IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Палачинки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Палачинки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 20>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2014 во 11:40

Каков вкус имаат палачинките ширум светот?

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-01

Палачинките се можеби едни од најстарите, но и едни од најпопуларните десерти во светот.

Додека вие ги сакате со крем и банана, некој ги подготвува со мед, шеќер во прав, џем, сладок сос...

И ако во моментов се прашувате: Дали постои барем една палачинка во светот која нема да ви ги надразни сите сетила? Најверојатно одговорот е не...

САД и Канада: Палачинки со путер и мед

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-1


Австрија: Парчиња палачинки со суво или свежо овошје

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-2


Австралија: Палачинка со џем и слатка павлака

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-3


Кина: Солени палачинки

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-4


Источна Европа: Палачинки со овошен прелив и шеќер во прав

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-5


Англија: Палачинки со шеќер и лимон

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-6


Франција: Палачинка со мед и ораси

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-7


Грција: Палачинка со мед и грчки јогурт

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-8


Мексико: Торта од палачинка со сос по желба

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-9


Холандија: Палачинка со шеќер во прав, шумско овошје и сок од лимон

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-10


Русија: Дебели палачинки од слатко тесто со свежо овошје

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-11


Шкотска: Палачинки со мед и банана

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-12


Јужна Африка: Палачинки со сладок бел крем и додаток по желба

kakov-vkus-imaat-palacinkite-sirum-svetot-13

Кои сакате да ги пробате, ама баш веднаш? :)



Изменето од Valerija - 03.Март.2014 во 11:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 14:23

Солена торта од палачинки

1. Кромидот се сецка ситно и малку се пржи . Се додава ситно сецкано пилешко месо и печурките . Откако ќе се запржат се остава да излади .
2. Палачинките се редат на рамна површина. Една се клава на средината на површината и околу се клават 5 до 6 палачинки . Малку повеќе од пола палачинка да останува да излегва од надвор од површината, а се реди една палачинка, па наредната да се поклопува од пола на првата .
3. Во приготвениот фил се додаваат празни палачинки завиткани како ролат една по една и се сецкаат на кругчина
4. На наредените палачинки се става малку од филот, па над филот се става една палачинка па потоа пак фил па палачинка и во зависнос од количината се реди нагоре.
5.  Кога ќе се наредат се затвора од страна со палачинките кои паѓаат пола од надвор се креваат нагоре за да се затворат страните на тортата и од озгора се става пак уште една палачинка за да се добие рамна површина
6. Се премачкува со павлака и се декорира по желба .
Пријатен апетит




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 18:35

Полнети палачинки со мелено месо


Морковот се ренда.
Во тава за пржење се става малку масло за јадење, во него се става кромидот и морковот. Се прпржуваат неколку минути и потоа се додава меленото месо и зачинот. Се пржи околу 10 мин.
Потоа врз секоја палачинка се става од меленото месо, се витка и се реди во подмачкано тавче.
Одкако ќе се повтори постапката и со останатите палачинки се подготвува сосот за посипување.
Јајцето се меша со павлаката и се става врз наредените палачинки.
Врз тоа се става изренданиот кашкавал.
Вака подготвено се става во загреана релна на 180 степени и се пече околу 25-30 мин.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 19:05

СОЛЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО ФИЛ ОД ЗАЧИНИ

Потребно:

н 125 г брашно
н 100 мл млеко
н 6 јајца
н сол
н бибер
н 200 г гауда кашкавал
н 300 г свински шницли
н лут мелен црвен пипер
н 4 лажици путер
н 75 г шунка, тенко исечена
н 16 ливчиња босилек
н 150 г трошки

Приготвување: млекото, 75 грама брашно, четири јајца, малку сол и малку бибер измешајте ги, па оставете ја смесата да отстои 15-тина минути. 150 грама гауда исечете на коцкички. Месото исчистете го, измијте го, исушете го, па исечете го на осум тенки шницли.

Зачинете го со сол, бибер и со лут мелен црвен пипер. Шницлите пропржете ги на две лажици путер и тоа од двете страни, по две минути. Извсдете ги од тавчете и оставете ги на топло место. Рерната загрејте ја на 200 степени. Испржете осум палачинки на две лажици путер. Шунката и коцкичките од гаудата распоредете ги врз палачинките. Прекријте ги со шницлите, посипете ги со ситно сечканиот босилек и преклопете ги како марамче. Палачинките испрпелкајте ги во 50 грама брашно, потоа во две изматени јајца и на крај во трошките. Печете ги во тавче 10-тина минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 13:39

Банана сплит палачинка

Банана сплит палачинка
Состојки:

Палачинка (како се подготвува можете да видите ТУКА)

- Нутела 30 гр.

- Бисквити 20 гр.

- Банана 1

- Шлаг, 2 топки

- Чоколадо 5 гр.

Упатство за подготовка

Испечете ги палачинките според вашиот омилен рецепт. На испечените палачинки намачкајте крем, преку него додадете ги исецканите банани и сето тоа посипете го со бисквити. Затворете ја палачинката, ставете на врвот 2 топки шлаг и украсете со бисквити и растопеното чоколадо.

За подобрување на вкусот можете да додадете и овошје по избор.




Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 13:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 10:32

Полнети палачинки од хељда

palacinke


Состојки:
За тесто:

  • 2 јајца
  • 100 гр брашно од хељда
  • бело брашно по потреба
  • 3 дл минерална газирана вода
  • 1/2 лажичка шеќер
  • зејтин
  • сол

Останати состојки:

  • 150 гр шунка
  • 150 гр кашкавал на листови
  • 3 јајца
  • брашно
  • 200 гр презли
  • зејтин

Приготвување:
1. Се матат јајцата со 2 лажици зејтин, газирана вода, шеќер и еден прст сол.
2. Се додава брашното од хељда па се мати со жица. Постепено се додава и белото брашно по потреба за да се добие смеса со густина на јогурт.
3. Во тава, на малку врел зејтин се печат тенки палачинки.
4. На секоја се става по лист шунка и кашкавал. Бочните страни се преклопуваат 2 цм кон средината, а потоа водоравно се ролуваат.
5. Полнетите палачинки се валкаат во брашно, потоа во матени јајца и на крајот во презли. Се пржат во врел зејтин додека не поруменат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 05:00

Палачинки Огнен бакнеж

Дојде редот да го пробаме тавчето Делимано од кое сум воодушевена!

Одбрав еден едноставен рецепт, а вкусен.
За тестото:
се матат јајцата со миксер, се додава млекото, киселата вода, маслото, брашното и солта. Се остава смесата околу пола час да одмори, па се пржат палачинките на загреано тавче.
За филот:
Пудингот се вари со шеќерот и ванилата. Се зема една палачинка се става на чинија и на едната половина се премачкува од пудингот, се преклопува и се свиткува како триаголник. Одозгора се става од мармаладот од јагоди и се посипува со бадемите кои се претходно потпечени и крупно сецкани, па на крај се зема прибор за јадење и во акција мммммм........




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:23

ДЕСЕРТОТ КОЈ ГО ОСВОИ СВЕТОТ: СНИКЕРС ПАЛАЧИНКИ

22

Потребни состојки:

  • 4 големи палачинки
  • 100 г чоколаден крем
  • 4 лажици толчени кикирики
  • 100 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер

Начин на подготовка:

1. Шеќерот ставете го во тавче на тивок оган и мешајте го за да се растопи. Потоа додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете убава хомогена густа смеса.

2. Палачинките намачкајте ги со крем и наросете ги со кикирики, а потоа одозгора полијте ги со карамелот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:52

Палачинки со темно чоколадо


palacinki1i

Денес ви претставуваме уште еден чоколаден рецепт. Американски палачинки со темно чоколадо.

Состојки:

за 5-6 палачинки

- 2 јајца

- 3/4 чаша млеко

- 3/4 чаша брашно

- 2 и пол чажици темно какао

- 3 лажици стопен путер

Инструкции:

Сите состојки измешајте ги со миксер. Смесата што ја добивте ставете ја во фрижидер околу 30 минути, потоа со лажица земајте од смесата и ставете на тава на средна топлина .

Печете ги палачинките од едната страна околу 1 минута, а потоа свртете ги од другата страна. Печете дополнителни 1 до 2 минути.

Може да ги послужите со сладолед, чоколаден сируп или шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:51

Палачинки со овошје и шлаг



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шлаг
  • 50 грама Шеќер во прав
  • 1   Тесто за палачинки
  • 100 грама Суво грозје
  • 50 грама Ореви
  • 80 грама Диња
  • 1 парче/чиња Ванила
  • 1   Банана/и


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Палачинки со овошје и шлаг

ПОДГОТОВКА:

Секоја палачинка се филува, се превиткува левата и десната страна и се прави како пирошка. Така направени се редат во чинија, се посипуваат со шеќер во прав во кој има ванилин шеќер. Над секоја од палачинките се става шлаг и се украсува со овошје.

За филот: праските се лупат и сечат во коцки, се додава дињата сечена исто така на коцкички, потоа сувото грозје што стоело во топла вода да набабри (исцедено), сечената банана и шеќерот во прав. Исто така се додаваат неколку лажици шлаг за овошјето да се соедини.


Изменето од Valerija - 13.Април.2014 во 19:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 14:11

Палачинки со фил од јајца

Потребно:

За палачинките:

  • 350 гр сварени компири
  • 150 гр брашно
  • масло и сол

За филот:

  • 4 тврдо варени јајца
  • 150 гр сварени компири
  • 160 гр мајонез
  • 300 гр мешан сварен зеленчук
  • 70 гр кромид
  • 30 мл оцет
  • кисела павлака
  • чили сос
  • сол и бибер

Подготовка:

Прво направете ги палачинките од компир. Сварете ги во лушпа, изгмечете ги, помешајте со брашно, сол и направете тесто. Поделете го тестото на неколку делови и секој дел развлечете го на подлога со брашно. Во плех испечете го од двете страни.

За подготовка на филот тврдо варените јајца и компирот исечете ги на мали делови и помешајте ги со ситно сечканиот кромид и сварениот зеленчук. Мајонезот помешајте го со малку оцет, а потоа и со сечканите јајца и зеленчукот. Посолете и промешајте. Наполнете ги палачинките прелијте ги со чили сосот и павлаката.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 16:59

Палачинки со тиквички

Од состојките за палачинки направете смеса и испечите палачинки (околу 6). Потоа направете го филот.
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставате ги околу половина час да ја пуштат водата. Исцедете ги, додадете го ренданиот кашкавал, пармезанот, јајцето, солта и биберот по вкус и се заедно исмешајте.
На секоја палачинка намачкајте од филот и завиткајте ги во ролат.
Наредете ги во плехче обложено со хартија, ставете неколку парченца путер и нека се печат 20 -30 мин. на 180 степени.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:12

АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ СО БОРОВНИЦА

blueberrypancakes

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 180 гр брашно
  • 3 лажички шеќер
  • 2 лажички на прашок за пециво
  • 1 лажичка сол,
  • 250 мл. неутрална павлака,
  • 2 лажици растопен путер
  • 150 гр мармалад од боровинки.
  • 50 гр. боровинки
  • Масло за јадење.

Припрема:

Скршете ги јајцата и одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта. Потоа додадете ја смесата во изматените жолчки, додадете го растопениот путер. Изматете ги белките и додадете ги во садот, па додадете ја неутралната павлака и изматете со миксер се додека смесата не се соедини. Додадете ги боровинките па промешајте.

Во тавче за палачинки ставете малку масло да се загрее. Потоа ставете една црпалка од смесата и направете палачинка со дијаметар од 10 сантиметри. Печете се додека не се појават меурчиња, па превртете ја палачинката.

Наредете неколку палачинки во чинијата за сервирање, па одозгора полијте ги со мармаладот од боровинки. Добар апетит!

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:38
Три добри стари трикови за одлични палачинки


Додека едните ги прават "од око", другите се придржуваат исклучиво до проверени методи, а третите пак никогаш не добиваат ист резултат едно по друго.

Без оглед на тоа во која "школа за палачинки" вие припаѓате, во продолжение прочитајте три едноставни трикови кои ќе го подобрат вашиот рецепт на палачинки. Доколку сакате меки, тенки и вкусни палачинки, прочитајте ги следниве совети и кога ќе ви се пријаде, веднаш ангажирајте се околу подготвување на овој легендарен специјалитет и задоволете го својот апетит, истовремено изненадувајќи ги вашите најблиски. 

Три добри стари трикови за одлични палачинки

1. Се со цел да не добиете премногу мрсни палачинки, истите печете ги во тефлонска тава која што накратко пред започнувањето со пржење на палачинките ќе ја премачкајте со масло.

2. Доколку сакате тенки и меки палачинки, дел од млекото заменете го со вода или кисела вода. Палачинките нема да бидат тешки, туку лесни како снегулки. 

3. Мајсторите велат дека најдобро е тестото за палачинки да остане во фрижидер неколку часа пред користењето. Доколку сакате вкусни палачинки навечер, најдобро е смесата да ја направите уште на пладне.

Ммммм... Фаќајте се за работа или договорете термин кога ќе уживате во вкусот на овој легендарен специјалитет!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.