самобитниот развиток на македонската култура.


1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола Коперник, полски астроном. Тој докажа дека Земјата се врти околу Сонцето, а не Сонцето околу Земјата, како што се сметаше дотогаш. Роден е во Товин, на 19.02.1473 година.

1743.- Роден е Жан Пол Мара, француски револуционер, политичар и публицист, еден од водачите на Француската буржоаска револуција. Убиен е на 13.7.1793 година.

1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од најголемите руски прозаисти. Со светска слава се здоби со своето ремек-дело, романот "Тихиот Дон". Други негови познати дела се "Разорана ледина", "Наука на омразата" и "Човековата судбина". Умре во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, на 21.02.1984 година.

1928.- Професорот на Лондонскиот универзитет, Александар Флеминг (1881-1955), го пронајде пеницилинот, прв антибиотик, ефикасен лек против многу болести.

1941.- Германскиот воен брод "Бизмарк" го потопи во Северен Атлантик англискиот крстосувач "Худ". Тогаш загинаа 1.300 британски моранри.

1941.- Роден е американскиот пеач и композитор Роберт Цимерман , попознат као Боб Дилан, едан од најпопуларните музичари на 20-тиот век. Во 1965 го измисли и популаризира фолк-рокот, иако компонираше и пееше и многу балади, протестни, кантри и фолк песни. На концертите ширум светот ја демонстрираше музичката универзалност, свирејќи усна хармоника, гитара и клавир.

1954.- Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера "Гоце", од македонскиот композитор Кирил Македонски.

1974.- Во Њујорк умре Дјук Елингтон, американски џез музичар и композитор. Роден е во 1899 година.

1985.- Во циклонот што се спушти на бреговите на бангладеш и на островите во Бенгалскиот Залив, животот го загубија 10.000 луѓе, а неколку стотици семејства останаа без покрив над главата.

1994.- Во стампедо на муслиманските аџии во Мека, во Саудиска Арабија загинаа 270 лица.

1995.- Во Лондон умре Харолд Вилсон, една од најзначајните фигури на повоената британска политичка сцена, еден од најуспешните премиери на земјата и лидер на Лабуристичката партија. Роден е во 1916 година.

1996.- Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата "Свети Кирил и Методиј".
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2007 во 11:29

1810.- Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.

1881.- Во Наѓсентмиклош е роден Бела Барток, унгарски композитор. Меѓународна репутација стекна како пијанист. Во 1940 година, како антифашист, емигрира во САД. запиша повеќе од 1.000 изворни народни мелодии и објави неколку капитални прилози за современата компаративна музикологија. Експлозивната сила на ритмиката е битно обележје на неговите дела. Умре во Њујорк, на 26.9. 1945 година.

1889. - Роден е рускиот конструктор на авиони и хеликоптери Игор Иванович Сикорски, едан од најзначајните пионери на авијацијата, кој хеликоптерот го конструира уште во 1908, а во 1913 година го изгради првиот авион со повеќе мотори. Неговите големи летала го прославија во Првата светска војна, посебно авионот "Иља Муромец", со четири мотори од 55 коњски сили. По неговото емигрирање во САД продолжи да конструира повеќемоторни авиони за интерконтинентални летови, а на изработката на хеликооптерите се врати во 1939 година, усовршувајќи ги во текот на Втората светска војна.

1892. - Роден е Јосип Броз, доживотниот председател на СФРЈ и на Сојузот на комунисти на Југославија, врховен командант на вооружените сили, кој беше на чело на Југославија цели 35 година. Точниот датум на неговото раѓање не е познат, а тој за роденден го признаваше 25 мај. Како австроунгарски каплар учествувал во Првата Светска војна. Во 1915 година е ранет и заробен во Русија, а по бегството од заробеништво земал учество во Октомвриската револуција. Во Југославија се вратил кон крајот на октомври во 1920 година, кога стана член на Комунистичката партија на Југославија, а во 1937 година и нејзин генерален секретар. Во 1936 и 1937 година работел во Коминтерната во Москва. Како лидер на КПЈ од 1941 гоидна го предводеше востанието против Германците во Втората Светска војна, а партизаните под негова команда се бореа и против усташите и против четниците. Умре во на 4 мај 1980 година во Љубљана.

1902.- Во селото Мелница, мариовско, е роден Стале Попов, македонски писател. Во 1953 година го објави романот "Крпен живот", а потоа и романите "Толе Паша", "Калеш Анѓа" и "Дилбер Стана". Познати се и неговите повести "Опасна печалба" и "Мариовски панаѓур". Умре во Скопје, на 10.03.1965 година.


1911.- Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.

1944.- Во близина на селото Витолиште, Мариовско, Втората Македонска НОУ бригада водеше жестока борба против германски и бугарски војници, бугарски полицајци и балистички платеници. Во оваа борба загинаа дванаесет борци на Бригадата, меѓу кои и Манчу Матак, народен херој на Југославија, од Македонија. Матак е роден во Крушево на 23.4. 1919 година.

1952.- Пуштена е во сообраќај железничката пруга од Ѓорче Петров до Гостивар

1958.- Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали "Силика".

1963.- Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство.

1979.- Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот "ДЦ-10" на "Американ ерлајн", при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.

1984.- Во Скопје умре Дени Стојчевски, македонски иселеник од Канада, истакнат општественик во Македонската иселеничка колонија во Торонто, продуцент и водител на една од најстарите радио и телевизиски програми на макеоднски јазик за македонското иселеништво во Торонто. Роден е во Лерин, Егејска Македонија, во 1924 година.

1997.- Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2007 во 11:27

1805.- Францускиот цар Наполеон Први е крунисан за крал на Италија во катедралата во Милано.

1854.- Франција и Велика Британија го окупираа грчкото пристаниште Пиреја, откако Грција беше блокирана од двете држави по обидот да ја нападне Турција.

1865.- Кај Шривперт, во Луизијана, се предаде и последната единица на конфедерациската армија, со што заврши Граѓанската војна во САД.

1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.

1905.- Во Велес е роден Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од организаторите на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Заслужен е за ширењето на хорскиот аматеризам. Како композитор е познат по обработката и стилизацијата на народните песни ( "Леле Јано", "Гора и јунак", " Ти синче", "Петлите пеат" и други) по творбите "Гудачки квартет во це-мол", "Кончертино" и други. Автор е на петнаесетина учебници за средно образование. Умре во Охрид, на 17.6.1992 година.

1907.- Во Вонтерсет е роден Џон Вејн, американски актер, режисер и продуцент. Умре во Лос Анџелес, на 11.6 1979 година.

1923.- Одржана е првата трка „ 24 часа Ле Ман“.

1940.- Армада од 800 бродови се собра пред француското пристаниште Денкерк за да ја изврши операцијата "Динамо“ за спасување на британските и француските единици по неочекуваниот пробив на германските тенковски единици низ Франција до Ла Манш.

1942.- Почна германската офанзива врз Сталинград и врз Кавказ, која по жестоките борби заврши поразно за нацистите.

1954.- Во Египет е откриен погребниот брод на фараонот Кеопс.

1972.- Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.

1986.- Во Скопје умре Јордан Грабуловски, академски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници, познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Неговите уметнички реализации, проткаени со мотиви од социјална тематика, текатиката од НОВ и тематиката од повоената изградба, се траен белег и потврда на неговиот творечки потенцијал. Од своите многубројни дела, својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено опткриен на 2 август 1974 година. Роден е во прилеп, на 19. 3. 1925 година.

1994.- Весникот на албански јазик "Флака е влазеримит" почна да излегува како дневен весник.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2007 во 16:47

-Ден на македонското електростопанство. 

1564.- Во Женева умре Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква, по потекло од Јужна Франција. Калвинистичкиот протестантизам се разликува од лутеранскиот според тоа што беше целосно во служба на тогаш младата и револуционерна буржоазија. Следбениците на Калвиновото учење во Франција беа хугенотите, а во Англија пуританците. Роден е на 10.7. 1509 година.

1679.- Англискиот парламент го усвои "Xabeas corpus act", закон со кој граѓаните се штитеа од незаконско апсење и затворање. Основните принципи на овој закон подоцна беа вградени во Уставот на САД.

1703.- Рускиот цар Петар Велики го изгради Санкт Петербург, новата престолнина на Русија, сместена на вливот на реката Нева во Балтичко море. Иако многумина предвидуваа пропаст на зафатот, Санкт Петербург стана голем и модерен град, престолнина на Русија до 1918 година. По Првата светска војна градот беше прекрстен во Петроград, додека Болшевиците во 1924 година, по Октомвриската револуција во 1918 година, го преименуваа во Ленинград. Своето оригинално име градот си го врати во 1991 година.

1840.- Во Ница умре Николо Паганини, италијански композитор и виолинист. Компонира виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите "каприча" на соло - виолина. Роден е во Џенова, на 27.10.1782 година.

1878.- Родена е Исидора Данкан, позната северноамериканска балерина, сопруга на рускиот поет Сергеј Есенин. Умре во Ница во 1927 година.

1937.- По повеќе од четири години изградба, во Сан Франциско беше пуштен во сообраќај „ Голден Гејт“, еден од најголемите мостови во светот, што стана симбол на овој град.

1941.- Британската морнарица го потопи најголемиот германски воен брод „Бизмарк“. Во артилерискиот двобој што траеше 20 минути, загинаа 2.300 германски морнари. Со пропаста на тој, по вооружување и оклоп тогаш најголем брод на светот, беа оневозможени нацистичките обиди со големи бродови да се запре сојузничкиот промет на Атлантикот.

1957.- Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ "Вруток".

1964.- Во Њу Делхи умре Џаварахал Нехру, државник кој беше симбол на нова Индија. Со децении се бореше за независноста на земјата и стекна голем меѓународен углед. Тој е еден од основачите на Движењето на неврзаните. Роден е на 14.11.1889 година.

1996.- Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

2003.- Во Скопје умре Александар Спасов, македонски литературен критичар, историчар, есеист и антологичар. Роден е во Скопје, на 18.8. 1925 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2007 во 22:50
1660.- Роден е британскиот крал со германско потекло Џорџ Први, првиот монарх на Велика Британија од Хановерската династија. Во текот на неговото владеење од 1714 до 1727 година положбата на премиерот стана клучна во извршната власт.

1805.- Во Берово е роден Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. Учествуваше во многубројните битки против Турците и поради своето херојство го нарекуваа Цар Малешевски. Умре во Ќустендил, на 29.04.1898 година.


1805.- Во Мардид умре Луиџи Бочерини, италијански композитор и виолончелист. Заслужен е за развојот на камерната музика за која напиша голем број композиции. Роден е на 19.2. 1743 година.

1849.- Умре англиската писателка од ирско потекло Ана Бронте, најмладата од трите сестри писателки, автор на романот "Агнес Греј" и " Станарката во Вајлдфел Хол".

1871.- Седумдесет и двата дена на првата пролетерска револуција во историјата- Париската комуна, завршија со "крвава недела" во Париз, кога француските војници со помош на Прусија убија повеќе од 30.000 жители на Париз.

1937.- Невил Чемберлен стана англиски премиер. Беше решителен носител на англиската и на европската политика за смирување.

1940.- Австрискиот крал Леополд потпиша капитулација пред јуришот на единиците на Вермахтот во Втората светска војна. Меѓутоа, бегалската влада не го потпиша овој акт и се повлече во Франција.

1961.- По 78 години сообраќај на линијата Париз-Истанбул престана да се експлоатира возот „Ориент експрес“

1971.- Советскиот Сојуз во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда "Марс-3", со тежина од пет тони.

1993.- Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева, специјализирана агенција на ООН.

1994.- Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.