IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 56>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 16:42

Кукулички-Шишарки

Сусамот се печи во тенџере. Цело време се меша за да не изгори. Се додава маргаринот, чоколадото на коцки и после нив сите др состојки освен чоко попсот. Тој го тураме во поголема вангла и кога преливот ќе ни се стопи го полеваме со него и мешаме да се изедначи. Со обратната страна од цедалка за лимони правиме калапи, ги полниме со мало кафено лажиче и ги тресеме на рамна чинија.
На здравје!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 20:08

Домашен еурокрем

Сите состојки освен чоколадо се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Кога ќе зоврие се вари уште 5 мин. Кога ќе биде готово се дели на два дела. Во едниот се става чоколадото и се меша додека да се растопи. Двата дела поединечно се матат. Кога малку ќе подоладат се сипуваат во тегла двата дела истовремено.
Шољата од мерката е од 150 мл.
измена-22.03.2012-Ако имате време подобро е да ги варите на пареа.
Овој на сликата многу бргу го снема па следниот го правев на пареа и уште подобар испадна )))Значи истата процедура само сите сосотојки се варат 5 мин на пареа па после се дели на два дела во едниот чоколадао и се матат поединечно.И јас не сум јас ако не експериментирам па во белиот додадов бело чоколадо и се испадна ммммм.Пробајте на кој начин сакате и двата се супер .




Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 01:10
Го испробав колачов


Баунти колач



Прва кора.
Изматете ги јајцата со шеќерот во густа смеса. Додајте го брашното во кое предходно сте ги помешале прашокот за печиво и какаото. Убаво измешајте и истурете во намрсена тава.
Втора кора.
Изматете цврст снег од белките со шеќерот. Во снегот матејќи на помала брзина полека додавајте го кокосовото брашно. Второто тесто истурете го врз првото, убаво распоредете и ставете го во рерна загреана на 180 степени па печете 10-15 минути.
Крем
Изматете ги жолчките и шеќерот во прав. Сварете го пудингот и пред да го тргнете од ринглата додајте ги жолчките. Убаво измешајте и оставете да се излади. Маргаринот изматете го пенесто со малку шеќер во прав па убаво изматете со оладениот крем од пудинг.
Изладената кора премачкајте ја со кремот.
Глазура
На ниска температура или во сад над пареа, истопете го чоколадото и маргаринот. Полијте го колачот и наросете со кокосово брашно. Оставете убаво да се олади.

Баунти колач


Изменето од evangeline - 07.Март.2014 во 01:11
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 07:03

Ролат со крем бананчиња

Млекото и шеќерот се ставаат да зовријат. Се трга од оган и се додава маргаринот да се растопи. Потоа, се додаваат сите состојки , освен бананчињата.
На најлонска фолија се расплескува кора, на која се редат крем бананчињата во 1 ред и се витка ролат.
Од оваа смеса, зависно од големината на корите кои ке ги расплескувате, излегуваат 2-3 ролати.
Бон апетит!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 07:08

Сникерс тригони

Маргаринот се мати со јајцата, се додава шеќерот, па бисквитите и кикирите и се убаво се меси со рака. Во калап или ако немате триаглест калап за обликување, со помош на картон обложен со фолија обликуваме триаголник ролат. Го премачкуваме со чоколадна глазура растопена на тивок оган од сите состојки каде се наведени со мера лажици и чоколадото и оставаме во ладилник да се стегни. Потоа сечиме на тенки парчиња и служиме.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 11:04
Торта со портокал и јагоди

Торта со портокал и јагоди


Состојки
  1. 4 јајца
  2. 150 гр путер на собна температура
  3. 225 гр шеќер
  4. 325 гр брашно
  5. 50 гр нишесте
  6. 1 прашак за пециво
  7. 1 ванила
  8. исцеден сок од 1 портокал
  9. 350 гр јагоди

Јајцата изматете ги со путерот, шеќерот и ванилата во кремаста смеса. Додајте го сокот од портокал и кратко измешајте.
Брашното, нишестето и пецивото измешајте ги и додајте ги во смесата. Измешајте ги со лажица или жица да се изедначат.
Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап(26) и врз неа наредете ги јагодите исечени на половина.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 мин или проверете со чепкалка. Потоа исклучете ја рерната и оставете ја уште 10 минути. Извадете ја и покриена со фолија оставете ја да олади.
Послужете ја наросена со шеќер во прав.





Изменето од Valerija - 07.Март.2014 во 11:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:35

Брзи колачи со чоколадо



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 240 грама Маргарин
  • малку   Кора од лимон
  • 2   Жолчка/ки
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 350 грама Брашно
  • 2   Белка/ки
  • 150 грама Бадеми
  • 1   Јајца/це
  • 100 грама Чоколадо за готвење
  • 150 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколадото се користело кај Средно-Американските цивилизации, односно се користело семето од какао дрвото Theobroma, кое било одгледувано од многу цивилизации од времето пред Колумбо како што се Маите и Ацтеките. Семето било основа кое измешано со вода се користело како основна компонента за разни пијалоци, како слатки така и горчливи, кои биле наменети за најплеменитите луѓе и свештениците. Чоколадото се прави со ферментирано и печено семе земено од мешунката на тропското какао дрво Theobroma cacao, кое потекнувало од ниските предели на Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, но сега се одгледува во сите тропски предели. Семето има интензивен горчлив вкус. Крајните продукти се познати како „чоколада“ или „какао“.

ПОДГОТОВКА:

 

  *НАПОМЕНА

Во делот со состојки се наброени сите состојки. Во овој дел се одвоени потребните состојки за филот. 

Останатите се за тестото.

Фил:

100 г чо­ко­ла­да за го­тве­ње

40 г мар­га­рин

Бадемите треба да се мелени

Мар­га­ри­нот се ма­ти со ше­ќе­рот, ва­ни­ли­ни­от ше­ќер, јај­це­то, жолч­ки­те и ко­ра­та од ли­мо­нот. На крај се до­да­ва­ат браш­но­то и ру­мот. 

Се за­ме­су­ва те­сто. 

По­тоа се пра­ват топ­чи­ња со го­ле­ми­на на орев кои се вал­ка­ат во бел­ки­те, а по­тоа во ме­ле­ни­те ба­де­ми. 

Топ­чи­ња­та се ста­ва­ат на хар­ти­ја во плех и се пе­чат на уме­ре­на тем­пе­ра­ту­ра. 

Отка­ко ќе се ис­пе­чат и ола­дат, се ле­пат со фи­лот од чо­ко­ла­да и мар­га­рин

Се чу­ва­ат во ку­ти­ја за да би­дат ме­ки.



Изменето од Valerija - 19.Октомври.2017 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:37

Труфел торта



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 300 грама Чоколадо за готвење
  • 50 милилитри Рум
  • 1   Кафе филџан/и
  • 1 лажица/ци Какао
  • 30 грама Брашно
  • 500 грама Блага павлака
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Труфел торта

ПОДГОТОВКА:

Во сад за матење со миксер ги матиме јајцата и шеќерот. 

Откако шеќерот ќе се растопи, миксерот го исклучуваме. Какаото го мешаме со брашното, па и брашното го додаваме во садот за матење. 

Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. 

Го истураме тестото во округол калап обложен со хартија. Калапот го ставаме во рерна и печеме 20-тина минути на температура од 200 степени. 

Ја кршиме чоколадата на коцки и ја ставаме да се топи на пареа. Благата павлака ја ставаме во тенџере на оган.

Загреаната павлака ја додаваме во садот со кој се топи чоколадата. Во садот ги додаваме румот и две лажици од вареното кафе, па мешаме со жица за матење. 

Откако чоколадата ќе се растопи, го тргаме садот од оган. Неколку лажици од чоколадниот прелив вадиме од садот и ставаме во друг сад. 

Преостанатата блага павлака ја матиме со миксер, додека шлагот не ја добие потребната густина. Оладениот чоколаден прелив го додаваме во садот со шлагот и мешаме со лажица додека смесата се соедини. 

Врз испечениот пандишпан нанесуваме од филот.

Oдозгора се посипува со чоколаден прелив и послужуваме.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:41

Колач со ананас



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер кафеав
  • 80 грама Шеќер во прав
  • 100 милилитри Сок од Ананас
  • малку   Сода бикарбона
  • 15 милилитри Оцет
  • 30 милилитри Масло
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 300 грама Брашно
  • 200 грама Ананас


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ананасот е род на билките од родот бромелија (Bromeliaceae). Најпозната врста Е Ананасот Comosus. Успева во суптропските краеви на Америка, Африка и Азика.

ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад измешајте го брашното, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер, солта. 

Сипете околу пола шоља сок од конзерва и пола вода. 

Можете да киристите само сок или само вода во зависност колку сакате слатко. 

На крај додадете ги маслото и оцетот. Наредете го ананасот на дното на тепсијата и прекријте го со кафен шеќер. 

Доливајте од предходно подготвената смеса со брашно и сè убаво измешајте. 

Пазете да не се создадат грутки. 

Сипајте го тестото во плехот и печете го во претходно загреана печка на 180 степени. 

Печете околу 30 минути, додека тестото не добиете златна боја. 

Со чепкалка проверете дали тестото е готово. 

Потоа тестото оставете го да се олади, краевите одвоите ги со нож и превртете го колачот (ананасот да дојде на врв). 

Тепсијата не е потребно да ја премачкувато со масло, поради тоа што ананасот во комбинација со шеќерот нема да дозволи било што да се залепи. 


Изменето од Valerija - 19.Октомври.2017 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:44

Brownies колачи

Brownies колачи


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Прашак за пециво
  • 100 грама Маргарин
  • 50 грама Лешник
  • 4 лажица/ци Какао
  • 5 грама Ванилин шекер
  • 250 грама Брашно
  • 50 грама Бадеми
  • 1   Јајца/це
  • 50 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Со потекло од Азија, лешникот бил познат уште во стариот Рим, каде што се поклонувал како симбол на среќа. Подоцна се одомаќинува на медитеранот, а највеќе се раширил во Турција, Шпанија, Франција и Италија.

Лешникот припаѓа на фамилијата на суво овошје. Плодот му богат со незаситени масти, киселини, протеини, витамини и минерални соли, има и енергетски својства. Треба да се има во предвид и на неговата калориска вредност. За да дојде до израз полниот вкус на лешникот треба да се конзумира во текот на неговата берба и да се чува на суво место. Излупени лешници може да се чуваат и во фрижидер.

ПОДГОТОВКА:

Измешајте го брашното со прашокот за пециво и додадете шеќер. измешајте го јајцето, какаото и ванилиниот шеќер. 

Премачкајте еден огноотпорен сад со маргаринот и во него излејте ја мешавината. 

Со нож исецкајте ги бадемите и лешниците и сипете ги врз тестото. 

Печете 15 минути на 200 степени. 

Колачот исечете го додека е топол. 

Топлиот колач може да се прелие со чоколаден прелив или со шеќер во прав.


Изменето од Valerija - 21.Март.2014 во 14:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 14:46

Индијанери

Индијанери


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 голема лажица Шеќер во прав
  • 60 грама Шеќер
  • 100 грама Чоколадо за готвење
  • 80 грама Путер
  • 3   Жолчка/ки
  • 30 милилитри Вода
  • 90 грама Брашно
  • 500 грама Блага павлака
  • 4   Белка/ки
  • 50 грама Џем


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколадото е "сладок грев", тоа им е добро познато на сите оние кои неуспешно настојуваат да ја победат желбата за тоа црно "задовоство". Многу од нас поради гомета желба за чоколадо, сметаат дека тоа предизвикува зависност, но нив успешно ги демантира психологот Д-р Петер Роџерс од Универзитетот во Бристол, кој тврди дека одредени состојки на чоколадото како што е фенилетиламинот, создаваат опасност, но него го има и во авокадото и сирењето, и тоа во многу поголема концентрација. Копнежот кон чоколадото Роџер го објаснува со фактот дека чоколадата која е многу посакувана храна, мора да се консумира со воздржаност, што ја зголемува нашата желба кон тоа забрането слатко.

ПОДГОТОВКА:

Тесто: од белките изматете цврст снег, па во него постепено додавајте го шеќерот, а потоа и жолчките една по една. Потоа со дрвена лажица вмешајте го брашното. Во тава ставете хартија и со лажичка нанесувајте од подготвента смеса, како купчиња. Печете ги 10 минути на 180 степени. Половина од ипсечените купчиња намачкајте со мармалад и полијте ги со чоколадната глазура. Оставете ги да се исушат. 

Слатката павлака со шеќер во прав изматете ја во цврст снег. 

Прелив: водата, шеќерот и чоколадото истопете ги на ниска температура, не смеат да зовријат, па додајте го путерот исечен на ливчиња и убаво изматете. Уште топлата глазура полијте ја врз колачињата со мармалад. 

Другата половина теста - купчиња намачкајте ги со убав слој слатка павлака и покријте со купчињата со чоколадна глазура. 

По желба на крајот целосно се поливаат со чоколадниот прелив.


Изменето од Valerija - 21.Март.2014 во 14:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 18:30

Сникерс торта - проверен рецепт за врвен десерт


Ова е рецепт за идеалниот десерт на сите љубители на Сникерс чоколадото, за кои сме уверени ги има во огромен број! Затворете ги очите и замислете дека пред вас се наоѓа цела Сникерс торта... Ви потекоа лиги уште веднаш, нели?


Оваа торта можете да ја направите сами! Еве како:

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 3 големи Сникерс чоколади
  • 130 гр. брашно
  • 70 гр. путер
  • 100 гр. печени, несолени кикирики
  • 80 гр. + една лажица шеќер во прав
  • 750 гр. несолен крем сир
  • една лажица како во прав
  • половина кесичка ванилин шеќер
  • 300 мл. карамел
  • 100 гр. чоколадо
  • една лажица густин

Подготовка:

Во сад помешајте го брашното, путерот, шеќерот во прав и какаото, па измесете го тестото и оставете го да се олади во фрижидер 60 минути.

Ставете го тестото на кружно тавче обложено со хартија за печење, лесно притиснете со прстите за убаво да го распоредите и печете околу 15 минути во рерна на 180 степени.

Со миксер кремасто изматете ги 6-те жолчки со 80 грама шеќер во прав, а после 5 минути додадете ванилиниот шеќер и густинот. Потоа посебно изматете ги белките и цврстиот снег што ќе го добиете помешајте го со крем сирот и ситно исечканите Сникерс чоколади, а потоа соединете ги со жолчките. 

Добиената смеса распоредете ја врз тестото, вратете ја тортата во рерна и печете околу 60 минути на 180 степени, а потоа оставете ја да се излади во фрижидер за цела вечер.

Прелијте ја тортата со карамелот, во кој сте ги додале печените кикирики, а кога ќе се подолади прелијте го и растопеното чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 18:47

Коктел торта

Коктел торта

За тесто:

2 јајца

2 лажици вода

100 г. шеќер

ванилин шеќер

100 г. брашно

25 г. густин

лажица прашок за пециво

50 г. растопен путер

За фил:

480 г. праски

2 кесички желатин

25 г. шеќер

75 мл сок од праски, 75 мл. џин

50 мл. сок од лимон

50 мл. вода.

За прелив:

500 мл. слатка павлака

2 лажици густин

2 ванилин шеќер

Подготовка

Изматете ги со миксер сите состојки за тесто, сипете ги во тепсија обложена со хартија за печење и печете на 30 минути на 180 степени.

Од желатинот, шеќерот 75 мл. сок, џин, лимонов сок и вода подгответе желе според упатствата на пакувањето, па помешајте го со праските исечени на коцки. Распоредете фил по кората. Изматете слатка павлака.



Изменето од Valerija - 22.Март.2014 во 18:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2014 во 07:11

Неодолива торта за 5 минути


Еве еден едноставен и флексибилен рецепт што ќе го претвори сладоледот во слатка магија. Нема печење, брз е за правење и апсолутно неодолив за сите љубители на слатките.


Прелијте ги со ванила шлаг, чоколаден прелив, чоколадни бонбони или карамел сос, што и да ви е желбата.

step 2 Ice Cream Sandwich Cake No Bake Recipe (SUPER Easy!)

Ќе добиете нешто вакво:

ice-cream-sand[1]

или нешто вакво:

Make yourself an awesome cake with ice cream sandwiches in five minutes

Знаеме дека ќе уживате, и вие, но и сите што ќе го пробаат.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.