IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:14

Божиќни елки

Божиќни елки

Состојки

  • Тесто
  • 1 1/2 чаша за млеко интегрално пченично брашно
  • 1 чаша за млеко бело брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче сол
  • 250 гр. путер
  • 3/4 чаша за млеко прав шеќер
  • 1 јајце
  • Глазура
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 чаша прав шеќер

Подготовка

Во еден сад измешајте ги брашната, содата, циметот и солта.
Во друг сад измешајте го путерот, кој предходно треба да се стопи и шеќерот, додека не се добие кремава хомогена смеса.
Сматете го јајцето и додадете го на путерот.
Потоа двете смеси се соединуваат и се замесува тесто.
Откако убвао ќе се измеси се става во најлонска фолија и се остава најмалку еден час во фрижидер.
Потоа се расукува кора со дебелина од 3мм, се сечат триаголници-елки.
Се редат во тепсија и се печат во загреана рерна, 12 минути, на 200°.

Во меѓувреме се припрема глазурата ( се мешаат шеќерот со сокот од лимон, додека не се соеднинат) и се нанесува на оладени колачиња.

Дополнителни фотографии


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:15

Божиќни колачиња

Божиќни колачиња

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 200 гр. шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 2 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 1 рендана кора од лимон или портокал

Подготовка

1. Најпрво се ставаат маргаринот (претходно оставен на собна температура) шеќерот и ренданата кора. Се меша убаво со раце.
2. Потоа се додаваат јајцата и пак се меша.
3. На крајот малку по малку се додава брашното во кое го ставаме пецивото и ја месиме смесата додека не се соедини убаво.
4. Готовото тесто го ставаме да отстои во фрижидер околу 3-4 часа.

Кога тестото е готово се развлекува кора и со калапчиња се прават форми по ваш избор.

Јас половина од колачињата ги украсив со растопено чоколадо, а другата половина со гласа која ја направив со шеќер во прав, малку топла вода и сок од лимон.Во оваа смеса се додаваат прехрамбени бои и се украсуваат колачињата.

Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:17

Божиќни кокос колачи

Божиќни кокос колачи

Состојки

  • 300гр брашно
  • 200гр маргарин
  • 100гр кокос
  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 100гр чоколада за готвење
  • 50гр кокос или чоко трошки

Подготовка

Се замесува тесто од брашното, маргаринот, 100гр кокос, пецивото, ванилата и јајцето и се остава да одмори во фрижидер 15 минути. Потоа се ваѓаат колачи низ машина за месо или со обични калапчиња за колачи. Се печат многу кратко 8-10 минути и готови се лепат со крем, а потоа се декорираат со чоколада и кокос или чоко трошки.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:28

Празнични колачи за 2014г


Празнични колачи за 2014г

Состојки

  • 4 жолчки
  • 1 цело јајце
  • 2 чаши од јогурт мед
  • 1 чаша од јогурт масло
  • 1 чаша од јогурт шеќер
  • 1/2 чаша од јогурт млеко
  • 1 полна лажица сода бикарбона
  • 2 лажици ванила
  • 2 лажици цимет
  • 1кг брашно
  • Бела глазура-ројал ајсинг
  • 1 белка од јајце
  • 250гр шеќер во прав
  • сок од 1 лимон

Подготовка

Секоја година ги правиме со мојата Еми овие колачиња. Тие се вистинско уживање за правење и релаксирање. Но најпрво да се пушти фантазијата и да се почне со работа.

Од сите состојки се замесува глатко тесто и се остава да се одмори 20мин. Потоа се сучи кора и со калапите од делимано се прават различни форми. Бидејки и беше желба на Еми да направиме слатка кука, така и направивме и тоа е нејзино ремек дело. Колачите се печат на 180С -15мин. Кога ќе се испечат се оставаат во плехот да се малку оладат и на допир мора да бидат меки.

Глазура
Белката се мати на средна брзина со миксер и постепено се додава шеќерот во прав. Треба да се добие густа смеса и постепено се додава малку лимонов сок(1лажица) Да не биде многу ретка смесата. Се става во кеса се засечува на врвот и се украсуваат колачињата.
Ако сакате може да се стават и прехрамбени бои и смесата за украс да биде во различни бои.
Срекни празници!

Дополнителни фотографии


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:29

Празнични посни колачиња

Празнични посни колачиња

Состојки

  • 250гр зејтин
  • 250гр вино (може и пиво)
  • 4-5 шаки шеќер
  • 1 пециво
  • по потреба брашно (окулу 1кг)
  • За посипување
  • по потреба/желба шеќер во прав

Подготовка

Во сад се става зејтин, вино(или пиво), шеќер, пециво и додаваме брашно колку да замесиме меко тесто. Сукаме кора и ја расечуваме на коцки.
На секоја коцка ставаме по една лажица(мала) мармалад и ги затвараме како пакетчиња или други форми по желба.
Јас направив пакетчиња, кифлички и кошнички.

Се печат на 200С додека да заруменат(околу 10-15мин.) и се посипуваат со шеќер во прав.
На здравје!!!

Дополнителни фотографии


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:32

Шах торта

Шах торта

Состојки

  • прв пандишпан ( темно тесто )
  • 3 јајца
  • 60 грама шеќер
  • 40 грама мелени бадеми
  • 40 грама темна чоколада за готвење
  • 30 грама брашно
  • втор пандишпан
  • 60 грама шеќер + 3 јајца
  • 40 грама мелени лешници
  • 40 грама темно чоколадо за готвење
  • 30 грама брашно
  • трет пандишпан ( жолто тесто )
  • 6 јајца
  • 180 грама шеќер
  • 1 лимон ( рендана кора и сокот од лимонот )
  • 120 грама брашно
  • крем
  • 4 жолчки
  • 4 лажици млеко
  • 140 грама шеќер
  • 1 ванила
  • 120 грама растопена чоколада за готвење
  • 180 грама маргарин
  • втор фил
  • 350 мл слатка павлака и 7 лажици шеќер
  • за декорација
  • 5 -6 мали правоаголни чоколади ( или чоколадни коцки, како сакате)
  • 100 грама бело чоколадо за готвење
  • 100 грама темно чоколадо за готвење

Подготовка

За мојот стоти рецепт се одлучив да ја направам оваа шах торта.
Рецептот ми е од еден многу стар готвач, одамна сакам да ја направам и еве денес и дојде редот.

Во оригиналниот рецепт за оваа торта ви се потребни 2 пандишпани, еден темен и еден жолт. Се прават правоаголни кори, се делат на два дела, потоа на жолтата кора се премачкува од кремот и се редат коцки, една темна една жолта и да се добие поле на шах. Потоа се става темната кора и се почнува со спротивната боја од претходната кора, значи темна коцка и така наизменично да се добие пак шаховско поле. Тортата ја филувате со крем и ја декорирате.
Но, јас ја правев на поинаков начин, односно со кружни пандишпани, а овде начинот на редење малку се разликува од претходниот ќе ви презентирам понатаму.
Ако ја правите на мој начин можете кај темната кора да ја дуплирате дозата и така наместо да правите посебни пандишпани можете да го пресечете хоризонтално на средина како што се сече жолтиот. Јас правев три бидејки во едниот има лешници во другиот бадеми.

Бадемите и лешниците ги мелеме во посебни садчиња. Чоколадото го растопуваме. Од белките правиме добро изматен снег од белки.

За темното тесто ги матиме жолчките со шеќерот, убаво да се згусти смесата. Го додаваме растопеното чоколадо, бадемите и промешуваме. Го додаваме и брашното, промешуваме малку со миксерот и го додаваме снегот од белките и добро мешаме да се изедначи смесата.

Рерната ја загреваме на околу 180 - 200 степени. На плекчето ставаме малку зејтин, размачкуваме насекаде и ставаме исечена хартија за печење. Ја истураме смесата и печеме околу десетина минути или зависно од јачината на рерната. Повремено проверуваме со чепкалка да не се лепи од тестото.

Жолтиот пандишпан го правиме на следниот начин.
Од белките правиме снег. Жолчките добро ги матиме со шеќерот, го додаваме исцедениот сок од лимонот, ренданата кора и брашното. Го додаваме снегот од белки промешуваме и печеме. Кога се испечени сите пандишпани ги сечеме хоризонтално. Јас печев во плекче број 28. Поделете ги пандишпаните на пет дела (обрачи со чинија, потоа со помала, пак помала или некоја тацна така да обрачите бидат со иста ширина како што се гледа на дополнителните слики)
Последното ќе ви остане мало кругче.

За подготовка на кремот ставете во подлабок сад да зоврие вода.
Во друг сад ставете ги жолчките. шеќерот, млекото и ванилата. Ставете го садот над тенџерето и со рачна мешалка со постојано мешање бркајте додека да се згусти кремот. Потоа додајте го растопениот маргарин кој претходно добро ќе го изматите. Се заедно промешајте убаво да се изедначи кремот. Во мојот случај тортата ја филував со кремот и со слатка павлака.
Павлаката ја мешаме со шеќерот убаво да се згусти. Ако сакате може и само со крем фил само дуплирајте ја дозата.

Го земаме најголемиот обрач од темното тесто и го ставаме на површината на која ќе ја филуваме тортата. Земаме од филот и ставаме странично внатре околу обрачот. Го додаваме помалиот обрач од жолтото тесто, го филуваме и го ставаме помалиот обрач од темното тесто. Така правиме до последното делче од пандишпанот. Нежно со рацете притискаме насекаде да биде рамна површината на тортата и ја филуваме со кремот.

Наредниот спрат на тортата го започнуваме со најголемиот обрач од жолтото тесто и како на првата кора редиме наизменично, една па друга боја. Така ја повторуваме постапката до крајот на редењето на сите обрачи. На крајот тортата ја филуваме со кремот или павлаката во мојов случај.
Чоколатцата исечете ги на квадратчиња и декорирајте ја тортата по ваша желба.

Оваа торта многу е декоративна, а секако и вкусна, затоа ви ја препорачувам да ја пробате. За декорацијата не мора строго да се придржувате до количината на состојките, можете да филувате и со рендано чоколадо како шаховско поле. Ви посакувам убаво да се засладите.


Дополнителни фотографии




Изменето од Valerija - 15.Декември.2013 во 21:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:39

Сочен чоколаден колач (Лоуренсов колач)

Сочен чоколаден колач (Лоуренсов колач)

Состојки

  • 180 гр чоколада за готвење
  • 180 гр путер
  • 4 јајца
  • 120 гр кафејав шекер
  • 1 пак. ванилин шекер
  • 200 гр бадем
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 50 гр путер

Подготовка

1.Се двојат жолчките од белките. Рерната се уклучува на 150 ст.С, а .калапот за печење се обложува со пекпапир.
2.Се топи чоколадата на пареа. Кога тоа е готово, се додава путерот и се меша додека се изедначи.
3.Изматените жолчки со шекерот и ванилата, постепено се додаваат на чоколадата.
4. Се додаваат сомелените бадеми и се меша со лажица.
5. Белките се матат во цврст снег и внимателно се вмешуваат во смесата. Целата смеса се истура во калапот со пекпапир.
6. Се пече 45 мин.на 150 ст.С, се вади од рерна но се остава усте 10 мин во калапот да се лади, па се вади на решетка да се долади. Потоа, колачот се префрлува во фризот на 45 мин. или на подолго во фрижидер, за добро да се излади.
7. За глазурата- се топи чоколадата на пареа, се додава путерот, добро се меша и се остава малку да се излади, па се прелива преку ладниот колач. Потоа колачот повторно се врака во фрижидерот добро да се излади.
При сервирање, може да се употреби Домашен сладолед(следи рецепт), по малку од слаткото што го имате и овошје. Или само да ставите парче од овој единствен колач, кој е прекрасен и без никакви додатоци.

ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД
4 јајца
1 бурбон ванила
140 гр шекер во прав
300 мл павлака за матење
Припрема:
1.Се делат белките од жолчките и се ставаат во различни садови.
2.Жолчките се миксаат со ванилата се додека не се добие пенаста структура.
3.Се матат и белките во цврст снег постепено додавајки го шекерот.
4. Се мати и павлаката се додека не се добие цврст шлаг, се додаваат жолчките и на крај внимателно и белките.
5. Се става во замрзнувач, повремено мешајки да не се сталожат золчките на дното од садот.
овој рецепт е основен и може да се додаде каква сакате арома по желба, чоколада, овошје, бои за колачи,но и лешници, кикирики...
Овој рецепт е превземен од часописот на ББС- Гуд фуд и е навистина еден од најубавите рецепти за сладолед.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:41

Чоколаден колач со банани

Чоколаден колач со банани

Состојки

  • 3 банани
  • Карамел
  • 100 гр путер
  • 100 гр темен мусковадо шеќер
  • За тестото
  • 100 гр брашно
  • 6 лажички какао
  • 3/4 лажиче сода бикарбона
  • 1/4 лажиче сол
  • 100 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • 150 мл` млеко
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 јајца

Подготовка

Приклучете ја релната на 180 степени.
Во тенџерче, на не многу јака температура, ставете го шеќерот и путерот за карамелот и мешајќи, варете го неколку минути.
Подлабока тава или тенџере, од 24 цм. намачкајте ја со масло и набрашнете ја.
Турете го карамелот и ставете ги бананите исечени на парчиња од приближно 3 цм.

За тестото, избијте го путерот се шеќерот, додајте ги јајцата едно по едно, избијте го убаво, па додавајте малку по малку де млеко, па од измешаното брашно со какаото, содата и солта.
Смесата прелијте ја преку бананите и ставете го да се пече отприлика 40 мин. Проверете со чепкалка дали е печено. Кога ќе биде готово, оставете го да се подолади 5 мин. па превртете го на некоја убава чинија.
Колачот е многу декоративен, сочен и миризлив. Карамелот му дава посебно интересен вкус. Можете да го послужите и со шлаг, ама не одозгора или пак со топка сладолед до него.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 15:50

Од ризницата на стари и добро рецепти кои вреди да се пробаат ја издвоивме раванијата . Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството.

podgotvete-ravanija

Сосотојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 8 лажици гриз
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • Корка од еден лимон


Шербет:

  • 600 грама шеќер
  • 600 ml вода
  • сок од еден лимон


Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата, додајте го измешаното брашно со гризот, прашокот за печиво и изренданата корка од лимон. Изматете ги белките па додајте ги на претходната смеса. Тавчето за печење намачкајте го со путер, посипете го со брашно и во него ставете ја смесата за раванија. Печете на 200 степени 20 минути. Раванијата полејте ја со сварениот шербет. Изладена раванија - топол шербет.

На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 22:00

Освен тоа што овој рецепт е неверојатно брз, нема шанси да ја погрешите подготовката. Ако не сте вешти со подготовката на десерти, а сакате да изненадите со неколку чоколадни мафини, ви предлагаме да го испробате овој рецепт уште денес.

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-01

Потребни состојки:

  • 1 шолја Нутела
  • 2 јајца
  • 10 лажици брашно
  • 12 Орео кекси или било какви бисквити со кремасто полнење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени додека на тава ги поставувате украсните корпи за мафини.

Во стаклен сад измешајте ја Нутелата, јајцата и брашното и миксирајте додека не добиете мазна, кашеста смеса.

Со лажица истурете малку од смесата во калапите за печење, ставете еден кекс, а потоа прелијте го со уште малку смеса од Нутела.

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-02

Печете ги мафините во рерна околу 12 минути, а потоа почекајте уште 5 минути да се оладат пред да ги извадите од калапите.

Послужете ги со шлаг пена и овошје или пак со прелив од карамела и рендано бело чоколадо.

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-03

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-04

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 16:02

Штрудлата е еден од омилените десерти во светот, па затоа може да се пронајдат многу различни начини за подготовка. Овој рецепт што ви го нудиме е штрудла со јаболка и сладолед од ванила и е идеално летно освежување.

leten-desert-strudla-so-sladoled-od-vanila-01

Состојки потребни за подготовка

  • Кора за штрудла (можете да ја купите од продавница или можете да ја направите од тенко сукано тесто)
  • 1 kg кисели јаболка
  • Шеќер
  • Путер
  • Цимет
  • Суво грозје

Сладолед од ванила

Исецкајте ги јаболките на коцки во големина од 1,5 cm. Посипете ја кората со растопен путер и во средина поставете ги сецканите јаболки.

Испрскајте со шеќер, цимет и суво грозје. По желба можете да ги ставите во рум да потстојат пред да ги искористите за штрудлата. Свиткајте го тестото и поставете го во тепсија. Избоцкајте го за да не попука горниот дел.

Печете во загреана рерна на 180 степени 30 до 40 минути се додека тестото не добие златна кора.

Оставете ја штрудлата да се олади и послужете со топка сладолед од ванила. Декорирајте со нане, цимет или топено чоколадо.

leten-desert-strudla-so-sladoled-od-vanila-02

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 20:33

За сите љубители на кокосот имаме едноставен рецепт како секојдневно може да си приготват слатко задоволство.

podgotvete-baunti-topcinja-so-kokos-1

Во домашни услови, со едноставни состојки и брз рецепт подгответе Баунти топчиња чиј вкус не е далеку од оној оригиналниот.

Сè што ви е потребно е:

- 3 шолји (за млеко) брашно од кокос

- 200ml кондензирано млеко

- 5-6 лажици шеќер во прав

- 1 лажичка екстракт од ванила

- 350gr темно чоколадо

Комбинирајте го кокосовото брашно со кондензираното млеко во голем сад. Додадете го шеќерот во прав, така што треба да добиете тврда смеса. Додадете го екстрактот од ванила и добро промешајте ја смесата.

Оставете ја да потстои во фрижидер или замрзнувач додека не се зацврсти. Потоа обликувајте мали бомбици кои ќе ги прелиете со топено чоколадо. По желба може да ги прелиете со бело чоколадо, да додадете чоколадни мрвици или пак некоја арома.

podgotvete-baunti-topcinja-so-kokos-2

podgotvete-baunti-topcinja-so-kokos-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 17:50

Кога веќе ќе се изморите од празничните специјалитети, “одморете” и почестете се со еден брз, а неверојатно чоколаден рецепт.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-05

Чоколадните палачинки се сечија слабост, па во комбинација со ванила крем и кокос, не веруваме дека некој ќе ги одбие.

Потребни состојки:

За палачинки

  • 175g брашно
  • 4 лажички какао
  • 100g шеќер
  • 4 лажички масло
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 350ml млеко

За крем

  • 1 пудинг од ванила
  • 2 лажици шеќер
  • 300ml млеко
  • 100g брашно од кокос

За декорација

  • Сезонско овошје
  • Топено чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки за тестото, по ред, додека не добиете нешто погуста смеса од онаа за обични палачинки.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-01

На тавче полиено со малку масло, пржете палачинки со големина по ваша желба. Ако имате потреба од метален калап, можете да го искористите за да добиете еднакви кругови.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-02

Кога сите палачинки ќе бидат готови, сварете го пудингот со 2те лажици шеќер. Откако ќе се олади, додадете го брашното од кокос и мешајте додека добро не се соедини.

На голема чинија редете една палачинка, па премачкајте 1-2 големи лажици од кремот. Повторувајте ја постапката додека имате материјал.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-03

На крај прелијте ја тортата со топено чоколадо или чоколаден прелив и додадете ситно сечкано овошје.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-04

Проросете цимет или ванила и тортата е готова за послужување!

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-06

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 21:52

Чоколадна пита со ореви и бурбон

Приготвување:

За кората:

Измешајте ги брашното, солта и путерот. Со прсти гмечете го путерот во брашното додека смесата да почне да личи на крупно брашно, околу 5 минути.

Мешајте ги жолчките со 2 лажици ледена вода додека смесата да се изедначи. Додавајте ја смесата со брашно малку по малку, мешајќи со лажица сè додека тестото не стане доволно цврсто за од него да може да се формира топка (додајте уште вода ако треба, но немојте премногу да го месите тестото зашто ќе стане тврдо). Обликувајте го тестото во рамна плоча, покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути.

Малку набрашнете ја работната површина и со сукало обликувајте го тестото во круг, приближно 30 см во дијаметар и со дебелина од половина сантиметар. Пренесете го тестото во тркалезно тавче за печење.

За филот:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Врз кората во тавчето расфрлајте ги оревите и чоколадата, искршена на мали парчиња.

Убаво изматете ги јајцата, кафеавиот шеќер, водата, белиот шеќер, путерот, бурбонот и екстрактот од ванила, а потоа прелејте ги врз кората.

Печете додека ножот прободен во средината на филот да излезе чист, околу 50-55 минути. Извадете ја питата од рерна и оставете ја да се подолади.

Послужете ја топла или на собна температура, а одозгора може да додадете шлаг.

Состојки:
За кората:

360 г брашно

прстофат сол

100 г несолен путер

2 големи жолчки од јајце

околу 4 лажици студена вода

За филот:

100 г половинки од ореви, малку потпечени

150 г чоколада за готвење, искршена ситно

3 цели јајца плус 2 жолчки од јајце, матени

200 г темнокафеав шеќер

4 лажици вода

200 г бел шеќер

2 лажици несолен путер, стопен

2 лажици бурбон, виски или коњак

1 лажичка екстракт од ванила

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.