IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 19:13

ДОМАШНО ТОБЛЕРОНЕ

1

Состојки:

1 маргарин од 250 гр

3 јајца

300 гр шеќер

200 гр чоколадо

2 лажици какао во прав

100 гр пржен сусам

100 гр сецкани, пржени, не солени кикиритки

200 гр мелени бисквити

100 гр чоколадо за прелив

Неколку капки масло

Подготовка:

Загрејте го маргаринот на водена пареа и почекајте додека се стопи.

Јајцата и шеќерот изматете ги добро и додадете ги во маргаринот.

Загревајте се додека шеќерот не се стопи, додадете какао, чоколадо, полека мешајте и додадете ги кикиритките, бисквитите и сусамот.

Калап-тепсијата подмачкајте ја со неколку капки масло и топлата смеса префрлете ја внатре. Почекајте да се стегне смесата, па додадете го чоколадниот прелив на крај. Се сече на парчиња и се служи со кафе или чај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:49

Торта со боровинки и лимон



torta-borovinki1
Оваа торта со лимон е вистинско освежување во овие сончеви февруарски денови. Повеќе слоеви, вкусни боровинки и крем.

Состојки:

за тортата:

- 200 гр. маргарин

- 300 гр. шеќер

- 4 јајца

- 1 лажичка ванилин шеќер

- 370 гр. брашно

- 1 лажичка пециво

- 1/2 лажичка сол

- 1 чаша млеко

- 1 чаша и половина свежи боровинки

- сок и кора од 3 лимони

за филот:

- 5 белки од јајца

- 100 гр. маргарин

- 250 гр. шеќер

- 1 лажичка ванилин шеќер

torta-borovinki-2Подготовка:

Со миксер измешајте го маргаринот. Додадете го шеќерот и мешајте 2-3 минути. Додадете ги јајцата и ванилиниот шеќер. Мешајте се додека смесата целосно не се спои.

Во друг сад измешајте ги брашното, пецивото и солта. Соединете ги двете смеси, а потоа додадете ги млекото, кората и сокот од лимон и на крај мергаринот и боровинките.

Оваа торта е со три слоеви, па затоа смесата распоредете ја во три тепсии. Печете ја тортата 20-25 минути на 200°C

За да го направите филот за тортата измешајте ги со миксер состојките погоре.

Израмнете ги врвовите на трите торти и на сите ставете дел од филот, но оставете и за страничните делови и врвот.

Израмнете го филот и ставете ја тортата во фрижидер за да се стврдне. Декорирајте ја со боровинки и парчиња лимон.

torta-borovinki3




Изменето од Valerija - 12.Април.2014 во 21:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:51

Тарт со чоколадо и карамела


tart1

Тартот е десерт кој се состои од тесто и полнење. Полнењето може да биде слатко или солено. Нашиот денешен рецепт е тарт со чоколадо и карамела.

Состојки:

за тестото

- 250 гр. брашно

- 30 гр. мелени бадеми

- 150 гр. маргарин

- 80 гр. шеќер

- 1 јајце

- 1 лажица ванилин шеќер

- малку сол

за полнењето од карамела

- 70 гр. шеќер

- 70 гр. крем за готвење

- 1 лажица маргарин

- малку сол

за чоколадниот крем

- 500 мл. крем за готвење

- 350 гр. чоколадо за готвење

за шлагот

- 300 мл. крем за готвење

- 2 лажици шеќер

Инструкции:

Со состојките за тестото, направете го и ставете го во фрижидер околу 30 минути. Потоа размесете го повторно и прекријте го калапот за тарт со него, направете неколку дупчиња на тестото со вилушка и печете го околу 25 минути на температура од 200°.

За да го направите полнењето од карамела, стопете го шеќерот и чувајте го на топлина додека не зоврие. Тргнете го настрана и ставете ги маргаринот и кремот за готвење. Смесата истурете ја во тартот и ставете го тартот во фрижидер минимум 1 час.

За да го подготвите чоколадниот крем стопете го чоколадото и потоа додадете го кремот за готвење и убаво промешајте. Распоредете го рамномерно кремот во тартот.

Ставете го тартот во фрижидер неколку часа пред да го послужите. Пред да го послужите направете го шлагот така што со миксер ќе го измешате кремот за готвење со 2 лажици шеќер.

Декорирајте го тартот со какао во прав.

tart2

tart3

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 15:45

Павлова торта: Најбрз рецепт за крцкав и вкусен десерт


Една од најпопуларните торти, која се поврзува со приказната за руската балерина Ана Павлова, со доаѓањето на пролетта и првите свежи јагоди конечно може да излезе од книгите со рецепти и да се најде на вашата трпеза.


Нежен, поетичен и бајковит, баш како балетската вештина, е описот за овој едноставен рецепт.

Потребни состојки:

  • 3 белки
  • 150 грама шеќер
  • 2 мали лажички пченкарно брашно
  • 1 мала лажичка бел вински оцет
  • ½ лажица екстракт од ванила
  • 200 мл слатка павлака
  • 300 гр свежи јагоди

Подготовка:

- Загрејте ја рерната на 150 степени. Тавчето обложете го со масна хартија за печење и со помош на чинија од средна големина нацртајте кружница, која ќе ви послужи како подлога за смесата од белки. Површината на означениот круг намачкајте ја со путер.

- Во сад ставете ¾ од шеќерот и пченкарното брашно и мешајте додека грутките од брашно во потполност не исчезнат, па така подготвената смеса оставете ја на страна.

- Во друг сад пенасто изматете ги 3-те белки (матењето треба да трае 2-3 минути, а јајцата треба да бидат на собна температура, а не штотуку извадени од фрижидер). Потоа, во веќе оформената текстура додадете ја во три наврати останатата количина на шеќер. Важно е после секое ставање на шеќер смесата да ја матите додека целосно не се растопат грутчињата шеќер.

- Во смесата додадете ги екстрактот од ванила и винскиот оцет, па повторно матете додека не се создаде цврста смеса која не ја губи формата.

- Нанесете ја смесата во нацртаната кружница на масната хартија. Со нежни потези со лажица распоредете ја рамномерно, а во средината направете мала вдлабнатина.

- Намалете ја температурата на рерната на 140 степени и печете еден час. Потоа, отворете ја вратата од рерната и оставете ја смесата да постои внатре уште 10-15 минути, а потоа извадете ја и оставете ја да се олади.

- Додека истата не се излади, изматете ја слатката павлака. Потоа намачкајте ја преку кората и наредете ги јагодите (цели или сечкани – по ваша желба). За поосвежителен вкус, врз јагодите ставете неколку ливчиња свежо нане.

За полесно да се снајдете со подготовката на оваа популарна торта, погледнете го и видеото:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 16:23

НАЈВКУСНИОТ КОЛАЧ ШТО НЕКОГАШ СТЕ ГО ПРОБАЛЕ

15

Состојки:

Тесто:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажици какао
  • Половина пециво

Шербет:

  • 200 гр шеќер
  • 250 мл вода

Крем:

  • 500 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила ( може и од банана или кокос)
  • 1 лажица брашно
  • 4 жолчки
  • 220 гр путер
  • 200 гр шеќер во прав

Декорација:

  • 4 белки од јајце
  • 8 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Тесто:

Од горенаведените состојки изматете тесто. Ставете го во намастен калап и печете на 180 степени.

Шербет:

Додека тестотото се пече, на оган ставете шеќер и вода. Варете околу 5 мин и тргнете го од рерната.
Топлото печено тесто прелијте го со шербетот и оставете го да отстои.

Крем:

Во сад ставете 400 мл млеко и 5 лажици шеќер и оставете да зовријат.
Во друг сад изматете ги жолчките, пудингот, брашното и 10 мл млеко. Сето ова ставете го во зовриеното млеко и мешајте додека згусне ( исто како да варите подинг)
Добиениот крем тргнете го од огнот и оставете да се олади. Поклопете го за да не се создаде коричка и повремено промешајте.

Додека се лади кремот, извадете го путерот од фрижидер за да омекне. Кога кремот потполно ќе се излади, изматете го путерот со шеќерот во прав и додадете го во кремот.

Повторно добро изматете и премачкајте го преку печеното тесто.

Декорација:

Изматете ги белките, една по една лажица додадете ги шеќерот и матете без престан.
Додадете го ванилиниот шеќер и продолжете со матењето се додека не добиете фин шлаг.

Шлагот премачкајте го врз колачот и оставете да се олади минимум два часа во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 16:24

КОЛАЧ ОД КОКОС И ГРИЗ

14

Состојки:

  • 180 гр пченичен гриз
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр кокос
  • 20 гр путер
  • 8 дл млеко
  • Екстракт од ванила
  • 2 јајца
  • Изрендана кора од лимон
  • Шеќер во прав

Подготовка:

На средна температура загрејте го млекото до точка на вриење.
Намалете ја јачината на ринглата, додадете гриз и мешајте со лажица додека да згусне.
Додадете го путерот, кокосот, лимоновата кора и екстрактот од ванила.
Кога ќе се соединат состојките тргнете го садот од огнот.
Кога смесата ќе се олади, додадете ги жолчките а белките посебно изматете ги во цврста пена. Пената додадете ја на смесата со гриз.
Префрлете во намрсен плех и печете околу 40 тина минути на температура од 180 степени.
Кога колачот ќе се излади, посипете го со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 20:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 20:35

ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО ЈАБОЛКА

15Состојки:
  • 3 јајца
  • 3 лажички шеќер
  • 3 лажици гриз
  • 150 гр мелени ореви

Фил:

  • 3 рендани јаболки со просечна големина

Глазура:

  • 100 гр црна чоколада за готвење
  • 2 лажици млеко
  • 30 гр маргарин

Подготовка:

Со миксер матете ги јајцата и шеќерот се додека не се создаде пена. Потоа додадете го гризот, па изматете уште малку. На крај ставете ги оревите и измешајте со лажица.
Во намрсен сад за печење со димензија 25×40 см посипете брашно па истурете ја половината од смесата.
Во загреана рерна на 200 степени ставете го садот за печење на 3-4 минути, само да започне да се пече тестото. По 3-4 мин извадете го од рерната и посипете ги ренданите јаболки.
Веднаш преку јаболките истурете ја и останатата половина од смесата за тестото и распоредете ја преку јаболките.
Вратете го садот во рерната и продолжете да печете уште 20-25 минути.
Кога ќе се испече тестото извадете го од рерната, исечете го на коцки. Додека колачот се лади, подгответе ја глазурата од чоколадо.
На умерена температура стопете го маргаринот со малку млеко и 100 гр црна чоколада за готвење, па прелијте ги коцките со топлата глазура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 16:09





cokoladna-torta-1397909285-33624

За некои луѓе тортата не е торта ако не е чоколадна. Ви ја претставуваме најчоколадната торта.

Состојки:

За кора:

2 јајца

- 2 лажици брашно

- 2 лажици шеќер

- 2 лажици какао

- ½ вреќичка прашак за пециво

За фил:

2 чоколадни пудинга

- 400 мл млеко

- 400 мл слатка павлака

- 150 г. млечна чоколада

- 6 лажици шеќер

За прелив:

1 дл слатка павлака

- 100 г. млечна чоколада

Подготовка:

Јајцата и шеќерот изматете ги, додадете брашно измешано со прашок за пециво и на крај лажица какао.

Смесата ставете ја во намачкан плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Проверите со чепкалка дали кората е печена.

Печената кора извадете ја од рерна и кога ќе се олади малку прелијте ја со чоколадно млеко, и оставете ја да се стврдне. Пудингот згответе го со шеќер и млеко на вообичаен начин и оставете го да се олади. Слатката павлака изматете ја и помешајте ја со оладениот пудин и се измиксајте со миксер.

50г чоколадо изрендајте ги и измешајте ги во фил. 100 г. чоколадо стопете ги и полека ставајте во филот додека мешате со миксер се додека убаво не се соедини. Смесата ставете ја врз испечената кора и рамномерно распоредете ја.

Чоколадот и павлаката ставете ги во тава на лесен оган, и гответе мешајќи додека чоколадото не се стопи. Тргнете го од оганот и оставете малку да се олади а потоа ставете го преку тортата. Оставете ја тортата да се стегне неколку саати. Потоа тргнете го обрачот, сечете и послужете.


НЕ ПРОПУШТАЈ



Изменето од Valerija - 26.Април.2014 во 16:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2014 во 22:51

ПАРЕНИ ЦРНО БЕЛИ КОЛАЧИ

10

Состојки:
600 гр. шеќер за шербет
3 лажици какао
1 парче прашок за пециво
1 парче квасец
3 филџани вода млака
3 филџани гриз
3 филџани зејтин
0,5 кг. брашно
2 парчиња ванилин шеќер за шербетот
кора од лимон рендана
лимон за шербетот

Подготовка:

Квасецот се рони во брашното, се додаваат сите други состојки и се замесува смесата, која се дели на два дела па во едниот се додава какаото. Вака се остава околу дваесетина минути да стасува па потоа се расукуваат кори од двете смеси кои се редат една врз друга и се виткаат во ролат. Се сечат парчиња во дебелина од еден сантиметар и се редат во ненамастено плехче. Не се грижете кога ги сечете парчињата тие се сплескуваат но кога ќе ги ставите во тавчето постепено ја добиваат формата на ролат. Се печат околу десетина минути и млаки се потопуваат во претходно приготвениот шербет(кој треба да биде млак и не многу густ, значи не треба многу да врие). Се сервираат ладни.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2014 во 22:53

ПАРЕНА ТОРТА СО ЦИМЕТ

4

Состојки:
8 јајца
8 лажици шеќер
1 ванила
½ лажичка цимет
1 пециво
14 лажици гриз
3 лажици брашно
Шербет:
1 кг шеќер
1 кг вода

Подготовка:

Се матат со миксер јајцата со шеќерот.
Откако добро ќе се добие пенеста смесата, се додаваат гризот брашното и пецивото, ванилата и циметот.
Миксерот го исклучувате кога додавате брашно!
Вака подготвената смеса ја префрлате во намастен и набрашнет сад и оставате да се пече.
Откако ќе добие златеста боја, проверувајќи со чепкалка да утврдите дали е печена па ја вадите од рерна и оставате да излади.

Подготвувате стандарт шербет и преливате со шербетот.
Значи како и обично, едното да е ладно, а другото топло.
Сечете во коцки или како сакате, па служете изладена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2014 во 22:06

КОЛАЧИ СО ЕУРОКРЕМ И ПУДИНГ

19

Состојки:

пандишпан:

7 лажици брашно

2 лажици какао

1 пециво

3 јајца

2 лажици гриз

5 лажици кокос

10 лажици млеко

5 лажици шеќер

100 гр ореви

прелив:

пола чоколадо за готвење

1 лажица масло

100 грама еурокрем

фил:

2 кесички пудинг од ванила

5 лажици шеќер

700 мл млеко

1 желатин

декорација:

шлаг крем од чоколадо

Подготовка:

1. Најпрво ги сечкаме оревите на мали парчиња, но не многу мали и не рендани за да се почувствува вкусот. Плехот со димензии 32 * 22 го обложуваме со хартија за печење и ги распоредуваме оревите .

2. Брашното, какаото и пецивото заедно ги просејуваме за да нема грутки во посебен сад. Ја вклучуваме рерната да се загрее на 200 степени.

3. Во сад за матење ги матиме белките, со постепено додавање на шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи ги додаваме и жолчките и не престануваме да матиме. Потоа ги додаваме гризот, млекото, кокосот, брашното, пецивото и какаото и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Ја истураме во плехот над оревите (внимавајте оревите треба да останат од долната страна) и печеме во загреана рерна околу 15тина минути во зависност од рерната. Пандишпанот е готов кога ќе се оддели од краевите а може да проверите и со чечкалица.

4. Откако ќе се испечи го оставаме да се излади.

5. Додека се лади пандишпанот го подготвуваме преливот. На пареа го топиме чоколадото со маслото и кога ќе се стопи го додаваме еурокремот и мешаме со лажица да се соедини.

6. На пандишпанот му ја отстрануваме хартијата и го враќаме во плехот со долната страна нагоре ( оревите да дојдат горе). Од страните ставаме хартија за печење за да не се залепат коцките и да можеме подобро да ги исечиме. Целиот пандишпан го премачкуваме со преливот.

7. Желатинот го раствараме со малку ладна вода.
8. Пудинзите со 5 лажици шеќер ги вариме во 700 мл млеко. Откако ке се свари пудингот , ја исклучуваме ринглата и го додаваме набабрениот желатин и мешаме да се растопи. Додека е топол го истураме врз пандишпанот.
9. Шлаг кремот го приготвуваме според упатството на кесичката и го ставаме во готварски шприц.

10. Пред да ги сечеме коцките ја отстрануваме хартијата. Над секоја коцка ставаме од шлаг кремот. Доколку сакате можете и поинаку да ги украсите а и без шлаг крем пак убаво ќе изгледаат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 11:54

Подгответе плазма бомбици


Во случај да сакате да подготвите нешто слатко за пријателите, или само ви се јаде нешто благо, ви предлагаме да ги пробате вкусните плазма бомбици. 

podgotvete-plazma-bombici

Рецептот е едноставен и лесен, а ќе ви биде потребно малку повеќе од половина час за подготовка на овој вкусен десерт.  

Плазма бомбиците одлично ќе се вклопат со празничниот пикник, и ќе бидат навистина пријатно изненадување за пријателите.

За подготовка на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни:

  • 300 грама мелена Плазма
  • 200 грама шеќер во прав
  • 250 грама маргарин
  • 2 лажици рум
  • 2 лажици какао

Начинот на подготовка е следниот:

Во длабок сад ги ставете плазмата, шеќерот, какото и румот.

Маргаринот растопете го на ниска температура, додека целиот не се растопи. Додадете го во садот со останатите состојки и мешајте додека смесата не се соедини.

Потоа обликувајте бомбици и ставете ги во фрижидерот.

Бомбиците по желба можете да ги прелиете го темно чоколадо или да ги извалката во ореви.

Добар апетит!

podgotvete-plazma-bombici-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 13:46

Чоколадна торта без брашно: Хит рецепт од само 3 состојки


Чоколадна торта е непогрешлив избор кога сакаме да ги задоволи своите, но и вкусовите на мнозинството, бидејќи ретко кој може да одолее на магичниот вкус на чоколадото.

Полниот вкус и топењето во уста се главни адути на овој едноставен рецепт за чија подготовка се доволни само три состојки. Недостатокот на шеќер и брашно, оваа торта ја издвојуваат од многуте слични чоколадни десерти, а пенастата структура ја вбројува меѓу колачите за кои се бара парче повеќе и рецептот се држи во тајност. 

Потребни состојки:

  • 175 гр. темно чоколадо
  • 7 јајца
  • 140 гр. путер или маргарин


Подготовка

Загрејте ја рерната на 130 степени. Подгответе калап за торта, намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење. Чоколадото скршете го на коцки и стопете го на пара, а пред самиот крај, кого чоколадото ќе биде растопено додадете една коцка исечен путер и мешајте додека не се стопи.

Одвојте ги жолчките од белките и во еден сад изматете ги жолчките и со лесно мешање додадете ја изладената смеса од чоколадо и путер. Во друг сад изматете ги белките, и лажица по лажица додадете ги во претходно подготвената смеса со нежно мешање додека смесата не се соедини. 

Излијте ја смесата во подготвениот калап и покријте го со фолија. Калапот ставете ја во поголем сад за печење и наполнете го со врела вода до половина.

Печете 25 минути, со што треба да добиете мека средина, а површината да биде обложена со крцкава кора. По печењето оставете тортата да се олади на собна температура, посипете со шеќер во прав, исечете ја со топол нож и послужете со малку шлаг или свежи малини, јагоди или некое слично овошје.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.