IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Палачинки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Палачинки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 20>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Палачинки
    Испратена: 10.Мај.2020 во 14:39

Палачинки „Трите шолји“ – Тенки како лист хартија, не се кинат и не се залепуваат на тавата. Најсовршениот рецепт што постои!


Доколку досега ве плашело приготвувањето на палачинки и сте имале бројни неуспеси, денес со вас го споделуваме најдобриот рецепт, со кој е невозможно да погрешите!


Состојки

  • 1 шолја врела вода
  • 1 шолја пресно млеко
  • 1 шолја брашно
  • 2 јајца
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 супена лажица шеќер
  • 40 мл растително масло

Начин на подготовка

  • Земете длабок сад и во истиот скршете ги јајцата, додадете ги солта, шеќерот и растителното масло и со миксер, добро измешајте ги состојките, до добивање на мазна смеса.
  • Без да го исклучувате миксерот, наеднаш исипете ја целата врела вода, а потоа и млекото.
  • Додека продолжувате да мешате, исипете ја и последната состојка – брашното. Измешајте до добивање на една соединета мазна смеса.
  • Премачкајте ја специјалната тава за палачинки со маслиново масло.
  • Со црпалка исипете внатре од тестото и испржете ги палачинките, по 1 минута за секоја страна поединечно.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2019 во 21:55

Рецепт на денот: Американски палачинки за сите љубители на сладок оброк


Сите сме љубители на вкусни американски палачинки, но со овој рецепт ќе ги подготвите на посебен начин, за да бидат помеки и посочни од било кога.

Израдувајте ги своите најблиски со слатка вечера и уживајте во сумирање на впечатоците од изминатиот ден.

Состојки:

- 2/3 шолји млеко;
- 2 лажици вински оцет;
- 1 шолја брашно;
- 1 лажица прашак за пециво;
- 1/2 лажица сода бикарбона;
- 1/2 лажица сол;
- 1 јајце;
- 2 лажици растителен путер;
- 2 лажици јаворов сируп;
- грчки јогурт;
- овошје по желба. 

Подготовка:

Во сад измешајте го млекото и оцетот и оставете го да отстои 5 минути. Соединете брашно, прашак за пециво, сода бикарбона и сол.

Во друг сад изматете ги јајцата, растопеното масло и додадете го млекото со винскиот оцет. Сето тоа добро измешајте го, додадете ги сите состојки во смесата и мешајте додека не соедините.

Загрејте ја тавата на средна температура, стоплете малку растителен путер и печете ги палачинките од двете страни.

Послужете ги прелиени со јаворов сируп, грчки јогурт и свежо овошје. 



Изменето од Valerija - 27.Декември.2019 во 21:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2019 во 20:31

Кадифено меки палачинки


Потребни состојки

  • 500 мл пресно млеко
  • 200 гр брашно
  • 2 јајца
  • 2 супени лажици сончогледово масло
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • Ванила по ваш вкус

Начин на подготовка

Во длабок сад измешајте ги јајцата, млекото, брашното и маслото. Добро измешајте ги состојките, а потоа додадете ги шеќерот, содата бикарбона, солта и ванилата. Измешајте го сето заедно со мискер и оставете ја смесата да отстои половина час.

Премачкајте ја тавата со масло и поставете ја да се загрева на среден оган. Испечете ги палачинките и од двете страни, додека да ја добијат потребната златна боја, а потоа поставете ги на куп во една чинија.

Ова е целата тајна- додавањето на сода бикарбона во класичниот рецепт за палачинки, при што на овој начин, тие ќе станат неверојатно меки и вкусни!

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2019 во 10:22

Dave’s Kitchen: Превкусни палачинки за сечиј вкус


Сакате да го доловите вкусот на Француските палачинки? Овие палачинки имаат крцкава кора и прекрасен мирис на путер. Може да ги филувате со фил по желба. Изборот на Давор овој пат е чоколаден крем, малина и лесно изматен шлаг. Превкусно за добра седенка со пријателите.



Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 250 гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • 250 мл. кисела вода
  • 1 лажица шеќер
  • Прстофат сол
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 70 гр. растопен путер

Начин на подготовка: 

Во сад со миксер изматете ги јајцата, млекото и киселата вода. Додадете го брашното, солта, шеќерот и ванилата. Додадете го и растопениот путер и промешајте. Пржете ги палачинките од двете страни по 2 минути во загреана тава на средна температура. Премачкајте ги со чоколаден крем и декорирајте со малини. 

Добар апетит и забавно готвење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2017 во 17:07

Идеални за есенските утра: Вкусни палачинки со јаболка и цимет


Вкусот на јаболко и цимет во комбинација со меко тесто сигурно ќе ги разведри вашите тмурни есенски денови.

Овој рецепт за палачинки е многу едноставен – излупете четири големи јаболка и исечете ги на кругови, со дебелина од еден центиметар. Тестото припремете го според рецептот во продолжение и натопете го секое парче. Ставете ги парчињата на загреана тава и печете отприлика две минути од секоја страна. Помешајте 100 грама шеќер со една лажичка цимет и наросете ги палачинките по печењето. Можете да ги послужите и со јаворов сируп или карамел, но тие се одлични и без прелив. 


Потребни состојки:

• 200 гр. брашно

• едно пакетче прашок за пециво

• 1 лажичка сол

• 1 лажичка шеќер

• 250 мл. млеко

• 1 јајце

• 3 лажици растопен путер

Припрема:

Во сад, помешајте го брашното, прашак за пециво, солта и шеќерот. Во средината направете простор, а потоа додадете го јајцето, млекото и растопениот путер. Мешајте сè додека не добиете густа смеса. Доколку е потребно, додадете уште млеко или брашно. Со парче путер намастете ја тавата, а потоа печете додека палачинките не добијат златна боја од секоја страна.




Изменето од Valerija - 29.Септември.2017 во 17:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2017 во 16:25

Dave’s Kitchen: Интегрални палачинки со карамелизирани банани


Американски палачинки со интегрално брашно и карамелизирани банани! Зарем не звучи доволно примамливо за да ги направите?!

Потребни состојки:

За карамелизираните банани

  • 2 големи банани исечкани долгнавесто на покрупни парчиња
  • 3 лажици кафеав шеќер

За смесата за палачинки

  • 200 гр. интегрално брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 370 мл. млеко

Начин на подготовка: 

Пресечените парчиња банана извалкајте ги во кафеав шеќер така што ќе треба да бидат покриени од сите страни. Ставете ги во тавче на најгорниот дел од рерната и карамелизирајте ги околу 2 -3 минути. Рерната претходно загрејте ја на 220 степени.

Промешајте ги сите состојки за смесата и започнете со пржењето на палачинките на средината од загреано тавче, од прилика по 3 минути од секоја страна. 

Сервирајте во чинија, одозгора ставете од карамелизираните банани и декорирајте со кршени ореви и јаворов сируп или мед.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2016 во 22:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2016 во 08:43

Тајниот рецепт за домашни палачинки со меурчиња кои се топат во уста


Палачинки - најслаткото задоволство кое секој го прави на свој начин. Но, секогаш постои рецепт кој ќе ве направи главни кога се работи подготовката на тестото за палачинки.

tajniot-recept-za-domasni-palacinki-so-meurcinja-koi-se-topat-vo-usta-1.jpg

Палачинките со дупчиња не се „грешка“ или неуспешен краен резултат, напротив, за нив постои таен руски рецепт.

За да ги добиете палачинките со дупчиња кои се топат во уста, потребни ви се следниве состојки:

  • 1 шолја јогурт
  • 1 јајце
  • 1 шолја брашно
  • 1/3 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка масло
  • ½ шолја кисела вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/3 лажишка сол

Подготовка:

Јогуртот, јајцата, шеќерот, солта и брашното измешајте ги во еден сад.

Во шолјата со кисела вода додадете ја бикарбоната, измешајте и брзо додадете ја во садот со останатите состојки за да направите тесто.

Измешајте добро и оставете го тестото да отстои 10 минути.

Потоа печете тенки палачинки на масло во загреана тава.

tajniot-recept-za-domasni-palacinki-so-meurcinja-koi-se-topat-vo-usta-4.jpg

tajniot-recept-za-domasni-palacinki-so-meurcinja-koi-se-topat-vo-usta-2.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 22:30

За повкусно утро: Палачинки полнети со Нутела


Палачинките се одличен почеток на денот. Тие се вкусни во секој облик и со било каков додаток, мед: мармалад или пак сируп.... Но, уште повкусни се со Нутела. Не. не намачкани со Нутела, туку „полнети“.


Од состојките може да се направат 6-7 средно големи палачинки, но претходно на плех обложен со хартија за печење направете 6-7 дискови од Нутела со дијаметар од 6 сантиментри (како на фотографиите подолу) и замрзнете ги во замрзувач.



Состојки:

  • 200 грама брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 4 лажици шеќер
  • Малку сол
  • 1 јајце на собна температура
  • 250 мл. млеко
  • 50 мл зејтин
  • 1 лажичка ванила екстракт (по желба)
  • По желба: сецкани банани или јагоди



Подготовка: 

Во поголем сад ставете го брашното, пецивото, шеќерот и солта, а во друг сад изматете го јајцето, зејтинот, млекото и екстракот од ванила. Комбинирајте ја смесата во хомогено течно тесто и на загреано тавче направете палачинки. На средина од самата палачинка ставете од смрзнатиот диск од Нутела а потоа пoкријте го со уште тесто и превртете ја палачинката за да се испече и на другата страна.

Сервирајте со овошје по свој избор.



Изменето од Valerija - 05.Април.2016 во 22:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2016 во 15:25

Рецепт за совршени чоколадни палачинки без брашно


Ако веќе знаете да правите обични палачинки, време е да отидете чекор напред и да го испробате овој нов рецепт за чоколадни палачинки од само 4 состојки.

Slatko-zadovolstvo-amerikanski-palacinki-so-banana-i-Neskvik-01

Леснотијата и брзината со која се подготвуваат ќе ги направат ваш омилен појадок и десерт.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 банана
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 50g Несквик

Подготовка:

Ставете ги во блендер сите потребни состојки и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

Истурете од смесата врз тефлонска тава за палачинки (или ако ви се лепат намачкајте малку путер) и почекајте додека да се испечат на една страна (околу 2 мин.) па преверете на другата.

Декорирајте со банана и шлаг или чоколаден прелив или сè она што вас ви се допаѓа.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2016 во 15:46
ТАЈНАТА НА МОЈАТА БАБА: ПРОБАЈТЕ ГО РЕЦЕПТОТ ЗА СОВРШЕНИТЕ ПАЛАЧИНКИ


Кога ќе помислите на детството, првото нешто коешто ви паѓа на ум е веројатно вашата баба. Нејзиното бескрајно трпение и разбирање, и огромната љубов кон нас, и покрај нашата палавост.

Бабата е како наша втора мајка, или пак може слободно да се каже понежна и попопустлива верзија од нашата мајка.

И покрај сите тие племенити особини, нашите баби имаат и една сосема посебна. Секој од нас може да се пофали со својата верзија од супер бабичка, но сите генерално ќе се согласиме дека тие навистина поседуваа супер моќи. И тоа токму во кујната.

Совршените мириси од нивните мали кујни ги скокоткаа нашите детски сетила и нè принудуваа да се оближуваме уште пред да го здогледаме чинивчето. Тоа беа мирисите на нашето среќно детство. Она безгрижно детство, нешто што е денес веројатно и сосема недостижно...

И, иако секој од нас говореше дека никој не може да подготви омлет како нашата баба, тоа е всушност еден сосема обичен омлет со истите они јајца коишто ги купуваме и денес, но сепак постои и некој сокриен трик во самиот процес којшто ние никогаш не успеавме да го усовршиме...

А покрај омлетот, тука се и питите и зелниците, баклавите, вкусните манџички... И секако, тука доаѓаат на ред и палачинките. Всушност, ниту едни не можат да бидат вкусни како оние од нашата баба. И ако некогаш сте ја запрашале за тајната којашто се крие зад совршениот рецепт за палачинки, одговорот е секогаш ист – "Како тоа мислиш рецепт за палачинки? Тоа е исто како да ме прашаш за рецепт за супа. Нема рецепт. Сите состојки се додаваат од око", пишува zena.blic.rs.


Но, овојпат со вас ќе споделиме еден рецепт којшто можеби и ќе биде нешто приближно до она што го правеле вашите баби.


 1 јајце
 200гр брашно
 прстофат сол
 прстофат сода бикарбона
 225мл топло млеко
 100мл кисела вода
 125мл млака обична вода
 масло


Земете ги сите состојки, а потоа исмешајте ги во еден голем сад. Добро изматете ги така да добиете компактна смеса, без грутки. Потоа оставете ја смесата да отстои околу еден час, на собна температура.

Згрејте малку масло во тавчето за палачинки и забавата може да започне! 


Готовите палачинки филувајте ги со фин домашен џем или мармелад од кајсии, сливи, шипки или јагоди. Или пак со омилениот крем.

И додека веќе привршувате со вашата трета палачинка, ние ќе ви ја откриеме и тајната состојка, без којашто ниту едно јадење не може да биде толку многу вкусно. Љубов! И тука не мора да внимавате на количеството. Само сипете! Колку повеќе, толку подобро. 



Изменето од Valerija - 16.Февруари.2016 во 15:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2016 во 20:46

АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ СО ПРЕЛИВ ОД РУМ

10

Ова е едноставно, а вкусно јадење кое веруваме дека ќе ви се допадне и ќе биде редовно на вашето мени.

Состојки:

За тесто:

  • 200 грама брашно
  • 1 лажичка прашак за печиво
  • Пола лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички шеќер (пожелно е кафен)
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 грама путер
  • 1 јајце
  • 300 милилитри млеко

Прелив:

  • 10 грама путер
  • 1 банана
  • 2 лажици шеќер
  • 20 милилитри рум
  • 50 грама бадеми

amerikanski palacnki so preliv od rum 01

Подготовка:

Ставете ги сите состојки за тесто во сад и матете додека да добиете глатка смеса. Почнете прво од течните, а потоа додавајте ги останатите состојки.

Потоа палачинките печете ги на тавче без да додавате масло.

Во тавчето сипајте поголема количина од смесата за разлика од нашите палачинки, бидејќи треба да бидат значително подебели.

Печете ги од двете страни додека не поруменат.
Кога ќе ги испечете палачинките, исечете ги бананите на кругови и ставете ги на малку путер. После една минута додадете го шеќерот и румот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2016 во 08:10

ПАЛАЧИНКИ СО РИКОТА СИРЕЊЕ

14

Ако сакате да испробате нова верзија на палачинки тогаш сте на вистинското место.

Италијанското сирење рикота е лесно и свежо, плус тоа е нискокалорично па затоа е одличен избор за овие палачинки.

Се подготвуваат брзо и лесно, и се повеќе од вкусни.

Состојки:

  • 900 грама рикота сирење
  • 1 јајце
  • 180 грама брашно + уште малку за обликување на палачинките
  • 110 грама шеќер
  • Пола лажица брашно за пециво
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Малку масло за печење

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки брашното, шеќерот и прашокот за пециво.

Измешајте го јајцето со сирењето и додадете го екстрактот од ванила.

На крајот измешајте ги сите состојки заедно и мешајте додека да се добие густа и рамномерна смеса.

Со помош на обична лажица или лажица за сладолед земете парче од смесата, и ставете го во сад со брашно и потоа со рака направете топчиња кои на крај ќе ги сплескате за да се добие облик на мала палачинка.

Кога ќе ги обликувате сите палачнки, добро загрејте го маслото на тава и почнете да ги редите палачинките на неа.

Палачинката треба да се пече по 2-3 минути на секоја страна додека не се добие златно кафена боја.

Палачинките послужете ги топли со џем и кафе.

Имајте добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2015 во 19:19

Десерт на денот: Палачинки полнети со сос од јаболка


Попознати како Такитос со јаболка, овие полнети палачинки се сè што ви треба кога имате итна желба за слатко.

desert-na-denot-palacinki-polneti-so-sos-od-jabolka-01.jpg

Крцкави, сочни и ароматични, а толку едноставни за подготовка.

Потребни состојки (зависно од количината која ја подготвувате):

  • Домашно подготвени палачинки или купечки тортиљи
  • Исечкани и излупени јаболка
  • Карамела сос или стопени карамели
  • Цимет и шеќер во прав
  • Крупен шеќер

Сосот подгответе го на следниов начин:

Исечкајте ги јаболката и ставете ги во големо тенџере. Додајте го сосот од карамела или карамелите и оставете да се стопат. Додајте цимет и шеќер во прав по вкус. Подварете го сосот на тивко додека јаболката не омекнат.

Палачинките или тортиљите наполнете ги со него, замотајте, премачкајте со матено јајце и проросете со крупен шеќер и цимет.

Ставете во тава обложена со мрсна хартија и печете 15-тина минути додека не заруменат.

desert-na-denot-palacinki-polneti-so-sos-od-jabolka-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.