IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Диети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Диети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 33>
Автор
Порака
KaLiNa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 8416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaLiNa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Диети
    Испратена: 23.Ноември.2006 во 15:14
veke imase vakva tema,ama izgleda e izbrisana,a sakam da ja ima....ste bile li na dieta,na koja,uspeala li,kako gi odrzuvate ( i dali) izgubenite kilogrami, pisete nekoja dieta......
gledam deka se poveke luge se preokupirani so tezinata,pa tuka moze da si gi pisat site svoite iskustva Smile
kuliraj
Кон врв
KaLiNa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 8416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaLiNa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2006 во 15:35
eve nekoi pogresni veruvanja za dietite
 
  Ако јадете многу компири ќе се здебелите - неточно.

Јаглените хидрати се најдобриот извор на енергија за организмот. Ако јадете компири или било која храна богата со јаглени хидрати нема автоматски да се здебелите. Внимавајте што јадете додатно (на пример путер или крем сирење кои содржат многу масти). Ако вашата исхрана е претежно јагленохидратна и богата во влакнести материи, вие веројатно внесувате помалку масти.


- Треба да се избегнува комбинација на храни - неточно.

Различни диети пропагираат да се избегнува комбинација на храни. Се смета дека јаглените хидрати во комбинација со протеините водат кон дигестивни проблеми и покачување на тежината. Точно е обратното. Комбинациите на храни му помагаат на дигестивниот систем. На пример, витаминот С од сокот од портокали ја подобрува апсорпцијата на железо во оброкот со телешко месо. Многу малку од храните се чисти јагленихидрати или протеини, повеќето се смеса од двете. Дигестивниот систем содржи ензими кои се способни да ја разградат храната која ја јадеме.


- Појадокот треба да се состои само од овошјепогрешно.

Нема доказ дека ваквиот пристап има било каква предност. Повеќето овошја не се богати со комплексни јагленохидрати, кои му се потребни на организмот по ноќното гладување. Цереалиите (особено интегралните житарки), како што се лебот, корнфлексот, мусли и сл. за појадок, преставуваат подобар извор на јагленихдирати.


- Некои храни имаат магично дејство и доведуваат до брз губиток на тежина - погрешно.

Постојат бројни реклами во кои ананасот се преставува како таква храна. Според други тоа е грејпфуртот, кој наводно ги согорува телесните масти. Тоа не е вистина. Вакво дејство повеќе може да им се припише на влакнестите материи, кои предизвикуваат исполнетост, со минимално килоџули.


- Не треба да пиете течности во тек на оброкот- тоа доведува до здебелување? Неточно.

Ова погрешно верување се базира врз мислсњето дека дигестивните сокови и ензими ќе се разредат со течноста, и ова ќе резултира со успорено варење и зголемена ресорпција на масти. Ова не е докажано. Всушност, доказите сугерираат дека пиењето на вода во тек на оброкот ја забрзува дигестијата. Се разбира дека доколку се претерува со внесување на високоенергетски пијалоци, како што се алкохолните пијалоци ќе настане здебелување, но пиењето во тек на оброкот не го потенцира ова.


Постојат многу диети за намалување на тежината, но некои од нив промовираат погрешни концепции, кои водат кон понатамошни здравствени ризици.

Дали мастите доведуваат до пораст на тежината?

Познато е дека мастите содржат приближно двојна количина на килоџули (калории) на грам, во споредба со јаглените хидрати и протеините. Логично е, дека ако консумирате повеќе масти, повеќе ќе ја зголемите тежината отколку ако вашата исхрана се базира главно на јаглени-хидрати. Важен е и типот на мастите. Докажано е дека мастите од животинско потекло (заситени масти) доведуваат до поголемо покачување на телесната тежина во споредба со растителните масти или рибиното масло. Изгледа дека, последниве полесно се искористуваат од организмот, и помалку е веројатно дека ќе се складираат во форма на масно ткиво на стомакот. Покрај тоа тие се корисни од здравствен аспект. Ако се претера со внесот на јаглени хидрати или протеини, тие во организмот исто така се претвораат во масти.

Вистината е, дека тежината ќе се зголемува доколку се примаат повеќе килоџули отколку се трошат, независно дали тие килоџули доаѓаат од масти, јаглени хидрати или протеини. Покрај тоа, пушењето го зголемува таложењето на мастите околу внатрешните органите (висцерални масти) и стомакот.


Диети со малку, средно или многу јагленихидрати?

Краткорочно, диетата со многу намален внес на јаглени хидрати, а слободен внес на масти ( како што е т.н. Аткинсоновата диета) може да резултира во поголема загуба во тежината, отколку диета која се базира на јагленихидрати, но долгорочно, разликите се минимални.

Диетата во која многу е намален внесот на јагленихидрати, ако се базира на консумација на животински масти, а недоволен внес на растителна храна не е здрава.


Крута наспроти флексибилна диета?

Крутите диети се придружени со стриктно броење на калориите и стриктни правила за избегнување на одредени видови на храна. Кај флексибилните диети важна е величината на оброците и постои помала строгост во ограничувањата. Кој пристап е подобар за губиток на тежината?

Крутите диети се придружени со поголеми проблеми во контролата на јадењето, вклучувајќи и повеќе епизоди на прејадување. Флексибилните диети поретко се придружени со вакви проблеми и полесно се прифаќаат. Долгорочно, флексибилниот пристап има поголема шанса за успех.


Како ефикасно и здраво да ослабите?

- Не користете брзи диети; веројатно е дека во следните пет години повторно ќе ја вратите изгубената тежина.
- Вашата цел нека биде мала загуба, од околу еден килограм неделно или помалку.
- Намалете го внесот на масти, особено на заситените масти.
- Исклучете ги рафинираните шеќери.
- Зголемето го внесот на свежо овошје, зеленчук и интегрални житарици.
- Консумирајте помалку алкохол.
- Земајте помалку ужинки.
- Вежбајте околу 30 минути неколку пати во неделата. Воведете повеќе движење во дневната рутина - обидете се да акумулиратие 30 минутно одење/ден.
- Не елиминирајте комплетно ниту еден вид на храна- секојдневно земајте разновидна храна, дајте предност на интегрална и непроцесирана храна.
- Придржувајте се кон одреден ред во јадењето.

kuliraj
Кон врв
KaLiNa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 8416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaLiNa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2006 во 16:45

Не се водете според "универзалните диети" бидејќи килограмите кои ќе ги симнете, брзо и ќе се вратат. Битен е индивидуалниот пристап, стручно подготвено мени на исхрана и упорност при промената на начинот на исхраната и животните навики.


Само долготрајната промена е ефикасна

Секоја промена на начинот на исхрана дава одреден резултат. Но, вистинските резултати не се постигнуваат за 7 или 10 дена, туку на подолг временски период, бидејќи само така изгубените килограми не се враќаат, се губат одредени количини масно ткиво, а не вода и шеќер од кои организмот најлесно се ослободува и кои при секоја промена на исхраната се губат уште во првите 24 денови. Дури по 25-иот ден од диетата, доколку корекцијата на исхраната е направена на вистински начин, почнуваат да согоруваат маснотиите, што е всушност и целта на секоја диета.

Промената на начинот на исхраната мора да трае минимум четири месеци, затоа што толку долго трае еден метаболички круг, односно времето кое е потребно да се прилагодат метаболичките процеси кои учествуваат во варењето, искористувањето на хранливите материи и нивното исфрлање од организмот. Зошто четири месеци? Затоа што толку долго трае животниот век на црвените крвни зрнца со чија помош кислородот и храната стигнуваат до сите клетки и ткива во организмот.


Диетата нека не биде измачување

Честопати, луѓето тешко се одлучуваат да го променат начинот на исхрана затоа што мислат дека мораат да гладуваат, па диетата ја поистоветуваат со некој вид на измачување, со сите пропратни проблеми како слабокрвност, омалаксаност, вртоглавица, главоболка, нервоза, чувство на глад. Вистинската промена на начинот на исхрана никогаш не подразбира мачење. Потребно е редовно да се јаде во текот на денот (доручек, ручек, вечера и две ужинки помеѓу нив). Тоа е промена која би требало да биде доживотна.
Оброците во текот на денот не мораат да бидат обилни. на органите за варење највеќе им годи кога се јаде почесто и помалку, повеќе пати дневно - за да работи метаболизмот, мора да добива гориво.

 
 
eve uste nekoi informacii.....sega cekam na vas da pisete kakvo iskustvo imate....


Изменето од KaLiNa - 24.Ноември.2006 во 16:45
kuliraj
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2006 во 14:48
Jas imam super iskustvo so mojata posledna dieta. Ednostavno, smeniv nacin na ishrana.
 
Otsekogas sum znaela sto me debelee (blagoto) i kompletno go isfrliv od ishrana. Sega i redovno jadam, i iako obrocite mi se poobemni od porano, imam izgubeno okolu 15 kg (ova e od poslednoto merenje vcera) vo period od 8 meseci. No, si pomagav od vreme na vreme vo mesecevata dieta, stanav fizicki poaktivna (vo najmala raka pesacam po barem 1 h na den), ne jadam pred legnuvanje (posledniot obrok mi e najkasno do 18 h)i kompletno go zaboraviv vkusot na cokoladoto.
 
Vo meguvreme, nitu ednas ne gladuvav. Jadam sekogas koga ke mi se prijade i kolku sto mi se jade. Isfrluvanje na desertot bese klucnoto nesto za da oslabnam.
 
Zatoa, mislam deka sekoj treba prvo da si najde sto e toa sto najmnogu go debelee i da go iskluci.
Veni Vidi Vici
Кон врв
KaLiNa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 8416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaLiNa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2006 во 00:14
se soglasuvam
i mnogu e podobro toa sto poleka si gi gubela kilogramite,zatoa sto tie potesko se vrakaat.....spored nekoi istrazuvanja megu lugeto sto drzele dieti so naglo slabeenje,60% si gi vratile.......i plus uste nekolku visok kacile.....
kuliraj
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:05
     ВКУСНАТА, ЗДРАВА И ЛЕСНО СВАРЛИВА ХРАНА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ИЗГУБИТЕ 3-4 КИЛОГРАМИ ЗА 4 НЕДЕЛИ, ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ЕНЕРГИЈАТА И ДА ГО ЗАЈАКНЕТЕ ИМУНИТЕТОТ
4kg помалку за еден месец

ДИЕТА ЗА ВИТАЛНОСТ И УБАВИНА


Менито е составено од продукти кои на организмот му обезбедуваат доволно витамини и минерали, протеини и млични ферменти- се што му е потребно на телото да се ослободи од токсичните материи. Ќе ја зголемите енергијата и одбраната од стресот, а телото ќе ги добие саканите пропорции.

ПОНЕДЕЛНИК


Појадокот е ист секој ден: шолја млеко или јогурт, 30 гр интегрален леб со лажичка нискокалоричен мармалад и 200 гр овошје.

Меѓуоброк: 200 гр овошје.

Ручек:
Ризото со тиквички, 100 гр печено месо, салата од зеленчук со маслиново масло и оцет.

Меѓуоброк: 1,5 дл млеко.

Вечера: Омлет од 1 јајце, 200 гр спанаќ со маслиново масло, 200 гр овошје, 50 гр интегрален леб.

ВТОРНИК


Меѓуоброк:
200 гр овошје.

Ручек:
80 гр тестенини со сирење, зачинети со босилек или рузмарин, печен зеленчук со лажица маслиново масло и 200 гр овошје.

Меѓуоброк: јогурт.

Вечера: 130 гр варена риба, 200 гр варен зеленчук со лажичка маслиново масло, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје.

СРЕДА

Меѓуоброк: 200 гр овошје.

Ручек: 80 гр ризото со зеленчук и лажичка маслиново масло, салата од зеленчук, 1 варено јајце и 200 гр овошје.

Меѓуоброк: 1, 5 дл млеко.

Вечера: 150 гр телешко месо, 200 гр спанаќ со лажичка маслиново масло, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје.

ЧЕТВРТОК

Меѓуоброк:
200 гр овошје.

Ручек: 80 гр тестенини со 12 гр брокули, босилек и пармезан, 50 гр пршут, 200 гр рендан морков со сок од лимон и маслиново масло, 200 гр овошје.

Меѓуоброк: јогурт.

Вечера:
80 гр риба, 200 гр домати со маслиново масло, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје.

ПЕТОК

Меѓуоброк: 200 гр овошје.

Ручек:
Ризото со грашок (80 гр ориз и 50 гр грашок), варен зеленчук со лажичка маслиново масло и 200 гр овошје.

Меѓуоброк: 1,5 дл млеко.

Вечера:
100 гр пилешки стек, салата од зеленчук со оцет и маслиново масло, 50 гр интегрален леб.

САБОТА


Меѓуоброк: 200 гр овошје.

Ручек:
80 гр тестенини со 100 гр морски плодови, варен зеленчук со маслиново масло и 200 гр овошје.

Меѓуоброк:
1,5 дл јогурт.

Вечера: 130 гр риба на пареа, 200 гр печурки со магдонос и лук, 50 гр интегрален леб, 200 гр овошје.

НЕДЕЛА

Меѓуоброк:
200 гр овошје.

Ручек: 50 гр леќа и 80 гр ориз, варени. Домати со маслиново масло, 200 гр овошје.

Меѓуоброк: 1,5 дл млеко.

Вечера: 200 гр ослич со маслиново масло, варен зеленчук и 50 гр интегрален леб.            
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:06

VITA diet club
Целта на оваа диета,покрај намалувањето на килограмите е да доведе до промени на метаболизмот,со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат.
Диетата трае 90 дена и за тоа време се ослабнува од 18-25 кгр.Ако е потребно да се намалат помалку килограми,диетата може да се прекине,ама тогаш нема да дојде до промена во метаболизмот.

Појадокот сите 90 дена е ист-овошје.Се јаде секогаш во пар,на пр.2 јаболки,2 круши,2 портокала или една рака некое ситно овошје.

Диетата секогаш почнува со протеински ден и после овошниот ден пак се почнува со протеински.
Редоследот на деновите не смее да се менува.

ПРВ ДЕН


Ручек:Месо варено или печено во количина од 3 хотелски шницли,едно парче леб,салата (во неограничени количини).На крај мора да се испие супа,но без фиде.Наместо месо може да се изедат 3 јајца варени или испржени.
Млеко и сирење може да се јаде само овој ден,а супата мора де се испие.

Вечера: ИСто што и за ручек,само без супа.Треба да се води сметка ако за ручек било месо,мора да биде и за вечера,а ако биле јајца,тогаш пак јајца.

ВТОР ДЕН


Ручек : Грав,грашок,леќа,ориз,компир (обавезно варено со додаток на зачини-бибер,кечап,варен патлиџан,оригано),парче леб и салата.

Вечера : Исто што и за ручек во помала количина (полн танњир за ручек,пола за вечера)

ТРЕТ ДЕН

Ручек :Варена тестенина (шпагети,макарони bez jajca) со додаток на зачини,п plus svez domat.

Вечера :isto od rucek samo pola porcija
ЧЕТВРТИ ДЕН


Ручек :овошје
Вечера :овошје

Три пати за време на диетата (еднаш месечно) треба да се држи воден ден,кој доаѓа одма после денот со овошје,а после него се продолжува со протеинскиот ден.

Кафе и чај може да се пие во неограничени количини,но без шеќер.

Од кога ќе заврши диетата (после 90 дена),се јаде нормално,освен што овошјето останува уште 90 дена за појадок.
Ако во следните 3 месеци од завршувањето на диетата се изгубат 5 кгр.,тоа значи дека дошло до промена на метаболизмот.
Ако не се изгубат тие 5 кгр.,диетата треба да се повтори,но не и да се продолжи,а може да се продолжи после 3 месеци.

Делува компликувано,но не е.Количината на храна е поголема од онаа која секој дневно ја внесуваме.Без оглед на тоа килограмите се губат.

Не треба да се изгуби надеж и воља затоа што се случува и по 10 дена тежината да не се промени,но потоа одеднаш се губат по 3-4 кгр.

Ништо не смее да се прескокнува затоа што секоја намирница си има своја намена.Организмот не смее да остане без неа.
Не е вообичаено да се јаде овошје за појадок,но организмот нај прво од него го искористува интегралниот шеќер кој го храни нервниот систем.

Добро е кога сте на половина од диетата да се проконтролира крвниот притисок и да се анализира крвната
__________________

Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:15
УН диета

Целта на оваа диета,покрај намалувањето на килограмите е да доведе до промени на метаболизмот,со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат.
Диетата трае 90 дена и за тоа време се ослабнува од 18-25 кгр.Ако е потребно да се намалат помалку килограми,диетата може да се прекине,ама тогаш нема да дојде до промена во метаболизмот.

Појадокот сите 90 дена е ист-овошје.Се јаде секогаш во пар,на пр.2 јаболки,2 круши,2 портокала или една рака некое ситно овошје.

Диетата секогаш почнува со протеински ден и после овошниот ден пак се почнува со протеински.
Редоследот на деновите не смее да се менува.

ПРВ ДЕН


Ручек:Месо варено или печено во количина од 3 хотелски шницли,едно парче леб,салата (во неограничени количини).На крај мора да се испие супа,но без фиде.Наместо месо може да се изедат 3 јајца варени или испржени.
Млеко и сирење може да се јаде само овој ден,а супата мора де се испие.

Вечера: ИСто што и за ручек,само без супа.Треба да се води сметка ако за ручек било месо,мора да биде и за вечера,а ако биле јајца,тогаш пак јајца.

ВТОР ДЕН


Ручек : Грав,грашок,леќа,ориз,компир (обавезно варено со додаток на зачини-бибер,кечап,варен патлиџан,оригано),парче леб и салата.

Вечера : Исто што и за ручек во помала количина (полн танњир за ручек,пола за вечера)

ТРЕТ ДЕН

Ручек :Варена тестенина (шпагети,макарони) со додаток на зачини,пица само со кечап или било кое пециво во количина колку една пица.

Вечера :Две помали парчиња торта,3-4 колачиња,3 топки сладолед и обавезно едно ребро чоколадо за готвење.

ЧЕТВРТИ ДЕН


Ручек :овошје
Вечера :овошје

Три пати за време на диетата (еднаш месечно) треба да се држи воден ден,кој доаѓа одма после денот со овошје,а после него се продолжува со протеинскиот ден.

Кафе и чај може да се пие во неограничени количини,но без шеќер.

Од кога ќе заврши диетата (после 90 дена),се јаде нормално,освен што овошјето останува уште 90 дена за појадок.
Ако во следните 3 месеци од завршувањето на диетата се изгубат 5 кгр.,тоа значи дека дошло до промена на метаболизмот.
Ако не се изгубат тие 5 кгр.,диетата треба да се повтори,но не и да се продолжи,а може да се продолжи после 3 месеци.

Делува компликувано,но не е.Количината на храна е поголема од онаа која секој дневно ја внесуваме.Без оглед на тоа килограмите се губат.

Не треба да се изгуби надеж и воља затоа што се случува и по 10 дена тежината да не се промени,но потоа одеднаш се губат по 3-4 кгр.

Ништо не смее да се прескокнува затоа што секоја намирница си има своја намена.Организмот не смее да остане без неа.
Не е вообичаено да се јаде овошје за појадок,но организмот нај прво од него го искористува интегралниот шеќер кој го храни нервниот систем.

Чоколадото ги спречува алергиите кои се присутни баш кога се држат разни диети.
Добро е кога сте на половина од диетата да се проконтролира крвниот притисок и да се анализира крвната слика.
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:17
ДИЕТИ
Волшебна супа за сите сезони

Калории: Не се собираат

Се губи: До 5 килограми

Траење: 7 дена и може да се повтори

Кому се препорачува: На оние кои сакаат да истопат 7 до 8 килограми.



Диетата со супа е една од најомилените и најуспешните диети, зашто е едноставна, а дава резултати.

Оваа диета им се препорачува само на оние кои имаат 7 до 8 килограми повеќе, но не и на оние кои имаат едвај неколку килограми повеќе.

Калориите не се собираат, килограмите се топат благодарение на изборот на продуктите.

Предвидено е намалено внесување на маснотии и јагленохидрати. Има денови кога тие се потполно исклучени од диетата, а кога станува збор за изворите на енергија, на тој начин телото се присилува енергијата да ја троши од своите масни наслаги.

Програма

Диетата трае 7 дена, ако сакате да постигнете задоволувачки резултати (да ја намалите телесната тежина, да го прочистите организмот, да го урамнотежите нивото на шеќер во крвта) не ја прекинувајте

Диетата можете да ја повторите за 2 или 3 недели, во тој случај придржувајте се на менито кое се препорачува од првиот до седмиот ден. Диетата можете да ја повторувате и повеќе пати во текот на годината, но внимавајте помеѓу две диети да поминат најмалку три месеци

Менито е разновидно, но доколку се решите за измени, важно е да се заменат токму оние продукти за кои е предвидена замена во менито, а не на некои други.

Доколку во диетата не е назначено количество, некои продукти можете да ги јадете без ограничување.

Почитувајте ги наведените количества на продуктите. Количеството се однесува на свеж и исчистен продукт.

Прв ден

Појадок: Чај или кафе, јаболко и круша

Ужина: Овошен сок без шеќер

Ручек: Супа од зеленчук, јаболка

Ужина: Овошен сок без шеќер

Вечера: Супа од зеленчук, круши

Замена: Јаболката и крушите можете да ги замените со овошје по желба (освен грозје и банани). Овошјето може да биде варено или конзервирано без шеќер.

Втор ден

Појадок: Кафе

Ужина: Чај

Ручек: Супа од зеленчук, варена брокула

Ужина: Чај или кафе

Вечера: Супа од зеленчук, 200 г варен компир со 10 г путер.

Замена: Компирите со путер можете да ги замените со 350 г печурки сварени со 2 лажички маслиново масло.

Трет ден

Појадок: Чај или кафе, круши или ананас

Ужина: Овошен сок без шеќер

Ручек: Супа од зеленчук, свежи или варени моркови

Ужина: Овошен сок без шеќер

Вечера: Супа од зеленчук, запечени пиперки, модри патлиџани, тиквички

Замени: Крушите или ананасот можете да ги замените со овошје по ваш избор, варено или конзервирано без шеќер.

Четврти ден

Појадок: Капучино подготвено од 2 дл посно млеко, банани

Ужина: Чај или кафе

Ручек: Супа од зеленчук, 200 г посен јогурт, една банана

Ужина: Чај

Вечера: Супа од зеленчук, фрапе подготвено од 2 дл млеко и една банана

Замени: 20 дл јогурт можете да замените со 150 г посно сирење или 120 г моцарела или горгонзола

Петти ден

Испијте 1,5 до 2 литри вода

Појадок: Кафе

Ужина: Чај

Ручек: 300 г риба варена на пареа (ослиќ, лист), домати, супа од зеленчук

Ужина: Чај

Вечера: Супа од зеленчук, 200 г печена риба (орада, лист).

Замена: 300 г варена риба можете да замените со 300 г печени лигњи или сипа, 300 г печена риба можете да замените со 150 г туна во вода или со 100 г чаден лосос

Шести ден

Испијте 1,5 до 2 литри вода

Појадок: Кафе

Ужина: Чај

Ручек: 1 - 2 телешки шницли на скара, тиквички и коморач на пареа

Ужина: Чај

Вечера: Супа од зеленчук, 300 до 400 г печено пиле без кожа

Замена: За вечера пилешкото можете да го замените со мисирка

Седми ден

Појадок: Кафе

Ужина: Овошен сок без шеќер

Ручек: 150 г интегрален ориз со зеленчук по желба: шпаргли, кромид, морков, динстани на масло

Ужина: Овошен сок без шеќер

Вечера: Супа од зеленчук, репка и краставици

Замена: Појадокот можете да го збогатите со 2 кришки интегрален тост со 2 лажички мармалад без шеќер, 150 г ориз можете да замените со 160 г интегрална тестенина.


Како да постигнете најдобри резултати

Со цел диетата да даде резултати и што подобро да го прочисти организмот потребно е да се спроведува најмалку 7 дена по ред, зашто 2 или 3 дена нема да дадат никакви резултати

За проверка на резултатите најдобро е да се контролира телесната тежина: мерете се наутро, почнувајќи од четвртиот до осмиот ден. Четвртиот и петиот ден телесната тежина би требало да се намали за 2 до 3 килограми, а на крајот на диетата за 5 килограми. Ако четвртиот ден губењето на телесната тежина е поголемо од 2 до 3 килограми потребно е делумно да се промени менито. Појадокот збогатете го со 3 до 4 кришки интегрален леб, а ручекот со 120 до 140 г интегрална тестенина или ориз.

Доколку имате проблеми со столицата во исхраната внесете трици (3 до 4 лажици во текот на денот)

Против надуеност на стомакот ќе помогнат млечните ферменти


Зимска супа од зеленчук

Супата од зеленчук е најважното јадење во оваа диета. Важно е да се подготви само од препорачаниот зеленчук и тоа во препорачаните количества

Изберете само еден продукт или некоја замена. Придржувајте се до правилата: продуктот од листата заменува само одреден продукт за кој е предвидена замената, а не на некој друг. На пример: со спанаќ можете да ја замените само репката, а не кромидот и празот.

Состојки и замени: 6 парчиња праз (6 главици кромид), 1 голем кељ (или голема брокула), 4 - 5 парчиња бела репка (или 500 г спанаќ или 500 г блитва, зелје), 1 целер, 1 до 2 конзерви излупени домати, (или варени домати), коцка за супа од зеленчук, зачински тревки по желба.

Подготовка: Зеленчукот исечете го на парчиња. Ставете го во тенџере заедно со коцката за супа, сипете вода така зеленчукот да биде прекриен, посолете и ставете да се вари. Нека врие 10 минути на средно јак оган, па намалете го огинот и продолжете го варењето, додека зеленчукот не омекне, по ваш вкус.


Летна супа од зеленчук

Преку лето супата се подготвува од сезонски зеленчук. Еве што уште може да се користи како замена.

Важно е да се придржувате на правилата: понудените продукти заменуваат само одреден продукт за кој е предвидена замената, а не некој друг. На пример, тиквичките можат да ги заменат само пиперки, а не праз или спанаќ.

Состојки и замени: 6 парчиња праз (или 6 главици кромид), 1 голем кељ (или 200 г зелена боранија), 2 зелени пиперки ( или 3 тиквички), 500 г спанаќ (или 500 г блитва), 1 цел корен од целер (или 2 моркова), домати без лушпа, коцка за супа од зеленчук, зачински тревки по желба.

Подготовка: Зеленчукот исечете го на парчиња. Ставете во тенџере заедно со коцката за супа, сипете вода така зеленчукот да биде прекриен, посолете и ставете да се вари. Нека врие 10 минути на средно јак оган, па намалете го огинот и продолжете го варењето додека зеленчукот не омекне, по ваш вкус.

Почнете преку викенд

Првите денови од диетата се најтешки, но и најважни. Тие денови се јаде само зеленчук и овошје. Со цел организмот да се прочисти од токсините кои би можеле да го спречат губењето на телесната маса.

Прочистувачката функција на диетата може да предизвика некои тешкотии, но тие не се причина за прекинување на диетата. Тоа се: главоболки, болки во грбот и зглобовите, зачестено мокрење и честа столица. Тоа се само знаци дека диетата забрзано го прочистува организмот. Од тие причини најдобро е диетата да се започне преку викенд, кога немате премногу обврски.

Против нападите на глад ќе помогне супата за која ви даваме рецепт. Можете да ја јадете во неограничени количества во текот на целиот ден.

Петтиот и шестиот ден треба да испиете барем 1,5 до 2 литри вода. Тие денови, имено, е зголемено внесувањето на белковините и маснотиите од животинско потекло, продукти кои можат да го зголемат собирањето на токсините.
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:19
4 супер брзи зимски диети
Осум килограми неделно - Мајо диета

 

Најдрастична е затоа што дозволува слабеење до 8 килограми во рок од 15 дена. Никогаш не ја држете подолго од две недели. Бројот на оние кои ја поддржуваат, но и противниците е речиси еднаков, а тука се вбројуваат и холивудските ѕвезди кои ја применуваат кога мораат бргу да ослабнат за некој филм или аудиција. Забранета е ако имате проблеми со црниот дроб или холестеролот, затоа што секој ден се јадат јајца. Делотворна е во итни случаи и мотивирачка затоа што резултатите веднаш се забележуваат. Но, здодевна е, а покрај тоа се губи и мускулната маса.

Појадок: 1 недела: 1 или 2 тврдо варени јајца + домати, чај. 2 недела: чај или кафе, кришка леб или порција рендани моркови.

Ручек: 1 недела: 2 тврдо варени јајца + овошје + 1 порција зеленчук или кравјо сирење. 2 недела: 2 тврдо варени јајца + месо со салата.

Вечера: 1 недела: 2 тврдо варени јајца + овошје + зеленчук или кравјо сирење. 2 недела: 2 тврдо варени јајца + риба со салата.

малце понездрава али дооооста успешнаWink

Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:20
И неколку сепак корисни советиWink
 
Заборавете ги модерните диети, дури и ако се навистина успешни, и дознајте како паметно да се храните, со комбинирање на протеините
Што треба да знаеме за месото, рибата и за јајцата

Како што ви ветивме во минатиот број на "Стил", во неколку продолженија ќе ве информираме за најактуелните и најважните прашања врзани за исхраната. Многу често прибегнувајќи кон брзи и модерни диети, од кои повеќето ветуваат и 10 килограми помалку за само неколку дена, редно е најпрво да се информираме за основите на хранливите продукти, што секако ќе ни помогне да ги избегнеме замките, кои се најчеста причина за зголемување на телесната тежина и појавување на дисфункции во организмот. Во денешниот број на ред се месото, рибата и јајцата, продукти што се наоѓаат на врвот на синџирот на исхрана, а во современиот живот сў почесто ги употребуваме не внимавајќи на нивното комбинирање. Без разлика што за нив нў информираат одредени диети и нутриционисти, тие се храна која на организмот му обезбедува важни хранливи состојки и чиј дефицит или суфицит предизвикува дисбаланс во функционирањето на човечкиот организам.

Уште од предисториско време месото е скапоцена и обилна храна како и голем извор на цел комплет протеини, витамини и други хранливи состојки. Всушност, многу антрополози сметаат дека месото најверојатно ја има најзначајната улога во еволуцијата на нашата раса. Иако во последниве неколку години вегетаријанството стана многу популарно, месото сў уште е во центарот на европската исхрана.

Црвеното месо е особено богат извор на железо, кое пак игра голема улога во формирањето на мускулите и здравата крв. Истражувањата врз вегетаријанците покажаа дека тие ризикуваат да имаат недостиг од железо што, пак, доведува до анемија. Доволните количества витамин Б во месото се од суштинско значење за соодветно производство на енергија.

Нашите предци ловеле за да се снабдат со месо и трошеле многу енергија додека го бркале дивечот. Денес нашите снабдувачи со потребните протеини се одгледуваат по фарми и кафези и во голема мера ни се доставуваат и до нашите домови. Но, според некои процени, ние консумираме приближно двапати повеќе протеини отколку што ни е потребно, со што ризикуваме да ги повредиме нашите бубрези и црниот дроб. Многу парчиња месо - особено црвеното месо - се полни со заситени масти кои се поврзуваат со болестите на срцето. Некои истражувања покажуваат дека консумирањето месо може да нў направи посклони на заболување од карцином.

Значи, основната наша задача е не да го отфрлиме сосема месото од листата на јадења, туку да ја скротиме потребата за негово консумирање. Никој не нў спречува и понатаму да уживаме во чизбургерот со сланина. Но, тоа нека се случува еднаш или двапати во месецот. Не смеат да бидат невозможни обидите да се наведнеме, а чувството на леснотија треба да ни биде постојан придружник. Правилната исхрана вели дека консумирањето месо не мора да биде предлог од типот "сў или ништо". Многу јадења, како оние пржените и салатите, може да бидат комбинирани со мали количества месо, но сепак да бидат задоволувачки. Еден сос за паста може да содржи 25 отсто месо и 75 отсто зеленчук. Британската агенција за стандарди во храната препорачува јадење "умерени" количества месо; да се избегнува месото кое има поголеми количества маснотии како што се, на пример, плескавиците, сланината, колбасите, паштетите и саламите и секогаш да се отстранува мрснотијата од месото, како и кожата од пилешкото месо. Германскиот експерт за нутриционизам Изабел Келер советува да се јадат не повеќе од два грама протеини дневно по килограм од телесната тежина; тоа значи дека жените треба да се ограничат во консумирањето протеини во просек до 120 грама дневно, додека за мажите границата е 140 грама дневно.

За понискокалорична алтернатива на црвеното месо се препорачува морската храна. Рибите и членконогите имаат голема концентрација на омега-3 масни киселини, и покажале дека го намалуваат ризикот од болести на срцето, како и во намалување на болките од артритис, но го намалуваат и ризикот од појава на рак на простатата кај мажите.

Но, ни морската храна сепак не е совршена. Еве некои од проблемите:

рибата, особено оние помрсните може да имаат поголеми концентрации на отрови во своето месо. Особен проблем претставува тешкиот метал - живата. Меѓу рибите со најголемо количество жива се: сабјарката, ајкулата и марлинот; лососот (и во двата случаи - и одгледуваниот и дивиот) може да содржат загрижувачко ниво на ПЦБ; се советува дека речните риби-песачи може да содржат разни видови отрови, а тоа зависи од водите во кои живеат. Во некои случаи, американската агенција за заштита на околината ги советува рибарите да го ограничат својот улов на една риба неделно. Некои видови риби од одредени загадени води никогаш не треба да се консумираат, без оглед на околностите.

Тоа не значи дека сў е загубено. Сў уште можете да ловите и да го консумирате вашиот улов, но со ограничување на количеството на членконогите, риба-иверка, бакалар, тилапиите и другите ваши улови. И не заборавајте ги малите риби, харингата и сардините, кои се многу богати со омега-3 и имаат мало количество отрови. ( Во идниот број на ?Стил°: Што треба да знаеме за лушпестото овошје, зрнестиот зеленчук и маслата?)
Кон врв
ivana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Госпожа Грофица

Регистриран: 14.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3327
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ivana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2006 во 12:28
ја веќе сум ептен скептик во однос на диета, здрав баланскирана исхрана...
ова прописиве на секои 15 денови се менуваат, де јади овошје на гладно, де не јади овошје на гладно имај обилен доручек, де ова де она, де маста е подобра од маслото, де маслиновото масло е најдобро.....

а секој од нас е метаболизам сам за себе. некој јаде солено и му одговара, некој јаде благо и му одговара....
затоа треба да јадеме УЕМРЕНО И ВО СООДВЕТНИ КОЛИЧИНИ за нашата активност (потреба) која ја имаме.
И да јадеме СЕ, затоа што ако нешто суштински не внесуваш телото си го наоѓа од некаде па може да се направи дисбаланс (калциумот го зима директно од коските па им ја наружува структурата) или доколку не го најде, пропаѓа....па затоа КВАНТИТЕТ И КВАЛИТЕТ гледајде да најдете за ВАШЕТО ТЕЛО, и секако ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ Wink
Motivation is game in my hands
Кон врв
laze Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 271
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laze Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2006 во 23:53
Mislam deka ne e ubavo da bides na dieta za da bideme slabi treba samo da vnimavame sto jademe.
CUVAJ MOJE SLIKE,SRCE TE MOLE,JER KOPIJA TE GLEDA,A OGIGINAL VOLE!!!!!!!!
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2006 во 14:01
Originally posted by laze laze напиша:

Mislam deka ne e ubavo da bides na dieta za da bideme slabi treba samo da vnimavame sto jademe.
 
dobro ovie dieti  so gi pisav i ne se nezdravi,naprotiv dobar nacin na ishranaWink
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.