IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:53
Шарени колачи од бадеми



Состојки:
500 гр. шеќер
500 гр. бадеми
сок од 1/2 лимон
4 обланди
100 гр. чоколада за готвење
црвена боја за готвење
2 дл. вода
Во сад се става шеќерот, се налева вода, се додаваат излупените и смелени бадеми, сок од 1/2 лимон, се остава на оган додека да се згусти. Смесата се дели на три дела, едниот дел се обојува со чоколада за готвење, вториот дел со вештачка црвена боја за јадење, а третиот дел останува каков што е. Се земаат обланди: прво на една од нив се нанесува црниот фил, па се става втората обланда, преку неа се става црвениот фил, се става третата обланда, се премачкува со белиот фил и се завршува со четвртата обланда. Колачот подоца се сече на мали правоаголници.




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:00
Кифлички со ванила

Состоки:
300 гр. брашно
300 гр. мелени бадеми
50 гр. шеќер
2 ванили
150 гр. маргарин
150 гр. шеќер во прав
Замесете го тестото од брашното, мелените бадеми, шеќерот, ванилата и маргаринот. Од тестото обликувајте ваљачиња во форма на молив, долги околу 6 см. Ставете ги во плех и печете ги на умерена температура. Уште топли валкајте ги во шеќер во прав во кој имате додадено ванила.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:05
Ролат со бисквити

Состојки:
500 гр. бисквити
150 гр. шеќер
60 гр. чоколада за готвење
варено кафе
Фил:
125 грама маргарин
150 грама шеќер во прав
1-2 ванила
Бисквитите се мелат, се додава шеќерот и изренданото чоколадо, па со кафето се замесува средно тврдо тесто. Развијте го тестото во кора со дебелина од еден сантиметар, па ставете го филот кој сте го подготвиле на следниов начин: изматете го маргаринот со шеќерот во прав и додадете ја ванилата. Премачкајте го ролатот, завиткајте го цврсто во ролна и оставете го да се стегне. Кога е стегнат ролатот можете да го исечете и да го послужите.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:06
Посни колачи со желе



Состојки:
200 гр. шеќер
1/2 филџан вода
250 гр. мелени ореви
рендана кора и сок од 1 лимон
1 лажица какао
250 гр. желе бонбони
Шеќерот и водата се варат, ce додаваат оревите, кората и сокот од лимонот. Се трга од оган, малку се лади и тестото се дели на два дела, во едниот дел се става една лажица какао. На фолија се растенчува прво кафеавата кора, потоа врз неа белата, се реди желето и се свиткува во ролат. Се остава на промаја да се суши неколку дена, потоа се сечат парчиња.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2010 во 14:40

Обланди со бадеми

Потребно:

* 4 јајца
* 420 г шеќер
* 250 г мед
* 250 г бадеми
* 2 листа обланди

Приготвување: јајцата и шеќерот пенесто изматете ги. Садот ставете го на пареа и мешајќи постепено додавајте го зовриениот мед, а на крај бадемите, излупени и исечени на парчиња. Сето тоа варете го додека смесата не почне да се одделува од лажицата. Врелата смеса распоредете ја врз 1 лист обланда, поклопете ја со вториот и добро притиснете ги. Обландите покријте ги со нешто тешко и оставете ги да отстојат преку ноќ. Утредента обландите исечете ги на штангли со врел нож.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 10:35
Чоколадно овесно колаче

Потребнo:

•230 грама Шеќер кафеав
•230 грама Шеќер
•малку Сол
•120 грама Путер
•230 грама Ореви
•250 грама Овесни снегулки
•300 грама Корнфлекс чоколаден
•30 грама Какао
•5 Гpами сода
•450 милилитри Вода
•450 грама Брашно
•2 Јајца

Подготвување:
Во еден сад измешајте ја водата и овесните снегулки и оставете да остојат 10 минути. Во голем сад за мешање ставете го мекиот путер и шеќерот. Додадете ги јајцата, едно по едно, мешајќи добро по секое додавање. Смесата истурете ја кај накиснатите овесни снегулки. Измешајте ги брашното, какаото, содата и солта. Постепено додавајте ја оваа смеса во кремастата мешавина. Додадете малку повеќе од половина од чоколадниот корнфлекс.

Смесата ставете ја во тавче за печење кое претхопдно е намачкано со путер. Посипете го со сецканите ореви и остатокот од корнфлексот. Печете на 170 целзиусови степени 40 до 45 минути. За да проверете дали е готово, боцнете со чепкалка, која треба да ја извадите чиста, без да биде размачкана од кремастата смеса.

Пред сечење, оставете колачот да се олади.
 


Изменето од емил - 19.Ноември.2010 во 10:36
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 10:38
%5bImage:%200601ss.jpg%5d
Сладък Салам
 
Продукти: 1 пакет бисквити
2 јајца
125 г крави масло
40 гр коњак
100 г ореви
50 г какао
100 г шеќер

Натрошените бисквити се напръскват со Коњак, додаваат се стрит ореви и се остава да престол. Кон разбитото со мешалка масло се додаваат јајцата, какао и шеќер и се разбиват до добивање на хомогена консистенция. Смесата се меша со бисквити, кои се оставаат да омекнат. Потоа се оформуваат на Салам, кој престојувал во фрижидер 1 час, за да се стегне.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 12:18

Бомбици од костени

Потребно:

* 250 г пире од костени
* 150 г мелени ореви
* 50 г шеќер во прав
* 50 г чоколадо
* 1 лажица путер
* ореви за посипување

Приготвување: мешајте ги пирето од костени и мелените ореви додека не се соединат. Стопете го чоколадото, па соединете го со смесата од костените. Додајте ги шеќерот и путерот во смесата, па добро измешајте го сето тоа додека путерот не се соедини со пирето од костени. Обликувајте бомбици од смесата, па испрпелкајте ги во оревите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 17:00

Домашно чоколадо

Потребно:

* 800 мл вода
* 300 г шеќер
* 2 лажички рендана кора од портокал
* 50 мл сок од портокал
* 100 г излупени и печени бадеми
* 1 ванилин шеќер
* 400 г млеко во прав
* 100 г какао
* 250 г путер

Приготвување: во вриената вода додадете ги шеќерот и ванилин шеќерот. Варете ги 15 минути, па додадете ги сокот и ренданата кора од портокалот. Сето тоа варете го уште 15-тина минути и течноста изладете ја. Млекото во прав измешајте го со какаото, со миксер добро изматете го во сирупот од шеќерот, па додадете го омекнатиот путер. На крај додадете ги сечканите бадеми. Чоколадната смеса распоредете ја во намастено тавче 25 х 35 см и добро изладете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 22:02

Варени јаболка со пудинг

Потребно:

* 4 јаболка
* 1 ванилин шеќер
* 1 ќесичка пудинг од ванила
* 500 мл млеко
* 40 г шеќер

Приготвување: измијте ги јаболката, излупете ги и ставете ги во половина литар вриена вода во која сте го додале ванилиниот шеќер, па варете ги околу 15 минути. Извадете ги јаболката од тенџерето, ставете ги во чинија и прелијте ги со варениот пудинг, кој сте го подготвиле според упатството на ќесичката. Варените јаболка со пудинг може да ги послужете топли или изладени со шлаг.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 05:29

Сусамки

Потребно:

* 300 г шеќер
* 1 лимон
* 150 г сусам

Приготвување: загревајте го шеќерот на тивок оган додека не добиете светлокафен карамел. Полека сипете го сокот од лимонот, со постојано мешање. На крај додајте ги потпечените семки од сусам и веднаш сипете ја смесата врз масна хартија за печење, па расучете ја во кора во тенок слој. Провлечете го ножот низ путер и со него сечете штангли од смесата со сусам. Одлепете ги изладените сусамки од масната хартија и послужете ги со кафе.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 06:11

Брз ролат со кафе

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер во прав
  • 100 грама Шеќер
  • 150 грама Путер
  • 300 грама Кекси
  • 1   Кафе филџан
  • 1 лажица Какао
  • 1   Жолчка
  • 1 голема лажица Шеќер во прав



ПОДГОТОВКА:

За кората (или црната смеса): во подлабок сад промешајте ги мелените кекси, шеќерот и какаото, па додавање на процеденото кафе замесете убава компактна смеса.

Расукајте ја смесата на фолија или хартија за печење со дебелина од околу 5 мм.

За филот: пенесто изматете го путерот со шеќерот, додадете ја матената жолчка и добро соединете.

Со филот (или белата смеса) премачкајте врз кората и завиткајте ролат.

Оставете го ролатот неколку саати во фрижидер, па пред самото послужување сечете го на кришки.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 06:52

Ресана торта

Потребно ви е нешто интересно, слатко и вкусно, но без да се мачите да печете пандишпани и 2-3 часа да си играте во кујната? Тогаш тортата со ресани е токму за вас.

Ресана тортата е исклучително лесна за приготвување, па пред да трепнете ќе имате десерт од кој сите ќе побараат второ парче.

Состојки

750g ресани
250ml млеко
250g маргарин (1 коцка)
1 шолја ситно исечкани ореви

Инструкции за приготвување

  1. Секое колаче ресана исечете го на 4 парчиња и ставете ги сите ресани во голем длабок сад.
  2. Ставете тенџере на оган. Додајте ги во него млекото и маргаринот. Мешајте додека маргаринот не се стопи целосно, а кога ќе се случи тоа, тргнете го тенџерето од огнот. Оставете го да се олади.
  3. Со изладеното млеко прелијте ги ресаните. Додајте ги исечканите ореви. Мешајте внимателно со дрвена лажица или со рака. При мешањето не употребувајте премногу сила за да не се издробат ресаните.
  4. Со рацете оформете ја смесата по желба или ставете ја во голема модла.
  5. За попримамлив изглед, стопете поголемо количество темно чоколадо и прелијте ја тортата. Најлесен и најбрз начин да ја завршите тортата е само да изрендате чоколадо по целата нејзина површина.
  6. Оформената торта оставете ја да отстои во фрижидер 2-3 часа.

Нема да погрешите ако ја сервирате тортата со парче свеж портокал. За декорација, ние употребивме дел од кората на портокалот, експандиран ‘рж и малку чоколаден прелив.

Ако ви здодее аромата на портокал или ако вашите најблиски сакаат нешто поразлично, едноставно изберете ресана со друг вкус и ќе добиете „нова“ торта.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 07:15

Ролни со тиква

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер во прав
  • 1500 грама Тиква
  • 500 грама Тенки кори
  • 50 милилитри Масло  

ПОДГОТОВКА:

Тиквата претходно исчистете ја и крупно изрендајте.

Земете една кора, премачкајте ја со масло, преку неа ставете друга кора и исто така премачкајте ја со истата количина масло.

На едниот крај од кората ставете две до три полни лажички тиква, распореде ја и посипете со три супени лажици шеќер.

Замотајте ја кората од онаа страна каде што е филот и ролните редете ги во малку намастен плех за печење.

На тој начин повторувајте ја постапката до последната кора.

Рерната вклучете ја на 200 степени.

Преку плехот ставете алуминиумска фолија за питата да не изгори.

Печете 25 минути, па извадете ја тепсијата, тргнете ја алуминиумската фолија и вратете ги ролните да се печат уште 5 минути.

Потоа извадете од рерната, па додека ролните се уште топли, попрскајте ги со малку ладна вода и прекријте ги со кујнска крпа.

Оставете ги така додека да се оладат, а потоа сечете на парчиња и посипете ги со шеќер во прав.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.