IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 65666768>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2013 во 23:14


Originally posted by Calipso во својот подпис Calipso во својот подпис напиша:



На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!





И сега - драга Calipso - што им предлагаш на луѓето, на кого да се ослонат во тежок момент?
На Единствениот Вистински, Совршен и Тросветол БОГ, Кој преку Неговата во Исус отелотворена Мудрост ни вели ... и ете, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот.(Ев. Матеј 28:20)
Или пак на Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker, како што велиш во твојот подпис?    






Изменето од spiros - 24.Јуни.2013 во 23:52
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2013 во 23:53
Originally posted by spiros spiros напиша:



Originally posted by Calipso Calipso напиша:



На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!





И сега - драга Calipso - што им предлагаш на луѓето, на кого да се ослонат во тежок момент?
На Единствениот Вистински, Совршен и Тросветол БОГ, Кој преку Неговата во Исус отелотворена Мудрост ни вели ... и ете, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот.(Ев. Матеј 28:20)
Или пак на Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker, како што велиш во твојот подпис?    





Не предлагам јас ништо никому,секој си е доволно паметен за себе.
Тоа што стои во мојот потпис не значи дека се водам јас по тоа или предлагам на некој,не ги сфаќај толку буквално работите намигнување

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2013 во 00:12


Originally posted by Calipso Calipso напиша:


Не предлагам јас ништо никому,секој си е доволно паметен за себе.Тоа што стои во мојот потпис не значи дека се водам јас по тоа или предлагам на некој,не ги сфаќај толку буквално работите намигнување




Драга Calipso, можеби ти пишуваш на шега, на мајтап, но некој може да те сфати сериозно
и во тешките моменти во животот, утехата - наместо во Евангелието БОЖЈЕ (Христос) - да ја побара во алкохолот,
што засигурно не ќе биде најмудрото решение.

Погледај околу себе и ќе видиш дека со алкохолот нема шега!

Најпријателски поздрави



Внимание (!), Внимание (!),
Зборовите имаат големо влијание!




И ви велам, дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден.”


Ев.Матеј 12:36+37






Изменето од spiros - 25.Јуни.2013 во 00:22
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 15:01

Преподобната маченичка Февронија

Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со смртен човек, си Го избра себеси Христа за вереник и се замонаши на Исток во земјата Асирска, во манастир каде што тетка ѝВриена беше игуманија. Лисимах, син на еден големец, имаше желба да се ожени со Февронија, но затоа што Диоклецијан наѕираше во него потаен христијанин, го испрати на Исток со чичко му Селин да заробува и убива христијани. Селин беше суров како ѕвер, сегде немилосрдно ги убивашe христијаните. Лисимах пак, каде што можеше ги штедеше христијаните и ги засолнуваше пред својот ѕвероподобен чичко. Кога направи пустош кај христијаните во Палмира, Селин дојде во градот Сивапол, во чијашто близина имаше девствен манастир со педесет испоснички, меѓу кои и Февронија. Иако имаше само дваесет години, во манастирот и во градот ја почитуваа Февронија заради големата кротост, мудрост и воздржливост. Во тој манастир го држеа правилото на блажената Платонида, поранешната игуманија на манастирот - секој петок го минуваа во молитва и во читање од светите книги, тој ден ништо друго не работеа. Од свештените книги, како што одреди Вриена, на сестрите им читаше Февронија, и тоа стоејќи скриена зад завесите за никој да не се замајува и плени со нејзиното прекрасно лице. Кога чу за Февронија, Селин нареди да му ја доведат. Бидејќи Светата девица не сакаше да се одрече од Христа и да се согласи на брак со смртен човек, нареди да ја шибаат, па да ѝ ги избијат забите, потоа ѝ ги отсекоа рацете, па градите, па нозете и најпосле ѝ ја отсекоа главата. Истиот тој ден мачителот го снајде ужасна казна: во него влезе демон и го обзеде некој смртен ужас, во тој ужас тој удри со главата во мермерен столб и падна мртов. Лисимах нареди и телото на Февронија го собраа и го однесоа во манастирот, каде што чесно го погребаа, а тој и голем број од војниците се крстија. Од моштите на Февронија стануваа многубројни исцеленија, а и таа се јавуваше на денот на нејзиниот празник и стоеше меѓу сестрите на своето вообичаено место додека сите сестри ја гледаа со страв и со радост. Света Февронија пострада чесно и се пресели во вечното блаженство во 310 година. Во 363 година нејзините мошти беа пренесени во Цариград.

Преподобен Дионисиј

Ктитор на манастирот Свети Јован (Дионисијат) на Атон. Родум од Корица, Албанија. Неговиот постар брат, Теодосиј, се оддалечи на Света Гора, каде што со време стана игумен на манастирот Филотеј. Кога порасна и Свети Дионисиј дојде при брат му во Филотеј и овој го замонаши. По Божја Промисла Теодосиј, бавејќи се за една манастирска работа во Цариград, беше избран и посветен за митрополит во Трапезунт. На Дионисиј пак, почна да му се јавува некоја чудна светлина секоја ноќ на она место каде што подоцна ја подигна Светата обител на Свети Јован Предвесник. Објаснувајќи ја појавата на онаа светлина како знак дека таму треба да подигне манастир, Дионисиј отиде во Трапезунт кај брат му и кај царот Алексиј Комнен да побара помош. Царот му даде и пари и повелба, којашто и денес ја чуваат во манастирот. Во 1380 година Дионисиј ја основа обителта на Свети Јован Предвесник. Но еднаш кога морските разбојници ја ограбија обителта, Дионисиј повторно отиде во Трапезунт и таму се упокои, во седумдесет и втората година од неговиот живот. А манастирот Дионисијат до денес напредува и цвета. Во тој манастир се наоѓа иконата на Пресвета Богородица наречена П о ф а л б а , којашто царот Алексиј Комнен му ја подари на Дионисиј. Според Преданието пред оваа икона за првпат е читан Акатистот кон Пресвета Богородица, составен од патријархот Сергиј.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 15:09
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Originally posted by spiros spiros напиша:



Originally posted by Calipso Calipso напиша:



На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!





И сега - драга Calipso - што им предлагаш на луѓето, на кого да се ослонат во тежок момент?
На Единствениот Вистински, Совршен и Тросветол БОГ, Кој преку Неговата во Исус отелотворена Мудрост ни вели ... и ете, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот.(Ев. Матеј 28:20)
Или пак на Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker, како што велиш во твојот подпис?    





Не предлагам јас ништо никому,секој си е доволно паметен за себе.
Тоа што стои во мојот потпис не значи дека се водам јас по тоа или предлагам на некој,не ги сфаќај толку буквално работите намигнување


Народе ај да ве замолам да не ја ебавате темата убаво си писува у наловот Календар што како слави православната црква се друго е непотребно 
Благодарам на разбиранјето
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 10:13

Преподобен Давид     09/07/2013

Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 10:14

Празник на иконата Одигитрија     09/07/2013

Оваа икона ја изработи на дрво самиот евангелист Лука. Кога ја виде, Пресвета Богородица ја благослови. Свети Лука му ја подари иконата на тој Теофил кому му ги пишуваше Делата Апостолски. Подоцна ја пренесоа од Антиохија во Ерусалим, а од Ерусалим ја зеде царицата Евдокија и ја испрати во Цариград до сестрата на царот, кај побожната Пулхерија на дар. Пулхерија ја положи во Влахернската црква, којашто самата ја имаше подигнато. Еднаш им се јави Пресвета Богородица на двајца слепци и ги доведе до црквата Влахерна пред Својата икона и овде на обајцата им го врати видот. Затоа оваа икона ја завикаа Одигитрија - Патеводителка. Кога војските на персискиот цар Хозрој и на скитскиот цар Каган удрија на Цариград, патријархот Сергиј ја изнесе оваа икона на градските бедеми и ја носеше по бедемите. Тогаш Пресвета Богородица ги спаси христијаните од нехристијаните. Непријателските војски се збунија, морето се возмути, корабите потонаа, непријателите што останаа во живот удрија во бегство. Оттогаш е востановен споменот на ова чудо на Пресвета Богородица во саботата на петтата седмица од Чесниот Пост со читање на Акатист. Во времето на иконоборството иконата беше пренесена во Светата обител на манастирот Пантократор и таму ја заѕидаа во ѕидот, а пред неа оставија кандило да гори. Како што ја заѕидаа потоа така и ја најдоа.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2013 во 09:16

Пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован     11/07/2013

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх Св. Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на Светите Кир и Јован. Патријархот веднаш го направи тоа: ги пренесе чесните мошти на мачениците во Манутин и изгради таму црква, којашто им ја посвети на Светите Кир и Јован. Од моштите на овие маченици се исцели од шкрофул Амониј, синот на александрискиот градоначалник Јулијан; некој Теодор од слепило; Исидор од Мајум се исцели од раскапување на црниот дроб; една жена Теодора од отруеност; некој Евгениј од водена болест. Сето тоа се случи во 412 година.


Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2013 во 09:16

Преподобен Сенуфиј Знаменосец     11/07/2013

Голем испосник и чудотворец од Мисирската пустина. Современик на патријархот Теофил и царот Теодосиј Велики. Наречен Знаменосец бидејќи еднаш со молитва му помогна на царот Теодосиј да ја одржи победата над непријателската војска. Кога царот го повика да појде во Цариград, му одговори дека не може, но му испрати едно свое ветво расо и стап. Кога тргна да војува, царот го облече расото на Сенуфиј и го понесе неговиот стап. Од војната се врати како победник.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2013 во 20:50
ДЕНЕС Е ПЕТРОВДЕН 

Православниот празник - Петровден, се одржува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Св. Петар- Апостол. Овој празник се смета за еден од најголемите празници по Воскресението Христово - Велигден. Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

Денес ги славиме двата големи апостоли, кои целиот свој живот му го посветија на бога. Тоа се светите апостоли Петар и Павле. Тие одеја по земјата уште пред 20 векови, но и до ден денес се живи и им помагаат на сите православни христијани кои ги слават, им се молат и името нивно го повикуваат.

Светиот апостол Петар, беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана неустрашлив и снажен проповедник на Евангелието. После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирика и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт. Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.

Светиот апостол Павле

Родум од Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и гонител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск. Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабожците. Го нарекоа апостол на незнабожците. Колку што беа страшни неговите страдања толку беше натчовечко неговото трпење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и смртта. Откако сите денови и ноќи ги исполни со страдања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар.

Апостолите Петар и Павле се можеби најзначајните личности во историјата на Црквата. Од искуство знаеме дека најтешко, при секоја работа, при секој наш потфат во животот, е да се постават темели, да се воспостави базата, основата. Овие апостоли се луѓето кои ја организирале Црквата. Ним Црквата им го должи својот развој, им го должи своето учење и се разбира им должи за можноста за напредување и достигнување на небесните височини.

Вистинит е само оној Бог, кој на човекот му дава бесмртност и живот вечен, му дава вечна правда и вистина а тоа е само нашиот Бог Исус Христос. Затоа должиме вечна благодарност кон Светите апостоли Петар и Павле кои целиот живот го посветија на ширењето на словото божјо.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2013 во 02:29


Павловден


На денот што предмалу измина - 13 Јули - се слави Павловден. Овој ден е посветен на Св. Ап. Павле, кој пред да биде од Господа обрнат кон Вистината, тој (како еврејски теолог Савле) бил еден од најголмите душмани на истата.

После обраќањето, примањето на Светиот Дух и просветлувањето, Св.Ап. Павле е еден од најголемите работници и градители на Живиот храм БОЖЈИ, помеѓу паганите!





Originally posted by чаир чаир напиша:


Народе ај да ве замолам да не ја ******* темата убаво си писува у наловот Календар што како слави православната црква се друго е непотребно 
Благодарам на разбиранјето




Пријателе, те молам да внимаваш на твојот вокабулар, бидејќи со него не само што ја загадуваш темата и форумот, туку правиш нешто недостојно за човек кој што пишува на форум вероисповест!

Пријателски поздрави











Изменето од spiros - 14.Јули.2013 во 02:31
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2013 во 21:04


СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА – БОГОВИДЕЦ

Пророкот Илија живеел  900  години пред Исус Христос, роден е во 816. година пред новата ера, зборел со Господ Исус Христос, што е забележано во Светото Писмо, сведочел за Св. Троица и за постоењето на вечниот живот.
На втори Август Божјата Црква го прославува чесното и светото  име на Божјиот пророк, чудотворец, боговидец и небоземниот граѓанин, силниот ревнител и сведок на Св. Троица и славата Божја, славниот Свети Илија. „ Ангел во телото, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање – Илија Славен, откако одозгора му испрати благодет на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажани очистуваше“. Затоа на оние кои го почитуваат им дава исцеление, се вели во тропарот.
Потекнува од племето Ароново. Роден е во градот Тесвит, поради што е наречен Тесвитец. Уште кога се родил  Илија, татко му Савах видел ангели околу него, „како со огин да го повиваат детето“, што било знак дека тоа дете  ќе има подарено од  Бога огнена сила и пламен карактер. Скоро целиот живот го поминал во молитва кон Бога, во пустина. 

 

ЧУДАТА НА ПРОРОКОТ
Ахав подигнал идолски храм, посветен на лажниот Сириски Бог Ваал. Св. Илија со силна вера и чуда ја покажал пред луѓето  Божјата сила, за да поверуваат во вистинскиот Бог. Бог му испратил од небото огин и ја запалил жртвата, пред многу сведоци, за разлика од жреците на лажниот Бог Ваал кои не успеале да направат такво чудо. Кога меѓу народот владеел неморал и незнабожство, Св. Илија пред Ахава ја најавил Божјата казна и со молитва кон Бога „Он го затвори небото и не паднало дожд три години и шест месеци“. На необичен начин го умножил брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта Сидонска, а и` го воскреснал нејзиниот син. „Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него“. Со молитва го отворил затвореното небо и заврнал дожд. На Ахав и Језевија им ја прорекол страшната смрт. На планината Хорив разговарал со Бог. Св. Илија со својата наметка ја разделил водата на реката Јордан.

sv.prorokIlija2.jpg
Пред својата смрт за наследник го одредил Елисеј. Кога настанало суша и глад, Бог го заштитил својот верен слуга „...сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан: од тој поток ќе пиеш на, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. Во Светата Земја, во манастирот „Св. Георги Хозевитски“ има пештера, во вдлабината висока карпа ( каде го хранеле гавраните ), посветена на Св. пророк Илија и икона со неговиот лик и гавранот кој му носи во клунот храна. Поклониците му оддават почит на Бога и на Св. Илија на тоа свето место. Св. Илија се вознел на небото. Како што оделе  по патот заедно со Елисеј „наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се понесе во виорот кон небото“. Св. пророк Илија повторно ќе се појави пред крајот на светот,заедно со праведникот Божји Епох. Тие ќе сведочат за Божјата вистина и за невистината на антихристот.



На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2013 во 17:09

Светиот маченик Андреј Стратилат     01/09/2013

Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијанците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика го произведоа за војвода-стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог и од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив појде во битка. Пред битката им рече на своите војници дека ако сите Го повикуваат напомош единствениот вистински Бог Господ Исус Христос, нивните непријатели како прав ќе се распрснат пред нив. И навистина, сите војници вдахновени од Андреј и од неговата вера Го повикаа напомош Христа и извршија јуриш. Персиската војска беше наполно сотрена. Кога победоносниот Андреј се врати во Антиохија, некои завидливци го обвинија како христијанин и царскиот намесник го повика на суд. Андреј отворено ја изјави својата непоколеблива вера во Христа. После тешки измачувања намесникот го фрли во затвор и му пиша на царот во Рим. Знаејќи го угледот што го имаше Андреј кај народот и кај војската, царот му нареди на намесникот да го пушти на слобода, но да демне друга прилика и друга причина за да го убие. Во откровение од Бога Андреј дозна за таа царска наредба, па ги зеде со себе сите свои верни војници, две илјади петстотини деведесет и тројца на број, отиде со нив во Тарс Киликиски и таму ги крсти сите епископот Петар. И овде прогонуван од царските власти, со својата дружина Андреј се повлече далеку во ерменската планина Таврос. Овде во еден теснец, додека сите беа на молитва, пристигна римска војска и ги закла сите до еден. Никој од нив не сакаше да се брани, а сите беа желни за маченичка смрт за Христа. На тоа место каде што се излеа потокот од маченичка крв, изби извор со лековита вода, којашто исцелуваше од секакви болести. Епископот Петар дојде потајно со свои луѓе и чесно ги погреба телата на мачениците на она место. Сите чесно пострадаа и стекнаа венци на бесмртна слава во царството на Господ Христос.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2013 во 17:11

Преподобен Теофан     01/09/2013

Роден е во Јанина и како момче остави сѐ и отиде на Света Гора, каде што се замонаши во Дохијарската обител. Им беше пример на монасите во постот, молитвата, себелишувањето од излишни нешта. Затоа по некое време беше избран и за игумен. Но подоцна заради некои несогласувања со монасите ја напушти Света Гора и со својот внук од сестра дојде во Верија Македонска, каде што основа еден манастир во чест на Пресвета Богородица. Кога манастирот процвета со духовен живот, тој го остави својот внук да управува со него, а самиот отиде во Науса, каде што основа друг манастир во чест на Светите Ангели. Мирно се упокои во 4 век. Неговите чудотворни мошти и сега лежат во Наус и низ нив во изобилност се пројавува Божествената сила.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 65666768>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,875 секунди.