IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:48
Стани ми сине Стојане

Стани ми, сине Стојане,
големо оро се збрало Стојане,
големо оро се збрало.

На гергелички чаири
играат сине и пеат, Стојане,
играат сине и пеат.

До секоја мома и момче,
до Ратка твоја двамина, Стојане,
до Ратка твоја двамина.

Два мина, сине овчари,
овчари сине, чобани Стојане,
овчари сине, чобани.

- Нек' пеат мамо, нек' играат,
Ратка е моја, па моја, мамо ле,
Ратка е моја, па моја.

Прстенот ми е уф неа,
гривните ѝ се уф мене, мамо ле,
гривните ѝ се уф мене.


Стани моме да заиграш

Стани моме да заиграш
да те гледам весел јас,
чифте, чамче игриво
наше оро убаво. [2х]
Опа нинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанајнај. [2х]

Изви моме снагата ти
твојта снага убава,
да те гледам да пејам
оти само еднаш живеам. [2х]
Опа нинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанајнај. [2х]

Само еднаш се живее
овој живот лажовен,
дур сум сум жив да се радвам
и да умрам да не жалам. [2х]
Опа нинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанајнај. [2х]


Стани Станке

Стани Станке, стани ќерко
сонце те огреа
сонце те огреа Станке мори
на белото лице.

Стани Станке, стани ќерко
дворој да изметиш
дворој да изметиш Станке мори
стројници ќе дојдат.

Стројници ќе дојдат, Станке
тебе ќе те земат
тебе ќе те земат Станке мори
многу на далеку.

Многу на далеку,Станке
многу на далеку
многу на далеку Станке мори
преку три планини.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:49
Станувај Донке

Станувај Донке, станувај пиле порано
свршеникот ќе ти дојде,
еј Донке ле.

Немој мамо,
да ме будиш да станам
тој си љуби друго либе
освен мене.

Уште зборот недоречен
тој дојде
и на Донка ѝ се моли
еј до Бога.


Стојане море, Стојане

Стојане, море Стојане, сине
три се лавчиња вдавија.
Три се лавчиња вдавија, сине
стрико ти прв да убијат.

Стојане, ќе те обесат, сине
сред село на ?,
зашто си љубел момите, сине
ем калешите невести.
Ем калешите невести, сине,
ем сиротите вдовици.

Мајко ле моја, мајчице мила,
кога ќе мене да бесат,
високо да ме дигает мајко,
момите да ме гледает.
Лицето да им венеит, мамо
срцето да им копнеит.
Срцето да им копнеит, мајко,
снагата да им треперит.


Стојне бре, Стојне

Стојне бре, Стојне, убаво моме,
што ти е вино мори црвено?

Што ти е вино црвено, Стојне,
што ти е љута мори ракија?

Дали си моме сама копала,
или си аргати море викала?

Еј море, лудо, аџамија џанам,
не сум го сама море копала.

Јас сум аргати викала лудо,
млади девојки, море беќари.

Затој е вино црвено, лудо,
зато је лута море ракија.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:50
Сторил ниет зајко, зајко кокорајко

Сторил ниет зајко, зајко да се жени
зајко кокорајко, токмо младожења
Сторил ниет зајко, зајко да се жени
зајко кокорајко, зајко да се жени, зајко кокорајко
зајко сербеслија упрчил мустаќи
си натресол гаќи, нагрнал џамадан
капа писќулија, море, токмо младожења.

Ми оженил зајко лиса удовица
свеска испосница, личи на невеста.
Ми поканил зајко, китени сватови
мечка месарија, вучица кумица, ежо тапанџија.
Се накити лиса, лиса удовица,
маза размазана, селска визитарка.
Кога виде зајко, 'рти ем ловџии,
се уплашил зајо, личен младожења.

Па си тргна зајко, низ Солунско поле,
там' си сретнал зајко, до два-три ловчии
ем они си носат пушки сачмајлии,
'рти ем загари, све одбор ловџии,
море, силни нишанџии.
Па си летнал зајко, зајко да ми бега,
зајко кокорајко, лишен младожења
си искинал гаќи, размрсил мустаќи,
искинал гаќи, расмрсил мустаќи,
искинал џамадан, викнал се, провикнал;
море не сум младожења!


Судбо моја

Судбо моја, судбо ти проклета,
што грев стори, ти што ме запусти?
Мојта младост ти ми ја поцрне,
либе имав, оно ме остави.
Што бре судбо јазе ти направив,
цел век судбо болка ми остави?

Дојде време с' либе се разделив,
солзи ронам и со душа зборам.
Зошто либе мене ме остави,
се љубевме време три години?
Срце болно за тебе изгубив,
лоша дума јазе не ти реков.

Субдо моја, судбо ти проклета,
зошто судбо мене ме проколна?
Јас останав сирак без родбина,
немам судбо кој да ме превира.
Далеку во пустиња ќе идам,
кај што судбо сонце не огрева.


Сулејман ага

Сулејман седит на кула, џанам
Милјана одит на вода.
Извикнал Сулејман ага, џанам:
- „Милјано моме убаво,
остави стомни шарени.“

Остави стомни шарени, џанам,
качи се горе на кула.
Качи се горе на кула, џанам,
отвори долап мусандра.

Извади шише ракија, џанам,
тури ми да се напијам.
Да пијам, да се опијам, џанам,
на скути да ти преспијам,
од грло да ти летувам.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:51
Сулиман ага

Сулиман ага има џанам,
дванајсе чифлици [x2]
Чифлиците дава џанам,
Ленка не ја дава. [x2]

Јоти Ленка била џанам,
тенка ем висока.
Тенка ем висока џанам,
Бела ем црвена. [x2]

Сулиман ага има џанам,
три илјади овци. [x2]
Овците и дава џанам,
Ленка не ја дава. [x2]

Јоти Ленка била џанам,
тенка ем висока. [x2]
Тенка ем висока џанам,
Бела ем црвена. [x2]


Сум прошетал мори Ѓурѓе

Сум прошетало мори Ѓурѓе, сум прошетало
сум прошетало мори Ѓурѓе цела Америка.
Сум поминало мори Ѓурѓе, сум поминало
сум поминало мори Ѓурѓе седумдесет града.

Во сека града мори Ѓурѓе, во сека града
во сека града мори Ѓурѓе мома сум заљубил.
Од сека мома мори Ѓурѓе, од сека мома
од сека мома мори Ѓурѓе китка сум добило.

Сите ми китки мори Ѓурѓе, сите ми китки
сите ми китки мори Ѓурѓе, редум овенале.
Сал твојта китка мори Ѓурѓе, сал твојта китка
сал твојта китка мори Ѓурѓе, росна ем зелена.


Сум се родил мераклија

Сум се родил мераклија
мераклија баш бекрија.
Сум се родил мераклија
на виното, ем ракија.
Сум се родил мераклија
на виното, ем ракија.

Ко ќе умрам ил загинам
во визбата ставете ме,
со ракија измијте ме,
а со вино напијте ме.
Со ракија измијте ме,
а со вино напијте ме.

Погреб да ми направите,
нека бувнат тапаните.
Нека бувнат тапаните,
тапаните ем зурлите.
Нека бувнат тапаните,
тапаните ем зурлите.

Да ме вие закопате
во лозјето под сливите.
Штом се родив мераклија,
на виното ем ракија.
Штом умирам мераклија,
на виното ем ракија.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 370
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 20:02
а ја знаете... АЈДЕ ШТО СИ БЕВМЕ, ГОЛЕМОТО ДРУШТВО, ГОЛЕМОТО ДРУШТВО СИТЕ ПАТРИОТИ... !!!!?????
Правдата е релативна работа, но ВИСТИНАТА е една
Кон врв
kiki_kiki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1267
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kiki_kiki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 20:13
ko si tolku patriot koj ja pee taa pesna
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 23:31
ај ве замолувам ако може некој да ми го најде текстот за песната
Помолила Бога Маца?
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 18:32
Помолила Бога Маца

Помолила Бога Маца, помолила Бога,
есен да ми дојде мамо, роса да зароси,
роса да зароси мамо, ветер да подувне,
ветер да подувне мамо, гранки да искрши,
гранки да искрши мамо, Вардар да препиши,
гранки да искрши мамо, Вардар да препиши...

Во Вардарот има мамо шарено сандаче,
во сандаче мила мамо рака од јунака,
на раката мила мамо бурма позлатена,
на бурмата пишуваше име Димитрија,
име Димитрија мамо, јунак Македонски,
име Димитрија мамо, јунак Македонски...

п.с.малку касно, ама тоа е, дури сега видов, се надевам помогнав

Изменето од ThePPPTrooper - 22.Април.2009 во 18:33
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 20:22
Да не има некој текстови од етно-бендот Баклава?

Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 12:46
Тажна Калинка седеше

Тажна Калинка седеше
сама себе си зборвеше:
„Мили Боже ти чудесен,
и јас сум била девојка“.

И јас сум била девојка
н' овој бели свет лажовен.
Ме грееше јасно сонце,
од високо, од далеку.

Јас си имав верно либе
нег'ва мајка не ме сака.
Нег'ва мајка не ме сака
и мој татко не ме дава.

Јас си зедов бели ѓумој
бели ѓумој во рацете.
Си поминав кај Ивана,
видов голем калабалак.

Кога Иван ме здогледа,
си извади остро ноже.
Си извади остро ноже,
си забоди право в срце.

Си оставив бели ѓумој,
бели ѓумој на земјата.
Се наведнав над Ивана
видов, видов, крвој видов.

Та си зедов остро ноже,
остро ноже во рацете.
Си забодив својто срце,
мртва паднав до Ивана.

Мртва падна, проговара:
„Бели свет нека разбери,
две срца кој што се љубат
и мртви ќе се прегрнат“.

Таму далеку вода ми дотече

Таму далеку
вода ми дотече, од бунарот,
и на бунарот,
анамче ми седи, и платно ми бели.

Оздола иде
едно лудо, младо неженето,
и на анамче,
вели ем говори: Аман, анамче.

Дали го даваш,
или го продаваш, ој платното?
И да го давам,
и да го продавам, тебе не давам.

Таму долу Криволачко
Таму долу Криволачко, Црвени Брегови
падна јунак за слобода на Македонија. [2х]

Со крвничка полиција борба водеше
цел ден он ми стражуваше и им викаше: [2х]

Виe крвници на народот, надвор од тука
Македонија се дига Вас да истера. [2х]

Јас сум чесен Македонец, крв македонска
во вашите раце не се давам, сам се убивам. [2х]

Спиј спокојно наш јунаку Никола Петров
ти загина за слобода на Македонија. [2х]

Таму ле мајко близу Битола

Таму ле мајко близу Битола
во ореовската густа корија
Таки Даскалот смело загина
со неговата верна дружина
со нив загина смела другарка
млада Елпида Карамандова.

Предадени од клети шпиуни
ги сардисаа од сите страни
пушки згрмеа, бомби трештеа
крвава почна борба нерамна.

Тогај извика Таки Даскалот
на неговата верна дружина
фрлајте бомби, тиран сотрете
живи во рака не се давајте.

Крвава почна борба нерамна
сета дружина му ја убија
Таки Даскалот жив не се даде
самиот крвта си ја пролеа
откачи бомба, над неа легна
за слободата на Македонија.



Изменето од Miki_P - 26.Мај.2009 во 12:47
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 12:51
Те видов тебе и се заљубив

Те видов тебе и се заљубив
и сакав да те имам јас.
и срцето да ти го подарам
пак не можам сè да искажам.

Гласот твој е ангелски
а думите ти се нежни.
Тешко е да те слушам јас
срце имам но ќе изгаснит.

И твојата убава руса коса
сплетена е со мека коприна.
Не си вода да те испијам,
a ни река да те препливам.

Дење и ноќе на тебе мислам јас,
o, ангел мој за тебе умирам.
И светот кога би се изменил
ти ќе бидеш моја пак моја.


Те кажувает бре, Илиној моме

Те кажувает бре, Илиној моме
да си тенко плело
и ситно си ткало.

Ја ќа ти дада бре, Илино моме
еден стодрам памук,
еден сто драм памук.

Ти да ми исткајеш бре, Илиној моме
триста лакти платно,
триста лакти платно.

Шо ќе ти останет бре, Илиној моме
една бела риза,
една бела риза.

Те кажувајет бре, ковенџи Петре
(кувенџи Ѓорѓи)
да си мајстор било,
да си мајстор било.

Ја ќа ти дада бре, ковенџи Петре
една стара пара,
една златна пара.

Ти да ми направиш бре, ковенџи Петре
еден сребрен разбој,
еден сребрен разбој.

Шо ќе ти престанет бре, ковенџи Петре
еден сребрен прстен,
еден сребрен прстен.


Те сакам песно македонска

Љубов си ми ти,
младост си ми ти,
песно убава
јас без тебе
знај не можам.

Радост си ми ти,
тага си ми ти,
песно убава
што и да си
ти моја си.

Рефрен:
Те сакам песно македонска, македонска
љубов моја ти песно македонска.
Те сакам песно македонска, македонска
младост моја ти песно македонска.

Љубов си ми ти,
младост си ми ти,
песно убава
јас без тебе
знај не можам.

Цвеќе си ми ти
ѕвезда си ми ти,
песно убава
што и да си
ти моја си.

Рефрен:
Те сакам песно македонска, македонска
љубов моја ти песно македонска.
Те сакам песно македонска, македонска
младост моја ти песно македонска.


Тешка беше нашата разделба
(Збогум мила дојде време)

Збогум мила дојде време
јас од тебе да се разделам.
Јас пак беден роден сум без к'смет
сè со мака, тага голема.

Тешка беше нашата разделба,
кога тргнав од својот роден крај.
Мојте солзи патот го топеа,
по патот за непознат крај.

Дојдов тука како јабанџија,
далеку од својот роден крај.
Срце плачи нигде среќа нема,
тежок гурбет тага голема.
Срце плачи нигде среќа нема,
тежок гурбет в' туѓа туѓина.

Ако бог дај јас да се вратам
тебе Стојне да те прегрнам.
Да ти кажам мојте маки,
мојте маки, таги големи.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 12:57
Ти не знаеш момче

Ти не знаеш момче љубов да водиш
ти не знаеш момче да љубиш
не знаеш момче сеуште си млад
што во љубов мома од момче сака. [2х]

Кога љубиш, љуби, искрен биди
кога мамиш, мами да не осети
ако верна љубов сакаш момче ти
покрај неа биди па ја милувај.
Момченце, шеќерче, срцево ми го изгоре
за тебе, по тебе аман изгорев. [2х]

Тоа што го велиш така не ќе е
еве провери го моме кај мене
искрен сум моме сега, верувај
ако најдам мома кaко тебе јас. [2х]

Кога љубам, љубам, не се шегувам
кога мамам, мамам, прошка јас барам
ако има мома да ме разбере
во љубовта наша верен ќе бидам.
Моме бре, аман де, срцево ми го изгоре
за тебе по тебе аман моме, изгорев. [2x]


Ти си Биљана најубава

Ајде ти си, ти си најубава,
ти си Биле најмилата,
ајде ти си, ти си, бел јоргован
ти си Биле мојот ми сон.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.

Ајде твојте очи небесни
врвој Биле Пелистерски
ајде твојте очи најбистри,
што се капат во езеро.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.

Ајде твојто лице најнежно
цвеќе Биле во градина,
ајде твојто усте најнежно,
извор Биле од планина.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.

Ајде ти си, ти си најубава
ти си Биле најсакана,
ајде ти си, ајде ти си нежна песна
ти си Биле накитена.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.


Ти си моме идеално

Да мрсам твојта руса коса,
што ја имаш либе ти, ти, ти.
Ти си моме идеално,
ах мори душо каде си
да те љубам јас?

Ти љубам твојте црни очи,
што ги имаш либе ти, ти, ти.
Ти си моме идеално,
ах мори душо и да не си
пак те љубам јас.

Го љубам белото ти лице,
што го имаш либе ти, ти, ти.
Ти си моме идеално,
Ако душо и да не си
пак те љубам јас.

Ја кршам твојта рамна снага,
што ја имаш либе ти, ти, ти.
А мор душо и да не си
пак те љубам јас.


Тинка иди од Битола

Тинка иди од Битола
Јонче врви од работа. [х2]

Море бре, море Јонче
леле бре, леле Тинке
Јонче врви од работа
ајде Тинке, елај ти либе
да те земам за невеста. [х2]

Се сретиле меѓу Ресен
меѓу Ресен и Јанковец. [х2]

Море бре, море Јонче
леле бре, леле Тинке
Јонче врви од работа
ајде Тинке, елај ти либе
да те земам за невеста. [х2]

Ајде Тинке, ајде душо
со едната рака ќе го терам
со едната рака ќе го терам
со другата ќе те гушкам.

Море бре, море Јонче
Леле бре, леле Тинке
со другата ќе те гушкам
ајде Тинке, елај ти либе ле
да те земам за невеста.

Сакам Јонче, сакам бре либе ле
да ти бидам јас невеста.


Трба трби Гевгелија

Трба трби Гевгелија
сите Турци надавија [х2]
од јунака Леонида.
Цар испратил до три војски
до три војски се ти разби.

Прва војска Гевгелиска,
втора војска е Дојранска, [х2]
трета војска е Струмичка,
ќе го барат Леонида,
Леонида баш комита.

Го бараја во Богданско
го најдоја во Ѓавочко [х2]
во Ѓавочко во Ѓурѓов дол,
јунак лежи в' постелата,
срце му е динамита.

Срце му е динамита,
в' раце држи револвера,
бој започна од сабајле
од сабајле дур до вечер,
триста души убиени,
а ранети неброени.

Проговара Јуз-башија:
- Еј јунаку Леонида,
предај ми се ти на мене
да те видам кај Султанот,
тој да види каков јунак,
ќе ти даде многу пари.

Одговара Леонида,
слушај мене Јуз-башијо,
елај ваму, понаваму
да ти кажам два три збора [х2]
два три збора македонски.

Голем страм е за комита
жив да падне в турски раце,
таква правда - турска правда
три илјади на три мина,
останаа два патрона
еден за теб, втори за мен.

Си извади револвера
па го стрела Јуз-башија, [х2]
и на крајот сам се уби.
Живот даде Леонида
за Македонија мила.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 13:04
Тргна ми Донка да оди

Тргна ми Донка да оди
на таа чешма шарена
на таа вода студена
низ тоа поле широко.

Оздола иде беќарче
на Донка вели говори
постој ми Донке почекај
јас да ти речам два збора.

Прсна ми Донка да бега
низ тоа поле широко
низ тоа поле широко
низ тие пусти капини.

Пуста капина ја фатила
за свиленото фустанче
држи ја капино не пуштај
голема фалба за тебе
голема фалба за тебе
убава Донка за мене.


Тргнала си Рума мома

Тргнала си Рума мома
низ гора зелена,
и по неа Стојан овчар
с' меден кавал свири.

Руме, моме
Руме, умирам за тебе
Руме моме
Руме, изгорев за тебе.

С' кавал свири Стојан овчар
ситна роса паѓа,
и на Руме подвикнува:
Стој, почекај Руме.

Руме, моме
Руме, умирам за тебе
Руме моме
Руме, изгорев за тебе.

Ќе ти колам рудо јагне
дали би ме зело?
Зело би те, зело лудо
ама куќа немаш.

Руме, моме
Руме, умирам за тебе
Руме моме
Руме, изгорев за тебе.

Ќе ти купам свилен фустан
дали ќе го носиш?
Не купувај не арчи се
тебе не те сакам.

Руме, моме
Руме, умирам за тебе
Руме моме
Руме, изгорев за тебе.


Тргнала Тода мома за вода да оди

Тргнала Тода мома за вода да оди,
на таа чешма, Тода, чешма шарена.
Одила Тода мома што одила,
на пат Тода мома потера сретнала.

Тогај се Тода мома назад вратила,
и на братот Тода мома му кажала.
- Ај стани, стани брату, стани Ѓорѓи,
лоша потера, Ѓорѓи, нè сардиса.

Не бој се, Тодо мори, гајле не бери,
подај ми, Тодо мори, берданка пушка.
И дај ми, Тодо мори, ситни к*ршуми,
тури ми, Тодо мори, чаша ракија.

Па да видиш, Тодо мори, што чудо ќе правам,
потера ќе бега, Тодо, до бога ќе плаче.


Тргнало ми лудо младо

Тргнало ми лудо младо
за солунски пазар
и на моме проговара
рачај, порачувај.

Рачај порачувај моме
што да ти донесам
срмено елече моме
или ѓерданче.

Купи лудо, купи младо
што ти срце сака
што ти срце сака лудо
што го нема тука.


Три години болен лежав

Три години болен лежав
аман, аман, аман
за твоите црни очи. [х2]

Отвори го пенџерчето
аман, аман, аман
да ти речам до два збора [х2]
и пак затвори го.

Очите ми, очите ти
аман, аман, аман
тие ми се стројниците. [х2]

Милувај ме, бакнувај ме
аман, аман, аман
тие се велат прикаски. [х2]

Ај повтори избаци ме
аман, аман, аман
да не легнам и да умрам. [х2]


Три години Кате болен лежав

Три години Кате болен лежам, ајде де
ти не дојде Кате да ме видиш.
Шуќур Господ Кате те донесе, ајде де
понадица Кате да ми донесиш.

Понадица Кате да ми донесиш, ајде де
среде лето Кате жолта дуња.
Среде лето Кате жолта дуна, ајде де
среде зима Кате лубеница.

Поткрени го Кате перничево, ајде де
сврти ми го Кате кон езеро.
Да го видам Кате езероно, ајде де
како бијат Кате, далги, далги.

Како бијат Кате, далги далги, ајде де
така бијат Кате моево срце.
Така бијат Кате моево срце, ајде де
моево срце Кате за твоето.


Три години либе се сакавме

Три години либе се сакавме
лоша дума либе не рековме. [x2]
Сека вечер либе ти ми велеше:
ќе те земам либе за невеста. [x2]

Пуста да е либе таа печалба
таа двајца либе не раздели. [x2]
Пет години либе пројдоа
сите си дојдоа, тебе те нема. [x2]

Кажи, кажи либе што ти сторив
Та што мене млада заборави? [x2]
Не сум те бре либе заборавило
земја ми е лице покрила. [x2]


Три години се љубевме

Три години се љубевме
лоша дума не рековме. [x2]

Зар не ти е жал бре либе, аман ли за мене,
јас да умрам сè заради тебе? [x2]

Твојта мајка песни пее
А пак мојта солзи лее. [x2]

Зар не ти е жал бре либе, аман ли за мене,
јас да умрам сè заради тебе? [x2]

Тебе ти чукат тапаните
А пак мене камбаните. [x2]

Зар не ти е жал бе либе, аман ли за мене,
јас да умрам сè заради тебе? [x2]

Тебе те носат на венчило
А пак мене на носило. [x2]

Зар не ти е жално либе, аман ли за мене,
јас да умрам сè заради тебе? [x2]


Три години сејмен шетав

Три години сејмен шетав
низ вашето пусто село.
Тебе дома не те најдов
да сториме здраво-живо.

Да је речеш на золва ти
дал' го чуват аманетот?
Аманетот три годишен
две јаб'лка ѓулави.

Две јаболка ѓулави
ни од сонце огреани.
Ни од с'нце огреани,
ни од роса поросени.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 13:13
Три невесте тикве брале

Три невесте тикве брале бре [x2]
три невесте тикве брале, бре, бре, бре
тикве брале бре.

Куде брале там' заспале бре [x2]
куде брале там' заспале бре, бре, бре
там' заспале бре.

Свекрва ги разбудила бре [x2]
ој невесте мрзеливке бре, бре, бре
ај станујте бре.

Невесте се разлутиле бре [x2]
па почнале да се карат бре, бре, бре
па збориле бре.

Една вика ој свекрво бре [x2]
една вика ој свекрво бре, бре, бре
котрљаво бре.

Друга вика ој ти свекре бре [x2]
ој ти свекре диви вепре вре, бре, бре
диви вепре бре.


Три пати поминав

Три пати поминав [x2]
три пати поминав мило либе
покрај ваш'то порте.

Тебе не те најдов [x2]
тебе не те најдов мило либе
на порти да стоиш.

На порти да стоиш [x2]
на порти да стоиш мило либе
мене да ме чекаш.
Мене да ме чекаш мило либе
дуќан да затворам.

Чаршија да одам [x2]
чаршија да одам мило либе
прстен да ти купам
прстен да ти купам мило либе
тебе да те земам.


Туѓината пуста да остане

Туѓината пуста да остане,
таја од либето ме раздели.
Таа од либето ме раздели,
што го љубев време три години.

Сите печалбари си дојдоја,
само мојето либе го нема.
Дење-ноќе на порти го чекам,
само плачам и на него мислам.

Ќе ве прашам, млади печалбари,
дали го видовте мојто либе?
Дали го видовте мојто либе
од печалба дома да си иде?

На трета година писмо прати
и ми пиши нема да се врати.
Не се враќа, друга си заљубил
и за неа тој си се оженил.


Ќе ти умрам мамо

Ќе ти умрам мамо леле
ќе ти умрам мамо,
ќе ти умрам мамо
рано во недела. [x2]

Рано во недела леле
рано во недела,
рано во недела
на мека постела. [x2]

Да ме закопате леле
да ме закопате,
да ме закопате
пред црквина порта. [x2]

Да ми посадите леле
да ми посадите,
да ми посадите
ружица румена. [x2]

Кај што ќе помине леле
кај што ќе помине,
кај што ќе помине ружица да скини
ружица да скини мене да ме спомни.


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,360 секунди.