IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кафе
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кафе

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 232425
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 08:25

Ледено тајландско кафе со шмек на бадем


Силно и освежително – најдобро за во лето!

0-ledeno-tajlandsko-kafe-so-shmek-na-badem-kafepauza.mk

Потребни состојки за 4 чаши кафе:
  • 960 мл силно подготвено кафе
  • 480 мл пола-пола или слатка павлака
  • 3 лажици гранулиран шеќер
  • 3 мешунки кардамом
  • ¼ лажичка екстракт од бадем
  • Mраз
Начин на подготовка:
  1. Згмечете ги мешунките кардамом за да го испуштат својот вкус и арома. Во аван, нежно гмечете ги додека надворешната лушпа не пукне. Ако немате аван, поставете ги на штица за сечење и со задната страна од голем нож силно удирајте по мешунката сè додека не се скрши.
  2. Во тенџерче на умерена топлина, варете ги пола-полата (или слатката павлака), шеќерот и мешунките од кардамом додека не зовријат, а потоа околу 15 минути оставете ја смесата да се олади. Потоа, тргнете го кардамомот и додадете екстракт од бадем.
  3. Наполнете 4 високи чаши со мраз. Поделете ја смесата помеѓу 4-те чаши, а на крај турете го кафето.


Изменето од Valerija - 10.Март.2016 во 08:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 08:28

Ирско кафе какво што не сте пробале досега



И никогаш повеќе нема да го заборавите…

Ирско кафе какво што не сте пробале досега

Потребни состојки:
  • 120 милилитри свежо подготвено кафе
  • 45 милилитри ирско виски
  • 20 милилитри амаро
  • 1 лажица едноставен сируп
  • 1 свеж лист од нане
  • 2 зрна кафе
  • Шлаг пена
  • Морски оревчиња
  • Цимет
Начин на подготовка:

Измешајте ги кафето, вискито, ликерот и едноставниот сируп, па сипете ги во чаша. Внимателно поставете ја шлаг пената на врвот од пијалакот и врз неа наредете ги морските оревчиња и циметот. Декорирајте со листот од нане и зрната кафе.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2016 во 06:45

Кубанско кафе


    Одлично петочно кафе кое ќе ви даде енергија пред да излезете вечерва со вашите пријатели

Кубанско кафе

Потребни состојки (за 1 лице):
  • 100 милилитри кафе
  • 10 милилитри блага вода (направена од еднаква количина на шеќер и вода)
  • 20 милилитри бел рум
  • 20 милилитри мохито сируп
  • 50 милилитри млеко
  • 4 коцки мраз
Начин на подготовка:

Ставете 2 коцки мраз во шејкер, врз него сипете го подготвеното кафе и потоа додајте ги водата, румот и сирупот. Тресете 20-тина секунди со цел кафето брзо да се олади. Претурете го пијалакот во стаклена чаша заедно со останатите 2 коцки мраз. Од млекото направете пена и внимателно со лажичка префрлете ја врз пијалакот во еден слој. По избор, декорирајте со лимон.



Изменето од Valerija - 20.Март.2017 во 17:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2017 во 17:04

Миланско топло кафе за поладните пролетни денови

Миланско топло кафе за поладните пролетни денови

Потребни состојки:
  • 25 грама какао во прав
  • 55 грама шеќер
  • 355 милилитри млеко
  • 160 милилитри еспресо
  • Шлаг пена, за сервирање
Начин на подготовка:

Во сад со средна големина, ставете ги заедно какаото и шеќерот и мешајте сè додека добро не се соединат. Во тенџере со средна големина, загрејте го млекото на среден оган. Откако ќе почне да врие, додајте ја мешавината со какаото и шеќерот, заедно со кафето и брзо матете со маталка сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете го кафето во однапред загреани шолји и декорирајте со шлаг пена. Имајте убав викенд!

 


Изменето од Valerija - 20.Март.2017 во 17:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2018 во 16:57

Егзотично кафе со индиски ореви

egzotichno-kafe-so-indiski-orevi


Потребни состојки:
  • 350 милилитри свежо подготвено еспресо (или друго силно црно кафе)
  • 20 грама индиски ореви
  • 1-2 лажички мед
  • Прстофат розова хималајска сол
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и матете околу 1 минута или сè додека не добиете хомогена смеса. Започнете го матењето со најмала брзина и полека зголемувајте го на околу 15-тина секунди сè додека не стигнете до максималната брзина за да добиете покремава смеса. Сипете го кафето во шолја и уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2020 во 11:46

Dave’s Kitchen: Популарното Dalgona кафе со 3 различни вкусови




Dave’s Kitchen ви го претставува ултра популарното Dalgona кафе во три различни верзии. Подгответе ја вашата омилена и уживајте во денот.


Потребни состојки:

За ванила вкус

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 коцки мраз

За чоколаден вкус

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици какао
  • 3 коцки мраз

За кокос вкус

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици кокос
  • 3 коцки мраз

Начин на подготовка:



Најпрво за сите кафиња потребно е да ја подготвите густата пена. Во длабок сад со рачен блендер или со жица за матење изматете ги кафето, водата и шеќерот. Матете додека не добиете густа пена. Во чаша ставете го млекото, мразот и промешајте со ванилата. При сервирање ставете од изматената кафе пена.

За чоколадниот вкус - изматете ја кафе пената од кафето, ванилиниот шеќер и водата. Изблендирајте го млекото со какаото и сервирајте го во чаша. Додајте мраз и сервирајте со кафе пена. Декорирајте со какао.

За кокос вкусот -изматете ја кафе пената матејќи ги кафето, шеќерот и водата. Млекото и кокосот добро изблендирајте го и сервирајте во чаша со мраз. Декорирајте со кафе пената и кокос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 22:49

Луѓето ширум светот го претпочитаат своето кафе на одреден начин. Некои сакаат црно кафе, некои го пијат со млеко, некои додаваат шеќер, некои не...

Но, бидејќи доброто кафе на многумина нѝ недостига во овој период на самоизолација, на интернет со брзина на светлината се прошири рецептот за кафето наречено Далгона, кое стана вистински хит помеѓу љубителите на овој пијалак. 

Кафето Далгона се нарекува уште и “грчко фрапе” или “грчко ледено кафе”, а познато е и како “Phenti hui coffee” во Индија каде всушност се смета за рачно матено ледено капучино.

Рецептот за кафето е многу едноставен: две лажички инстант кафе, две лажички шеќер, две лажички топла вода. Можете да користите миксер или маталка, а смесата ја ставате на топло или ладно млеко, по ваша волја.

Dalgona-Coffee-1

Јас многу често си го правам ова кафе,

ама дури сега разбрав дека се викало  Далгона кафе ох

Кон врв
paralelogram Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2017
Статус: Офлајн
Поени: 787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paralelogram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2020 во 15:51
Тепано кафе, све признава
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 10:56

Класично виенско кафе за љубителите на традиционалниот вкус

    Потребни состојки:
    • 700 милилитри свежо подготвено силно кафе
    • 3 супени лажици чоколаден сируп
    • 1 лажичка шеќер
    • 80 милилитри шлаг пена
    • 60 милилитри Ирски крем ликер
    Начин на подготовка:

    Ставете ги кафето, чоколадниот сируп и шеќерот во бавен готвач и оставете да се вари на тивко околу 2, 2 и пол часа. Потоа додајте ги шлаг пената и ирскиот крем. Покријте повторно и варете уште 30 минути или додека не ја добиете саканата температура. Сипете го кафето во шолји, декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки по желба.



    Изменето од Valerija - 06.Декември.2020 во 10:56
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 10:58

    Одличен рецепт за кафе со банана

    Ако сте меѓу оние кои го започнуваат денот со кафе и овесна каша со овошје, тогаш овој рецепт сигурно ќе го обожавате!

    Одличен рецепт за кафе со банана

    Потребни состојки:

    • 1 голема банана, многу зрела и сечкана
    • 50 гр овесни снегулки
    • цимет, ѓумбир во прав и зачини по избор
    • 175 милилитри бадемово млеко
    • 125 милилитри силно кафе, изладено
    • 2 лажички јаворов сируп или мед
    • коцки мраз

    Начин на подготовка:

    1. Во внатрешноста на две чаши ставете јаворов сируп.
    2. Другите сосотјки ставете ги во блендер (вклучувајќи и мразот) и блендирајте додека смесата не се изедначи.




    Изменето од Valerija - 06.Декември.2020 во 10:58
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 232425
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,133 секунди.