IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 35>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2011 во 14:03
Македонија го прекина слободнот пад, сега сме на 93-то место
19/10/2011 13:39
 

Македонската фудбалска репрезентација го прекина слободниот пад на рејтингот на ФИФА листата, па на најновото рангирање на најдобрите светски селекции “црвено-жолтите’ се наоѓаат на 93-та позиција.

Ова е успех, ако се знае дека станува збор за скок од минатиот месец, кога Македонија претставуваше 94-та фудбалска велесила во светот. Во однос на претходната ранг-листа, македонскиот национален тим успеа да ја мине селекцијата на Нигер, но нашата репрезентација се уште се наоѓа зад селекции како Сиена Леоне, Либија, Капе Верде, Замбија, Јордан, Ел Салвадор и многу други.

На првото место на ФИФА листата се зацврсти актуелниот европски и светски шампион Шпанија, која го искористи поразот на Холандија во квалификациите за ЕП од Шведска и ја зголеми бодовната предност.

„Црвената фурија“ има 1624 бода, пред ’лалињата’ со 1425 и Германија со 1352 бода. Четврти е Уругвај пред Бразил, кој се искачи за две позиции, а селекцијата на Италија остана на шестото место.
Англија е подобро пласирана за една позиција и е седма, Грција напредуваше за три позиции, исто колку што падна Португалија, а Топ 10 ја затвораат репрезентациите на Аргентина и Данска.

ФИФА ранг листа, Топ 10:

1.Шпанија 1624 бода
2. Холандија 1425
3. Германија 1352
4. Уругвај 1230
5. Бразил 1144
6. Италија 1135
7. Англија 1101
8. Грција 1044
8. Португалија 1044
9. Аргентина 1030
10. Данска 1030 
 
 
 
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2011 во 23:42
Македонија - Албанија 0:0
 
Фудбалските репрезентации на Македонија и Албанија, попладнево на стадионот во Прилеп, во пријателски натпревар, одиграа нерешено 0-0
 

 
 
Ова беше третиот нерешен резултат, во осмата пресметка на овие две репрезентации. И покрај нерешениот исход Македонија остана со позитивниот биланс со Албанија, „црвено-жолтите“ имаат четири победи и само еден пораз.

Дуелот во Прилеп мина во подпросечна игра на двете репрезентации, играта во најголемиот дел се одвиваше на средината од теренот. Албанците најсериозната шанса ја имаа во 13. минута кога Роши, од изгледна позиција биеше крај голот, од друга страна Македонија, преку повратникот Илчо Наумовски постигна гол, во 37. минута, кој судијата Винчиќ го поништи поради офсајд.

Оправдување, доколку може да има за македонскиот селектор Џон Тошак, може да биде отсуството на носителите на играта Пандев, Тричковски, Новевски и Попов. Сепак и покрај неиграњето на овие четворица играчи, останува впечатокот дека пред Тошак претстои макотрпна работа, за да ја подготви селекцијата за квалификациските натпревари за пласман на СП во 2014 година.

Мечот со Албанија беше петти за Џон Тошак на клупата на македонската селекција, Македонија под негова палка има една победа над Андора, две нерешени средби и два порази.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2011 во 12:35
Катастрофа - Македонија падна на 103-то место на најновата ФИФА листа

Македонската фудбалска репрезентација е убедливо најлошо пласирана на ФИФА листата во последните 15 години. Македонската фудбалска репрезентација го допре дното. На најновата ФИФА ранг листа која е објавена денеска за месец ноември, Македонија се наоѓа на катастрофалното 103-то место со 333 бодови. Со овој пад Македонија се најде меѓу најслабите селекции од Европа, каде се наоѓаме во рангот на Сан Марино, Луксембург, Исланд, Андора, Фарски Острови и Лихтенштајн. На врвот на листата првите четири репрезентации останаа непроменети. Прва е Шпанија, а следуваат Холандија, Германија и Уругвај. Со скок од две места сега Англија е 5-та, а Бразил шести. По бараж дуелите Португалија напредуваше едно место и е седма, а најголем скок во првите десет направи Хрватска која од 12-то место се проби на 8-то. Девета е селекцијата на Италија, а топ 10 селекции ги заокружува Аргентина.


Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2011 во 19:34

Распоред на натпреварите на македонската репрезентација за СП во Бразил 2014:

07.09. 2012 Хрватска – Македонија
11.09. 2012 Шкотска – Македонија
12.10. 2012 Македонија – Хрватска
16.10. 2012 Македонија – Србија
22.03. 2013 Македонија – Белгија
26.03. 2013 Белгија – Македонија
06.09. 2013 Македонија – Велс
10.09. 2013 Македонија – Шкотска
11.10. 2013 Велс – Македонија
15.10. 2013 Србија – Македонија


Изменето од LiDivio - 23.Ноември.2011 во 19:36
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 10:18

Тошак без креативност во селектирањето


Македонскиот селектор Џон Тошак го објави списокот за првиот годинешен меч на националната репрезентација во Луксембург и по малку изненади со неговиот избор, со 19-темина селектирани.

Велшкиот стратег, инаку славен напаѓач на Ливерпул и најофанзивен тренер во Шпанија со рекордните 107 гола како предводник на Реал Мадрид, за дуелот со 133 селекција на светот, реши да селектира дефанзивно настроен тим, гледајќи го фактот дека две третини од 19-мината на списокот се играчи со исклучителни дефанзивни карактеристики – девет одбранбени, плус тројца деструктивни играчи за врска. Безмалку некреативна селекција на Тошак, и тоа за дуел со слаб противник, па јавноста останува заинтригирана колку дефанзивци ќе има на списокот кога ќе почнат квалификациите и мечевите со Србија, Хрватска, Белгија, Шкотска, Велс.

По обелоденувањето на списокот за Луксембург, денеска Тошак некако „го подели тимот“ на два дела, дефанзивен и офанзивен, во кој изостанува креативноста, односно во најважниот дел има најмалку селектирани фудбалери, играчите што треба да направат шанса за напаѓачите, и тоа само тројца со понагласена игра во одбрана. Останува нејасно зошто најдобриот стрелец есеноска од Првата лига, Филип Ивановски, повторно е заборавен од велшанецот.

Веќе извесно е дека „идеја за напад“ посебно ќе се бара од напаѓачите, кои ќе треба да ја пополнуваат дупката што стои 



Изменето од емил - 16.Февруари.2012 во 10:20
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 13:57
Виетнам, Зимбабве, Малави, Бахреин, Катар, Оман... па Македонија 101-ва

 
Македонската фудбалска репрезентација, иако не одигра ниту еден натпревар, направи прогрес од две места, на најновата ФИФА листа. И покрај напредокот, Македонија и понатаму е надвор од Топ 100, и се наоѓа на мизерното 101-во место.
 
 

Македонија има најлош рејтинг од противниците со кои ќе се сретнеме во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство, во Бразил, во 2014 година. Сите наши противници (Хрватска, Србија, Белгија, Велс и Шкотска) се наоѓаат меѓу најдобрите 50 светски репрезентации.

Хрватска и највисоко рангирана од нашите следни противници, на деветото место, Србија е 25-та, Белгија 39-та, Велс е на 42-та, а Шкотска на 48-та позиција.

Најголем прогрес на најновата ФИФА листа направи селекцијата на Габон, која, благодарение на пласманот во четвртфиналето на Африканскиот куп, напредуваше дури 48 места, и сега се наоѓа на 45-то место.

Новиот шампион на Африка, Замбија скокна на листата за цели 28 места и во моментов е на 43-то место.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2012 во 10:16

И во клубот на Мирко Ивановски му се чудат на Тошак 


овој во место да се чуди да почне да си ги тренира играчите како што треба и да не се меша во работата на друг тренер плазење злонамерно
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2012 во 06:34

Португалија - Македонија на 26. мај во Лисабон


Македонската фудбалска репрезентација ќе има силна контрола против селекција на Португалија предводена од Кристијано Роналдо.

Дуелот со Македонија ќе биде еден од подготвителните натпревари на Португалија за Европското првенство кое оваа година ќе се оддржи во Полска и Украина.
 
Фудбалската Федерација на Македонија посакува да договори уште една или две контроли во тој период кога селекциите ги имаат последните подготовките за првенството.
 
Ова ќе биде втор натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Португалија, првиот беше одигран на 2. април 2003 во Женева, загубивме минимално со 1-0.
 
Португалија на ЕВРО 2012 се наоѓа во "групата на смртта" заедно со селекциите на Германија, Холандија и Данска.
 
Македонија на 29. февруари со гостување кај Луксембург ја започнува серијата пријателски натпревари пред новиот квалификациски циклус.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 08:29

Луксембург за Македонија и за Тошак е повеќе од обична пријателска контролка


Македонската фудбалска репрезентација утре во пријателски меч и гостува на 133. светска селекција – Луксембург. Иако некогаш разликата на двете репрезентации беше околу сто места, сега е многу помала зашто ние паднавме на 101. Позиција. Сепак, и покрај ова рангирање, црвено-жолтите остануваат фаворити новата 2012 година да ја започнат со победа.

Вообичаено, февруарските пријателски мечеви во годините кога стартуваат квалификации, немаат некое поголемо значење, освен рутински да се одработи терминот. Се поголеми се барањата овој термин да се укине, оти прави поголема штета од корист, зашто за поголемиот дел од селекциите моментно е почеток на вториот дел од сезоната или таа само што почнала .  Но, тоа не е случај и со Македонија.

Загубената (само)доверба во тимот, лошите резултати од минатото, експериментите со составите, селекцијата на најдобрите…Сето ова наметнуваат еден поголем императив за Тошак и избраниците пред утрешниот меч, кој овојпат не е безначајна пријателска контролка, туку многу повеќе од тоа. Тошак најавува ренесанса која ќе кулминира со пласман на СП 2014 во кој силно верува, а за такво нешто, прво што треба да стори е да не убеди со победа утревечер.

Ви наведуваме неколку причини зошто мечот со Луксембург не е бескорисен за Македонија и зошто овој натпревар претставува вистински крстопат за најдобрите македонски фудбалери:

 

1. ПОБЕДА ЌЕ ЈА ВРАТИ РАЗНИШАНАТА АТМОСФЕРА ОКОЛУ ФУДБАЛСКАТА СЕЛЕКЦИЈА

Кошарката и ракометот во последните шест месеци со фантастичните резултати на Европските првенства сериозно го ставија фудбалот на маргините, а за тоа и помогнаа и самите фудбалски репрезентативци со катасторфалните настапи. Иако Луксембург не е ранг за да си ја измериме вредноста, секоја победа е добредојдена за враќање на разнишаната атмосфера и создавање на победнички менталитет пред стартот на квалификациите. Луксембург не е мерило, но не е мерило ниту Португалија (со нив сме на мегдан во мај), која со Роналдо е европски крем.

2. МАКЕДОНИЈА ИМА ЕДВАЈ ТРИ ПОБЕДИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 18 МЕСЕЦИ

Македонија има неверојатно катастрофален биланс во последните година и пол во сите мечеви на репрезентативно ниво, било да станува збор за квалификациски или за пријателски натпревари. Едвај три победи и тоа две со Андора и една со Азербејџан и сите со неубедлива игра и резултат (двапати 1-0, еднаш 2-0) се премалку за тим што има високо поставени цели, како тие на Тошак за СП.

Скорот од три победи, четири ремија и осум пораз со гол разлика 9-16 е преслабо дури и за тим што чиј императив е „златната средина“. Луксембург е рамен на Андора и Азербејџан, а одговорот, колку сме добри и воиграни ќе зависи од гол-разликата за 90 минути.

Само со победи и голови се создава победнички менталиет

3. ДА СЕ ВРАТИ ПРЕКАРОТ „МАЈСТОРИ ЗА ПРИЈАТЕЛСКИ“

Тоа што репрезентацијата ја красеше во минатото, беше фактот дека ако ништо друго, знаеме да играме на пријателски мечеви, кои ако се сметаат одделно, може комотно да не сместат во европскиот крем. Македонија ја радуваше јавноста барем на ваквите контролки, но и ја залажуваше за тоа дали сме кадарни за високи дострели. Пред стартот на трката за Евро 2012 имавме пет победи во седум меча, а во последнава година, едвај една победа против Азербејџан. Ако се суди по последните пет контролки, со тие резултати не ни можеме да се залажуваме како што беше случај претходно.

4. ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ ОСУМПАТИ СЕ ПОСКАПИ ОД ЛУКСЕМБУРЖАНИТЕ

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вреди трипати повеќе од целата селекција на Луксембург. Зад себе има калчолигашко искуство, трофеи, шампионски прстен од Серија А и европска круна. Со Иван Тричковски, се дел од шампионскиот крем во ЛШ и сезонава, Горан Попов играше во Лига Европа. Вкупно, Македонија вреди осумпати повеќе од противникот, но тоа треба да се потврди на теренот. Највреден играч на Луксембург според последните податоци на transfermarkt.de, е Марио Муч од Сион со 600.000 евра.

Мирко Ивановски постигна гол со Андора

5. ТОШАК ДА ЈА ПОТВРДИ ИСПРАВНОСТА ВО СЕЛЕКТИРАЊЕТО

Многу прашина се крена околу списокот што Џон Тошак го скрои на почетокот на годинава. Некреативното селектирање со само три играчи за врска, наспротив по девет дефанзивци (поради повредите сега има еден помалку) и девет напаѓачи, оставија прашања кои допрва треба да се одговорат. Веријатно уште по утрешниот меч. Сепак, боде очи повикот на Мирко Ивановски, кој како вистински печалбар шета од клуб во клуб за да најде ангажман, на сметка на најдобриот напаѓач во Првата лига, Филип Ивановски од Вардар. Тошак и Ивановски имаат шанса да ги затворат устите на сите, со добар настап и барем со два постигнати гола.

6. ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ЧЕТИРИ ПАРЧИЊА ЗА ЛУКСЕМБУРГ

Македонските фудбалери веќе имаат искуство од пресметка со Луксембург, затоа што пред четири години на исто место, ги почестија домаќините со четири парчиња во нивната мрежа. Горан Пандев постигна два гола, Илчо Наумоски и Влатко Грозданоски по еден. Вакво сценарио со две раце би прифатил и Тошак, со оглед дека за шест месеци колку што е селектор, засега не покажа ништо од најавите дека ќе направи селекција и истата ќе ја врати таму каде што заслужува.



Изменето од емил - 28.Февруари.2012 во 08:30
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 00:36
Вести од нашата фудбалска репрезентација. Вие само треба да ја изберете таа што највеќе ви се допаѓа.

1. Спортска верзија- Одлична игра на Македонската фудбалска репрезентација против шампионскиот тим на Луксембург. Минатогодишните светски шампиони беа скротени од нашата репрезентација во првиот дел, но разликата во искуството и квалитетот си го направија своето во вториот дел, па моќниот Луксембург со својот дрим тим успеа да постигне два гола и да победи со конечни 2-1.

2. Бизнис верзија- Финансиската криза ја зафати цела Европа, па во недостиг на пари, нашата фудбалска репрезентација во договор со Луксембуршката репрезентација успешно го наместија нивниот натпревар со два во еден и сите заработија во кладилниците убава сума на пари. Ионака мечот беше пријателски и немаше никакво натпреварувачко значење. Идеен творец на целата работа беше господинот Хаџиристевски.

3. Зелена верзија- На преубавиот и разеленет стадион во Луксембург, истоимената репрезентација ги нагости македонските дрвја, по повод денот на планетата земја. Во таа чест се одигра и фудбалски натпревар во кој домаќините беа подобри со 2-1. Во првиот дел топката се одби од македонското дрво- напаѓач и среќно заврши во голот на домаќините. Во второто полувреме почна да дува силен ветер, кој ги нишаше нашите дрва од одбраната и правеше дупки помеѓу нив кои ги искористија домаќините и постигнаа два гола.

4. Првоаприлска верзија- Македонската фудбалска репрезентација лесно и убедливо со 5 спрема 0 ги растури на делови аматерите од Луксембург.
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 01:09
Доказ дека треба на секое пукање 2 у 1 и 1 у 2 голема насмевка Бре што париња се земаа вечерва голема насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 11:31
Се уште не стивнуваат негативните коментари на социјалните мрежи за македонската фудбалска репрзентација од „аматерите“ на Луксембруг, згора на тоа се прават и шеги на сметка на нашите репрезентативци.

makedonija-500

Социјалните мрежи деновиве се преплавени со негативни коментари за фудбалерите, селекторот и раководството на ФФМ. Со нешто помал интензитет, но сепак и денеска не стивнуваат негативните реакции и коментари на социјалните мрежи.

Овие шеги започнаа од Луксембруг, односно од нивната страница на Фејсбук каде се потсмеваа со нашата репрезентација, а денеска можете да прочитате десетици слични такви коментари. Еве топ 5 кои ние успеавме да ги најдеме.

Топ 5 шеги за македонските фудбалери:

1. Пречекот на македонските фудбалери се преместува од Триумфална порта на „Дрво декор“.

2. Во петок одиме во кафана да се направиме „фудбалери“ (читај дрва)

3. Луксембург го совлада „фудбалскиот џин“ Македонија со 2:1. Светско првенство, еве не доаѓаме.

4. Новиот состав на Македонија:

Голман – даб, одбрана – бука, бор, врба, габер, среден ред – јасика, топола, елка, багрем, напад – бреза и чемпрес. Резерви – смрека, зеленика, јасен, боболка. Тренер– ЌУТУК.

5. Македонска репрезентација во фудбал – Македонски шуми

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 11:36
Пола репрезентација не ја знае химната и македонскиот јазик

 
Испровоциран од последните случувања околу гневот што ја обзема целата македонска јавност по срамниот пораз на нашите фудбалери од Луксембург и се почестите шпекулации дека се работи за наместен натпревар, фудбалерот на Работнички и повремен репрезентативец Панче Ќумбев со свој став околу ова прашање
 

 
 
Ќумбев укажува дека е погрешна општата перцепција дека македонската репрезентација е професионална, а оние од кои што се срамиме да изгубиме, како што се Андора и Луксембург, се аматери. 

Искрената и опширна белешка со наслов "Болен ми лежи мак фудбалот" која Панче Ќумбев ја објави на Facebook ви ја пренесуваме во целост и автентично:

Може да ме разберете и вака и онака, може некој ќе се налути, ќе ми замери, ама едноставно морам да дадам свое мислење за најважната споредна работа...

Нормално повод е последниот резултат на нашата репрезентација... изгубивме од Луксембург 2-1. Да, изгубивме и затоа спортот е интересен... Секој секого може да победи и секој од секого може да изгуби. И некој ќе рече боли да изгубиш од Луксембург. Боли точно е тоа, мене ме боли како фудбалер. Ама во што сме ние подобри од нив, од Андора, Лихтенштајн, Сан Марино на фудбалски план? Само во две работи, во талентираните дечиња и во спортските гени кои ги носи секој балканец. Во се друго сме 100 години во рикверц.

Некој ќе рече дека не сум во право, меѓутоа еве ке се потрудам да објаснам. Па кој како ме разбере ќе видиме.

Зошто 90% кај нас мислат дека гореспоменативе репрезентации се аматерски а ние не сме? Дали мислите дека нивните лиги се поаматерски од нашата? Да почнам со ред.

Нашата прва фудбалска лига брои 14 "професионални" екипи. Дали знаете колку од нив се стварно професионални,колку од нив ги исполнуваат и најосновните услови за натпреварување? Можеби 2-3, нека бидат и 3-4. Повеќе не се со гаранција. Да почнам со ред.

1. Услови за работа(помошни терени,опрема,медицински тим,соблекувални,стручен тим)

Како што напоменав само 3-4 екипи ги имаат овие услови. Да не играм со имиња да не ми се налути некој. Знаете ли дека нашите играчи носат опрема стара по 10-15 години, само 3-4 екипи имаат помошен терен, за теретана да не зборувам. По клубовите нема доктори, масери, нема кој да ти даде апче ако те боли глава. Нашите играчи незнаат што се витамини, минерали, спортска исхрана. Со јадење ајвар и маргарин фудбалер не се станува. Знаете ли дека во Тетово во собелкувалната нема вода, нема струја, нема тоалет? А Тетово ги даде последните 2 шампиона на Македонија. Знаете ли дека во Кичево наместо закачалки има клинци, и дека наместо тоалет шолја има дупка среде купатило? Знаете ли дека гостинската соблекувална во Кратово, Прилеп и Штип е голема дури 3 метри квадратни, и мора да се соблекуваат играчите на групи оти нема место за сите. Знаете ли каде тренираат младите таленти во Македонија? По парковите со парталави топки голи и боси. Секоја чест за ретки исклучоци.

А какви се во аматерските земји може само да замислите. Секоја од нив има спортски комплекси, со помошни терени, со терени со вештачка трева, со сауни, со теретани со нова опрема. И кој е аматер тука??? Ние или они?

2. Професионалноста??

Знаете ли дека во Македонија 70% од фубалерите се аматери. Знаете ли дека на 70 % проценти од нив не им се плаќаат придонеси, осигурување здраствено и пензиско? Знаете ли дека ако не дај боже се повреди кај нас фудбалер може да го избркаат од клубот и да не му платат операција, лекување, рехабилитација? Знате ли дека пола лига кај нас играчите земаат плата од 150 до 200 евра и тоа нередовно?

3. Квалитетот на лигата.

Искрено и без лажни скромности сигурно сме меѓу последните 3-4 во европа за жал по квалитет или уште полошо меѓу првите 3-4 по неквалитет. Зборам за квалитет на лигата не на играчите. Кај нас може да се случи да ти влезат во соблекувална со пиштол и да ти речат дека мора да изгубиш денеска. Да така е, за жал. Кај нас може да се случи да го истепаат судијата оти досудил пенал или поништил гол, да ги истепаат гостинските играчи оти не им пуштиле на домашните. Кај нас се случува судијата да ти каже извини ама денеска мора да изгубите. И можам да редам до недоглед ама доста е.

4. Репрезентација

За секој играч е светост, чест и гордост да се игра за националниот тим. Само кај нас националниот тим е менаџерски полигон за играчи. Само кај нас постои она познатото"мора да игра". Само кај нас кога се оди на гостување авионот е исполнет со 20 играчи, 10 членови на стручниот штаб и 70 членови на така наречена "Јагнешка бригада" кои единствен контакт со фудбалската топка имале на час по физичко и тоа по грешка кога некоја залутана ги удрила по глава додека со девојчињата играле ластико. Знам дека ви се чини смешно и многу критично меѓутоа за жал така е. Знаете ли дека пола репрезентативци не ја знаат нашата химна, дека пола репрезентација не знае Македонски јазик? И некој ќе рече тие се играчите,нема други??? Молам? Нема други??? Ајде да прашам отворено, каде е најдобриот стрелец во нашето првенство Филип Ивановски? Каде се Влатко Гроздановски, Златко Таневски, Благојче Тодоровски, Крсте Велкоски, Борче Маневски, Миле Крстев, Димитрија Лазаревски, Баже Илијоски, Бобан Грнчаров, Александар Бајевски, Зоран Балдовалиев, Стојан Игњатов и да не ги редам сега ги има многу? Дали гореспоменативе не заслужуваат повик? Заслужуват и тоа како, само не се во шемите на одредени луѓе. Сите гореспоменати се стандардни во своите клубови и имаат континуитет на натпревари, што не е случај со пола репрезентација.

5. Селектор

Секоја чест на новиот селектор меѓутоа нас ни треба домашна рака, и тоа авторитетна и да не подлегнува на притисоци од типот мора да игра, или не мора да игра. Каде се Ѓоре Јовановски, Чеде Јаневски, Милко Ѓуровски, Ѓоко Хаџиевски, Џиџи Илиевски, Влатко Костов, Илчо Георгиевски, Драги Канатларовски, Зоран Смилевски и ред други?

6. Раководство

Само едно ќе кажам овде. Каде се нашите асови Дарко Панчев, Илија Најдоски, Саша Чирич, Ѓорѓи Христов, Тони Мицески, Митко Стојкоски, браќата Ѓуровски, Гоце Седлоски, Артим Шаќири? Далеку од фудбалот за жал.

И уште многу мисли ми се мотаат низ глава и уште многу работи имам да кажам меѓутоа поентата ми е една. Ние сме аматери, и тоа од највисок ранг. Затоа не се нервирајте кога ке дојде Ерменија и ќе ни акне 4-5 парчиња, кога ке дојде Луксембург и ќе ни ја сврти од два во кец. И без оправдување меѓутоа фудбалерите се најмалку виновни за оваа ситуација, за ова тонење на фудбалот кај нас.

Толку...

Се надевам на подобри денови во мак фудбалот, надежта последна умира.

Панче Ќумбев
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 12:25

а кој е тој Хаџиристески?....имам чувство како 100 години да го слушам тоа име во мак.фудбалот!.се некои собранија,делегации..семинари,прес конф...дубари ..афери..и секогаш него го споменуваат...!Да не е до него работава со неуспесиве?збунетост

Како може ракометот,каратето,кошарката..и некои други спортови да се на ниво,а фудбалот да не оди?па ништо подобро не живеат и не тренираат другите спортисти кај нас.

може грешам ама успех во криза повеке вреди..

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.