IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 54555657>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2017 во 10:42

Ги знаете оние рецепти кои се совршени, ама баш за секоја прилика? Ова е еден од нив.

Bez-pecenje-eve-kako-da-napravite-vkusna-torta-so-krem-banani-01

Без оглед дали сакате да ги изненадите вашите домашни со вкусен десерт после ручекот или сакате да наравите торта по повод нечиј роденден, оваа торта со крем банани е нешто кое навистина ќе остане запаметено.

Постапката е неверојатно лесна и едноставна, нема потреба од печење, а резултатот е кремаста и вкусна торта која сите ќе ја обожаваат.

Потребни состојки:

  • 300 g бисквити
  • 2 пудинзи од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер (се става во пудингот)
  • 1 лажица густин (се става во пудингот)
  • 1 l млеко
  • 125 g маргарин
  • 100 g мелени бисквити
  • 100 g чоколадо
  • 6 крем банани
  • сок за натопување на бисквитите (може и цеден портокал)

Подготовка:

Пудинзите од ванила сварете ги заедно со ванилиниот шеќер и густинот во 1 литар млеко. Откако ќе се разладат, изматете ги заедно со маргаринот.

Поделете на 3 еднакви дела. Во едниот додадете ја мелената плазма, во вториот додадете рендано чоколадо, во третиот ставете ги иситнетите крем банани.

Во калап редете слој бисквити натопени во сокот кој го одбравте, па ставете го пудингот со плазма.

Наредете втор слој бисквити натопени во сок, па ставете го пудингот со крем банани.

Врз третиот слој бисквити натопени во сок ставете го пудингот со рендано чоколадо.

Оладете неколку часа и сечете парчиња кои ќе ги декорирате по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2017 во 15:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2017 во 11:04

Наједноставните колачи воедно се и највкусни.

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-1.jpg

Се наоѓаат во секоја ситуација, кога ви треба нешто набрзина, а овој старински рецепт влегува во таа категорија.

Состојки:

  • 2 шолји (од 200ml) шеќер
  • 2 шолји јогурт
  • Шолја гриз
  • Шолја масло
  • 1 ½ шолја брашно
  • 7-8 лажици мак
  • Пакетче прашок за печиво
  • Лажица рум

Глазура: 100g шеќер во прав, сок од ½ лимон, малку рендана кора. Или втората, поедноставна опција - топено црно чоколадо.

Подготовка:

Имиксирајте го јогуртот со шеќерот, додадете го гризот, маслото, брашното, макот, прашокот за печиво и румот. Измешајте ја смесата и во добро намачкан калап за печење, нека се пече 25 минути на 170 степени.

Додека колачот се лади, направете ја глазурата која ја одбравте.

Прелијте, исечете коцки, дополнително оладете и послужете.

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-2.jpeg

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2017 во 13:16

Чоколадни колачиња со карамела



Во средината на овие крцкави колачиња ве очекува слатко изненадување…

Состојки:

  • 380 гр брашно
  • 230 гр омекнат путер
  • 230 гр шеќер + 1 лажица
  • 230 гр кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 90 гр какао
  • 130 гр исечкани ореви
  • 48 карамел бонбони

Начин на подготовка:

Добро разматете го путерот и постепено додавајте 230 гр бел шеќер и 230 гр кафеав шеќер. Додајте ги и јајцата и екстрактот од ванила и сè добро разматете.

Измешајте го брашното, содата и какаото и постепено додавајте ја мешавината со путер. Сè добро разматете и додајте половина од оревите. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер околу 2 часа.

Рерната загрејте ја на 190 степени.

Измешајте ги останатите ореви со една лажица шеќер.

Смесата извадете ја од фрижидер и поделете ја на 4 дела. Обликувајте дел по дел, а остатокот чувајте го во фрижидер. Секој дел од смесата поделете го на 12 мали делови. Растегнете ги малите делови, па во средина на секој ставајте карамела и околу неа обликувајте круг со смесата. Облкуваните колачи потоа извалкајте ги во мешавината од ореви и шеќер (наместо сечкани, можете да измешате шеќер со мелени ореви). Редете ги колачите во плех обложен со хартија за печење.

Печете ги колачињата во загреана рерна околу 8-10 минути. Оставете ги да се изладат, па послужете.
Уживајте!



Изменето од Valerija - 20.Февруари.2017 во 13:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2017 во 08:03

За сите оние кои се љубители на кремастите торти со многу фил ова е совршениот избор.

Kremasta-torta-za-cista-desetka-01

Тортата изгледа навистина сочно и може да ви послужи како десерт за семејството, но и во ситуациите кога ќе ви се најават гости.

Иако навидум изгледа сложена, постапката е навистина лесна и едноставна, а вкусот е нешто кое долго ќе го паметите.

Состојки:

Пандишпан:

  • 10 белки од јајце
  • 20 лажици шеќер
  • 150 g брашно од кокос

Фил:

  • 10 жолчки од јајце
  • 15 лажици шеќер
  • 8 лажици густин
  • 8 dl млеко
  • 250 g путер / маргарин
  • 100 g темно чоколадо
  • 100 g мелени плазма бисквити
  • 100 g мелени бадеми
  • 1 dl слатка павлака

Декорација:

  • 2-3 лажици мелени бадеми
  • 1 dl слатка павлака
  • 2-3 лажици од филот

Начин на подготовка:

Изматете ги белките и шеќерот во цврст шлаг. Додадете го кокосот и измешајте со лажица.

Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете околу 30 минути на 175 °C.

За филот убаво изматете ги жолчките со шеќерот. Малку од млекото додадете во густинот, а со остатокот направете густа смеса како пудинг.

Откако смесата ќе се излади додадете омекнат маргарин/путер.

Добиениот фил поделете го на два дела, во едниот додадете топено чоколадо и плазма бисквити а во другиот бадеми и шлаг од слатка павлака.

Пандишпанот пресечете го на два дела и прво нанесете го темниот фил, па светлиот фил, па вториот дел од пандишпанот, па повторно двата фила и на крај декорација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2017 во 20:55

ТОРТА СО ПОРТОКАЛ И ЧОКОЛАДО

Состојки за фил:

Начин на подготовка:

Со миксер разматете 4 жолчки, додајте шеќер и матете додека не добиете пенаста смеса. Додајте 10 лажици вода, една по една. Потоа намалете ја брзината, па постепено додавајте прво брашно измешано со прашок за пециво, мелени ореви и изрендана кора од лимон. На крај додајте 4 белки кои претходно сте ги разматиле во цврст снег. Калапот за торта намастете го со масло и посипете го со брашно, па ставете ја разматената смеса. Печете на умерена температура околу половина час.

За филот прво подгответе скроб, така што 3 лажици ќе ги ставите во 1/2 л млеко и гответе додека не зоврие. Потоа додајте чоколадо, оставете да врие уште 2-3 минути, тргнете го од оган и оставете го целосно да се излади.
Разматете пенасто путер со шеќер во прав. Полека додајте го зготвениот скроб, лажица по лажица.
Испечената и изладена кора пресечете ја на поливина така што ќе добиете две кори. На чинија за торта ставете една кора, пропрскајте ја со сок од портокал и филувајте. Преку ставете ја другата кора, пропрскајте ја со сок од портокал, па филувајте од горе и од страна. На крај изрендајте чоколадо преку тортата.



Изменето од Valerija - 29.Март.2017 во 20:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2017 во 13:30

Dave’s Kitchen: Чоколаден тарт


Оваа недела заедно со Давор приготвуваме вкусен чоколаден тарт.

Потребни состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 200 гр. путер ладен исечкан на коцки
  • Прстофат сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 жолчка
  • 10мл вода (по потреба)

За филот:

  • 300 гр. чоколада со минимум 60% какао делови
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 100 гр. путер
  • 150 мл. млеко или слатка павлака
  • прстофат сол
  • 1 лажичка инстант кафе

Начин на подготовка: 

Од путерот и брашното формирајте тесто со структура на песок. Додадете ги солта, ванилата и жолчката. Доколку вака формираната смеса не се формира во тесто додадете 10 мл. вода. Убаво замесеното тесто, ставете го во хартија за свежа храна и оставете го во ладилник да одстои минимум 45 минути. 

Во тавче за тарт обложете го тестото, кое претходно ќе го расукате во округла кора дебела речиси 1цм.

Доколку немате тарт тавче можете да го направите истиот рецепт во округло тавче, формирајќи крави на страните за да може филот да се задржи.

Пред да го испечете додека рерната се загрева на 190 степени, тавчето вратете го во ладилник убаво да се олади и да се стегне. 

Пред да го ставите во рерна избодете го на неколку места со виљушка. 

Печете околу 10-12 минути. Изладете го комплетно пред да го ставите филот. 

Филот ќе го приготвите така што сите потребни состојки ќе ги ставите во длабок сад и растопете ги на пареа. Промешувајте константно додека кафето и другите состојки комплетно не се стопат. 

Вака подготвениот фил од чоколадо ставете го во изладениот испечен тарт и декорирајте со исечкани ореви на краевите. 

Оставете комплетно да се излади и стегне околу 3-4 часа. 

Добар апетит и забавно готвење!



Изменето од Valerija - 03.Април.2017 во 13:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2017 во 21:26

БЕЛА ТОРТА СО КИКИРИКИ

Потребни состојки за пандишпанот:
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво

Начин на готвење:

  1. Најпрво се матат јајцата и шеќерот и откако убаво ќе ги изработите се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво.
  2. Убаво промешајте да се соедини целата смеса и ставете ја во правоаголна тава да се пече околу 30 минути на температура од 250 степени.
  3. Откако ќе се испече, полијте со сок од лимон по целата површина и исечете на 3 ленти по должина.

Потребни состојки за филот:

  • 4 јајца
  • 1 маргарин
  • 9 лажици шеќер
  • 4 лажици мармалад од кајсија
  • 300 грама кикирики (печени и мелени)
  • 200 грама чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Јајцата изматете ги заедно со шеќерот.
  2. Во друг сад посебно се изработува маргаринот и се соединува со претходно добиената смеса, мармаладот, кикириките и чоколадото за готвење.
  3. Откако ќе добиете компактна смеса започнете со филување.
  4. На крајот изрендајте одозгора по целата површина чоколадо по ваш вкус и украсете како на фотографијата.


Изменето од Valerija - 04.Април.2017 во 21:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2017 во 13:37

Направете нешто поразлично: Јогурт колач со јагоди


Сезоната на домашните слатки јагоди само што започна и време е да почнете да правите десерти токму со ова овошје. Ви предлагаме јогурт колач со јагоди.


Потребни состојки за бисквитот:

  • 2 јајца
  • 200гр шеќер
  • изрендана кора од ½ лимон
  • 200гр јогурт
  • 100мл масло
  • 200гр + 2 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 50гр кокос
  • 500гр свежи јагоди

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и кората од лимон. Додадете го маслото и јогуртот, а потоа додајте ги и сувите состојки – кокосот, брашното и прашокот за печиво. Изматете ги уште еднаш состојките за да се соединат. 

Измиените и исчистени јагоди исечете ги на поголеми делови, а потоа измешајте ги со две лажици брашно. 

Земете една округла тава (26-28см) и обложете ја со масна хартија. Истурете половина од смесата, а потоа половина од јагодите, па прелијте со остатокот од смесата. На крај распоредете ги преостанатите јагоди и посипете го колачот со кокос.

Печете 25-30 минути на температура од 180°С. Пред послужување, оладете го колачот на собна температура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2017 во 11:09
Чоколадна торта

Прекрасната чоколадна торта ќе ја направите на следниот начин:

Потребни состојки за 1 тесто:

  • 3 јајца
  • 120 гр шеќер во прав
  • 50 гр. растопено чоколадо
  • 50 гр. ореви
  • 2 лажици какао
  • 100 гр. путер
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка: 

Жолчките се матат со шеќерот во прав. Во оваа смеса се додаваат пенесто изматените белки, па потоа полека се додаваат и другите состојки. Пандишпанот се става во подмачкано округло тавче на механизам (број 28) и се пече околу 20-тина минути на 150 степени. 

Постапката се повторува 3 пати за да се се добијат за 3 теста.

Потребни состојки за филот:

  • 6 јајца
  • 250 гр шеќер во прав
  • 100 гр. растопено чоколадо
  • 100 гр. ореви
  • 3 лажици какао
  • 200 гр. путер
  • 300 гр. исчистени, измиени и исцедени вишни

Начин на подготовка: 

Прво матите 6 жолчи со шеќерот во прав и во нив ги додавате пенесто изматените белки. Потоа во филот ги додавате и другите состојки и го оставете во фрижидер од 2 до 3 часа.

Потребни состојки за декорација:

  • 300 гр. путер
  • 350 гр. шеќер во прав
  • 4 лажици какао

Начин на подготвка:

Путерот е потребно да биде на собна температура. Ставете го миксер заедно со шеќерот во прав и какаото и матете додека не добиете убава изедначена смеса. 

Тортата ја склопувате така што земате од комплетно изладените пандишпани и ги премачкувате со филот од вишните. Одозгора целата торта ја премачкувате со 1/4 од филот со путер и шеќер во прав. Ја оставате да се излади околу 2 часа за потоа започнете со финалната декорација. На крај украсувате со цреши, чоколадо, макаронс или нешто друго по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2017 во 08:53

Брз колач со шумско овошје


Со оглед на нашите обврски немаме многу време да ги правиме „старинските“ рецепти од нашите баби и го бараме оној рецепт кој може да го направиме за мошне брзо време. Ви предлагаме да направите вкусен колач од шумско овошје за кој не ви треба да имате некое големо искуство во кујната за да го подготвите.


Потребни состојки:

  • 3 жолчки
  • 100гр шеќер
  • 100гр путер
  • 8 лажици млеко
  • 250гр брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 450гр замрзнато шумско овошје (овошје по ваша желба)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°С. Изматете ги жолчките и шеќерот, а потоа додајте го и путерот. Додека уште матите, додадете го млекото, брашното и прашокот за печиво. На крај изматете ги белките од јајцата рачно и додадете ги во смесата.


Ставете ја смесата во калап по ваша желба, а на крај истурете го овошјето рамномерно низ целиот колач. Печете го 20-на минути во рерна. Кога ќе се испече, посипете со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2017 во 16:08

Dave’s Kitchen: Чоколадна мус торта


За оваа недела од кујната на Давор ви нудиме рецепт за лесна и превкусна торта со чоколаден мус.

Потребни состојки:
За основата

  • 250 гр. чоколадни бисквити
  • 7-10 лажици растопен путер

За филот

  • 5 белки
  • 5 жолчки
  • 250 гр. чоколадо за готвење
  • 2-3 лажици шеќер
  • 250 мл слатка павлака
  • 200-250 гр. јагоди пресечени на половина

Начин на подготовка: 

Убаво измешајте ги бисквитите и путерот и добиената смеса распределете ја на дното и страните од тавчето формирајќи неправилна форма бидејќи тоа дава поубав изглед. Печете на 190 степени точно 8 минути. Потоа извадете го тавчето за да се излади комплетно. 

Белките изматете ги со 2 лажици шеќер во цврст шлаг. 
Во растопената чоколада (на пареа) додадете 5 жолчки и убаво промешајте. На два-три пати вмешувајте ги белките во чоколадната смеса така што ќе дозволите повеќе воздух да влезе во смесата. Изматете ја павлаката и неа вмешајте ја со шпатула целата чоколадна смеса. 

Во изладениот калап ставете ги исечканите јагоди и истурете го чоколадниот мус. Оставете во ладилник да се стегне минимум 4 часа. Најдобро е да остане во фрижидер преку ноќ за да се сечат чисти и рамни парчиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2017 во 16:58

Dave’s Kitchen: 3-слоен колач за со кафе


Ова е идеалниот рецепт за сите оние кои сакаат утринското кафе да го надополнат со вкусен колач.

Потребни состојки:

За прва кора:

  • 120 гр. путер
  • 200 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 280 гр. брашно
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 320 мл. полномасна кисела павлака

За фил:

  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица шеќер
  • 150 гр. сечкани ореви

За крцкава кора:

  • 60 гр. брашно
  • 3 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 5 лажици растопен путер
  • 70 гр. сечкани ореви

Шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка: 

Во миксер на јака брзина изматете ги заедно путерот и шеќерот сè додека не стане смесата пенеста. Потоа додадете ги јајцата, едно по едно. Додадете го екстрактот од ванила и мешајте. 

Во друг сад на страна спремете ги сувите состојки сите заедно во една чинија (брашното, прашокот за печиво и солта). Запрете го миксерот и додадете една третина од сувите состојки. Добро промешајте и повторно запрете го миксерот, додадете една третина од киселата павлака и продолжете со мешање. Постапката повторете ја се додека не ги потрошите сувите состојки и киселата павлака (се додаваат на третини). 

Смесата за колачот е подготвена. Половина од смесата префрлете ја во тавче на механизам подмачкано со масло за јадење.

По ова следува делот кога треба да го приготвите филот. Во сад промешајте ги шеќерот и циметот и распределете ги врз целата површина. Одозгора ставете ги сечканите ореви. Додадете ја другата половина од смесата. Бидејќи смесата е многу леплива најлесен начин да го направите тоа и да не се помеша со филот, е со помош на шпатула да ставите на неколку места и потоа да ја распределите. Следи последниот чекор, односно крцкавата кора. 

Во сад измешајте го брашното, шеќерот, циметот, путерот и сечканите ореви. Убаво промешајте со помош на виљушка и распределете го низ целата површина одозгора на колачот.

Печете на 160 степени околу 1 час и 10 минути и декорирајте со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2017 во 12:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 54555657>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.