IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Посни јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посни јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 13:32
Посна тортиља

Потребно:
- 2 чаши бело брашно
- 1 чаша интегрално брашно (јас користев ржано)
- 2 лажички сода бикарбона
- 1 рамно лажиче сол
- 4 лажици масло
- по потреба жешка вода

Се замесува тесто од наведените состојки, се замесуваат 8-9 топчиња и се покриваат со крпа да отстојат десетина минути. Се расукува секое топче што е можно потенко и се става во подмачкано тавче со зејтин. Секоја страна се пече околу 2 минути. Направените тортиљи се завиткуваат во мокра крпа да отстојат.
Полнењето може да биде различно - јас избрав марула, ајвар и печурки. Може да се додадат маслинки, посен мајонез, растителен кашкавал (кој го конзумира), домати, краставици....
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 13:33
Посни ванилици

2 филџанчиња вода
4 филџанчиња масло- се ставаат заедно во тенџере да зовријат.Потоа се додава 1 прашак за пециво да запени и веднаш се тргнува од оган.Се додава и ванилин шекер и брашно ,се меша а потоа се меси.Брашно се става од прилика,во зависност од тоа колкави биле филџаните со кои сте мереле.Треба да се добие меко тесто.Се зема од тестото топче колку орев ,се сплеснува со раце,во средина се става малку мармалад и се собира од сите страни за да се затвори.Ванилиците се редат во ненамастено тавче и се печат само колку да заруменат.Кога се печени се вакаат во шекер во прав.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 14:05
Посни кокос кифлички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 грама Шеќер
1 кесичка/ки Прашак за печиво
30 милилитри Масло
1 Кора од лимон
50 грама Кокосово брашно
200 милилитри Вода
500 грама Брашно

Време за подготовка: 20 мин.
Време за готвење: 40 мин.

ПОДГОТОВКА:
Од сите состојки замесете тесто, со тоа што вода ќе додадете онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто.Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички.Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.Печете на 180 степени, околу 20-ина минути.Кога кифлите ќе заруменат извадете ги.Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер.Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 14:05
Посни соленки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 Шекер лажичка/ки
малку Сусам
2 лажица/ци Сол
15 лажица/ци Масло
1 мала лажица ким
1 Квасец
500 милилитри Вода
1 килограм/и Брашно
малку Афион

Време за подготовка: 15 мин.
Време за готвење: 30 мин

ПОДГОТОВКА:
Квасецот со малку шеќер, брашно и вода се остава да стаса на стандарден начин.Брашното (околу 1 кг.) ставете го во длабок сад и направете влдабнување па додадете ги квасецот, маслото, солта, шеќер и водата.Замесете средно тврдо тесто.Убаво измесете го и оставете да стасува.Откако тестото ќе го удвои волуменот премесете го и расукајте тенка кора.Од тестото земајте и правете долгнавести форми.Намачкајте ги со малку масло и посипете со сусам, афион или ким.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 14:07
Топчиња од јаболка

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама Шеќер
малку Цимет
200 грама Портокал
50 грама Кокосово брашно
200 милилитри Вода
50 грама Бадеми
1000 грама Јаболки

Време за подготовка: 30 мин.
Време за готвење: 30 мин.

ПОДГОТОВКА:
Шеќерот ставете го во сад и варете го додека сирупот не почне да се згуснува.Излупените и исчистени јаболка додадете ги во сирупот, промешајте, исцедете сок од портокалот и додадете ја неговата претходно иструганата кора.Непрекинато мешајте, сè додека масата не се згусне.Тогаш тргнете од огнот и вмешајте ги исецканите бадеми.Правете топчиња, па секое извалкајте го во кокосовото брашно измешано со цимет.Ставајте ги на кујнска хартија, а кога ќе се оладат веднаш послужете.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 14:07
Посни гевречиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 Шекер лажичка/ки
малку Сол
200 милилитри Масло
1 Квасец
500 милилитри Вода
500 грама Брашно

Време за подготовка: 20 мин.
Време за готвење: 30 мин.

ПОДГОТОВКА:
Откако квасецот ќе стаса со другите состојки се замесува средно меко тесто. 
Се кинат парчиња и се прават гевречиња. 
Секое геврече се става во топла вода, па во сусам, се остава да стаса и потоа се пече.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 14:08
Полнети тиквиња

Потребно: 2 поголеми тиквиња ( но не преголеми), 3 раце соја (претходно попарена во врела вода и истискана од вишокот на водата), 1 рака ориз, 1 лаж. вегета, црн пипер, сол по вкус, 1 главица пржен кромид, 1 домат (рендан), 1 лаж. црвен пипер, половина филџан масло, 4 лаж. домашен ѓувеч, лута пиперка, 2 домати, 2 филџ. вода (по 1 за во секое тикве, но да биде солена), 4 лаж. бело вино, масло.
Подготовка: Тиквињата се лупат и со лажица им се вади средишниот дел (семките). Се посолуваат внатре и надвор и се полнат со филот.
Филот се состои од: сојата, оризот, кромидот, ѓувечот, ренданот домат, сол, вегета, црвен пипер, црн пипер, маслото. Се заедно се меша и се полнат тиквичките. ПНа секое тикве им се става по еден филџан вода и се затвораат со половика домат. Другиот домат се сече на тркалца, а исто и пиперката и се ставаат од страна во тавата. 
Од страна, се додава водата, маслото, повторно уште една лаж. црвен пипер и се покрива со фолија. Се пече во рерна на 200 степени околу 50 минути, без да се вади фолијата. Потоа секое тикве се полева со по 2 лаж. бело вино (за да не се кршат и да не разлеат од високата температура), се вади фолијата и се остава уште 40 минути за горе да поруменат.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 14:15
Посна торта со јаболки

-6 рендани јаболки, им се става одозгора 1 кафена лаж. сода бикарбона и се гмечат со раце за да пуштат сок
-како мерка се зема една чаша за млеко (200 или 250 мл.):
-1 чаша зејтин
-1 чаша сецкани ореви
-2 чаши шеќер
-2.5 чаши брашно

-Се` се меша и се пече на 250 степени (со чепкалка се проверува кога е готова тортата, тестото да не се лепи на чепкалката).
По желба може одозгора да се стави и прав шеќер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 14:16
Соја со праз и печурки

Потребно: 1/2 пакетче соја топчиња, една главица кромид, лук по вкус, 2 -3 ловорови листови, 2 стебла праз, 500гр. свежи шампињони, 5-6 поголеми компири, 100мл. бело вино, 100мл. вода, масло, сол, црн пипер, вегета, босилек, 1/3 маргарин кристал, соја сос. 
Подготовка:Сојата се става во вода да зоврие во која се става кромидот, лукот, ловоровите листови. Се остава да врие околу 15 минути, се со цел да се отстрани специфичниот мирис на сојата. Се процедува и се остава да лади. Потоа се цеди со рака, за да нема многу вода во себе. Кромидот, лукот, листовите не се потребни и можат да се исфрлат.
(*Сојата може да се приготви и ден претходно, за да не одзема многу време.)
Празот се сецка ситно и се пропржува само малку само да омекне. Се сецкаат на листови шампињоните и се пропржуваат 5-7 минути колку да го испуштат сокот од себе. 
Сојата се зачинува со вегета, црн пипер и босилек и исто малку се пропржува во тава настрана. 
Компирите се сечат на коцкички и се ставаат во подлабока тава или плех. Се додаваат шампињоните, празот и маргаринот. Во тавата се додава виното, водата, маслото и се зачинува по вкус. Се става во рерна да се динста. Кога половина од течноста испари, тогаш се додава сојата. Сојата се додава на половина од готвењето за да не прима во себе течност вишок течност.
По вкус ставете соја сос. 

Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2014 во 08:16

Како да направите фантастични посни сарми за Свети Никола?


Има милион рецепти за посни сарми кои може да ги пробате оваа зима, но ако сакате да послужите совршени сарми за Свети Никола, ова е единствениот рецепт кој ви треба.

kako-da-napravite-fantasticni-posni-sarmi-za-sveti-nikola-01.jpg

Состојки:

  • 4 главици кромид со средна големина
  • 2 стапчиња праз
  • 5 средни моркови
  • Малку магдонос
  • 4 чешниња лук
  • 500g ориз
  • 1 компир
  • 2 главици кисела зелка
  • Брашно
  • Вегета
  • Црвен пипер
  • Сол и бибер


Подготовка:

Во поголем сад ставете масло со дебелина од 1 прст. На маслото пропржете го кромидот со празот.

Оризот потопете го во вода.

Лукот ситно исечкајте го, морковот, целерот и магдоносот крупно изрендајте ги и додадете ги сите зеленчуци во пропржениот кромид и праз.

Потоа додајте го процедениот ориз и динстајте 10тина минути.

Тргнете ја мешавината од рингла и зачинете, па додадете го изренданиот компир и 1 рамна лажица брашно.

Одвојте ги листовите од зелка и започнете да ги мотате сармите.

Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете.

Најдобро е да ги печете во земјен сад кој ќе го покриете со фолија. Оставете ги сармите 4 часа на 150 степени.

kako-da-napravite-fantasticni-posni-sarmi-za-sveti-nikola-02.jpeg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2014 во 22:44

Гурабии (посни)

    Состојки

    • 250 г маргарин (студен од фрижидер)
    • 150 г шеќер
    • 200 мл масло за јадење
    • 100 мл вода (млака)
    • 1 кесичка прашо за пециво
    • 150 г јаткасти плодови(препорачувам бадеми)
    • 1 кутивче ванила кристали (за во тестото)
    • 750+150 г меко брашно
    • 200 г шеќер во прав (измешано со едно кутивче ванила кристали)


    Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото освен брашното и бадемите. Иако маргаринот е студен и така потешко се замесува тестото, не препорачувам да се затопли. Со текот на многубројните подготовки на овие колачи, увидов дека тие се поровки и повкусни ако се замесени со студен маргарин. Додајте околу 400 гр.од подготвеното брашно,месете додека се изедначи смесата,потоа постапно додајте уште 350 гр. од брашното.Откако утште еднаш ќе измесите изедначено тесто, ќе увидите дали има потреба да се додава уште брашно,бидејќи зависно од видот на брашното, може да се случи и тоа количество од 750 гр. да биде доволно.

    Тестото замотано во пластична фолија оставете го околу половина час во фрижидер, а потоа додајте му ги и бадемите и размесето го за да се изедначи смесата.
    Меѓу двата слоја пластична фолија ставете дел од тестото, рассукајте го на дебелина која ви одговара (јас обично кората ја правам околу 5-6мм дебела)и со калапчиња за колачи или со чаша,исечете разни форми. Печете на тава со хартија за печење во претходно загреана рерна на 175 степени околу 15 минути.Кога малку ќе се оладат, извалкајте ги во шеќер во прав.

    Гурабии
    Внимавај кому му веруваш.
    И ѓаволот еднаш беше ангел.


    Being RICH
    is not about how much you have,
    BUT about how much you GIVE

    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2014 во 12:27

    Во последен момент за Свети Никола: Посни црно-бели кифлички готови за 20 минути


    Ако ви фали уште нешто на трпезата за вечерашната слава, овие кифлички ќе ви завршат голема работа. Лесни и едноставни, само со неколку состојки, може да направите несекојдневни кифлички само за 20 минути.

    vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-01

    Потребни состојки за тесто:

    • 250 ml топла вода
    • 50 g свеж квасец
    • 250 ml масло
    • 600 g брашно
    • 3 лажички какао
    • 3 лажички брашно
    • Џем

    За сируп:

    • 350 g шеќер
    • 350 ml вода
    • Ванила

    vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-1.JPG

    Подготовка:

    1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото.

    2. Поделете го на 2 дела.

    3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно.

    4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12).

    5. Оставете ги околу половина час да нараснат.

    6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие.

    7. Загрејте ја рерната на 220 степени.

    8. Премачкајте два голема плеха.

    10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm.

    11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички.

    12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути.

    13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот.

    14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.

    vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-2.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2014 во 12:29

    Посни гурманлуци за Св. Никола


    Православните верници денес одбележуваат голем празник, слава на св. Никола. Како што наложуваат правилата на верата, празникот се прославува со посни јадења.

    Печен лосос во сос од портокал

    Потребни состојки:

    • 1 кг. филети
    • 50 мл. маслиново масло
    • 3 лажици лимонов сок
    • Сол, бибер

    За сосот:

    • 300 мл. сок од портокал
    • 80 гр. лук
    • 30 гр. масло
    • 250 мл. растителна павлака
    • 1 лажица густин
    • 1 лажица исечена кора од портокал
    • ½ лажица бибер
    • 1 лажица вегета

    Подготовка:

    Филетите посипете ги со лимоновиот сок, малку посолете и забиберете. На загреано масло од двете страни испржете ја рибата и ставете ја на топло место. На масло кратко испржете го лукот, залијте со сок од портокал и со околу 100 мл. вода. Заедно гответе околу 5 минути. Додадете ја исечената кора од портокал, вегетата и биберот. Варете уште пет минути и на крај додадете густин, разматен во малку вода и павлаката. Пуштете уште малку да проврие. Топлата риба прелијте ја со сосот и послужете.

    Манастирска сарма


    Потребни состојки:

    • 20 листови кисела зелка
    • 1 главица кромид
    • Малку праз
    • 1 поголем морков
    • 1 поголем компир
    • 1 јаболко
    • ½ шолја сецкани ореви
    • 1 шолја варен ориз
    • 50 гр. суво грозје
    • Сол, вегета, бибер
    • Масло
    • 1 шолја вода

    Подготовка:

    На масло испржете го кромидот и празот, па додадете ги исецканите морков, кромид и јаболко, потоа посолете и динстајте уште пет минути. Додадете ги сецканите ореви, сувото грозје и варете уште неколку минути. Тргнете од рингла, па додадете го оризот и зачинете со бибер и зачин. Направете сармички и ставете ги во подлабок сад, во кој претходно сте ставиле малку масло и листови зелка. Прелијте со вода и два децилитри масло, па ставете во рерна на 220 степени. Печете околу еден час.

    Сом во сос од зеленчук


    Потребни состојки:

    • 400 гр. филети сом
    • 2 лажици маслиново масло
    • 2 моркови
    • 1 корен першун
    • 1 кромид
    • 1 корен целер
    • 2 домати
    • 1-2 феферони
    • 1 пиперка
    • Сол, бибер
    • Лист од першун
    • Супа од зеленчук

    Подготовка:

    На масло испржете го кромидот. Додадете го исецканиот зеленчук и фефероните, залијте со малку супа од зеленчук и оставете покриено со капак. Посолете и варете додека зеленчукот не омекне. Додадете ја рибата и продолжите да готвите уште 15 минути на лесен оган. Додадете го биберот и зачинете по вкус. Кога јадењето е готово посипете со першуновиот лист.

    Печен ослич во бело вино


    Потребни состојки:

    • 4 помали парчиња ослич
    • 2 лажици сенф
    • 2 лажици вегета
    • 1 дл. бело вино
    • 1 дл. вода
    • Бибер
    • 3 чешчиња лук
    • 1 лимон
    • 50 гр. ѓумбир

    Подготовка: 

    Рибата добро исчистете ја, а сите состојки добро измешајте ги заедно. Садот за печење подмачкајте го со малку масло и наредете по него крукчиња лимон и исецкан ѓумбир. Рибата премачкајте ја со измешаните состојки и ставете ја на парчињата лимон и ѓумбир. Сипете вода и бело вино. Садот прекријте го со фолија, па рибата печете ја еден час, потоа скинете ја фолијата и печете уште 15 минути за да добиете поубава боја. Сервирајте го осличот со варен или пак печен зеленчук по желба.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2015 во 16:16

    Посен рецепт за неодоливите ишлери


    Велигденскиот пост е во полн ек, па оние кои се одлучиле на ваквиот режим на исхрана постојано бараат рецепти кои не содржат намирници од животинско потекло. Затоа ние сме тука за вас, со овој посен рецепт на омилените колачиња ишлери, во кои можат да уживаат и оние кои не се на пост.


    Потребни состојки:

    • 180 гр маргарин 

    • 100 гр шеќер во прав 

    • 100 гр печени мелени лешници 

    • 200 гр брашно 

    • мармалад од кајсии

    За глазура:

    • 250 гр шеќер во прав 

    • 100 гр чоколадо 

    • половина чаша вода 

    • малку маргарин

    Подготовка:

    Од сите состојки (без мармаладот и оние за глазурата) замесете тесто и оставете го да отстои во фрижидер половина час. Потоа развијте го во дебелина од половина сантиметар, извадете модла или чаша и направете кругчиња. Поставете ги кругчињата на тавче обложено со хартија за печење и ставете ги во рерна да се печат на умерена температура отприлика 20-тина минути. Кога ќе забележите дека се готови, извадете ги и оставете ги малку да се подоладат.

    За тоа време направете ја глазурата. Зовријте ја водата со шеќерот, така што масата ќе стане густа како за слатко, во неа ставете го чоколадото добро да се растопи и со постојано мешање додадете го и маргаринот. Оставете ја глазурата да се подолади.

    Половина од печените кругчиња премачкате ги со мармалад од кајсии, поклопете ги со другите кругчиња и потоа од горната страна потопете ги во глазурата од чоколадо. Вашите домашни посни ишлери се готови. Уживајте!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,455 секунди.