IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2015 во 08:31

Вкусна бајадера торта која се топи во уста


Нема кој не ја обожава бонбониерата со бајадера, па уште ако може да уживате во големо вкусно и кремасто парче торта, тоа би било вистинско задоволство. Сега наместо да купувате мали бонбони може да направите торта од која секој залак ќе ви се топи во уста.

vkusna-bajadera-torta-koja-se-topi-vo-usta-001.jpg

Потребно ви е тесто и 3 филови за да го постигнете ефектот, но вкусот вреди и за трудот и за времето.

Потребни состојки:

Тесто:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици мелени ореви
  • 5 лажици брашно
  • Пола кесичка прашок за печиво
  • 3 dl Фанта

Прв фил:

  • 300 g мелена плазма
  • 100 g чоколадо
  • 2 dl Фанта
  • ½ маргарин
  • 50 g шеќер во прав

Втор фил:

  • 200 g мелени ореви
  • 1 dl млеко
  • ½ маргарин
  • 50 g шеќер во прав

Трет фил:

  • 750 ml млеко
  • 3 пудинзи
  • ½ маргарин
  • 50 g шеќер во прав
  • 300 g шлаг

Подготовка:

Со миксер изматете ги 6-те белки и 6-те лажици шеќер, па додавајте една по една жолчка. Со лажица мешајте и додајте 5 лажици брашно, пола печиво, 6 лажици мелени ореви.

Печете го тестото на 180 степени околу 20 минути. Откако ќе се испече и излади потопете го со 3 dl сок Фанта.

За првиот фил изматете пола маргарин со 50 g шеќер во прав, па додајте 100 g стопено чоколадо и мешајте додека не се соедини, па додајте 300 g измелена плазма и 2 dl Фанта.

За вториот фил 200 g мелени ореви прелијте ги со 1 dl топло млеко, а во изладеното додајте го изматениот маргарин со прав шеќер.

За третиот фил ставете 500 ml млеко да зоврие, па сварете 3 разматени пудинзи во 250 ml. Изладениот пудинг мешајте го одвреме-навреме за да не ви фати кора на врвот. Изладениот пудинг соединете го со пола маргарин и 50 g шеќер во прав.

Преку натопената кора се става прво филот од мелена плазма, па половина од третиот фил, па филот од ореви и останатиот дел од пудингот, а на крај преку сè намачкајте со шлаг или стопено чоколадо.

vkusna-bajadera-torta-koja-se-topi-vo-usta-002.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2015 во 21:29
Valerija...Темава ти е прекасна, полна со вкус и стил(како и другите што ги одржуваш во живот) но се надевам дека не е до толку слатка како тебе.
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2015 во 20:20

ОВОШНА ТОРТА СО ХОПЛА

17

Состојки

За тестото:

  • масло за готвење
  • 6 јајца
  • 340 гр шеќер
  • 170 гр растопен путер
  • ½ лажица мелена ванила
  • 225 гр брашно
  • 1 ½ лажица прашок за пециво
  • 2 лажици млеко

За филот:

  • 350 гр хопла
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 3 големи зрели праски или праски од конзерва
  • 1 зрела смоква (исечкана на четвртини за декорирање)

Начин на подготовка

Во огноотпорен сад ставете ги јајцата и шеќерот и мешајте за да добиете пенеста смеса. По неколку минути, кога кремот ќе биде готов тргнете го од оган.

Во кремот, мешајќи додадете го растопениот путер и ванилата. Потоа додадете го брашното и прашкот за пеиво, а на крај и млекото и продолжете да мешате додека не добиете еднолична смеса.

Загрејте ја рерната на 160 степени и премачкајте два мали калапи за печење (со дијаметар од околу 20 см). Тестото поделете го на два дела и ставете го во калапите. Печете околу 45 минути, додека тестото не се дигне и стане еластично на допир.

Оставете го тестото во калапот десетина минути по печењето, а потоа извадете го и исечете го на четири дела за да добиете четири листа тесто.

Изматете ја хоплата за да добиете крем, а потоа редете еден слој тесто, еден слој изматена хопла и еден слој праски исечкани на кругови.

Оставете го колачот да се излади и на крај украсете го со праските, смоквата и шеќерот во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2015 во 14:49

ЛИМОН КРЕМ ТОРТА

16

Состојки

  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја путер, растопен
  • 1/4 шолја крем сирење
  • 1 шолја шеќер
  • 1/2 шолја пудинг од лимон
  • 3 1/2 шолји млеко
  • 1 1/2 шолја сладолед од јогурт, одмрзнатè

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 175 степени. Во сад, ставете ги брашното и путерот и мешајте ги се додека не се оформи топка. Притиснете ја смесата на тацна од 20x30cm.

Печете 25 минути во претходно загреаната рерна или сè додека не добие светло златна боја. Извадете го од рерната и оставете целосно да се излади.

Во сад ставете ги крем сирењето и шеќерот и мешајте сè додека не се соединат. Ставете ја смесата на испеченото тесто.

Во друг сад ставете ги пудингот од лимон и млекото и добро мешајте околу 5 минути. Ставете ги над слојот од крем сирењето. Оставете да се олади во фрижидер, а потоа премачкајте одозгора со сладоледот од јогурт.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2015 во 14:30

БРЗ, ЕДНОСТАВЕН И ВКУСЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ


Изненадете ги домашните со овој брз, едноставен и вкусен чоколаден колач.Ова е рецепт за колач кој можете да го направите едноставно, следејќи ги упатствата. Само измешајте ги состојките, за што ќе ви бидат потребни пет минути, и печете.

Состојки:

1 чаша шеќер

1 чаша брашно

1 чаша мелени лешници или ореви

1 чаша кисела павлака

1/2 чаши какао во прав

1/2 чаши масло

1 прашок за пециво

4 јајца

Напомена: За мерка користете чаша од 2 дл.

 

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во сад и изматете ги со миксер – јајца, шеќер, брашно, лешници, какао, павлака, масло, прашок за пециво и ванилин шеќер.

Сипете во помала длабока тепсија обложена со хартија за печење.

Печете на 170 °C , околу 45 минути.

На крајот украсете со чоколадна глазура или  едноставно посипете шеќер во прав. И тоа е тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2015 во 14:20

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО СЛОЕВИ ОД БИСКВИТИ

16

Потребни состојки:
За тестото од бисквити:
За кремот од Нутела:
За благиот сос:
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе колку што е можно повеќе тркалезни садови за печење. Ќе ви бидат потребни 8, но доколку немате толку можете да ги ротирате оние кои веќе ги имате. Обложете ги со хартија за печење и тргнете ги на страна.

За да го направите тестото од бисквити, измешајте ги рачно сите состојки, а потоа дополнително мешајте со електричен миксер. Поделете го тестото на 8 еднакви парчиња. На рамна површина сипете малку брашно и оформете го секое парче тесто во многу тенка тркалезна форма со големина од една чинија. Поставете една чинија врз секое од овие теста и отстранете го вишокот. Поставете ги тестата врз садот за печење и печете од 7 до 8 минути или сè додека не станат златни. Тргнете ги настрана за да се оладат.

Во меѓувреме направете ја глазурата. Сварете го млекото, гризот, шеќерот, ванилата и солта заедно. Варете сè додека не добиете густа смеса, а потоа сместете ги во голем сад отпорен на топлина и прекријте ги со пластична кеса директно на површината. Ставете ги во фрижидер додека не се оладат. Мешајте го путерот со миксер сè додека тој не стане блед и кремаст. Додајте ја потоа и Нутелата и мешајте сè додека не се комбинираат. Откако ќе завршите, лажичка по лажичка претурете ја смесата со млекото и гризот. Повторно мешајте додека не се комбинираат.

За да ја составите тортата поставете едно тесто од бисквити на чинија за сервирање. Премачкајте го со мал дел од кремот и распределете го рамномерно врз тестото. Ставете уште едно тесто врз него и повторувајте го процесот сè додека не ги наредите сите слоеви тесто. Со остатокот од кремот поминете на врвот и страничните делови од тортата за да ја зацврстите. Ставете ја во фрижидер да се олади.

За да го направите благиот сос, во еден сад за готвење ставете Нутела, крем и чоколадо и загрејте ги на слаб оган, притоа цело време мешајќи. Кога тие ќе се стопат, тргнете ги од оган. Сипете го сосот над тортата и дозволете му да капи по страните, а потоа додајте ги и лешниците.

Чувајте ја тортата во фрижидер. Најдобро е да ја сервирате наредниот ден.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 08:46

Брза спирална торта со малини и чоколадо


Оваа торта е една од оние кои без посебна декорација изгледаат вкусно и привлечно, а реално, не ви се потребни никакви кулинарски вештини.

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-01.jpg

Затоа, ви предлагаме спиралната торта со малини и чоколаден крем да биде вашиот следен кулинарски проект.

Потребни состојки:

За кора

  • 120g брашно
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • ½ лажичка сол
  • 125ml масло
  • 60ml вода
  • 4 жолчки
  • 6 белки
  • 1 лажица ванила екстракт

За крем

  • 3 шолји павлака за шлаг
  • 90g шеќер во прав
  • 30-40g какао во прав
  • 350g свежи малини
  • 1/3 шолја сечкани бадеми
  • Изрендано чоколадо

Во една тепсија за печење ставете мрсна хартија, намачкајте со путер или зејтин и истурете брашно. Рерната вклучете ја на 160 степени.

Во пластичен сад измешајте го брашното со ¾ шолја шеќер, прашок за печиво и сол, а во посебен сад изматете ги жолчките, маслото, водата и ванилата.

Белките изматете ги посебно додека не добиете пена. Додадете неколку капки оцет ако сакате подобра текстура, па постепено додавајте го шеќерот. Матете додека не добиете цврст снег.

Смесата од жолчки измешајте ја со сувите состојки и соединете ги, а потоа со лажица малку по малку додавајте го снегот од белки. Матете со дрвена лажица додека не добиете еднолична смеса.

Добиеното тесто ставете го во тепсијата и печете 20 минути. Извадете, оставете пандишпанот да се олади, а во меѓувреме подгответе го кремот.

Изматете ја павлаката заедно со шеќерот и какаото додека не добиете чоколаден крем.

Исечкајте ги малините и бадемите, а потоа следете ги овие фотографии за редење на тортата:

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-02.jpg

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-03.jpg

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-04.jpg

brza-spiralna-torta-so-malini-i-cokolado-05.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2015 во 17:54

Чоколаден колач со малини

Потребни состојки:

 

350 г малини

1 лажица шеќер

1 чаша млеко

60 г путер

3 јајца

½ чаша кафеав шеќер

½ чаша брашно

2 мали шолји какао во прав

1 мала лажичка сол

80 г чоколадо за готвење


Постапка:

 

Рерната загрејте на 200 степени.

 

Малините поросете ги со лажица шеќер и оставете ги 15 минути.

 

Во блендер добро измешајте: млеко, путер, јајца, кафеав шеќер, брашно, какао во прав, половина од чоколадото и сол.

Малините заедно со сокот наредете ги во калап за торта, претходно обложен со хартија, а одозгора прелијте со смесата.

Печете во загреана рерна додека тестото да стане цврсто на допир, околу 35 минути.

Извадете ја печената торта и веднаш, додека е топла, изрендајте ја втората половина од чоколадото.



Изменето од Valerija - 08.Јули.2015 во 17:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 18:34
8

Чоколадна торта со ф’стаци


Вкупно време за подготовка: 2 часа / Порции: 10

Како круна со ф’стаците на врвот, чоколадната торта е навистина достојна да ја имате на вашата трпеза за време на празничните денови.

За тестото:

  • 1/2 чаша несолен путер, се сече на мали парчиња, дополнително за тавчето
  • 1 чаша брашно, дополнително за тавчето
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка прашок за пециво
  • 250 гр.чоколадо за готвење, грубо исецкано
  • 1 1/4 шолји шеќер
  • 1 лажичка чист екстракт од ванила
  • 2 големи јајца
  • 1/2 чаша ниско-маслено млеко
  • 3/4 чаша, несолени ф’стаци, грубо исецкани

За смесата од чоколадо:

1/2 чаша крем пена, слатка павлака

120 гр. чоколадо, грубо исецкано

1/4 чаша несолени ф’стаци, грубо исецкани

Чекор 1

За подготовка на тестото: Загрејте ја рерната на 350 степени. Ставете хартија за печење. Измачкајте ја хартијата со путер и брашно.  Во среден сад, изматете брашно, сол и прашок за пециво . Ставете го на страна.

Чекор 2

Во голем огноотпорен сад се топиме путерот и чоколадото, мешајќи често , 4-5 минути. Тргнете го садот од топлината. Измешајте шеќер и ванила, а потоа додадете ги јајцата, млекото и ф’стаците. Ставете го брашното во мешавината, и месете до добивање хомогено тесто.

Чекор 3

Готовото тесто се става во подготвената тава . Се пече, 60-70 минути. Потоа изладете го тестото во тавата околу 5 минути, па внимателно со нож се отстранува хартијата и се остава да се излади целосно, околу 3 часа. (За подолго чување, ставете го тестото во пластичен сад на собна температура , до 3 дена).

Чекор 4

За кремот: Во мал сад, загрејте го кремот до вриење; Потоа отстранете го од топлина . Додадете го чоколадото, и оставете го 5 минути; па мешајте ја смесата, додека не се изедначи . Оставете да се излади, 2-6 минути.

Чекор 5

Наместете го тестото на послужавник. Навијте ленти од пергамент хартија под работ на тестото за да се спречи капењето на кремот од послужавникот. Истурете го кремот во центарот на тестото и со нож, размачкувајте рамномерно на сите делови од тестото. Оставете, да отстои околу 30 минути. Отстранете ја хартијата од под тортата и посипете го врвот со ф’стаци.



Изменето од Valerija - 11.Јули.2015 во 18:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2015 во 22:14

БРЗ ОВОШЕН КОЛАЧ

10

Овој колач е многу омилен, а неверојатно лесно се прави. Ние за денеска се решивме да го правиме со вишни. За негова подготовка не ви е потребна некоја посебна вештина, а бидете сигурни дека со овој превкусен десерт ќе ги воодушевите сите!

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 3 шолји шеќер
  • 3 шолји масло
  • 6 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица кисело млеко
  • Половина килограм вишни (можете и повеќе или помалку, останува на вашата желба)

Подготовка:

  1. Со миксер изматете јајца и додадете ги сите состојки освен вишните. Во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, сипете 2/3 од добиената смеса. Преку неа ставете ги вишните, а преку вишните преостанатата третина од смесата.
  2. Колачот се пече отприлика 25 до 30 минути на 170 степени. Кога малку ќе се излади посипете го со шеќер во прав.

Совет: Наместо со вишни, овој колач можете да го направите и со друго овошје: Сливи, кајсии, малини, праски, јаболки…

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:08

КОЛАЧ СО КАЈСИИ

8

Потребни состојки:
·    100 гр. кајсии
·    250 гр. путер на собна температура
·    250 гр. шеќер
·    1 ванилин шеќер
·    Малку сол
·    5 јајца
·    Малку рум
·    500 гр. брашно
·    1 прашок за пециво
·    3 лажици млеко

За глазурата:
·    3 жолчки
·    60 гр. шеќер
·    Еден пудинг од ванила
·    Шолја кисела павлака
·    200 гр. лешници исечкани или погрубо измелени
·    Малку рум

Најпрво измијте ги кајсиите, исчистете ги од семките и исечете ги на кришки.

Измешајте го путерот со шеќерот, ванилиниот шеќер и солта и матете со миксер додека смесата не се запени. Потоа во смесата постепено додавајте ги јајцата едно по едно постојано мешајќи, па додајте и неколку капки рум.

Во посебен соодветен сад измешајте го брашното и прашокот за пециво па додадете го во смесата со путер и јајца и убаво измешајте да добиете рамномерно тесто. Тестото треба да биде малку течно, па ако ви излезе премногу густо, слободно додадете во него неколку лажици млеко.

Земете една правоаголна тава, намачкајте ја со малку масло, посипете малку брашно и протресете го за да не ви се залепи тестото. Потоа сипете го тестото и израмнете го, па врз него наредете ги кајсиите. Преку кајсиите сипете ја глазурата која претходно сте ја направиле на тој начин што убаво сте ги измешале сите наведени состојки.

Вака подготвениот колач се пече околу 45 минути во претходно загреана рерна на 175 C.




Изменето од Valerija - 19.Јули.2015 во 08:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:09

ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ СО КРЕМ СИРЕЊЕ

7
Потребни состојки:

За кората
·    170 гр. чоколадни бисквити, мелени
·    6 лажици стопен путер
·    1/3 шолја мелени бадеми
·    2 лажици како прав
·    ½ шолја ситно исечкано чоколадо

Крем 
·    340 гр. крем сирење
·    100 гр. шеќер
·    3 јајца
·    180 гр. бело чоколадо

Глазура 
·    ¾ шолја чоколадо за готвење иситнето на парченца
·    125 мл. слатка павлака

Во соодветен сад измешајте ги мелените бисквити, какаото, бадемите, чоколадото и путерот додека се убаво не се соединат. Потоа смесата убаво притиснете ја со прстите во правоаголен калап, убаво да се залепи дното и страните, па ставете го калапот во фрижидерот и вклучете ја рерната да се загрева на 165C.

За кремот, растопете ја белата чоколада на пареа или во микробранова печка и потоа оставете ја околу пет минути да се излади. Во поголем сад изматете ги со миксер крем сирењето и шеќерот, а потоа додадете ги јајцата, убаво изматете, па додајте ја и стопената бела чоколада. Потоа сипете го кремот врз оладената кора и печете околу 40 минути.

Глазурата ќе ја подготвите така што ќе ја загреете павлаката и ќе ја прелиете врз ситно исечканата чоколада и ќе мешате додека не добиете мазна, свиленкаста глазура. Кога ќе се испече колачот и целосно ќе се излади прелијте го со глазурата, а кога глазурата ќе се стврдне, можете да го исечете на коцки или правоаголници, по ваша желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 20:47

Десерт на денот: Чоколадни чашки со овошје


Време е да го помешате сезонското овошје со малку чоколадо и да го сервирате како никогаш претходно.

desert-na-denot-cokoladni-caski-so-ovosje-01.jpg

Иако може ви делува како предизвик, овој видео рецепт е поедноставен отколку што си замислувате.

Ви треба квалитетно темно чоколадо, изматен шлаг и овошје по желба. Во случајов, малините изгледаат неодоливо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2015 во 18:50

Супер вкусни колачиња од 3 состојки


Во миговите кога ви се јаде нешто благо, а супер лесно за приготвување ви препорачуваме да ги испробате овие колачиња за кои ќе ви бидат потребни само 3 состојки.

  • 2 изгмечени банани 

  • 1 шолја овесни снегулки 

  • ¼ шолја ситни парченца чоколадо

Загрејте ја рерната на 150 степени. Во плехот во кој планирате да ги печете колачињата ставете хартија за печење. Потоа сите состојки споете ги во една целина и со помош на лажица формирајте мали колачиња. Печете 10-тина минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.