IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 12:16

1297.- Франческо Грималди, преоблечен во калуѓер продре во тврдината Монако која тогаш беше под владение на Џенова. Притоа во неа ги пушти своите војници и истата ја освои. Тој е основач на династијата Грималди која и денес е на власт во кнежеството Монако.

1324.- Умре италијанскиот истражувач Маро Поло, најпознат европски средновековен патник. Во 1271 година од Венеција на 17-годишна возраст тргна кон Далечниот Исток . Пропатува низ Месопотамија, к*рдистан, Персија, Туран, Памир, Кинески Туркестан и Монголија и стигна во Пекинг во 1275 година. Како прв Европјанин премина преку Памир, Туркестан и Монголија. Од 1275 до 1292 година ја пропатува речиси цела Кина, а на враќање од 1292 до 1295 година патуваше преку Индокина, денешна Индонезија, Сингапур и Индискиот Океан, Персија и Црно Море. Своите патувања ги опиша во „Книга за светските чуда“, објавена во 1298 година, подоцна наречена „Милион“.

1589.- Во Дубровник е роден Иван Гундулиќ, епски, лирски и драмски писател. Напиша многу мелодрами, пасторали и лирски песни од кои многу се загубени. Најпознати негови дела се „Осман“, „Дубравка“, „Аријана“ и други. Умре во Дубровник, на 8 декември 1638 година.

1642.- Во Фиренца умре Галилео Галилеј, италијански астроном, еден од најпознатите физичари и астрономи воопшто. Ги проучуваше проблемите на механиката, како што се: слободното паѓање, хоризонталниот истрел и други. Го конструира првиот термоскоп, го откри телескопот, распаѓањето на Млечниот пат, појавата на сончевите дамки и друго. Неговото залагање за системот на Коперник го доведе во судир со црквата и во 1616 година инквизицијата донесе решение со кое на Галилео Галилеј му се забранува да ја пропагира тезата дека, Сонцето се наоѓа во центарот на светот и дека Земјата се врти околу Сонцето. Роден е во Пиза, во 1564 година.

1679.- Храбриот француски истражувач Роберт Кавелје де ла Сал ги откри величенствените водопади на Нијагара во САД, кои спаѓаат меѓу најубавите природни убавини на светот. За три години го помина целиот тек на реката Мисисипи и од името на Луј Четиринаесетти долината ја прогласи за француски имот. Во бунт на членовите на неговата експедиција е убиен во 1687 година.

1713.- Умре Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. Роден е на 15 февруари 1653 година.

1819.- Во Љубљана умре Валентин Водник, просветител, прв словенечки поет и новинар. Роден е во Згорња Сишка, кај Љубљана, на 3 февруари 1758 година.

1870.- Роден е шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, кој беше профашистички воен шпански диктатор од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обиде да ја обедини Шпанија со мотото „една земја, една вера, една монархија“, но бидејќи не успеа да создаде прифатлив политички систем, под притисок на војската од која ја загуби поддршката, поднесе оставка.

1896.- Умре францускиот писател Пол Верлен, чија поезија е полна со лиризам и музикалност, а која значително влијаеше на француските симболисти. Дела: збирките “Романси без зборови“, „Галантни свечености“, „Елегија“, „Мудрост“.

1899.- Роден е цејлонскиот државник Соломон Бандаранаике, основач и водач на Партијата за слобода и претседател на владата на Целјон (сегашна Шри Ланка) од 1956 до 1959 година кога беше убиен во атентат. Се залагаше за укинување на странските воени бази, национализација на странскиот капитал и за вонблоковска надворешна политика. По победата на изборите, на функцијата престедател на владата го наследи неговата вдовица Сиримаво.

1923.- Француските и белгиските трупи навлегоа во Рурска област обидувајќи се од поразената Германија да изнудат отплата за воените штети во Првата светска војна. Бидејќи кон крајот на 1922 година Репарационата комисија констатира дека доцни испораката на јаглен на име отштета  за Франција и Белгија, францускиот претседател на влада Рејмон Поенкар објави дека војската ќе ја запоседне Рур со што ќе обезбеди ефикасна наплата на воената штета. Кризата договорно беше решена на средината на 1924 година, а во јули 1925 година Французите почнаа да ги авакуираат трупите од Рур.  

1935.- Во Тупело, Мисисипи, е роден американскиот музичар Елвис Присли, „крал на рокен-ролот“. Беше исклучително популарен во педесетите и шеесетите години од 20. век. Продаде повеќе од 150 милиони плочи и играше во дваесетина филмови.  Умре во Мемфис, на 16 август 1977 година.

1942.- Роден е англискиот физичар Стивен Хокинг, еден од водечките светски научници на 20. век. Со оваа репутација се стекна со книгата за потеклото на универзумот „Кратка историја на времето“, објавена во 1988 година.

1943.- Кај селото Сливник, Велешко, во борба против бугарската полиција загина (се самоуби) Трајко Бошкоски - Тарцан, илинденски првоборец, комесар на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Тој беше командант на прилепските партизани на 11 октомври 1941 година, кога во Прилеп почна востанието на македонскиот народ. Роден е во селото Радобил, на 14 август 1918 година.

1944.- Во Верона во Втората светска војна почна дводневен процес на шестмина членови на Големиот фашистички совет, вклучувајќи го и поранешниот шеф на дипломатијата Галеацо Чано, зет на Бенито Мусолини, кои пред крахот на фашистичка Италија во Втората светска војна му изгласаа недоверба на Мусолини. Нацистичката тајна служба во последен момент се обиде да го спачи Чано, но акцијата ја сопре Адолф Хитлер, а сите шестмина беа стрелани.   

1951.- Во Софија умре Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Тој ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Негово најпознато дело е драмата "Македонска крвава свадба", што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во Софија, на 20 ноември 1900 година. Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Учеше во егзархиското училиште "Свети Климент" во Охрид, а потоа образованието го продолжи во Солун. Во 1897 година беше учител во битолското село Могила, а потоа замина да студира во Грац и во Берн, во Швајцарија. Во 1900 година, семејството на Чернодрински се пресели во Софија. Роден е во селото Селци, Дебарско, на 15 јануари 1875 година.

1959.- Генералот Шарл де Гол стана првиот претседател на Петтата Француска република.

1973.- Американскиот и северновиетнамскиот преговарач, Хенри Кисинџер и Ле Дук То, во Париз ги обновија преговорите за ставање крај на Виетнамската војна.

1976.- Умре кинескиот државник Џо Ен Лај, еден од најистакнатите водачи на Кинеската револуција. Беше претседател на влада од 1949 до смртта, и шеф на дипломатијата од 1949 до 1958 година. На Револуционерната студенска организација „Разбудено општство“ од која во 1921 година настана Комунистичката партија на Кина и пристапи во 1919 година. Учествуваше и во „Вториот марш“ во 1934 и во 1935 година. Успеа да опстане во врвот на Комунистичката партија на Кина и покрај низата чистки, вклучувајќи ја и „Културната револуција“.

1991.- Банкротираше една од најголемите светски авиокомпании, американскиот „Пан Американ“.

1991.- Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.

1996.- Умре францускиот државник Франсоа Митеран, кој како прв социјалист во 1981 година е избран за претседател на Франција. На функцијата претседател на Франција остана 14 години. Во Втората светска војна беше еден од водачите на Движењето на отпорот, а од 1971 година ја предводеше Социјалистичката партија.

1996.- Заирски товарен авион падна на пазар полн со луѓе во центарот на Киншаса, усмртувајќи најмалку 350 луѓе.   

1998.- Акциите на берзата во Џакарта вртоглаво паднаа. Тоа беше почеток на големата стопанска и финансиска криза во Индонезија, која набрзо ги зафати и другите земји од тој регион.

1998.- Исламскиот терорист Ремзи Ахмед Јусеф е осуден на доживотна робја, плус 240 години затвор, како организатор за подметнување експлозив во 1993 година во Светскиот трговски центар во Њујорк, кога загинаа шест лица.

2004.- Британската кралица Елизабета Втора го крсти најголемиот патнички брод во светот „Квин Мери 2“. Неговата изградба чинеше 800 милиони долари. Беродот е долг 345 и висок 72 метри.

2007.- Умре Ивао Такамото, креатор на симпатичната дога Скубиду, како и на ликови од популарното семејство „Кременко“. Такамато е автор или коавтор на цртаните филмови „Пепелашка“, „Петар Пан“, „100 далматинец“, „Семејството Кременко“. Името на симпатичната дога Скубиду е инспирирано од импровизацијата со која Френк Синатра ја звршува својата прочуена песна „Странец во ноќта“. Во текот на 50-годишното продуценско работење Такамото создаде 260 филмови.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 11:13

1792.- Со мировен договор во Јаси заврши Руско-турската војна, која Османлиското царство ја почна во август 1787 година. Реката Дњестар стана граница меѓу двете земји, но Русија го доби црноморското приморје меѓу реката Буг и Дњестар со градот Очаков, а беше потврден и документот од 1783 година за припојување на островите Крим и областа Кубан кон Русија.

1793.- Французинот Жан Пјер Бланшар го изведе првиот лет со балон над северноамериканскиот континент.

1856.- Во Неготин е роден Стеван Мокрањац, спрски композитор, музички педатог и академик. Неговото музичко дело изврши големо влијание врз подоцнежните генерации композитори и се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Умре во Скопје, на 28 септември 1914 година.

1856.- Роден е Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет и најизразит претставник на реализмот во словенечката книжевност. Покрај епската поезија, особено му се познати баладите и романсите. Умре во Љубљана, на 10 јуни 1913 година.

1873.- Умре францускиот државник Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта, претседател на Франција од 1848 до 1852, цар до 1870 година. Со агресивна надворешна политика настојуваше да ја зајакне Франција и да го зголеми нејзиниот имот. Основа неколку социјални установи. Во текот на неговото владеење, Франција ги зазеде Ница и Савој, започна со колонијално продирање во Индокина, успешно војуваше во Кримската војна од 1854 до 1856 година против Русија во сојуз со Турција, Велика Британија и Сардинија, како и во 1859 година против Австрија и Италија. Во војната против Прусија, беше заробен на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан со што беше тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври истата година повторно стана република. По склучувањето мир со Прусија во 1871 година емигрираше во Англија каде и умре.

1878.- Умре италијанскиот крал Виторио Емануеле Втори, прв владетел на обиединета Италија, наречен „честит крал“. На престолот дојде во 1849 година како крал на Сардинија, а од 1861 година стана крал на обединета Италија. Доследно го почитуваше парламентарниот поредок.  

1890.- Роден е чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Хордубал“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патописи од Италија“, „Патописи од Англија“, „Зошто не сум комунист“ и други.

1899.- Во Париз е потпишан мировен договор, со кој Шпанија се откажа од своите бивши колонии Куба и Порторико и ја прифати окупацијата на Филипините. Тоа беше крај на колонијалото царство на бившата велесила и почеток на напредокот на САД.

1905.- Колежот во Санкт Петрбург, наречен „Крвава недела“ (повеќе од 100 мртви и 5.000 ранети луѓе), го навести почетокот на првата руска револуција, која беше задушена со воен удар.

1908.- Родена е француската писателка Симон де Бовоар, егзистенцијалист, автор на романи, театарски текстови и филозофски есеи. Дела: романите „Мандарини“, „Убави слики“, „Другиот пол“, мемоарите „Спомените на добро воспитаните девојки“. Умре во Париз, на 14 април 1986 година.

1909.- Во Прилеп е роден Рампо Левков - Левката, народен херој на Југославија, од Македонија, адвокат и поет. Поради својот револуционерен дух често беше затворан. Од есента 1941 година живееше и дејствуваше полуилегално и со голем успех работеше на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Автор е на поемата „Бабуна“. Во Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, беше убиен со фрлање во варница, на 19 септември 1942 година.

1913.- Во Јорба Линда, Калифорнија, е роден Ричард Никсон, американски политичар и државник, претседател на САД (1969 до 1974 година), еден од раководителите на Републиканската партија. Тој е првиот американски претседател што ја посети НР Кина (1972 година) и кој стави крај на американската интервенција и војна во Виетнам. За време на неговиот претседателски мандат се случи таканаречената „Вотергејт афера“. Умре во Парк Рич, во Њу Џерси, на 22 април 1994 година.

1914.- Во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Учесник е во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а беше и уредник на списанието „Македонија“. Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“. Умре во Скопје, на 12 ноември 1973 година.

1922.- Роден е гвинејскиот државник и писател Ахмед Секу Туре, кој откако Гвинеја се стекна со независност во 1958 година стана нејзин претседател. Претходно беше синдикален активист во Франција и во Западна Африка, а во 1956 година беше избран за пратеник во француското собрание. Дела: збирка песни „Борбени песни“, политички списи „Гвинејско искуство и африканско единство“, „Африка и револуцијата“, „Да се брани револуцијата“, „Моќта на народот“.

1941.- Родена е американската пејачка Џон Баез, борец за човекови права, која во текот на Виетнамската војна силно се противеше против воената интервенција на САД во Индокина, што имаше и огромен оддек во јавноста, посебно меѓу младите генерации.

1945.- Во Втората светска војна почна навлегувањето на американските трупи на филипинскиот остров Лузон, а борбите завршија дури на 15 август со капитулација на јапонските сили.

1945.- По компромитирањето со агресијата врз Египет во октомври 1956 година, британскиот премиер Ентон Идн поднесе оставка.

1962.- Советскиот сојуз и Куба потпишаа спогодба за трговска соработка врз чија основа Куба со години добиваше стока по вештачки ниски цени.

1964.- Американските трупи во Панама ги задушија студентските демонстрации против присуството на САД во зоната на Панамскиот канал, усмртувајќи 22 панамски студенти.

1996.- Чеченски исламски терористи ја зазедоа болницата во дагестанскиот град Кизлар во јужна Русија и земаа 2.000 заложници.

2002.- САД ја изградија првата база во бившата советска република Киргизија. Од оваа база, која е прва на територијата на некогашниот Советски Сојуз, односно Заедницата на Независни Држави, САД го контролираат воздушниот простор во Авганистан, но и на цела Централна Азија.

2004.- Турција го потпиша протоколот за укинување на смртната казна дури и за време на војна, во настојување да ги задоволи стандардите на Европската унија како би можела да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ.

2005.- Суданскиот претседател Али Осман Таха и Џон Гаранг, шеф на Ослободителното движење на суданскиот народ - побунетите групи од југот на Судан, во Најроби во Кенија,  потпишаа мировна спогодба, по 21-годишната граѓанска војна.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 12:12

49 г.п.н.е. - Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговори познатата реченица "Коцката е фрлена", по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почна граѓанската војна со приврзаниците на Помпеја која заврши со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар беше убиен од припадниците на републиканската опозиција.

1769.- Роден е францускиот офицер Мишел Неј, еден од најголемите маршали на царот Наполеон Први, кој се истаклна во низа битки и походи. По падот на Наполеон беше обвинет за предавство за што беше осуден на смрт и погубен во 1815 година.

1778.- Умре Карл фон Лине, шведски ботаничар - систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња. Прв ги дефинира родовите и ја воведе двојната номенклатура за означување на растенијата и животните. Роден е во 1707 година.

1862.- Умре американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. По неговото презиме е наречен и пиштолот кој тој самиот го конструира.

1863.- Во Лондон, Велика Британија, е пуштена во работа првата подземна железница или метро во светот.

1889.- Франција воспостави протекторат во Слоновиот Брег.

1891.- Во Белград умре Лаза Лазаревиќ, српски писател, преведувач, правник и член на САНУ. Од неговите дела најпознати се „Првпат со татко на утрена“, „Сето тоа народот ќе го позлати“, „Ветер“, „На бунарот“ и други. Роден е во Вршац, на 15 мај 1851 година.

1910.- Родена е руската балерина Галина Сергејевна Уланова, водечка балерина во „Болшој театар“ по Втората светска војна. Дебитира во 1928 година во „Киров театар“, веднаш искажувајќи го раскошниот талент, а набрзо стана и примабалерина на „Болшојскиот театар“. Брилијантно ги играше водечките улоги во балетите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“ „Жизела“, „Пеперутка“, „Ромео и Јулија“. По завршувањето на кареиерата стана балетски педагог во кореографската школа на „Болшојскиот театар“.

1913.- Роден е чехословачкиот државник Густав Хусак. Хуск на чело на Комунистичката партија на Чехословачка дојде по советската воена интервенција во 1968 година, заменувајќи го Александар Дубчек, а во 1975 година стана шеф на државата. Беше еден од водачите на Словачкото востание во Втората светска војна во 1944 година, а како „словачки националист“ периодот од 1951 до 1960 година го помина во затвор. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата претседател на Чехословачка.

1917.- Умре Бафало Бил, легендарна личност од историјата на Америка за време на освојувањето на териториите на Западот на денешните САД. Роден е како Вилијам Фредерик Коди, а прекарот го доби заради вештините во ловење бизони.

1920.- По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.

1922.- Артур Грифит стана првиот претседател на Ирска по стекнувањето на независноста на земјата од Велика Британија.

1928.- Советската влада по налог на Сталин го протера од земјата Троцки, еден од водачите на Октомвриската револуција. Троцки беше убиен во бегство во Мексико во 1940 година, по налог на Сталин.

1943.- Црвената армија ја почна операцијата за разбивање и уништување на опколената германска Шеста армија кај Сталинград (сега Волгоград), откако командата на германските сили го одби повикот за капитулација. По 20 дена беше уништена јужната германска групација, а потоа се предаде и нејзиниот командант, фелдмаршалот Фридрих вон Паулус.

1951.- Во Рим умре Синклер Хари Луис, северноамерикански писател. Во неговите дела се откриваат заблудите и сопствените залажувања на современото американско општество. Негови познати дела се „Елмер Гантри“, „Главна улица“, „Тоа овде не е можно“, „Кралска крв“ и други. Во 1930 година ја доби Нобеловата нарада за литература. Роден е во Сок Сентер, Минесота, САД, на 7 февруари 1885 година.

1957.- Харолд Макмилан стана премиер на Велика Британија, ден по оставката на Ентони Идн.

1964.- Панама ги прекина дипломатските односи со САД. Претходниот ден беа задушени антиамериканските демонстрации на панамските студенти.

1969.- Шведска е првата западна држава која воспостави дипломатски односи со Северен Виетнам.

1971.- Умре француската модна креаторка Габриела „Коко“ Шанел, една од светските „модни диктатори“ на 20. век. Таа со нејзината париска мода владееше шест децении.

1975.- Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска.

1984.- Умре лаошкиот принц Суван Фум, неколку пати претседател на владата на Лаос пред 1975 годна, кога на власт дојдоа комунистите.

1986.- Во Прага умре Јарослав Сајферт, чехословачки писател, поет, лиричар, чии стихови ги воспеваат младоста, надежта, љубовта кон природата и солидарноста со потчинетите. Познати се неговите стихозбирки „Град на солзи“, „Славејот лошо пее“, „Изгаснете ги светилките“, и „Додека не падне дожд на нашиот мртовечки сандак“. Во 1984 година ја доби Нобеловата нагрда за литература. Роден е во Прага, на 23 септември 1901 година.

1991.- Генералниот секретар на Обединетите нации Хавиер Перес де Куељар отпатува за Багдад но не успеа да ја спречи Заливската војна во која западните земји под водство на САД и нанесоа тежок пораз на ирачката армија, која претходно го окупираше Кувајт.

1991.- Во Скопје умре д-р Александар Лазаров, редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.

1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.

1996.- Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.

1996.- Израел пушти од затвор стотици Палестинци, неколку дена во очи на првите палестински национални избори во Газа на Западниот Брег.

1996.- Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.

1997.- Во Софија неколку десетици илјади луѓе демонстрираа против владата на Социјалистичката партија на Бугарија, а најгорливите демонстранти го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата на собранието и го демолираа.

1999.- Во Скопје умре Симон Дракул, македонски писател, литературен преведувач, публицист, филмски сценарист и историограф. Mеѓу најзначајните негови дела се романот „Белата долина“, театрологијата „Или смрт“, монодрамата „Апостол војвода“ и други дела. Роден е во селото Лазарополе, Гостиварско, на 28 декември 1930 година.

2004.- САД формално објавија дека е соборен ирачкиот претедател, кој беше уапсен на 13 декември 2003 година.

2007.- Во Женева умре Карло Понти, познат италијански филмски продуцент. Соработуваше со прочуените режисери како што се Фредерико Фелини и Жан Лик Годар. Понти беше човекот кој ја откри Софија Лорен, за која подоцна и се ожени. Роден е во Маџента, близу до Милано, во 1912 година.

2007.- Во Скопје умре Љупчо Стојменски, македонски поет и преведувач. Автор е на книгите „Меѓу двата брега“, „Крај тешките води“, „Вистини и сништа“, „к*ршуми низ времето“ и други. Роден е во Штип, на 20 ноември 1931 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 13:35

347.- Роден е византискиот (римски) цар Теодосиј Први, наречен Теодосие Велики, кој владееше од 379 до 392 година, кога успеа да го обнови Царството во полн состав. До смртта во 395 година владееше со Рим како последен владар на единствената империја. Пред крајот на владеењето одлучи власта во Источното римско царство да му ја предаде на постариот син Аркадиј, а Западниот на помладиот Флави Хонори. Западнато царство пропадна со последниот римски цар Ромул Авустул во 476 година кое го сруши германскиот водач Одоакар, а Источното (Византија) остана уште илјада години.

1503.- Роден е италијанскиот сликар Ѓироламо Франческо Марија Мацола, познат како Пармиѓанино, портретист кој настојуваше да го изрази внатрешниот живот на моделот. Изработуваше фрески и олтарски слики во Парма, Рим и во Болоња.

1569.- Во Англија, под патронат на кралицата Елизабет Прва, во катедралата Свети Павле во Лондон првпат е организирана лотарија.

1693.- Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.

1801.- Во Венеција умре Доменико Чимароза, италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. Роден е во Неапол, на 17 декември 1749 година.

1814.- Во Торино е роден Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи. Умре во Милано, на 20 февруари 1893 година.

1814.- Роден е Џемс Пеџет, англиски хирург, еден од основачите на модерната патологија. Умре во Лондон, на 30 декември 1899 година.

1920.- Во Скопје е роден  Славко Јаневски, македонски поет, романсиер, сценарист, сликар и академик. Во 1945 година излезе неговата прва книга поезија „Крвава низа“. Неговото книжевно дело е богато и разновидно, па затоа ќе го споменеме само последното негово дело, романот „Депонија“, објавено во 2000 година. Умре во Скопје, на 30 јануари 2000 година.

1942.- Роден е американскиот филозоф и психолог Вилијам Џејмс, творец на персоналистички верзии на прагматизмот според кој во основата на вистинските сознанија лежи „желбата за верување“. Дела: „Прагматизам“, „Принципи на психологијата“, „Желба за верување“, „Есеи за радикалниот емпиризам“, „Разлики во религиозното искуство“.

1843.- Австрискиот цар Фердинанд Први за време на падот на таканаречениот Илирски препород ја забрани употребата на илирски имиња.

1866.- Во бродоломот на англискиот брод „Лондон“ на патот за Австралија загинаа 231 патник.

1886.- Во Њујорк се одржа првиот шаховски натпревар за првак во светот меѓу Вилхелм Штајнич и Јохан Цукерторт, кој го доби Штајнич со резултат од 10:5, со пет реми-натпревари. Титулата ја одбрани во 1889 и во 1892 година во натпреварите против Михаил Чигорин, но во 1984 година беше поразен од Емануел Ласкер со резултат од 10:5, со четири реми-натпревари. Напиша „Учебник за модерниот шах“, кој се смета за основа на модерната шаховска стратегија.  

1897.- САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.

1907.- Роден е францускиот државник Пјер Мандес Франс, водач на левото крило на Радикалната социјалистичка партија. Во 1954 година стана претседател на владата и ја заврши француската воена интервенција во Индокина. Власта ја изгуби во 1955 година поради стопанските проблеми и побуната во Алжир. Во Втората светска војна се бореше во Движењето на отпорот до 1942 година по што се префрли во Лондон и учествуваше во воздухопловните акции на сојузниците во составот на бомбардерската група „Лорен“.

1907.- Во Охрид умре Никола И. Чудов, македонски учител, револуционер и писател. Беше писар во Охридската митрополија, учител во Охрид и Охридско, во Струшко и во Дебарско. Особено е значаен неговиот придонес во работата на охридското друштво „Свети Климент“ и во неговиот Траен револуционерен кружок, како и во дејноста во ВМРО во Охридско. Меѓу другото ја напиша спомен-песната за дрвото Чинарот во Охрид, засадено на 19 април 1983 година, а по повод илјадагодишнината од смртта на Свети Методиј. Роден е во Охрид, околу 1865 година.

1922.- Првиот пациент кој со инсулин беше лекуван од шеќерна болест стана 14-годишниот Канаѓанец Ленард Томпсон.

1928.- Умре Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметаа за најдобар англиски автор од тоа време - "последен викторијанец". Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Роден е на 2 јуни 1840 година.

1945.- Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.

1946.- Уставотворното собрание во Тирана ја прогласи Албанија за Народна Република.

1962.- Снежна лавина го уништи селото Хуаскаран во Андими при што усмрти повеќе од 3.000 луѓе.

1966.- Умре индискиот државник Лал Бахадур Шастри, кој во 1964 година стана премиер на Индија, по смртта на Џевахарл Нехру.

1966.- Умре швајцарскиот скулптор и сликар од италијанско потекло Алберто Ѓакомети, чии обемни и различити дела се израз на речиси сите доминантни струења во уметноста во 20. век.

1970.- Нигериската армија по 32 месечна борба во граѓанската војна во која загинаа 1,5 милион луѓе го спречи бунтувањето на сецеионистите во провинцијата Бијафра. Водачот на побунетите генералот Чуквуемек Одумегва Оџуква беше принуден да ја напушти земјата ден по падот на Овери, главниот град на Бијафра.

1976.- Претседателот на Еквадор Родригес Лар беше тргнат од функцијата со воен удар.

1990.- Во Скопје умре Асен Тодоров, еден од доајените на македонското новинарство кој поголем дел од работниот век го помина во редакцијата на весникот "Нова Македонија". Роден е во Скопје, на 17 февруари 1913 година.

1992.- Претседателот на Алжир Бенџедид Шадли поднесе оставка среде политичката криза по успесите на исламистичкиот Фронт на Националниот спас во првиот круг од парламентарните избори.

1994.- Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.

1995.- Република Македонија воспостави дипломатски односи на ниво на амбасадори со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.

1998.- Еден исламски терорист уби најмалку 22 шиитски муслимански верници во текот на молитва во џамија во пакистанскиот град Лахоре.  

2000.- Во селото Арачиново, Скопско, пред стадионот на фудбалскиот клуб „Шкендија“, убиени се тројца припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (Ерол Готак - на 27 години, Кирил Петрушевски - на 23 години и Ацо Ангеловски - на 26 години).

2008.- Умре сер Едмонд Персифал Хилари, новозеландски алпинист и истражувач. На 29 мај 1953 година, како член на британската експедиција го освои највисокиот врв во светот Монт Еверест (8.848 метри). Тој на врвот се искачи заедно со Шерпасот Тенцинг Норгај. Со астронаутот Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, Хилари во 1985 година беше и на Северниот пол. Освен Монт Еверест, помеѓу 1956 и 1965 година освои уште десетина хималајски врвови. Од 1985 до 1989 година ја извршуваше функцијата новозелански амбасадор во Индија.  Роден е во близината на Окланд, на 20 јули 1919 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 11:48

1628.- Роден е францускиот писател Шарл Перо, автор на прочуените збирки бајки „Вилински приказни“, „Мачорот во чизми“, „Црвенкапа“, „Заспаната убавица“ и други.

1746.- Во Цирих е роден Јохан Хајнрих Песталоци, швајцарски педагог и реформатор. Познати се неговите дела „Како Гертруда ги учи своите деца“, „Линхард и Гертруда“, „Лебедова песна и други“. Умре во Бруг, на 17 февруари 1827 година.

1773.- Во Чарлстон во Јужна Каролина е основан првиот музеј во САД.

1829.- Умре германскиот писател Фридрих фон Шлегел, најзначаен теоретичар на германскиот романтизам и еден од првите европски модернисти. Дела:  „Луцинда“, „Историја на старата и новата книжевност“ (еден од првите прегледи на светската литература).

1839.- Францускиот сликар Едгар Дега го прикажа во Париз својот пронајдок - фотографирање со помош на сребрени или посребрени бакарни плочки покриени со пласт од јодит на сребро. Ова беше првата фотографска постапка, наречена според својот пронаоѓач дегеротипија, што овозможи да се добие еден позитив со помош на живина пареа.

1852.- Роден е францускиот маршал Жозеф Жак Сезер Жофр, творец на воениот план на Франција во Првата светска војна и победник во битката на Марни во 1914 година. Кон крајот на 1916 година сменет е од функцијата главен командант на француската армија поради неуспехот во операциите во 1915 и во 1916 година.

1876.- Во Сан Франциско е роден Џек Лондон (вистинското име му е Џон Грифит), американски писател, социјалист, наречен американски Горки поради симпатиите спрема луѓето од дното. Најпознати негови дела се "Железна пета", "Мартин Идн", "Луѓе од бездната", "Кралот алкохол", "Повик на дивината", "Морски волк", "Белиот песјак". Умре во Глен Елен, на 22 ноември 1916 година.

1876.- Роден е италијанскиот композитор од германско потекло Ермано Волф-Ферари, обновувач на италијанската комична опера, кој компонираше главно според комедиите на италијанскиот писател Карло Голдони. Компонираше и инструментални композиции и кантати. Дела: оперите „Четворицата грубијани“, „Љубопитни жени“, „Школо за очуви“, „Сузанина тајна“.  

1878.- Роден е унгарскиот писател Геренц Молнар, творец на публистичкиот стил во унгарската литература, кој со романот „Јунаците од Павловата улица“ создаде класично дело за младинската книжевност. Дела: драми и комедии „Лилиом“, „Волк“, „Гардист“, „Црвена воденица“, „Чудо меѓу брдата“, „Лебед“, „Олимпија“, „Игра во дворецот“.

1893.- Роден е германскиот воен злосторник Херман Вилхелм Геринг, рајхсмаршал во Третиот рајх и основач на злогласната нацистичка политичка полиција Гестапо. Познат е и како организатор на незапаметените кражби на културното благо ширум окупираната Европа. Како министер за воздухопловство беше одговорен за бомбардирање на незаштитените градови и масовното страдање на цивилите во Втората светска војна. По смртната пресуда која заради воените злосторства му ја изрече Меѓународниот суд во Нирнберг, се самоуби во октомври во 1946 година, испивајќи отров.

1899.- Роден е швајцарскиот биохемичар Паул Херман Милер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1948 година, кој го откри инсектицидот DDT.

1915.- Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.

1932.- Хети Каравај, демократ од Арканзас, стана првата жена избрана во американскиот Сенат.

1944.- Британскиот премиер Винстон Черчил и францускиот генерал Шарл де Гол, се состанаа во Маракеш, во Мароко и разговараа за сојузничките воени операции.

1945.- Во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива против Третиот рајх. Челичниот валјак брзо ја проби непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите советски тенкови стигнаа до Кистрин и Франкфурт, само 80 километри од Берлин.

1964.- Со симнувањето на султанот во Занзибар, по еден месец, бидејќи островската африканска држава во Индискиот Океан стана независна, заврши востанието и беше прогласена за република со претседателот Абеид Каруме. Занзибар четири месеци подоцна се обедини со Тангањика и Танзанија.

1964.- Во Скопје е основан Музејот на современа уметност. Прв директор беше Борис Петковски.

1964.- Умре Франц Кимовец, словенечки композитор и мелограф, уредник на музичкото списание „Певец“ и музички критичар. Роден е во 1877 година.

1976.- Умре англиската писателка Агата Кристи, автор на многу детективски романи, но и на драмски дела. Напиша и необично интересна автобиографија. Дела: „Убиството на Роџер Ајкрофт“, „Леш во саркофаг“, „Убиство во Ориент експрес“, „Никотин“, „Отворени карти“, „Убиство во Месопотамија“ и други.

1978.- Советскиот вселенски брод „Сојуз 27“ се спои со системот „Сојуз 6 - Сојуз 26“ со што за првпат околу Земјината орбита е создаден пилотиран научно-истражувачки комплекс што го сочинуваат орбитална станица и два транспортни брода.

1986.- Во Сан Франциско умре Боб Кауфман, наречен „Црниот Рамбо“. Беше еден од основачите на бит-поезијата. Роден е во 1926 година.

1987.- Во Москва умре Анатолиј Ефрос, познат советски режисер. Неговите режии повеќе од три децении го свртуваа вниманието на публиката како во Советскиот Сојуз, така и во земјите во кои гостуваа претставите од БИТЕФ. Во 1985 година во Скопје настапи и ансамблот на театарот "Таганка" од Москва со три претстави во режија на Ефрос: "На дното" од Горки, "Вишновата градина" од Чехов и "Војната нема женско лице". Роден е во 1925 година.

1987.- Во Битола умре Васка Бошкова, артистка на Народниот театар во Битола и една од пионерките на овој драмски ансамбл. На сцената стапи со неполни 17 години, а нејзиниот прв поголем успех беше улогата на Петрунела во Држиќевиот „Дундо Марое“. Родена е во 1926 година.

1990.- Романскиот претседател Јон Илиеску соопшти дека Комунистичката партија на Романија е ставена вон законот.

1990.- Во манастирот "Свети Гаврил Лесновски", умре епископот велички Гаврил (Парнаџиев). Роден е во Штип, на 10 март 1926 година.

1991.- Американскиот Конгрес му одобри на претседателот Џорџ Буш со воена сила да ја отстрани ирачката армија од Кувајт.

1992.- Алжирската влада ден по оставката на шефот на државата Бенџедид Шади ја одложи втората рунда од парламентарните избори, образложувајќи го тоа „со неможност да продолжи изборниот процес“. На изборите водеше исламскиот Фронт на националниот спас, а исламистите на тоа набрзо одговорија со терористички напади.

1993.- Во Скопје умре Чедо Јакимовски, македонски писател и новинар. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Роден е во Кратово, на 22 февруари 1940 година.

1995.- Во Скопје умре Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник. Роден е на 19 јануари 1941 година.

1998.- Канаѓанката Луиз Решет е наименувана за заменик на генералниот секретар на Обединетите нации, функција која дотогаш не постоеше во светската организација.

1998.- Германија востанови фонд од 200 милиони марки заради обесштетување на околу 18.000 Евреи од источноевропските земји, жртви на нацизмот во Втората светска војна.

2000.- Турската влада ја одложи смртната казна со бесење на к*рдскиот бунтовник Абдулах Оџалан.

2000.- Велика Британија им дозволи на хомосексуалците да работат во службите на оружените сили.

2002.- Во њујоршката болница „Синај“ умре некогашниот државен секретар на САД Сајрус Венс (84). Во 1991 година беше на функцијата специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации Хавиер Перес де Куљеар во поранешна Југославија.

2004.- Во Скопје умре Благоја Ѓорѓиоски - Лактински, македонски писател и новинар. Автор е на книгата „Атом на мојата постела“. Роден е во селото Лактиње, Охридско, на 10 март 1942 година.

2005.- Европскиот парламент го ратификуваше Уставот на Европската унија.

2006.- Во стамбедо меѓу верниците, на последниот ден на молитвените обреди во Мина, источно од светиот град Мека, загинаа 363 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

2006.- Турчинот Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие папата Јован Павле Втори, е пуштен на слобода по одлежани скоро 25 години затвор во италијански и турски затвори заради атентат врз папата и убиство на турски новинар.

2008.- Армиски хеликоптер Ми-17 околу пладне се урна во селото Блаце кај Катланово. Хеликоптерот се урна на само 50-ина метри од последните куќи во селото. Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започна постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На стравотниот пад на армискиот хеликоптер му претходеше експлозија. Нема жртви од мештаните. Во несреќата нема преживеани. Загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски. Единаесетмината мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 11:51

1559.- Елизабета Прва е крунисана за англиска кралица.

1806.- Во Вршац е роден Јован Стерија Поповиќ, српски писател, комедиограф и еден од првите големи поети на поновата српска книжевност. Познати се неговите комедии „Лажење и надлажување“, „Покондирена тиква“, „Злобна жена“, „Кир Јања“ и „Родољубци“, романот „Роман без роман“ и збирката поезија „Даворје“. Умре во Вршац, на 10 март 1856 година.

1854.- По Биртанско-кинеската војна, која на Европјаните им овозможи продор на Далечниот Исток, американски и руски бродови впловија во пристаништето Урага кај Еда (денешен Токио), каде е потпишан договор со кој Јапонија ја отвори вратата за американската трговија.

1874.- Воведена е општа воена обврска во Русија.

1879.- Во селото Мирковци, Скопско, е роден Петар Манџуков, македонски револуционер, просветен работник, анархист, учесник во четата на Гоце Делчев, еден од основачите на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева (1898 г.), како и соработник на илегалните весници „Отм`штение“ и „Глас“. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“. Умре во Пловдив, на 1 јануари 1966 година.

1893.- Основана е британската Лабуристичка партија, чиј претседател стана шкотскиот работнички водач Џејмс Кир Харди.

1898.- Францускиот писател Емил Зола го напиша својот најпознат запис „Обвинувам“, а по повод „Драјфусовата афера“. Во писмото до тогашниот претседател на Републиката Феликс Форе, Зола укажа на махинациите на највисоките воени кругови и, убеден во невиноста на осудениот Драјфурс (француски офицер, по потекло Евреин, во 1894 година лажно осуден на доживотна робија за шпионажа во корист на Германија), побара негово ослободување.

1906.- Умре рускиот физичар и електроинжењер Александар Степанович Попов, кој ја пронајде и ја воспостави првата радиотелеграфска врска. Го направи првиот радио приемник, пред италијанскиот пронаоѓач Гиљел Маркони.

1915.- Централна Италија ја зафати катастрофален земјотрес во кој загинаа околу 30.000 луѓе.

1917.- Во Велика Британија стапи во сила нов изборен закон според кој жените беа изедначени во политичките права со мажите.

1920.- Во Струмица е роден проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко - металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан. Негова преокупација беше остварување на научната мисла во неорганската хемија, аналитичката хемија и технологијата на силикатите. Умре на 2 јули 1989 година.

1935.- Во областа Сар, со која управуваше Франција, врз основа на мандатот на Лигата на народите, се изјасни за соединување кон Германија.

1941.- Во Цирих умре Џејм Џојс, ирски писател, еден од основоположниците на современиот роман, новатор на раскажувачките форми и предвесник на модерниот израз. Најпознато негово дело е „Улис“, а потоа следуваат „Камерна музика“, „Деблинци“ и други. Роден е во Даблин, на 2 февруари 1882 година.

1945.- Советските трупи ја почнаа големата офанзива во Шлезија за време на Втората светска војна.

1948.- Во селото В`мбел, Костурско, Народноослободителниот фронт (НОФ) на Македонците од Егејска Македонија го одржа својот прв конгрес на кој се резимирани постигнатите резултати во тригодишната дејност и тригодишната оружена борба на македонскиот народ за опстанок, за национални и социјални права и слобода и се дадени насоки за натамошно дејствување. Овој конгрес има големо историско значење и претставува симбол во аналите на револуционерната борба на македонскиот народ.  

1963.- Во воениот удар, убиен е првиот претседател на Того, Силванус Олимпио, а војската на власт го донесе Николас Границки, кој од 1961 година се наоѓаше во бегство. Истиот ден во 1967 година со воен удар без пролевање крв власта од Границки ја презеде потполковникот Етјен Гнасингбе Ејадем.

1972.- Војската во Гана ја собори цивилната влада на претседателот Едвард Акуф Ад, а власта ја презеде полковникот Игнациус Ачемпонг.

1977.- Во Париз умре Жорж Клузо, француски филмски режисер и сценарист. Најпознати негови филмови се "Убиецот живее во бр. 21", "Кеј Орфевр", "Надница за страв" и "Мистеријата Пикасо". Добитник е на "Златна палма" за режија во Кан, во 1956 година. Роден е во 1907 година.  

1984.- Во Скопје умре Васка Циривири, носител на "Партизанска споменица 1941", прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки - борци кои храбро загинаа во НОВ. Родена е во Прилеп, на 18 октомври 1898 година.

1985.- При падот на воз во бездна, околу 250 километри источно од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, загинаа најмалку 428 патници.  

1994.- Во Скопје умре Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на македонската естрада. Роден е во 1934 година.

1998.- Падот на транспортен авион на авганистанската компанија „Аријана Афган ерлајнз“ во планинската област на северозападен Пакистан не го преживеа никој од 51 патник и членови на екипажот.

2000.- Бил Гејтс, коосновачот на „Мајкрософт“ и фоцијално најбогатиот човек во светот, му ја препушти функцијата извршен директор на компанијата на „бројот два“ Стив Балмер.

2001.- Во земјотресот со епицентар во близина на Сан Салвадор, главниот град на централоамериканската држава Ел Салвадор, загинаа најмлаку 725 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 11:21

1742.- Во Лондон умре Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар. Меѓу другото, прв откри дека ѕвездите се движат. Најмногу набљудувана и најпозната е според него наречената Халеова комета. Роден е во 1659 година.

1784.- САД го ратификуваа мировниот договор со Велика Британија, со што и формално заврши Американската војна за независност.

1809.- Британија и Шпанија склучија сојуз против францускиот цар Наполеон I.

1839.- Во Штип е роден Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Умре во Софија, на 31 декември 1898 година.

1850.- Роден е францускиот писател Луј Мари Жилиен Вио, познат како Пјер Лоти. Дела: „Во харемот“, „Лотиевата женидба“, „Морнар“. „Исландски рибар“.

1875.- Во Кајзерберг, Франција, е роден Алберт Швајцер, познат хуманист, лекар, филозоф, теолог и музичар. Од 1913 година работеше како лекар - мисионер во организирањето на здравствената служба во Екваторијална Африка. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Ламберане, денешен Габон, на 4 септември 1965 година.

1881.- Во Кукуш е роден Милан Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Загина во селото Витошево, Кочанско, во борба против турската војска, на 6 септември 1903 година.

1898.- Умре англискиот писател и математичар Луис Керол. Дела: „Алиса во земјата на чудата“, „Низ огледало“.

1906.- Во Кавадарци е роден Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Неговиот творечки опус е мошне богат. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат "Зборникот на македонски народни песни", "Македонски борбени народни песни", "Македонски народни песни, Моми Тиквешанки". Умре во Скопје на 16 декември 1969 година.

1907.- Земјотресот кој го разори Кингстон на Јамајка усмрти околу илјада луѓе.

1914.- Хенри Форд, "крал на американската автомобилска индустрија", ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.

1914.- Во селото Долени, Костурско, е роден Паскал Паскалевски, македонски револуционер, писател, новинар и учесник во Граѓанската војна во Грција (1945 - 1949). Автор е на стихозбирките „Пролет над Егеј“, „Народни песни од Егејска Македонија“ и други. Умре во Скопје, во 2003 година.  

1925.- Роден е јапонскиот писател Јукио Мишимо. Дела: романите „Исповед на една маска“, „Шумот на брановите“, „Златен павиљон“, „После банкетот“, „Морнарот кој го изневери морето“, драмата „Пет модерни `no` игри“.

1932.- Во селото Присовјани, Струшко, е роден Јован Котески, македонски писател. Меѓу неговите дела познати се „Земја и страст“, „Злодоба“, „Зелени порти“, „Хераклеја“ и други. Умре во Скопје, на 12 јули 2001 година.

1943.- Во велешките касарни бугарските фашисти на најѕверски начин ги убија Благој Страчковски, народен херој на Југославија, од Македонија и Славе Петков, двајцата борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

1957.- Умре американскиот филмски актер Хемфри Дефорест Богарт, добитник на Оскар во 1951 година за филмот „Африканска кралица“. Филмови: „Казабланка“, „Малтешки сокол“, „Длабок сон“, „Богатството на Сиера Мадре“, „Р`тот Ларго“, „Да се има и да се нема“, „Босоногата контеса“, „Тежок пад“.

1965.- За првпат по осамостојувањето на Ирска се состанаа премиерите на Република Ирска и биританска Северна Ирска.

1969.- Во СССР се лансирани во вселената бродовите "Сојуз-4" и "Сојуз-5" и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица.

1977.- Умре англискиот државник Роберт Ентони Идн, премиер на Велика Британија од 1955 до 1957 година. Од 1935 до 1938, потоа од 1941 до 1945  и од 1951 до 1955 година беше шеф на дипломатијата. Во 1955 година се повлече од оваа функција и стана премиер и шеф на Конзервативната партија. Поднесе оставка во јануари во 1957 година по неуспехот на британско-француско-израелската агресија врз Египет во октомври 1956 година.

1977.- Умре американската писателка од фрацнуско-шпанско потекло Анаис Нин. Дела: „Куќа на инцеси“, „Децата на Албатрос“, „Под стаклен ѕвон“, „Птички“, „Роман на иднината“.

1986.- Во Холивуд умре Дона Рид, американска филмска и телевизиска актерка. Во 1958 година ја доби наградата "Оскар" за улогата на девојка за забава во познатиот воен филм "Од овде до вечноста". Родена е во 1922 година.

1986.- Винсио Сересо по 16 години ја презеде должноста претседател на Гватемала како прв цивилен шеф на оваа централноамериканска држава.

1988.- Умре советскиот политичар Георги Максимилијанович Маљенков. Во 1953 година го наследи починатиот Сталин на функцијата претседател на влада. Во февруари 1955 година поднесе оставка и стана еден од потпретседателите во владата на Николај Булгањин. Во јуни 1957 година беше симнат од функциите во владата. Беше исклучен од Политбирото и Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Советскиот Сојуз, под обвинение дека учествува во заговор за соборување на Никита Хрушчов.

1989.- На магинстралниот пат Охрид - Кичево, во близина на месноста Лавчанско Рачиште, во сообраќајна несреќа загина Цветанка Трпкова, долгогодишен член на Драмското судио на Радио Скопје, автор на повеќе драмски текстови, режисер и толкувач на улоги во голем број радио-драми и автор на две прозни книги. Родена е во Прилеп, во 1939 година.

1991.- Во Тунис се убиени тројца блиски соработници на Јасер Арафат, вклучувајќи го и Абу Ијад, еден од основачите на Палестинската ослободителна организација. Ова и нанесе огромни штети на ПЛО, бидејќи беше очигледно дека антетаторот беше близок до врвот на оваа организација.

1994.- Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.

1996.- Претседателот на Гватемала Алваро Арс преземајќи ја должноста шеф на државата, апелираше до левичарските герилци да започнат преговори за ставање крај на граѓанската војна која 35 години ја потресуваше оваа земја во Средна Америка.

2000.- Умре Томислав Зографски, македонски музички творец, композитор, професор и публицист. Роден е во Велес, на 29 март 1934 година.

2003.- Десетици илјади луѓе демонстрираа во Никозија, најголем протест во историјта на Кипар под турска окупација, барајќи ставање крај на изолацијата која траеше со децении.

2005.- По седумгодишното патување европската сонда „Хајгенс“ успеа да се спушти на Сатурновиот месец Титан и да ги испрати првите фотографии во контролата на летање во Дармштат.

2006.- Умре американската актерка Шели Винтерс, добитничка на Оскар на Американската филмска академија за споредни улоги во филмовите „Дневникот на Ана Франк“ и "A Patch of Blue". Филмови: „Морнаров одмор“, „Вечерва и сите ноќи“, „Црвена река“, „Место под сонцето“, „Лолита“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 11:59

69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го убија римскиот цар Сервио Сулпикијус Галби. Побунетите преторијанци во 68 година ја соборија власта и Нерон,  претходникот на Галби, принудувајќи го на самоубиство.

1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде титулата „поглавар на Црквата“ во Англија и ја прекина врската со римокатоличката црква и папата, кој не му дозволи развод од Катарина Арагонска и свршувачка со Ана Болен. Болен, мајката на кралицата Елизабета Прва, е погубена во 1536 година, обвинета за предавство. Таа е втората од шесте жени на Хенри Осми. Хенри Осми се женеше повеќе пати бидејќи немаше син наследник.

1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и Ана Болен, крунисана е во соборната црква (катедрала) во Вестминстер како англиска кралица Елизабета Прва. Таа е без сомнение една од најзначајните личности во историјата на Англија.

1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој беше иницијатор на колежот на хугенотите во Франција во 1572 година (Вартоломејска ноќ), беше склучен мир со римокатоличката Полска и православната Русија, со кој Русија го изгуби излезот на Балтикот.

1622.- Во Париз е роден Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист, еден од најголемите комедиографи на светската книжевност. Автор е на 33 театарски дела во кои ги исмејува тогашното општество, расипаноста и лакомоста на аристократијата. Најпознати негови дела се "Тартиф", "Дон Жуан", "Жорж Данден", "Скржавец", "Учени жени" и други. Умре во Париз, на 17 февруари 1673 година.

1777.- Северноамериканската држава Вермонт ја прогласи независноста од Велика Британија и стана република, која во 1791 година влезе во составот на САД.

1809.- Роден е францускиот економист и политички филозоф Пјер Жозеф Прудон, чија доктрина стана основа на подоцнежните радикални и анархистички теории. Неговите дела послужија како прирачник за различните радикални политички концепции и на левицата и на десницата.

1875.- Во селото Селци, Дебарско, е роден Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, македонски драмски писател, театарски режисер, артист и основоположник на првиот македонски театар. Автор е на драмите "Македонска крвава свадба", "Од главата си патиме", "Робот и агата", како и на многу други драмски дела непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Потекнува од свештеничко семејство. Се школува во егзархиското училиште "Свети Климент" во Охрид, во Солун, во Грац и во Берн. Умре во Софија, на 8 јануари 1951 година.

1891.- Роден е советскиот писател Иља Григоријевич Еренбург, еден од најголемите воени репортери во 20. век, врвен познавач на руската и западноевропската култура. Напиша педесеттина книги во кои на духовит начин ги изложи сопствените уверувања. Поголемиот дел од неговите дела се одраз на цврстото комунистичко определување. Дела: „Луѓе, години, живот“, збирка приказни „Тринаесет лулиња“, романите „Животот и смртта на Николај к*рбов“, „Љубовта на Жан Неј“, „Лето 1925 година“, „Јужен ветер“, „Луња“, „Падот на Париз“, „Деветиот бран“ и други.

1909.- Во Солун е формирана Народната федеративна партија, легална граѓанска политичка партија во Македонија, чии основни цели беа обласна политичка автономија на Македонија во рамките на Турција, аграрна и даночна реформа, работничко законодавство, соработка со прогресивните движења во Турција и борба против балканскиот империјализам. Меѓу најпознатите македонски револуционери - припадници на оваа партија се Димитар Влахов, Јане Сандански, Анастас Митрев, Димо Хаџи Димов и други.

1918.- Роден е египетскиот државник Гамал Абдел Насер, претседател од 1956 до својата смрт во 1970 година, творец на модерниот Египет и еден од основачите на Движењето на неврзаните. Во 1958 година беше претседател на Обединетите Арапски Републики (Унијата на Египет и Сирија), која се распадна во 1961 година. По воената катастрофа на Арапите во војната со Израел во 1967 година поднесе оставка, но со референдум е вратен на функцијата шеф на државата.

1919.- Во Берлин по неуспешното востание беа убиени водачите на германското комунистичко движење Роза Луксембург и Карл Либкнехт. Беа ликвидирани по налог на германските власти, а убијците останаа неказнети.

1929.-  Роден е афроамериканскиот баптистички свештеник Мартин Лутер Кинг, водач на движењето против расизмот. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1964 година.

1942.- Во Лондон во Втората светска војна е потпишан нацртот на Балканската унија, договор на грчката и југословенската пребегната влада за заемна помош во борбата за обновување на монархијата.

1943.- Американците по повеќемесечните воздушни, поморски и копнени борби во Втората светска војна ги отстранија јапонските стратешки трупи од пацифичкиот остров Гвадалканал. Со тоа беше спречено напредувањето на империјата на Јапонија кон Австралија.

1945.- Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.

1945.- Во ноќта меѓу 15 и 16 јануари се извршени двете најмасовни и најбрутални стрелања во Титова Македонија. Без судење и почитување на презумцијата, во најголема трајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, а во Куманово 48 затвореници под глобално сомневање дека се „народни непријатели“. Масакрот е прогласен за „државна тајна“ (!?). Полувековниот молк го прекина Титовиот биограф, политичарот и академик д-р Владимир Дедиер кој во април 1990 година во двонеделникот „21“, орган на ЦК СКМ, отворено го обвини некогашниот шеф на КОС, генералот Јефто Шашиќ кој во Велес „една ноќ ги зграпчил затворениците за гуша и без сослушување сите ги стрелал“. Во автобиографските белешки, објавени 1999 година претседателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов Ченто обелодени дека за стрелањата во Велес и во Куманово дознал од семејствата, откако тие биле извршени без да биде информиран и консултиран. Како иницијатор тој го посочи Едвард Кардељ, а за наредбодавач Лазар Колишевски. Истиот ден отпатувал за Белград каде објаснување побарал од маршалот Тито кој исто така не бил информиран и веднаш издал наредба да престанат стрелањата без судење. Според д-р Дедиер, во тој период во Југославија без судење биле ликвидирани 140.000 луѓе.

1969.- Полета советскиот вселенски брод „Сојуз 5“ со тројца космунаути, кој потоа се спои со „Сојуз 4“ кој беше лансиран претходниот ден. Тоа беше прво спојување на два вселенски брода со човечки екипаж во орбитата околу Земјата.

1971.- Асуанската брана во Египет на реката Нил ја пуштија во употреба египетскиот претседател Анвар ел Садат и претседателот на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот сојуз Николај Подгорни. Изградбата на капиталниот објект од хидроенергетскиот и мелиоративен систем траеше 11 години.

1973.- Израелската премиерка Голда Меир во Ватикан разговараше со папата Павле Шести, станувајќи прв претседател на влада на еврејската држава кој се сретна со поглавар на римокатоличката црква.

1986.- Во Париз умре Жан Касу, француски писател, есеист и ликовен критичар. Беше пријател на македонскиот народ и репрезент на македонската култура. Ги напиша делата „Ситуација на модерната уметност“, „Импресионистите и нивното време“, „Панорама на современите ликовни уметности“, „Создавање на светот“ и други. Роден е во 1897 година.

1986.- Советскиот лидер Михаил Горбачов го сопшти планот за „ослободување на земјата од нуклеарното оруже за 15 години“.

1991.- Европската заедница ги призна поранешните југословенски републики Хрватска и Словенија за независни држави. Решавачка улога во донесувањето на оваа одлука имаше огромниот притисок на Германија, а уште повеќе на Ватикан.  

1992.- Арбитражната комисија на Европската заедница на чело со претседателот Бадинтер (Бадинтерова комисија) соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.

1992. - Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија.

1992.- Во Скопје, во издание на НИО „Република“, излезе првиот број на првото македонско списание на англиски јазик „Маседониан њуз-магазин“.

1993.- САД наредија поморска блокада на Хаити, оправдувајќи ја истата дека постои опасност од „масовно губење на животот во море“ поради бранот бегалци од оваа земја во Карипското Море.

1996.- Тешко болниот премиер на Грција Андреас Папандреу поднесе оставка.

2000.- Во холот на белградскиот хотел „Интерконтинентал“ е убиен Жељко Ражнатовиќ „Аркан“. Причината за убиството не е расветлена.

2004.- Парите со ликот на Садам Хусеин престанаа да важат како легално средство за плаќање во Ирак.

2006.- Мишел Башеле, социјалист, стана првата жена претседател во историјата на Чиле.

2006.- Умре кувајтскиот емир шеик Џабер ал Ахмед ал Сабах, кој на чело на државата се наошаѓе од 1977 година, кога го наследи престолот како 13-ти владетел од династијата која управува во Кувајт 245 години.

2006.- Американската вселенска сонда „Стардаст“, со први непроценливи вредни  примероци од кометната и меѓуѕвездената прашина успешно се спушти во пустина во американската сојузна држава Јута.

2007.- Умре Бо Јибо, последниот од „осумтемина бесмртни“. Беше ветеран на кинеската комунистичка револуција од 1949 година, министер за финансии и потпретседател на влада. За време на културната револуција (1966-1976 година) помина 10 години во затвор, за да во 1978 година биде рехабилитиран. Беше последен од „осумтемината бесмртни“, група на револуционерните ветерани, меѓу кои беше и кинескиот лидер Денг Сјаопинг, кој ја водеше Кина низ економските реформи во 1979 година и во превирањата кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век. Се верува дека Бо, во летото 1989 година, ја подржал одлуката да се испрати војската заради гушење на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 12:11

1535.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро ја основа Лима, главен град на Перу.

1654.- Водачот на запорошките козаци Хетман Богдан Хмељницки по победата над полската војска ја призна врховната власт на московскиот цар, со што Украина се обедини со Русија. Козачкото востание изби во 1648 година во кое набрзо се приклучија селаните, градското население и православното свештенство, кои беа огорчени од насилствата од Пољаците кои во Украина насилно го покатоличуваа населението.

1689.- Во Бордо е роден Шарл Луј Монтескје, еден од најголемите француски филозофско- политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција. Во главното дело "Духот на законот" ја изнесува теоријата за поделбата на законодавна, извршна и судска власт, која и денес е темел на западната парламентарна демократија. Умре во Париз, на 10 февруари 1755 година.

1778.- Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.

1862.- Во Цариград, во полициската болница, умре Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби. По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година стана учител во селото Трново, Битолско. На 14 октомври 1849 година се запиша на Филозовскиот факултет (филолошка група) во Атина. По завршувањето на студиите престојуваше во манастирот "Зограф" на Света Гора. По враќањето во Струга, стана учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запиша и студираше словенска филологија во Москва, каде што членуваше во Словенскиот кружок и соработуваше во неговиот весник "Братски труд", како и во весникот "Дунавски лебед". На 24 јуни 1861 година во Загреб излезе Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитар и Константин Миладинови. Роден е во Струга, во 1830 година.

1871.- Прускиот крал Вилхелм Први во Версај, кај Париз, е прогласен  за прв цар на обединетото Германско царство. Под водството на канцеларот Ото фон Бизмарк Прусија ги обедини разните германски држави. Германија тогаш и го наметна мировниот договор на поразена Франција присвојувајќи ги од неа Алзас и Лорен (Лотаргингија).

1882.- Роден е англискиот писател Ален Александр Милн, автор на многу популарни романи за деца. Дела: романите „Кога бевме многу млади“, „Вини Пу“, „Куќата на Пуовиот агол“, „Сега сме шестмина“.

1886.- Роден е францускиот вајар и сликар од руско потекло Антоан Певзнер, еден од најистакнатите претставници на движењето на руските конструктивисти. Студираше во Киев и во Петроград, а во Франција емигрира во 1923 година. Создаваше во манир на апстрактен конструктивизам, но подоцна експериментираше со динамични спирални конструкции и ритмички развиени објекти.

1892.- Роден е американскиот филмски глумец, симпатичниот дебелко Оливер Норвел Харди кој заедно со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката во целиот свет. Филмови: „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“ , „Голема работа“, „Нашата жена“, „На Дивиот запад“.

1896.- Во Париз умре Пол Верлен, француски поет, кој значително влијаеше врз симболичната школа. Песните му се непосредни, полни со лиризам и музика. Роден е во Мета, на 30 март 1844 година.

1904.- Роден е американскиот филмски глумец од англиско потекло Арчибалд Александер Лич, познат како Кери Грант, кој се истакна како врвен комичар во комедиите на Хаурад Хокс, но и како толкувач на карактерни улоги во филмови на Алфред Хичкок. Филмови: „Страотна вистина“, Само анѓелите имаат крилја“, „Филаделфиска приказна“, „Осомничен“, „Ден и ноќ“, „Мајмунски работи“, „Држете го крадецот!“, „Север-северозапад“ и други.

1913.- Роден е американскиот театарски и филмски глумец Дејвид Даниел Камински, познат како Дени Кеј, врвен комичар кој се ангажираше и во УНИЦЕФ, агенција на ОН за помош на децата. Филмови: „Чудо од човек“, „Момчето од Бруклин“, „Се роди песната“, „Тајниот живот на Волтер Мити“, „Ревизор“ и други.  

1916.- Во Прилеп е роден Волче Наумчески, македонски писател. Основно образование и Трговско училиште заврши во Прилеп. Поради материјалната необезбеденост мораше да го прекине школувањето и да работи како занаетчија. Со книжевна работа почна да се занимава во 1936 година, а напоредно со тоа и со револуционерна дејност. Подоцна замина во Софија, каде што стана член на Македонскиот литературен кружок. Во 1939 година ја обрајви првата стихозбирка на македонски јазик „Иди пролет“, отпечатена во Битола. Учесник е во НОБ на Македонија од 1941 година, кога уредуваше повеќе партизански весници. По војната објави голем број стихозбирки за деца. Умре во Скопје, на 20 март 1980 година.

1919.- Францускиот претседател на влада Жорж Клемансо ја отвори Версајската мировна конференција по победата на силите на Антантата врз Централните сили во Првата светска војна. На собирот на 27 претставници на државите победнички право на одлучување имаа само Велика Британија, САД и Италија. Останатите земји во расправата учествуваа единствено за прашања кои се однесуваат директно на нив самите, додека на победените држави ултимативно им наметнуваа услови. Со Мировниот договор потпишан на 28 јуни 1919 година Германија ја презеде одговорноста за војната, се обврза да ги исплати воените штети и и беше забрането вооружувањето. Беа создадени новите држави Полска, Унгарија, Чехословачка, Естонија, Летонија, Литванија и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

1923.- Во Дебар е роден Љутви Руси, прозаист од албанска националност во Македонија. Негови најзначајни дела се „Партизански приказни“, „Калење“, „Ибе Паликуќа“, „Двајца другари“, „Сомневање“, „Лиман Каба“ и „Глувонемиот“. Од македонски на албански јазик го преведе делото „Везилка“ од Блаже Конески. Умре во Скопје, на 28 февруари 1981 година.

1936.- Во Лондон умре Радјард Киплинг, англиски писател. Извонредно ја познаваше таинствената Индија и пишуваше книги за деца со тематика од животинскиот свет и природата воопшто. Негови познати дела се "Вистински приказни", "Книга за џунглата", "Ким", "Храбрите капетани" и други. Во 1907 година ја доби Нобеловата награда за книжевност. Роден е во Бомбај, на 30 декември 1865 година.

1943.- Советските трупи во Втората светска војна, по седумдневни  борби со германските сили, успеаја да го олабават обрачот околу Ленинград кој Германците го создадоа пред 16 месеци.

1977.- Во најголемата железничка несреќа во Австралија, во Сиднеј загинаа најмалку 18 луѓе кога локомотива удри во мост кој потоа падна врз патнички воз.

1987.- Во Рим умре Ренато Гутузо, најголемиот современ италијански сликар. Роден е во Багерија кај Палермо, во 1912 година.

1991.- Парламентот на Јордан ги осуди воздушните напади на Ирак во операцијата "Пустинска бура" и ги повика арапските и исламските земји на акција против интересите на САД и на државите кои учествуваат во бомбардирањето на ирачките цели. Истиот ден, Ирак истрела осум ракети "скад" врз Израел, во обид да ја вовлече еверејската држава во војната во Заливот.

1992.- Самонаречената турска Република Северен Кипар ја призна независноста на Република Македонија.

1993.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Белорусија.

1995.- Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.

1995.- Република Молдавија ја призна Република Македонија.

1996.- Владејачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.

1997.- Австрискиот канцелар Франц Враницки по 11 години служба поднесе оставка на функцијата.

2000.- Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.

2001.- Претседателот на Конго Лоран Кабила официјално беше прогласен за мртов, два дена откако во него пукаше еден од неговите телохранители.  

2004.- Во експлозија на автомобил-бомба пред седиштето на привремената администрација на САД во Багдад загинаа најмалку 25 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 10:00

1265.- Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.

1327.- Англискиот крал Едвард Втори го принуди високото племство да абдицира во корист на синот Едвард Трети.

1649.- Заробениот крал Чарлс Први на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.

1667.- По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Дњепар.

1713.- Во Виена умре Павао Ритер Витезовиќ, историчар, географ, филолог, поет, политичар, бакрорезец, печатар, претходник на илирското движење. Најзначајно негово дело е „Стематографија“, издадена на латински јазик, во кое се содржат грбовите на јужнословенските народи. Роден е во Сењ (во фамилија на германски доселеници), на 7 јануари 1652 година.

1898.- Во Шабац умре Коста Абрашевиќ, македонски пролетерски поет. Се школуваше во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац, го продолжи образованието и мошне млад почна да пишува песни, љубовни и патриотски. Во 1894 година се запозна со социјалистичките идеи на кои им остана приврзан до крајот на животот. Тој беше против општествените разлики, против силата и богатството. Пишуваше на српскохрватски јазик и е еден од најзначајните поети Македонци кои твореа на друг јазик. Роден е во Охрид, на 29 мај 1879 година.

1900.- Умре англискиот писател и критичар Џон Раскин. Тој сметаше дека само здрав народ може да создава големи уметнички дела. Се залагаше за образование на сите слоеви на народот и ги критикуваше економските и политичките сфаќања на утилитаристите. Дела: „Модерен сликар“, „Камените на Венеција“, „Две патеки“, „До последниот“ и други. 

1902.- Роден е Назим Хикмет, пролетерски писател и револуционер, еден од најзначајните турски поети на 20. век. Ги напушти традиционалните форми и прв го воведе слободниот стих. Поради револуционерните идеи беше осуден на 28 години. Ги напиша делата „Џоконда и Сијан“, „Следните тројца“, „Зошто Бенерџи сакала да се убие“ и други. Умре на 3 јуни 1963 година.

1920.- Роден е италијанскиот филмски режисер Федерико Фелини, еден од најголемите синеисти на 20. век. Филмови: „Лица“, (Оскар), „Пробисвет“, „Кабириени ноќи“ (Оскар), „Сладок живот“ (прва награда во Кан), „Осум и пол“ (Оскар), „Џулиета и духови“ (Златен глобус), „Кловнови“, „Амаркорд“, „Казанова“, „Градот на жените“, „Бродот плови“, „Џенифер и Фред“.

1936.- Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.  

1936.- Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри.

1941.- Франклин Делано Рузвелт, водач на Демократската партија, по трет пат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.

1945.- Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. Целта на организацијата беше да се бори за извојување на националните права на Македонците, против силите што им се спротивставуваа на овие стремежи, да се бори за нормализирање на односите со КПГ и со другите грчки прогресивни сили.

1961.- Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43-та година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја.

1970.- По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори.

1973.- Во Конакри, платеници на португалскиот колонијализам го убија Амир Кабрал, генерален секретар на Африканската партија за независност на Гвинеа - Бисао и еден од најеминентните лидери на африканската борба против португалскиот колонијализам.

1981.- Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.

1981.- По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.

1984.-  Во Акапулко, Мексико, умре американскиот спортист и филмски глумец Џони Вајсмилер, првиот човек кој преплива 100 метри побрзо од една минута, и толкувач на многу главни улоги во низа филмови за Тарзан. Оствари три златни медали на Олимписките игри во 1924 и две во 1928 година. Филмови: „Тарзановото враќање“, „Тарзан и неговата дружина“ и други. Роден е во Виндбар, Пенсилванија, на 2 јуни 1904 година.

1992.- Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.

1993.- Во Лозана умре Одри Хепберн, американска филмска артистка, од холандско потекло, една од најголемите холивудски ѕвезди, амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Се прослави со филмот "Празник во Рим", за кој доби "Оскар". Меѓу познатите филмови во кои играше се "Појадок кај Тифани", "Сабрина", "Смешно лице" и други. Родена е во 1929 година.

1996.- На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ.

2001.- Потпрестедателот на Филипини Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја обавува оваа функција.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 11:16

1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети Васиљевич, наречен Иван Велики, кој ја направи Русија многу моќна. По неговото доаѓање на власт, кон Русија припои повеќе кнежества, вклучувајќи ги Твер, Ростов и Новгород, а во 1480 година ги ослободи монголските власти. Настојуваше да ја зајакне централната власт и во 1497 година го издаде единствениот „Судбеник“ за цела Русија. Започна со ѕидањето на московските кремљски палати кои и денес се познати.  

1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во битката кај Рајдани во близината на Каиро ги победи мемелучките сили и седум дена потоа влезе во Каиро, приклучувајќи го Египт во Османлиското царство.

1561.- Роден е Франсис Бекон, француски филозоф, научник, есеист и државник, еден од основачите на модерниот материјализам. Познати се неговите дела "Органон", "Нова Атлантида", "Есеи". Умре на 9 април 1626 година.

1666.- Умре индискиот цар Шах Џехан од династијата Могул, познат како принцот Харам, кој најголемиот дел од своето владеење од 1628 до 1658 година, кога го замени синот Аурангзеб, го посвети на изградбата на мавзолејот Таџ Махал во својата престолнина Агри во северна Индија. Прекрасното здание од бел мермер кое го ѕидале 20.000 работници од 1631 до 1653 година го подигна во спомен на царицата Мумтаз Махал, а и самиот по смртта е погребен во него. Во 1648 година престолнината од Агра ја префрли во Делхи, каде го изгради новиот град Шахџеханабад.

1729.- Роден е Ефраим Готхолд Лесинг, германски поет, драмски писател, критичар и теоретичар на уметноста. Тој ги постави темелите на модерната германска литература и естетика. Ги напиша трагедијата „Мис Сара Сампсон“, комедијата „Мина фон Барнхелм“, „Писма за најновата германска книжевност“ и други. Умре на 15 февруари 1781 година.

1771.- Шпанија потпиша конвенција со Велика Британија за отстапување на Фолкландските острови во Атланскиот океан. По добивањето на независност во 1816 година Аргентина се стекна со право на нив. Воената хунта на Аргентина во април 1982 година се обиде да ги окупира островите со распоредување на 10.000 војници. Два месеци подоцна британските трупи повторно го зазедоа тој архипелаг претходно поразувајќи ги Аргентицните.

1775.- Роден е Андре Мари Ампер, француски физичар и математичар. Основач е на електродинамиката. Ја заснова теоријата на магнетизмот во нераскинливата врска со електрицитетот и го пронајде и го проучуваше заемното дејство на електричните струи. Умре во 1836 година.

1788.- Во Лондон е роден Џорџ Гордон Бајрон, англиски поет. Тој беше олицетворение на слободен човечки дух во бунтот против поредокот и рамките на тогашното општество, па оттука и неговата голема популарност кај европските народи, кои беа под јаремот на туѓинскиот и на домашниот деспотизам. Негови најголеми поетски дела се "Чајлд Харолд", "Каин", "Манфред" и "Дон Жуан". Умре во грчкото гратче Мисолонги, на 19 април 1824 година.

1849.- Во Стокхолм е роден Јохан Аугуст Стриндберг, шведски писател. Истовремено беше и натуралистички психолог и фолклорист, историчар и мистик. Ги разби старите драмски творби и е основоположник на современите струења. Најпознати му се драмите „Госпоѓа Јулија“, „Татко“, „Бракови“ и романите „На островите“, „Синот на слугинката“ и други. Умре во Стокхолм, на 15 мај 1912 година.

1863.- Во делот на Полска, кој врз основа на одлуката на Виенскиот конгрес во 1814 и 1815 година беше приклучен кон Русија, изби востание под водство на „партијата на црвените“ на Јарослав Домбровски, но руските трупи го згаснаа по неколку месеци, а во 1864 година Полска се здоби со статус кој многу не се разликуваше од рускиот.

1871.- Во Париз избија демонстрации на работниците кои под водство на францускиот револуционер Луј Оргист Бланки прераснаа во востание против власта, која се подготвуваше за предавство на градот на пруските трупи. Власта го отфрли барањето на востаниците да создадат комуна поради отпорот кон пруската војска и на побунетите им испрати два батаљона мобилна гарда која го задуши востанието. Владата потоа прогласи вонредна состојба и ги забрани сите собири, а министерот за надворешни работи Жил Фавр на 28 јануари во нејзино име потпиша капитуалција.

1875.- Роден е американскиот филмски режисер Дејвид Левелин Ворк Грифит, еден од најзначајните творци во ерата на немиот филм. Заслужен е за повеќе фундаментални откритија во филмскиот израз, вклучуајќи го крупниот план, ритмичката природа на монтажа и креативната употреба на вештачко светло. Филмови: „Нетрпеливост“, „Бегство“, „Доме, слатки доме“, „Раѓањето на една нација“, „Срцето на светот“, „Големата љубов“, „Падот на Вавилон“, „Америка“ и други.

1901.- Умре британската кралица Александрина Викторија. На престолот беше од 1837 до 1901 година. Во текот на нејзиното владеење во Велика Британија е изведена индустриската револуција, капитализмот во стопанство нагло се разви, а британското кололнијално царство се прошири насекаде. Кога умре една третина од површината на планетата се наоѓаше во оваа или онаа форма под британски суверенитет. Периодот на нејзиното владеење во историјата е познат како период на најголемата моќ и углед на Англија кој најчесто се нарекува „викторијанска епоха“.  

1905.- Во Петроград се одржаа големи демонстрации на работниците кои бараа подобрување на животните услови и признавање на политичките права. На тие барања царскиот режим одговори со плотуни, па тој настан е наречен "Крвава недела".

1908.- Роден е рускиот теориски физичар Лав Давидович Ланда, еден од најголемите физичари во 20. век, татко на советската школа за теориска физика, добитник на Нобеловата награда за физика во 1962 година. Тој во 1962 година доживеа тешка сообраќајна несреќа, после која повеќе пати беше прогласуван за клинички мртов. Сепак животот му беше спасен, но ниту најдобрите лекари не успеаја да му ја повратат креативната способност. Заедно со рускиот теориски физичар Иљон Лифшиц го објави капиталното дело во повеќе томови „к*рс на теориската физика“. Останати дела: „Електропроводливост на металите“, „Теорија на полето“, „Квантна механика“, „Статистичка физика“.

1909.- Роден е бурманскиот дипломат У Тант, генерален секретар на Обединетите нации од 1962 до 1971 година. Во текот на мандатот, тој се соочи со конгоанската, берлинската и кубанската криза, војната во Виетнам, Индија и Пакистан, како и со немирите на Блискиот Исток. 

1924.- Ремзи Мекдоналд како прв лабуристички премиер на Велика Британија ја презеде должноста од Стенли Болдвин.

1941.- Италијанските сили во Втората светска војна пред британската Осма армија по  11 дена опсада капитулираа во Тобрук, во Либија.

1944.- Почна сојузничкото распоредување кај Анци во Италија во Втората светска војна, со што германската одбрана се најде во безизлесна ситуација, но со колебањето на американската команда на Германците им беше овозможено да се прегрупираат и четири месеци кај Касино ги задржаа сојузничките сили, нанесувајќи им големи загуби.

1960.- Во Синај е роден Мајкл Хатчинс, лидер на австралиската рок група "INXS". Умре во Синај, на 22 ноември 1997 година.

1964.- Кенед Дејвид Каунда стана првиот претседател на влада во Северна Родезија (сегашна Замбија).

1973.- Умре Линдон Берјнз Џонсон, претседател на САД. Тој ја продолжи виетнамската војна, која ја започнаа неговите претходници која заврши во 1975 година со понижувачки пораз на САД. Беше потпретседател од 1960 година за време на мандатот на Џон Кенеди. Кога беше убиен Кенеди во Далас во 1963 година, стана претседател, а остана до 1969 година по победата на изборите во 1964 година.

1973.- Јорданскиот „Боинг 707“ со кој патуваа муслимански верници на враќање од Мека се урна на аеродромоот во нигерискиот град Кано, при што загинаа 176 луѓе.

1978.- Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена "операцијата снабдување". По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж "Прогрес - 1" автоматски се спои со системот "Саљут - 6" - "Сојуз - 27". Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.

1986.- Тројца Сики, обвинети за убиство на премиерот на Индија Индира Ганди во 1984 година, се осудени на смрт.

1989.- Во Фигерас, Шпанија, умре Салвадор Дали, шпански сликар на 20. век, еден од најпознатите и најдоследни претставници на надреализмот. Со своите дела изврши големо влијание врз низа уметници во целиот свет. Роден е на 11 мај 1904 година.

1994.- Во Лос Анѓелес умре Тели Савалас - Коџак (вистинското име му е Аристотелис), американски филмски и ТВ-актер. Роден е во Њујорк, на 21 јануари 1925 година.

1995.- Во самоубиствената бомбашка акција на палестински исламски терорист, во Израел загинаа 19 а беа ранети околу 60 луѓе, повеќето израелски војници кои во тој момент се најдоа на автобуска станица.

1997.- Во Загреб умре Ордан Петлески, македонски академски сликар. Роден е во Прилеп на 24 август 1930 година.

2001.- Во селото Теарце, Тетовско, е извршен терористички напад врз полициската станица. Притоа загина полицаецот Момир Стојановски (30), а тројца полицајци беа повредени.

2001.- Умре Радослав Стојанов - Раде, солист, водач на виолончелистите на оркестарот на Операта на Македонскиот народен театар. Роден е во 1949 година.

2004.- Вселенскиот патријарх Вартоломеј допатува на Куба каде ја освети првата црква изградена по револуцијата во 1958/1959 година.

2005.- Умре мексиканската композиторка и текстописец Консуела Веласкес, автор на евергринот, баладата „Бесаме мучо“.

2007.- Умре Абе Пјер, свештник кој целиот свој живот го посвети на помагање на бездомниците. „Човекот кој се одликуваше со добрини“ најголем дел од својот живот го помина помагајќи им на луѓето кои беа оставени на маргините на друштвото. Малку е познат надвор од Франција, но во земјата се смета за жив светец. Роден е во богато семејство, а се одрече од раскошниот живот за да им помага на другите. „Абе“ е традиционалниот назив на свештениците во Франција. Во текот на Втората светска војна работеше во Движењето на отпорот изработувајќи им документи на луѓето кои бегаа од нацистите. Ланецот на прифатилиштата за бездомници кој тој го организира во 1949 година е застапен во 41 земја. На изборот за „најголем Французин на сите врмиња“ го освои третото место, по Шарл де Гол и Луј Пастер.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 11:19

1516.- Умре шпанскиот крал Фердинанд Втори и Петти Католички (како Фердинанд Втори владеел со Арагонија, а како Фердинанд Петти со Кастиља и Леон). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означи почетокот на историјата на обединување на Шпанија. Изабела Прва во 1474 година стана кралица на Кастиља, а тој го наследи таткото Хуан Втори во Арагон со што овие две земји се обединија, за да подоцна од нив настане Шпанија. Во 1480 година го втемели судот на инквизицијата, а во 1492 година „како неверници“ ги протера Евреите од Шпанија. Борбите со Маварите победнички ги заврши во 1492 година, протерувајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опреми експедицијата на Кристофер Колумбо кој ја откри Америка. Од Франција во 1503 година го протера Неаполското кралство (Кралството на двете Сицилии). 

1719.- Со обединување на Вадуц и Шеленберг создадено е кнежеството Лихтенштајн.

1744.- Умре италијанскиот филозоф, историограф и теоретичар на правото Џовани Батиста Вико, или Џамбатист, основач на филозофијата на историјата и идната модерна теорија на естетиката. Роден е како син на сиромашен книжар. На универзитетот во родниот Неапол во 1697 година стана професор по реторика. Неаполскиот крал Карло Трети во 1735 година го именува за кралски историограф. Дела: „Принципи на новата наука на заедничка природа на нацијата“, „Универзално право“, „Автобиографија“.

1783.- Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат под псевдонимот Стендал, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Во својот роман "Црвено и црно" се покажа како одличен хроничар, аналитичар и критичар на француското општество во времето на реставрацијата. Најпознат негов роман е "Пармски катузијански манастир". Умре во 1842 година.

1806.- Умре англискиот државник Вилијам Пит Младиот, кој во 1783 година стана најмладиот премиер во историјата на Велика Британија. Додека беше премиер до 1801 и од 1804 до 1806 година, водеше експанзивна колонијална политика, а во Индија ја зацврсти британската власт реформирајќи ја адмиистрацијата. Како заколнат непријател на Француската револуција, беше главен организатор на европската коалиција против револуционерната и Наполеонова Франција.

1832.- Во Париз е роден Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. Неговото платно "Појадок во природа", претставува една од првите слики, со која отстапи од конвенционалниот академски начин на сликање. Највеќе сликаше во масло и тоа портрети (Зола, Клемансо, Пруст и други), но една од најомилените теми му беше сликањето во природа. Умре во Париз, на 30 април 1883 година.

1862.- Во Цариград умре Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. Беше собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството, пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја. Роден е во Струга, во 1810 година.

1872.- Роден е Јоже Плечник, основач на модерната словенечка архитектура. Умре во јули 1957 година.

1878.- Роден е Отон Жупанчич, еден од најголемите словенечки поети. Во своето творештво, уметнички ги одрази националните и социјалните проблеми на својот народ. Словенечката поезија ја збогати со слободен ритам и динамичен стил. Негови познати збирки се "Чаша на опојноста", "Цицибан", "Преку полињата" и други. Умре во Љубљана, на 11 јуни 1949 година.

1888.- Умре францускиот писател Езен Мартин Лабиш. Дела: „Сламен шешир“, „Патот на господионот Перисон“. 

1891.- Роден е италијанскиот револуционер и теоретичар Антонио Грамси, озновач на Комунистичката партија на Италија во 1921 година. Ги уредуваше весниците „Il grido del popolo“, „Avanti“ и „Ordine nuovo“.  Фашистите го уапсија во 1926 година, а во 1928 година беше осуден на 20 години затвор. Беше осолободен во 1936 година, но бидејќи во затворот беше многу измачуван и малтретиран набрзо умре. Дела: „Историскиот материјализам и филозофијата на Бедет Кроче“, „Интелектуалци и градба на културата“, „Белешки за Макијевели, политика и модерна држава“, „Книжевност и национален живот“, „Минато и сегашност“, „Писма од затвор“.

1898.- Роден е рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти  во светскиот филм. По професија беше архитект и во почетокот црташе плакати, работеше како сценограф и театарски режисер кој внесувајќи новини тежнееше кон чисти релаистички елементи и во театарот. Филмови: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“ (снимен во Франција), „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“, книгите „Филмски чувства“, „Филмски облик“.

1901.- Во Солун турската полиција ги уапси Александар Ников, секретар на ЦК на ТМРО и Милан Михаилов, службеник во ЦК на ТМРО. Тоа беше и почеток на една од најкрупните и најбучните провали, која имаше тешки последици за ТМРО.

1928.- Родена е француската филмска глумица Жана Моро, која се прослави во филмовите на францускиот „нов бран“ по Втората светска војна. Филмови: „Љубовници“, „Опасна врска“, „Модерато кантабиле“, „Ноќ“, „Жил и Џим“, „Процес“, „Ева“, „Дневникот на една собарка“, „Вива Марија“, „Катарина Велика“. Според сопствено сценарио го режираше филмот „Светло“.

1931.- Умре руската балерина Ана Павловна Павлова, најголем балетски уметник на класичниот стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почна во Петроград настапувајќи заедно со прочуениот Вацлав Нижниски во Рускиот балет на Сергеј Жагиљев. Потоа основа своја сопствена група со која настапи ширум светот, посебно воодушевувајќи ја публиката со играта во балетите „Лебедова смрт“, „Пепертуки“, „Лебедово езеро“, „Жизела“, „Рајмонда“.

1943.- Британскaта Осма армија во Втората светска војна ги победи Германците и ги зазеде Триполи и италијанската колонија Либија.

1944.- Умре норвешкиот сликар Едвард Мунк, светски препознатлив по сликата „Крик“.

1968.- Во севернокорејските води морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот брод "Пуебло", кој служеше како пловечка шпионска станица и беше опремен со најмодерни апарати за прислушкување и за дешифрирање. Случајот "Пуебло" предизвика голема напнатост во односите меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот кој се врати во САД.

1973.- Американскиот претседател Ричард Никсон соопшти дека е постигната спогодба за окончување на воените непријателства со Виетнам.  

1989.- Умре шпанскиот сликар Салвадор Дали, ексцентрик со висок стил, еден од најголемите сликари во 20. век. Тој ги потресе темелите на сликарството. Помина низ фазите на футуризмот, кубизмот и апстрактниот рационализам, за да се задржи на надреализмот, секогаш со цртежите изведени до перфекција. Во триесеттите години ги наслика делата кои предизвикаа шок „Големиот мастурбатор“, „Предвидување на граѓанската војна“. Работеше и како костимограф и сценограф во филмовите на Лаус Буљуел „Андалузиско куче“ и „Златна доба“. Го напиша автобиографското дело „Тајниот живот на Славадор Дали“.

1991.- Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје. За претседател е избран Милан Талевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

1992.- Претседателот на владата на Естонија Едгар Сависар поднесе оставка поради недостаток на храна и енергија во неговата држава која се отцепи од Советскиот Сојуз.

1995.- Умре Вања Хаџиев, повеќегодишен соработник на весникот "Нова Македонија" и на речиси сите други изданија на НИП "Нова Македонија".

1997.- Во Москва умре Владимир Соколов, руски поет, учесник на Струшките вечери на поезијата. На руски јазик ја препеа песната „Т`га за југ“ од македонскиот поет Константин Миладинов. Роден е во Лихославл, на 18 април 1928 година.  

1998.- Поранешниот претседател на Јужна Африка Питер Вилхелм Бота изјави, во судот каде се појави под обвинение за опструкција на работата на Комисијата за испитување на вистината за злоупотреби во текот на ерата на апартхејдот, дека „после се не постои ништо за што би требало да се извини“.

2000.- Повеќе од милион луѓе демонстрираа во центарот на Мадрид против обновување на кампањата на насилство кон која пребегна баскиската терористичка организација ЕТА.

2000.- Во Скопје умре Александар Христовски, македонски писател. Негови познати дела се „Коњи под месечина“, „Кореја“ и „Којче од Коњари“. Роден е во селото Лазарополе, на 24 мај 1933 година.

2000.- Во Скопје умре Владимир Шопов, македонски поет и публицист. Автор е на неколку книги поезија за деца, меѓу кои „Луцидна интервала“, „Креда“ и други. Роден е во Белград, на 16 декември 1948 година.

2000.- Во Битола умре Ранко Струмениковски, македонски академски сликар, еден од најугледните македонски мајстори на ликовната графика, цртежот и дизајнот. Роден во 1936 година.

2002.- Новинарот на „Волстрит журнал“ Даниел Перл го киднапираа исламски терористи во Карача, во Пакистан, додека се обидуваше да воспостави контакт со пакистанските радикални исламистички групи. Киднаперите го убија на 22 февруари.

2003.- Умре италијанскиот индустријалец Џовани Ањели кој семејната автомобилска компанија „Фијат“ ја преобрази во еден од најзначајните светски произведувачи на автомобили. Ањели, чиј дедо во 1899 година ја основа компанијата во Торино, стана извршен директор во 1963, а претседател во 1966 година, останувајќи на таа функција во „Фијат“ 30 години.

2004.- Европскиот сателит „Марс експрес“ испрати снимки од мразот на јужниот пол од Марс.

2005. - Македонија и Тајланд воспоставија дипломатски односи.

2006.- Во железничка несреќа во близина на Подгорица загинаа 46 патници, а 364 беа повредени, кога воз на релација Бијело Поле - Бар излета од шините и се преврте во бездна длабока повеќе од 30 метри.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 13:01

41.- Убиен е римскиот цар Гај Јулиј Калигула. Тој во текот на владеењето од 37 до 41 година искажа бруталност, самоволие и нечуено расипништво. Кога воведе неподносливо високи даноци и се сврте против Сенатот и војската, дури и против командантите на сопствената преторијска гарда, беше убиен. Сенатот потоа за цар го прогласи неговиот чичко Клаудиј Тибери Друз, кој е запаметен како ретко добар владетел.

76.- Роден е римскиот цар Публиј Елиј Хадријан, кој во текот на владеењето од 117 до смртта во 138 година, увидувајќи дека Римското царство слабее, ги утврди границите во југозападна Германија и Британија. На северната граница на провинциите во Британија, помеѓу заливите Клид и Фрот, го подигна т.н. Хадријанов бедем кој требаше да ги штити од нападите на Пиктите и Шкотите. Подгина повеќе градови, од кои најважниот е Хадријанов град во Тракија. Беше голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишуваше стихови, вајаше и сликаше.  

1712.- Роден е Фридрих Втори Велики, пруски крал (1740-1786), војсководец, филозоф и писател. За време на неговото владеење од малата Прусија создаде велесила. Најпознати му се делата „Мемоарите на Бранденбуршката династија“ и „Историјата на Седумгодишната војна“. Умре на 17 август 1786 година.

1732.- Роден е францускиот писател Пјер Огистен Карон де Бомарше, предвесник на Француската револуција. Смело ги критикуваше подмитувањето на судиите и корупцијата. Дела:  автобиографското дело „Мемоари“, комедиите „Севилскиот бербер“, „Фигаровата женидба“ кои беа инспирација за Џоакин Росини и Волфганг Амадеус Моцарт да ги компонираат истоимените опери.

1746.- Роден е шведскиот крал Густав Трети, кој од стапувањето на престолот во 1771 година до насилната смрт во 1792 година, владеел со цврста рака, но бил и голем покровител на уметноста. Војувал против Русија од 1788 до 1790 година и неуспешно се обидел да го заземе Петрогард. Инспириран од атентатот врз него во Стокхолмската опера во март 1792 година, Џузепе Верди ја напиша операта „Бал под маски“ 

1776.- Роден е Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. Со своите новели убедливо го отслика животот на соништата, хипнозата, телепатијата и стравот. Од нив се инспирираше и композиторот Жан Офенбах за својата позната опера "Хофманови Приказни". Хофмановите дела влијаеа врз многу други автори, меѓу кои се и Балзак, Едгар Алан По, Франц Кафка и други. Умре на 26 јуни 1882 година.

1848.- Џејмс Маршал во Калифонрија пронајде наоѓалиште на злато. Прочуената „Златна треска“ почна во декември истата година кога извештаите за пронаоѓањето на жолтиот метал ги потврди претседателот на САД Џемјс Полк.

1851.- Умре Гаспаро Спонтини, италијански композитор. Роден е на 14 ноември 1774 година.

1915.- Британски воени бродови во Првата светска војна во Северно Море го потопија германскиот крстач „Bliher“ во кој загинаа 870 луѓе.

1920.- Умре италијанскиот сликар и вајар Амедео Модиљани, чии дела се препознатливи единствено по издолженоста на фигурите. Во Париз живееше од 1906 година и е еден од најзначајните претставници на „Париската школа“. Најмногу сликаше женски актови и портрети, а во младоста се бавеше со скулптура во која се чувствува црната пластика.

1922.- Во Смитфилд, Јужна Каролина, е родена Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд. Зад себе остави речиси 60 филмови и незаборавни улоги во делата како што се "Сонцето повторно се раѓа", "Ноќта на Игуана", "Могамбо", "Босонога контеса" и други. Умре во Лондон на 26 јануари 1990 година.

1924.- Престолнината на царска Русија - Петроград доби ново име - Ленинград, во знак на сеќавање на Ленин, таткото на Октомвриската револуција која почна во Петроград. Името Ленинград градот го носеше до 1991 година. Првиот назив на градот беше Санкт Петербург и Петербург (до 1914), а до 1924 година Петроград. Од 1991 година го носи првото име Санкт Петербург.

1929.- Во Софија умре Васил Главинов, еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за балканска федерација. Во 1894 година во Велес формира читалиште, односно прво просветно работничко друштво, а во 1896 година, во Софија, македонска социјалистичка група. Ги издаваше весниците "Револуција", орган на македонските револуционери - социјалисти во Бугарија, "Политическа слобода", всушност продолжение "Револуција", но со појасна и поправилна програма, како и низа прогласи и брошури, што конспиративно ги префрлуваше во Македонија. Учествуваше на Првата балканска социјалистичка конференција во Белград, во 1910 година. Роден е во Велес, околу 1869 година.

1935.- Во Софија излезе првиот број на неделното списание за историја, наука, култура и литература „Македонски вести“, чиј уредник и сопственик беше Ангел Динев, македонски општественик и публицист. Списанието си постави за задача „да ја изнесува историјата на народното македонско ослободително движење“ и беше на страната на ВМРО (обединета).

1937.- Склучен е југословенско-бугарскиот „Пакт за вечно пријателство“. Бугарија не сакаше да пристапи во Балканскиот пакт кој гарантираше неповредливост на границите, но овој договор го потпиша.

1946.- Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.

1965.- Во Лондон умре Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски политичар, државник и писател. Во најтешките денови за Англија, во Втората светска војна, беше претседател на владата и водач на Конзервативна партија. Заедно со Сталин и Рузвелт даде решавачки придонес за победата над фашизмот и над силите на Оската. Негови познати дела се "Втората светска војна", "Моето африканско патување", "Историјата на светската војна" и други. Во 1953 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 30 ноември 1874 година.

1972.- Јапонскиот војник Шјоичи Јокои е откриен на пацифичкиот остров Гуам, каде 28 години се криеше во џунгла, убеден дека Втората светска војна се уште трае.

1973.- Американскиот преговарач Хенри Кисинџер изјави дека Виетнамскиот мировен договор склучен на мировните преговори во Париз ќе значи крај на борбите во Лаос и Камбоџа, а преговарачот Ханој Ле Дук То документот го опиша како „голема победа за виетнамскиот народ“. Борбите во Виетнам завршија на крајот на април во 1975 година со ослободување на Сајгон и со американска воена катастрофа.

1983.- Во Лос Анѓелес умре Џорџ Кјукор, познат американски режисер. Автор е на многубројни филмови кои влегоа во антологијата на светската кинематографија, меѓу кои се најпознати „Вечера во осум“, „Плинска светлина“, „Ѕвездата е родена“ и други. Роден е во Њујорк, на 7 јули 1899 година.

1986.- Герилците на Армијата на националниот одбор на поранешниот министер за одбрана на Уганда Јовери Мусевени влегоа и го зазедоа во целост главниот град Кампала. Бидејќи неговите сили го скршија отпорот на владините трупи и ја тргнаа владата на генералот Тито Окело, кој на власт дојде по воениот пуч со кој во јули 1985 година е соборена владата на Милтон Оботеа, Окело побегна во Судан, а Мусевени на 29 јанаури беше прогласен за нов шеф на државата.

1989.- Во рудник за злато во Перу загинаа околу 100 рудари, од кои највеќе беа задушени од отровен гас.

1991.- Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“.

1996.- Варшавскиот воен обвинител официјално ја отвори истрагата врз претседателот на владата на Полска Јузеф Олексиј, поради негова наводна шпионска активност за сметка на Москва, што дополнително се покажа како лажно обвинение заради елиминација на политичките противници од страна на полскиот претседател Лех Валенса.

1996.- Во Тамсон Јаус, Вест Довер, САД, умре Стојан Христов, американски писател, новинар и публицист, од македонско потекло, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Меѓу другото, автор е на книгите „Херои и атентатори“, „Ова е мојата земја“, „Лавот од Јанина“, „Американски аџилак“, „Орелот и штркот“ и други. Роден е во селото Кономлади, Костурско, на 18 август 1898 година.

1998.- Во експлозија која предизвика пожар во окно во рудникот за јаглен Вангѓиајинг во кинеската провинција Лиаонинг загинаа 77 луѓе.

1999.- Јорданскиот крал Хусеин потпиша декрет со кој постариот син Абдулах го одреди за наследник на престолот.

2004.- Американскиот вселенски робот „Опортјунити“ се спушти на Марс - три недели по „браќата близнаци“ роботот на „Спирит“ кој четири часа подоцна почна да испраќа слики на Земјата.

2007.- Умре полскиот писател и новинар Ришард Капушчињски. Повеќе пати беше кандидат за Нобелова награда за книжевност. Тој е веројатно еден од напреведуваните полски автори. Книгите му се објавени на дури 30-ина јазици. Роден во 1932 година во Пинск (денеска Белорусија). Се прослави со репортажите за Конго кон крајот на педесеттите. Во текот на бројните престои во Африка, Јужна Америка и во Азија беше сведок на повеќе граѓански војни, револуции и смени на режими. Дела: „Еден ден живот“, „Фудбалска војна“, „Цар“, „Шахиншах“, „Лапидариум“, „Империја“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 10:54

1533.- Англискиот крал Хенри Осми се ожени со Ана Болен, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катарина Арагонска. Хенри Трети се женеше повеќе пати бидејќи немаше машки потомок.

1579.- Во Утрехт побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа,  создадоа Утрехтска унија за борба против Шпанија. Провинциите во 1581 година се отцепија од Шпанија, а со Вестфалскиот мир во 1648 година добија независност. Протестнатските Холанѓани не се помирија со строгата католичка политика на Шпанија.

1627.- Роден е Роберт Бојл, англиски физичар и хемичар. Тој прв ги забележа разликите меѓу хемиските елементи и соединенијата и значително придонесе за развојот на хемијата. Умре во 1691 година.

1736.- Роден е францускиот математичар, механичар и астроном Луј Ларганз, кој со само 19 години стана професор по математика на Ариљериската школа во Торино, а потоа работеше во Акдемијата на науките во Берлин и на Политехичката школа во Париз. Многу од Лагранзовите откритија го носат неговото име. Дела: „Аналитичка механика“, „Теорија на аналитичките функции I-II“, „За теоријата на Јупитеровите сателити“.

1759.- Во Аловеј близу до Ајр, е роден Роберт Бернс, еден од најпознатите шкотски национални писатели во 18. век. Во 1786 година излезе од печат неговата прва збирка песни „Песни претежно на шкотски дијалект“. Позната е и неговата збирка од собрани народни песни „Шкотски музички музеј“, како и збирката „Избрани шкотски песни“. Умре на 21 јули 1796 година.

1823.- Умре Едвард Џенер, англиски лекар и хирург. Тој го задолжи човештвото, пронаоѓајќи ја вакцината (1796) против смртоносните големи сипаници. Благодарејќи му на нему, во почетокот на 19. век беа искоренети опасните епидемии. Роден е во 1749 година.

1824.- Умре Теодор Жерико, француски сликар и графичар. Стилски припаѓа на доцниот класицизам. Сликаше теми со историска содржина, современи драматични настани и друго. Со светска слава се здоби со сликата "Сплавот Медуза". Роден е во 1791 година.

1852.- Во Кратово е роден Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотворби. Тој, заедно со Ѓ. Пулевски, П. Гиновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творшетво. Тој е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил. Умре во Ќустендил, на 6 декември 1927 година.

1874.- Роден е Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. Главни негови дела се романите „Човечки окови“, „Месечината и стопарето“, „Театарот“, „Шарениот превез“, збирките раскази „Трепетот на листот“, „Исток и Запад“, драмите „Леди Фредерика“, „Лебови и риби“ и „Свет пламен“. Умре на 16 декември 1965 година.

1904.- Излезе првиот број на белградскиот весник "Политика".

1918.- Со цел да згасне контрареволуционерната побуна беше создадена Црвената армија. Набрзо се покажа како многу ефикасна која успешно се пресмета и со странската воена интервенција против советска Русија, која ја порази Германија во Втората светска војна.

1920.- Во Париз умре Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го помина во Париз. Тој е еден од претставниците на "Париската школа", но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имаат стилизирани издолжени форми. Најмногу сликаше женски актови и фигури на работници. Роден е во Ливорно, на 12 јули 1884 година.

1921.- Зборот „робот“ првпат јавно се слушна во Народниот театар во Прага во премиерата „ПУР“ на Карел Чапек, кој ги означуваше ликовите како работници кои се појавуваат во претставата, а потекнува од стариот грчки збор „робота“, кој некогаш означувал ропска работа, а сега само работа. 

1922.- Родена е англиската писателка Вирџинија Вулф, а нејзиното право име беше Аделина Вирџинија Стивн. Оствари мајсторски портрети, посебно за жените од високите слоеви на англиското општество. Осетлива, згрозена од војната во 1941 година се самоуби. Дела: романите „Излет на светилникот“, „Госпоѓа Деловеј“, „Години“ „Бранови“, „Орландо“, есеите „Сопствена соба“, „Обичен читател“ и други.

1924.- Во францускиот град Шамони почнаа првите зимски Олимписки игри.

1935.- Роден е португалскиот државник Антонио Рамаљо Јанеш, претседател на Португалија од 1976 до 1986 година.

1942.- Тајланд во Втората светска војна им објави војна на Велика Британија и САД.

1949.- Во Москва е основан Совет за заемна економска помош (СЕВ), заради унапредување и плански развој на економските и трговските односи меѓу земјите членки на овој совет (СССР, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија, НР Монголија и Куба). Член беше и Албанија, но таа ја напушти оваа организација во 1961 година.

1954.- Во Скопје, во издание на Институтот за македонски јазик, излезе првиот број на списанието "Литературен збор", орган на Друштвото за македонски јазик и литература.

1955.- Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.

1961.- Во Скопје умре д-р Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент на Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, а подоцна нејзин долгогодишен директор. Тој е основач и раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот творечки живот објави повеќе од 20 стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Роден е во Скопје, на 10 октомври 1904 година.

1971.- Генералот Иди Амин со воен удар го собори претседателот на Уганда Милтон Оботеа и набрзо се прогаласи за претседател на државата. 

1974.- Претседателот на Египет Анвар Ел Садат им предложи на арапските земји да го укинат ембаргото за извоз на нафта во САД.

1981.- Во Прилеп е роден Тоше Проески. Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Лифе“. Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“. Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ - верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ - верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ - верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ - хрватска верзија (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Постхумно Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата. Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

1983.- Кинеските власти на Мао Цудункогвата вдовица Ѓанг Чин и ја заменија смртната казна со доживотен затвор изречена истиот ден во 1981 година.

1991.- Собранието на Република Македонија усвои Декларација за независност.

1996.- Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи.

1996.- Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.

1998.- Папата Јован Павле Втори ја заврши петдневната посета на Куба.

1999.- Во централниот дел на Колумбија во земјотрес загинаа најмалку 1.200 луѓе.

2005.- Повеќе од 300 хиндуистички верници загинаа во стампедо во еден храм во западната индиска држава Махараштра.

2006.- На парламентарните избори во Палестина победи радикалното движење Хамас.

2007.- Умре Хауард Хант, агент на ЦИА, клучен актер во аферата „Вотергејт“ која ја предизвика оставката на американскиот претседател Ричард Никсон и стана синоним за скандал и злоупотреба на власта. Хауард Хант ги регрутираше луѓето кои провалија во зградата „Votergejt svisotel“ во Вашингтон, каде се наоѓаше средиштето на тогаш опозиционата Демократска партија во текот на претседателската кампања во 1972 година. Аферата ја открија новинарите на „Вашингтон пост“, Боб Вудворд и Калр Берстин. Кога аферата беше разоткриена до крај новинарите беа наградени со Пулицеровата награда.

2007.- Умре рускиот народен уметник Георгиј Селезљов, водечки руски бас. Дипломираше на Ленинградскиот конзерваториум каде од 1977 до 1993 година беше еден од водечките солисти во Болшојскиот театар. Пееше и во Кировскиот театар, опера и балет, а голем дел од неговиот репертоар се состоеше од руска класика. Најзабележителна негова партија беше Борис Годунов од истоимената опера Модест Мусорски. Селезњов беше првиот изведувач на партија бас во операта Модест Мусорски „Саламбо“. Раководеше со катедрата за соло пеење на Петербуршкиот конзерваториум.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.