IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Бременост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бременост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 18:33
Originally posted by topsexy topsexy напиша:

a mene me interesira ako znae nekoj da mi kaze po kolku vreme otkako ste imale seks moze da otkriete deka ste bremena? 1 2 3 4 nedeli.........? aj ako znae nekoj neka pise a me zanima i po kolku vreme se pojavuvaat prvite simptomi
 
 
fala na toj so ke kaze


Уште од првиот ден на изостанокот на циклусот веќе може да се потврди дали си бремена или не.Со добар тест, CLEARBLUE на пример, веднаш ќе знаеш, зашто тестот е осетлив и на најмалото зголемување на хормонот кој се лачи за време на бременоста (овие поефтините тестови знаат да дадат и лажно негативни резултатиголема%20насмевка)

 Треба нешто да се честита?трепкање

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 23:07
od denesen utrinski vesnik moze ke vi bide zanimlivo.



Идеално здебелување при бременост - 13 килограми


Што треба да знаете за време на бременоста? Ова се најчесто поставувани прашања

ИСХРАНА

„Урамнотежената исхрана е основен предуслов за здрав живот. Треба да земате многу овошје и зеленчук, да внимавате дневно да испиете две литра течност, а количеството сол и шеќер да го сведете на минимум, исто како и лутата храна. Млекото и млечните производи мора да бидат застапени, а кај изборот на месо е препорачливо да се јаде хипокалорично месо со што помалку заситени масни киселини, како што се рибата, пилешкото и телешко месо. Внесувањето јаглеродни хидрати како што се лебот, тестото, компирите и оризот, а пред се' слатките производи, мора да биде минимално.

Ако грижата за сопственото здравје и здравата исхрана е наша секојдневна обврска, тогаш во текот на бременоста таа станува уште поголема, бидејќи неправилната исхрана може да доведе и до тешки нарушувања, и кај трудниците и кај нероденото бебе. Заблудата која постои во народот дека треба да се јаде за двајца не е основана и е многу опасна, па денеска се смета дека секоја трудница треба да внесе дневно 200 калории повеќе отколку кога не е бремена, што практично значи (само) 4 јаболка или 2 чаши млеко повеќе.



МУЛТИВИТАМИНСКИ ПРОИЗВОДИ

Начелно, одговорот е не! Понудата на овошје и зеленчук е обилна и разновидна, повеќе не е само сезонска, па и кај нормалната исхрана не се потребни посебни мултивитамински производи. На пример, многу витамини има и во грејпфрутот, лимоните, портокалите, шумските капинки и грозјето, а од зеленчукот во зелената пиперка, салатата, доматите и морковите. Претераното земање витамини може да доведе до сериозни заболувања, на пример, зголеменото внесување на витаминот А доведува до малформација на централниот нервен состав, непцата и очите кај детето, високата доза на витамин Д доведува до малформација на крвните садови, а претераното земање на витаминот Б-6 предизвикува несвесно грчење на организмот на детето т.н. конвулзија. Исто така, треба да се напомене и дека високата доза витамини го зголемува апетитот, а со тоа и внесувањето храна што доведува до многу опасно дебелеење во текот на бременоста.



УТРИНСКИ МАЧНИНИ

Во раната бременост, многу често се јавува чувството на мачнина со или без утринско повраќање. Треба да го зголемите бројот на оброци со истовремено намалување на количеството белковини од животинско потекло (месо) и да земате повеќе зеленчук и овошје. Солената и силно зачинета храна треба да ја одбегнувате и да минувате помалку време во кујна. Пред утринското станување од кревет, треба да изедете суви бисквити или двопек и да се напиете чај, а домашните треба повеќе да ви помагаат.



СТАРОСНА ГРАНИЦА

Секоја здрава жена може да зачне во периодот што се нарекува генеративна доба, а тоа е во просек од 18. до 35. година од животот. Способноста на жената за зачнување не се одредува само според нејзините телесни особини, туку и психичката зрелост, така што 18 години се земаат како долна граница. Горната граница е одредена со хормонскиот статус и менструалниот циклус. Се препорачува да се раѓа до 35 години, што претставува наедно и горна граница и време кога шансите за компликации се најмали. Исто така, по 35 година се намалува и нивото на женски хормони и на тој начин се зголемува бројот на спонтани абортуси.



ПОДГОТОВКА

Секако дека можеме и тоа, пред се', така што својата евентуална акутна или хронична болест ќе ја излекуваме или ќе ја ставиме под контрола пред бременоста, нема да дозволиме да нафрлиме прекумерни килограми, ќе го посетиме стоматологот зашто забите се поподложни на расипување во текот на бременоста, ќе престанеме да пушиме и да пиеме кафе и, што е најбитно, ќе престанеме да земаме наркотици кои се многу опасни за здравјето на мајката и на детето. Исто така, трудницата која боледува од шеќерна болест мора да ја регулира болеста и постојано да ја држи под контрола. На крајот, секако, треба да го посети својот гинеколог и да направи комплетен гинеколошки преглед, папа-тест и ултразвучен преглед на матката и јајчниците за да може да се исклучат инфекциите и туморозните промени на женските полови органи.



ЗДЕБЕЛУВАЊЕ

Добивањето телесна тежина во бременоста бара особено внимание, бидејќи зголемената тежина предизвикува многу опасни нарушувања кај мајката и кај детето, кои може да доведат дури и до смртен исход. Се препорачува зголемување на тежината до 13 кг во текот на целата бременост. Еден дел од зголемувањето на тежината отпаѓа на детето, кое е во просек тешко меѓу 3-4 кг, тежината на плодовата вода е околу 1 кг, како и тежината на зголемената матка, а тежината на постелката е околу половина килограм. Значи, вкупно на детето и на зголемените органи отпаѓаат, вклучувајќи ја и плодовата вода, околу 6 килограми. Преостанатите 7 кг се вода и малку масно ткиво. Зголемувањето на телесната тежина над наведените вредности доведува до создавање отоци, зголемување на крвниот притисок и губење на белковините преку урината. На крајот, може да се јави болест опасна за животот на мајката и на детето - еклампсија.



КАКО СЕ МЕНУВААТ ДОЈКИТЕ

Ткивото на дојките во бременоста се менува и се зголемува интензивно за да можат да произведуваат млеко за исхрана на детето. Во почетокот на бременоста, дојките лесно набабруваат, а подрачјето околу брадавиците - ареолите станува темно како последица на зголемената пигментација за што се одговорни женските полови органи. Ткивото се формира во 15-20 слоја кои во подрачјето под брадавиците формираат резервоари за млеко. Исто така, доаѓа до зголемување на масното ткиво кое е поголемо доколку трудницата внесува хиперкалорична храна и добива повеќе на телесна тежина од просечните 13 килограми. Кожата на градите се растегнува и се појавуваат т.н. кожни бразди или стрии кои во почетокот се во лила боја, а подоцна избледуваат. Исто така, се зголемува и венскиот цртеж на кожата.

На многу процеси во дојката не можеме да влијаеме, но некои можеме да ги ублажиме или дури да го спречиме нивниот развој. Еве ги мерките на превенција:

- водете грижа за правилната исхрана и умереното внесување калории за да го спречите развојот на масно ткиво во дојките;

- во текот на целата бременост, а посебно во последните три месеци, трудницата мора да ги масира градите со кружни движења на дланките со хранливи масла, на пример, бадемово, а за време на бањањето, со фротирска ракавица мора да се масираат брадавиците за да станат цврсти и отпорни на пукање во текот на доењето;

- за време на бременоста, како и за време на доењето, родилката треба да носи поголем градник за да ја спречи деформацијата на дојките поради нивната зголемена тежина;

- додека дои, родилката мора да се измолзува за да не дојде до заостанување на млекото и инфекција на дојките. Така на повеќето трудници им успева да го одржи обликот и напнатоста на дојките, што подоцна помага при нивно враќање во нормална состојба.



ПОЛОВИ ОДНОСИ

Во првите три месеци од бременоста, половиот однос не се препорачува, пред се', затоа што може да доведе до инфекција на грлото на матката и спонтан абортус. Исто така, механичкиот притисок на матката во таа фаза не е препорачлив. Од 12. недела се дозволени внимателни односи со задолжителна употреба на механичка заштита - кондом, но само доколку гинеколошкиот и УЗВ-наод го дозволуваат тоа. Тоа значи дека доколку и понатаму се заканува абортус или предвремено породување, доколку трудницата носи близнаци или станува збор за хронично воспалување на грлото на матката или мочоводните патишта, односот не е дозволен. Еден месец пред породувањето, дозволени се односи, но само со употреба на механичка заштита - кондом.



ТРУДНИЧКИ ВЕЖБИ

Редовната гимнастика не е само препорака, туку и обврска на секоја трудница чиј гинеколошки наод го дозволува тоа. Со гинеколошки преглед треба да се утврди дека грлото на матката е затворено, дека нема предвремени породилни болки, односно дека не се заканува предвремен абортус или породување и дека здравствена состојба дозволува движење. Практиката на вежби за трудници е многу поразвиена во развиениот свет отколку кај нас, така што и здравствените фондови плаќаат за одржување на вежбите и тоа спаѓа во обврските на трудницата. Од сите вежби, најважни се вежбите за дишење и релаксирање на мускулатурата. Со нив е најдобро да се започне меѓу 12. и 16. недела од бременоста, а најдоцна во 28 недела. Треба да се вежба под контрола на физиотерапевт, а некои вежби може да се повторуваат и дома.



ВРЕМЕ ЗА ПОРОДУВАЊЕ

Преку појава на редовни ритмички контракции на матката - болки што се јавуваат кај прворотката на секои 10 минути, а кај повеќеротката на секои 5 минути и/или се појави слузница и/или почне да да истекува плодовата вода која е проѕирна. Редовните породилни болки се знак дека матката е подготвена и дека почнува отворање на породилниот канал. Самиот процес на отворање трае од 9 до 12 часа. Слузницата истекува од каналот на грлото на матката и, исто така, е знак на отворање на породилниот канал. Појавата на плодовата вода е една од најитните состојби во почетокот на породувањето и тогаш трудницата мора итно и по можност во лежечка положба да биде одведена во болница, зашто постои ризик покрај главата на детето да излезе и папочната врвца преку која детето добива хранливи состојки и кислород од мајката.





   



   


Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 11:30

ако го разбрав тоа убаво што мислам дека го разбрав, со среќа нека е, ако сум грешка се извинувам црвенеење...јас за секој слчак ќе пастирам

 
прв месец

прва недела
Видот на вашето бебе сеуште е матен.Бебињата се родени кратковиди и најдобро можат да ги видат работите кога им се оддалечени на околу 15-20 cm, значи тоа може јасно да ви го види лицето само кога ја држите блиску.Не се секирајте ако вашето бебе не ве гледа во очи.Бебињата повеќе ќе гледаат во вашите веѓи,фризура или вашата уста кога мрда. Како што почнува да ве запознава, така бебето ќе биде се повеќе заинтересирано за контакт со очи. Некои истражувања покажуваат дека новороденчињата преферираат човечки лица одошто други шари или бои.( другу работи со висок контраст,како шаховска табла, се следно нешто што ги интересира)

втора недела
Вашата матка беше топла и удобна средина и треба да помине време додека вашето бебе се навикне на многуте глетки, звуци и сензации .Можеби сеуште нема да можете да забележите многу од карактерот, како што вешето бебе го минува неговото време во неколкуте состојби на спиење.Единствениот начин што вашето бебе го знае за комуникација е плачењето, но вие можете да комуницирате со него со вашиот глас и допир.Сега веќе бебето го распознава вашиот глас и може го разликува од другите.Вашето бебе веројатно обожува да биде држано, бакнувано, галено, масирано и носено.Дури може да испушти и ’ах ’ звук кога ќе го чуе вашиот глас и ќе биде нетрпеливо да ве најде меѓу гужвата.

трета недела
Бебињата сакаат и треба да цицаат, затоа не ги обесхраврувајте, всушност, може да отктиете дека цуцла може чуда да направи за смирување на бебето..Кога цуцлата или вашиот прст не му се при рака, вашето бебе може дури да си го најде палецот или некое прсте и да си ги задоволи цицачките потреби

четврта недела
Вашето бебе може да се гргори, да гука,да мумла кога ќе сака да ги изрази своите чувства.Некои бебиња полнуваат и да се смеат. И вие гукајте му и зборувајте му одблиску . Ако имате работа низ дома, вашето бебе може да ужива во вашиот глас и од другата страна на собата. И немојте да се осеќате глупаво кога ќе треба да зборувате бебешки - бебињата се заинтригирани од овој вид на комуникациуја и можат да го научат вашето бебе за структурата и функцијата на јазикот

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 11:31
и пошто првиот месец е поминат како во лет ќе го пастирам и вториот плазење и се надевам дека следната година ќе има многу многу бремени на форумовголема%20насмевка
 
втор месец

петта недела
Подгответе се за првата најслатка,само-за-вас насмевка. Ова вероојатно ќе Ви го стопи срцето, без оглед што можеби претходната ноќ Ви била најтешка досега .

шеста недела
Од сега па натаму се подолги ќе бидат периодите, во текот на денот , кога Вашето малечко ќе биде будно, и се позаинтересирано ќе биде за Вас и за околината. Искористете ја неговата заинтересираност и почнете да му ги пеете првите детски песнички, пуштајте му разновидна музика, од класична до народна , набљудувајте го како реагира мрткајќи со рачињата и ноџињата. Освен музиката бебето ги сака и другите звуци како оние на часовникот или пак виењето на ветрот,а некои бебиња уживаат и во звукот на правосмукалката. Вие ќе си откриете во што ќе ужива Вашето малечко.

седма недела
Во текот на првите три месеци мозокот кај бебињата сеуште расте и се развива. Во тој период ќе порасне за уште 5 сантиметри, но ова е и првиот период на учење . Ќе забележите дека Вашето малечко со големо внимание ќе следи се што ќе правите. Искористете ги тие моменти и зборувајте му , пејте,опишувајте ги сликите на ѕидот...Иако бебето сеуште не е подготвено за било каква конверзација со вас, сепак учи, ги впива информациите кои Вие му ги давате. Трудете се да му ги развивате сите сетила, овозможете му да допира различни површини,да слуша разни звуци , да почуствува најразновидни мириси.

осма недела
Вашето бебе сега веќе убаво ги разликува гласовите на сите од Вашето семејство ( на оние кои се најчесто со него) и ги одвојува од другите звуци. Често ќе Ве гледа во устата додека му зборувате. Исто така ќе забележите дека и средината во која поминува најголем дел од времето му е веќе позната. Бебето ќе ги бара со поглед предметите кои произведуваат различни звици.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
monitor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај monitor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 17:38
БЛАЖЕНА СОСТОЈБА НА ЖЕНАТА,ДАР КОЈ ПОСАКУВАМ СЕКОЈА ЖЕНА ДА ГО ПОЧУСТВУВА.СЕКОЈА ЖЕНА Е ЗАСЕБНА ИНДИВИДУА И СЕКОЈА БРЕМЕНОСТ Е РАЗЛИЧНА.БРЕМЕНА НЕ ЗНАЧИ БОЛНА.МОЖЕШ НАЈНОРМАЛНО ДА ГИ ИЗВРШУВАШ СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ И ТОА СО ПОГОЛЕМ ЕНТУИЈАЗАМ.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 18:51
аплаузаплаузаплауз tocno taka e....samo po nekogas sto mazite ne pravat bolni koga e zenata bremena плазење.."nemoj toa, sedni, ne ostavi jas ke go napravam" itn. itn
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 20:07
Настинка во тек на бременоста е она од што се плаши секоја трудница.Во тек на бременоста, имунитетот кај жените е опаднат, а со самото тоа се зголемува опасноста од болести.
Ако сепак се случи да настинете-немојте да земате лекарства на своја рака. Постојат антибиотици кои смеат,но и такви кои не смеат да се пијат во тек на бременоста. Многу и од сирупите против кашлица можат негативно да влијаат врз плодот, а треба и да се внимава со лекарствата кои се земаат против главоболка...Затоа-не делувајте на своја рака- консултирајте се со матичниот лекар и матичниот гинеколог и земете само тоа што ќе ви препишат.
Урамнотежена исхрана, редовни прошетки и често миење на рацете се најдобар начин да го намалите ризикот од заболување,а и повеќето од лекарите денес препорачуваат пренатални витамини,како додаток во исхраната.
Ако сепак(не дај боже) се разболете - одмарајте повеќе, пијте многу бистри течности,користете назални спрејови на база на морска вода при запушен нос или инхалирајте, јадете повеќе овошје, пијте топла вода со мед и лимон како би сте го ублажиле воспалението на грлото...
И задолжително појдете на лекар ако симптомите траат подолго од една недела


Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 16:04
heliran cink.............   Prirodni izvori na ovie vitamini se :  Meso,riba.mleko,jajca,zito,pcenica.soja,soncogled,spanak.vino,pivski kvasec........ Ovoj vitamin e neophoden i se preporacucva bas rastot na fetusot i proizvodstvo na spermatozoidi  taka da nee  e steten   dobar e za zadravuvanje na ranite  ne e dobar da se mesa so calcium vo isto vreme mozi so malo rastojanie pogotovo za sportistite   poveke od50mg moze da  bidi toksicen...   i se preporacuva da se zema periodicno ne konstantno za da se izbega toksicnostaсреќа
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 16:10
Само четири дена по оплодувањето, јајце-клетката започнува да создава хормон кој се нарекува хуман хорионски гонадотропин (hCG). Овој хормон се лачи во крвта и во сите телесни течности на жената. По оплодувањето, најбрзо може да се утврди покачено ниво на hCG во крвта, а по неколку дена и во уринаНајголем број од тестовите за бременост се базирани на утврудвање на постоењето на овој хормон во урината. Земањето на примерок е многу полесно и покомфорно отколку земање на крв од вена. Тестовите воглавно се базирани на реакцијата меѓу  hCG и антителата против овој хормон. Промената на бојата на реагенсот е потврда дека имало реакција, односно дека жената е бремена.Тест за бременост може да се изведе и во домашна средина. Тестот е посигурен ако се анализира првата утринска урина.  


Колку се веродостојни тестовите за бременост?  Тоа зависи од тоа колку сте ги следле упатствата за спроведување на тестот Ако тестот се прави на самиот почеток на бременоста може да се добие негативен резултат, а жената да е бремена. Објаснувањето за овој лажно-негативен резултат  е дека во првите денови по оплодувањето, нивото на хормонот во крвта а посебно во урината на жената е ниско и може да биде недијагностицирано со тестот. Поради тоа негативните тестови за бременост се помалку веродостојни од позитивните.  
 
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Deni Red Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Deni Red Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 18:05
zdravo na site. Me interesira dali nekoj znae kolku cini eden test za bremenost.

Изменето од Biba_G - 15.Март.2009 во 18:06
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2009 во 01:22
има различни,
мислам дека најефтин е околу 90-100ден
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 18:32
Najsiguren test za rana bremenost e beta HCG.Ovoj e test na krvta odnosno talozenjeto na placentarni masi i vo prvite 10 dena od bremenosta,a testovite so urina mozat da dadat i lazno negativen rezultat,potrebno e da projde povekej vreme za da bide validen testot.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 22:34
od 170 do 250 den. moes i poskap da najdes ama site ti se 99,9% tocni.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 01:07
Originally posted by renatax renatax напиша:

Najsiguren test za rana bremenost e beta HCG.Ovoj e test na krvta odnosno talozenjeto na placentarni masi i vo prvite 10 dena od bremenosta,a testovite so urina mozat da dadat i lazno negativen rezultat,potrebno e da projde povekej vreme za da bide validen testot.

И тестовите со урина се 99.9% точни како што вика блу.и знам дека кога втората линија кога покажува бременост е бледа,тоа кажува многу....................постои бременост но постојат и други проблеми за ова сум сигурна
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.