IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:42

Колач со кафе


Состојки:

120 гр. брашно
1 лажичка екстракт од ванила
400 гр. шеќер
2 лажици инстант кафе
150 гр. чоколадо за готвење
250 гр. путер несолен
1 лажица цимет
1/2 лажичка сол
5 јајца големи

Упатство:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја решетката на средина. Намастете и ставете малку брашно во правоаголна тава (33 x 23 cm). Во тенџере растопете го путерот, чоколадото и кафето со постојано мешање додека не се изедначи. Тргнете го тенџерчето и оставете да се излади (додека не стане млако). Додадете го шеќерот и екстрактот од ванила и мешајте со жица за матење. Додавајте едно по едно јајце и продолжете со матење, додека не се изедначи смесата. Во друг сад измешајте ги брашното, солта и циметот и со постојано мешање додавајте ја чоколадната смеса. Вака приготвената смеса распоредете ја во тавата за печење и печете околу 25 до 30 минути. Оставете го колачот да се излади и исечете го на коцки (5cm).



Изменето од Valerija - 21.Декември.2014 во 19:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2014 во 22:02

ПОЛНЕТИ ВАНИЛИЦИ

Состојки:- 2 јајца
– 1 лажица павлака
– 1 лимон
– 350 гр брашно за тесто
– 125 гр шеќер за тесто
– 1 прашок за печиво за тесто
– 125 гр путер за тесто
– 4 лажици млеко за тесто
– 250 гр мелени ореви- за фил
– 150 гр суво грозје-за фил
– 200 гр шеќер за фил

Подготовка:

Во сад за матење ги ставаме брашното, путерот и млекото. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчКите. Жолчките ги додаваме во садот за матење, а белките ги оставаме во сад настрана. Го вклучуваме миксерот но со мешалките за тесто. Во садот додаваме 125 гр шеќер. Откако состојките ќе се соединат го исклучуваме миксерот. Лимонот го сечеме на половина. Го цедиме во цедалка. Мелените ореви ги ставаме во поголем длабок сад. Додаваме 200 гр шеќер. Го додаваме сувото грозје, павлаката и лимоновиот сок. Мешаме со лажица. Во садот за матење го додаваме прашокот за печиво. Го месиме тестото со рака. Тестото го ставаме на набрашнета работна маса и го месиме со раце. Од тестото формираме долгнавеста форма. Ја сечеме на половина. Од првата половина формираме долгнавеста форма. Ги набрашнуваме работната маса и тестото. Со сукалка развлекуваме правоаголна кора. Ја превртуваме кората на работната маса. Уште малку ја рассукуваме. Со готварска четка краевите на кората ги премачкуваме со масло за јадење. На средината на кората нанесуваме половина од претходно подготвениот фил. Виткаме ролат. Краевите на ролатот ги свиткуваме кон внатрешната страна за да не испаѓа филот. Тавата за печење ја намрснуваме со путер. Во тавата ги ставаме двата ролата. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 180 степени. Ја вадиме тавата од рерна. Со алатка ги оделуваме ролатите еден од друг. Го ставаме првиот ролат на даската за сечење. Ролатот го сечеме на парчиња со широчина од два сантиметри. Со цедалка парчињата ги наросуваме со шеќер во прав. Полнетите ванилици скалесто ги редиме на чинија за колачи.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2014 во 08:48

Спас во последна минута: Чоколадна торта готова за 15 минути


Наместо празниците да ги поминете покрај рерната во кујна, слаткиот и брз спас се крие во тортата која може да ја направите за 15 минути.

spas-vo-posledna-minuta-cokoladna-torta-gotova-za-15-minuti-01.jpg

Рецептот кој ќе ви заштеди време и осигура слатко уживање на празничната трпеза е следниов:

Состојки:

  • 30g какао во прав
  • 90g брашно
  • Малку сол
  • Прашок за печиво
  • 20g шеќер
  • 6 мали лажички билно масло
  • 80мл млеко
  • ½ лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Помешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги течностите и добро промешајте.

Смесата ставете ја во мал калап за торта, а ако сакате поголема количина зголемете ја количината состојките пропорционално.

Печете на 180 степени околу 12 до 15 минути.

Ако сепак сакате малку да ја декорирате тортата, чоколадната глазура или растопениот еурокрем е секогаш ефектно решение.

Наместо празниците да ги поминете покрај рерната во кујна, слаткиот и брз спас се крие во тортата која може да ја направите за 15 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2014 во 10:26

 Овошна елка

Потребни состојки:

  • 300g мелени бисквити
  • Сок од еден портокал

За фил:

  • 500ml млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 250g путер
  • 2 лажици шеќер во прав

За украсување

Неколку кивија и кандирани рибизли

Подготовка:

Измешајте ги бисквитите и сокот од портокал и од смесата направете облик на поголема елка. За да го подготвите филот прво ставете 300 ml млеко да се загрее, а на страна во 200 ml млеко измешајте ги шеќерот и брашното. Кога ќе зоврие загреаното млеко, додајте ја смесата со брашното и шеќерот. Варете 1-2 минути. Изматете ги и путерот и шеќерот во прав, па додадете ги во изладениот фил и сетот тоа соединете го со миксер.

Исфилувајте ја кората и внимавајте да го задржи обликот на елка, а потоа исечкајте ги кивијата на тенки кругови и наредете ги врз филот , а рибизлите додајте ги како лампиони.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-3.jpg



 Елки - пуслици

Потребни состојки:

  • 150g шеќер
  • 1 лажичка лимонов сок
  • Прехранбена зелена боја
  • Малку шеќер во прав и стопено чоколадо

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот. Откако ќе добиете еднолична смеса додајте го лимоновиот сок за да ви остане поцврст шлагот. Измешајте и додајте ја зелената прехранбена боја, па со шприц на хартија за печење во плех формирајте елки. Печете ги во рерна околу 60 минути на 130 степени. На крај наросете малку шеќер во прав како да има снег и на врвот додајте мала ѕвезда направена од стопеното чоколадо.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-4.jpg



Изменето од Valerija - 28.Декември.2014 во 10:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2014 во 08:34

Новогодишен брз спас: Чоколаден колач за некоја минута


Како се ближи Нова Година така ние имаме се помалку време за да ја подготвиме празничната трпеза која сме ја испланирале. Најчесто за десертот планираме нешто големо, за на крај да брзаме и да направиме некоја торта или пак колач набрзина.

Ние ви предложуваме наместо празниците да ги поминете покрај рерната во кујна, слаткиот и брз спас се крие во колачот која може да ја направите за неверојатни 15 минути. Направете повеќе вакви парчиња одеднаш и ете ви цела торта. Доколку сакате повеќе шолји колач тогаш за толку зголемете ги дозите.

Овој рецептот ќе ви заштеди време и обезбеди слатко уживање на празничната трпеза:

Состојки:

  • 30 гр. какао во прав
  • 90 гр. брашно
  • Малку сол
  • Прашок за печиво
  • 20 гр. шеќер
  • 6 мали лажички билно масло
  • 80 мл. млеко
  • Половина лажица екстракт од ванила

Подготовка:



Помешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги течностите и добро промешајте.

Смесата ставете ја во мал калап за торта, а ако сакате поголема количина зголемете ја количината состојките пропорционално.

Печете на 180 степени околу 12 до 15 минути.

Ако сепак сакате малку да ја декорирате тортата, чоколадната глазура или растопениот еурокрем е секогаш ефектно решение.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2015 во 16:38

ТРИ ЛЕЧЕ

Состојки

  • тесто
  • 10 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици брашно
  • прелив
  • 1 литар млеко
  • 500мл слатка павлака
  • 500мл кондензирано млеко
  • 300гр готов карамел

Подготовка

Се кршат  јајцата со шеќерот и се додава брашното, лажица по лажица за да се изедначи смесата. Се пече во длабок плех 20×30.

На страна се мешаат трите млека и кога пандишпанот е готов со печење, се прелива.

Се сече на коцки и се става карамел ( готов карамеил или пак со стопени карамели)

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 13:11

ВКУСНИ БОМБИЦИ СО БАНАНА, КОКОС И ЧОКОЛАДО

18

Потребни состојки:

  • 3 банани
  • 150гр шеќер во прав
  • 150гр мелени ореви(може и мелени бисквити, тогаш намалете на шеќерот во прав)
  • 150гр кокос

Подготовка:

Испасирајте ги бананите со вилушка, додадете ги другите состојки и се добро измешајте да се соедини. По потреба додадете ореви или кокос. Направете бомбици и валкајте ги во рендано чоколадо или кокос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 21:44

СУНЃЕР ТОРТА

24

Состојки:

200 гр маргарин
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
5 јајца
200 гр брашно
1 прашок за печиво
изрендана кора од лимон
сок од еден лимон
350 гр хопла со шеќер
џем од малини или јагоди
шеќер во прав за посипување
Подготовка:

Маргаринот пенесто се мати со двата вида на шеќер, изренданата кора и сокот од лимонот. Во еден сад со вилушка се матат јајцата и постепено се додаваат на изматениот маргарин. Се меша со миксер додека не се добие мазна крема.

Во еден сад се мешаат брашното и прашокот за пециво и постепено се додаваат во смесата од јајца и маргарин.
Калап за торта се премачкува со маргарин и во него се става тестото. Тестото треба да биде високо.
Се пече во рерна загреана на 180°С околу 30 минути (со чачкалица се проверува дали е печено).

Печеното тесто се остава да се излади и потоа се сече хоризонтално на 2 дела. Едната кора се мачка со подебел слој од џем или слатко од јагоди или малини. Врз џемот се става цврсто изматената хопла и се поклопува со втората кора. Врз втората кора се посипува шеќер во прав. Може и да се украси со свежо овошје.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 10:36

Брз колач со јаболка


Колачот со јаболка секогаш се наоѓа на листата на омилени десерти. Лесен е за правење, а на вкус е сочен и неодолив. Еве како да го направите:


Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • ½ шолја масло
  • 2 шолји брашно
  • 4 јаболки со средна големина
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка цимет
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр мелени ореви

Подготовка:

- Исчистете ги јаболкат, а потоа изрендајте ги на покрупната страна од рендето. 

- Во еден сад измешајте ги јајцата, јогуртот, маслото, брашното и прашокот за печиво и добро изматете ги со миксер. 

- Обложете го тавчето за печење со хартија за шечење и во него истурете половина од смесата која ја матевте со миксер. Врз неа во тавчето распоредете ги ренданите јаболка, потоа попрскајте ги со шеќерот, оревите и циметот. 

- Јаболката прекријте ги со остатокот од смесата. Печете на најнискиот дел од рерната на 200 степени, додека тестото не добие црвенкаста боја. Кога ќе се подолади, исечете го добиениот колач на коцки и уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2015 во 19:24

СЕ ТОПИ ВО УСТА: НЕСТЛЕ ТОРТА

27

Состојки:

Кора:

6 белки

6 лажици шеќер

5 лажици мелени ореви

2 лажици брашно

Прелив за кора:

300 гр чоколадо

125 гр маргарин

Фил:

1 л млеко

18 жолчки

10 лажици брашно

10 лажици шеќер

250 гр маргарин

200 гр Несквик

Топ фил за цела торта:

300 гр шлаг крем

400 мл минерална вода

Подготовка:

Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори.

Тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2015 во 13:18

ЕКСПРЕС ЧОКО ТОРТА

6

Потребни состојки:

–          150 гр путер

–          200 гр брашно

–          Половина кесичка пециво

–          30 гр какао

–          170 гр шеќер

–          1 кесичка ванила

–          4 јајца

–          125 мл јогурт

За филот:

–          100 гр путер

–          200 гр црна чоколада

–          200 мл слатка павлака

–          70 гр шеќер во прав

Подготовка:

За филот растопете ги сите состојки на тивок оган и мешајте повремено. Кога ќе добиете хомогена смеса тргнете го садот од оган и оставете на собна температура.

За бисквитот растопете го путерот  и малку изладете го. Во длабок сад ставете ги брашното, јајцата, какаото, пецивото, шеќерот, ванилата и убаво измешајте. Додадете го јогуртот, путерот и убаво затворете го садот. Енергично протресете го садот неколку пати.

Сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и ставете го во рерна да се пече околу 30 до 40 минути на 160 степени. Оставете го бисквитот да се излади, и по 5 мин извадете го од плехот. Пресечете ја кората на два дела и филувајте ја едната кора, па преклопете и целата торта премачкајте ја со остатокот од филот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2015 во 09:46

ФРАНЦУСКА ЧОКОЛАДНА ТОРТА

4

Колку и да се трудам вкусот нема да можам да ви го доловам, затоа припремете ја и уживајте во неверајотниот вкус на чоколадата.

Потребни состојки:

–      140 гр маргарин

–      140 гр шеќер

–      ванилин шеќер

–      6 јајца

–      140 гр мелени ореви или лешници

–      3 реда чоколада – вашата омилена

–      една лажица какао

–      рум

 

За филот:

–      125 гр путер

–      125 гр шеќер во прав

–      ванила

–      3 реда чоколада

–      една лажица какао

–      2 јајца

 

Подготовка:

Со миксер пенесто изматете ги маргаринот, ванилата и шеќерот. Додајте ги една по една жолчките, матејќи се додека смесата не се изедначи. Потоа додајте го какаото и растопената чоколада, а на крајот лешниците или оревите. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека додајте ја смесата во чоколадната смеса. Ставете го и румот. Во калап за печење ставете масло, а потоа и брашно па сипете ја смесата и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени. Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и печете уште 15-20 минути. Филувајте кога тестото ќе биде потполно изладено.

За филот:

Пенесто изматете ги путерот, шеќерот во прав, ванилата па додавајте ги една по една жолчките, потоа какаото, растопената чоколада и рум. Пенесто изматете ги белките и додајте ги во чоколадниот фил. Филот ставете го во фрижидер да се излади, а потоа филувајте го тестото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2015 во 18:30

Домашен тирамису ролат


Омилениот десерт со вкус на кафе во малку поинаков облик. Идеален за после ручек или топлото попладневно кафе.

domasen-tiramisu-rolat-01.jpg


Состојки:

За кора

  • 4 јајца
  • Малку сол
  • 80g шеќер
  • 125g брашно
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • Кесичка ванилин шеќер

За крем

  • 150g крем сирење
  • 10g какао
  • 250g маскарпоне сирење
  • 100g шеќер
  • 3 лажици инстант кафе
  • 300g слатка павлака

Какао во прав и зрна кафе за декорација

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 200 степени.

Одвојте ги белките од жолчките и заматете цврст снег од белките со малку сол.

Во друг сад кремасто изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер. Одозгора ставете го снегот од белки и промешајте. Додадете го брашното.

Смесата распоредете ја на тава обложена со мрсна хартија и печете 10 минути.

Печената кора ставете ја на крпа обложена со шеќер, одлепете ја хартијата и замотајте го пандишпанот заедно со крпата.

Крем сирењето, маскарпонето, какаото, кафето и шеќерот добро изматете ги. Изматете ја слатката павлака и 2/3 додадете во филот со сирење.

Оладениот бисквит премачкајте го со кремот, па замотајте го како ролат.

По желба декорирајте со преостанатата слатка павлака, посипете какао и зрна кафе.

domasen-tiramisu-rolat-02.jpg

domasen-tiramisu-rolat-03.jpg



Изменето од Valerija - 08.Февруари.2015 во 18:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2015 во 09:32

Прсти да излижеш: Чоколадни браунис од само 2 состојки


Кога ќе ве фати напад за слатко, посегнете по овој рецепт кој ќе го совладате дури и ако сте почетник во кујната.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-01.jpg

За овој супер едноставен колач ви се потребни само 2 состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

  • 4 големи јајца
  • 250g Нутела (или друг крем по желба)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Земете малечка тава или сад за печење и ставете мрсна хартија.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-03.jpg

Јајцата мешајте ги со миксер 5 - 7 минути, додека волуменот двојно не им се зголеми.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-06.jpg

Нутелата или кремот кој го одбравте ставете го во шолја и загрејте го во микробранова околу 1 минута.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-08.jpg

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-09.jpg

Потоа постепено додавајте го растопениот крем во јајцата и внимателно мешајте.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-10.jpg

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-11.jpg

Подготвената смеса истурете ја во калапот и печете 30 минути.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-13.jpg

Проверете ја средината на колачот со чепкалка, па ако има потреба допечете уште 5-10 минути. Кога колачот ќе биде готов, чепкалката ќе остане чиста.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-16.jpg

Оставете го колачот да се олади, посипете со шеќер во прав или какао, па исечете коцки.

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-17.jpg

Браунис колачињата се готови!

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-18.jpg

prsti-da-izlizes-cokoladni-braunis-od-samo-2-sostojki-19.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.