IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кафе
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кафе

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 232425
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90908
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 08:25

Ледено тајландско кафе со шмек на бадем


Силно и освежително – најдобро за во лето!

0-ledeno-tajlandsko-kafe-so-shmek-na-badem-kafepauza.mk

Потребни состојки за 4 чаши кафе:
  • 960 мл силно подготвено кафе
  • 480 мл пола-пола или слатка павлака
  • 3 лажици гранулиран шеќер
  • 3 мешунки кардамом
  • ¼ лажичка екстракт од бадем
  • Mраз
Начин на подготовка:
  1. Згмечете ги мешунките кардамом за да го испуштат својот вкус и арома. Во аван, нежно гмечете ги додека надворешната лушпа не пукне. Ако немате аван, поставете ги на штица за сечење и со задната страна од голем нож силно удирајте по мешунката сè додека не се скрши.
  2. Во тенџерче на умерена топлина, варете ги пола-полата (или слатката павлака), шеќерот и мешунките од кардамом додека не зовријат, а потоа околу 15 минути оставете ја смесата да се олади. Потоа, тргнете го кардамомот и додадете екстракт од бадем.
  3. Наполнете 4 високи чаши со мраз. Поделете ја смесата помеѓу 4-те чаши, а на крај турете го кафето.


Изменето од Valerija - 10.Март.2016 во 08:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90908
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 08:28

Ирско кафе какво што не сте пробале досега



И никогаш повеќе нема да го заборавите…

Ирско кафе какво што не сте пробале досега

Потребни состојки:
  • 120 милилитри свежо подготвено кафе
  • 45 милилитри ирско виски
  • 20 милилитри амаро
  • 1 лажица едноставен сируп
  • 1 свеж лист од нане
  • 2 зрна кафе
  • Шлаг пена
  • Морски оревчиња
  • Цимет
Начин на подготовка:

Измешајте ги кафето, вискито, ликерот и едноставниот сируп, па сипете ги во чаша. Внимателно поставете ја шлаг пената на врвот од пијалакот и врз неа наредете ги морските оревчиња и циметот. Декорирајте со листот од нане и зрната кафе.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90908
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2016 во 06:45

Кубанско кафе


    Одлично петочно кафе кое ќе ви даде енергија пред да излезете вечерва со вашите пријатели

Кубанско кафе

Потребни состојки (за 1 лице):
  • 100 милилитри кафе
  • 10 милилитри блага вода (направена од еднаква количина на шеќер и вода)
  • 20 милилитри бел рум
  • 20 милилитри мохито сируп
  • 50 милилитри млеко
  • 4 коцки мраз
Начин на подготовка:

Ставете 2 коцки мраз во шејкер, врз него сипете го подготвеното кафе и потоа додајте ги водата, румот и сирупот. Тресете 20-тина секунди со цел кафето брзо да се олади. Претурете го пијалакот во стаклена чаша заедно со останатите 2 коцки мраз. Од млекото направете пена и внимателно со лажичка префрлете ја врз пијалакот во еден слој. По избор, декорирајте со лимон.



Изменето од Valerija - 20.Март.2017 во 17:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90908
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2017 во 17:04

Миланско топло кафе за поладните пролетни денови

Миланско топло кафе за поладните пролетни денови

Потребни состојки:
  • 25 грама какао во прав
  • 55 грама шеќер
  • 355 милилитри млеко
  • 160 милилитри еспресо
  • Шлаг пена, за сервирање
Начин на подготовка:

Во сад со средна големина, ставете ги заедно какаото и шеќерот и мешајте сè додека добро не се соединат. Во тенџере со средна големина, загрејте го млекото на среден оган. Откако ќе почне да врие, додајте ја мешавината со какаото и шеќерот, заедно со кафето и брзо матете со маталка сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете го кафето во однапред загреани шолји и декорирајте со шлаг пена. Имајте убав викенд!

 


Изменето од Valerija - 20.Март.2017 во 17:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 232425
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.