IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 56>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2011 во 22:07

Пол­не­ти ја­бол­ка

Пот­реб­но:

* 4 ја­бол­ка
* 100 г ше­ќер
* 200 г мла­до крав­јо си­ре­ње
* 50 г ба­де­ми
* 150 мл слат­ка пав­ла­ка
* 2 ла­жи­ци џем од пра­ски
* 1-2 ла­жи­ци ли­мо­нов сок

При­гот­ву­ва­ње: из­лу­пе­те ги ја­бол­ка­та, исе­че­те ги на по­ло­ви­на, ис­чис­те­те ги од сем­ки­те, а сре­ди­на­та мал­ку из­дла­бе­те ја. Та­ка под­гот­ве­ни, ис­прс­кај­те ги со ли­мо­нов сок, а по­тоа крат­ко про­ва­ре­те ги во ври­е­на во­да, са­мо вни­ма­вај­те, не тре­ба да ги пре­ва­ри­те за да не го за­гу­бат об­ли­кот. Ва­ре­ни, ис­це­де­те ги и из­ла­де­те ги. Пе­нес­то из­ма­те­те ги си­ре­ње­то и ше­ќе­рот со мик­сер, па до­дај­те мал­ку сок од ли­мон, ме­ле­ни ба­де­ми, џем од пра­ски и на крај доб­ро из­ма­те­на слат­ка пав­ла­ка. Пол­не­те ги ја­бол­ка­та со фи­лот, а пред да ги пос­лу­жи­те, доб­ро из­ла­де­те ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 13:50

Целувки од кокос

Потребно:

* 4 жолчки
* 100 г шеќер
* 1 ќесичка ванилин шеќер
* 200 г кокосово брашно
* 4 белки

Приготвување: пенесто изматете ги жолчките, шеќерот и ванилин шеќерот. Додадете го кокосовото брашно и на крај лефтерно измешајте го цврстиот снег од белките. Со чајна лажичка обликувајте мали купчиња и редете ги во тавче обложено со масна хартија за печење. Целувките печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 150 степени. Целувките од кокос послужете ги со топли напивки.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 07:38
РЕЈ­ЧЕЛ ТЕТОВСКИ

Се зема тиква и се лупи, па се сече на делчиња со форми по желба. Тиквата се ста­ва во варова вода. Саат и пол до два да биде во варовата вода. Ако е потенка чор­ба­та од варот, и повеќе. Потоа добро се мие и се става во шербет, кој се вари со кило во­да и кило шеќер. Тиквата се вари сè додека не впие, да стане густо. Се вари 2-3 часа до­де­ка да стане густо и повремено се протресува тенџерето. Пред крај се ставаат еден ли­мон и ванилин шекер.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 12:27

Топло-ладен колач

 

 

СОСТОЈКИ
• 500 гр чоколадо
• 10 јајца
• 125 гр путер
• 200 гр брашно
• 10 лажици шеќер

ПОДГОТОВКА
Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади.

Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање.

На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив.

Во меѓувреме, се загрева рерната на 250℃. Се пече само 5 минути

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 05:42

Белгиски вафли

 

 

 Морис Вермеш, за првпат ги направил овие вафли за време саемот на храна во Сиетл, во текот на 1962 година. Но, светска популарност достигнаа дури по 3 години. Традицијата ја продолжи неговата ќерка Марипол, која одбива да ја открие тајната на рецептот. Сепак, овој рецепт е најбилску до она што денес е познато како белгиски вафли.

СОСТОЈКИ
• 210 гр брашно
• 1 мала лажица шеќер
• 4 јајца
• 1 ¼ шолја вода
• ½ мала лажица екстракт од ванила
• 250 гр путер
• 500 мл слатка павлака
• 500 гр јагоди
• шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги брашното и шеќерот во подлабок сад. Додадете ја водата, жолчките од јајцата и ванилата и мешјате сѐ додека не се добие хомогена смеса. Потоа, додадете го путерот и повторно добро измешајте ја смесата. Измиксирајте ги белките од јајцата (2-3 минути) и половина од снегот додадете го на смесата со путер.

Во меѓувреме, загрејте го тостерот за вафли. Откако тостерот ќе биде доволно загреан, ставете малку од смесата за вафли и веднаш поклопете го горниот дел. Печете ги околу 5 минути, односно додека вафлите не станат златно-кафени.

Сервирање: вафлата се става на чинија, се покрива со шлаг од слатка павлака и јагоди. На крајот се попрскува со шеќер во прав.



Изменето од емил - 09.Февруари.2011 во 05:43
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 17:12
a, kako se pravi vistinski sherbet?

...ne nekoja zasladena vodichka tuku ,prav sherbet ...kako bezboen med!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 17:13
јас сум специјалист за шербет!
always look on the bright side of the life!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 17:34
aj , pishi togash.изненадување..shtom si golem ili...ostavi nekoj drug da pishe,...pospecijalist!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:48

Чоколадни целувки

Потребно:

* 200 г чоколадо за готвење
* 1 лажица ситно рендана кора од портокал
* 100 г сечкани лешници, бадеми, ф'стаци, суво грозје

Приготвување: чоколадото ставете го во помал сад, а тој во друг поголем сад со вриена вода, па мешајќи го стопете го чоколадото. Откако чоколадото ќе се стопи, додадете ја ситно ренданата кора од портокал, па садот извадете го од ринглата. Мешајте ја смесата додека малку не се подизлади. На хартија за печење ставајте по една лажичка од чоколадото. Со доланата страна на лажичката обликувајте тркалца. Во средината на секое колаче ставете од сечканите лешници, бадеми, ф'стаци, суво грозје. Чоколадните целувки послужете ги дури откако ќе се изладат.


Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:47
Обланди

1 пакување обланди
750 г. шеќер
200 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
1 маргарин Кристал
400 мл. вода

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат 2 минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и ова се меша. Се додаваат и мелените бисквити и пак се меша. Додека филот е топол се става врз обландите.

Бомбици со локум

локум
шеќер во прав
кокос
пола лимон исцеден

Од состојкиве се замесува тесто и се формираат топчиња. Се валкаат во кокос.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:47
медени колачиња
Потребно:
1 чаша мед
1 чаша зејтин
1 чаша шеќер
1 чаша кисела вода
2 лажичка сода бикарбона
брашно по потреба

Подготовка: Од сите состојки замеси тесто како за ванилици. Развлечи го тестото во кора и со калапчињата ги вадиш колачите и ги ставаш во подмачкана тава. Пред печењето на колачињата во средината на секое колаче ставаш по едно парче орев, бадем, лешник
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:48
Бела бајадера

1 дел:

1/2 маргарин, 200гр шеќер, 1/2 филџан (од кафе) млеко со сок од 1/2 лимон на тивко се топи на рингла. Откако ќе се биде компактно стопена масата, се додаваат 100гр. мелени ореви, па 100гр мелени бисквити. Оваа смеса се обликува во форма на правоаголник со дебелина од 1.5цм.

2 дел:

1/2 маргарин, 200гр шеќер, 100гр вода и 200гр бело чоколадо се топат на тивко со константно мешање. По некое време се додава 200гр мелен орев, а после тоа и 250гр. млеко во прав (не мора целата количина, смесата треба да е погуста, ама кашеста, од многу млеко во прав може да биде многу тврда кога ќе се излади). Пожелно е и да се меша со миксер додека се става млекото во прав, за да не се направат грутки, и овој дел се става над првиот.

Прелив од чоколадо:

На пареа се топи 100гр бело чоколадо со масло, и со тоа се прелива бајадерата која претходно се стврднала.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:53
Сникерс

2 јајца
250 г. шеќер во прав
1 маргарин Кристал
300 г. мелени бисквити
300 г. сецкани кикирики
200 г. мелени кикирики
рендана кора од лимон
мед
чоколадо за готвење

Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Се додаваат јајцата, бисквитите, мелените кикирики и ренданата кора од лимон. Ова пак се мати и се формира долгнавеста форма. Од сите страни се мачка со мед. Одозгора се ставаат сецканите кикирики. Чоколадото за готвење се топи на пареа и се става одозгора.
Кон врв
andryy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај andryy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 18:54
Обланди

1 пакување обланди
750 г. шеќер
200 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
1 маргарин Кристал
400 мл. вода

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат 2 минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и ова се меша. Се додаваат и мелените бисквити и пак се меша. Додека филот е топол се става врз обландите.

Бомбици со локум

локум
шеќер во прав
кокос
пола лимон исцеден

Од состојкиве се замесува тесто и се формираат топчиња. Се валкаат во кокос.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.