IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Палачинки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Палачинки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 16:59
ПАЛАЧИНКИ СО СИРЕЊЕ И БЕШАМЕЛ


Ви предлагаме да ги направите овие вкусни палачинки, кои се лесно јадење кое се подготвува брзо, освен подготовката на самите палачинки.

Кога ќе посакате да јадете палачинки, можете да направите поголема доза, па дел да ги направите вака, а останатите да ви бидат благи.

Потребно:

 8 палачинки
 400 г младо сирење
 50 г маргарин
 2 јајца
 5 дл млеко
 150 г кашкавал
 Зачини по вкус
 Масло за јадење

Подготовка:

 Во соодветен сад издробете го сирењето, па додајте го сирењето и 50 грама рендан кашкавал. Додајте зачини по вкус и промешајте додека да добиете изедначена смеса.

 На секоја палачинка ставете малку од подготвениот фил од сирење. Краевите од палачинката свиткајте ги кон внатре за да не истекува филот, а потоа завиткајте ја палачинката во ролат. На ист начин направете ги сите палачинки.


Бешамел
Во посебен помал сад стопете го маргаринот па додајте го брашното и кратко пропржете. Потоа постепено додавајте го млекото со постојано мешање, додека сосот не се згусне. При крај, додадете зачини по вкус.

 Во огноотопорен сад ставете малку масло за јадење, па наредете ги полнетите палачинки. Врз нив прелијте со бешамел сосот и наросете рендан кашкавал. Печете ги палачинките во загреана рерна на 200 степени додека не поруменеат.

Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 17:28

ПАЛАЧИНКИ СО ЧОКОЛАДЕН КРЕМ, КИКИРИТКИ И ПАВЛАКА

30

Состојки:

  • 4 големи палачинки
  • 100 г чоколаден крем
  • 4 лажици толчени кикирики
  • 100 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер

Подготовка:
Шеќерот ставете го во тавче на тивок оган и мешајте го за да се растопи. Потоа додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете убава  густа смеса.
Палачинките намачкајте ги со крем и посипете  ги со кикирики, а потоа одозгора полијте ги со карамелот.

Добар апетит!

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2014 во 17:50

ОРГИНАЛНИ АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ

16

Состојки:

  • 1 ½ шолја брашно
  • 3 ½ лажички прашок за пециво
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ½ шолја млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици растопен путер

Подготовка:

Во голем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот. Додека мешате додадете го млекото, јајцето и растопениот путер сѐ додека не добиете единечна смеса.
Загрејте ја тавата на среден оган, а потоа истурајте ја смесата со мала црпалка. Печете додека палачинката не порумени од двете страни.

Рецепт за одлично вкусен намаз за палачинките:

Состојки:

  • 100 грама путер
  • 100 грама печени лешници
  • 1 мала лажичка мед
  • Малку цимет

Подготовка:

1. 90 грама лешници сомелете ги во мелница, па додадете ги во путерот кој предходно сте го извадиле на собна температура.
2. Мешајте со дрвена лажичка додека состојките не се спојат во една смеса. Додадете го медот и малку цимет и измешајте.
3. Останатите лешници исечете ги на крупни парчиње и измешајте ги со смесата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 04:13
ЗАПЕЧЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО ШУНКА И СИРЕЊЕ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 10 палачинки

* 10 листови шунка

* 200гр сирење

* едно јајце

* 200мл јогурт

* кечап, оригано, зачин по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Испечете 10 палачинки и секоја од нив премачкајте ја со кечап, ставете лист шунка, 1 лажица сирење, завиткајте ги во ролна и наредете ги во плех или во ватростален сад.

Во посебен сад изматете едно јајце , додадете јогурт, измешајте и полиете ги палачинките. Посипете ги со оригано, а по желба и со кашкавал. Печете 20 минути на 200 степени.


3

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 04:18

Рецепт за нискокалорични палачинки



За да го подготвите овој десерт, потребни ви се следниве состојки: ¼ чаши брашно од соја

3 лажици пченкарно брашно

2 лажици мелени бадеми

1 лажици сода бикарбона

½ лажици масло

малку сол

1 јајце

½ чаши нискомаслено млеко

1 ½ лажиче ванилин екстракт.

Начин на приготвување:

Изматете ги со помош на миксер јајцето, млекото, маслото и ванилиниот екстракт.

Додадете ги сувите состојки и миксирајте уште 1-2 минути.

Оставете ја смесата во фрижидер 15-20 минути.

Ставете нелеплива  облога на тавата и печете ја секоја палачинка околу 2-3 минути од секоја страна.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2014 во 21:42

СОЧНИ ПАЛАЧИНКИ СО БАНАНИ

3

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 180гр брашно

* 250мл млеко

* 1 лажица кисело млеко

* 4 јајца

*  пакетче ванила

* 40гр путер

* 2 банани

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги матиме јајцата, постепено додавајќи од млекото и брашното, додека да добиеме густа каша. Ги додаваме киселото млеко и ванилата.
  • Во загреана тава, намачкана со масло додаваме од кашата,откако малку ќе се испржи додаваме од исечените банани и превртуваме да се испржи и другата страна.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2014 во 21:43

ЗА ОНИЕ НА ДИЕТА: НИСКОКАЛОРИЧНИ ПАЛАЧИНКИ

6

Состојки: 

¼ чаши брашно од соја

3 лажици пченкарно брашно

2 лажици мелени бадеми

1 лажици сода бикарбона

½ лажици масло

малку сол

1 јајце

½ чаши нискомаслено млеко

1 ½ лажиче ванилин екстракт.

Начин на приготвување:

Изматете ги со помош на миксер јајцето, млекото, маслото и ванилиниот екстракт.

Додадете ги сувите состојки и миксирајте уште 1-2 минути.

Оставете ја смесата во фрижидер 15-20 минути.

Ставете нелеплива  облога на тавата и печете ја секоја палачинка околу 2-3 минути од секоја страна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2014 во 11:16

Палачинки со пиво, чоколадо и кокос



Ова е вистинска чоколадна фантазија за целата фамилија!



Потребни состојки:

  • 100 гр. брашно
  • 30 гр. шеќер во право
  • 2.5 дл. млеко
  • 2 јајца
  • 5 дл. пиво
  • 300 гр. путер

За филот:

  • 3 дл. хопла
  • 150 гр. бело чоколадо
  • 50 гр. кокос
  • 50 гр. бадеми
  • 50 гр. лешници (може и само бадеми)

За декорација:

  • 50 гр. млечно чоколадо
  • Неколку листови свежо нане

Подготовка: 30 минути

Во чинија измешајте брашно и шеќерот во прав. Во друг сад измешајте го млекото, јајцата, пивото и путерот. Сето тоа соединете го и испржете тенки палачинки. 

Изматете ја хоплата и во неа додадете го белото чоколадо стопено на пареа, кокосот, бадемите и лешниците.

Ставете го филот на палачинките, посипете ги со стопеното млечно чоколадо и украсете ги со листовите нане.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 10:42


Палачинки ала чизкејк со малини

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 250 гр. брашно
  • 300 мл. млеко
  • 300 мл. минерална вода
  • сол
  • шеќер
  • масло за пржење

Фил:

  • 250 гр. маскарпоне
  • 100 гр. кисела павлака,
  • лажици сок од лимон
  • 50 мл. павлака за шлаг
  • 2-3 лажици шеќер
  • eдна шака малини.

Подготовка:

1. Пенасто изматете ги јајцата, млекото, водата и брашното. Додадете сол, шеќер и изрендената лимонова кора па добро измешајте со цел во смесата да нема грутки.

2. Испржете ги палачинките премачкувајќи ја тавата со масло и оставете ги на страна да се изладат додека не го направите кремот.

3. Во сад измешајте го маскарпонето и киселата павлака, кои треба да се на собна температура. Потоа додадете го лимоновиот сок, павлаката за шлаг и шеќерот, па добро измиксајте. 

4. Свиткајте ги палачинките и ставете ги малините како на фотографијата.

Торта од палачинки со црвена рибизла

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 6 лажици путер
  • 3 чаши млеко
  • 6 јајца
  • една ипол чаша брашно
  • малку сол
  • масло

За кремот:

  • 2 шолји млеко
  • лажица екстракт од ванила
  • 6 жолчки,
  • ½ шолја шеќер,
  • 1/3 шолја пченкарно брашно,
  • 3,5 лажици путер

За сосот:

  • 500 гр. црвени рибизли
  • 200 гр. шеќер
  • 500 мл. црвено вино
  • една лажица густин
  • снегулки од бадем за украсување

Подготовка: 

1. Стопете го путерот во тавче и оставете го на страна. Загрејте го млекото и оставете го да се лади десетина минути. Измиксајте ги јајцата, брашното и солта. Полека ставете го топлото млеко и путерот и оставете ги во фрижидер преку ноќ или на неколку часа. 

2. Пред пржење загрејте ја смесата на собна температура и испржете ги палачинките на малку масло.

3. За кремот ставете млеко во лонче за да зоврие, изгасете го огинот и додадете го екстрактот од ванила. Оставете на страна десетина минути. Изматете ги жолчките, шеќерот и скробот, полека додадете го топлото млеко на силен огин да зоврие. Мешајте една минута, две и потоа додадете го путерот. Кога ќе се излади ставете го во фрижидер.

4. За сосот сварете шеќер и вино па додајте ги рибизлите. Варете уште пет минути, додадете густин и варете додека не биде густо колку што сакате. Редете ги палачинките, а измеѓу нив ставајте крем. Прелијте со сосот и додадете уште црвени рибизли за украс. Кога ќе се излади посипете со бадемот.

Чоколадни палачинки полнети со кремасто сирење

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 2 јајца
  • 150 гр. брашно
  • 300 мл. млеко
  • 40 гр. путер
  • 40 гр. темно чоколадо со 70% какао
  • лажица какао
  • 2 лажици шеќер
  • малку сол

За полнењето:

  • 200 гр. крем сирење
  • лажица екстракт од ванила
  • кора од лимон или портокал
  • малку шеќер

Подготовка:

1. Стопете го чоколадото на пара со путер. Добро измешајте.

2. Пенасто изматете ги јајцата, шеќерот и солта. Додадете брашно, како и млеко, па сето тоа добро измешајте го за да добиете тесто без грутки. Полека додадете го чоколадото и оставете на собна температура околу еден час.

3. Загрејте ја тавата со малку масло па испржете ги палачинките. Додека се ладат направете ја смесата за полнење.

4. Измешајте ги сите состојки и изматете со електричен миксер. Убаво премачкајте преку палачинките, завиткајте ги и исечете на кругови.

Пакетчиња од какао со сладолед

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 80 гр. брашно
  • 2 лажици какао
  • околу 200 мл. млеко
  • 2 јајца
  • 2 портокали

За полнењето:

  • 1-2 лажици путер
  • 55 гр. кафеав шеќер
  • сладолед од ванила (или пак друг по желба)
  • изрендана кора од портокал.

Подготовка:

1. Измешајте го брашното и какаото, додадете млеко и јајца и мешајте полека. Прекријте и оставете во фрижидер половина час. 

2. Изрендајте ја кората од портокал и исцедете го сокот. Стопете го путерот во тавчерто и испржете ги палачинките.

3. Растопете 60 гр. путер, додадете шеќер, кората и сокот од портокал. Нека зоврие па намалете ја температурата и варете уште неколку минути.

Наполнете ги палачинките со малку сладолед, па затворете ги како пакетче и завртете ги со лента портокал. Прелијте со сос од портокал

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:53

СОЛЕНИ РОЛНИ ОД ПАЛАЧИНКИ


23

Потребни состојки:

  • 2 црвени пиперки
  • 6 јајца
  • 500 ml млеко
  • 150 g брашно
  • 4 лажички масло
  • 4 лажички путер
  • 150 g исечкана шунка на резанки
  • 150 g  сирење исечено на резанки
  • Сол и бибер
  • Салата за гарнир

Подготовка:

Пресечете ја пиперката на пола, извадете ги семките, па исечете ја на ленти.

Јајцата изматете ги со млекото. Додајте го брашното, посолете и додајте малку бибер.

Во еден сад загревајте по една лажичка од путерот и маслото.

Од четвртина од тестото направете палачинки.

Рерната загрејте ја на 200 степени.

Кога ќе ги испечете, врз нив ставете четвртина од шунката и сирењето. Додајте четвртина од исечканата пиперка и тенко исечените резанки сирење. Замотајте ги и ставете ги во огноотпорен сад.

Ставете го садот со палачинки во загреаната рерна и печете ги ролните од палачинки околу 5 минути.

Извадете ги ролните палачинки од садот и исечете ги на подебели резанки од околу 3 cm и наредете ги на загреана чинија за подолго да останат топли.

Декорирајте ги со листовите зелена салата.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 09:55

Пробајте: Меки палачинки со пиво


Ова е малку поинаков рецепт и начин да подготвите тесто за меки палачинки кои ќе ги паметите уште долго.

probajte-meki-palacinki-so-pivo-01.jpg

За подготовка на тестото ви се потребни само 4 состојки и 10 минути.

  • 200g брашно
  • 400ml пиво
  • 1 лажица мед
  • 3 јајца

1. Изматете ги јајцата и додајте го пивото. Добро измешајте.

2. Додајте го медот, па потоа брашното. Мешајте додека не исчезнат грутките.

3. Пржете на жешко масло. Послужете ги солени или благи, по ваш избор.

probajte-meki-palacinki-so-pivo-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2015 во 11:09

Совршен десерт за најромантичниот ден


Изненадете го вашиот сакан за Денот на вљубените со нешто вкусно!


Што велите да го изненадите вашиот сакан или сакана со појадок во кревет на најромантичниот ден во годината? За таа цел ви предложуваме рецепт за вкусни, меки и црвени палачинки, идеални за оваа намена. Нивниот вкус е збогатен со благо-соленкаст прелив, што дава уникатна и совршена комбинација која долго ќе ја помните.


Што е уште подобро, за да уживате во овој десерт не ни мора да имате партнер - со нив можете да се почастите самите себе или, пак, да го изненадите вашето друштво. Верувајте ни, нема да зажалите!

Потребни состојки:

  • 150 гр брашно
  • 3 мали лажички прашок за печиво
  • половина лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1 изматено јајце
  • 2 лажици растопен путер
  • 170 мл јогурт
  • 4 лажички црвена боја за храна

За преливот:

  • 55 гр кремаст намаз од сирење
  • 2 лажици млеко
  • половина лажичка екстракт од ванила
  • 4 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Во голем сад помешајте ги сувите состојки: брашното, прашокот за печиво, солта, шеќерот и какаото. 

Во помал сад помешајте ги течните состојки: изматеното јајце, јогуртот, путерот, ванилиниот екстракт и бојата за храна.

Помешајте ги сувите и течните состојки и мешајте додека да добиете рамномерна, хомогена смеса. Оставете ја смесата да отстои 10-15 минути, а за тоа време можете да го подготвите преливот.

Со миксер добро помешајте ги сите состојки за преливот и ставете ја смесата во фрижидер.

Добро загрејте ја тавата и во неа растопете малку путер. Со помош на кутлача, ставајте од отстоената смеса во тавчето и печете ги палачинките една по една. Кога ќе почнат да се појавуваат првите меурчиња, време е да ја свртите палачинката на другата страна.

Премачкате ја секоја палачинка со подготвениот прелив и украсете по желба.

Пријатно и романтично јадење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2015 во 11:06

Рецепт за домашни Орео палачинки

Сите љубители на чоколадните кекси со фил сега имаат можност да уживаат во ново, уште почоколадно задоволство - палачинки со вкус на Орео.

recept-za-domasni-oreo-palacinki-01.jpg

Дечињата ќе ги обожаваат, а и вашите пријатели ќе се израдуваат ако ги послужите после кафето.

Во никој случај нема да го згрешите вкусот, затоа што е лесен за подготовка, дури и ако сте почетници во кујната.

Состојки за 4 порции:

  • 500ml млеко
  • 8 јајца
  • 125g несолен путер
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 700g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 125g шеќер
  • 150g Орео колачиња

За фил:

Можете да комбинирате матен путер со кокосово брашно или крем по желба.

Подготовка:

Растопете го путерот, па додајте го млекото со јајцата и екстрактот од ванила.

Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за печење и шеќерот. Постепено додавајте ги во млекото со јајца и путер и постојано мешајте.

По 5 минути мешање додадете ги ситно искршените или измелените Орео колачиња.

recept-za-domasni-oreo-palacinki-02.jpg

Загрејте малку масло на тавче, ставете од тестото и испечете округли, малку подебели палачинки.

Доволни се 3 минути печење од секоја страна за палачинките да бидат готови.

Врз секоја палачинка ставете фил по желба, украсете со кокос, чоколадо, шлаг или уште искршени Орео кекси.

recept-za-domasni-oreo-palacinki-03.jpg

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2015 во 17:52

Палачинки за вљубени



ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ ВИ Е ПОТРЕБНО:

135 гр. брашно

1 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сол

2 лажици шеќер

2 лажици растопен путер

130 мл. млеко

1 јајце

1/4 пакетче црвена прехрамбена боја

За прeлив ќе ви треба:

350 гр. малини

3 лажици шеќер во прав

малку коњак (по желба)

Ќе ви треба и 100 гр. бело чоколадо.

Подготовка:

Чекор 1: Во сад измешајте го брашното со прашакот за пециво и солта. Во друг сад измешајте ги шеќерот и растопениот путер, млекото и јајцето.

Чекор 2: Соединете ги течните и сувите состојки и матете ги додека да добиете хомогена смеса. Додадете ја прехрамбената боја.

Чекор 3: Со мала црпалка ја одредувате дозата, доволна е една лажица за една палачинка (зависи колкави сакате да ги направите).

Печете по 40 секунди од двете страни на средна температура.

Чекор 4: Сервирајте и уживајте со вашите сакани.

Ова е навистина лесен рецепт, кој брзо се подготвува, а е вкусен и впечатлив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.