IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 666768
Автор
Порака Обратен редослед
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2006 во 09:52

Светиот маченик Јаков Персијанец

Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповеда пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен царот го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден по еден сè додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле главата. При секое сечење маченикот најпрво Му оддаваше благодарност на Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година. Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува на 22 мај.


Преподобен Пинуфриј

Тој е современик на Св. Касијан (29 февруари) и голем мисирски подвижник. Живееше во 4 век и се подвизуваше на разни места, сè бегајќи од човечките пофалби. Имаше многу ученици, коишто се трудеа да го подражаваат возвишениот пример на својот учител.



Преподобен Натанаил

Монах нитриски. Деноноќно Му се молеше на Бога и се просветуваше со размислување за Божествените нешта. Не излегуваше од својата келија ни преку нејзиниот праг полни триесет и осум години. Се упокои во Господ во втората половина на 6 век.



VO SLAVA NA BOGA



Изменето од rice - 10.Декември.2006 во 10:21
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2006 во 16:33

Преподобен Алимпиј Столпник

Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но желен за осаменички живот, молитва и богомислие, Алимпиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта. Таму тој забоди крст, па изгради храм во чест на Света Ефимија, којашто му се јави во сон. Крај храмот подигна висок столб, се качи на него и помина таму во пост и во молитва цели педесет и три години. Ни потсмевот на луѓето ни злобата на демоните не можеа да го оддалечат оттаму ниту да го поколебаат во неговата намера. Особено од демоните овој светител претрпе безброј маки. Не само што го застрашуваа со разни привиденија туку и го маваа со камења, не давајќи му мир ни дење ни ноќе долго време. Но Алимпиј мажествено се оградуваше себеси против силата демонска со знакот на крстот и со името Исусово. Најпосле демоните победени го оставија, а луѓето почнаа да го почитуваат и да му доаѓаат барајќи ги неговите молитви, утеха, поуки и исцеленија. Околу неговиот столб се подигнаа два манастири: од едната страна машки, а од другата женски. Во женскиот манастир живееја мајка му и сестра му. Св. Алимпиј ги раководеше монасите и монахињите од својот столб преку сопствениот пример и слово, а им блескаше на сите како небесна светилка, укажувајќи им го патот кон спасението. Овој Божји угодник имаше толкава благодат, што често го озаруваше небесна светлина и над него се креваше светлосен столб до небото. Беше прекрасен и силен чудотворец за време на животот и после смртта. Поживеа повеќе од сто години и се упокои во Господ во 640 година, во времето на царот Ираклиј. Од неговите Свети мошти се чува главата во Кутлумушкиот манастир на Света Гора.


Преподобен Јован Отшелник

Од Сирија. Ученик на Св. Марон (под 14 февруари) и современик на Св. Симеон Столпник. Се подвизуваше под отворено небо, се хранеше со наквасена леќа. Правеше големи чуда, со името Христово дури и мртви воскреснуваше. Царот Лав го праша за мислење за Халкидонскиот Собор. Се упокои мирно во 457 година




Изменето од rice - 09.Декември.2006 во 16:38
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2006 во 16:30
DRAGI BRAKJA I SESTRI VO HRISTA VOSKRESNATIOT.

NA OVAA POTTEMA KE MOZETE DA  PROCITATE KRATKI ZITIA OD SVETITE OTCI I SV. MACENICI CIJ POMEN SE PRAZNUVA NA TOJ DEN.

HRISTOS POSREDI NAS!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 666768
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.