IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 545556
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2017 во 10:00

Божиќни локум колачиња (посно)
Во овој рецепт ќе ви покажам дека и посното може да е декоративно. Идејата произлезе од зададената тема, а јас ја вклучив и зелената боја бидејќи овие две бои се најзастапените за Божиќните празници и се вистински претставници на празничната радост што го обзема светот овие денови.
Подготовка 1. Локумот, шеќерот во прав, водата и мелените бисквити ги соединуваме со гмечење и месење. 2. Потоа смесата ја делиме на два дела. Во едниот ставаме зелена боја растворена во неколку капки вода, а во другиот дел црвена.
4. Ги редиме наизменично зелена, црвена, зелена, црвена истенчена смеса. Целата новосоздадена површина ја делиме на две половини и едната ја ставаме врз другата. Нежно поминуваме со оклагијата да се спојат.
3. Потоа секоја половина ја делиме на две и ги расукуваме со помош на шеќер во прав и на најлонска фолија. Треба да ни бидат сосема тенки и да се потрудиме да ни бидат со приближна големина. 5. Целиот колач го ставаме кратко на ладно, па му ги отсекуваме прво краевите кои ќе ни послужат за изработка на украсите врз колачињата т.е за црвените топчиња и ливчињата. На крајот сечеме парчиња по желба.
Формата и висината на колачињава си ја изработувате по желба и вкус. Може да ви бидат само со четири реда, може да ги направите и како коцки оставам на вас да си ги правите како сакате или пак на мојот начин ако ви се допаѓа. Ама што се помали тоа подобро, ем повеќе ќе излезат за послужување, ама и дека се благички подобро е да се мали, можеби некој ќе сака да проба и некоја друга врста на колаче. Јас сакав да ми бидат како тортици па затоа ја направив оваа големина.
6. За преливот ги мешаме сите состојки со лажица и од него ги прелеваме колачињата па ги редиме украсите. Забелешка Бисквитите ги мелев во нутрибулет и се направија да не речам како прашина, затоа и толку добро се измеси целата смеса, па не се ни приметува дека има бисквити во неа. Ако имате гел бои не треба да ги мешате со вода. Белиот прелив го ставив во кеса, отворив мало дупче на неа и фино го распоредував врз секое колаче посебно.
И нека не ве одвраќа должинава на пишуванкава за рецептот, јас само сакам детално да објаснувам, а ова е инаку многу едноставен рецепт.
За украсување на колачите можете да си одвоите и однапред од двете обоени смеси.
Од оваа големина на колачиња излегуваат 12 парчиња.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 19:34
&amp;#208;&amp;#155;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#179; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ (&amp;#208;±&amp;#208;µ&amp;#208;· &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;µ)


Лесна торта со пудинг и кафе -без печење

Состојки
1,3 л млеко
4 пудинга од ванила
100 гр шеќер
200 гр шеќер во прав
250 гр путер
500 гр бисквити
200 гр мелени бисквити
200 гр кокосово брашно
200 мл слатка павлака
1 лажица инстант кафе без кофеин

1. Во 800 мл млеко ставете 100 гр шеќер и варете додека да проврие. Посебно изматете ги пудинзите со 200 мл млеко и ставете ги во млекото што почнало да врие. Мешајте со рачна маталка додека да згусне. Тргнете на страна и изладете го кремот.
2. Со миксер пенасто изматете го путерот (оставен на собна температура) со шеќерот во прав.
3. Во изладениот крем од пудинзи ставете го изматениот путер и добро промешајте за да добиете хомогена смеса. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете кокос, а во другиот дел мелени бисквити и инстант кафе кое сме го раствориле во 1-2 лажица вода.
4. Секоја бисквита ја топиме во остатокот од млекото и ја редиме во послужавник или тацна во која ќе ви биде тортата. Преку бисквитите го ставаме кремот со мелени бисквити. Повторно редиме со натопени бисквити. Сега го мачкаме кремот со кокосово брашно па редиме натопени бисквити.
5. На крај ја матиме слатката павлака и украсуваме по желба.
6. Потребно е да се остави некој час во фрижидер за да се поврзат вкусовите и состојките и да добие потоа секое парче што ќе се сече убава форма.

Забелешка
Можеби нема да ви требаат толку бисквити, мене ми отидоа околу 420 гр. за редење, ама тоа зависи од бисквитите и од тоа каква форма ќе правите од тортата. Исто така во делот од кремот во кој ставаме кафе можеби ќе треба да ставите и некоја сомелена бисквита плус, ама и не мора, зависи сепак од бисквитите.
Ако го сакате многу вкусот на кафе можете да ставите и повеќе лажички, ама и вака се чувствува неговата вкусна арома.
Топењето на бисквитите го правите кратко, значи само ја ставате бисквитата некои 3-4 секунди и ја редите.
Можете да си ставите и кафе со кофеин или капучино, јас поради малите деца го избегнувам.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 19:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2019 во 18:28

Му нема рамен: Рецепт за колач кој е “подобар и од секс”

Овој десерт е еден од најпопуларните и дури има и своја страница на Википедија, а некои го нарекуваат и “подобар од најдобриот колач”.

Станува збор за вкусен колач кој стекна огромна популарност откако Паула Дин го приготви во својата позната емисија “Paula’s Home Cooking”. Најдобро од сè е што се припрема лесно, а во рецептот се користат веќе готови преливи и додатоци. 

Десертот се состои од чоколаден пандишпан, прелиен со карамела и украсен со шлаг, овошје и јаткасти плодови.

Потребни состојки:

- 1 кутија готова смеса за пандишпан

- 450 мл. прелив од карамела

- 400 мл. кондензирано млеко

- 300 мл. слатка павлака

- овошје и јаткасти плодови за декорација

Начин на припрема:

1. Испечете готова смеса за пандишпан во правоаголна тава за печење. Обично за рецептот се употребуваат наједноставните чоколадни смеси, купени во продавница.

2. Избоцкајте го пандишпанот со вилушка и прелијте го со мешавина од кондензирано млеко и карамела. Можете да купите прелив од карамела или сами да го приготвите.

3. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг, а потоа премачкајте го тестото и украсете со овошје и јаткасти плодови по желба.

4. Изладете пред послужување и служете го колачот исечен на парчиња.



Изменето од Valerija - 29.Септември.2019 во 18:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2020 во 11:23

Идеја за десерт: Колачиња со јагоди

Идеја за десерт: Колачиња со јагоди

Пробајте го овој едноставен рецепт за вкусни колачиња со јагоди.

Потребни ви се околу 20 минути.

Состојки:

  • Тесто
  • Малку масло
  • 150 гр. исчистени и исечкани јагоди
  • Лажица сок од лимон
  • 100 гр. шеќер
  • 250 гр. прашок за пециво
  • Малку сол
  • 110 гр. путер на собна температура
  • 55 гр. кафеав шеќер
  • 1 поголемо јајце
  • Лажичка екстракт од ванила

За фил

  • 4 лажици крем сирење
  • 3 лажици шеќер
  • Изрендана кора од лимон

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартија за печење- врз неа сипете малку масло.

Во помала чинија измешајте исечкани јагоди, сок од лимон и лажичка шеќер и оставете да отстојат околу 10 минути.

Во друга чинија измешајте брашно, прашок за пециво и сол. Во трета чинија со мискер изматете путер, преостанатиот бел и кафеав шеќер додека да добиете пенлива смеса. Додајте јајце и екстракт од ванила и матете додека да се соединат. Потоа, додајте брашно и матете постојано додека да добиете соединета смеса. Додајте ги јагодите.

Во друг сад измешајте крем сирење, шеќер и кора од лимон и матете додека да добиете кремаста смеса.

Треба да добиете 24 колачиња, на 12 од нив ставете од филот и поклопете ги со преостанатите 12.

Печете околу 18 до 20 минути или додека да добијат златеста боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2020 во 14:31

Чоколадна торта, извонредно вкусна и неверојатно брза за 10 минути


Дома сте и однеднаш ви се најавуваат најблиските пријатели за гости, на кафе. Наместо веднаш да брзате кон маркетот да купувате чоколадо, оваа брза чоколадна торта е и повеќе од идеалното решение!

  • 1 шолја шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 2 супени лажици пециво
  • 1/4 шолја какао
  • 2 јајца
  • 3/4 шолја млеко
  • 125 гр растопен путер
  • 180 гр темно чоколадо
  • 1/3 шолја павлака

Начин на подготовка

  • Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете гијајцата, млекото и путерот.
  • Добро измешајте, а добиената смеса додадете ја во сад запечење, соодветен за микробрановата печка.
  • Печете ја тортата 7-8 минути на највисоката температура,извадете ја и со чепкалка за заби проверете дали е готова.
  • Оставете ја да се излади, а за тоа време, растопете гочоколадото и измешајте го со павлката.
  • Нанесете го добиениот прелив врз тортата и вашиот десерте готов!


Изменето од Valerija - 10.Мај.2020 во 14:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2020 во 23:07

Рецепт за Брза чоколадна торта: 



Додека го варите попладневното кафе направете го следното:

Земете сад за матење, и следните намирници:


* 1 јајце

* 200 гр шеќер

* 245 мл млеко

* 130 гр брашно

* 80 гр какао

* пециво

* ванила

* 100 мл топла вода


Декорација

* чоколадо за готвење

* 2-3 лажици млеко

* 2 лажици масло


Начин на подготовка:

Матете го јајцето со шеќерот, кога ќе се измати убаво, додадете ги останатите состојки ОСВЕН ВОДАТА. Убаво изматете, кога ќе се соедини се додадете ја водата (топла) матете уште некоја секунда. И печете во загреана рерна на 170 степени ( препорачувам округло тавче 20 цм дијаметар, а ако немате - важна е иницијативата за готвење :) печете во какво имате)

Стопете на чоколадата со млекото и маслото. Посипете ја тортата и бројте до 20 - тортата ќе ја снема :) ПРЕВКУСНА и прелесна :)

Ако немате чоколада за готвење одлична е со шеќер во прав. 


 (читај обавезно) Можете да ја завршите декорацијата со јагоди, малини, рибизли, ореви, и секако многу љубов.



Изменето од Valerija - 02.Јуни.2020 во 20:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 545556
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.