IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Посни јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посни јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2015 во 16:33

ПОСНИ ПРЖЕНИ КРОФНИ СО РАЗНО ПОЛНЕЊЕ

13

Потребни состојки:

  • 250ml млака вода
  • Пакетче свеж квасец
  • 800g брашно
  • ½ маргарин
  • 3 лажици шеќер

Подготовка:

Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне.

Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто.

Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови.

Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат.

Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба.

Служете ги додека се топли.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2015 во 20:04

ПОСНИ, КРЕМАСТИ ТОРТИ

21
Без оглед на тоа дали постите или не, ќе вреди секој залак кој ќе го вкусите.

Медена торта

Состојки

За кора:

  • 250g мед
  • Чаша пиво
  • Лажичка сода бикарбона
  • ½ шолја масло
  • Брашно по потреба

За фил:

  • 250g шеќер
  • 250g мелени ореви
  • 2 реда посна чоколада

Подготовка:

Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него.

Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите.

Држете се до правилото еден ден ред тесто – еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова.

Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед.

podgotvete-2-posni-kremasti-torti-02


Торта од портокал

Состојки

За кора:

  • 1 шолја масло
  • Шолја кисела вода
  • 400g брашно
  • Прашок за печиво
  • 100g шеќер

За фил:

  • 4-5 портокали
  • 0,5l вода
  • 350g шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 4 лажици густин
  • Маргарин

Подготовка:

Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори.

Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги.

Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин.

Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.

podgotvete-2-posni-kremasti-torti-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2015 во 13:26

ПОСНИ ЦРНО-БЕЛИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 20 МИНУТИ

12

Потребни состојки за тесто:

  • 250 ml топла вода
  • 50 g свеж квасец
  • 250 ml масло
  • 600 g брашно
  • 3 лажички какао
  • 3 лажички брашно
  • Џем

За сируп:

  • 350 g шеќер
  • 350 ml вода
  • Ванила

vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-1.JPG

Подготовка:

1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото.

2. Поделете го на 2 дела.

3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно.

4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12).

5. Оставете ги околу половина час да нараснат.

6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие.

7. Загрејте ја рерната на 220 степени.

8. Премачкајте два голема плеха.

10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm.

11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички.

12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути.

13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот.

14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.

vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-2.jpg



Изменето од Valerija - 22.Февруари.2018 во 08:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2015 во 09:14

ПОСНА БАЈАДЕРА СО КОКОС

18

Потребни состојки:

  • 1dl вода
  • 300g шеќер
  • 250g маргарин
  • 250g кокос
  • 200g мелени ореви
  • 200g чоколадо за готвење

Подготовка:

Сварете ги водата и шеќерот 5-6 минути, додека шеќерот не се растопи. Додајте 200g маргарин и постојано мешајте.

Тргнете го тенџерето од рингла, па додајте го кокосот и оревите.

Добро измешајте ја густата смеса и поделете ја на 2 дела. Во еден од нив додајте 100g од чоколадото за готвење и мешајте додека не се стопи.

Во мала правоаголна тава ставете го прво посветлиот дел, па чоколадниот. Израмнете ја бајадерата, па прелијте ја со топено чоколадо и преостанатите 50g маргарин.

Колачот до служењето чувајте го во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2015 во 11:11

Посни рум пралини

ComplexityЛесноPersons12 лицаTime30 мин – 60 мин
  1. Состојки

  2. 250 гр. маргарин
  3. 300 гр. чоколада за готвење
  4. 200-250 гр. шеќер во прав
  5. 1 лажица рум
  6. од око мелени ореви
  7. за глазурата
  8. 100 гр. чоколада
  9. 3 лажици зејтин

Подготовка
1. Маргаринот заедно со чоколадото и шеќерот во прав растопете ги на пареа, бркајте со лажица се додека не се стопи шеќерот, а тоа е многу бргу. Тргнете од огнот, оставете малку да олади.
2. Додадете го румот и смелените ореви се додека не добиете смеса која се лесно обликува.

Забелешка
Забележавте дека нема количина на ореви, никогаш не измереив, во смесата ставам онолку колку што е потребно да стане податна за да можам да обликувам од нив формите. На вас останува дали ќе се одлучите да направите пралини, значи како во предходно опишаните пралини постапката е иста - ги правите прво формите од калапот, ги вадите, а потоа лажичка мала од припреманата глазура и вметнувајте ја направената форма од смесата. Ставете за 15 мин. во фрижидер и потоа вадете ги од калапот. Ако се одлучите и за бомбици - валкајте ги во мелени ореви, кокос... изберете си вие или пак глазрајте ги со самата глазура.
Бидете креативни... може шареноликост да спремате.



Посни рум пралини
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 12:53

ПОСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА

0

Состојки

За кората:

250 гр мелени ореви
200 гр шеќер
200 гр брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
1/2 лажиче сода бикарбона
1 лажиче цимет
малку мелено каранфилче
3 дцл вино (бело или црвено)

За филот и глазурата:

4 лажици џем од кајсии, јагоди, праски или шипки
150 гр чоколадо за готвење
малку маргарин
малку рум

Подготовка:

– Во садот во кој ќе матите измешајте ги брашното, содата бикарбона и прашокот за пециво. Во тоа додадете го шеќерот, мелените ореви, каранфилчето, ванилиниот шеќер и циметот. Измешајте убаво.

– Во тоа додадете го виното и измешајте со дрвена лажица да добиете компактна смеса.

– Оваа смеса сипете ја во округла тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Кога тестото ќе биде печено извадете го од тавата, оставете да се излади и пресечете го по должина на половина за да добиете две округли кори. Едната кора ставете ја на украсна чинија за торти.

– Загрејте го малку џемот и со него премачкајте ја кората. Одозгора ставете ја втората кора која исто така ќе ја премачкате со џем, одозгора и од страните.

– За глазурата, истопете го чоколадото на пареа со малку маргарин и рум.

– Прелијте ја врелата глазура над тортата и оставете да се излади пред да ја послужите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2016 во 10:37
Сникерс бајадера

Потребни состојки:

250гр маргарин

100гр кикирики

300гр мелени бисквити

200гр шеќер

Децилитар млеко

200гр чоколадо

Подготовка:

Истопете 200гр маргарин и додадете го шеќерот. Кога ке се соединат додадете 100гр чоколадо, мелените кикирики, бисквитите и млекото. Ставете ги во плех. Кога малку ке се олади, полите го со 100гр чоколадо и 50гр маргарин.

Совет: за да избегнете бајадерата да се залепи за дното на плехот, претходно премачкајте го со масло или обложете го со харија за печење.



Изменето од Valerija - 22.Март.2019 во 14:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2016 во 08:15

Посни десерти кои мора да ги пробате


Месец април за многумина е во знакот на Велигденските пости, па ако се одлучивте да постите, а сепак сакате да уживате во некој десерт, можете да се соочите со голем проблем - што да одберете?

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-001.jpg

Ако немате никаква идеја какви вкусни, а посни десерти можете да направите:

Посен меден колач

Потребни состојки:

  • 300g шеќер
  • Малку сода бикарбона
  • 50g мелени ореви
  • Каранфилче и цимет
  • 200g брашно
  • Сок и кора од лимон
  • 2 лажици мед
  • Екстракт од ванила


Подготовка:

1. Во сад ставете ги сите состојки, заедно измешајте ги додека не добиете компактна смеса и оставете ги половина час да отстојат.

2. Во загреана рерна на 180 степени печете го претходно подготвеното тесто околу половина час или додека не добие златно жолта боја.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-1.jpg


Посни штангли од лешник

Потребни состојки:

  • 250g шеќер
  • 100g суво грозје
  • Сок од половина лимон
  • 250g мелени лешници
  • 100g смокви
  • 250g сушено јужно овошје (ананас, урни...)
  • Топено чоколадо по желба


Подготовка:

1. Шеќерот ставете го во сад за готвење и налејте вода за да направите шербет.

2. Во зготвениот сируп додадете ги лешниците, сувото грозје и ситно сечканите смокви.

3. Помешајте сè добро и понатаму продолжете да готвите на средна температура.

4. На плотната наросете шеќер и ставете ја зготвената маса.

5. Тестото поделете го на два дела и оставете го да се олади.

6. Едниот дел од тестото премачкајте го со сокот од лимон и наросете го јужното овошје.

7. Останатиот дел од тестото ставете го како втор слој горе, над овошјето.

8. Тестото прелијте го со стопено чоколадо, а откако ќе се олади, пресечете го на штангли.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-2.jpg


Бомбици од ориз, бадеми и лешници

Потребни состојки:

  • 200g интегрален ориз
  • 50g шеќер во прав
  • 100g печени лешници
  • 100g суво грозје
  • 50g печени бадеми
  • Сок од портокал
  • Екстракт од рум
  • 3 лажици кокосово брашно


Подготовка:

1. Оризот сварете го и добро оладете го.

2. Во него додадете ги печените лешници, бадеми, сувото грозје, сокот од портокал и екстрактот од рум.

3. Добро измешајте ги состојките додека не добиете компактна смеса и од нив правете топчиња.

4. Топчињата тријте ги во кокосовото брашно.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-3.jpg


Посни лешник бајадери

Потребни состојки:

  • 400g маргарин
  • 10 лажици вода
  • 400g шеќер во прав
  • 400g мелен посен кекс
  • 400g мелени лешници
  • 100g чоколадо за готвење


Подготовка:

1. Сите состојки, освен чоколадото, измешајте ги за добро да се соединат.

2. Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови и оставете ги да отстојат најмалку два часа во фрижидер.

3. Во едната додадете го растопеното чоколадо за готвење и мешајте додека не добиете компактна смеса.

4. Во четвртаст сад наредете еден слој од смесата со чоколадо, потоа целата смеса без чоколадо и уште еден слој со чоколадо.

5. По желба, можете да додадете и слој топено чоколадо.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-4.jpg


Посни ванилици

Потребни состојки:

  • 200g ореви
  • 250g шеќер
  • 150g брашно
  • Шеќер во прав
  • Масло
  • Џем


Подготовка:

1. Промешајте ги мелените ореви, шеќерот, брашното и масло по желба.

2. Добро мешајте додека состојките не се соединат и со мала чаша вадете мали парчиња од тестото.

3. Наредете ги во плех и печете ги на средна температура додека отприлика 20 минути додека не добијат боја.

4. Парчињата спојувајте ги со џемот и на нив наросете од шеќерот во прав.

5-posni-recepti-koi-morate-da-gi-probate-5.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2016 во 08:24

Посен ручек кој ќе го поделите со пријателите: Крцкави рози од компир


Полека, но сигурно се наближува Велигден, а дотогаш веројатно сте се одлучиле да постите, па компирите и оризот ви се главен извор на полнење на стомакот.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-1.jpg

Имаме интересен рецепт за печење на компири со кои не само што ќе бидат вкусни, туку и ќе ви изгледаат убаво.

Веројатно ќе сакате да ги послужите секојпат кога ќе имате гости.

Потребни состојки:

  • Еден компир
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер по желба

Подготовка:

Процесот на подготвување на розите од компири е едноставен.

Еден компир ви е доволен. Исечкајте го на тенки парчиња.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-2.jpg

Парчињата наредете ги во една линија, едно по друго.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-3.jpg

Потоа започнете да ги ролате во круг.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-4.jpg

Откако ќе завршите со навртувањето на ситно сечканите парчиња компир, на крај ќе добиете роза.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-5.jpg

Подготвените рози наредете ги во плех за печење на мафини, посолете ги и ставете бибер и други зачини по желба.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-6.jpg

Печете ги на претходно загреана рерна на 180 степени 30-на минути или барем додека не забележите дека добиле златно жолта боја.

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-7.jpg

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-8.jpg

На здравје!

posen-rucek-koj-kje-go-podelite-so-prijatelite-rozi-od-kompiri-9.jpg

Истото можете да го направите и со едно јаболко, од него да направите интересен посен десерт.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 20:29
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Сникерс бајадера



Потребни состојки:

250гр маргарин

100гр кикирики

300гр мелени бисквити

200гр шеќер

Децилитар млеко

200гр чоколадо

Подготовка:

Истопете 200гр маргарин и додадете го шеќерот. Кога ке се соединат додадете 100гр чоколадо, мелените кикирики, бисквитите и млекото. Ставете ги во плех. Кога малку ке се олади, полите го со 100гр чоколадо и 50гр маргарин.

Совет: за да избегнете бајадерата да се залепи за дното на плехот, претходно премачкајте го со масло или обложете го со харија за печење.




Ova ne e Posno .
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 12:56
Ќе ја тргнам статијата,не сум забележала дека има млеко.
Благодарам за сугестијата!

Еве посно нешто

Посен десерт: Колач медено срце


Уште еден рецепт во кој ќе можете да уживате за време на постите.

posen-desert-kolac-medeno-srce-01.jpg

Богатиот вкус на црното чоколадо и мармаладот ќе ги разбудат сите ваши сетила и ќе сакате парче повеќе само за себе.

Состојки:

  • 250ml минерална вода
  • 120ml масло
  • 200g кафеав шеќер
  • 1 лажица мармалад од кајсија
  • 250g брашно
  • 3 лажици какао
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет

За премачкување на колачот:

  • 3 лажици мармалад од кајсија

Глазура:

  • 100g темно чоколадо
  • 2 лажици масло

Подготовка:

Во поголем сад ставете ја минералната вода, маслото, шеќерот и една лажица мармалад.

Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната и циметот и додадете ја течната смеса.

Мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки.

Турете ја смесата во подмачкан сад за печење со големина околу 25 х 25cm и печете 25 минути во загреана рерна на температура од 200°C.

Додека колачот е жежок премачкајте го со мармалад.

posen-desert-kolac-medeno-srce-02.jpg

На тивок оган стопете го чоколадото со 2 лажици масло и со тоа премачкајте колачот.

Забелешка: За сите оние кои не постат, чоколадната глазура можете да ја направите и така што наместо 2 лажици масло ќе ставите 3 лажици слатка павлака.

posen-desert-kolac-medeno-srce-03.jpg

posen-desert-kolac-medeno-srce-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 15:40

Посни крекери со семки





Посни крекери со семки


 Потребни состојки:

  • 200 мл (1 чаша) палента (може и пченкарно брашно или микс по желба),
  • 200 мл (1 чаша) печено семе и семки (сончоглед, сусам, ленено и др.по желба,
  • 300 мл провриена вода,
  • 100 мл масло (измор на масло по желба),
  • Сол по вкус.

Постапка:

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, палента, семки и сол.

Во сето тоа додадете 100 мл масло или помалку. Добро измешајте.

на крај додадете 300 мл провриена вода. Водата треба да зоврие, па оставете ја на страна 10 минути, па тогаш додадете ја во смесата.

Кога ќе ги споите сите состојки, смесата можеби ќе ви изгледа ретка, но таква треба да биде.


Подготовка:

По неколку минути, додека го приготвувате плехот со хартија за печење, смесата ќе стане погуста.

Во суштина, количината на водата не е фиксна, бидејќи различни брашна (палента), различно впиваат вода, па така некогаш треба да додадете повеќе брашно, а некогаш повеќе вода.

Ставете хартија на плехот кој не мора да го подмачкувате.

Разлејте ја смесата која сте ја приготвиле. Треба да биде со дебелина од 2-3 милиметри..

Кога ќе ја ралиете смесата, можете да ја засечите со нож. Ова е важно ако сакате да добиете облици, на пример правоаголници. Ова не е неопходно, но после печењето ќе треба да кршите неправилни облици.

Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.



Изменето од Valerija - 02.Април.2016 во 15:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 22:01
Посна шарена мусака


500 г компири
200 г интегрален ориз
100 г моркови
60 г грашок 
50 г непечени кикиритки
60 г пченка
100 мл растителна павлака за готвење
60 мл масло 

Подготовка:

Компирите исечете ги на тркалца, па запржете ги малку на масло за да поруменат. Морковите исечкајте ги на коцки, кикиритките здробете ги и измешајте ги со грашокот и оризот. Во длабок плех, кој претходно сте го премачкале со масло на днотот, наредете половина од компирите, преку нив наредете го измешаниот зеленчук и прекријте го со останатата половина на компири. 
Одозгора ставете ја растителна павлака за готвење, потоа ставете 4 чаши вода и печете 15 минути на 250 степени. Потоа намалете на 200 степени и печете ја мусaката уште еден час. 



Изменето од Valerija - 02.Април.2016 во 22:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:01

Посен ручек: Компири во рерна со печурки и праз


Одличен прилог за јадењата со месо или пак посен ручек кој сите ќе го сакаат.

Kompiri-od-rerna-so-pecurki-i-praz-01

Празот е тајната состојка на ова јадење која кој ќе му даде прекрасен вкус на јадењето, и ќе помогне да остане сочно и вкусно.

Потребни состојки:

  • 1 тенок праз
  • 400g поситни печурки (шампињони)
  • 4 големи компири
  • 1 лажица Вегета
  • 2 лажици маслиново или сончогледово масло
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажичка К*ркума
  • сол и вода

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го празот, додадете една чаша вода, масло и зачин и ставете го на оган да се динста.

2. Во меѓувреме излупете ги компирите и исечете ги поголеми парчиња и ставете ги да се варат. Варете ги 10 минути и тргнете ги од оган.

3. Откако празот ќе се издинста, во земјен сад, ставете половина од празот и убаво распоредете го. Врз него ставете слој од компири и свежи печурки.

4. Во преостанатиот праз додадете 250ml вода, малку сол, К*ркума и 1 лажица брашно и сè убаво измешајте. Со оваa смеса прелијте ги компирите и печурките.

5. Печете на 30 минути на 220 степени, така што садот ќе биде покриен со капак. После 30 минути извадете го капакот и печете уште дополнителни 30 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.