IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 53545556>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2016 во 20:21

Dave’s Kitchen: Божиќни колачиња со портокал и бадеми

Започнувајќи од оваа недела, па се до Божиќ, ќе ги објавуваме најомилени рецепти на Давор за Божиќни колачиња!

Денеска, започнуваме со една од победничките комбинации - бадеми и портокал.

Потребни состојки:

  • 180 гр. растопен путер
  • 250 гр. сецкани бадеми
  • кора од 1 портокал
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 гр. шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник.

Со помош на лажиче ставете од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат и одозгора прелијте со растопено чоколадо.

Добар апетит и забавно готвење!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2016 во 08:36

Откако минатата година ги освои улиците и божиќните штандови низ Австрија, специјалитетот познат како germknödel го освојува целиот свет.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-7.jpg

Прогласен е за најпопуларен десерт на божиќните маркети, а сега може да го продолжите уживањето и дома.

Мек, пуфкаст, сочен десерт кој наликува на полнета крофна.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-2.jpg

Потребни состојки:

  • 500g брашно
  • 220ml млеко
  • 15g квасец
  • 2 јајца
  • 50g путер
  • Лажица шеќер
  • Малку сол

Подготовка:

Квасецот разматете го во малку топло млеко со лажица шеќер и оставете да нарасне 20-тина минути.

Во посебен сад измешајте го останатото млеко со брашното, јајцата и стопениот путер, па додадете го квасецот. Замесете тесто и оставете го да нарасне половина час.

Смесата поделете ја на 4 дела. Од секоја четвртина направете крофна која ќе ја наполните со џем од сливи. Оставете ги нека отстојат уште 20 минути, а потоа варете ги во сад со зовриена вода во која ќе додадете малку сол

Пред варењето, секоја кнедла боцнете ја со чепкалка на неколку места. Варете 10 минути и не заборавајте да ги превртите од сите страни.

Варените кнедли ставете ги на чинија, прелијте со растопен путер и по желба зачинете со ванила, мак или цимет. Може да ги прелиете и со малку пудинг од ванила, ако сакате да го збогатите вкусот.

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-1.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-3.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-4.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-5.jpg

recept-za-najpopularnoto-kolace-na-boziknite-pazari-germkn-del-6.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2016 во 08:10

Dave’s Kitchen: Едноставна чоколадна торта


За оваа недела Давор ни приготви супер вкусна чоколадна торта која има убава презентација токму за овој период од годината.

Потребни состојки:

  • 370 гр. брашно
  • 300 гр. шеќер
  • 1 1/2 лажица екстракт од ванила
  • 90 гр. какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 200 гр. путер на собна температура (или маргарин)
  • 1 шолја млеко на собна температура
  • 3 јајца
  • 1 шолја жешко сварено инстант кафе

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат заедно во еден сад и се мешаат со жица за матење. Се пече во подмачкано тавче на 160 степени околу 1 час.

За чоколадната глазура:

  • 100 гр. чоколадо
  • 100мл. млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Неколку сечкани ф'стаци
  • Неколку зрна калинка
Растопете го чоколадото, додадете го млекото и ванилата, оставете да се олади околу 1 час во ладилник и полејте низ целата торта. Декорирајте со исечкани ф'стаци и зрна од калинка.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2016 во 09:28

Dave’s Kitchen: Колачиња за вашата новогодишна трпеза

Празниците се одлична можност за да приготвите вкусни колачиња и гранола во украсни тегли. Освен тоа што вашата трпеза ќе изгледа фантастично, можете и да ги подарите на најблиските како интересен новогодишен и божиќен подарок.

Гранола

Потребни состојки:

  • 250 гр. овес
  • Јатки по вкус жоколу 100 гр.
  • 100 гр. суво овошје
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2-3 лажици мед сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Сите состојки се соединуваат и се печат на загреана рерна од 150 степени околу 10-15 минути. 

Путер колачиња

Потребни состојки:

  • 370 гр. брашно
  • 250 гр. путер исецкан на коцки
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 140 гр. шеќер во прав

Глазура:

  • 300 - 400гр. шеќер во прав
  • 1 белка

Начин на подготовка:

Во длабок сад со помош на дрвена лажица промешајте ги заедно брашното, путерот, жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот во прав.

Смесата продолжете да ја месите со раце додека не формирате тврдо бисквитно тесто. Поделете го на два дела и спакувано во хартија за свежа храна оставете да одмори околу 20-30 минути во ладилник. Потоа расукајте кора дебела 0,5цм и со помош на калап за колачиња во форма на ѕвезда формирајте ги колачињата. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат.

За глазурата измешајте ги двете состојки и по потреба додадете неколку капки вода или пак шеќер во прав. Треба да добиете конзистенција на лава. Декорирајте ги елките. Добар апетит и забавно готвење!

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2016 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2017 во 14:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2017 во 10:39

Куглов колач со чоколадо и портокал

Направете зимски десерт, кој може да ви послужи и како замена за појадок, но најчесто ќе го консумирате заедно со чај или кафе.



Потребни состојки за тестото:

  • 1кгр портокали
  • 200гр брашно
  • 125гр путер
  • 200гр шеќер
  • 3 јајца
  • 1 прашок за печиво

Потребни состојки за преливот:

  • 1½ дл исцеден свеж сок од портокали
  • 150гр шеќер
  • 3 лажици чоколаден прелив

Начин на подготовка:

Измијте ги добро портокалите и ставете ги во тенџере со ладна вода, а потоа ставете ги на оган за да се варат околу 2 минути. Потоа измијте ги и повторно ставете им нова вода и повторно варете ги околу 2 минути. Кога ќе се сварат сомелете ги во блендер заедно со кората. Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте ја кашата од портокалите, а потоа додајте ги и растопениот путер и брашното измешано со прашокот за печиво. Сè добро измешајте за да се соединат сите состојки. Во сад, искршете го чоколадото и растопете го на пареа.

Земете го кугловиот калап, премачкајте го со путер и посипете го со брашно. Ставајте го растопеното чоколадо и тестото наизменично, па ставете го колачот да се пече во рерна околу 35 минути. Кога ќе го извадите колачот од рерна, оставете да се излади и извадете го од калапот. Потоа полијте го со сокот од портокал и шеќер и оставете повторно да се излади. Пред послужување прелијте го колачот со прелив од чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2017 во 10:42

Ги знаете оние рецепти кои се совршени, ама баш за секоја прилика? Ова е еден од нив.

Bez-pecenje-eve-kako-da-napravite-vkusna-torta-so-krem-banani-01

Без оглед дали сакате да ги изненадите вашите домашни со вкусен десерт после ручекот или сакате да наравите торта по повод нечиј роденден, оваа торта со крем банани е нешто кое навистина ќе остане запаметено.

Постапката е неверојатно лесна и едноставна, нема потреба од печење, а резултатот е кремаста и вкусна торта која сите ќе ја обожаваат.

Потребни состојки:

  • 300 g бисквити
  • 2 пудинзи од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер (се става во пудингот)
  • 1 лажица густин (се става во пудингот)
  • 1 l млеко
  • 125 g маргарин
  • 100 g мелени бисквити
  • 100 g чоколадо
  • 6 крем банани
  • сок за натопување на бисквитите (може и цеден портокал)

Подготовка:

Пудинзите од ванила сварете ги заедно со ванилиниот шеќер и густинот во 1 литар млеко. Откако ќе се разладат, изматете ги заедно со маргаринот.

Поделете на 3 еднакви дела. Во едниот додадете ја мелената плазма, во вториот додадете рендано чоколадо, во третиот ставете ги иситнетите крем банани.

Во калап редете слој бисквити натопени во сокот кој го одбравте, па ставете го пудингот со плазма.

Наредете втор слој бисквити натопени во сок, па ставете го пудингот со крем банани.

Врз третиот слој бисквити натопени во сок ставете го пудингот со рендано чоколадо.

Оладете неколку часа и сечете парчиња кои ќе ги декорирате по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2017 во 15:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2017 во 11:04

Наједноставните колачи воедно се и највкусни.

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-1.jpg

Се наоѓаат во секоја ситуација, кога ви треба нешто набрзина, а овој старински рецепт влегува во таа категорија.

Состојки:

  • 2 шолји (од 200ml) шеќер
  • 2 шолји јогурт
  • Шолја гриз
  • Шолја масло
  • 1 ½ шолја брашно
  • 7-8 лажици мак
  • Пакетче прашок за печиво
  • Лажица рум

Глазура: 100g шеќер во прав, сок од ½ лимон, малку рендана кора. Или втората, поедноставна опција - топено црно чоколадо.

Подготовка:

Имиксирајте го јогуртот со шеќерот, додадете го гризот, маслото, брашното, макот, прашокот за печиво и румот. Измешајте ја смесата и во добро намачкан калап за печење, нека се пече 25 минути на 170 степени.

Додека колачот се лади, направете ја глазурата која ја одбравте.

Прелијте, исечете коцки, дополнително оладете и послужете.

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-2.jpeg

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2017 во 20:55

ТОРТА СО ПОРТОКАЛ И ЧОКОЛАДО

Состојки за фил:

Начин на подготовка:

Со миксер разматете 4 жолчки, додајте шеќер и матете додека не добиете пенаста смеса. Додајте 10 лажици вода, една по една. Потоа намалете ја брзината, па постепено додавајте прво брашно измешано со прашок за пециво, мелени ореви и изрендана кора од лимон. На крај додајте 4 белки кои претходно сте ги разматиле во цврст снег. Калапот за торта намастете го со масло и посипете го со брашно, па ставете ја разматената смеса. Печете на умерена температура околу половина час.

За филот прво подгответе скроб, така што 3 лажици ќе ги ставите во 1/2 л млеко и гответе додека не зоврие. Потоа додајте чоколадо, оставете да врие уште 2-3 минути, тргнете го од оган и оставете го целосно да се излади.
Разматете пенасто путер со шеќер во прав. Полека додајте го зготвениот скроб, лажица по лажица.
Испечената и изладена кора пресечете ја на поливина така што ќе добиете две кори. На чинија за торта ставете една кора, пропрскајте ја со сок од портокал и филувајте. Преку ставете ја другата кора, пропрскајте ја со сок од портокал, па филувајте од горе и од страна. На крај изрендајте чоколадо преку тортата.



Изменето од Valerija - 29.Март.2017 во 20:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2017 во 13:30

Dave’s Kitchen: Чоколаден тарт


Оваа недела заедно со Давор приготвуваме вкусен чоколаден тарт.

Потребни состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 200 гр. путер ладен исечкан на коцки
  • Прстофат сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 жолчка
  • 10мл вода (по потреба)

За филот:

  • 300 гр. чоколада со минимум 60% какао делови
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 100 гр. путер
  • 150 мл. млеко или слатка павлака
  • прстофат сол
  • 1 лажичка инстант кафе

Начин на подготовка: 

Од путерот и брашното формирајте тесто со структура на песок. Додадете ги солта, ванилата и жолчката. Доколку вака формираната смеса не се формира во тесто додадете 10 мл. вода. Убаво замесеното тесто, ставете го во хартија за свежа храна и оставете го во ладилник да одстои минимум 45 минути. 

Во тавче за тарт обложете го тестото, кое претходно ќе го расукате во округла кора дебела речиси 1цм.

Доколку немате тарт тавче можете да го направите истиот рецепт во округло тавче, формирајќи крави на страните за да може филот да се задржи.

Пред да го испечете додека рерната се загрева на 190 степени, тавчето вратете го во ладилник убаво да се олади и да се стегне. 

Пред да го ставите во рерна избодете го на неколку места со виљушка. 

Печете околу 10-12 минути. Изладете го комплетно пред да го ставите филот. 

Филот ќе го приготвите така што сите потребни состојки ќе ги ставите во длабок сад и растопете ги на пареа. Промешувајте константно додека кафето и другите состојки комплетно не се стопат. 

Вака подготвениот фил од чоколадо ставете го во изладениот испечен тарт и декорирајте со исечкани ореви на краевите. 

Оставете комплетно да се излади и стегне околу 3-4 часа. 

Добар апетит и забавно готвење!



Изменето од Valerija - 03.Април.2017 во 13:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2017 во 21:26

БЕЛА ТОРТА СО КИКИРИКИ

Потребни состојки за пандишпанот:
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво

Начин на готвење:

  1. Најпрво се матат јајцата и шеќерот и откако убаво ќе ги изработите се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво.
  2. Убаво промешајте да се соедини целата смеса и ставете ја во правоаголна тава да се пече околу 30 минути на температура од 250 степени.
  3. Откако ќе се испече, полијте со сок од лимон по целата површина и исечете на 3 ленти по должина.

Потребни состојки за филот:

  • 4 јајца
  • 1 маргарин
  • 9 лажици шеќер
  • 4 лажици мармалад од кајсија
  • 300 грама кикирики (печени и мелени)
  • 200 грама чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Јајцата изматете ги заедно со шеќерот.
  2. Во друг сад посебно се изработува маргаринот и се соединува со претходно добиената смеса, мармаладот, кикириките и чоколадото за готвење.
  3. Откако ќе добиете компактна смеса започнете со филување.
  4. На крајот изрендајте одозгора по целата површина чоколадо по ваш вкус и украсете како на фотографијата.


Изменето од Valerija - 04.Април.2017 во 21:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 91671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2017 во 13:37

Направете нешто поразлично: Јогурт колач со јагоди


Сезоната на домашните слатки јагоди само што започна и време е да почнете да правите десерти токму со ова овошје. Ви предлагаме јогурт колач со јагоди.


Потребни состојки за бисквитот:

  • 2 јајца
  • 200гр шеќер
  • изрендана кора од ½ лимон
  • 200гр јогурт
  • 100мл масло
  • 200гр + 2 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 50гр кокос
  • 500гр свежи јагоди

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и кората од лимон. Додадете го маслото и јогуртот, а потоа додајте ги и сувите состојки – кокосот, брашното и прашокот за печиво. Изматете ги уште еднаш состојките за да се соединат. 

Измиените и исчистени јагоди исечете ги на поголеми делови, а потоа измешајте ги со две лажици брашно. 

Земете една округла тава (26-28см) и обложете ја со масна хартија. Истурете половина од смесата, а потоа половина од јагодите, па прелијте со остатокот од смесата. На крај распоредете ги преостанатите јагоди и посипете го колачот со кокос.

Печете 25-30 минути на температура од 180°С. Пред послужување, оладете го колачот на собна температура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 53545556>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.